УНГАРИЈА ПАК СТАВИ КОЧНИЦА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ЗА УКРАИНА Будимпешта блокираше нацрт-документ на Унијата

Во петокот Унгарија го отфрли нацрт-текстот за Украина кој вклучува јазик за безбедносните гаранции што блокот може да му ги даде на Киев, како и нов пакет воена помош, напиша Политико, цитирајќи свој дописник. Унгарија и лани во мај блокираше европски пакет помош вреден 500 милиони евра за Киев.