ристо цицинков Archives - plusinfo.mk

Што е решение за јавните објекти кои се греат на нафта и на мазут?
Несомнено е дека користењето на огревно дрво за загревање на домовите е главна причина за загадување на воздухот во градовите во Република Македонија (РМ). Но исто така, со големо внимание треба да се земе предвид неодамна објавената информација во медиумите од невладината организација „Шанса за Центар“ дека низ цела Македонија има близу 700 јавни објекти кои користат нафта и мазут за загревање на просториите, а само во градот Скопје нивниот број е над 100. Именувани и лоцирани на мапа се јавни (државни) објекти со различна намена, и тоа: болници, училишта, градинки, судови, државни агенции, јавни претпријатија – акционерски друштва, касарни, затвори и други установи. Од „Шанса за Центар“ додаваат дека за загревање на овие објекти во оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут и тоа би чинело над 20 милиони евра од буџетот на државата и на општините (горивата се од увоз).

На ова треба да се додадат и не мал број приватни комерцијални и индустриски објекти кои исто така користат мазут и нафта во урбаните средини. За нив не можам да најдам ниту приближно во колкав број се тие.

Последиците од согорувањето на нафтата и мазутот и емисиите на отпадните гасови и честички се очигледни: многу загаден воздух штетен за здравјето на граѓаните, зголемена концентрација на ПМ-10 и ПМ-2,5 честички. Според некои меѓународни институции, во некои зимски денови минатата година Скопје беше меѓу првите десет најзагадени градови во светот.

Бидејќи нафтата и мазутот се фосилни горива, со нивното согорување се зголемуваат емисиите на СО2, најголемиот причинител на климатските промени. Ова е уште една голема причина овие горива да се исфрлат од употреба.

Се разбира дека постојат можни решенија овој проблем да се отстрани од страна на надлежни служби на републичко и на локално ниво. Досега требаше да преземат соодветни мерки, но тоа не е сторено. Најчест изговор е дека нема доволно финансиски средства, но и заради слабости во работењето и управувањето. Понатаму накратко ќе наведам неколку можности

Прва можност: приклучување на топлификацискиот систем на градот Скопје. Доколку во близина постои топлификациска мрежа, не е проблем да се инсталира топловод и приклучок на мрежата.

Втора можност е користење на природен гас со приклучување на гасоводот кој што до градот Скопје е изграден уште од 1998 година. Во првите десетина години се приклучија само некои поголеми индустриски објекти така што искористеноста на гасоводот беше 10 до 15% од номиналниот капацитет, а по изградбата на Те-То искористеноста се покачи на 40 до 45%. За жал, до денес не е изградена дистрибутивна гасоводна мрежа која би овозможила помасовно користење на природниот гас во градот Скопје (слично и во Куманово), а со тоа ќе беше (биде) многу помало загадувањето на воздухот. Зошто се чекаше 25 години (и сѐ уште се чека)? Барањето партнер за јавно-приватно партнерсто не може да биде оправдување.

Трета можност: инсталирање системи со топлински пумпи. Принципот на работа на една топлинска пумпа (накратко опишано) е следниов: тоа е машина што одзема топлина од околниот воздух (или од вода) и ја предава на воздух или вода на повисока температура (за греење), притоа таа троши електрична енергија. За разлика од електричните греалки (и печки) кај топлинските пумпи за 1 kWh потрошена електрична енергија се добива 3 до 5 kWh топлинска енергија зависно од условите при работа и квалитетот на опремата и монтажата.

Пошироката јавност е запознаена со клима уредите со инвертер кои служат и за греење и за ладење на воздухот во просториите. Тие се всушност топлински пумпи (воздух-воздух) кои одземаат топлина од надворешниот воздух, го подигнуваат температурното ниво и предаваат топлина внатре во просторијата (греење).

