Уште една итна задача за новата влада – Бесмира да се врати дома, на Забрчанец и компанија да не им се даде лапанажа!

За политиката, исто како и за зајрето од кое се прават колбасите, изгледа сепак не треба многу да се морализира. Очигледно е дека има некои многу посилни, веројатно лукративни мотиви, кои ги тераат луѓето до последен здив и без скрупули да ја бијат битката за пари и за други привилегии што ги носи корумпираната власт. Но, министрите на Христијан Мицкоски не смеат да го почнат мандатот компромитирајќи се себеси со скандалозните постапки на своите претходници.