ТРЕВОГА ВО НАТО, ИСЧЕЗНАА ВОЈНИЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Се трага по четворица Американци на границата со Белорусија

Портпаролот на армијата Гинтаутас Цјунис изјави дека потрагата е во тек, но властите во Литванија сè уште не потврдиле дали исчезнатите војници се мртви. Војниците, наводно, изведувале тактичка обука на полигонот „Генерал Силвестрас Жукаускас“ во Пабраде, кој е на десет километри од границата со Белорусија.