Но темата на овој напис е греење на поголеми објекти, а за тоа постојат топлински пумпи со различни капацитети од 8 kW до неколку MW. Речиси сите топлински пумпи имаат и работен режим на ладење кој се вклучува во летниот период за ладење на просториите. Значи, наместо котли на нафта и мазут, треба да се стават топлински пумпи кои ги има во различни изведби зависно од тоа од каде се одзема топлина и како се оддава топлина во просториите. Денес најчеста изведба се топлинските пумпи воздух-вода направени како еден агрегат сместен надвор од зградата, или поретко од два дела, едниот надвор, а другиот внатре. Другата опрема е речиси иста како и кај секое централно греење. Постои цевна мрежа за развод на топлата вода до грејните тела кои можат да бидат радијатори, но најчесто се вентилаторски конвектори (фенкојлери) заради работа во режим на ладење во лето. Кај топлинските пумпи вода-вода како извор на топлина се користи подземна вода од дупнатина, а може и вода од река, езеро или отпадна вода (претходно пречистена). Како примери ќе ги наведам големите топлински пумпи вода-вода инсталирани за греење на хотелите Мериот и Хилтон во Скопје, а такви има и во многу други објекти.

Предноста на овие топлински пумпи е и дополнителната можност за подготовка на санитарна топла вода (наместо електричен бојлер).

Меѓународната агенција за енергија (IEA) ги препорачува топлинските пумпи и тврди дека тоа е најдобриот начин за греење на зградите во иднина при што за нивниот погон треба да се користи електрина енергија од обновливи извори. Природниот гас не е еколошко решение и во некои земји почнува или е најавена забрана на употребата за греење во новите згради бидејќи тоа е фосилно гориво кое при согорување ослободува СО2.

Постојат топлински пумпи воздух-воздух (т.н. VRF ) со поголеми капацитети наменети за греење и ладење на згради. Кај нив нема цевна мрежа со вода, туку со специјален ладилен флуид (порано „фреон“) кој што има свои предности, но и негативни страни.

Во секој случај, постојат повеќе опции за замена на системите со мазут и нафта, а предност се дава на топлинските пумпи. За наоѓање на соодветно решение, како и за изведување на современ систем за греење се препорачува контакт со специјализирана фирма која може да дава консултации, да врши испорака на опрема, монтажа, сервисирање и сл.

The post Што е решение за јавните објекти кои се греат на нафта и на мазут? appeared first on plusinfo.mk.

Нула
Нула е број кој што означува ништо, нешто што не постои. Во животот во сите сфери, кога ќе кажеш нула за било која работа или предмет, тоа значи дека тоа не вреди, не чини, не е добро. За некој човек (личност) знаеме да кажеме дека е нула од човек, ако има лош карактер  – лаже, мрзлив, некултурен, слабо поткован со знаење итн. За некој политичар што нема успех во водењето на политиката и во економијата, велиме дека тој е нула политичар. За резултатот во некоја работа или бизнис во некоја фирма велиме дека е нула, ако нема (добар) профит т.е. ако има слаби приходи.

Значи генерално, за нешто што не чини велиме – тоа е нула.

Темата на овој напис, всушност, се однесува на емисиите на стакленички гасови, поради кои настануваат климатските промени на планетата Земја. На поголем број на луѓето поимот стакленички гасови не им е јасен. Ако се толкува поимот буквално, тоа му доаѓа како гасови од стакло, а такви гасови не постојат.

Па тогаш, зошто така ги нарекуваат, и тоа не само кај нас во Македонија, туку и во дел од околниот регион?

Ефектот на стаклена градина

Причината е едноставна – овие гасови создаваат ефект на стаклена градина. Овој ефект се создава во т.н. стакленик, при што сончевите топлински зраци продираат во внатрешноста и ја загреваат, а стаклената површина не дозволува топлината да излезе надвор. Во земјоделството овие стакленици кај нас ги нарекуваат и оранжерии и во нив се одгледува ран зеленчук во зимски услови. На англиски јазик, оранжерија се преведува како green house, а стакленичките гасови ги именуваат како green house gases и најчесто се означуваат со кратенката GHG.

По таа логика, на македонски јазик би можеле да го употребиме терминот оранжериски гасови, но тоа може да создаде забуна. А бидејќи во последниве години земјоделците наместо стакленици употребуваат пластеници, би требало овие гасови да ги нарекуваме пластенични гасови, а тоа исто така ќе создаде забуна.

