претседателски самит Archives - plusinfo.mk

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД МАКЕДОНЦИ Ѓорге Иванов бара да се домакедончиме
„Македонија како да е заробена во својот провинцијализам, во нарцисоидната егоцентричност на својата елита. Како да сме опседнати од бесмислените политички кавги без суштина и примитивизам каков што до сега не е виден кај нас. Примитивизам кој постојано поттикнува меѓусебни расправии, конфликти, нетрпеливост и трошење на енергија на хоризонтално ниво.  Секојдневно сме сведоци на скандали, афери, криминални и коруптивни случаи кои досегаат до највисоките нивоа на власта. Политичката елита разви клиенталистичка мрежа која на некои поединци им овозможи екстремно богатење, осигурувајќи притоа политички надзор над новосоздадената економска елита. Се добива чувство како да живееме во земја каде владее клептократија и какиократија“, оцени поранешниот претседател Ѓорге Иванов на „претседателскиот самит“ во МАНУ.

Го објавуваме неговиот говор во целина:

Почитувани,

Ова мое поздравно обраќање е во двојно својство, како поранешен претседател на Македонија но и како член на академската заедница, односно универзитетски професор и член на Eвропската и член на Sветската академија на науките и уметностите.

Како поранешен претседател, го поздравувам овој свечен научен собир на МАНУ и ИНИ и посакувам да стане традиција на пригодно одбележување на јубилеите на македонската држава. Да биде сведоштво за секоја деценија од опстојувањето на Македонија.

Но, како припадник на академската зедница, ја прифатив поканата, пред сè, да ги поддржам и охрабрам претседателот на МАНУ, академик Коцарев и неговите соработници. Поддршка за извонредниот личен ангажман и заложби за враќање на достоинството, угледот и интегритетот на, хиерархиски поставена, највисоката научна институција во Македонија. Поддршка за јавната употреба на умот, во кантовска смисла на зборот, која ја враќа смислата на постоење и суштината на Академијата: промислување на Македонија. Преокупираност со нејзиното минато, сегашност и иднина врз  основа на научните факти, научна методологија и научни аксиоми. Или, хегеловски кажано, за несебичниот напор со мислите да се опфатат тенденциите на своето време.

Читајќи го зборникот на трудови од меѓународниот научен собир од 2011 година, организиран од МАНУ по повод 20-годишнината од самостојноста на Република Македонија, може да се почувствува колку била оправдана загриженоста и стравувањата за иднината на Македонија, за нејзиното име, јазик, идентитет, за нејзиното опстојување. Иако дел од тогашните учесници – академици не се денес меѓу живите, жива и бесмртна е нивната мисла и завет која најконцизно е искажана уште на самиот почеток на 20 век, од Крсте Петков Мисирков: „Собитијата што се развија до сега ни покажаа колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи дека постапуваме правилно“.

Денес многу ретко, или воопшто не се чита Мисирков и неговата книга „За македонцките работи“, особено не од страна на актуелната власт и нејзините советници. Стравот да се отвори и прочита оваа книга е од сопствената грижа на совеста затоа што е напакостено и испогането сè што било и ќе биде свето за Македонците и за Македонија.

Собитијата денес не се различни од времето на Мисирков, кога во софиското списание „Мир“ во 1925 година ќе запише: Ние, македонската интелигенција, без сомнение ја носиме најголемата одговорност за положбата во која денеска се наоѓа нашата татковина.

Но, за волја на вистината, македонската интелигенција јасно кажа кога почна обезличувањето на татковината, обезличувањето на Македонија. Тоа не е дело само на грчкиот договор од Преспа и на договорот со Бугарија. Тој процес смислено почна да се реализира на десетгодишнината од македонската државност. Почна со Охридскиот договор. Хегел ќе каже дека највозвишената слобода на еден народ се остварува кога тој ќе ја создаде својата држава. Од друга страна, првата и основна задача на државата е да ја создаде својата нација, која пак е создадена за да ја чува државата. Токму затоа денешниот меѓународен поредок е поредок на нации-држави. Македонскиот народ, учествувајќи во Втората светска војна на вистинската и праведната страна на историјата, ја создаде на АСНОМ својата сопствена држава. Таа асномска, антифашистичка македонска држава ја создаде македонската нација, која преку националните институции, ја крепеше македонската држава во рамките на југословенската федерација. Со охридскиот договор, покрај сите предупредувања, македонскиот народ од националитет се сведе на етницитет – етничка група. Од тогаш сè веќе беше подготвено за она што денес ни се случува.

