смарт финансии Archives - plusinfo.mk

Борбата со кризите исцрпе од македонскиот буџет 2,7 милијарди евра
На почетокот на новата година, сметководителите почнуваат со составување на финансиските извештаи, во кои ќе бидат прикажани компаниските резултати, а статистичарите ги подготвуваат годишните национални сметки. Во демократски амбиент, носителите на јавните функции прават осврт на постигнатото, негувајќи ги принципите на транспарентност и отчетност.

Оваа демократска и цивилизациска придобивка бездруго отвора можност за критики, но овозможува и подобрување на идните перформанси. Тоа е општо правило и во животот, не случајно и во различните култури во нашата цивилизација низ историјата постојат празничните периоди кога после интензивни и бурни времиња во текот на годината во вид на консензус се прави една општа пауза за одмор и рефлексија на тоа што сме поминале и што сме научиле, со цел подобро да ја проектираме иднината.

Во тој поглед и оваа колумна во овие празнични периоди ја искористив за рефлексија на тоа што ни се случуваше во овие години на повеќе кризи од глобални размери предизвикани од пандемијата и геостратешките турбуленции на глобално ниво, но и војната на европскиот континент со сериозни безбедносни, енергетски и економски ризици и последици. Сведоци сме дека и во поблиската историја имаше многу случувања без преседан во овие години за што има многу да се каже, но и да се научи.

И покрај желбата да пренесам што сѐ сме поминале и направиле во овие години на кризи, особено во делот на јавните финансии, со ограничен простор во оваа колумна, а и со почит кон времето на читателите, решив да пишувам само за дел што сметам дека сепак ќе биде корисно како искуство, но во исто време и можност за критика и дебата како во иднина подобро да се справиме со слични предизвици.

СМАРТ Финансии

За СМАРТ финансии, или паметен систем на управување со јавните финансии, се залагам од првиот ден кога ја презедов функцијата министер за финансии. Овој систем се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност (S-strategical, M-maintainable, A-accountable, R-reform-oriented, T-transparent). Кога се спроведува еден обемен реформски процес со кој се поставува нов систем како фундамент на јавниот сектор, економијата и општеството, добро е во тек на процесот да се навратиме, да видиме од каде сме тргнале, што сме постигнале и дали сме се на вистинската патека за остварување на целите. Впрочем, во менаџментот, контролата е суштински дел од процесот на раководење.

Во изминатите три години спроведени се повеќе системски реформи во јавните финансии, односно поставен е скелетот за стратегиско, одговорно, одржливо, ефикасно, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На ова се надоврзуваат реформите за забрзување на растот и јакнење на конкурентноста и отпорноста на домашната економија. За релативно кус период поставена е нова среднорочна рамка за буџетирање, утврдени се правилата за прудентно фискално управување, мерки за оптимално распоредување на ресурсите во функција на одржливост, како и механизми за унапредување на реализацијата на буџетот.

Поставени се системски законски решенија за праведно утврдување на минималната плата и усогласување на платите во јавниот сектор, како и усогласување на пензиите соодветно на растот на просечната плата и трошоците за живот. Утврдена е стратегиската рамка за даночната политика за поправедно, поефикасно и поефективно оданочување, кое исто така е во функција на фискалната одржливост. Утврдена е стратегија, план и мерки за намалување на сивата економија.

Донесени се реформи за унапредување на процесот на фискалната децентрализација, придружени со поголема отчетност и поттикнување на доброто управување. Воведени се нови финансиски инструменти за диверзифицирање на должничкото портфолио и мобилизирање на капиталот во земјава во функција на растот и развојот. Утврдени се механизми за поттикнување на зеленото финансирање за справување со климатските промени. Се спроведуваат повеќе проекти во насока на подобрување на јавните услуги, преку дигитализација на процесите.

Во време додека се реализираше овој крупен реформски процес во јавните финансии, глобалната и домашната економија поминаа низ неколку кризи, кои се надоврзуваа една на друга, па дури и преклопуваа. Министерството за финансии имаше активна улога во справувањето со кризите преку непречено финансирање на сите функции на државата, преку учество во конципирање и спроведување на антикризните мерки, како и спроведување на политиките за одржување на макроекономската стабилност. Реформската агенда, рака под рака со најголемите турбуленции кои се случиле во глобалната економија во изминатиот половина век, се огромен предизвик за која било институција, не само кај нас, туку воопшто во меѓународни рамки.

Ќе се обидам накусо да дадам контекст во кој се случуваше најголемиот реформски процес во јавните финансии во изминатите две децении.

Глобален и домашен економски контекст

Во првото тримесечје од 2020 година започна најголемата криза со која глобалната економија се соочилa во изминатите сто години, позната како Ковид-19 криза или „Големото затворање“. Во текот на 2020 година кризата ги зафати сите економии во светот со остар пад на цената на нафтата и колапс на повеќе индустриски гранки, кои се најдоа директно изложени на здравствените мерки, како на пример најголем дел од услужната индустрија. Целосното запирање на економската активност во одделните гранки влијаеше на брз раст на невработеноста, потоа на потрoшувачката, резултирајќи со глобален економски резултат во 2020 година од -2,8% БДП.

Како резултат на пандемијата во 2020 година, нашата економија забележа намалување на БДП за 4,7%, што е еднакво на просекот во регионот на Југоисточна Европа, економии, кои ни се географски, институционално, културно и структурно блиски. Сепак, доколку изостанеше силниот фискален одговор, во вид на шест пакети антикризни мерки (од вкупно девет донесени пакети антикризни мерки), проценките на меѓународните институции се дека падот ќе беше скоро двојно повисок. Владината реакција придонесе кон зачувување на работните места, ликвидноста на компаниите, социјалната сигурност и макроекономската стабилност.

Следната година, со спроведување на процесот на имунизација и отворање на економијата, глобалната економска активност забележа солидно опоравување. Нашата економијата во 2021 година забележа раст од 4,5%. Владата продолжи со финансиската поддршка за граѓаните и компаниите, со цел задржување на социјалната и економската стабилност и заздравување на економијата.

Сепак, патот на економското заздравување беше исполнет со пречки, кои главно потекнуваа од нарушувањето на пазарниот еквилибриум поради остриот пад на страната на понудата и побарувачката на ниво глобална и национална економија. Како резултат на нарушувањето на пазарните односи предизвикани од Ковид-кризата, кон крајот на 2021 година настапи енергетската криза. Карантинот во текот на претходната година и ограничувањата за патување, влијаеа на значајно намалување на побарувачката на горивата, како и на нивните цени, кои паднаа на најниско ниво во последните неколку децении.

Но, кога се отстранија ограничувањата, побарувачката за енергија се врати, и додека употребата се зголемуваше, испораките продолжија да заостануваат, што влијаеше на цените. Сумарно, енергетската криза беше резултат на глобалниот недостиг на енергија, што се преточи во висок раст на цените.

На почетокот на 2022 година, со почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, состојбите со понудата на енергентите дополително се влоши. Имајќи предвид дека цените на енергентите се инпут во речиси секој производ, нивниот раст изврши притисок за раст на инфлацијата. Кон ценовната криза, исто така придонесе и растот на цените на храната, како резултат на војната во Украина, еден од најголемите извозници на житни култури во светот.

Реакцијата на нашата Влада преку антикризни мерки продолжи за целиот овој период. Се делуваше преку субвенционирање на цената на електричната енергија и ублажување на последиците од високите цени на храната, преку мерки за замрзнување на цените на основните производи, зголемување на минималната плата, пензиите, платите во јавниот сектор, како и еднократни финансиски додатоци кон најранливите категории на граѓани.

Во 2022 и 2023 година заздравувањето на економијата продолжи, иако не со посакуваните стапки на економски раст, што во најголема мерка се должи на надворешното окружување, на кое како мала и отворена економија (со трговска изложеност од 140% од БДП) ние сме подложни.

Борбата со кризите го чинеше буџетот 2,7 милијарди евра

Во неколку наврати во досегашниот период е презентирано како одговоривме кон кризите со повеќе мерки и политики како и посебни пакети на антикризни мерки, кои вкупно го чинеа буџетот околу 2,7 милијарди евра дизајнирани во девет пакети. Тие содржеа различни мерки, во зависност од екстерните шокови и категориите на граѓани и фирми кои беше најнеопходно да се заштитат.

Сетот на мерки за одговор кон пандемијата вкупно чинеше околу 1,2 милијарди евра, со главна насока да се спасат животите и заштити здравјето на граѓаните, да се зачуваат работните места и да се одржи во живот економијата која хибернира. Втората група на мерки, односно сетот на мерки како одговор на енергетската и потоа ценовната криза го чинеше околу 760 милиони евра во главно за апсорбирање на ударот на кризата врз социјално ранливите категории на граѓаните и стопанството. Последниот пакет на мерки достигна 662 милиони евра, главно, е одговор на продолжениот ефект на ценовната криза која се состои со мерки за заштита на стандардот на граѓаните, помош за најранливите категории на граѓани, но и поддршка на стопанството со поволни кредити во услови на високи каматни стапки, клучно за ликвидноста, но и за инвестициите во стопанството со развојна компонента за одржлив раст, зелена транзиција и дигитална трансформација.

