ТЕЖОК, ТВРД И НЕ ГИ ОДЛОЖУВА РОЧИШТАТА Таков е судијата што ќе му ја крои судбината на Трамп

Освен што Мерчан не сака да ги одложува рочиштата и да ги одолговлекува предметите тој сака да има контрола во својата судница и не дозволува да се прави театар. Вакво мислење имаат за него колегите од обвинителството во Менхетен. Истовремено, адвокатите кои ги бранеа Вајселберг и Стив Банон, советници на Трамп, се задоволни од односот кој судијата го имал со одбраната.