ЕДНА ВИДЕО МОНТАЖА ВРЕДИ 1.000 ИЗМИСЛЕНИ АРТЕФАКТИ Обвинетиот Вело Марковски поминал низ притворска голгота

Во правна реалност, каде што ситници од витрина се третираат како доказ за меѓународен криминал, дури и паричка од 3 евра може да биде показател за „злосторничко здружение“. Во својата одбрана, д-р Вело Марковски се осврна на обвинението дека учествувал во незаконско ископување од археолошки локалитети – обвинување кое, според него, било изградено не врз основа на факти, туку врз визуелни и медиумски манипулации.