УБИВАЛЕ ЗА 10.000 ДО 250.000 ЕВРА, УБИЛЕ 8 ЛУЃЕ, ПАЛЕЛЕ ОБЈЕКТИ И ВОЗИЛА НА ПОЛИЦАЈЦИ Полицијата и војската ја разбија мафијашката група „Беланоца – Барон“

Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран. Притоа, одлуките ги спроведувале лично или преку други припадници на групата, плаќајќи од 10.000 до 250.000 евра за убиство. Па така, во име на поддршка на радикалното движење во РСМ или заради безобзирна одмазда кон лица од спротивставена криминална група, во периодот од 2020 до 2024 година, во 6 кривично правни настани лишиле од живот 8 лица, 3 лица биле тешко повредени, а на 3 лица животот им бил во опасност, соопштени Јавното обвинителство.