Со оглед на фактот дека кризите беа повеќекратни и испреплетени со различни импликации во повеќе области, а со самиот факт дека непредвидливоста стануваше сѐ поактуелно и се зголемуваше, а притоа фискалниот простор се стеснуваше, стратегијата на дизајнирање на антикризните мерки се одвиваше од општи и брзи интервенции, кон селективни, потаргетирани и попретпазливи интервенции, за да не се нарушат пазарните принципи и да се зачува фискален простор, за во иднина да се одговори на непредвидливи кризни состојби, но во исто време да се поддржат инвестициите и структурните реформи за постигнува одржлив и забрзан економски раст на среден и долг рок.

Стратешки пристап кон фискална консолидација

Но, да се вратам на главната тема, а тоа се спроведените реформи во јавните финансии и нивните ефекти. Кризите донесоа повеќе предизвици во економијата, од кои дел бараа поскоро спроведување на реформскиот процес. Како последица на пандемијата и агресивниот одговор за одржување на економската активност и работните места, кај најголем дел од економиите во развој дојде до продлабочување на јавниот долг. Со почетокот на енергетската криза и инфлацијата, трката на владите се претвори во маратон, додека фискалниот простор за реакција стануваше сѐ потесен.

Преку конзистентен план за фискална консолидација вграден во фискалните стратегии, стратегиите за управување со јавниот долг, но и план за фискална одржливост (со конкретни мерки на приходната и расходната страна), успеавме да ја задржиме стабилноста за целиот период на кризата, како и постепено да го намалуваме фискалниот дефицит и јавниот долг. Имено, од 2021 година јавниот и државниот долг се постојано во опаѓање, за, според последните податоци за третиот квартал од 2023 година, тие да се сведат на 55,3%, односно 47,8% од БДП, што е за 4,4, односно 3 процентни поени помалку во споредба со пандемиската година. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален од 8% во 2020 година на 4,6% во 2023 година.

Заложбата за понатамошна фискална консолидација продолжува и со Буџетот за 2024 година. За годинава буџетскиот дефицит е проектиран на 3,4% од БДП, односно е намален за речиси една третина во однос на минатата година. Мора да се нагласи дека половина од дефицитот оди за плаќање на каматите за долгот акумулиран од минатото. Согласно среднорочните проекции опфатени во Фискалната стратегија до 2028 година, буџетскиот дефицит во 2025 и 2026 година треба да се сведе на 3% од БДП или во согласност со Мастришките критериуми, додека во 2027 и 2028 година да падне и под 3%, односно на 2,8% и 2,5% од БДП, респективно.

Би сакал да нагласам дека спроведувањето на фискалната консолидација, не е само во насока на рационализација на расходната страна на буџетот, туку и преку подобрување на наплатата на приходната страна. Тука ќе ја спомнам даночната реформа за проширување на даночната основа со која се подобри наплатата на приходите без притоа да се зголеми било кој данок. Во насока на подобрување на приходната страна на буџетот е и борбата за сузбивање на сивата економија, која се врши стратешки и плански, системски, преку низа мерки, кои вклучуваат дигитализација на процесите, како и јакнење на даночниот морал.

Намалување на каматните трошоци и покрај заострување на финансиските пазари

Една од клучните реформи кои се спроведени во јавните финансии во насока на фискалната одржливост е воведувањето на фискалните правила и на Фискален совет кој ќе го надгледува нивното спроведување. Со носењето на реформскиот Закон за буџети во 2022 година, утврдени се нумерички правила за висината на јавниот долг и буџетскиот дефицит согласно Мастришките критериуми. Инаку, Парламентот ги избра членовите на независното тело коешто го надгледува спроведувањето на фискалните правила, односно Фискалниот совет, и тој е целосно оперативен во моментов.

Фискалниот совет во своето мислење за Буџетот за 2024 година, даде многу значајна опсервација, која е уште еден показател за ефектите од управувањето со јавниот долг. Имено, тие посочуваат дека „сите анализи поврзани со цената на финансирање на тековните дефицити како и исплата на втасаните долгови и камата, покажуваат дека во последните 2-3 години е забележано подобрување, и покрај влошените состојби и кризните прилики на пазарите на капитал, што е охрабрувачки индикатор за прудентна фискална политика и одговорно управување со јавните финансии“.

