преседан Archives - plusinfo.mk

Република Бугарија и нејзиниот институционален „демократски“ вандализам кон Република Македонија
Во современа Европа ретко се случува една држава-членка на Европската Унија толку отворено и систематски да ги злоупотребува демократските механизми за да оспорува идентитетски и историски права на друг народ. Токму затоа однесувањето на Република Бугарија кон Република Македонија во последните години заслужува да биде именувано со поостар, но суштински попрецизен термин институционален ,,демократски’’ вандализам.

Вандализмот обично се поврзува со физичко уништување на материјални добра. Но постои и поопасна форма на вандализам, а таа е онаа што се спроведува преку институции, резолуции, декларации, дипломатски условувања и злоупотреба на правото на вето. Тоа е вандализам кој не руши згради, туку руши достоинство. Не уништува споменици, туку се обидува да избрише колективна меморија. Не освојува територии, туку настојува да редефинира идентитет.

Парадоксот и апсурдот се уште поголеми затоа што сето тоа се прави во име на европските вредности, демократијата и добрососедството. Бугарија не бара од Македонија реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата или јакнењето на демократските институции. Тоа би биле легитимни европски барања. Наместо тоа, официјална Софија инсистира Република Македонија да прифати бугарска интерпретација на историјата, културата, јазикот и идентитетот на својот најблизок сосед, нешто што не претставува европски стандард, туку обид за политичко и институционално наметнување на туѓ национален наратив. Во суштина, тоа претставува обид за институционализација на историската вистина според мерка на посилниот.

Особено загрижува фактот што овие политики не се производ на поединечни политичари или моментални влади. Тие претставуваат редок пример на национален консензус во бугарскиот политички систем. Парламентот, претседателот, владите од различни политички бои, академските кругови и голем дел од јавноста настапуваат од иста позиција кога станува збор за македонското прашање. Тоа покажува дека проблемот не е персонален, туку длабоко институционален.

Токму затоа Македонија не се соочува со политички спор, туку со системски државен проект насочен кон релативизирање на македонскиот национален идентитет. Најголемата опасност, сепак, не лежи во бугарските барања. Секоја држава има право да ги брани своите национални позиции, колку и да се спорни тие. Опасноста лежи во фактот што Европската Унија дозволи билатерални историски и идентитетски прашања да станат дел од процесот на пристапување. Со тоа Брисел создаде опасен преседан според кој европската перспектива на една држава може да биде условена не со европските критериуми, туку со националните митологии на друга држава-членка.

На тој начин проблемот престанува да биде само македонско-бугарски. Тој станува европски проблем.

Ако денес е дозволено Македонија да биде условувана со прифаќање на одредена историска вистина, тогаш утре истото може да биде применето и врз други народи и држави. Демократијата тогаш престанува да биде систем на еднакви права и се претвора во механизам преку кој посилниот ја наметнува својата верзија на вистината.

Историјата нè учи дека идентитетите не можат да се создаваат со декрет, но уште помалку можат да се избришат со вето. Македонскиот народ не настанал со одлука на Европскиот совет, ниту ќе исчезне поради одлука на бугарскиот парламент или поради ставовите на врвните државни функционери. Македонскиот јазик не постои затоа што некој му дал дозвола да постои, туку затоа што со векови бил говорен, пишуван и живеен од генерации Македонци. Националната самосвест не е административна категорија што може да се преговара на дипломатска маса.

Затоа суштинското прашање денес не е дали Македонија ќе ги исполни бугарските барања.

Прашањето е дали Европа ќе успее да ги одбрани сопствените принципи од оние кои се повикуваат на нив, а истовремено ги поткопуваат. Едно мора на сите да им биде кристално јасно: кога демократијата се користи како алатка за негирање на идентитетот на другите, тогаш таа престанува да биде демократија и се претвора во институционален „демократски“ вандализам. А токму тоа е она што Македонија го чувствува веќе неколку години од својот источен сосед.

Проблемот не е што Бугарија има право на вето. Такво право има секоја земја-членка на Европската Унија. Впрочем, билатерални спорови имало и порано. Словенија ја блокираше Хрватска поради граничниот спор во Пиранскиот Залив. Во процесот на европската интеграција постоеле и други несогласувања како на пример меѓу Италија и Словенија околу имотните права, меѓу Австрија и Словенија околу малцинските прашања, како и меѓу Унгарија и Словачка околу правата на националните заедници. Во моментов постои спор помеѓу Хрватска и Црна Гора како идна потенцијална членка на ЕУ. Но сите тие спорови се однесуваа на граници, имот, територијални прашања или малцински права. Ниту во еден од нив како услов за европска интеграција не беше поставено прифаќање на туѓа интерпретација на сопствената историја, јазик и национален идентитет.

Македонскиот случај е поинаков. За првпат во европската практика предмет на политичко условување станаа историјата, јазикот, културата и националниот идентитет на еден народ. Токму тука се наоѓа и недоследноста на Европската Унија. Со децении Брисел тврдеше дека проширувањето се темели на Копенхашките критериуми – демократија, владеење на правото, човекови права и функционална пазарна економија. Во случајот со Македонија, покрај овие критериуми се појавија и барања кои не можат да се најдат во ниту еден европски договор, директива или регулатива. Така ветото престана да биде инструмент за заштита на национални интереси и се претвори во средство за арбитрирање за идентитетските и историските прашања на еден кандидат за членство.

Сето ова нѐ враќа на насловот на овој текст. Не ми е својствено да навредувам, ниту да користам тешки квалификации кога станува збор за политички процеси и меѓудржавни односи. Но како поинаку да се нарече ситуација во која една држава толку безочно и нахално се обидува да интервенира врз она што не ѝ припаѓа, врз историското паметење, културното наследство, јазикот и правото на самоидентификација на друг народ?

Како поинаку да се опише обидот преку политички притисоци, институционални механизми и европски процедури да се наметне сопствената интерпретација како единствено дозволена вистина? Како поинаку да се именува настојувањето еден народ да биде убеден дека не е тоа што самиот знае дека е?

Токму затоа го употребувам изразот „институционален демократски вандализам“. Не како навреда, туку како опис на политика која, наместо да гради доверба меѓу соседите, настојува да навлезе во најчувствителните сфери на колективниот идентитет. Зашто кога предмет на политичко условување стануваат историјата, културата, јазикот и националната самосвест на друг народ, тогаш веќе не зборуваме за добрососедство, туку за обид за недозволиво и недемократско институционализирано оспорување на правото на еден народ да биде тоа што е.

А ако во третата деценија на XXI век, во Европа која се повикува на демократијата, човековите права и почитувањето на различностите, сѐ уште постои потреба од вакви политики, тогаш прашањето не е само каков проблем има Македонија со Бугарија. Прашањето е каков проблем има Европа сама со себе и со вредностите што тврди дека ги брани. Демократијата не се мери според правото на посилниот да ја наметне својата вистина, туку според способноста да го почитува достоинството и правото на самоидентификација на другиот. Доколку Европа го заборави тоа, тогаш проблемот одамна престанал да биде само македонски. Тој станал европски.

The post Република Бугарија и нејзиниот институционален „демократски“ вандализам кон Република Македонија appeared first on plusinfo.mk.

ПРАТЕНИЦИТЕ ГИ НАПАДНАА ДЕКА СЕ ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ, ПРАВНИЦИТЕ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ СЕ БРАНАТ СО УСТАВОТ Што напишаа петмината членови во одговорите на интерпелациите?
Интерпелацијата на петте члена на Судскиот совет што се избрани од пратениците ќе се разгледува на собраниска седница во вторник 10 март, од 11 часот, а овие 5 точки се единствени на дневниот ред. Прва е интерпелацијата на доскорешната претседателка Весна Дамева, а потоа следуваат интерпелациите на Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и на Миљазим Мустафа.

Овие 5 члена на Советот се избрани од редовите на истакнатите правници, двајца на предлог на претседателот (Дамева и Мустафа), а тројца на предлог на пратениците. Останатите 8 члена на Судскиот совет се судии и тие се избираат на директни судски избори.

Сите петорица членови одговорија на наводите во интерпелациите што ги поднесоа 67 пратеници од владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и на ЗНАМ.

Според пратениците, интерпелациите се поднесуваат поради недоследно спроведување на надлежностите, особено поради негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните во судството, а со тоа и на целиот правосуден систем.

