златен венец Archives - plusinfo.mk

ИВАН ШТРПКА Е ДОБИТНИК НА „ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ“ Поезијата ги надминува своите зборови, вели словачкиот поет
Словачкиот поет Иван Штрпка е лауреат на наградата „Златен венец“, додека полскиот поет Матеуш Шимчик е лауреат на наградата „Мостови на Струга“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година.

Иван Штрпка е словачки поет, роден во Хлоховец во Република Словачка. Две години работел како истражувач во областа на геодезијата. Завршил студии по шпански со словачки јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Комениус“ во Братислава. Во шеесеттите години на минатиот век заедно со поетoт Петер Репка ја основа индивидуалистичката поетска група Осамени тркачи.

Академик Катица Ќулавкова на денешната манифестација по повод прогласување на лауреатите, говорејќи за Иван Штрпка, посочи дека неговото пеење е непретенцизно, суптилно, неговите поетски описи и секвенци се полни подробности, секоја песна е мала кутија со подвижни слики, сегментарна, филмска епизода и блага ментална досетка.

– Оние кои знаат како се практикува медитација од типот на „антар мона“, ќе ја насетат атмосферата на опуштеност и нелепење на субјектот за само една слика, едно чувство. Лирскиот субјект кај Штрпка е подготвен за лизгање, веслање или – како што денес често се вели во колоквијалниот идиом – за скролање од еден до друг стих, од една до друга ментална и јазична слика. Во песните од тој тип преовладува сетилната перцепција обележана со нежност, со нијанси, а не со ригидни, контрастни и контрадикторни сцени, резови, облици и бои. Некогаш дури и песните на Штрпка се меѓусебно во корелација, било да се дел од некој циклус или независни. Ако сака да сопостави две различни глетки и сцени од стварноста, Штрпка пишува две песни, во едната го евоцира едниот, а во другата спротивниот вид настроение, менталитет, поглед на свет, стил на живеење – вели Ќулавкова.

Меѓу универзалните теми што ги опева Иван Штрпка, според Ќулавкова, спаѓа и утопијата.

– Неговата песна „Новиот попладневен говор на Рафаел Хитлодај“ (2018) е посветена, се разбира, на сер Томас Мор, авторот на „Утопија“, култната социо-политичка сатира напишана на латински јазик и објавена 1516 година. Хитлодај (Raphael Hythloday), како што е познато, е фиктивен лик на филозоф, патник и библиофил, кој патува од малото измислено острово Утопија кон Европа. Утопија е место кое не постои, како што не постои совршена држава, ни совршено општество, што пак не значи дека ние не треба да копнееме по истото. Утопијата постои во човечката имагинација и копнеж. Како таква, утопијата станала парабола на идеалите на луѓето и народите. Идеалите, пак, се први на удар на реалполитиката. Историјата покажува дека политичките и верските идеали лесно се злоупотребуваат – додаде Ќулавкова.

Како што посочи таа, Штрпка дебитирал со збирката „Краткото детство на копјаниците“ (1969), потоа кратко време се повлекол од јавната сцена за да се врати повторно во 1981 година, со збирката „Сега и други острови“ (1981).

– Следат збирките „Пред промената“ (1982), „Вести од јаболкото“ (1985), „Сè е во школката“ (1989), „Мајсторот Му и женските гласови“ (1997), „Гласови и други песни“ (2001), „Каде плаштот, таму ветрот“ (2018) и други од поново време. Штрпка е познат и со песните напишани за музиката на Дежо Урсини, а објавени во книгата на Штрпка со наслов „Сина планина“ (1988) – додаде Ќулавкова.

Поетот Иван Штрпка во своето поздравно писмо, кое беше прочитано денеска, напомена дека за него е голема чест и признание да ја прими наградата во Македонија, на еден од најзначајните меѓународни фестивали на современиот свет на поезијата без граници, во Струга.

