ТЕШКО Е В ЗАТВОР, ГОСПОДИНЕ СУДИЈА, РЕКОЛ САРКОЗИ Екс-лидерот ќе излезе од зад решетки, ама под надзор?

Јавниот обвинител сега се залага Саркози да биде ослободен и да му се изрече судски надзор со забрана за контакт со останатите обвинети во случајот „Либија“, објавија Ле Фигаро и БФМ ТВ. Ако судот ја прифати препораката, Саркози би можел да излезе на слобода уште денес, 10 ноември, со оглед на тоа што утре Франција го одбележува државниот празник Ден на примирјето од Првата светска војна.