закон за потрошувачи Archives - plusinfo.mk

НОВА ОБВРСКА ЗА ТРГОВЦИТЕ Ќе треба да ги објавуваат цените на производите на интернет
Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект.

Ова го налага Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите што денеска го разгледа собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Според законските измени, од ваквата обврска се ослободени микротрговците и трговците-поединци.

Како што беше речено на комисиската седница, со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди транспарентност (потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информациите за цените), фер конкуренција (трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби) и заштита на потрошувачите (тие ќе бидат заштитени од нефер практики, како што се скриени трошоци или нејасни цени).

– Како владејачко мнозинство ќе интервенираме за заштита на граѓаните по моделите на повеќе држави како Израел, Франција, а од неодамна и Хрватска.  Сакаме да ги зголемиме транспарентноста и конкурентноста, но и на граѓаните да им помогнеме полесно да одлучуваат каде ќе ги трошат своите пари – нагласи Бојан Стојановски, претседател на Комисијата и еден од предлагачите на законот.

Предлог-законот предвидува и соодветно дополнување на прекршочните одредби од Законот за заштита на потрошувачите со глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.

Вакви законски решенија не се новина и се содржани во законите од областа на заштитата на потрошувачите и успешно се применуваат во Франција и во други држави. Франција има строги правила за заштита на потрошувачите и фер конкуренција, особено во прехранбениот сектор. Овие правила се регулирани во Законот за заштита на потрошувачите и европските директиви за електронска трговија. Освен тоа, наведените измени и дополнувања се во согласност со Директивата 98/6/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 16 февруари 1998 година за заштитата на потрошувачите при означувањето на цените на стоките што им се нудат на потрошувачите, која е транспонирана во предметниот закон.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите е поднесен група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Измените треба да се донесат по скратена постапка и е на  дневен ред и на денешната 35. собраниска седница.

The post НОВА ОБВРСКА ЗА ТРГОВЦИТЕ Ќе треба да ги објавуваат цените на производите на интернет appeared first on plusinfo.mk.

КАКО ДА СПАКУВАШ МАСТИКА ВО ДЕКЛАРАЦИЈА НА ДЕСЕТ ЈАЗИЦИ!? Новиот закон за повеќејазичност им го загорчува животот на трговците и производителите
Повеќејазичноста, која станува обврска за производителите, трговците и увозниците во земјава, воведена со новиот Закон за заштита на потрошувачите, за компаниите е нов шок и дополнителен трошок, кој не е неопходен во време на криза. За нив одделни делови од членот 6 од овој закон се неуставни, збунувачки и многу непрактични за приемна. Посебно се револтирани што оваа промена од законот ја немало во предлозите за кои давале мислење, а предлозите што ги дале не биле прифатени, иако биле од суштинско значење за неговата примена.

Новиот Закон за заштита на потрошувачи, кој беше донесен набрзина во ноември, иако стоеше во Собранието неколку месеци и стапи на сила на 15 овој месец, донесе низа промени кои се однесуваат на подобрувања за потрошувачите, но и обврски за трговците и производителите.

Според стопанствениците, повеќе негови одредби се спорни за реализација, но мементно најмногу се погодени од членовите 6 и 37 кои го регулираат прашањето за јазиците на кои треба да се пишуваат информациите на амбалажата, приврзоците, налепниците, упатство, декларациите, изјавите, сертификат и/или на другите документи.

Овие информации, според законското решение, треба да бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.

Бизинс-заедниците затечени, не виделе вакви измени!?

Со оваа обврска се засегнати најмалку 13 производни сектори во земјава, велат од стопанските комори, кои реагираат бидејќи не се информирани за оваа обврска која предизвикува нови трошоци за компаниите кои се подолг период во криза.

