Љупчо Радевски Archives - plusinfo.mk

ЗОШТО ГАЗДИТЕ ИСПЛАЌААТ ПО 10 ДЕНАРИ ПЛАТА? На државата ѝ е гајле само колку влегува во нејзиниот џеб, а не и во џебот на вработените
Заклучно со 7 ноември, 2.730 газди на фирми ги платиле даноците и придонесите, но не исплатиле плата за своите 8.600 работници. Вкупно 5.455 компании во кои работат 8.500 работници воопшто не поднеле пресметки до УЈП, што значи и дека не ги платиле и придонесите кон државата. Ова на брифинг со новинарите го соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Таа информира дека анализата на УЈП направена за 9 месеци од годината покажала и дека сè уште има фирми кои прикажуваат дека исплатиле нето-плата од 10, 50 или 100 денари, но не кажа зошто државата го дозволува ова.

Според анализата на УЈП, најголемиот број компании (1.500) со 1 вработен имаат проблем покрај платите да ги платат и проидонесите и даноците. Но, има и такви кои имаат голем број работници.

Ваквата состојба е алармантна за синдикатите кои бараат платите на вработените да се исплаќаат заедно со придонесите и да не им се остава простор на работодавачите прво да ги платат придонесите, а платата да не ја исплатат или да ја исплатат со задоцнување.

– Оваа состојба е резултат на дупка во законот за плати која произлегува од можноста придонесите на платите да се платат до 15 во месецот за претходниот месец, а платата за претходниот месец да може да се исплати до 25 во тековниот месец. Ова го користат работодавачите како можност воопшто да не исплатат плата, односно да го исплатат долгот кон државата на придонеси на минимална плата и да не исплатат плата на вработените. Во овој случај доколку платата што треба да се исплати е повисока од минималната, губи и државата бидејќи се платени придонеси на пониска плата. Состојбата се провлекува со години, но државата не е заинтересирана да го реши проблемот бидејќи приходот од придонесите државата го собира и не ја интересира дали работникот ќе земе плата – вели Љупчо Радевски, член на претседателството на ССМ и претседател на Синдикатот за текстил и кожарство.

Тој додава дека решение на проблемот има, но нема интерес да се прифати.

– Ние како синдикати бараме платата и придонесите да се исплатат одеднаш, односно на ист датум и да нема дополнителен период за исплата на платите. Тогаш работодавецот освен што ќе ја исплати платата, па и таа да е минимална или повисока, ќе треба да ги плати и вистинските суми за придонеси, а не придонеси на минимална плата. Така и работникот ќе ја добие платата и државата вистинскиот износ на придонеси. Исто така, бараме УЈП да ги следи и износите на прикажаните нето-плати и да има казни за фирмите кои не се придржуваат кон обврската да им исплатат плати на вработените – појаснува тој.

Радевски вели дека на ваквиот начин на исплата на плата, работодавачите го користат и да не исплатат две и повеќе плати, ако во меѓувреме поради неисплатена плата некој побара стечајна постапка.

– Според правилата со три неисплатени плати, работниците или друг доверител може да започне стечајна постапка за фирмата. Затоа работодавачите најчесто ги плаќаат придонесите и доцнат со платите до 2 месеца. Третиот месец им исплаќаат плата на работниците, со тоа што им даваат до знаење, ако реагираат или ја напуштат работата нема да ги добијат заостанатите плати. И така сѐ се врти во круг. Не се исплаќаат 2 плати па третата се исплаќа, а придонесите кон фондовите и даноците кон државата се намируваат во законскиот рок за да не се согледа фактичката состојба – појаснува тој.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи вели дека овој начин на плаќање на придонеси е резултат на фактот дека за неплатени придонеси се плаќаат камати, а за неисплатена или задоцнета плата не се плаќаат камати.

Според него, ваков начин на функционирање практикуваат фирмите кои се блокирани или човек-фирми какви што во земјава има многу.