Со одговорно управување се намалува каматниот трошок кој државата го плаќа. Тоа е всушност нашата стратегија за одржливост на долгот – од една страна, сѐ повеќе да се намалува јазот помеѓу приходите и расходите во буџетот кој треба да се финансира, како и истовремено да се оптимизира цената на задолжувањето и рочноста.

Тука значаен придонес имаат историски најниската каматна стапка на еврообврзница издадена во 2021 година со 1,65%, како и и портфолиото на буџетска поддршка со програмите склучени со меѓународните финансиски институции, како што се Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Германската банка за развој, ОПЕК, Банка на Советот на Европа, како и Макрофинансиската рамка од Европската Унија и финансирање на инфраструктурни проекти со поволни заеми од ЕБРД, ЕИБ, Светска банка и други институции. Сличен пристап се користеше за обезбедување поволни заеми за стопанството преку нашата Развојна ванка со заеми од горенаведените меѓународни финансиски институции.

Промена на буџетската структура: одржливост и развој

Третиот аспект за фискалната одржливост е за што се трошат парите. Од исклучително значење за развојот е јакнењето на инвестициска компонента на буџетот, односно промената на неговата структура. Имено, последните два буџета се скроени според златното правило во јавните финансии, задолжувањето да биде само за инвестиции, кои потоа ќе донесат додадена вредност во економијата. Значително е зголемена сумата за капитални владини инвестиции, односно удвоена во однос на периодот три години.

Капиталните расходи минатата година ја надминуваат сумата на буџетскиот дефицит, додека нивната реализација е 707 милиони евра, што е всушност историски највисока реализација и како номинален износ и како релативен износ. Реализацијата во однос на планот е 97%. За споредба, низ годините, реализацијата на капиталните расходи се движела околу 70% (на пример, во 2005 година, изнесувале 69%, во 2016 година 76%). Во однос на 2022 година, капитални расходи се повеќе за 52% и достигнуваат ниво од 4,9% од БДП за разлика од претходниот просек од 3% од БДП.

Подобрувањето на реализацијата на капиталните инвестиции, како развоен дел од буџетот, се должи на повеќе механизми кои ги воведовме изминатите три години. Еден од тие механизми е „казнувањето“ и „наградувањето“ на институциите, согласно успешноста во реализацијата на капиталните расходи, попознат како КАПЕФ. Со овој механизам се премости еден значаен проблем кој со години постоеше во буџетирањето, односно капитални расходи „само на хартија“. Овој проблем дополнително се решава и преку среднорочното буџетирање кое го воведовме со усвојувањето на новиот Закон за буџети, со кој се зајакнува процесот на планирање според индикаторите за успешност, што е особено важно кај крупните капитални проекти, кои се реализираат во повеќе фискални години. Зајакнувањето на реализацијата на капиталните расходи се должи и на воведувањето на единиците за планирање и контрола на јавните инвестиции, односно Единицата за оценување на јавните инвестиции (ПИМА), како и Комитетот на ниво на Влада за утврдување на приоритетни проекти.

Над 1 милијарда евра буџетска поддршка за компаниите

Кога зборуваме за структурата на буџетот, а во контекст на развојната компонента, би сакал да нагласам дека значајна поддршка за приватниот сектор и приватните инвестиции, се дава и преку директна буџетска поддршка, која во изминатите три години изнесува 550 милиони евра. Тука спаѓаат мерките и активностите на Развојната банка, на Фондот за иновации, Дирекцијата за ТИРЗ, како и поддршката според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со овие средства во изминатите три години се поддржани 11.491 компании со 119.000 вработени. Со тоа се поттикнати инвестиции од 2,1 милијарди евра од страна на стопанството во нашата економија. Кога на ова ќе се додаваат и средствата предвидени со буџетот на 2024 година и последниот пакет на антикризни мерки, поддршката за компаниите од буџетски средства и поволни заеми надминува 1 милијарда евра.

Ќе истакнам и дека со издавање на нови финансиски инструменти на пазарот на капитал, се мобилизираат дополнителни средства во различни фондови (како на пример Фоднот за зелени инвестиции и слично) кои ќе се наменат за поддршка на инвестициската активност на приватниот сектор. Исто така, поддршка за приватниот сектор имаше во континуитет и преку други програми владини програми, како и активните мерки на пазарот на работна сила преку Агенцијата за вработување.

