пејпер мил Archives - plusinfo.mk

Даскалов: Оптимисти сме дека ќе го рестартираме Пејпер Мил
Откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката „Пејпер Мил“ од Кочани, управата на компанијата кон средината на јануари донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Една недела подоцна од компанијата известија дека донеле одлука во наредните два месеци 120-те вработени во фабриката да добиваат по 70% од платата за целиот период додека не одат на работа.

Генералниот директор на Пејпер Мил од Кочани, Јулијан Даскалов посочува дека е нарачана опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес, вреќест филтер, која е планирано да пристигне кон крајот на првиот квартал оваа година. Во меѓувреме ја почитуваат одлуката на Инспекторатот, но сметаат дека се работи за недоразбирање, кое веруваат дека ќе се надмине.

– Со години наназад во Пејпер Мил се вршат редовни мерења и резултатите секогаш биле во рамки на дозволеното и според А интегрираната дозвола, а прифатени од институциите – изјави Даскалов и посочува дека иако фабриката го прекина производствениот процес и во овој период кога не работи, Кочани за жал повторно бележи високи вредностите на загаденост на воздухот.

Тој истакнува дека Пејпер Мил се залага за чиста животна околина во која насока се и сите инвестиции за унапредување на процесите:

– Ние сакаме да работиме на долг рок, а  одржлив бизнис модел е можно да се постигне само во спрега со сите елементи на одржливост – здрава животна средина, општествена, социјална и економска стабилност.

Од Пејпер Мил се оптимисти дека ќе го рестартираат процесот на производство и дека ќе ги вратат на работа сите 120 вработени.

– Досега имаме вложено 7 милиони евра во модернизирање на технологиите и процесите кон чистите технологии и адаптација за рециклажа, а развојните планови кои ги имаме за нови инвестиции од 15 милиони евра и 30% зголемување на вработените, ни даваат право за оптимизам дека преку новите инвестиции и соработка со сите чинители, ќе можеме да ја рестартираме фабриката час поскоро, од што придобивки ќе имаме ние како компанија, вработените, локалната заедница, но и целата земја –  изјавува Даскалов.

The post Даскалов: Оптимисти сме дека ќе го рестартираме Пејпер Мил appeared first on plusinfo.mk.

„Пејпер мил“ ќе ги задржи 120-те вработени, се надева дека ќе ја рестартира фабриката
Фабриката „Пејпер мил“ од Кочани одлучи да ги задржи 120-те вработени. Тие во наредните два месеца ќе добиваат 70% од платата и редовно ќе им бидат плаќани придонеси за целиот период додека не одат на работа, поради привремениот прекин на работењето на фабриката. Од компанијата денеска ги информирале вработените и за можноста за рестартирање на фабриката во април годинава, кога тие повторно би се вратиле на редовна работа.

Минатата недела управата на „Пејпер мил“ донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време, по решението на Инспекторатот за животна средина со кое на фабриката ѝ беше наложено користење на метан како единствен енергенс, на што претходеа мерења од компанијата и од Инспекторатот, чии резултати покажаа драстични разлики.

– Беше исклучително важно да го решиме статусот на вработените. Тие не доаѓаат на работа, а до сега исплаќавме цела плата. Искрено се надеваме дека ќе ги рестартираме процесите на рециклажа на хартија и производство и сакаме, и важно ни е да ги задржиме овие луѓе. Успеавме и во текот на целата ковид криза да не отпуштиме вработени, а од друга страна во нашите развојни планови предвидуваме и зголемување на човечките ресурси во фабриката за 30 проценти.  Очекуваме соработка со сите чинители, со цел што поскоро да продолжиме со работа – изјави Јулијан Даскалов, генерален директор на „Пејпер мил“ од Кочани.

Во интерес на рестартирање на производството, „Пејпер мил“ веќе има нарачано дополнителна опрема за унапредување на технолошкиот процес и дополнително намалување на влијанието врз животната средина. Од компанијата очекуваат новата опрема да пристигне и да биде инсталирана во првиот квартал годинава.

Компанијата веќе ги известила сите купувачи од регионот дека е приморана да ги откаже нарачките во овој период, а доколку и кога ќе го рестартира производството ќе одговори на побарувањата. „Пејпер мил“ во овој период ќе претрпи загуби по основ на откажаните нарачки од 2.500 тони хартија, прекин на производството и исплата на плати, а дополнително прекинот ќе се рефлектира и врз целокупниот синџир на набавки вклучително и откупот на хартија за рециклажа од нашата земја.

„Пејпер мил“ од Кочани е единствената фабрика за рециклирање на хартија во Република Северна Македонија, која ако на почетокот целосно увезуваше хартија за рециклирање, денеска во најголем дел откупува и рециклира хартија од и во нашата земја.

The post „Пејпер мил“ ќе ги задржи 120-те вработени, се надева дека ќе ја рестартира фабриката appeared first on plusinfo.mk.

Затворањето на „Пејпер мил“ ќе значи и крај за рециклирањето на хартија во Македонија?!
„Пејпер мил“ од Кочани информира дека откако Инспекторатот за животна средина со решение ѝ наложи на фабриката работење со користење на метан како единствен енергенс, управата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Во оваа фаза компанијата информира дека 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради прекин на производството, а во тек се правни консултации за понатамоно решавање на статусот на вработените, согласно законите во Република Северна Македонија. При тоа, до донесување на конечните решенија статусот на вработените останува ист, односно тие остануваат вработени во фабриката, со целосно исполнување на законските обврски кон нив, исплата на плата и придонеси.

– Одлуката за прекин на работењето на „Пејпер мил“ доаѓа по обемните анализи за состојбата направени од страна на управата, а по последното решение добиено од Инспекторатот за животна средина. Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски лаборатории. Резултатите на единствената лабораторија која детектираше драстично отстапување, а кои ги уважи Инспекторатот доведоа до тоа на фабриката да ѝ се наложи одвивање на производствениот процес само на метан, што во услови на глобална економска криза не обезбедува одржливост во работењето на компанијата. Одлуката за прекин на работењето на неопределено време воопшто не беше лесна со оглед на вложените инвестиции од 7 милиони евра во изминатите пет години, инвестициите во тек – нарачаната опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари и секако судбината на 120 семејства кои остануваат без својата егзистенција – изјави Јулијан Даскалов, генерален директор на „Пејпер мил“ од Кочани.

„Пејпер мил“ од Кочани е единствената фабрика во Република Северна Македонија која рециклира хартија, која ако на почетокот целосно увезуваше хартија за рециклирање, денеска речиси 100% откупува и рециклира хартија од и во нашата земја. Со прекинот на работењето на фабриката останува неизвесен откупот на хартија за рециклирање во земјата, а фабриката се соочува и со загуби по основ на унапред договорените двомесечни нарачки за извоз на околу 2.500 тони во регионот. Дополнително, освен директните загуби за компанијата и вработените, прекинот на работењето на фабриката индиректно ќе влијае и врз целокупниот синџир на набавки, добавувувачите на фабриката – превозници, снабдувањето со струја, резервни делови и сервис, оператори со стара хартија.

– Од 2016 година кога ја презедовме фабриката, континуирано вложуваме во технологија, вработувања и придонесуваме во буџетот на државата. Ние ја рециклираме речиси целата количина на хартија од Македонија и постојано вршиме мерења на квалитетот на воздухот во опкружувањето во кое работи фабриката. Навистина е нејасна одлуката на Инспекторатот со која нѐ принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан, кој патем не е достапен во земјава, па мораме како компресиран гас да го увезуваме чија цена за 5 години порасна речиси двојно. А сето тоа по десетици мерења на повеќе референтни и акредитирани лаборатории кои покажаа дека производството е сосема безбедно за животната средина. Нејасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, не земајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ. Дополнително, исклучително жалиме што наместо да ги продолжиме плановите за повеќе од 40 нови вработувања, инвестиции во посовремена технологија и опрема во вредност од 15 милиони евра, колку што беше предвидено во долгорочните планови на компанијата, едноставно сме принудени да размислуваме за селење на бизнисот на други пазари – истакнува Даскалов и додава дека од самиот почеток фабриката работи целосно транспарентно и согласно законите, максимално посветено на соработка со институциите и локалната самоуправа.

