ТРЕБА ДА ЗАБОРАВИМЕ ЧИИ ПОТПИСИ ГИ ИСПРАТИЈА ВО СМРТ? Претседателот Пендаровски побара Софија да се извини за македонските Евреи испратени во Треблинка

Добитникот на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, наречен совеста на светот, во една прилика рече: „Ако нешто може да го спаси човештвото, само меморијата може. За мене, надеж без меморија е налик на меморија без надеж“. Затоа, наша морална обврска е да се сеќаваме и да не забораваме, за да не дозволиме, никогаш повеќе силите на злото да добијат шанса да го повторат злосторството, порача претседателот Пендаровски.