павел шатев Archives - plusinfo.mk

„ТЕ БАКНУВА ПРВИОТ И ПОСЛЕДЕН ГЕМИЏИЈА“ Орце Поп Јорданов ја минираше Отоманската банка во Солун
„Чувствував дека немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам себеси, туку на делото, кое што беше цел и смисла на мојот живот. Да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата сакана Македонија. Да умрам е за мене врховна повелба на мојата совест. Со мојата смрт ќе им го фрлам на непријателите, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир. Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните.“

Овие возвишени зборови на гемиџијата Орце Поп Јорданов – Орцето се дел од писмото, кое тој ѝ го испратил на неговата сакана Кате пред неговата смрт.

„Сакам и со својата смрт да бидам во полза на делото – ослободувањето на нашата скапа и сакана Македонија“

Орце Поп Јорданов е водачот на славната група на „Гемиџиите“, или „Солунските атентатори“, кој загинува херојски на 30 април 1903, во куќата во која живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници, кои го држеле под опсада. Претходно тој ја минира Отоманската банка во Солун и на 29 април 1903 го активирал динамитот во прокопаниот тунел и ја кренал во воздух Отоманската банка. Потоа фрлал бомби пред хотелот „Салоник“.

Орцето сакал и со својата смрт сакал да биде корисен за револуционерното дело и својата татковина Македонија. Непосредно пред Солунските атентати се осигурил во друштвото Њујорк на 10 илјади франци на име на Симеон Радев. Орцето го замолил Симеон Радев тие пари по неговата смрт да му ги предаде на Борис Сарафов, затоа што тој им дал 10.000 франци на гемиџиите и ги помагал на разни начини.

Во писмото до Радев, тој истакнал:

„Пред неколку месеци се осигурив на 10.000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде исплатена. Сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото за кое живеев, работев и ќе умрам – делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија.“

Солунските атентати се низа бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група од Велес. Целта на овие напади била да се нападне најзначајниот европски град во Османлиското Царство, за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање. Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков.

Не можејќи да го поднесат страдањето на својот народ од турската тиранија, Гемиџиите решаваат да преземат дејства, преку кои ќе го актуелизираат македонското прашање во Европа. Со таа цел решаваат да извршат напади врз објекти на европскиот капитал во Турција, а по можност и да се всеат колку е можно повеќе хаос во Солун преку напади врз државни објекти. Гемиџиите сметале дека на таков начин ќе ја заинтересираат европската јавност за состојбата во Македонија и дека преку нивните поединечни акции ќе ги натераат големите сили да интервенираат во прилог на ослободувањето на нивната

Гемиџиите се стремеле да извршат редица атентати врз железничките линии, турските достоинственици и европските банкарски институции. Преку овие терористички акции се надевале дека ќе предизвикаат интервенција на големите европски сили заради автономија за Македонија.

На 28 април во близина на солунското пристаниште Павел Шатев го потопува со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Бродот бил запален, а патниците сите до еден спасени. Истата вечер Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов поставуваат динамит на железничката пруга Истанбул-Солун и го онеспособуваат возот. И при оваа акција нема жртви, но е предизвикан хаос во железничкиот сообраќај.

На 29 април вечерта и Константин Кирков поставува 2 кг динамит на цевките со гас за осветлување и на водоводните цевки на Солун. Целиот град е во темница и без вода. Во целиот град владее паника, хаос и страв. Десетина минути по изгаснувањето на осветлувањето, врз Отоманската банка се фрлени две бомби, по што Јордан Поп Јорданов – Орцето го активира експлозивот, кој уништува поголем дел од зградата на банката.

Во истото време на повеќе локации во Солун гемиџиите фрлаат бомби: Милан Арсов фрла бомба во летниот театар Алхамбра, Илија Трчков фрла две бомби на главната улица, Димитар Мечев фрла две бомби пред хотелот Египет, Константин Кирков фрла бомба пред Гранд хотелот, а Георги Богданов пред кафеаната Ноја. Владимир Пингов предизвикува пожар кај „Бошњак-ан, а потоа фрла бомба пред вратата на Топхането (турската државна управа), каде што е застрелан од војници.