Но, да остенеме на терминот стакленички гасови, а тие се: јаглерод-диоксид (СО2), метан (СН4), азотен-оксид (N2О) и флуорни гасови. Најголемо учество во ефектот стаклена градина има СО2, кој се ослободува при согорување на фосилните горива (јаглен, нафта и природен гас), а тоа е во секторот енергија. Се смета дека масовните емисии на стакленички гасови се јавуваат од почетокот на индустрискиот развој во светот од 1850 година наваму.

Глобално затоплување

А еве објаснување како настанува глобалното затоплување на Земјата. Во составот на сончевото зрачење има инфрацрвено (топлинско) зрачење, кое делумно се апсорбира од земјината површина и атмосферата над неа, а останатиот дел се одбива и се враќа назад во вселената. По одбивањето од земјината површина, се зголемува брановата должина на инфрацрвените зраци, тие стануваат помалку пробивни, така што слојот од стакленички гасови „заробува” дел од топлинското зрачење во нискиот дел на атмосферата, а тоа е ефект на стаклена градина.

Тоа е природна појава без која просечната температурата на земјината површина би била -15 степени, односно 33 степени пониска од постоjната денес. Но, прекумерните емисии на стакленички гасови го зголемуваат ефектот на стаклена градина, така што денес температурата на атмосферата над земјината површина е глобално зголемена за 1,2 оС во споредба со прединдустрискиот период.

Поради климатските промени се случуваат големи временски непогоди: поројни дождови, поплави, силни ветришта, високи температури, топлински бранови, шумски пожари, суши итн. Последиците се многубројни и катастрофални: загуби на човечки животи, влијание на здравјето на луѓето, загуби во економијата и земјоделството, оштетување на живеалишта, миграции на луѓе, негативно влијание на целиот животински и растителен свет итн.

Борба против климатските промени

Од тие причини, во 1988 година е воспоставено меѓународно тело за климатски промени (IPCC), а во 1992 година е донесена Рамковна конвенција на Обединатите нации за климатски промени (UNFCCC). Секоја година Обединетите нации (UN) организираат т.н. Конференција на страните (СОР) со цел борба против климатските промени. Иако во минатите години се донесени разни мерки, од кои некои се задолжителни (за развиените земји), посакуваните цели не се постигнати.

Треба да се истакне Парискиот договор донесен на COP-21 во 2015 година. Тој е правно обврзувачки меѓународен договор за климатските промени, а неговата цел е да го ограничи глобалното затоплување да биде под 2 степени, по можност до 1,5 степени, во споредба со прединдустриското ниво, и тоа да се постигне до 2050 година.

Земјите имаат обрска да поднесуваат т.н. национално определени придонеси (NDC), во кои ги наведуваат активностите што ќе ги преземат за да ги намалат емисиите на стакленички гасови, а со цел постигнување на целите од договорот. А целта е во 2050 година да има климатска неутралност, односно нето НУЛА емисии на стакленички гасови.

Најголемите емисии на стакленички гасови потекнуваат од енергетскиот сектор. Затоа, потребна е релативно брза енергетска транзиција во следниот период и тоа главно во зголемување на енергетската ефикасност (т.е. намалување на потребите од енергија) и воведување обновливи извори на енергија. Според Меѓународната агенција за енергија (IEA) со денешното ниво на технологии и знаења во енергетиката зацртаните цели не може да се постигнат. Затоа се инвестираат големи пари во истражувања на нови технологии како на пример во производство на „зелен” водород како гориво, нуклеарна фузија, батерии со голем капацитет, зафаќање и уништување на СО2, итн.

Неуспеси

Но, во последниве години по Парискиот договор, фактите кажуваат дека енергетската транзиција не се одвива како што беше предвидено. Очигледен доказ е последнава година во која владее енергетска криза и главен приоритет на земјите е како да обезбедат природен гас, нафта и јаглен (фосилни горива), а на климатските промени се осврнуваат само кога имаат временски непогоди. Емисиите на стакленички гасови постојано се зголемуваат секоја година, наместо да се намалуваат.

Значи, целта да постигнеме нула емисии на стакленички гасови до 2050 година најверојатно нема да се оствари. Но затоа, повеќе илјади учесници на годишната конференција за климатски промени (СОР-27) што се одржа неодамна во египетското туристичко место Шарм ел-Шеик (Египет), 14 дена, постигнаа резултат – нула.

The post Нула appeared first on plusinfo.mk.