– Во ниту еден момент, како Сојуз на стопански комори, не сме консултирани за овој член кој предвидува задолжителни двојазични декларации за производите. Шокирани и изненадени сме од ова законско решение кое не сме го виделе пред неговото донесување. Поради тоа како Сојуз на стопански комори официјално поднесуваме иницијатива за автентично толкување членот и барање за одложена примена на Законот. Ова не е време за импровизации за тоа да се задоволат политички поени на сметка на стопанството коешто едвај врзува крај со крај во економската криза и никако нема цел да ги заштити правта на потрошувачите. Ова е време на мудри одлуки кои нема да поларизираат, туку ќе нè обединат сите заедно полесно да ја пребродиме кризата – велат од Сојузот на стопански комори.

И Стопанската комора подготвува реакции на овој и на други делови од законот, кои ќе ги објави следната недела, а веројатно ќе бара да се одложи нивната примена. Реакции на законот има од Организацијата на работодавачи, која реагираше и во текот на донесување на законот, но како што велат од таму, ниту едно од нивните барања и предлози не е внесено во законот.

– Како Организација на работодавачи имавме дебата за новиот Закон за заштита на потрошувачите. Имавме низа забелешки кои ги испративме до подготвувачот на законот, но ништо од она што го предложивме не е прифатено, ниту е внесено во законот. Има делови кои треба веќе на стартот од неговата приемна да се дообјаснуваат и да се менуваат – вели Ангел Димитров, член на оваа Организација и сопственик и директор на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе.

Според него, кај текстилните производи обврската за двојазичност е неприменлива и чудна, бидејќи главно на етикетите имаат симболи кои важат на сите јазици.

– Прашањето е политичко и ова законско решение е донесено со политички договор, без консултации со бизнисот кој треба да го спроведува со многу нејаснотии. Еве на пример, зошто на панталони би требало да има етикети на повеќе јазици, ако на нив стојат само симболи кои имаат бројка за големина и симболи за тоа на која температура се пере производот, дали се пегла или дали може да се чисти на хемиско? Дополнително, ако веќе имате производ кој ќе го изработувате 3 или 4 години и за него сте испечатиле етикети и декларации и сте дале пари, дали сега треба да ги фрлите и да печатите нови? Ако се има предвид дека нашите етикети се пишувани според барањата на странскиот партнер за кој произведуваме, зошто би биле обврзани да правиме дополнителни етикети и декларации? И уште повеќе, дали во фабричката продавница на „Мода“ во Свети Николе ние ќе треба да имаме етикети и на албански и други јазици како што пишува во законот? Се разбира, ако немаме ќе бидеме казнети – вели Димитров.

Според него, обврска етикетите или декларациите и другите документи да се пишуваат на два или повеќе јазици треба да важи за производи кои се важни за здравјето на граѓаните.

– Разбирливо е ова да биде важно за лекови, за некои прехранбени производи или за техника која се употребува во домаќинствата, каде што е потребно добро да се разбере како се користи, но за текстилен производ тоа воопшто не е важно. Не знаеме како ќе се реализира законот во делот каде што се вели дека етикетите и декларациите ќе се пишуваат и на други јазици. Еве еден практично прашање – како ќе изгледа етикетата на една мастика за џвакање ако е напишана на сите јазици кои се зборуваат во земјава? – вели Димитров.

Бизнисот прв ја прифаќа двојазичноста, ама според економска логика

За дел од компаниите кои досега имале етикети и декларации само на македонски јазик и оние кои произведуваат странски брендови во земјава оваа одредба од законот за потрошувачи е нов трошок кој ќе треба да го поднесат и покрај кризата.

– Во производството на нашите производи, кои се странски бренд, кој не дозволува промена на етикетите, ние нема да можеме да го сториме тоа. Дополнително, тоа е голем трошок за печатење и ангажман на дополнителен број работници за реализирање на оваа сложена процедура. Само печатењето на налепниците е голема сума. Печатење на една налепница е 13 денари и замислете на производството на нашиот бренд од, да речам 500.000 производи, што ќе значи за нас во услови кога купуваме струја по цена од 500 или повеќе евра – вели производител на познат меѓународен бренд.