Одржлив систем за плати и пензии

Во насока на одржливоста на јавните финансии, во изминатите три години направени се многу важни, системски реформи, за утврдување на минималната плата, како и систем за усогласување на пензиите и платите во јавниот сектор. Овие системи се поставени на здрави основи, за да обезбедат одржливост, а воедно и праведност и заштита на стандардот на граѓаните. Како резултат на нив, гледаме во континуитет зголемување на минималната плата, пензиите, а исто така во повеќе наврати секторски, како и со последното минатогодишното линеарно покачување, се обезбедува постојан раст и на платите на вработените во јавниот сектор. Тоа што не смее да се испушта во оваа прилика, е фактот дека клучно е во иднина да се поддржат структурни реформи кои ќе придонесат во зголемување на продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на нашата економија со цел овие политики за подобрување на стандардот на граѓаните да бидат одржливи на среден и долг рок.

Унапредување на фискалната децентрализација

Една од значајните реформи, кои ја оставив за заокружување на ова излагање е унапредувањето на фискалната децентрализација, која игра значајна функција во економскиот развој. Реформата се состои од три столба – подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа.

Во рамки на реформата е зголемување на средствата коишто им се распределуваат на општините од наплатените давачки во централниот буџет, но и зголемување на сопствените приходи на општините, како и фондови коишто го поддржуваат добриот перформанс, осносно Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Со буџетот за годинава и претходните две години по основ на планирано зголемување на процентот на приходите од ДДВ за општините, сумата е зголемена од 4,5% на 6% од сумата на наплатениот ДДВ во претходната година. Истиот пристап за зголемување на приходите за општините се примени и за Данокот на личен доход каде што уделот што оди за општините во последните три години се зголеми од 3% на 6%. Тука се и структурните обврзници за општините, со кои се олеснува управувањето со ликвидноста и општинските долгови.

За да ги сумирам пошироко сите реформи спроведени во изминатите три години во јавните финансии, ќе треба навистина многу повеќе простор. Но, целта а оваа колумна и не беше сумирање на се што е направено, туку разгледување на тековните ефекти од реформи кои требаат да дадат долгорочен придонес кон економскиот развој и фискалната одржливост.

Ниту 2024 година не навестува „мирна пловидба“

Живееме во многу непредвидливи времиња за глобалната економија, која, како што се констатира во Проспектите за 2024 година на Обединетите нации, „под превезот на ранливата отпорност, се соочува со ризици и ранливости“. Во извештајот се предупредува на ризиците од подолготрајните заострени кредитни услови, слабите инвестиции, и геофрагментацијата наспроти глобализацијата, поради што глобалната трговија ја губи улогата на придвижувач на економската активност. Фискалниот простор кај голем дел од земјите е доста стеснет, што ги прави ранливи на евентуални потреси. Економистите ги лоцираат ризиците во продолжувањето на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток, кризата која потекна од пазарот на недвижности во Кина, германската индустрија, претпазливоста на централните банкари, иновациите во артифициелната интелегенција, нуклеарната енергија  и други предизвици вклучително изборите во повеќе земји меѓу кои и изборите во ЕУ и САД.

Сето ова ни кажува дека ниту во 2024 на глобален план не може да очекуваме „мирна пловидба“, а дополнително кај нас, во мај имаме и парламентарни и претседателски избори, кои секако ќе имаат свие влијание врз динамиката на економските активности.

Постојано ги спомнуваме стапките на економски раст од 5% за нашата економија побрзо да ја постигне конвергенцијата кон европската економија и повеќето граѓани да ги почувствуваат придобивките на тој раст. Тие стапки не се недостижни, напротив сметам дека доколку глобалниот контекст беше поинаков и доколку не се соочивме со кризи без преседан, какви што се гледаат можеби еднаш во едно столетие, многу веројатно ќе беше дека тие стапки ќе беа испорачани.

Во оваа колумна ги дадов основите, а во следната ќе се надоврзам на градењето на економија која испорачува забрзан, инклузивен и одржлив развој, кој ни е потребен за обезбедување на попросперитетен живот за граѓаните. Евалуација, добра стратегија, солиден план, инклузивен пристап, детално конструирани мерки и реализација. Тоа е патеката кон економскиот развој.

The post Борбата со кризите исцрпе од македонскиот буџет 2,7 милијарди евра appeared first on plusinfo.mk.