– Неприкосновена е мрежата на песната што создава значења, која протекува како отворен процес на јазикот директно во нашата отворена мисла и пред нашите зачудени очи. И детето знае дека песната живее преку зборовите и низ зборовите. Зборовите се неопходни. Ама поезијата ги надминува своите зборови. И прераснува во сопствено значење. Тивко признавам дека потајум секогаш одново се обидувам да станам, барем за миг, поет. Се движам, се трудам. Но кој е тоа всушност, помеѓу нас, токму денес? И што значи тоа? Да се читаме, да се пишуваме, да се истражуваме подлабоко! Нашиот отворен, однапред недовршен повеќеслоен јазик може да биде овде индивидуален, а притоа единствено заеднички. Можеме притоа попрецизно и подлабоко да се разбереме. Тоа е првичниот јазик што се создава во нас и со нас од почетокот – вели Штрпка во поздравното писмо.

Според Штрпка, тоа е важно токму денес, среде несигурниот свет во кој вредностите на нашата перцепција и нивните визии се мошне небезбедно разнишани.

– Внатрешниот глас и неговиот внатрешен човек во песната истрајуваат на своето. Тоа е акција, трка, подвижен контекст, насочување кон човечноста. Притоа секој во својата доверлива еднина ја носи и нашата множина. А тука со нас е и здивот на почетниците. Во дружината на нашето прво поетско поврзување, кое заедно со Иван Лаучик и со Петер Репка, кај нас во Словачка го нарековме Осамени тркачи, е тоа сè уште важечко. Секој сам за себе, со сопствени сили, со сопствени чекори, ама притоа заедно со нас продолжува неразделивата поента. Одиме натаму! – се вели во поздравното писмо.

Лауреатот на „Мостови на Струга“, Матеуш Шимчик роден е 1989 година во Вроцлав во Полска, каде што моментално живее. Студирал етнологија и културна антропологија, но истовремено имал и двегодишна авантура со технолошките науки. Повеќе од една деценија е вклучен во рецензирање ракописи на англиски јазик за неколку полски издавачки куќи.

Во 2022 година ја освојува главната награда на поетскиот конкурс „Јацек Бјережин“, а на списокот на своите литературни победи во 2024 година го додадава триумфот на престижниот натпревар „Кажимјера Илаковичувна“. Oбјавен е во неколку полски книжевни списанија, a „Потребни извори“ е неговата дебитантска поетска збирка. Омилена активност му е возењето велосипед.

Како што појасни денеска претседателката на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Елизабет Барануаи Кукунешоска, читајќи го првенчето на Шимчик, збирката „Потребни се извори“ се добива впечаток дека таа не е родена од чиста желба да се напише книга, туку од длабоката потреба да се постават конкретни прашања чии одговори вреди да се зачуваат во стиховите.

– Преку нив од индивидуалното искуство може да се извлечат инспирации, потребни извори, со чија помош индивидуата ќе се извлече на површината. Силните страни на оваа збирка се: подготвеноста да се тестираат многу перспективи и аверзијата кон лесни и брзи одговори, додава Кукунешоска.

Таа вели дека поезијата на Матеуш Шимчик вклучува повторени зборови-коментари, затворени загради кои го зголемуваат вниманието и се еден вид сигнал за рефлексија или прекин на читањето.

– Недостасуваат наслови со што на читателот му се дава простор да додаде и да ја именува песната според она што најсилно одекнува во неговото индивидуално читање. Шимчик се погрижува ова читање да биде интензивно искуство. И по формата што им ја дава на песните и по мотивите што ги допира, а меѓу кои се воочената макотрпност на секојдневието, заморот на телото, неразговараната минливост, борбата против напнатоста на натрупаните мисли и сл. Во „Потребни извори“ се среќаваме со ритмички фрази, хаику, смешни рими, вербални скокови, повторувања кои понекогаш ни паѓаат на памет лелек или играње со ехо. Не недостигаат и подолги форми – како што се извадоци од дневници или белешки – набљудувања од секојдневниот живот, кои силно укажуваат на потребата да се најдат изворите – вели Кукунешоска.

Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ се одржува секоја година во август во Струга. На поетскиот фестивал се доделува најголемото признание за целокупна поетска дејност, наградата „Златен венец“ со која до сега се закитија некои од најзначајните светски поети, како и наградата „Мостови на Струга“, која се доделува за најдобра поетска збирка меѓу два фестивала на Струшките вечери на поезијата од поет-дебитант.

Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од соработката со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото.

The post ИВАН ШТРПКА Е ДОБИТНИК НА „ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ“ Поезијата ги надминува своите зборови, вели словачкиот поет appeared first on plusinfo.mk.

ВРАЧЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ПРИЗНАНИЈА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Жан Пјер Симеон го прими највисокото признание „Златен венец“
Жан Пјер Симеон, француски поет, драматург и есеист вечерва на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2024 на Меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата.

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата на македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова за книгата „Небото ми е дома“ и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на германската писателка Катрин Пиц за нејзината поетска книга „Вакви денови имало отсекогаш“. Годинава прв пат беше врачена и наградата „Млада Струга“ за необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант за 2024 година на Филипа Сара Попова, што ја доделува националата установа „Струшки вечери на поезијата“ со поддршка на делегацијата на Европската унија.

Изразувајќи благодарност за честа што е добитник на највисокото признание „Златен венец“, лауреатот Симеон во името на сите поети се заблагодари, за како што рече, оваа прекрасна песна од планини, шуми и езера во Македонија, кои ја држат високо крената светилката на поезијата.

– Ако песната е срцето на животот што бие, Струга во срцето на милениумската Европа е срцето на поезијата што бие. Струшките вечери на поезијата се мугрите на срцето и на духот – рече Симеон, по добивањето на признанието.

Покрај добитниците на фестивалските признанија на поетскиот митинг стихови читаа и поети од разни страни на светот, а поетска Струга по 63. блесна во сиот свој сјај.

Годинашното мото на Струшките вечери на поезијата е „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку неговата тактилност и рељефност со допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата. Прв пат на манифестацијата Константиновата Т`га за југ на свеченото отворање беше прочитана на Брајово писмо од слепо лице.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест лауреатот и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.

The post ВРАЧЕНИ НАЈВИСОКИТЕ ПРИЗНАНИЈА НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Жан Пјер Симеон го прими највисокото признание „Златен венец“ appeared first on plusinfo.mk.

ВЛАДА УРОШЕВИЌ ДОБИТНИК НА ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ Наградата „Мостови на Струга“ за ирскиот поет Гевин Бредли
Македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ е годинешниот добитник на наградата „Златен венец“ на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“, пак, е добитник на „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделува Фестивалот, заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот.

Добитниците на наградите беа прогласени на денешниот настан организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ што се одржа во просториите на библиотеката, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата и јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Во исто време имаше свечено прогласување на лауреатите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Претседателката на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Елизабета Шелева која го соопшти добитникот на „Златен Венец“, рече дека името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото.

– Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име – додаде Шелева.

Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читателски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афинитет кон овие две сродни области.

Членот во Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Владимир Мартиновски рече дека наградената поетска книга „Страв од разделба“ е трогателно деби на Гевин Бредли во која поетот го истражува емоционалниот данок кој произлегува од различните видови разделби. Разделба со партнерот, разделба со пријателите, разделба со претходното чувство за себе си или разделба со домот и луѓето кои сме ги оставиле зад нас.

Особено впечатливи се песните кои ја тематизираат самотијата на емиграцијата и немирот на разделбата од Северна Ирска, татковината на поетот.

Гевин Бредли е ирски поет, кој од 2012 година се сели и живее и пишува во Канада, каде што работи како помлад предавач по палеонтологија на Универзитетот на Алберта. Бил објавуван на двете страни на Атлантикот, а неговата поезија била вклучена и во Антологијата на најдобри британски и ирски поети во интервалот меѓу 2019 и 2021 година.

– Станува збор за една исклучително кохерентна книга, но исклучително богата и слоевита. Овие интимни песни навлегуваат во личните приказни преку плејада личности и места од пристанишни градежници до кучиња, од морски брегови до вулкани и „нежни усни кои брмчат како кошници“. Песните на Гевин Бредли ја прикажуваат трајната љубов на луѓето, трајната љубов за луѓето или јазикот и земјата. Поетската книга „Страв од разделба“ во таа смисла во себе носи една силна порака за надеж – рече Мартиновски.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески во своето обраќање денеска потсети дека ДПМ е најстарата и најрепрезентативната асоцијација на писатели во земјава. Тој потенцираше дека првиот претседател на Друштвото е Блаже Конески, а вториот претседател е токму Ацо Шопов.

