По влегувањето на Глигоров во претседателскиот кабинет, веќе никој не го спомнуваше цитираниот ставот „Ако една република излезе од составот на СФРЈ и Македонија ќе прогласи самостојност!“ , кој беше важен дел од политиката на СКМ-ПДП и како што потсетивме, впишан во програмата за изборите во 1990 година. Глигоров одлучи да му даде дополнително време на „времето“. Наместо одлука за придружување кон одлуките на Словенија и на Хрватска и интензивна подготовка за самостојниот живот на Македонија, тој беше прилично преокупиран со активности за спасување на Југославија.
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed