ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ЗАТРУЕНО ОД ЛЕКОВИ Хоспитализирано е во штипската болница

По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација.

0

Тригодишно дете од Штип вчера е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип на одделот за Педијатрија, а по извршените испитувања е констатирано дека има присуство на „бензодиезепами“, соопштија денеска од СВР-Штип.

Во пишаното соопштение се наведува дека вчера во 18.18 часот во СВР-Штип е пријавено дека на Детското одделение при Клиничка болница Штип во 11.47 часот на детското одделение дошла 24 годишната Н.С. од Штип со нејзиното тригодишно дете, кое било затруено.
По извршени испитувања е констатирано дека кај детето има присуство на „бензодиезепами“ и ќе биде задржано на опсервација.






Известен е Центарот за социјални работи-Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини