ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ СПИЕЛ ПО ЛУКСУЗНИ ХОТЕЛИ ЗА 500 ЕВРА ОД ВЕЧЕР Поранешниот министер за земјоделство патувал со стил, рече Петрушевски

Љупчо Дон Николовски кога престојувал во странство, веројатно сакал да престојува и патува со стил. Со народни пари плаќал скапи хотели и по неколку стотина евра од вечер. Сѐ е полесно кога си министер од СДСМ, пред камери зборуваш за народот и социјална правда, а зад камери јадеш скапи јадења со државни пари и спиеш по хотели со пет звезди кои чинат неколку стотина евра за вечер, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.