– Проблемот е што во МПИН пресметките каде што се прикажуваат нето-платата и придонесите кои треба да се платат кон државата, УЈП го гледа само делот на придонесите, а не гледа колкав е износот на платата. Мислам дека 70% од фирмите кои не исплаќаат плата или прикажуваат мал износ на плата и ги плаќаат придонесите се човек-фирми кои не остваруваат никакви приходи, а се одржуваат во живот поради најразлични причини. Некои сопственици сметаат дека во некој период ќе можат да ги активираат, а други пак не ги затвораат поради огромни бирократски процедури. Вакви фирми во изминатиот период беше модерно да се отвораат без да се вложи капитал и сега нивните сопственици кои можеби се и вработени во други фирми или во јавниот сектор имаат обврски кон државата за придонеси. Тие фактички не земаат плата, туку ги плаќаат придонесите бидејќи ако не ги платат придонесите УЈП им наплаќа камата, а за неисплатена плата не се плаќа камата – вели Димитров.

Тој додава дека сопствениците на приватни фирми кои неуспешно работат немаат интерес да ја одржуваат фирмата за да се задолжуваат дополнително со плаќање придонеси.

– Секој приватник гледа да има што помалку загуби на капитал, па ако фирмата има проблеми во работењето гледа начини како да излезе или што побрзо да ја затвори преку стечај за да нема дополнителни трошоци. Ниедна приватна фирма која нема никакви приходи нема интерес да плаќа секој месец придонеси и задоцнети плати, ако не може да создава приходи – појаснува тој.

Плусинфо праша во УЈП зошто се дозволува ваков начин на поднесување на МПИН-пресметки кога се знае дека работодавачите прикажуваат нето-плата со износ од 10, 50 или 100 денари. Прашавме и дали се размислува за поинаков начин на контрола на исплатата на платите и придонесите, но до објавување на текстот не добивме одговори.

Лукаревска вчера соопшти дека 700 даночни обврзници 9 месеци доцнат со реализација на обврските по основ на МПИН-пресметките што било причина УЈП да ги блокира нивните сметки и присилно да ги наплати придонесите.

The post ЗОШТО ГАЗДИТЕ ИСПЛАЌААТ ПО 10 ДЕНАРИ ПЛАТА? На државата ѝ е гајле само колку влегува во нејзиниот џеб, а не и во џебот на вработените appeared first on plusinfo.mk.

ПОВЕЌЕ ОД 3500 СТРАНЦИ И СЕГА РАБОТАТ КАЈ НАС АМА НА ЦРНО Со работниците ќе се пензионира и бизнисот
Државата мора да овозможи и законски да ги регулира условите за работа на странци, но пред тоа и да ги исцрпи сите расположливи можности да го спречи одливот на работници и да го активира работоспособното население, а газдите да бидат подготвени да ги подобрат условите за работа, да ги зголемат платите и да ги почитуваат законите поврзани со работниците, а со тоа и на странските работници, велат бизнисмени, синдикалци и експерти.

Според нив, процесот на вработување странци не е лесен и ако сака државата да го овозможи ќе треба да создаде регулирани услови за нивно ангажирање во земјава што досега го нема и со тоа да го либерализира пазарот на трудот. Тоа подразбира дека земјава е подготвена и да му стави крај на работењето на странци на црно, бидејќи анализите покажуваат дека годишно на ваков начин само со туристичка виза се вработуваат повеќе од 3.500 странци.

Газдите треба да бидат подготвени да инвестираат во странски работници

Ангел Димитров, претседател на собранието на организацијата на работодавачи вели дека бизнисмените ќе треба да се приспособат на состојбата и да почнат да вложуваат во создавање дополнителни услови за вработување на странски работници, но главно е владата да го отвори пазарот на трудот за тоа.

– Ако не сакаат да ги затворат фирмите, бизнисмените ќе треба да ги исполнат сите услови кои ќе бидат пропишани за да донесат работници од странство, бидејќи тоа со себе носи и дополнително вложување во сместувалишта, осигурување, храна и други услови за работа и социјализација на луѓето кои ќе дојдат да работат во земјава. Тој процес е почнат во земјите од регионот. Кај нас мислам дека процесот нема да оди брзо и затоа сметам дека владата треба што побрзо да почне со подготовка на легислативата за да не се доведеме во состојба со пензионирање на работниците да се затвораат фирми бидејќи нема да има работници. Кај нас веќе нема млади, заминаа во странство, па фирмите се сведени на работници во поодминати години кои чекаат да се пензионираат – вели Димитров.