Некои производители на прехранбени производи, независно од законското решение, а поттикнати од желбата својот производ да го доближат до сите потрошувачи, подолг период имаат повеќејазични етикети и декларации на своите производи.

– Ние немаме проблем со спроведување на ова законско решение. Поради нашите потрошувачи од дел од земјава и од Косово, нашите производи се означени четиријазично – на македонски, албански, српски и на англиски. Ова го направивме од практични причини, бидејќи сакаме да им се доближиме на нашите муштерии и на овој начин. Оние производи што ги извезуваме ги означуваме според официјалните јазици на земјата и на македонски. На пример, во Канада и Швајцарија на 3 односно на 4 јазици – македонски, англиски француски, италијански и германски – вели Виктор Петков, директор на „Випро“ од Струмица.

Според него, практика е во светот ова прашање да се решава факултативно, а не стриктно со закон.

– Тоа значи дека ознаките се пишуваат на официјалниот јазик, а факултативно, според процената на производителот, може да се пишуваат покрај официјалниот јазик, и на јазиците на потрошувачите каде што се пласира производот. Инаку, ако се бара сега да се пишуваат ознаките на сите јазици што ги говорат граѓаните во една земја, тоа би било многу тешко остварливо. Замислете како би изгледала една етикета во САД. Би требало да биде напишана на најмалку 100 јазици – појаснува тој.

Горан Малишиќ претставник од мелничката индустрија, вели дека мелниците веќе 10 години имаат декларации на македонски јазик и на јазиците каде што 20 отсто од населението говори друг јазик.

– Тоа е направено според економската логика, а не според политичката. Оние производители кои досега не го направиле тоа ќе треба да испечатат нови маркици и да ги додадат на пакувањата. Секако, тоа е трошок кој повторно ќе го трпат компаниите. Но, сега ќе биде проблем додавката во законското решение „што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици“. Што тоа значи треба да се појасни, бидејќи ако се однесува на сите јазици кои се говорат во земјава, тогаш тоа нема да може практично да се спроведе. Дополнително, тоа не е во согласност со Уставот – вели Малишиќ.

Дел од трговците веќе се адаприрале

Дел од трговските компании веќе се подготвени да ја спроведат новата законска обврска.

– Имавме доволно време да се подготвивме за спроведување на новиот законско решение, а инспекцијата дополнително помогна што не ни пишуваше казни додека се потроши старата стока. Ние (трговците) немаме обврска да ги менуваме декларациите на сите производи. На 90 отсто од производите декларациите треба да ги сменат добавувачите односно производителите. Ние сме обврзани да ги менуваме декларациите само на производите кои ги увезуваме. Ние веќе сме подготвени и како ќе доаѓаат нови производи така ќе се менуваат и декларациите – вели Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор на „Тинекс“.

Владата тврди дека немало поплаки

Законот допрва треба да ги даде ефектите, а неговата примена ќе покаже каде да се менува. Засега нема најава од Министерството за економија и од Владата за одлагање на примената на делови од законот за кои реагираат бизнис-заедниците и компаниите.

Плусинфо постави неколку прашања до Министерството за економија, но не доби одговори. Во некои медиуми во врска со реакциите, од министерството одговорија дека досега не добиле поплаки за овој закон од ниту една компанија. Оттаму посочуваат и дека пред да биде донесен, за законот немало никакви поплаки.

– Законот за заштита на потрошувачи е целосно усогласен со европската регулатива. Пред да биде ставен во собраниска процедура предлог-законот беше објавен на ЕНЕР и има позитивно мислење од сите надлежни институции. Можност за забелешки имаше и бизнис-заедницата. Предлог-законот, пред да биде изгласан, беше повеќе од пет месеци во собраниска процедура и немаше забелешки во тој дел – велат од Министерство за економија.

На терен се и инспекторите кои момено не казнуваат, туку предупредуваат и даваат препораки. Плусинфо праша и во инспекторатот како ќе се однесуваа и што ќе бараат инспекторите во однос на непочитување на повеќејазичноста, но не доби одговор.

Што вели законот?

Дел од членот 6 од Законот за заштита на потрошувачите каде што се регулира ова прашање, кој се однесува на општата обврска за информирање на потрошувачите, гласи:

Трговецот е должен на потрошувачот да му ги даде, на јасен, видлив и читлив начин, а преку амбалажа, приврзок, налепница, упатство, декларација, изјава, сертификат и/или на друг соодветен документ, најмалку следниве точни, целосни и корисни информации за:

белезите, квалитетот, начин на употреба и функционалноста на стоките или услугите;

влијанието на одредени стоки или услуги врз животната средина и животот, здравјето и благосостојбата на луѓето, како и за мерките за заштита, согласно со важечките прописи и стандарди и

името или називот, географската адреса и другите податоци значајни за определување на идентитетот на трговецот. (2)

Трговецот е должен информациите од ставот (1) на овој член на потрошувачот да му ги даде напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.

Во случај на сомневање дали трговецот постапил согласно со ставовите (1) и (2) на овој член, докажувањето е на товар на трговецот.

Членот пак 37 кој ги регулира општи одредби за предавање на потребните и пропишани документи гласи:

Трговецот е должен при испораката на стоката или извршувањето на услугата да му ги предаде и да му ги предочи на потрошувачот документите што ги изготвил производителот, увозникот или продавачот на големо заради полесно и сигурно користење на стоките или услугите (декларација, сертификат, гарантен лист, изјава за сообразност, технички упатства, упатства за склопување, составување и/или монтажа, упатства за користење, листа на овластени сервиси и/или друг соодветен документ).

Трговецот е должен документите од ставот (1) на овој член да му ги обезбеди на потрошувачот напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.

Глобите за непочитување на оваа законска обврска, според законот се движат од 500 до 10.000 евра, а ќе ги добијат компаниите и одговорните лица.

The post КАКО ДА СПАКУВАШ МАСТИКА ВО ДЕКЛАРАЦИЈА НА ДЕСЕТ ЈАЗИЦИ!? Новиот закон за повеќејазичност им го загорчува животот на трговците и производителите appeared first on plusinfo.mk.

ЌЕ ИМ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТРГОВСКИТЕ ТРИКОВИ СО ПОПУСТИТЕ Какви новини носи Законот за заштита на потрошувачите
Наплата на камата за доцнење на испорака на авансно платен производ или враќање на авансот, ако производот не се испорача. Трговските ваучери мора да содржат пресметана сума која се заштедува при купување на стоката. Само две годишни сезонски намалување на цените, не повеќе од две лепенки на намалени цени, како и ограничување на траењето на промоциите и акциите. Ова се дел од новините што ги содржи новиот Закон за заштита на праввата на потрошувачи донесен минатата недела од пратениците.

Ако трговецот ја условува продажбата со наплата на аванс и не се испорача производот во рок од 30 дена, што е случај при уплаќање мебел, бела техника, нова кола,  потрошувачот сега има право да наплати камата за доцнење. Доколку пак воопшто не се исполни договорот, односно трговецот не го испорача производот, тогаш потрошувачот има право на целосно исплатен аванс со пресметана казнена камата утврдена согласно Законот за облигациони односи.

Законот носи новини и во однос на попустите, промоциите, продажбата на стока пред истекот на рокот или на производи со производна грешка.

Според законот, трговците можат да направат сезонско намалување на стоките и услугите само два пати годишно, во лето и во зима, кое ќе трае по еден месец. Летниот попуст ќе се организираат од 25 август до 25 септември, а зимскиот од 25 декември до 25 јануари следната година. Почетокот на попустот мора да се означи со датум. За време на попустите производите можат да имаат залепено само две налепници со цена – највисоката и онаа на која се снижува.

Трговските ваучери, според законот сега ќе содржат пресметаната сума која се заштедува со нивното користење.