Наместо Уставот, ги почитуваа наредбите на политичките партии

Според образложението, кое е идентично во сите 5 интерпелации, се наведува дека Собранието, како орган кој избира пет членови на Судскиот совет, исто така врши и контрола над работата на Судскиот совет преку Годишниот извештај за работа, кој за 2023 година не беше усвоен.

„Состојбата во изминатите неколку години во судството е речиси распадната, со рекордно најниска доверба од граѓаните од неверојатни 3 проценти. Повеќе од разочарувачки е фактот дека 97 проценти од граѓаните не веруваат во квалитетот на судството и неговата независност. Влошената состојба во Судскиот совет дополнително се продлабочи со изборот на Весна Дамева, која за член е избрана на 12.12.2019 година, по предлог на поранешниот претседател Стево Пендаровски, откако нејзиниот претходник Павлина Црвенковска се повлече од позицијата. Црвенковска беше поврзана со скандалозно подметнување на избор за членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, а како причина за повлекувањето наведе дека тоа го прави поради тоа што не била подобна за т.н. судско-бизнис елита“, се вели во интерпелациите.

Во Собранието, се додава, долго се дебатираше за изборот на овие членови.

„ВМРО-ДПМНЕ укажуваше дека овие кандидати не се подобни да одговорат на функцијата која треба независно да ја извршуваат и да го заштитат угледот и независноста на судството во целина. Сепак, мнозинството одлучи да ги избере. Неколку месеци подоцна, кога Весна Дамева го водеше Судскиот совет, целата македонска јавност беше сведок на уште еден скандал кој несомнено придонесе кон дополнително нарушување на довербата во судството. Станува збор за скандалозното разрешување на Дамева од местото претседател, од страна на нејзиниот заменик Селим Адеми, кој, исто така на 12.12.2019 година е избран за член на Судскиот совет, без никаква процедура, спротивно на Уставот, Законот и Деловникот на Судскиот совет. Ова беше нотирано и во Извештајот на Европската комисија за 2023 година. Мора да се спомене и дека граѓанските организации и правните експерти го осудија овој чекор без преседан и ги повикаа сите членови на Советот да си поднесат оставки“, се вели во интерпелацијата.

Ова е доказ, се додава, дека во Македонија не владееше правото и не се почитуваа Уставот и Законите, туку се почитуваа само наредби од политичките партии кои беа на власт од 2017 до 2024 година.

Спорни и селективни дисциплински постапки

Граѓаните, се вели во текстот, треба да се запознаени со целиот проблем кој Судскиот совет го создаде, недовербата во судството, скандалозните избори за членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители, изборот за судии, прекршување на процедури за предложување кандидати за судија во Уставен суд, претседатели на судови итн.

„Како дел од работата на Судскиот совет, односно неговите преземени мерки за ‘подобрување’ на судството, можеме да наведеме дека на судија му утврдиле дисциплинска повреда и му изрекле дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 20%, во траење од шест месеци, бидејќи судијата, како известител по предметите, без оправдани причини ги одолговлекувал постапките, и покрај итните околности. Човечки животи биле во прашање, правдата – незадоволена, општеството – фрустрирано, а тој противзаконски постапувал и пресудувал, бидејќи знаел дека во оваа држава како судија ќе добие 6 месеци по 20% намалување од плата. Понатаму, на еден судија за утврдена дисциплинска повреда му ја изрекле истата дисциплинска мерка, бидејќи не го известил в.д. претседателот на суд дека постојат околности коишто ја доведуваат во сомневање неговата непристрасност и судир на интереси, што е причина за изземање, бидејќи неговата ќерка била вработена кај полномошникот на тужениот во предметите, со што предизвикал тешки последици кои се манифестираат на повреда на правото на правично судење и непристрасен суд“, се вели во интерпелациите, каде се наведени и други примери.

Иако Судскиот совет, се додава, има мандат да постапува по случај на непрофесионално или неетичко однесување на судиите, Европската Унија има забележано дека во пракса има селективен пристап во дисциплинските постапки, што доведува до неказнивост на одредени прекршоци од страна на судиите.

„Во Извештаите на ЕК е забележано дека постојат индикатори дека Советот не презел доволно активности за санкционирање на судии кои го нарушувале угледот на судиската функција. ЕК во редовните извештаи постојано укажуваше на слабостите во обезбедувањето на независност на судството. Судскиот совет, како клучно тело за гарантирање на независност на судството, не е целосно независен и отпорен на политички влијанија, со што се компромитира и владеењето на правото“, се вели во интерпелациите.

