унилатерална изјава Archives - plusinfo.mk

САМО ТРЕБА ДА ГИ СПРОВЕДУВАМЕ ОБВРСКИТЕ Маричиќ вели дека патот кон ЕУ ни е отворен, а јазикот заштитен
За Северна Македонија патот кон ЕУ е отворен, само треба како држава да ги спроведуваме нашите обврски од целиот пакет и од Протоколот којшто беше потпишан во Софија, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

– Со одржувањето на првата Меѓувладина конференција и првата сесија на скринингот, на земјата ѝ се отвора еден пат за движење, на чекорење напред – нагласи Маричиќ во вечерашното издание на емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Во врска со унилатералната изјава за јазикот, Маричиќ истакна дека и земјава и Бугарија дале унилатерални изјави, кои немаат никаква важност за целокупното користење на македонскиот јазик во Европската Унија, ниту пак за ставот на другите држави членки.

– Тоа значи само дека Софија изразува свој став како што има изразено и во Обединетите Нации кога ни беше впишан македонскиот јазик. Ние го изразивме нашиот став и тоа прашање не очекуваме да се споменува понатаму. Очекуваме во наредните денови да го потпишеме договорот за ФРОНТЕКС со македонски јазик, каде што и Бугарија ќе го потпише како една од државите членки и сметаме дека за нас ова прашање е затворено – рече Маричиќ, потенцирајќи дека не очекува ова прашање понатаму да се отвора.

The post САМО ТРЕБА ДА ГИ СПРОВЕДУВАМЕ ОБВРСКИТЕ Маричиќ вели дека патот кон ЕУ ни е отворен, а јазикот заштитен appeared first on plusinfo.mk.

ВЛАДИНИОТ СОВЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЈА ПОДДРЖУВА ИЗЈАВАТА Во основата лежат централните говори од западното наречје
Владиниот Совет за македонски јазик ја поддржува Унилатералната изјава доставена до Европската Унија(ЕУ) и Министерството за надворешни работи(МНР).

„Литературниот/стандардниот македонски јазик конечно е кодифициран во 1945 година, како резултат на подолг процес на културна и писмена активност. Во согласност со сознанијата, затврдени со широкоприфатените теории и емпириските теренски истражувања на современата домашна и светска славистичка и лингвистичка наука, македонскиот јазик има свој историски, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на посебниот развој на сите негови дијалекти и на неговиот дијалектен континуум, кои се распространети на целиот негов говорен простор. Во основата на современиот македонски стандарден јазик лежат централните говори на западното наречје, односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес“, се вели во нивното соопштение до јавноста.

Претходно деновиве голем дел на лингвисти, експерти, слависти, македонисти, јазичари, писатели, академици и членови на МАНУ излегоа со свој проглас дека нема да ја прифатат изјава бидејќи таа не го заштитува јазикот, бидејќи се откажува од неговите дијалекти надвор од територијата на Република Македонија. Експертите исто така рекоа дека изјавата не ја зема предвид богатата традиција и генеза на јазикот пред кодификацијата во 1945 година, односно кирилметодиевската традиција и бројни други обележја.

Меѓу коментарите беше и фактот дека поднесениот текст на изјавата имал печатни грешки, односно бил нелекториран.

The post ВЛАДИНИОТ СОВЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЈА ПОДДРЖУВА ИЗЈАВАТА Во основата лежат централните говори од западното наречје appeared first on plusinfo.mk.

ИЗЈАВАТА НЕ СЕ МЕНУВА, ЗА УСТАВОТ ИМАМЕ 16 МЕСЕЦИ Маричиќ вели дека Владата ќе ги иницира уставните измени „согласно атмосферата“
Нема да се менува унилатералната изјава која владата ја достави до ЕУ пред два дена во Брисел Ова било одлучено по консултациите во Министерството за надворешни работи, кое излезе со соопштение до јавноста објаснувајќи ја изјавата и нејзината цел да го формулира македонскиот јазик без какви било фусноти или додавки како службен јазик во Унијата, пишува Телма. Претходно, голем дел од експертската јавност, МАНУ, видни лингвисти и македонсити реагираа дека истата не го штити историскиот континуитет на јазикот.

Македонија пред два дена го започна таканаречениот скрининг процес пред преговорите со ЕУ. За скринингот Унијата предвидува 14 до 16 месеци, информираше вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Скринингот е поделен на кластери, а тие би требало да бидат отворени по летните одмори. Во постапката Македонија ќе биде запознаена со деловите од своето законодавство кои ќе треба да ги усогласи со правото на ЕУ.

Маричиќ најави дека првиот скрининг Извештај за Кластерот „Фундаментални вредности“, го очекува во првиот квартал од 2023 година и информираше дека за овој Кластер треба да се подготват три патокази кои ќе треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање на краткорочни и среднорочни цели.

Дел од скринингот ќе биде и процесот на отворање на македонскиот Устав, услов без кој не може формално да отпочнат преговорите. Според календарот на ЕУ до ноември 2023 Македонија ќе треба да најде политичка волја да ги спроведе уставните измени.

Маричиќ вели дека Владата ќе биде таа која ќе иницира уставни измени „согласно околностите и атмосферата“. Тој признава дека владата уште нема динамика за тоа кога и како ќе почне процесот поврзан со отворање на Уставот.

Тој притоа не сакаше да открие кој ќе биде политички, а кој технички преговарач, најавувајќи дека официјално сите имиња и структурата на преговарачките тимовите ќе бидат објавени кон крајот на август или почетокот на септември.

– Најважно е да создадеме една атмосфера којашто ќе нема да се повтори онаа слика во Собранието која ја имавме минатата недела која не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту услови за нормална размена на аргументи. Сакаме да биде тоа процес во којшто ќе имаме отворена, сериозна, јавна расправа со вклучување на чинителите, на претставници на заедниците коишто треба да бидат вклучени во Уставот. Сметам дека во содржинска смисла овие уставни измени би биле веројатно најлесни од сите до сега. Зборувам во содржинска смисла, бидејќи ние имаме веќе 7 заедници во Уставот треба да додадеме уште најмалку 3 или уште колку ние ќе решиме во тој процес – објасни Маричиќ.

Според него, во однос на овие прашања има два типа на патриоти, едни коишто остануваат само на убави или лоши зборови и други коишто работат на дело.

– Да го заштитиме нашиот идентитет, македонски јазик, идентитет и посебност и да станеме членка на ЕУ. Тоа се наши цели уште од самото осамостојување како држава и ние како Влада сметавме и сè уште сметаме дека се тоа остварливи цели во исто време. Дека можеме да останеме Македонци кои говорат македонски јазик и да бидеме членки на ЕУ. Мислам дека сме на добар пат тоа да го оствариме, рече Маричиќ, потсетувајќи дека изминатите 5 години Владата има направено сериозни чекори за заштита на македонскиот јазик и идентитет и дека токму во овој период е впишан Македонскиот јазик во ООН, е впишан во советот на Европа, во НАТО, впишан во ОБСЕ и во сите меѓународни организации каде што Северна Македонија е членка, што според Маричиќ е многу поважно и попатриотски од која било друга симболика – истакна вицепремиерот Маричиќ.

The post ИЗЈАВАТА НЕ СЕ МЕНУВА, ЗА УСТАВОТ ИМАМЕ 16 МЕСЕЦИ Маричиќ вели дека Владата ќе ги иницира уставните измени „согласно атмосферата“ appeared first on plusinfo.mk.

ЕКСПЕРТИТЕ КРЕНАА ГЛАС ВО ВРСКА СО ЈАЗИКОТ Бараме владата да ја повлече унилатералната изјава
Во сопствен Проглас за заштита на македонскиот јазик, книжевност и на македонстиите, експертите, лингвистите, македонстите и јазичарите во земјава ја повикаа Владата да ja повлече унилатералната изјава дадена кон ЕУ. Според нив, во изјавата јазикот е сведен само на кодификацијата до 1945 година, односно не се искажува неговата автохтоност, не се земени предвид дијалектите надвор од земјата, кирилметодиевската традиција и општо изјавата не се согласува со сознанија од македонистиката.

Во прилог го пренесуваме текстот од прогласот.

