Терај Боки, ти си паметниот, ние сме будалите!

Што ако за Бојан Јовановски е направен историски преседан? Што ако од затвор го ослободи Апелациониот суд со кој претседава Мери Дика, блиска пријателка на семејството? Што ако медицинската документација на осуденикот не е вештачена? Боки 13 заслужува ваква одлука, бидејќи покажа дека е исклучително паметен и успеа да докаже дека сите ние другите сме – будали.