полициски апарат Archives - plusinfo.mk

Од колонијалното владеење преку Вишиевскиот нацизам до современата француска полиција
Францускиот модел на полициско работење претставува клучна компаративна студија на случај за анализа на еволуцијата на репресивниот апарат во самото јадро на развиениот европски капитализам. Францускиот безбедносен систем историски е конституиран како централизирана, државоцентрична институција, синтеза на Националната полиција и воено-организираната Национална жандармерија, чија примарна функција е заштита на суверенитетот, јавниот поредок и институционалниот континуитет на државата. Иако францускиот случај во компаративната литература за полициското работење често се наведува како пример за кадровска и организациска стабилност, неговата внатрешна логика покажува дека промените на политичките режими и економските фази не го укинуваат репресивното јадро на државата, туку го преобликуваат: од колонијалниот полициски модел, до повоениот нацистички континуитет и сега до современата милитаризација на полицијата, територијална сегрегација и системска неказнивост на припадниците на безбедносните служби во услови на неолиберализам.

По ослободувањето на Франција во 1944 година, спроведената повоена чистка ги опфати делумно најекспонираните политички функционери на режимот на Виши и припадниците на фашистичката паравоена милиција. Спротивно на воспоставениот повоен мит за сеопфатно прочистување, огромното мнозинство (меѓу 85% и 90%) од француската полиција, безбедносните служби и јавната администрација останаа на своите работни места. Со тоа, оперативното јадро на „длабоката држава“ го зачува својот кадровски и институционален континуитет и култура и во Четвртата и во Петтата Република.

За време на германската окупација, француската полиција броеше околу 100.000 припадници (од кои приближно 20.000 во Париската префектура), и речиси целиот состав дејствуваше под власта на Виши. Во првиот повоен бран (1944–1946), дисциплински или административно беа санкционирани само 10% до 15% од безбедносните сили, најчесто преку пензионирање, преместување на пониска позиција или суспензија, додека само незначителен процент беа изведени пред суд. Од неколку стотици илјади државни службеници, дисциплински мерки претрпеа околу 30.000 (помалку од 5%), при што судската и административната практика често се водеше од начелото дека службеникот не сноси одговорност доколку „само извршувал наредби без лична иницијатива“. Со двата закона за општа амнестија од 1951 и 1953 година, француската држава ја затвори страницата на повоените чистки, рехабилитирајќи голем дел од претходно отпуштените или осудени службеници и враќајќи дел од нив во активна служба. Од целиот управувачки врв на вишиевскиот режим, само четворица високи функционери на крајот беа судени за злосторства против човештвото — меѓу нив и Морис Папон, чија пресуда беше донесена дури во 1998 година.

Задржувањето на Морис Папон (кој е особенио интересен) и на илјадници безбедносни и полициски службеници од периодот на Виши не беше административен пропуст, туку свесна политичка и безбедносна стратегија на Шарл де Гол и повоените влади. Прво, поради стравот од комунизмот и внатрешната дестабилизација (1944–1947), заради големината на Комунистичката партија на Франција (која инаку беше најсилната организирана сила во Отпорот за време на војната), државниот врв одлучи да не ја распушта искусната полиција и безбедносните служби, за брзо да го обнови државниот авторитет. Второ, за време на Алжирската војна (1954–1962), на државата ѝ беа потребни кадри со искуство во контрола и репресија врз населението, поради што Папон во март 1958 година стана префект на полицијата во Париз, а во 1961 година Де Гол му го врачи орденот Легија на честа. Трето, овие кадри ги пренесоа истите репресивни методи во колонијалниот контекст: на 17 октомври 1961 година, под директна команда на Папон, париската полиција насилно задуши мирен протест на Алжирци во Париз, со околу 11.000 уапсени, и над 200 убиени според современите историски истражувања (многумина претепани и фрлени во реката Сена) и спроведување на уапсените во собирни објекти, како Зимскиот велодром што Виши ги користеше за депортација на Евреите.

За разлика од депортациите на евреите од 1942–1944 година, Папон никогаш не одговараше кривично за настаните од октомври 1961 година. По Евијанските договори во март 1962 година, француската држава преку серија акти (1962–1968) прогласи општа амнестија за делата извршени во рамките на „операциите за одржување на јавниот ред“ во Алжирската војна, со што постапките беа правно блокирани, а Касациониот суд ја избегна правната квалификација „злосторство против човештвото“ (кое не застарува и не подлежи на амнестија) и ги преименува во делата поврзани со силите на Оската во Втората светска војна. Настанот во Париз од 1961 година беше дел на амнестијата и на десетгодишен рок на застареност (до 1971 година). Архивите и документите за овој случај останаа затворени со децении, а официјалните тврдења зборуваа за само тројца загинати. Првата судска потврда за масакрот дојде во март 1999 година кога судот во Париз ја отфрли тужбата за клевета што Папон ја поведе против историчарот Жан-Лик Еноди, додека официјалното државно признавање дојде од претседателите Франсоа Оланд (2012) и Емануел Макрон (2021), но и двајцата не се извинија и не изразија жалење.