Смарт финансиите како најзначајна фискална реформа
Има една изрека која вели – да работиш напорно е добро, но да работиш паметно е уште подобро. Секогаш и секаде, кога има добар систем, резултатите се подобри и полесно се постигнуваат. Од почетокот на мојот мандат како министер за финансии, се залагав за поставување на паметен систем во управувањето со јавните финансии – СМАРТ финансии. Овој систем се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформски е ориентиран и е транспарентен, всушност како што и самиот акронимот тоа го кажува (S-strategical, M-maintainable, A-accountable, R-reform-oriented, T-transparent).

Што ќе постигнеме со СМАРТ финансиите? – Ќе планираме подолгорочно и поквалитетно – стратешки, ќе ја подобриме реализацијата, ќе ја зајакнеме инвестиционата стратегија, ќе спроведеме фискална консолидација, транспарентност и отчетност.

На мое големо задоволство еден од реформските закони од СМАРТ – системот неделава беше усвоен од страна на Собранието. Станува збор за Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кој се прави значаен чекор напред во фискалната децентрализација. Исто така, на второ читање во Собранието помина новиот Закон за буџети (Organic Budget Law), кој е всушност носечкиот закон на системот на „паметни“ финансии, односно најголемата фискална реформа во последните две децении. Со овој закон, традиционалното инкрементално буџетирање, ќе се преориентира кон буџетирање ориентирано кон резултати. Со новиот Закон за буџети се утврдуваат фискални правила и формирање Фискален совет.

И двата закони се работени визионерски, темелно, инклузивно, преку широк процес на консултации со сите чинители – како што и треба да биде со вакви реформи. Во Собрание добија поддршка од сите пратеници, вклучително и опозицијата. Од особено значење е постоењето консензус за одредени економски политики – како што досега имавме консензус за независноста на монетарната политика, со Законот за буџети се постигнува консензус за фискалните правила, односно фискалната одржливост. Очекувам во најскоро време, на повторното состанување на Собранието, да се разгледа на пленарна седница, имајќи ја предвид неговата важност и коренитите промени кои ќе ги донесе во системот на јавни финансии.

За да ја добиете целосната слика за најголемата реформа во јавните финансии во изминатите децении кај нас, ќе се осврнам на суштината на овие два закони и промените кои ги носат. Новиот Закон за буџети е р’бетот на СМАРТ – системот на јавни финансии. Затоа ќе започнам со него.

Среднорочен буџет и буџет планиран врз резултати

Буџетот е еден од најзначајните инструменти на економската политика за која било Влада, а согласно тоа евидентно е значењето на регулативата кој ги дефинира процедурите за изработка и донесување на Буџетот. Постојниот Закон за буџети е донесен пред 17 години. Во изминатите години имало дополнителни измени и допрецизирања, но новите трендови, препораките на меѓународните институции и ЕУ директивите бараат нови солуции за управување со јавните финансии. Оттаму потребата за креирање на нов закон, кој се вклопува во концептот на СМАРТ финансии.

Новиот Закон за буџети беше подготвен и доставен до Владата на крајот на декември 2020 година, додека Владата го усвои текстот на 19 јануари 2021 година и го достави во Собранието за усвојување. Во меѓувреме Министерството за финансии започна со подготовка на релевантното законодавство за негово спроведување, со поддршка од твининг проектот преку ИПА.

Самиот закон по својата природа е доста комплексен, но сумарно, главните реформи се однесуваат на среднорочното проектирање и буџетирање, интегрираниот информациски систем за управување со финансиите (ИФМИС), како и воведување Фискален совет и фискални правила и принципи. Нови и силни механизми за планирање, реализација и надзор.

Кај среднорочното планирање и буџетирање, законот се предвидува среднорочна, петгодишна фискална стратегија базирана на секторски пристап. Исто така се воведува буџетирање базирано на успешност, преку воведување и следење на показатели за успешност (KPI – key performance indicators), со цел да се подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи преку поврзување на трошоците во јавниот сектор со резултатите. Буџетирањето базирано на резултати има за цел да осигури дека клучните носители на одлуки и креатори на политики систематски ќе ги земат предвид резултатите што треба да се постигнат со реализација на расходите. Со тоа и постигнување на целта за дефинирање на приоритетите и политиките во буџетот според концептот т.н. вредност на парите (value for money), што значи дека средствата во буџетот ќе се распределат таму каде што даваат најголем ефект во постигнување на целите за повисок стандард и поквалитетен живот на граѓаните.