Како претседател на Република Македонија, често посочував и предупредував за она што сега ни се случува. Предупредив дека цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена и сега речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа на повеќе нивоа и во повеќе наврати. Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува. Предупредував дека со спогодбата од Преспа се става крај на Република Македонија каква што ја знаеме. И затоа како претседател на Република Македонија ниту учествував ниту потпишав таков договор.

Посочив и предупредив дека актуелната власт се пазари со оние кои претендираат да го држат клучот на нашето минато и кои го оспоруваат нашето историско право на постоење и самоопределување. Невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите. Никој нема право, слобода и не е повикан да менува нешто, да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само неприкладно, туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците. Со договорот со Бугарија власта во Македонија сака да реши едно прашање кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е само понижување преку одрекување и одродување од сопствената историја, без која немаме компас за иднината. Предупредив дека ќе посегнат по македонскиот јазик. Наместо заштитен, македонскиот јазик е изложен на нападите на оспорувачите кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат опресија врз македонскиот идентитет.

Со право Петре М. Андреевски во неговиот „Македонски Манифест“ ќе нè запраша: Кој тоа се обидува да го замаглува нашето паметење? Кој тоа ни го брише минатото за да ни ја одземе и иднината? Не обидувајте се никогаш вината да ја барате подалеку од нас.

Во целиот тој период на премрежја, предизвици и искушенија, една работа остана непроменета. А тоа беше волјата на народот. Македонскиот народ се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. На 30 септември 2018, со негласање, тивкото мнозинство донесе гласна одлука. Одлука дека никој нема мандат од народот да го менува Уставот заради промена на уставното име ниту право да тргува со идентитетот. Народот препозна дека е уценет и ја отфрли уцената. Кажав и пак ќе кажам. Со бојкот на референдумот, народот го одбрани своето право на постоење и го зачува стекнатото право на самоопределување. И уверен сум дека еден ден ќе дојде генерација политичари која ќе го задржи она што сега некој е подготвен толку лесно да го изгуби.

Затоа се надевам дека учесниците на овој научен собир, секој од свој аспект во својот домен ќе дадат придонес за објективно научно согледување и промислување на фактичката вистина за Македонија, наспроти креираната дневнополитичка медиумска „вистина“.

Но, нашите граѓани мораат да се соочат и со неоспорната вистина дека живееме во тешко и турбулентно, изразито стресно и опаснo, но несомнено многу интересно време. Можеби најопасно од Втората светска војна. Време кое бара целосна мобилизација на сите интелектуални сили, кои ќе се соочат со предизвиците на новото време кои се сè потешки и покомплексни. Имплозијата на општествената доверба се шири по целата планета. Неизвесноста предизвикана од пандемијата ги прави луѓето да бидат незадоволни, сè понервозни и растревожени. Стравот од општествени немири, кои се шират насекаде низ светот, создава огромна недоверба. Недоверба која веќе создава душевна состојба која Емил Диркем ја нарекол „аномија“, чувство на одвоеност од општеството, чувство дека светот околу нас е неправеден и корумпиран, чувство дека сте невидлив и сте сведен само на обичен број, беспомошен објект на репресија наметната од страна на „системот“, чувство дека на никого не може да му се верува.

Но, за прв пат во историјата, речиси сето човештво политички се активира, освестува и учествува во политичка интеракција. Ваквиот глобален активизам создава нова сила која е во потрага за почитување на сопствената свест за себе, за својата посебност, култура и нови економски можности,  во свет кој сè уште е полн со лузни и трауми од колонијалната, империјалната и хегемонската доминација. Веќе се чувствува настапувањето на пост-глобализацијата, во која на нов начин повторно се отвара прашањето за националниот идентитет.