– ДПМ е формирана уште во далечната 1947 година, значи цели 76 години. Друштвото на писателите на Македонија е основач на Струшките вечери на поезијата. Ова не треба никогаш да се заборави. Сите членови на Македонскиот ПЕН Центар се истовремено и членови на ДПМ. Вториот претседател на ДПМ е токму Ацо Шопов. Ние денеска имаме ретка и значајна можност истовремено да се потсетиме на овие датуми, на овие личности, но и убаво совпаѓање е што денеска ќе му одадеме почит и на Ацо Шопов – додаде Петрески.

По прогласувањето на лауреатите на Струшките вечери на поезијата, беа прочитани поетски посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, а потоа се одржа и поетско читање од истакнати поети-членови на Македонскиот ПЕН Центар и на Друштвото на писатели на Македонија.

Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, како Година на Ацо Шопов, учесниците на настанот прочитаа песни од Ацо Шопов.

The post ВЛАДА УРОШЕВИЌ ДОБИТНИК НА ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ Наградата „Мостови на Струга“ за ирскиот поет Гевин Бредли appeared first on plusinfo.mk.

ПОЧИНА ГЕРМАНСКИОТ ПОЕТ ХАНС МАГНУС ЕНЦЕСБЕРГЕР Еве што за добитникот на „Златниот венец“ пишуваше Ристо Лазаров
Еден од најзначајните современи светски поети Ханс Магнус Енцесбергер почина во четвртокот на 93 години во Минхен. Тој беше лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1980, кога му припадна Златниот венец.

Енценсбергер беше писател, поет, преведувач и уредник, а пишувал и под псевдонимот Андреас Талмаер. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.

По докторирањето на Сорбона во Париз, еден период живеел на Куба во времето на Фидел Кастро. Меѓу 1965 и 1975 го уредувал списанието „Распоред“, а од 1985 бил уредник на престижната едиција книги „Другата библиотека“, која се издава во Франкфурт и досега опфати повеќе од 250 наслови. Пишувал и за театар, филм, радио и опера, а автор е и на неколку романи и книги за деца.

Меѓу наградите што ги добил се издвојуваат „Хајнрих Бел“ во 1993, „Ерих Марија Ремарк“ во 1998, „Хајнрих Хајне“ во 2002, наградата на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост во 2006 и „Грифин“ за животно дело.

Еве што за Енцесбергер и неговиот престој во Струга пишува македонскиот поет и писател Ристо Лазаров во своето дело ,,Врежанки”, објавено од издавачката куќа Везилка во 2011 година.

„Славниот германски поет, со стократно потврдена лева ориентација Ханс Мaгнус Енцесбергер, двапати учествуваше на Струшките вечери на поезијата. Струга тогаш навистина беше светска поетска престолнина.

Првиот пат, кон средината на седумдесетите, Енцесбергер престојуваше во Струга речиси анонимно. Друштво му правеа неколку пријатели од тогаш помладата генерација југословенски поети. Зборно место им беше ,,Деспина” или ,,Летница”, една од гостилниците на ,,торбешите” како што во катадневниот говор ги нарекуваа поетите. Беше и си замина големиот европски поет и интелектуалец од врвен маштаб – речиси незабележително. Некако и очекувано ако се има предвид фактот дека во тоа време Управата на Струшките вечери на поезијата речиси целото внимание го фокусираше на добитникот на Златниот венец на СВП. Не дека другите учесници, особено оние од странство, беа игнорирани, ама сепак вемнценосецот беше во преден план.

Втор пат Енцесбергер дојде во Струга како добитник на Златниот венец и тоа веќе беше друга песна: протоколи, приеми, ручеци, вечери и уште други нешта кон кои самиот Енцесбергер немаше благонаклонет однос. Тој си ги паметеше пријателите и гостилниците од пред пет-шест години и повеќе претпочиташе тавче гравче кај ,,торбешите” отколку пастрмка на една од терасите на прекрасниот хотел ,,Бисер”. Со сета почит и благодарност кон домаќините, кои несебично се трудеа да му угодат.