Судскиот совет е клучна институција за функционирањето на правната држава и одржувањето на владеењето на правото и затоа, секој сомнеж во работата на неговите членови мора да биде темелно анализиран, а јавноста треба да биде уверена дека Советот работи чесно, професионално и во интерес на граѓаните, се вели, меѓу другото, во текстот на интерпелацијата.

Што одговорија истакнатите правници?

Според Весна Дамева, интерпелацијата е директен упад во судската власт и напад на нејзината независност и самостојност. Таа вели дека интерпелацијата, која е предвидена со Устав, не е насочена кон носители на судски функции и не смее така да се толкува.

„Се навлегува во една состојба од која тешко ќе може да се излезе. Ако овој преседан се случи, во иднина Собранието ќе може да повикува на одговорност и судии во Уставниот суд, со оглед дека и нив ги избира Собранието. Тоа е апсолутно недозволиво, но ќе може да биде оправдано со овој преседан, според кој Собранието ќе може да повикува“, наведува Дамева.

Уставот ги дели трите власти, потсетува таа, законодавната, извршната и судската, а судската е самостојна и независна и врз неа не е дозволена политичка контрола од Собранието, а во спротивно, таквата контрола значи упад во судската власт.

Таа додава и дека интерпелацијата е дискриминациска, односно „во насока на остварување на целта за отстранување на членовите избрани од Собранието, тие се дискриминирани наспроти членовите кои се судии, па прашувам дали Уставот важи еднакво за сите граѓани и за сите носители на јавни функции“.

Според Павлина Црвенковска, Уставот пропишува дека Собранието може да поведува интерпелација за Владата и за нејзините членови и за други функционери што ги избира или именува, но не и за членовите на Судскиот совет, затоа што со тоа се нарушува поделбата на власта и се прави упад во судството.

„Ако членовите на Судскиот совет можат да бидат предмет на интерпелација во Собранието, тоа би значело и потенцијален политички притисок врз судската власт“, одговори Црвенковска на интерпелацијата.

Во својот одговор членот Селим Адеми објаснува зошто смета дека интерпелацијата е спротивна на Уставот и на Законот за Судски совет. Според него, ако целта на власта е да се подобри перцепцијата дека судството е независно од политиката, политичката метода со интерпелација е погрешна за таа цел.

„Во врска со интерпелацијата, не чувствувам ниту морална, ниту каква било одговорност за моето досегашно работење во Судскиот совет. Како член, 11 години сум работел чесно, професионално и посветено, а оценка за мојата работа можат да дадат само судиите“, пишува Адеми.

Според Тања Чачарова Илиевска, интерпелацијата против неа е премногу општа и конфузна и повеќе упатува на колективна одговорност, како да е интерпелација за целиот Судски совет, а не упатена кон поединец, член.

„Отсуствува индивидуализација на пропустите, поточно, каква е мојата улога во изнесените констатации во интерпелацијата и во споменатите дисциплински постапки. Добро е да посочам дека од тие три споменати дисциплински постапки, јас сум подносител на две од нив“, пишува Чачарова Илиевска.

Таа додава дека работи чесно, професионално и одговорно во Советот и не чувствува морална одговорност. Ја смета интерпелацијата за неоснована и бара пратениците да не ја изгласаат.

Според Мустафа, оваа интерпелација е опасен преседан, и е најпогрешниот начин и чекор што можат да го преземат пратениците во нивната благородна намера за воспоставување независен правен систем заснован на правни вредности.

„Извршната и законодавната власт наместо да отворат дебата за подобрување на состојбата во судството, тие дополнително ја влошуваат и иницираат досега невидена пракса со директен притисок на одредени членови на судската власт, со цел да се повлечат од нивните позиции пред истекот на мандатот, без да се констатира каква било етичка или законска повреда, утврдена во законска постапка“, пишува Мустафа.

Според член 72 од Уставот интерпелација може да се постави за работата на секој носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.

Според член 100 став 8 од Законот за Судскиот совет, доколку Собранието не го усвои годишниот извештај за работа на Советот, тоа ќе биде основ за поведување расправа пред органите што ги избрале членовите на Судскиот совет за оцена на нивната работа.

