„ТРАМП СЕ КОЦКАШЕ И УСПЕА“ Дали политичкиот успех на американскиот претседател зависи од одржувањето на мирот меѓу Израел и Иран?

Нападот врз Иран ја отсликува лидерската стратегија на претседателот на САД, Доналд Трамп, во вториот мандат – носење смели и контроверзни одлуки, дури и без широка поддршка. Без потреба да се грижи за нов реизбор и со Конгрес под доминација на Републиканците, Трамп си обезбеди политички простор за дејствување, се наведува во анализата на Ал Џазира Балканс.