продажби Archives - plusinfo.mk

„АЛКАЛОИД“ СО РАСТ НА ПРОДАЖБИ ОД 12,5 % Извозот пораснал за 106,9 милиони евра, инвестирани се 11 милиони евра за 6 месеци
„Алкалоид“ ги објави финансиските резултати од работењето во периодот јануари-јуни 2024 година.

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2024 година продажбите достигнуваат 6.709.614.706 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 9.475.222.706 денари, што е за 12,5 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 18%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10 %. Компанијата, преку своите застапувања на производите на светски реномирани фармацевтски производители, активно учествува во обезбедувањето најсовремени ретки и специфични терапии, со што како докажан партнер на јавното здравство обезбедува значителна поддршка за здравствениот систем во земјава. Иако профитабилноста на овие програми е ограничена, тие значително го зголемуваат учеството на домашниот пазар во вкупните консолидирани продажби. Од вкупните консолидирани продажби 31 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 69 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 27 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 19 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Велика Британија, во износ од 226.902.273 денари, кои се зголемени за 3,5-пати; потоа во Јордан, каде што се зголемени за 3,4-пати, како и во Грузија, каде што се зголемени за 3-пати. Потоа следуваат оние во Украина (раст од 79 %), Чиле (раст од 78 %), Унгарија (раст од 64 %), во Грција (раст од 18 %), Хрватска (раст од 15 %), Монголија (раст од 14 %), во Албанија (раст од 14 %), Словенија (раст од 12 %), Црна Гора (раст од 8 %), во Босна и Херцеговина (раст од 8 %) итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 27 %, препаратите ОТЦ со 18 %, кардиолошките препарати со 12 %, невролошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2023 година. Сегментот фармација бележи раст од 13 %, хемија раст од 2 %, козметика раст од 7 % и билкарство раст од 7 %.

Инвестиции

Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории. Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него „Алкалоид“ вложи вкупно 19,4 милиони евра.

Во првото полугодие од годинава се реализираше стратешка инвестиција и во ПЦ Козметика. Инсталирана е нова производствена линија за производство и за пакување влажни марамчиња, во вредност од 1,7 милиони евра. Новата производствена опрема за производство на влажни марамчиња е со капацитет од 120 парчиња/ минута и е дополнета со целосно автоматизирани линии за пакување. На овој начин се овозможи удвојување на капацитетите за производство на влажни марамчиња и се прошири палетата на производи кои може да се произведуваат и да се пакуваат.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 679.677.122 денари.

Иновации

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата „Алкалоид“ разви течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба.

За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите во Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и за негово последователно лансирање.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.446.134.243 денари, бележи зголемување од околу 8 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 882.679.310 денари и е зголемена исто така за 8 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.451.686.694 денари и бележи раст од 4 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 825.117.111 денари е зголемена за 7 %.

При извршувањето на оперативните активности „Алкалоид“ АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – јуни 2024 година во „Алкалоид“ АД Скопје се реализирани 161 ново вработување во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 40.500 денари нето-износ. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.970 вработени, од кои 2.259 се во земјава, а 711 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство.

Податоци за акциите

Акциите на „Алкалоид“ АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – јуни 2024 година се движеше од 18.151,00 до 21.100,00 денари или просечно 20.237,94 денари за една акција. Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на компанијата, позитивното јавно мислење, на довербата во нашите производи, управувањето со друштвото и на генералниот тренд на раст на глобалните и на регионалните берзи. На 30.6.2024 година акциите на „Алкалоид“ АД Скопје беа во сопственост на 5.597 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 29,5 милијарди денари.

На 1 април 2024 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто-дивиденда за 2023 година во износ од 772.931 илјади денари. Во согласност со дивидендниот календар, во мај 2024 година започна исплатата на дивидендата во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето за една акција. Дивидендата од акција за 2023 година е поголема за 10,2 % во однос на исплатената дивиденда од акција за 2022 година.

Бизнис-план за 2024 година

Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година.

Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови, кои беа актуелни во изминатите неколку години, сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки, кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и на благо опаѓање. Секако, глобалните безбедносни кризи ги отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста, што секогаш може да повлијае и врз цените на енергенсите, да создаде тешкотии во синџирите на испораки, но и да повлијае врз достапноста на одредени материјали.

Компанијата очекува во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нивните тековни инвестиции во нови производствени капацитети и опрема и на вложувањата во развојно-истражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите. За остварување на овие цели најавува дека ќе продолжи и со нови вработувања во земјава, но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и во усовршување на нивото на знаења и на вештини на своите вработени и во градењето таленти.

The post „АЛКАЛОИД“ СО РАСТ НА ПРОДАЖБИ ОД 12,5 % Извозот пораснал за 106,9 милиони евра, инвестирани се 11 милиони евра за 6 месеци appeared first on plusinfo.mk.

Остварените резултати во првиот квартал ги надминаа зацртаните планови на „Алкалоид“
„Алкалоид“ има консолидирани продажби во износ од 3,27 милијарди денари, 58 нови вработувања во земјата и со инвестиции во износ од над 178 милиони денари во периодот јануари-март 2021 година.

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-март 2021 година, продажбите достигнуваат 2.406.134.466 денари, што е за 4% помалку во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3.273.226.394  денари, што е за 3% помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 14%. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата е намален за 9%. Од вкупните консолидирани продажби, 33% се остварени на домашен пазар, додека 67% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 10%, а на другите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

Минималното намалување на продажбите во првиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период од 2020 година се должи на подигнувањето на безбедносното ниво на залихи на лекови кај голем број наши клиенти и тоа, пред сѐ, на извозните пазари, што беше реализирано во март 2020, предизвикано од почетокот на ковид-19 пандемијата.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 21%, антибиотиците со 19%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати заземаат 14% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 7%, а билкарството учествува со 2%.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 514.698.816 денари, бележи зголемување од околу 12%, додека единечната нето-добивка изнесува 283.499.233 денари и е зголемена за 11%.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 606.551.018 денари и бележи раст од 12%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 346.686.179 денари е зголемена за 10%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-март 2021 година, изнесуваат 178.821.567 денари.

Вработени

Во периодот јануари-март 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 58 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100% од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во РС Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.430 вработени, од кои 1.860 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-март 2021 година се движеше од 13.300,00 денари до 14.530,00 денари или просечно 13.917,00 денари за една акција, што претставува раст од 14,9% во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година. Пазарната капитализација на компанијата на 31.03.2021 изнесуваше 20,5 милијарди денари.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Остварените резултати во првиот квартал од 2021 година ги надминуваат зацртаните плански цели.

Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата ковид-19. Презеде голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност.

The post Остварените резултати во првиот квартал ги надминаа зацртаните планови на „Алкалоид“ appeared first on plusinfo.mk.