ПРОГЛАС ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ И НА МАКЕДОНИСТИКАТА

„Бараме веднаш, без одложување, од страна на Владата на Р С. Македонија, односно Министерството за надворешни работи, оваа Изјава да биде повлечена во целост, имајќи предвид дека со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија. Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Со научно неточно тврдење изнесено во оваа Изјава, македонската дијалектологија, односно македонскиот дијасистем е сведен само на територијата на државата, спротивно на меѓународните принципи и научно утврдени факти коишто дијасистемот не го поврзуваат со политичките државни граници. Македонската книжевност е сведена на датирање само од 1945 година наваму (имајќи ја предвид употребата на терминот „литературен македонски јазик“, којшто подразбира јазик на литературата/книжевноста), при што, одделно, во Изјавата се алудира само на книжевни остварувања коишто се од поновата книжевна продукција, со што политички се брише македонската книжевна историја.

Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура, и затоа укажуваме дека доколку не биде повлечена, од наша страна ќе биде сметана за нелегитимна, а за нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт којшто ќе се темели или повикува на неа.

Јавно ги повикуваме претседателот на државата, г. Стево Пендаровски и Собранието на Р С. Македонија да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност, на македонистиката и на државните интереси и да ги искористат сите расположливи механизми за оваа срамна Изјава да биде повлечена, бидејќи со неа политички се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Притоа, треба да се има предвид дека оваа Изјава се коси со Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, донесена од Собранието на Р С. Македонија. Со неа е утврдено дека треба/мора да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет и да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и свој временски континуитет. Временскиот континуитет подразбира дека македонскиот јазик не е создаден, туку само е кодифициран во 1945 година, додека просторниот континуитет укажува на јазичната територија којашто не е само во рамките на државните граници како што научно неточно е претставено во Изјавата. Со Изјава или каков и да е друг акт, никој нема право да ги брише сознанијата на науката и да не почитува акт донесен од институција којашто е највисоко тело на државата.

Стоејќи на браникот на македонскиот јазик, книжевност и култура, но и на браникот на македонистиката, укажуваме:

Историјата на македонскиот јазик не започнува во 1945 година. Кодификацијата врз научно верифицирани основи е потврда на претходен долговековен јазичен, културен и национален развој и континуитет и е само една етапа во развојот на јазикот. Нејзе ѝ претходат засведочени стремежи и за претходно нормирање на македонскиот јазик, при што одделно се издвојуваат заложбите на Ѓорѓија Пулевски, лозарите –припадниците на Младата македонска книжовна дружина, Крсте П. Мисирков.

Во оваа Изјава, единствената временска одредница е поврзана само со кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, а покрај неа има само безначни фрази, при што изоставени се повикувања на традицијата на македонската редакција на црковнословенскиот јазик, дамаскинарската традиција, деветнаесеттовековните стремежи за посебен јазик, заложбите на Мисирков итн.

Историјата на македонскиот писмен јазик започнува уште со старословенскиот јазик и кирилометодиевскиот период и мора да се има предвид дека старословенското,  кирилометодиевското и црковнословенското наследство се суштински дел од културното наследство на сите словенски народи, вклучително и на македонскиот народ. Македонскиот јазик својот континуитет го остварува непрекинато, за што сведочат црковнословенската, апокрифната и народната книжевност и, воопшто, книжевноуметничката традиција, а тоа не е опфатено во оваа Изјава.

Дијалектното простирање на македонскиот јазик оди и преку државните граници на нашата татковина и научно е неточно наведеното во Изјавата дека континуитетот на македонскиот јазик „се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија.“

Погрешна е формулацијата во Изјавата дека македонскиот јазик беше признаен од Третата конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година. Постоењето на македонскиот јазик е неспорно за светската филологија. На Конференцијата во Атина во 1977 година само е донесена Резолуција за тоа како македонската кирилица ќе се предава со латиница, или, поконкретно, како македонските топоними ќе се предаваат на географските карти со латиница.

Стандарниот јазик е социолингвистичка и политичка категорија, но нему му претходи народниот јазик. На народен македонски јазик е создавана македонската книжевност во периодот до крајот на Втората светска војна (како и во историјата на други народи пред чинот на кодификација на стандарден јазик) и таа е клучното остварување на нашиот јазик, потврдата за неговата посебност и пред чинот на кодификација. Да се потсетиме ‒ во 20 век, на македонски јазик создавале и Рацин, Иљоски, Панов, Крле, а претходно Џинот, Пејчиновиќ, Крчовски, Константин Миладинов… Со вака формулираната Изјава, македонската современа држава би се одрекла од делата на овие и други автори, клучни за македонскиот јазичен, книжевен и културен код.