Професорот Здравко Савевски смета дека владата пред да размислува да овозможи вработување странци во земјава, треба да направи анализа дали во овој момент е толку алармантна состојбата и дали се исцрпени сите можности за обезбедување работници од невработените и од неактивното работоспособно население во земјава.

Владата да оцени дали ниските плати се проблем за одливот на работници

– Според статистичките податоци за отворени работни места, бројката е помала од 10.000 работници, што со оглед на бројот на вработени во земјава е мала. Што значи не е толку алармантна состојбата, но сепак е потребно да се преземат мерки. Владата треба да има предвид и дека има доволен број невработени и неактивно работоспособно население кое треба да се мотивира. Анализата треба да покаже и дали овие 10.000 слободни места не се пополнуваат затоа што се нископлатени. Еве, за почеток предлагам, газдите кои тешко се ослободуваат од профитот и главно бараат млада работна сила која ќе им работи за ниски плати и по можност прекувремено како во 90-те години, да пробаат да ги зголемат платите и да ги подобрат условите за работа и да отворат огласи за вработување на работни места со повисоки плати. Ако и за ваквите работни места и плати не се јават работници, не само млади туку и постари, кои не се интересни за газдите, тогаш дури можеме да кажеме дека имаме проблем кој треба да се решава со работници од странство – вели Савевски.

Тој додава дека реалните плати во земјава се далеку пониски од прикажаните номинални плати, што остава можност за зголемување на платите.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија се со став дека владата треба да ги намали придонесите за плати за да се спречи моменталниот одлив на работници и да се зголемат платите. Но додаваат и дека е потребна либерализација на пазарот на трудот со некои земји од регионот, посебно со Косово, за да се овозможи побрзо пополнување на работните места за кои никој не се јавува.

– Минималната плата ја имаме поддржано и настојуваме средната плата да се покачи. Бараме да се намалат придонесите од Владата за да може да се зголемат и средните плати за да ублажиме колку толку работна сила да не заминуваат во странство. Придонесите се прогресивни и затоа бараме да бидат намалени за да може да ги покачиме платите – изјави денеска потпретседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

Членките во Комората се жалат дека никој не се јавува на оглас и покрај тоа што изминатите години повеќе од 15.000 студенти ги завршиле студиите.

Димитров, пак, смета дека е лаички да се размислува дека со зголемување на платите младите ќе останат да работат во земјава, па дури и некои ќе се вратат од странство.

– Не е во прашање дали некој сака да даде или не повисока плата. Цената на трудот е во корелација со структурата на економијата. Кај нас структурата на економијата е нископродуктивна и затоа платите се пониски од оние кои ги има во високоразвиените економии каде што се создава готов производ-бренд. Наједноставно кажано, не е исто да произведуваш компјутер и да моташ жица што го прават нашите работници во фирми во ТИРЗ. За да се направи компјутер е потребна висока стручност, но за мотање кабли би рекол потребно е да се знае само бојата дали е црвена или сина. Затоа и платите на едните и другите работници се различни. Во текстилот на пример, ние сме само кооперанти на големите европски брендови и цената на трудот соодветстува на она што се работи. Нашето стопанство не може да креира високи плати со ваква структура. Затоа ние не очекуваме кај нас да дојдат работници од високоразвиени земји туку од земји каде што стандардот на работниците е понизок и има далеку полоши услови за живот – прецизира Димитров.

И синдикатите велат дека реалните плати на работниците се повисоки од она што го добиваат работниците, но платите не се главниот услов работниците да одлучат да заминат во странство, туку незадоволството од условите за работа и живот во земјава.

