ТРАМП ЌЕ МУ ПОНУДИ РЕТКИ МИНЕРАЛИ НА ПУТИН ЗА МИР? Британски „Телеграф“ открива дека зад преговорите се крие трампа за ресурси

Американскиот претседател е советуван да му понуди на рускиот колега пристап до минерали од ретки земји на украинските територии што моментално се окупирани од Русија, тврди британски „Телеграф“. Меѓу минералите се споменува литиумот. Дополнителни стимулации вклучуваат укинување на забраната за извоз на делови и опрема потребни за одржување на руските авиони.