.     Поврзувајќи ја македонската книжевност само со чинот на кодификација (формулација: литературен јазик) и со единственото посочувањедека „литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија“, што доминантно се врзува со остварувања од последните неколку децении, без наведување ни збор повеќе за конкретни остварувања од македонската книжевна традиција и историја, со оваа Изјава политички се бришат клучни остварувања на македонската книжевност и култура.

Самиот факт што оваа Изјава е нелекторирана, со видливи, бројни правописни и граматички грешки, за жал, говори за односот, односно ниското ниво на свест и флоскулна, а не суштинска упатеност на носители на политики во државата (подолг временски период, а не само во актуелниот миг) кон важноста на македонскиот јазик, книжевност и култура и потребата од македонистички кадар (вклучително и лектори) и неговата важност за нацијата и државата. Како резултат на тоа и се случува ваква Изјава да биде подготвена и објавена без да биде консултирана релевантна научна и/или образовна институција од областа на македонистиката, бидејќи ако беше, немаше да може да ни се случи ваков срамен акт којшто е спротивен на македонските државни интереси.

Кон сето ова, можат да се надоврзат уште низа научно поткрепени согледби, но повторно се доаѓа до истиот заклучок – ваквата изјава претставува чин на одрекување од клучни елементи на нашиот македонски јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет! Оваа Изјава е одрекување и од влогот на нашите претходници и учители, меѓу коишто е и големиот Блаже Конески.

Минатата година, кога одбележавме 100 години од неговото раѓање, многупати, вклучително и во политичките говори, се цитираше неговата мисла: „Јазикот е единствената комплетна татковина“.

Но, зарем можеше од некои субјекти толку брзо да биде заборавена?! Оваа Изјава е навреда и за странските македонисти и слависти, од странските факултети и универзитети флоскулно наведени во неа, затоа што со неа се негира и брише она коешто тие го изучуваат, предаваат и афирмираат во светот како посветеници на македонистиката. Но, оваа Изјава е погубна и за следните генерации, на коишто со ваков акт им се одзема клучен дел од кодот на нивниот идентитет и на традициите на коишто тие ќе треба да се надоврзат. Им се одзема она што им припаѓа, а немаме право на тоа!

Ова не смееме да го дозволиме! Затоа, јавно ги повикуваме сите научни и образовни институции да застанат во одбрана на македонскиот јазик и книжевност и македонистиката, обединети во барањето Унилатералната изјава на Република Северна Македонија веднаш, без одложување, да биде повлечена во целост, имајќи ја предвид нејзината штетност за нацијата и државата и далекусежните последици од неа по рецепцијата на македонскиот јазичен, книжевен и културен идентитет.

На крај, уште еднаш ги повикуваме Владата на Р С. Македонија и Министерството за надворешни работи, веднаш да ја повлечат Изјавата со којашто се задира во македонистичките темели, зад коишто стои науката. Ним им останува дали ќе им се извинат на македонскиот народ и на сите граѓани на нашата држава за овој историски негативен преседан.

Време е и во нашево време да се запрашаме: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“.

Христина Ангелеска, магистранд по македонистика со комуникологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

м-р Иван Антоновски, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

м-р Кристина Атанасова, магистер по македонска книжевност, графичка дизајнерка

Софија Величковска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Кристина Дабеска, дипломиран професор по македонски јазик и книжевност

Анастасија Димковска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик

Теодора Донакова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик

Кристина Дукоска, лектор и јазичен редактор

Тамара Ѓонеска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност

Елена Ѓорѓиовска, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Букурешт, Романија

д-р Татјана Б. Ефтимоска, лектор и професор по македонски јазик и литература

м-р Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на Институтот за ориентални јазици и култури во Париз, Република Франција

м-р Моника Илкова, магистер по македонска книжевност, лектор по македонски јазик на Универзитетот во Ниш

м-р Давор Јанкулоски, асистент-истражувач, Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ

Катерина Котеска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

д-р Николче Мицкоски, соработник-истражувач, Лексикографски центар, МАНУ

д-р Бисера Павлеска-Георгиевска, доктор по филолошки науки

д-р Марија Паунова, вонреден професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Рената Пенчова, дипломирана професорка по македонистика: книжевност и јазик, проектен асистент во здружение на граѓани „Еко Логик“

д-р Биљана Рајчинова-Николова, соработник-истражувач, Одделение за македонска литература во XX век, Институт за македонска литература, УКИМ – Скопје