Синдикатите очекуваат да се почитуваат законите и да се подобрат условите за работа

– Кај нас не функционираат законите и нивната контрола. Се толерира работа на црно, не може да се докаже дека работникот претрпува мобинг, дека му се пријавени 4 часа, а другите ги работи на црно и прашање е дали му се платени или не, дека не се почитуваат неговите права на дневен и неделен одмор и слично, со еден збор условите за живот и работа се многу полоши од порано и далеку полоши од оние во поразвиените земји. Работниците се чувствуваат несигурни за својата иднина и иднината на своите семејства. Тоа влијае дел од нив, посебно младите, да одат во странство каде што сето ова е многу поразлично од овде и дополнително се далеку поплатени и за иста работа. Дополнително и реалните плати, на пример во текстилниот сектор, според нашите пресметки се 30.000 денари, но она што го добиваат работниците се движи од минимална плата до 24.000 денари. Има и компании кои даваат повисоки плати, но најголемиот дел даваат меѓу 22.000 и 24.000 денари, а работата е тешка – вели Љупчо Радевски, претседател на синдикатот за текстил.

Тој додава дека синдикатите не се против да дојдат странци да работат во земјава, но, вели, дека е потребно да се подобрат условите за работа на работниците што остануваат во земјава кои ќе можат да ги користат и странците.

– Ние како синдикат ќе ги штитиме и нивните права, зашто и тие ќе бидат наши членови и работници, но и за нив во еден момент ќе станат неподносливи условите за работа кои ги има во нашите фирми. Ќе добијат работно искуство, веројатно и државјанство, а тоа ќе им овозможи полесно да заминат за Европа, а нашите фирми повторно ќе останат без работа. Тоа веќе не е проблем само на работниците и на газдите, туку голем проблем на државата која или не гледа или не сака да промени нешто на подобро за да не ни одат младите надвор – вели тој.

Со објавата на владата дека има намера да овозможи вработување на странци во поголем број и според потребите на компаниите, се отвора и прашањето од каде би доаѓале овие луѓе. Се споменуваат понеразвиени земји од подалечниот исток. Но, експерти кои се занимаваат со вработување на наши луѓе во странство велат дека тој процес е скап и кај нас недоволно регулиран.

Дали увозот на работници е евтино барање?

– Носењето работна сила од странство во старт чини 2.000 евра од работник, поради сместување, храна… Да донесете човек од Бангладеш со авионска карта, со сите дозволи, медицински прегледи, ќе чини повеќе од 1.500 евра. Газдата кај кого ќе се вработи овде ,ќе треба да му обезбеди сместување кое ќе му го плаќа на месечна основа, треба да му обезбеди превоз, некаква интеграција во социјалниот и здравствениот систем. Тоа сега не е регулирано во земјава, а има и многу други работи кои треба да се регулираат – изјави Зоран Кочоски од „Коузон“, агенцијата за посредување на работа во странство во емисија на ТВ 24.

Според него, и сега во земјава има увоз на работна сила, но на црно. Според неговите податоци, само со туристичка виза, во наши фирми работат повеќе од 3.500 луѓе.

Владата најави дека веќе се размислува да се овозможи увоз на работници од странство, бидејќи околу 10.000 работни места се непополнети.

The post ПОВЕЌЕ ОД 3500 СТРАНЦИ И СЕГА РАБОТАТ КАЈ НАС АМА НА ЦРНО Со работниците ќе се пензионира и бизнисот appeared first on plusinfo.mk.

Откази ќе фрчат, но која причина помалку ќе боли?
Која ќе биде причината за отказните решенија кои ги најавија газдите од текстилниот, угостителскиот и другите сектори ако не добијат помош – подеднакво ги мачи и газдите и синдикатите. Синдикатите велат деловна треба да биде причината за тие откази, а газдите изнаоѓаат најразлични други причини само за да одбегнат плаќање законска отпремнина ако во решенијата се наведе деловна причина. Експертите се јасни дека во услови на пандемија причината за отказот треба да биде деловна, и е единствена можност работодавачите да го намалат бројот на работници кога тие не се согласуваат со отказот, но е несоодветна во време на криза кога е потребно брзо дејствување и прилагодување на пазарот на трудот.