Се случуваше, во тие неколку струшки денови Енцесбергер да им исчезне од видното поле на организаторите, да го снема и потем да изникне од некаде каде што не го садиш. Една вечер, на пример, требаше да настапи на ,,Ноќта без интерпункција” во еден од баровите на хотелот ,,Дрим”. Како што се случува на поетските собири ширум светот, тој се беше заседнал со своето друштво и остана во гостилницата (пак кај ,,торбешите”) неколку часа по фајронтот, за што надлежните служби во градот имаа целосно разбирање во деновите на поетските светковини.

Стана веќе три часот наутро кога Енцесбергер со старата тајфа се појави на влезот во просторијата во која се одржувапе ,,Ноќта без интерпункција”. Уште невлезен, ја запеа ,,Аванти пополо” што предизвика општо изненадување , не од изборот на песната ами од фактот што Енцесбергер пропеа. Ср разбира дека имаше и такви кои се радуваа на изборот на песната, а и зошто да не. Изет Сарајлиќ, којзнае од каде секавично пронајде гитара и веднаш се придружи – и вокално и инструментално. И други си ги поведоа своите песни. Се пееше тоа утро во Струга до изгрејсонце. Со искрена верба во поговорката дека којшто пее зло не мисли“ – пишува Лазаров.

The post ПОЧИНА ГЕРМАНСКИОТ ПОЕТ ХАНС МАГНУС ЕНЦЕСБЕРГЕР Еве што за добитникот на „Златниот венец“ пишуваше Ристо Лазаров appeared first on plusinfo.mk.

„КРУГОВИ“ И „ПОЕТСКО КАФЕ“ ЗА УБАВА ДРУЖБА Втор ден од Струшките вечери на поезијата
Со поетски омаж на добитиникот на „Златниот венец“ за 2020 година Амир Ор денеска во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта, продолжува 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

На летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе се одржат портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година – италијанскиот поет Џерардо Мазучи и Зоран Анчевски.

На програмата се и традиционалните поетски читања „Кругови“, како и „Поетско кафе“ со поети од платформата Версополис. Во рамките на програмата се и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како претставување на книгата Антологија на поезија и музика.

Меѓународната поетска манифестација беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“.

Годинашниот лауреат Шунатро Таникава поради поодмината возраст (91 година) не присуствува физички, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку. На манифестацијата присуствува и лауреатот од 2020 година – израелскиот поет Амир Ор.

На Струшките вечери на поезијата присуствуваат повеќе од 20 поети од странство и триесетина од земјава, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“.

Свеченото затворање на фестивалот ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post „КРУГОВИ“ И „ПОЕТСКО КАФЕ“ ЗА УБАВА ДРУЖБА Втор ден од Струшките вечери на поезијата appeared first on plusinfo.mk.

ПОЧНУВААТ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Златниот венец ќе го прими синот на лауреатот
Со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган, вечер во Струга ќе почне 61. издание на Струшките вечери на поезијата. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“.

Претходно, точно напладне во Паркот на поезијата ќе биде засадено дрвце во чест на добитникот на највисокото признание на манифестацијата, „Златен венец“ за 2022 година, јапонски поет Шунтаро Таникава.

Годинашниот лауреат, како што соопшти дирекцијата на Фестивалот СВП, поради поодмината возраст (91 година) и здравствени ризици нема да присуствува физички, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. Специјален гостин на манифестацијата ќе биде минатогодишниот добитник на „Златниот венец“, израелскиот поет Амир Ор.

На Струшките вечери на поезијата најавено е присуство на 24 поети од странство и 30-тина од државата меѓу кои Шаип Емерлаху, Иван (Ивица) Џепароски, Никола Маџиров, Рамша Ашраф, Ефе Дујан, Кедиџа Гадум, Бране Мозетич, Андријана Кос Лајтман, Сет Мајклсон, Јуриј Серебријански, Зоран Анчевски, Лидија Димковска….