Фабрика за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија, заснована уште во 1963 година. Во составот на UNITRADE CLUSTER со седиште во Бугарија е од 2016 година. Веднаш по нејзиното повторно отварање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети. Вложувањата во модернизирање на технологии и процеси во изминатите пет години се 7 милиони евра, со посебен акцент на квалитетот на производите, зголемување на капацитетот и минимизирање на влијанието врз животната средина. Посебен пристап е направен кон Чистите технологии и адаптација за рециклажа. Фабриката поседува А ИСКЗ дозвола од Министерство за животна средина, како и неколку сертификати за квалитет и екологија. Капацитетот е доволен за рециклажа на целата картонска отпадна хартија на ниво на РС Македонија. Моменталниот капацитет е 14.400 тони годишно, а веќе се направени проекти за тројно зголемување на овој капацитет.

The post Затворањето на „Пејпер мил“ ќе значи и крај за рециклирањето на хартија во Македонија?! appeared first on plusinfo.mk.

„Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна
Откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи на работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката „Пејпер Мил“ од Кочани, управата на компанијата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време.

Како што соопшти компанијата, во оваа фаза 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради прекин на производството, а во тек се правни консултации за понатамоно решавање на нивниот статус, согласно законите во Република Северна Македонија.

Според „Пејпер Мил“, притоа, до донесување на конечните решенија статусот на вработените останува ист, односно тие остануваат вработени во фабриката, со целосно исполнување на законските обврски кон нив, исплата на плата и придонеси.

Според генерален директор на „Пејпер Мил“, Јулијан Даскалов, одлуката за прекин на работењето на фабриката доаѓа по обемните анализи за состојбата направени од страна на управата, а по последното решение добиено од Инспекторатот за животна средина.

– Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски лаборатории. Резултатите на единствената лабораторија која детектираше драстично отстапување, а кои ги уважи Инспекторатот доведоа до тоа шро на фабриката и се наложи одвивање на производствениот процес само на метан, што во услови на глобална економска криза не обезбедува одржливост во работењето на компанијата – додава Даскалов.

Тој нагласува дека одлуката за прекин на работењето на неопределено време воопшто не била лесна со оглед на вложените инвестиции од седум милиони евра во изминатите пет години, инвестициите во тек – нарачаната опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари и секако судбината на 120 семејства кои остануваат без својата егзистенција.

„Пејпер Мил“ е единствената фабрика во земјава која рециклира хартија, која ако на почетокот целосно увезуваше хартија за рециклирање, денеска речиси 100 отсто откупува и рециклира хартија од и во нашата држава. Со прекинот на работењето останува неизвесен откупот на хартија за рециклирање во земјата, а фабриката се соочува и со загуби по основ на унапред договорените двомесечни нарачки за извоз на околу 2.500 тони во регионот.

– Навистина е нејасна одлуката на Инспекторатот со која нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан, кој патем не е достапен во земјава, па мораме како компресиран гас да го увезуваме чија цена за 5 години порасна речиси двојно. Нејасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, не земајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ – истакнува Даскало, додавајќи дека од самиот почеток фабриката работи целосно транспарентно и согласно законите, максимално посветено на соработка со институциите и локалната самоуправа.

Фабрика за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија, основана уште во 1963 година. Во составот на „Унитрајд Кластер“ со седиште во Бугарија е од 2016 година. Фабриката поседува А ИСКЗ дозвола од Министерство за животна средина, како и неколку сертификати за квалитет и екологија. Капацитетот е доволен за рециклажа на целата картонска отпадна хартија на ниво на земјата. Моменталниот капацитет е 14.400 тони годишно, а веќе се направени проекти за тројно зголемување на овој капацитет.

The post „Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна appeared first on plusinfo.mk.

Бугаринот ја затвори фабриката „Пејпер мил“ во Кочани
Фабриката за хартија „Пејпер мил“ од Кочани е затворена, а 120 работници добиле известување од денеска повеќе да не доаѓаат на работа.

Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна за МИА ја потврдија веродостојноста на информацијата.

– Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза – истакна Игор Тасевски, одговорен во „Пејпар мил“.

Веќе бил направен план за уште 60 вработувања со проширување на производствениот процес во соседните погони на фабриката, каде првично требало да се инвестираат 1,5 милион евра, за во крајната фаза да се вложат околу пет милиони евра. Според Тасевски, најверојатно сето тоа нема да се реализира, затоа што фабриката не можела да работи на дневно-политичка основа.