По овие акции Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби, се самоубиле, за да не бидат фатени од турските власти. На 30 април во борба со турската војска и полиција загинува и Јордан Поп Јорданов. На 1 мај се извршуваат две неуспешни акции. Кирков прави обид да ја крене во воздух солунската телеграфско-поштенска станица, но е убиен од стражарот. Цветко Трајков прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша. Откако не успева, Трајков се самоубива, активирајќи бомба.

Гемиџиите успеваат да ја извршат најголемата терористичка акција на своето време. Нивниот план бил успешно извршен. Сите дипломатски претставници во Солун ги известиле своите влади за солунските настани. Во битка со војската и полицијата се убиени шестмина од гемиџиите: Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков. Уапсени се четворица: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие прво се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Либија).

„Тие скромни безумници се понесоа како симбол на македонскиот хероизам, за да станат првите светци на македонската револуција…“

Во 1923 година Павел Шатев во својот „Осврт по повод Солунските атентати“ запишал: „…великите македонски покојници во Солун беа се заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на Идејата, но не и на славата. Таму, во урнатините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот македонски дух за слобода и благосостојба и копнежите за светли дни. … Од моментот кога Орце го запали фитиљот во Отоманската банка – од тој момент имињата на тие скромни безумници се понесоа како симбол на македонскиот хероизам, на македонската осветеност, одекнаа во сите потајни катчиња на македонската душа, за да станат првите светци на македонската револуција…“

„Македонскиот идеал во лицето на Солунските атентатори беше достигнал врвна кулминација, каква што ретко, дури и никако не се сретнува во историјата… Тешко ќе биде за историчарите да определи кое од двете собитија – Солунските атентати, или Илинденското востание – било позначајно, што било повеличествено: дали примерот на личната бестрашност, или системската подготовка на масите за револуцијата. И ако Илинденското востание донесе едно самоосознание на македонските маси, Солунските атентати се оној поттик, кој што го создава македонскиот идол на револуцијата, на кого ќе му се восхитуваат вековите… Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните македонски поколенија.“ – истакнува Павел Шатев во „Освртот по повод Солунските атентати“.

The post „ТЕ БАКНУВА ПРВИОТ И ПОСЛЕДЕН ГЕМИЏИЈА“ Орце Поп Јорданов ја минираше Отоманската банка во Солун appeared first on plusinfo.mk.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 30 ЈАНУАРИ Во 1951 година умрел Павел Шатев, еден од легендарните солунски атентатори
1649. На англискиот крал Чарлс Први Стјуард, чие авторитарно владетелство предизвикало граѓанска војна, му била отсечена главата врз основа на пресудата на револуционерниот суд. Образложението било дека тој е виновен за предавство – односно водел тајни преговори со Шкотите. Под притисок, тој во 1628 година објавил „Петиција за правата“, гарантирајќи ги правата на Парламентот како и личната слобода на граѓаните, но таа обврска не ја почитувал.

1835. Претседателот на САД Ендрју Џексон го преживеал првиот атентат што бил направен врз шеф на држава во американската историја.

1882. Роден е Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста бил избиран четири пати. Популарноста ја добил со својата политика со која успеал да ја ублажи големата економска криза во земјата. Кога избувнала Втората светска војна застанал на страната на сојузниците, а по влегувањето во војната целиот индустриски потенцијал го потчинил на потребите на војната против силите на Оската. Умрел на 12 април 1945 година.

1889. Австроунгарскиот престолонаследник надвојводата Франц Карл Јозеф Рудолф Хабзбург и неговата 17-годишна љубовница баронката Марија Вечера извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Мајерлинг.

1909. Во Гостивар е роден академикот Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската литература, истакнат македонски научен и културен работник, долгогодишен редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од првите членови на Македонската академија на науките и уметностите. Неговиот научен опус опфаќа повеќе од 1.000 библиографски единици. Умрел во Скопје, на 15 февруари 1984 година.

1927. Роден е шведскиот државник Улоф Палме, шеф на владата и на Социјалдемократската работничка партија. Улоф Палме одлучно се противел на воената интервенција на САД во Виетнам. Од 1980 година ја водел независната меѓународна комисија за унапредување на процесот на разоружување.