Новиот Закон за буџети има механизми и за подобро планирање и спроведување на капиталните проекти. Тој предвидува носење на методологија за дефинирање, подготвување, разгледување, оценување и приоритизирање на нови инфраструктурни проекти. Буџетските корисници, како дел од процесот на подготовка на буџетот, ќе треба да достават пред-физибилити или физибилити студија до Министерството за финансии за сите нови предлози за големи инвестиции, каде ќе се основа организациска единица за оценка на инвестициите (PIMA – public investment management assessment). Ќе се развие општа методологија за подготовка и процена на проекти и пресметка на цените во сенка, потребни за примена на методологијата за капитални инвестициски проекти. Исто така, ќе се изготви и единствена листа на проценети капитални проекти, со што ќе се создаде проектна база на податоци со сите сектори и сите извори на финансирање. Во контекст на Планот за заздравување и забрзан раст, овие механизми ќе придонесат кон подобро планирање и реализација на крупните инфраструктурни инвестиции, како и нивно позиционирање од аспект на ефектите за целокупната економија. Исто така, ќе се следат интегрирано и сите проекти за јавно-приватно партнерство преку единствениот регистар на ЈПП, како и интегрирано од влада ќе се следи целата државна помош во стопанството.

Со Законот за буџети се олеснува и патот кон фискалната консолидација, односно етапно и одржливо намалување на буџетскиот дефицит.

Фискален совет и фискални правила

Со новиот Закон за буџети се поставуваат и фискални правила и принципи, а се уредува и формирањето на Фискален совет. Фискалниот совет има за цел независно да ја оценува фискалната политика, стратегиите и нивното спроведување, како и макроекономските и буџетските проекции. Советот ќе биде составен од 3 члена – експерти од областа на јавните финансии, макроекономијата или економијата, предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка, а ќе ги избира Собранието.

Во Законот за буџети се дефинираат фискалните правила во однос на буџетскиот дефицит и јавниот долг со цел обезбедување на фискална одржливост. Имено, буџетскиот дефицит се дефинира на ниво до 3% од бруто домашниот производ, додека јавниот долг на ниво од 60% од бруто домашниот производ, кој всушност според нова методологија се смета за долг на општа власт (државата и општините), додека гарантираниот долг за јавните претпријатија и други институции од јавниот сектор кои не се буџетски корисници се ограничува до 15% од бруто домашниот производ. При секое отстапување од овие правила, Владата е должна заедно со предлог буџетот пред Собранието да ги образложи причините и да предложи мерки со квантифициран фискален импакт за надминување на состојбата и враќање во рамките на правилата.

Исто така, важен механизам за фискалната одржливост на среден рок е изјавата за фискалните политики што ја доставува Владата до Собранието во рок од 100 дена од нејзиниот избор и истата се објавува на веб-страницата на Владата и Министерство за финансии. Изјавата ги содржи насоките на фискалната политика за време на мандатот на Владата, проекциите за буџетското салдо и јавниот долг, како и проекциите за раст на бруто домашниот производ, надворешно трговската размена и пазарот на трудот. Со тоа дополнително се зголемува одговорноста на Владата во однос на економскиот раст и одржливоста на фискалните политики.

Новиот Закон за буџети е предвидено да почне со примена од почетокот на 2023 година, со исклучок на одредени одредби што се однесуваат на Фискалниот совет, стратешкото планирање, макроекономските проекции, Фискалната стратегија, внатрешната финансиска контрола и ИФМИС организациска единица за реформа на законот за буџети, кои ќе се применуваат со влегување во сила на Законот.

Дигитализацијата и новите технологии во функција на јавните финансии

Една од најважните реформи кои ги носи новиот Закон за буџети е современиот интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС). Главната цел на ИФМИС е подобрување на ефикасноста и транспарентноста на работењето преку поврзување на постојните фрагментирани системи, на централизирана веб-базирана платформа, преку придобивките на најновите дигитални технологии. ИФМИС ќе обезбеди интегрирано следење на приходите и расходите од планирање до целосна реализација, што ќе влијае врз подобрување на буџетирањето и остварувањето на буџетот. Системот ќе воспостави повеќегодишна буџетска рамка, ќе овозможи воведување функција за управување со јавните инвестиции поврзана со идниот систем за јавно-приватни инвестиции, автоматизиран систем за надзор над обврските, вклучувајќи повеќегодишни обврски и централизирани податоци за преземените обврски, управување со основните средства и управување со долгот. Неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапност до податоците за јавни финансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проектирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот, вклучувајќи ги и климатските и родовите аспекти.