Инаку, фабриката „Пеjпeр мил“ беше посочувана како еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани, поради што се одржаа повеќе граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина ѝ изрече казна од 20 илјади евра и нареди како енергенс за производствениот процес наместо пелети да користи метан.

The post Бугаринот ја затвори фабриката „Пејпер мил“ во Кочани appeared first on plusinfo.mk.

Предложена казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) предложи казна во износ од 20.000 евра за фабриката за хартија „Пејпер Мил“ откако резултатите од мерењата на емисиите биле над дозволените граници.

Како што соопшти на денешната прес-конференција директорката на Инспекторатот Ана Петровска, во првиот вонреден надзор што го спроведе ДИЖС на 20 ноември извршени се мерења на ПМ честички и отпадни гасови во „Пејпер Мил“ и утврдено е дека емисиите на прашина и јаглероден моноксид се над дозволените вредности.

– Со решение ги задолживме да го сменат горивото од пелети на метан за да не загадуваат. Во меѓувреме тие инсталираа опрема за озонирање со цел намалување на јаглеродниот моноксид и извршија корекции на воденото отпрашување со цел намалување на ПМ честичките. Откако ги направија овие измени следеше тестирање на еколошкиот процес и ново мерење на емисиите во присуство на инспектор. Резултатите повторно беа над дозволените граници, информира Петровска.

Инспекторатот за животна средина извршил контролен надзор и предложил казна во износ од 20.000 евра и ја задолжил фабриката „Пејпер Мил“ да врши мерења од акредитирана лабораторија еднаш неделно, бидејќи не смее да ги надминува граничните вредности.

– За да се реши трајно проблемот со ПМ честичките, „Пејпер Мил во рок од два месеца ќе вгради филтер што ќе овозможи ПМ честичките да бидат неколкупати пониски од граничните врендости утврдени со дозволата, посочи Петровска.

Таа соопшти дека во последните 23 дена спроведени се вкупно 124 надзори од кои 28 се вонредни. Издадени се вкупно 47 решенија за отстранување недостатоци, две прекршочни пријави, две забрани за горење отпад, еден записник за порамнување, односно предлози за три казни. Побарана е соработка и постапување од други институции како МВР, МЖСПП, Инспекторатите на градот Скопје и општините.

Во Скопје, како што информира Петровска, при координиран дводневен надзор на околу 40 инсталации во кругот на Железара утврено е дека повеќе инсталации работат без елаборат за заштита на животната средина. Тие биле задолжени во законски рок да ги изработат. Направен е и вонреден вечерен надзор во „Макстил“ со мерења на прашина од страна на централната лабораторија за животна средина што, како што рече, е прва ваква соработка меѓу иституциите. Во текот на оваа недела ќе бидат готови резултатите.

Во Тетово при координиран надзор на повеќе помали загадувачи било откриено горење иверка и остатоци од производство на столарија и мебел за што се изречени две забрани за горење отпад. Петровска информира дека ќе се прават контролни увиди за да се провери дали се почитува забраната и ќе се достави платен налог за глоба ако тоа не се почитува.

– Во делот на управувањето со отпад, ДИЖС утврди сериозни неправилности во елаборатот за заштита на животната средина за третман на медиицински отпад за „Ремондис Медисон“, поранешн „Еко клуб“ од Битола и побара преиспитување на донесеното решение за одобрување од страна на Министерството. Според одобрениот елаборат, оваа фирма треба да третира медицински и друг опасен отпад на Кванташки пазар во Скопје, во непосредна близина на три погони за производство и складирање на храна. Дури и во самиот елаборат се вели дека во објектот каде ќе се третира медицински отпад не смее да се приготвува храна. Ова укажува дека присуство на ваков објект може да има негативно влијание за прехрамбената индустрија, наведе Петровска.

ДИЖС, посочи, изврши надзор и на несоодветно постапување со медицински отпад во кругот на клинички центар во Скопје, наложи местото да се исчисти, го предаде материјалот на судска медицина и достави опомена до сите хируршки клиники.

Во делот на заштитата на водите и природата, таа информира дека бил срушен изграден насип преку река Сатеска за премин на камиони со кој се попречува природниот тек на реката и таа се излевала во околината. По интервенцијата, како што информира, реката Сатеска е вратена во своето корито.

The post Предложена казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“ appeared first on plusinfo.mk.