саморегулација Archives - plusinfo.mk

Спречете ја евтинфлацијата – тоа е во интерес и на граѓаните, но и на трговците!
Би сакал сосема накусо да објаснам зошто предлогот на маркетите до Владата – наместо да им се ограничат маржите на сите производи линеарно за 10%, да се разговара за листа на основни прехранбени производи за кои маржите би паднале дури и на 3% – е вистинската насока за излез од хистеријата, во голема мера подгреана од медиумите, во која се препелкаме цели две, ако не и повеќе години.

Ова не би било „мерка“ или договор со ограничено траење од еден месец, како што се предлага, туку тенденција од подолгорочен карактер во насока на стабилизација на пазарот и соборување на инфлацијата.

Најпрво, должам објаснување за кованицата од насловот, која за прв пат е во печат на македонски јазик. Ако ме прашате дали самиот сум ја смислил или некој ми ја кажал ќе ви одговорам дека, сепак, не сум оригинален овој пат. Единствено што направив е да го преведам од англиски зборот „cheapflation“ (евтино+инфлација), кој некои автори го лансираа неодамна, како објаснување на еден феномен забележан глобално, во бројните манифестации на злото наречено инфлација.

По дефиниција, инфлација имаме кога во економијата има општ раст на цените, со што се намалува куповната моќ на парите. Лицата чиишто доходи воопшто, или бавно се приспособуваат за да го следат растот на цените, осиромашуваат побрзо од поимашните.

Е сега, кој е новиот феномен, објаснет од британски економисти (Чен, Ливел и О’Конел) во минатата година, со анализа на движењето на цените во малопродажба во Велика Британија?

Анализата е направена и за други земји. Се испоставило дека цените на поевтините производи во дадени категории пораснале значително повеќе од поскапите примероци од истиот вид во маркетите. Со ова значително се погодени посиромашните слоеви од населението. Згора на тоа и фактот што и цените на храната, која пропорционално зафаќа значителен дел од нивниот расположлив доход, растеа со побрзо темпо од просечниот раст на цените.

Еве неколку примери: посиромашните граѓани секако дека не одат неиспрани, но за тоа во маркетите избираат поевтин детергент. Штедат на цените на средствата за лична хигиена, вклучително и орална. Ги купуваат поевтините шампони, течен сапун, паста за заби и слично. Од храната купуваат поевтини видови леб, ориз, тестенини…

Податоците од Белика Британија покажуваат дека во 2022 година, кога инфлацијата насекаде го беше достигнала својот врв, токму цените на поевтините производи пораснале значително повеќе од поскапите производи во иста категорија.

Кавало и Кривстов (2024) пресметале дека во периодот од третиот квартал од 2021 година до третиот квартал 2023 година, цените на поевтините производи во иста категорија пораснале за 34%, а тие на поскапите за 18% – значи, двојно повеќе!

Економистите нудат повеќе објаснувања за феноменот евтинфлација, со термини кои се туѓи за пошироката читателска публика. Моето објаснување, кое се заснова на верувањето дека пазарот секогаш и секому му го возвраќа ударот, е како што следи.

За време и по пандемијата на ковид-19, низа професии и вработени чиишто примања беа претходно потценети, се виде дека се сепак „есенцијални“ во дадените околности. Станува збор за работни места за кои не е потребно високо образование, во сектори како што се туризмот и угостителството, здравството, одржувањето на домовите, градежништвото и низа услужни дејности. Не беше никаков алтруизам, емпатија кон нив или нешто слично, туку едноставна пазарна логика, тоа што нивните примања, а со тоа и нивната куповна моќ, значително пораснаа, вклучително и како резултат на ад хок зголемувањето на минималната плата.

Секако, ова претставуваше добар развој на настаните, во смисла на намалување на нееднаквоста во доходите. Но, „проклетиот“ пазар си дошол по своето. Зголемената куповна моќ на овие слоеви население, кои традиционално своите потреби ги задоволуваа со поевтини производи, предизвика пораст на цените токму кај оваа класа производи.

Оттаму, зборуваме за евтинфлација (инфлација во цените на традиционално поевтините производи). Со ова нееднаквоста во распределбата на доходите повторно се продлабочува.

И затоа велам дека е добар предлогот да почне процес на намалување на цените на производите што ги користат семејствата со пониски доходи во секојдневната употреба. Ова е вистинската појдовна точка за секаков дијалог меѓу социјалните партнери по ова прашање. Секаква репресија врз бизнисот е неприфатлива и за тоа нема никаква законска ниту морална основа. Нема ниту потреба!