Повеќе приходи и поголема финансиска дисциплина за општините

Вториот реформски закон, кој изминатата недела беше усвоен од Собранието, е Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа. Со оглед на поврзаноста на овој закон со Законот за буџети, како и низ годините детектираниот простор за подобрување, измените и дополнувањата на постојниот закон беа неопходни.

Од спроведените истражувања на реализираните приходи на општините се утврдува ниско учество на сопствените во вкупните приходи, или околу 20%. Со измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се предвидува зголемување на средствата кои се трансферираат од Централниот буџет кон општините. Предвидено е од 1 јануари 2024 година зголемување на процентот од персонален данок од 3% на 6% за општините. Дотогаш, во преодниот период, предвидено е зголемување на процентот на 4% во 2022 година и 5% во 2023 година. Овој приход општините го добиваат од приходот од персоналниот данок на доход од физички лица со постојано живеалиште или престојувалиште во општината. Предвидено е и постепено зголемување на стапката на дотација од ДДВ од 4,5% на 6% во 2024 година. При тоа, обезбедените средства ќе се распределуваат на три дела – основен дел од 4,5% од наплатениот ДДВ во претходната фискална година, а остатокот се дели на два еднакви дела – дел за перформанси и дел за изедначување. Во преодниот период стапката на дотација ќе се покачи на 5% во 2022 година и 5,5% во 2023 година.

Планирано е формирање два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за изедначување. Општините што покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за изедначување ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Со измените на законот се јакне и фискалната дисциплина на општините преку поставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи до 10% во однос на просек на претходно остварените приходи во последните три години. Се дава и можност доколку општината заклучно со третиот квартал оствари реализација на сопствените приходи на основниот буџет над 75%, да има можност дополнително да ги зголеми планираните приходи до најмногу 20%. Одредбите ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2025 година, а до започнувањето на примената на овие одредби предвиден е преоден период. Имено во 2023 година сопствените приходи на основниот буџет на општините може да се планираат со пораст од 20%, со маргина од плус 10%, ако приходите во третиот квартал се реализираат 75% од планот. Во 2024 година тие може да се планираат со пораст од 15%, со маргина 15%.

Во законот има предвидено и решение за транзиција кон систем со повисока финансиска дисциплина. Имено, преку 10-годишна структурна обврзница, општините ќе можат да направат репрограм за надминување на проблемите со доспеаните, а неплатени обврски. Општините што ќе влезат во финансиска нестабилност ќе може да користат и условен кредит од Министерството за финансии и да издадат општинска обврзница за познат купувач, односно Министерството за финансии.

Со Законот се доуредува и постапката и условите за прогласување на финансиска нестабилност, а исто така се предвидуваат и повеќе механизми за подобрување на транспарентноста и отчетноста.

Консензус за клучните економски политики

Пред да завршам со колумната уште еднаш ќе го истакнам значењето на консензусот на важните економски политики во земјата. Тоа беше исклучително важно да се постигне за реформите во јавните финансии, тоа е долг и макотрпен процес, кој бара трпение, отвореност кон различните ставови, но дефинитвно процес кој вреди и дава резултати за поквалитетни решенија. Во овој широк и инклузивен процес значајна улога играа сите чинители во општеството, Европска Комисија, меѓународните институции, како и целиот политички спектар во земјата, вклучително и опозицијата, со нивните амандманските интервцении и искажаната целосна поддршка во Собранието.

Ќе потенцирам дека, консензусот за фискалните правила и одржливоста на јавните финансии е подеднакво важна како и консензусот за независноста на монетарната политика. Сепак, за оваа реформа да опстои, истата мора со закон да се претвори во институција. Впрочем како што би рекол Жан Моне: „Ништо не е можно без луѓе; но, ништо не трае без институции“.

Овие законски решенија, со нивната имплементација ќе придонесат кон креирање на подобар и поправичен модел на јавни финансии, кој на најдобар можен начин ќе ги насочи средствата од граѓаните – за граѓаните. СМАРТ финансиите ќе бидат темелите врз основа на кои ќе го реализираме Планот за заздравување и забрзан економски раст, кој на среден рок треба да ги продуцира посакуваните повисоки стапки на економски раст.

И покрај светската економска криза и предизвиците кои ги носи, не смееме да запреме со реформскиот пат. Напротив, треба напоредно со тековните антикризни активности, да се размислува и долгорочно. Тоа е вистинскиот одговор и вистинскиот начин на делување во градењето на силна и просперитетна економија и подобри услови за живот на нашите граѓани.

The post Смарт финансиите како најзначајна фискална реформа appeared first on plusinfo.mk.