Во таква состојба на духот на времето во кое живееме, Македонија како да е заробена во својот провинцијализам, во нарцисоидната егоцентричност на својата елита. Како да сме опседнати од бесмислените политички кавги без суштина и примитивизам каков што до сега не е виден кај нас. Примитивизам кој постојано поттикнува меѓусебни расправии, конфликти, нетрпеливост и трошење на енергија на хоризонтално ниво.  Секојдневно сме сведоци на скандали, афери, криминални и коруптивни случаи кои досегаат до највисоките нивоа на власта. Политичката елита разви клиенталистичка мрежа која на некои поединци им овозможи екстремно богатење, осигурувајќи притоа политички надзор над новосоздадената економска елита. Се добива чувство како да живееме во земја каде владее клептократија и какиократија.

Безуспешни се обидите од „бароните на црната пропаганда“, спин-докторите, скапо платените владини советници и апологети за креирање на јавното мислење, сето тоа да се релативизира, спинува, сокрие или да се обвини опозицијата и претходната власт. Па затоа сме сведоци како секоја афера или скандал се покрива со нова афера, нов скандал и така во недоглед. Дури станува навредливо толкавото потценување на интелигенцијата на сопствениот народ.

Сè што ни се случува не останува незабележано од изготвувачите на глобалните индекси за демократија, слобода, корупција. Во духот на она народната – љубовта е слепа но соседите сè гледаат.

Македонија доживеа својата 30 годишнина од независноста, која ни проаѓа без радост и среќа, да ја дочека како земја од групата на хибридни режими која се стреми кон автократија, делумно слободна и на 111 место според корупцијата во светот. Членството во НАТО, чија иднина станува сè понеизвесна, не може да ја сокрие грдата слика за нас.

Секако дека ова се и последици од актуелното идеолошко обликување на светот, но задача на науката е да ги детектира симптомите. Имено демократијата „не може да се увезува“, единствената вистинска демократија е демократијата „одоздола“, која потекнува од народот, од политичката самосвест, од учествувањето во политичкото одлучување за иднината.

Но, што е она што сега и е најпотребно на Македонија?

Најпотребно и е она што е најпотребно и за светот. Нема потреба ништо ново да се измислува или размислува, сè е кажано во бесмртните зборови на Елен Гулд Вајт од крајот на 19 век.

„Најголемата потреба на светот е потребата за луѓе: луѓе кои не можат да се купат или продадат, луѓе кои се искрени и чесни во длабочината на својата душа, луѓе кои не се плашат да го наречат гревот со неговото вистинско име, луѓе чија совест е верна на должноста како магнетната игла на полот, на луѓе кои ќе останат на страната на праведноста дури и ако небото се сруши “.

И навистина, денес на Република Македонија повеќе од кога и да е и се потребни луѓе. Луѓе кои со гордост ќе се изјаснуваат дека се Македонци. Дека се македонски народ. Луѓе кои говорат и творат на македонскиот јазик дури и кога некој друг го негира. Луѓе кои ќе се гордеат со нашите историски дострели, личности и настани кои сега некој сака да ни ги одземе. Луѓе кои ќе ја шират македонската вистина, тогаш кога некој сака да ја измени, да ја продаде, да ја избрише. Луѓе кои нема да се авто-цензурираат и кои со храброст ќе говорат што е Македонија. Македонија има потреба од луѓе кои нема да се плашат да ги посочат виновнииците. Виновниците кои посегнаа да ги цензурират и нашите колективни сеќавања. Да ја цензурираат македонската историја, македонската култура, да ги менуваат фактите онака како што им треба на другите. Виновниците кои дури посегнаа да ја цензурирааат и конторолираат македонската свест.

