🎥 УЧЕНИЦИ ОД ЧЕЛОПЕК ОБЛЕЧЕНИ ВО УНИФОРМИ НА УЧК Министерката Јаневска е разочарана и од наставниците и од родителите

Не очекував дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза, напиша министерката за образование Весна Јаневска на Фејсбук.