Синдикатите тврдат дека отказите се голем проблем во овој период. Стотици работници веќе се отпуштени. Во текстилниот сектор досега 7.000 работници останаа без работа, а се најавуваат нови по принудните одмори. Угостителите најавија дека ќе ги отпуштат работниците. Работниците се принудени да потпишат спогодбен отказ, да потпишат анекси од неопределено на определено работно време, само за работодавачите да не им го исплатат она што им следува при отказ од деловни причини а тоа се отпремнини.

– На работодавачите им се на располагање и принудните одмори кои можат да ги продолжуваат неколку месеци и во тој период да им даваат за 30 отсто пониска плата. Подоцна, кога ќе се подобрат условите, овие пари ќе треба да им се надоместат на работниците. Доколку добијат откази причината за отказот треба да биде деловна, оти само така работниците ќе имаат некакво обештетување за отказот – отпремнина и осигурување на работникот дека во други услови ќе биде вработен – вели Љупчо Радевски од синдикатот на текстилците.

Овој синдикат апелира работниците да не потпишуваат бланко листови или решенија за отказ без наведена причина за отказот, бидејќи подоцна поради ваквите отказни решенија нема да можат да ги остварат своите права.

Според претседателот на КСС, Благоја Ралповски, работниците не треба во услови на пандемија да бидат отпуштени или да не добиваат плата затоа што тоа е нефер кон нив.

– Во време кога и фирмите и работниците се обидуваат да преживеат работовачите треба да бидат коректни кон работниците и да не ги оставаат без работа. Ако, сепак се одлучат да ги отпуштат од работа причината за отказот секако треба да биде деловна, бидејќи работникот во оваа ситуација не е тој што дал причина за отказ и треба на некој начин да добие обесштетување – вели Ралповски.

Според него, прво треба да се одлучи на чиј товар ќе бидат работниците од најавената бројка 20.000 или 30.000 работници кои ќе останат без работа.

– Во услови на здравствена криза не е фер работниците кои едвај излегуваат на крај со платата да не бидат здравствено осигурани, да не зборуваме за тоа како тие преживуваат кога не примиле една или две плати, а како ќе преживеат без плата. Но се плашам дека по завршување на кризата работодавачите кои ќе ги отворат работните места да не најдат работници, бидејќи тие ќе ја напуштат државата – вели Ралповски.

Експерти од трудовото право велат дека за работодавачите е непопуларно давањето отказ од деловни причини бидејќи не само што ќе ги чини пари, туку и постапката за отпуштање на работниците трае подолго од нивните очекувања тоа да го сторат веднаш.

– Законски предвидената постапка за откажување на договорот за вработување поради деловни причини, која во најсложените случаи може да трае и до два месеца, како и обврската за исплаќање на значителен износ на име испратнина, ја прават оваа постапка непопуларна помеѓу работодавачите, а и несоодветна во време на криза кога е потребно брзо дејствување и прилагодување на пазарот на трудот. И покрај сето ова, доколку економската логика наложува намалување на бројот на работници, а притоа не постои согласност од страна на работниците, работодавачите законски немаат друг избор освен да ја спроведат оваа постапка – велат од адвокатската канцеларија Чакаровска специјализирана и за предмети од трудовото право.

Сепак, додаваат оттаму, овој вид отказ има поволности за двете страни и за работодавачите и за работниците.

– За работодавачот, предноста на откажувањето на договор за вработување поради деловни причини е во тоа што не е потребна согласност, ниту вина на страна на работникот, па така работодавачот е слободен да одлучи за намалувањето на бројот на работници на одредено работно место или пак за  целосно укинување на тоа работно место, секако доколку тоа го наложува економската состојба, напредокот на технологијата, внатрешните организациони/структурни промени или други објективни причини на страна на работодавачот. За работниците, предноста доколку им биде откажан договор за вработување поради деловни причини е тоа што по престанокот на работниот однос им следува испратнина од работодавачот, а може и да ги остваруваат правата согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, меѓу кои и правото на паричен надоместок во износ од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци, за време од 1 до 12 месеци во зависност од стажот на осигурување – велат од адвокатската канцеларија Чакаровска.

The post Откази ќе фрчат, но која причина помалку ќе боли? appeared first on plusinfo.mk.