Манифестацијата ќе се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.

„Во рамките на програмата предвидено е меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети“, соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Во рамки на програмата предвидена е промоција на Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети, чија тема е музиката.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга и „Браќа Миладиновци“

The post ПОЧНУВААТ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Златниот венец ќе го прими синот на лауреатот appeared first on plusinfo.mk.

ДАЛИ САМО ЈАС ЧУВСТВУВАМ САМОТИЈА ШТОМ ДОБИЈАМ НАГРАДА? Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“
Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

– Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна преобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот.

Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство.

Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди.

– Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минатотo, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура – додаде Шелева.

Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“.

– Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да станат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте – рече Шунтаро.

Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат.

Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони.

Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика.

– Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувство дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети – рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски.

Првата книга на Мазучо, за која ја добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката  „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комерцијален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.

The post ДАЛИ САМО ЈАС ЧУВСТВУВАМ САМОТИЈА ШТОМ ДОБИЈАМ НАГРАДА? Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ appeared first on plusinfo.mk.

Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година
Добитник на „Златен венец“ за 2020 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е израелскиот поет, романописец и есеист Амир Ор.

Согласно востановената традиција, оваа одлука се соопштува од Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ на свечена седница, што се одржува во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), но заради почитување на мерките за заштита од COVID-19, одлуката е соопштена преку медиумите.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 26 до 31 август.

Во образложението на одлуката, проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, потенцира дека Амир Ор е интригантен автор, кој доаѓа и се надоврзува на една, исклучително богата, интригантна и влијателна книжевна и културна традиција, како што е еврејската, која себеси постојано се градела низ вековите како своевиден палимпсест и синтеза на плодоносни гео-културни вкрстувања и разновидни творечки практики.

– Уште на прв поглед и читање, творештвото на Амир Ор плени со својата вибрантност и енергетски полнеж, непресушниот копнеж и радикалната потрага по новото и непознатото, извонредната сугестивност на лирската интонација, како и повеќеслојната симболика на античката митологија, што моќно ги проникнува овие, дијалошки обликувани стихови и молбени обраќања кон лирското Ти – кон Другиот/Другата – вели Шелева.

Поезијата на Амир Ор, нагласува таа, е впечатлива, приемчива, поезија која не му дозволува на читателот да остане рамнодушен, изобилно натопена со својот сочен, свеж, императивен јазик, со танцувачкиот динамичен ритам на стихот, со комплексните, емоционални и духовни немири, изнедрени „директно од бедрото“.

Во поздравното обраќање до македонската јавност, Амир Ор нагласува дека не може да искаже колку возбуда и задоволство му причинила веста за добивањето на наградата Златен венец.

– Струга е преплетена во моето поетско патување над 20 години, откако мојата книга Давејќи се, дишам жива вода беше објавена во едицијата Плејади во 2000 година, долги години пред мојата избрана поезија да биде објавена на српски или бугарски јазик. Бев сведок преполн со восхит на овој годишен собир на истакнати претставници на нашата Меѓународна поетска република, кога Бонфоа, Транстромер и мојот пријател В. С. Мервин беа добитници на престижниот Златен венец на поезијата, и со враќањето тука во 2020 година како лауреат, чувствувам дека мојата работа е наградена заради тоа што овде се има слух и љубов за поезијата . Кога се враќам во Струга и Охрид, знам дека сум помеѓу луѓе кои читаат поезија, луѓе со префинет вкус за поезија, кои имаат потреба за почит кон уметноста на поезијата, луѓе кои ја разбираат нејзината длабока вредност и уникатно значење преполно со мудрост, убавина и дијалог, со мечта и креативност, како и со слободата индивидуално да размислуваме и да чувствуваме – вели Амир Ор.

Амир Ор е водечки израелски поет, писател и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност. Автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се: Плен – избрани песни 1977-2013 (2013), Крилја (2015) и Дете (2018). Неговите песни се преведени на 50 јазици и биле објавени во поетски списанија, антологии и книжевни веб-страници, како и во 33 книги низ Европа, Америка и Азија. Негови романи се Песната на Тахира (2001), фиктивна епопеја во стихови, и Кралството, роман за животот на кралот Давид.