Маја Ристеска, дипломиран професор по македонистика: книжевност и јазик

Павлинка Ристова, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, книжарка во книжарница ТРИ

Милена Сиљаноска, дипломирана професорка по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, уредничка во Издавачки центар ТРИ

д-р Трајче Стамески, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Радица Стојановска, апсолвент на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Стефани Стојаноска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност

м-р Александра Стојковска, магистер по македонска книжевност

м-р Александра Спасевска, магистер по филолошки науки во областа македонска книжевност, наставник по македонски јазик во ООУ„Кузман Јосифовски-Питу“ – Кичево

д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, вонреден професор на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Марија Тасеска, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Марко Тодевски, студент на Катедрата за македонска книжевност и култура, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – УКИМ

Валентина Трајановска, дипломирана професорка по македонски јазик и книжевност

м-р Ирина Тумбовска, магистер по македонска книжевност, Маркетинг и ПР во Издавачки центар Антолог

м-р Марина Цветаноска, соработник истражувач, Одделение за македонска литература XIX век при Институтот за македонска литература – УКИМ

The post ЕКСПЕРТИТЕ КРЕНАА ГЛАС ВО ВРСКА СО ЈАЗИКОТ Бараме владата да ја повлече унилатералната изјава appeared first on plusinfo.mk.

ИЗЈАВАТА ЗА ЈАЗИКОТ Е СРАМ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАУКА Експертите реагираат, се откажуваме од дијалектите и од кирилметодиевската епоха!
„Унилатералната изјава за македонскиот јазик за лингвистите е срам за македонската наука. Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација“, реагира академик Катица Ќулавкова по денешното објавување на целиот текст на оваа изјава на македонската држава во Брисел.

За професорката Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ оваа изјава е срам за дипломатијата, за македонската наука за јазикот, за Собранието и за Македонија и Македонците воопшто.

За академик Ќулавкова просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време.

„Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот“.

Професорката Елка Јачева-Улчар вели дека текстот е нелекториран (на стандарден македонски јазик не се вели „согласно сознанијата“, туку „во согласност со сознанијата/согласно со“, не се вели „било какви“ туку „какви било“, се пишува македонски народ, а не Македонски нароСд…) и дека се коси до Резолуцијата од македонското Собрание.

Во Резолуцијата се вели дека преговорите треба да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

„Во текстов гледам сѐ, само не и рамноправност и почитување достоинство на македонскиот народ. Текстот е содржински катастрофален и оди на рака на бугарската страна. Зошто? а) Зашто историјата на македонскиот јазик не започнува од 1945 година, туку уште со Моравската мисија за чии цели бил создаден старословенскиот јазик врз македонски говори од околината Солун.; б) Дијалектното просториње на македонскиот јазик оди и преку државните граници на Република Македонија (во Пиринска и  Егејска Македонија, како и во пограничјето со Албанија и Косово). Кардинална неточност е дека македонскиот јазик бил „признат“ на Третата конференција на УНГЕГЕН во Атина 1977 година. Ова што го кажувам ќе ви го каже секој чесен и достоинствен македонист, кој работи во полза на својата на професија, а не во полза на разнебитената политичка партија која на ситно ја распродаде Македонија за „туѓи бели дворови“. Од денес, ние, Македонците, ќе си `ргаме како робови благодарение на нив“, напиша Јачева-Улчар.

Со своја реакција на унилатерлната изјава излезе и Друштвото на писателите на Македонија, ДПМ. Според нив, македонскиот јазик не е ничив дијалект.

„Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е македонскиот и ние нема потреба никому да докажуваме дека сме Македонци и дека нашиот јазик е македонскиот.

Македонскиот јазик има дијалекти, но нашиот македонски јазик не е никаков и ничиј дијалект“, велат од ДПМ.

Наспроти овие академици стои ставот на професорот Људмир Спасов, кој е и претседател на Советот за македонски јазик. Според него, во изјавата Македонија не се откажува од дијалектите туку само го дефинира стандрадниот јазик, додека дијалектите спаѓаат во „македонското јазично подрачје“.

The post ИЗЈАВАТА ЗА ЈАЗИКОТ Е СРАМ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАУКА Експертите реагираат, се откажуваме од дијалектите и од кирилметодиевската епоха! appeared first on plusinfo.mk.