The post ПРАТЕНИЦИТЕ ГИ НАПАДНАА ДЕКА СЕ ПАРТИСКИ ПОСЛУШНИЦИ, ПРАВНИЦИТЕ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ СЕ БРАНАТ СО УСТАВОТ Што напишаа петмината членови во одговорите на интерпелациите? appeared first on plusinfo.mk.

ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС ПРЕД ОДЛУКА ЗА АРБИТРАЖА Повлекувањето на одлуката за концесиите е преседан и ја зголемува правната несигурност
По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, соопшти компанијата Еуромакс ресоурсес.

„Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република Северна Македонија. Со оглед на фактот дека ‘Формално известување’ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување.

Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата“, се наведува во реакцијата на Еуромакс ресоурсес.

Со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и во САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Северна Македонија.

The post ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС ПРЕД ОДЛУКА ЗА АРБИТРАЖА Повлекувањето на одлуката за концесиите е преседан и ја зголемува правната несигурност appeared first on plusinfo.mk.

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ОПАСЕН ПРЕСЕДАН Димитров вели дека ЕУ ја наградува Бугарија за ветото
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Н1“ вели дека францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е опасен преседан и отвора можност Софија да го блокира и уценува Скопје во текот на целиот преговарачки процес.

Според Димитров, Париз дозволил билатералните прашања со Бугарија да влезат во преговарачка рамка, а спорот со Софија се однесува на македонскиот јазик, идентитет и историја.

– Мислам дека тоа само не оддалечува од она што треба да биде процесот – демократски и економски реформи, копенхашки критериуми. Ова што го имаме е ќорсокак – изјавил Димитров.

Според него, Европската унија треба да се убеди да го промени процесот што не функционира, бидејќи таквиот процес на проширување не носи резултати, односно не ги наградува земјите што одат напред, не ги казнува земјите што одат назад и дозволува една членка на ЕУ да се „изживува“ над земја кандидат.

Тој рече дека е неопходно да се „ресетира“ политиката кон Софија и дека ЕУ треба да казнува наместо, како што истакнал, да ја награди Бугарија за ветото.

Димитров го опиша процесот на приклучување на регионалните земји, велејќи дека сите на Балканот седат во еден автобус, а сите се трудат да седат што е можно поблиску до возачот.

– Но, проблемот е што автобусот не се движи – рече тој.

The post ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ОПАСЕН ПРЕСЕДАН Димитров вели дека ЕУ ја наградува Бугарија за ветото appeared first on plusinfo.mk.

Вељаноски: Собранието не направи правен преседан
Според експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, не е направен правен преседан со отповикувањето на одлуката за распуштање на претходниот парламентарен состав и со одложувањето на изборите, кои првично требаше да се одржат на 24 април, а тоа се случи дури на 11 декември

Вељаноски преку Фејсбук се огласи по информациите дека се направил правен преседан кога Собранието било распуштено, па се вратило во заседание.

– Прво, на 87. седница одржана на 18 јануари 2016 година се донесе одлука за распуштање на Собранието, која имаше одложено дејство, односно со примена од 24 февруари 2016 година.

– Второ, бидејќи тогашната опозиција не се согласуваше да има избори (иако беа договорени во Пржино), имаше најава од опозицијата дека нема да учествува на избори. Поради тоа, пред да стапи примената на одлуката за распуштање на Собранието на 95. седница, одржана на 23 февруари 2016 година, Собранието донесе одлука за измена на одлуката за распуштање, со тоа што примената наместо на 24 февруари да биде на 7 април 2016 година.

– Трето, Собранието, согласно со изменетата одлука, на 7 април 2016 година се распушти и се донесе решение за одржување на избори на 5 јуни 2016 година.

– Четврто, откако се распушти Собранието и се донесе решение за избори, Уставниот суд со одлука У.бр.104/2016 во мај 2016 година ја поништи одлуката за распуштање на Собранието и врз основа на таа одлука на Уставниот суд, Собранието продолжи да работи се до 17 октомври 2016 година.

„Според ова, Собранието не направи правен преседан, туку Уставниот суд ја поништи одлуката за распуштање, а за мотивот и образложението на одлуката на Уставниот суд во друга пригода, пишува Вељаноски.

The post Вељаноски: Собранието не направи правен преседан appeared first on plusinfo.mk.