Стоките или услугите ставени на акциска продажба мораат да бидат јасно, видливо и читливо означени со зборовите „акција“ или „акциска продажба“. При огласувањето на акциската продажба, трговецот е должен да го наведе нејзиното траење. Промотивната продажба (промоција), може да трае само 8 дена.

Законот го доуредува и спроведувањето на посебните облици на ставање во промет на стоите за време на промоција и акција. Трговецот овие производи мора физички да ги одвои стоките опфатени со некој од посебните облици на ставање во промет.

Со овој закон се регулира и продажбата на производи со фабричка грешка и производите пред истекување на рокот.

Кога трговецот става во промет стоки со недостаток или грешка, должен е нив физички да ги одвои од останатите стоки. Треба јасно, видливо и читливо да ги означи како стоки со недостаток или грешка и да го напише видот на грешката.

Во однос на продажбата на производи пред истекот на рокот, трговецот е должен исто така физички да ги одвои произовдите од другите во продавницата и да означи дека тие се пред истекот на рокот.

Трговците имаат и обврска да заменат производ кој потрошувачот утврдил дека не соодветствува по форма, големина, модел, боја, број или од други причини. Трговецот ќе треба да го замени со производ кој има соодветен квалитет.

На 15 дена е ограничен рокот за замена на стоката, а тој рок се смета од денот кога стоката му е предадена на потрошувачот. Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако стоката не била употребувана, ако се сочувани нејзините изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и сметката што на потрошувачот му била издадена заедно со стоката.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот трговецот нема соодветна стока, во смисла на стока што ќе одговара на неговите потреби, потрошувачот има право, по свој избор, да  го раскине договорот и да бара враќање на платениот износ или да ја замени стоката со друга соодветна стока, кога трговецот ќе ја набави.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на стоката дека располага со таква стока во рок што не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето за замена.

Новиот закон има и построги казнени одредби. Покрај изречената глоба за констатиран прекршок кај правното лице од страна на надлежен орган, ќе се изрече и мерка забрана за вршење на дејност, а кај одговорното лице и забрана за вршење професија, дејност или должност.

Кај микро-трговец, кај правното лице , кај одговорното лице и физичко лице забраната трае од 15 до 30 дена. За мал, среден и голем трговец, прекршочната санкција привремена забрана за вршење дејност трае од три месеци до две години. Додека, за одговорното лице забраната трае од три месеци до една година, и се изрекува од страна на надлежен суд.

Новиот закон за заштита на потрошувачите е изработен според европските правила и ја заокружува проблематиката која во минатиот период беше регулирана со чести измени на законот што им правеше проблеми и на трговците и на потрошувачите.

The post ЌЕ ИМ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТРГОВСКИТЕ ТРИКОВИ СО ПОПУСТИТЕ Какви новини носи Законот за заштита на потрошувачите appeared first on plusinfo.mk.

НЕМА ВЕЌЕ ЛАЖНИ СНИЖУВАЊА Цената од пред еден месец ќе биде стара цена
Трговците во иднина ќе треба информациите наменети за потрошувачите на секој производ да ги пишуваат покрај на македонски јазик, на друг службен јазик и на други јазици, знаци или пиктограми. При одредени распродажби или намалување на цените на одредени производи трговецот треба на производот треба да ги наведе старата и новата цена. За стара цена сега ќе се смета цената која била актуелна за производот последните 30 дена пред намалувањето. Цените, пак, мора да се напишани во денари. Ова се дел од новините што ги донесува нацрт Законот за заштита на потрошувачи кој е на јавна расправа и е поставен на електронскиот систем на прописи ЕНЕР.

Покрај ова, во Законот се регулира и прашањето на електронското тргување и се воведува колективен интерес и застапување како право на потрошувачите. Во однос на поттикнувањето на продажбата се востановува и обврска трговецот да го одреди типот на поттикнување на потрошувачите.

