УДРИЛ ВО СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ, ПА ВО КАМИОН Возач и неговиот малолетен сопатник починаа поради тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил и неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.