Треба да бидеме свесни за уште една работа. Трговските синџири се бизниси кои дејствуваат врз основа на пазарната логика. Тие не се социјални установи. Со нив, во името на сопствениците-акционери, раководат платени менаџери чијашто судбина е поврзана со нивната успешност во зголемувањето на приходот и на профитот на инвеститорите. Секоја деловна година тие ја започнуваат со строго утвредени таргети за перформансите, кои не им даваат мирен сон.

Ако е така, ќе го послушаат ли советот, овој пат дури и по сопствена иницијатива, да започнат со намалување на цените на стоките за широка потрошувачка, кои ги купуваат нивните верни купувачи со пониски доходи, не само за еден месец, туку како генерална тенденција?

Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен. Но, не треба да им се лутиме што ова ќе го направат со зголемување на цените на други производи со повисоки цени, преку еден вид „вкрстени субвенции“. Само на овој начин може да се помири „општествената одговорност“ со пазарната логика!

Имаме неповторлива шанса феноменот евтинфлација да го испратиме во заборав.

The post Спречете ја евтинфлацијата – тоа е во интерес и на граѓаните, но и на трговците! appeared first on plusinfo.mk.

Саморегулацијата на медиумите да добие силна поддршка
Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организираа настан за медиумската саморегулација и за тоа што донесе пандемијата. Главна констатација беше дека најмногу прекршување на новинарските стандардите за време на корона кризата имало од страна на онлајн медиумите, а прекршувања имало и на социјалните мрежи. Беше потенцирано дека саморегулацијата на медиумите треба да добие силна поддршка.

– Новинарите се соочија со исклучителни предизвици известувајќи за коронакризата во изминатата година и половина. Освен интензивното известување за вирусот, новинарите се бореа со она што СЗО го нарекува инфодемија. Во време на здравствена криза дезинформациите и гласините можат  нашироко да се шират. За жал, крајниот резултат може да биде натамошна стигматизација, дискриминација и исклучување на луѓето одобено оние кои припаѓаат на немнозински или ранливи групи – рече Илона Казарјан, rаководителка на Отсекот за комуникации и односи со медиумите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Казарјан рече дека најпогодени се онлајн медиумите и социјалните мрежи преку кои лесно можат да се пренесат овие дезинформации. Таа се повика на едно истражување на Македонскиот институт за медиуми за известување за време на пандемијата ковид-19, кое покажало дека околу 39,7 проценти од населението во земјата верува дека дезинформациите и таканаречените лажни вести сериозно го нарушуваат кредибилитетот на медiумите, посочувајќи на онлајн медиумите и социјалните мрежи како најлесна мета.

Претседателката на Советот за етика во медиумите Катарина Синадиновска се заблагодари за поддршката од ОБСЕ и посочи дека саморегулацијата останува една од алатките со кои можат да се подобрат состојбите во медиумите, особено во онлајн медиумите. Искажа пофалби за колеги новинари кои професионално известувале за пандемијата со ковид-19 во вакви околности, но истовремено и разочараност од дел од нив.

– Саморегулацијата како процес, особено, во делот на онлајн медиумите, што ги посочивме како главни прекршувачи на новинарските стандарди, е нешто што треба да добие силна поддршка. Ние во текот на оваа тешка година ги изготвивме насоките за етичко известување, имамвме многу реакции јавни, опомени до оние кои ги прекршуваа стандардите, не се соочивме само со ковид, се соочивме и со избори, и она што е најважно гледавме да го промовираме што повеќе Регистарот на онлајн медиуми како едно од клучните алатки за поделба на медиумите по нивната професионална оск – рече Синадиновска.

Претседателот на Комисијата за жалби на СЕММ Мирче Адамчевски информираше дека се зголемила бројката на жалби до нив, како и дека дури 70 проценти од жалбите се однесувале за известување за коронавирусот.

– Од крајот на февруари лани и почетокот на март кога ја добивме првата претставка поврзана со коронавирусот, па до почетокот на изборите накаде во јули, од вкупниот број доминираа токму тие. Најмногу имаше претставки поврзани со коронавирусот. Дојде до нагло зголемување на жалбите. Добивме 140 жалби лани, што е речиси 70 проценти повеќе од годината пред тоа. За неколку месеци ние добивме над 30 жалби – рече Адамчевски.

Прекршување на членот 1 од Кодексот на новинарите што се однесува на објавување на точни и проверени информации е утврдено во речиси од половината случаи, додека сензационалистичко известување е утврдено кај една третина од пријавените случаи.

– Граѓаните реагираа и за обидите за политизирање на коронавирусот во медиумите, а во 13 случаи е утврдено дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политички субјекти – рече Адамчевски.

The post Саморегулацијата на медиумите да добие силна поддршка appeared first on plusinfo.mk.