Ор е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, како што се: писателската награда „Фулбрајт“ во 1993 г., признанието „Плејади“ во 2000 г. за неговиот „значаен придонес кон модерната светска поезија“, наградата „Бернстајн, „Премиерската награда за литература“ во 1996 г., наградата „Оенеум“ на Тетовскиот поетски фестивал во 2010 г., „Поетската награда за песна посветена на виното“ во 2013 г. од Струшките вечери на поезијата, меѓународната награда „Стефан Митров Љубиша“ од Градскиот театар „Будва“, наградата „Европски атлас на лириката“ во 2016 г., наградата „Светот низ поезија“ во 2017 г. од Блу Мет Монтреал за „неверојатната длабочина и квалитет на неговата поезија“, наградата „Европски Хомеров медал за поезија и уметност“ во 2019 г., наградата за животно достигнување на директоратот „АКУМ“ во 2020 г., како и бројни стипендии од Универзитетот Ајова, Еврејскиот институт на Универзитетот Оксфорд, Фондацијата „Валпараисо“ од Шпанија, „Замок Хоторнден“ од Шкотска, Ирската фондација „Хајнрих Бел“, Фондацијата „Ле Трел“, како и „Прага, град на културата“ на УНЕСКО, меѓу другите.

Амир Ор на еврејски превел 10 книги проза и поезија, меѓу кои: Евангелие по Тома, Растргнувачки копнеж – антологија на грчка еротска поезија, Приказни од Махабхарата, како и преводи на модерни поети, како Шејмас Хини, Ан Секстон, Шунтаро Таникава, Џиди Маџија, Фиона Сампсон и Анастасис Вистонитис. Неговите избрани преводи Од еврејската страна беа објавени во 2017 г. За неговите преводи од старогрчки јазик, тој е добитник на Почесната награда од израелското Министерство за култура.

Ор е роден во Тел Авив, 1956 г. Неговите баба и дедо емигрирале од Полска во 1930-тите и пристигнале во Израел како ционистички пионери. Тој е потомок на прославена династија рабини, меѓу кои Елимелех од Лежајск и Раши, чие фамилијарно стебло се протега дури до кралот Давид. Во неговите дваесетти, Ор живеел неколку години во Холандија и во Индија каде што учел медитација и техники за личен развој. По враќањето во Израел, тој основал центар за медитација и терапија, како и спиритуална заедница во Ерусалим. Студирал филозофија и компаративна религија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим каде што и држел предавања за античката грчка религија.

Во 1987 г. Ор дебитира со Гледам низ очите на мајмунот за која ја добива книжевната награда „Хари Харшон“ на Еврејскиот универзитет. Неговите книги Лица (1991), Откупнина на мртвите (1994), Па! (1995) и Песна (1996) следат потоа. Објавил голем број написи, статии и есеи за книжевност, општество, компаративна религија и за класиците, а пишувал и книжевна колумна за „Хаарец“. Неговите избрани есеи Дискурс беа објавени во 2018 г. (Hakibutz Hameuhad publishers, TA).

Во 1990 г. Ор го основа Друштвото Хеликон за напредок на поезијата во Израел. Во 1993 г. ја формира Арапско-еврејската поетска школа Хеликон, каде што развива пионерски интегрирани методологии за учење на креативно пишување. Ор предавал во Израел, САД, Европа и Јапонија. Во 2001 г. го основал Меѓународниот поетски фестивал „Шаар“ и работел како негов уметнички директор.

Ор работел како главен уредник во списанието Хеликон, како и на серијата поетски збирки издадени подоцна. Бил уредник и на други книжевни списанија, како и на неколку антологии од еврејски на различни европски јазици. За неговите уреднички придонеси, тој е добитник на Наградата за уредништво на Министерството за култура во 2017 година.

Ор е национален координатор на проектот „Поети за мир“ поддржан од ОН, основач на Светското движење за поезија и на Европската асоцијација на програми за креативно пишување.

The post Израелскиот поет Амир Ор е добитник на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година appeared first on plusinfo.mk.