Утврдувањето, пак, на одговорноста за штета од неисправен производ покрај одредбите Законот за потрошувачи во иднина ќе се применуваат и одредби од Законот за облигациски односи за одговорност за причинета договорна или вондоговорна штета.

Со новите измени се дефинира дека за неисправен производ се смета „производот кога не ја дава сигурноста што од таквите производи оправдано се очекува, земајќи ги предвид сите околности, вклучувајќи ги презентацијата на производот; намената за којашто може разумно да се очекува дека производот би се користел и датумот на пуштањето на производот во промет“.

Во обид да го вметне во законот и електронското тргување законодавецот ја дефинира и цената на дигитална содржина или дигитална услуга.

„Цена за дигитална содржина или дигитална услуга се пари или дигитален приказ на вредност што се должи во замена за снабдување со дигитална содржина или дигитална услуга“, се вели во Законот.

Законодавецот во однос на подобрување на информираноста на потрошувачите овозможува информативните ливчиња да се печатат на јазиците на кои говорат потрошувачите во земјава, па така во членот 6 од законот додава нова алинеја која гласи:

„Трговецот е должен информациите на потрошувачот да му ги даде на пишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо како и на друг службен јазик на територијата на С Македонија различен од македонскиот јазик, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот“.

Министерството за економија кое го подготви текстот вели дека главна цел е усогласување на регулативата со повеќе европски директиви поврзани со правата на потрошувачите.

Претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачите Маријана Лончар Велкова, вели дека со предложениот Закон за потрошувачи земјава се доусогласува со 11 европски директиви.

– Законот и досега беше усогласен со европското законодавство, но знаете дека потрошувачкото право е мошне променливо и затоа се потребни редовни усогласувања, сѐ со цел да се подобри правото и да се заштитат потрошувачите од различни нечесни практики. За нас е важно што сега можеме колективно да ги застапуваме правата на потрошувачите, но е важно и тоа што се разграничи што е небезбеден, а што е неисправен производ бидејќи претходно неправилно се толкуваа овие изрази на штета на потрошувачите. Добро е што се прифати и регулирање на дигиталното купување и договорите од далечина – вели Лончар Велкова.

Но, вели таа, прашањето на правата на потрошувачите мора да се гледа комплексно бидејќи се остварува и преку други закони.

– На пример еко дизјанот на апаратите и машините, како и употребата на одредени материјали за производство се решаваат во законите за екологија. Последната директива за овој сегмент опфати само 5 производи, а тоа се апарати за домаќинства со што не се опфатени и другите кои се значајни за потрошувачите. Таму се решава и прашањето на достапноста на резервни делови за апаратите кој сега е за 7 до 10 години и други прашања. Тоа кажува дека прашањето е комплексно и бара учество на претставници на потрошувачите во сите сегменти. Досега имаме добра соработка со сите институции, но сепак сметам дека потрошувачкото законодавство е обемно и за негова имплементација е потребно да се ангажираат сите – вели Лончар Велкова.

Со новиот Предлог закон кој се усогласува со директивите на Европската Унија, велат од Министерството за економија во објаснувањето на текстот, се уредуваат одредби со кој се овозможува примена на европското право во областа на заштитата на потрошувачите, а воедно и појасно дефинирани обврски кои треба да ги исполнат трговците и правните лица спрема потрошувачите.

– Предложените решенија ќе придонесат да се креира модерна законска рамка, која обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите и гарантира полесни услови за деловно работење, да се воспостави соодветна административна структура за развој и координација на оваа политика со сите други засегнати страни, да се зајакне независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, да се подобрат механизмите за поддршка на потрошувачите за решавање на нивните приговори и да се обезбедат соодветни услови за имплементација на политиките за безбедност на производи, сѐ со цел да се постигне понатамошен напредок во оваа област – велат од Економија.

The post НЕМА ВЕЌЕ ЛАЖНИ СНИЖУВАЊА Цената од пред еден месец ќе биде стара цена appeared first on plusinfo.mk.