Сега ни се потребни луѓе кои допрва ќе ја градат Република Македонија како држава заснована врз самодоверба, самопочит, себеспознавање и љубов кон татковината. Луѓе и народ кои конечно ќе се домакедончат.

The post МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД МАКЕДОНЦИ Ѓорге Иванов бара да се домакедончиме appeared first on plusinfo.mk.

ДЕНЕШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ СЛУГИ НА ДНЕВНИ И НА ГЕОСТРАТЕШКИ ИНТЕРЕСИ Академик Коцарев бара државотворните интереси да бидат на прво место
Денешните политичари се слуги на дневно-политичките и геостратешки интереси, а не на државотворните интереси што денес заеднички ги славиме. Радоста, гордоста и спокојот произлегуваат од мојата увереност, дури и сигурност дека македонската држава, идентитет, јазик, наука и уметност ќе опстојат на овие простори во вековите што следат, порача претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Љупчо Коцарев, во поздравното обраќање на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991/1991-2021 година“.

– Во својата историја македонскиот народ бил главно под четири господари: над четири и пол века под Византија, близу еден век под Бугарија, близу еден век под Србија и пет и пол века под Отоманската Империја. Денес сите тие империи, царства и кралства се распаднати и исчезнати, а она што е останато во времето и просторот се македонското духовно и материјално наследство. Значи, повеќе од илјада години ние Македонците сме се спротивставувале и се спротивставуваме на исчезнувањето со она што е најнеуништиво, со својот збор, со својот уметнички и научен дух, насекаде каде што живееле и живеат Македонци – рече Коцарев.

Според него, одбележувањето на големиот јубилеј 30-годишнината од независноста на државата и 80 години од македонската антифашистичката борба се повод, уште еднаш да се навратиме на цивилизациските придобивки на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската наука и на македонската уметност, коишто опстојуваат на овие простори, во и надвор од денешните граници повеќе од илјада години.

На првиот ден од собирот, како што е најавено, ќе се обратат актуелниот претседател Стево Пендаровски и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, Живко Кондев, шеф на Кабинетот на првиот претседател на државата Киро Глигоров и Владо Поповски, кој беше советник во Кабинетот на претседателот Борис Трајковски.

Свечениот научен собир, во организација на МАНУ е во рамки на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на државата. На настанот ќе учествуваат повеќе академици, историчари и научни работници, на повеќе работни сесии поделени во два дена. На првиот, како што е најавено, со сесиите ќе модерираат Драги Ѓоргиев, Тодор Чепреганов, Драгица Поповска и Катерина Мирчевска.

The post ДЕНЕШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ СЛУГИ НА ДНЕВНИ И НА ГЕОСТРАТЕШКИ ИНТЕРЕСИ Академик Коцарев бара државотворните интереси да бидат на прво место appeared first on plusinfo.mk.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ САМИТ ВО МАНУ В понеделник Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски на иста маса
„Современата македонска држава – две етапи во нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991/1991 – 2021“ е насловот на свечениот научен собир во МАНУ, што ќе се одржи в понеделник, на 27 септември, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и на Институтот за национална историја.

Впечатливо е што на списокот на личностите што ќе дадат воведни обраќања, покрај академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, се и актуелниот претседател Стево Пендаровски, како и поранешните шефови на државата Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. Покојните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров ги претставуваат проф. д-р Владо Поповски, некогашен советник на Трајковски и Живко Кондев, некогашен шеф на кабинетот на Глигоров.

Во годината кога Македонија слави 30-годишнина од независноста, по својата научна но и политичка тежина, ова е најзначајниот самит, кој веќе сега е наречен „претседателски“. На собирот, во пет сесии, ќе говорат голем број истакнати македонски научници. За овој собир, на кој на иста маса ќе седнат актуелниот и двајца живи поранешни претседатели, се зборува веќе подолго време. Се очекува во нивните поздравни говори да бидат упатени и многу сериозни политички пораки што ја засегаат политичката реалност во која се наоѓаме денес.

The post ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ САМИТ ВО МАНУ В понеделник Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски на иста маса appeared first on plusinfo.mk.