1933. Претседателот на Германија фелдмаршалот Паул фон Хинденбург за канцелар го наименувал Адолф Хитлер. Со тоа го отворил патот на нацистичката диктатура и масовни злосторства во Втората светска војна.

1937. Роден е рускиот велемајстор Борис Васиљевич Спаски, светски шаховски првак од 1969 до 1972 годна. Титулата светски првак во шах ја загубил во мечот со велемајсторот Боби Фишер во 1972 година, во Рејкјавик.

1937. Родена е англиската театарска и филмска актерка Ванеса Редгрејв. Филмови: „Морган“, „Морнарот од Гибралтар“, „Исидора Данкин“, „Ѓаволи“, „Марија кралицата на Шкотска“, „Убиство во Ориент експрес“, „Џулија“ (Оскар“, „Агата“, „Вагнер“, „Бостонци“.

1943. Британското воено воздухопловство во Втората светска војна го почнало првото деноноќно бомбардирање на Берлин.

1948.Во Њу Делхи е извршен атентат врз Махатма Ганди, водач на индиското ослободително движење. Ганди, наречен Махатма (големата душа) ги пропагирал ненасилните методи за национално ослободување и поради тоа станал симбол на борбата на народите на Индија за независност. Роден бил на 2 октомври 1869 година.

1948. Умрел американскиот пилот и конструктор на авиони Орвил Рајт, пионер во авијацијата, кој во 1903 година заедно со својот брат Вилбур, со авионот кој тие го направиле, го извеле првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траел 59 секунди, а авионот прелетал 285 метри. Во 1909 година ја основале „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на војската на САД и го испорачале првиот борбен авион „Сигнал Корпс I“.

1951. Во Битола умрел Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори, наречени „гемиџии“, крунски сведок што останал да раскажува за тоа што се случувало во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Бил член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласувањето со повоената политика на СФРЈ, бил отстранет од политичката сцена. Роден е во Кратово, на 15 јули 1882 година.

1964. Во Советскиот Сојуз за првпат во историјата на космонаутиката со една ракета биле лансирани сателити во различни орбити – „Електрон 1“ и „Електрон 2“.

1967. Папата Павле Шести се сретнал со претседателот на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз Николај Подгорни, првиот шеф на советската држава кој го посетил Ватикан.

1972. Пакистан го напуштил Комонвлетот во знак на протест поради одлуката Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд да го признаат Бангладеш (поранешен Источен Пакистан).

1983. Умрел Лав Лозански, еден од основачите на Природноматематичкиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и познат научен работник во областа на физиолошката наука. Роден бил во Полска, во 1911 година.

1996. Како прилог на весникот „Вечер” излегол првиот број на весникот „Занаетчија”, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје – Стопанска комора на Македонија.

2005. Во Ирак биле одржани избори за националното собрание – први слободни избори во последните 50 години.

2007. Во борбите покрај ирачкиот свет град Наџаф биле убиени 236 бунтовници додека преку 500 биле заробени во еден од најжестоките судири од почетокот на американската инвазија врз Ирак во 2003 година.

2007. Во калифорнискиот град Ранчо Мираж, умрел Сидни Шелдон, американски писател, еден од најчитаните автори во светот на сите времиња. Познати му се делата „Се плашиш ли од мракот“, „Гневот на ангелите“, „Господар на играта“ и други. Роден бил во Чикаго, на 11 февруари 1917 година.

2015. На 79-годишна возраст умрел првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев. На 1 август 1990 година Народното собрание го избрало за претседател на Бугарија. Во јануари 1992 година бил реизбран на функцијата на првите директни претседателски избори во Бугарија. Претседателската должност ја извршувал до јануари 1997 година. Тој раководел и со фондацијата „Д-р Жељу Желев“, а бил и коосновач и претседател на Балканскиот политички клуб. Желев е носител на највисокото државно одличје на Бугарија, орденот „Стара Планина“ од прв степен, како и на поголем број академски и државни награди. Желев бил роден на 3 март 1935 година во селото Веселиново кај Шумен.

The post НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 30 ЈАНУАРИ Во 1951 година умрел Павел Шатев, еден од легендарните солунски атентатори appeared first on plusinfo.mk.