Во април 1998 година, на 87-годишна возраст, Морис Папон беше осуден на 10 години затвор за соучество во злосторства против човештвото за организирање на апсењето и депортацијата на 1.690 Евреи (меѓу кои 223 деца) од регионот на Бордо во логорот Аушвиц во периодот меќу 1942–1944 година. Одложувањето од 54 години по војната и 17 години откако сатирично-истражувачкиот весник Le Canard enchaîné во мај 1981 година, додека Папон беше министер за буџет, објави документи со негов потпис за депортација на евреите, беше резултат на сложена комбинација од правни и политички препреки. На пример, во периодот 1981–1995 година, претседателот Франсоа Митеран (кој и самиот во младоста работел во администрацијата на Виши) ги одложуваше процесите против вишиевските функционери, стравувајќи од општествена поделба и од уривање на деголистичкиот мит дека Виши бил само надворешна, нелегитимна институција. Дури откако претседателот Жак Ширак во јули 1995 година првпат официјално ја призна одговорноста на француската држава за депортациите на Евреите, се отвори патот за судењето во Бордо. Папон отслужи помалку од три години затвор и во 2002 година е ослободен поради здравствена состојба. На самото судење тој се повикуваше на технократска одбрана на „баналноста на злото“ и административната послушност, а поротата го ослободи од соучество во убиство, но го осуди за соучество во незаконско апсење и депортација — воспоставувајќи судски преседан во Франција дека бирократската потчинетост не ја исклучува кривичната одговорност при системско злосторство.

Историската наклоност на францускиот полициско-административен апарат кон централизирана контрола и тврда интервенција доби нова структурна форма во современиот неолиберален период. До крајот на дваесеттиот век, француската доктрина за одржување на јавниот ред почиваше врз поделба меѓу демонските толпи и полициските кордони, при што специјализираните единици (CRS и Мобилната жандармерија) дејствуваа како колективни, дистанцирани формации со цел да го канализираат протестот и да го ограничат директниот физички судир сè додека не се исцрпат средствата за одвраќање. Со засилувањето на неолибералните мерки на штедење и пазарните реформи на трудот од протестите против Законот за труд во 2016 година, преку движењето на „Жолтите елеци“ во 2018–2019 година, до демонстрациите против пензиската реформа во 2023 година — оваа доктрина се помести кон офанзивна неутрализација и проактивно разбивање на толпата.

Наместо пасивно одржување линија, полициските сили сè почесто користат динамични формации во облик на клин комбинирани со брзи моторизирани единици за интервенција и апсење (како контроверзните моторизирани бригади BRAV-M). Тактиката на клин физички ја пресекува протестната колона на изолирани групи, ја слабее колективната координација на демонстрантите и создава услови за брзи апсења.

Полицијата редовно применува целосно тактичко опколување на делови од толпата подолг временски период, придружено со масовни проверки на идентитет, претреси и административни задржувања уште пред да дојде до конкретни прекршувања или кривични дела, со што правото на протест се управува како безбедносен ризик.

Франција во западноевропски рамки се издвојува по широката примена на опасни средства за контрола на толпа како: фрлачите на гумени проектили со висок кинетички удар, шок-бомбите и распрскувачките гранати со солзавец. Нивната примена во масовни протести доведе до тешки телесни повреди и трајни инвалидитети кај дел од учесниците и новинарите, претворајќи ја контролата на јавниот ред во форма на телесно повредување заради одвраќање и растурање на протестантите.

Современото неолиберално полициско работење во Франција се одликува со изразена просторна и социо-економска диференцијација. Додека централните урбани и економски зони се штитат како простори на деловна активност и потрошувачка, деиндустријализираните периферни предградија населени претежно со работничка класа и потомци на мигранти од поранешните француски колонии во Северна и Западна Африка, се третираат како проблематични внатрешни безбедносни зони.

Укинувањето на полицијата во заедницата во 2003 година и воведувањето на т.н. „политика на бројки“ со квантитативни показатели за апсења, легитимирања и мерки против илегална миграција, ја засилија конфронтациската динамика на терен. Единиците за борба против криминалот (BAC) кои дејствуваат со висока тактичка мобилност и често во цивилна облека, применуваат интензивни проверки и легитимирања, вклучително и практики што критичарите и антидискриминациските тела ги оценуваат како профилирање по изглед и потекло.

Урбаните немири од 2005 година, како и протестите и судирите во јуни 2023 година по полициското убиство на седумнаесетгодишниот Наел Мерзук, покажаа како долготрајната социјална маргинализација и недовербата меѓу полицијата и младите во предградијата можат нагло да прераснат во отворена криза. Во такви ситуации, државата посегнува по вонредни механизми, распоредување на оклопната жандармерија и специјални единици, со што поранешните колонијални техники на полициска работа и контрола на населението наоѓаат свој место во управувањето со домашната урбана периферија.

Инаку, трајноста на овие практики во современиот француски безбедносен систем се потпира врз институционални и политички механизми што ја отежнуваат ефикасната надворешна и судска одговорност за пречекорување на полициските овластувања. Со измените на Законикот за внатрешна безбедност од 2017 година, беа проширени законските основи за употреба на огнено оружје од страна на полицијата, особено во случаи на непостапување по полициска наредба при сообраќајна контрола што беше проследено со зголемен број фатални смртни исходи при сообраќајни интервенции.

Истрагите за полициска бруталност првенствено ги спроведуваат внатрешните инспекторати на полицијата и жандармеријата подредени на Министрите. Ваквата организациска структура често создава сомнежи за институционална пристрасност, бавни постапки и низок степен на кривична или дисциплинска одговорност дури и кога постојат видео-докази. По терористичките напади во 2015 година, низа вонредни мерки беа трајно преточени во редовното работење.

Преку спојот на историскиот континуитет од режимот на колонијалните полициски интервенции преку владеењето на Виши до современата милитаризација на полицијата и институционалната заштита од одговорност, францускиот случај покажува дека тврдото, селективно полициско работење не е само карактеристика на слаби или диктаторски држави, туку е составен дел и на развиените европски безбедносни системи кога социјалните конфликти и економските противречности произлезени од неолиберализмот бараат заострување на улогата на државната принуда и сила.

The post Од колонијалното владеење преку Вишиевскиот нацизам до современата француска полиција appeared first on plusinfo.mk.