пари на клиентите на алта банка Archives - plusinfo.mk

ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ Идните плати, пензии и социјални трансфери ќе им бидат достапни во целосен износ
Воведувањето администрација за Алта банка АД Битола не треба да се поистоветува со стечај или со престанок на работа на банката. Станува збор за законска времена супервизорска мерка чија основна цел е заштита на имотот на банката, нејзината стабилност и интересите на штедачите, истакна во своето воведно обраќање вицегувернерот на Народна банка на Република Македонија (НБРМ), Игор Величковски пред пратениците на надзорната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

Величковски се осврна на ограничувањето на плаќањата и трансакциите на клиентите посочувајќи дека суштинската цел на овие ограничувања е да се спречи неконтролирано одлевање на средствата, да се зачува имотната состојба на банката и да се обезбеди заштита на средствата на штедачите и останатите доверители.

– Истовремено сакам да истакнам дека состојбите во банката континуирано се следат и дека во согласност со создадените услови и процената на ризиците, ограничувањата веќе постепено се олеснуваат. Тоа се спроведува преку постепено зголемување на износот на средствата што граѓаните можат да ги повлекуваат од банката, повторното отворање на експозитурите, како и преку ставање во функција на дигиталните канали на банката за извршување на плаќањата од страна на клиентите. Целта е, од една страна, да им се овозможи на клиентите постепено да ги обноват вообичаените начини на располагање со своите парични средства и да можат да ги извршуваат плаќањата, а од друга страна, да се обезбеди заштита на средствата на сите штедачи и доверители – рече Величковски.

Вицегувернерот Величковски додаде дека НБРМ ќе продолжи да постапува во рамките на своите законски надлежности со јасна определба секоја преземена мерка да биде во функција на заштита на средствата на штедачите и одржување на довербата во банкарскиот систем и неговата стабилност.ззз

За преземените мерки односно воведување администрација во банката, Величковски посочи дека еден од условите за преземање на оваа мерка е постоење на околности што можеле сериозно да ја загрозат стабилноста на банката.

– Оттука, во такви околности, ние водевме сметка при одредување на износот да не ја оценуваме само оправданоста на оваа мерка од аспект на можноста на секој поединечен клиент неограничено да располага со средствата, туку пред сè, од аспект да обезбедиме заштита на сите клиенти на банката, сите штедачи, но секако и доверителите. Овие ограничувања имаат превентивна и заштитна функција. Нивната цел е да спречиме неконтролирано одлевање на средствата и да ја зачуваме имотната состојба на банката сè додека не бидат создадени услови за стабилизирање на состојбата и надминување на причините поради кои е воведена администрацијата. Она што е многу важно и потребно да го нагласиме е дека паричните средства стојат на сметките на клиентите во банката, тие не се одземени. Тие и понатаму стојат на истите сметки, евидентирани се, но само се ограничени можностите за целосно располагање со истите, односно дозволено е делумно располагање со овие средства – вели Величковски.

Вицегувернерот на НБРМ Величковски најави дека за правните лица следните денови ќе ги разгледуваат можностите за евентуални дополнителни олеснувања.

– Во почетната фаза моравме да ги ограничиме одливните плаќања коишто значат пренос на ликвидност од банката кон другите банки, но ги дозволивме интерните трансакции во рамки на банката помеѓу самите правни лица како и помеѓу правните и физичките лица. Свесни сме дека ваквиот приод или ваквата мерка создава одредени тешкотии за компаниите кои Алта банка ја користат како своја матична банка за секојдневно работење. Сепак овие ограничувања, би сакал повторно да нагласам, се привремени и континуирано се преиспитуваат во зависност од развојот на состојбите и процената на ризиците. Во овој контекст, во обид нели во вложување напор постојано да ги реоценуваме состојбите, ние веќе го започнавме процесот на олеснување на овие ограничувања и преземавме конкретни чекори за подобрување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на Алта банка – вели Величковски.

Тој најави дека за физичките лица ќе следат и нови олеснувања.

– Со овие олеснувања за физичките лица ние овозможивме во период од четири недели да можат вкупно да повлечат 60.000 денари. Дополнително, со цел да ги избегнеме непријатностите со коишто се соочуваат клиентите на банката, а тоа е нели во услови кога е ограничено располагањето со средствата, па клиентите бараат решенија да отвораат сметки во други банки, одлучивме сите идни приливи по основ на плати, пензии, социјални трансфери или кои било други трансфери да им бидат достапни на клиентите во целосен износ. Оттука продолживме и со отворање на експозитурите покрај во Битола, како што известивме веќе експозитурите и во Тетово, во Струмица, а од денеска и во Скопје се овозможени не само за подигнување готовина, туку за вршење исплати и други видови исплати. Истовремено имавме потреба да интервенираме во интерните системи на банката со цел да ги овозможиме контролите кај електронското и мобилното банкарство и од неодамна и тие се овозможени со што граѓаните можат покрај вршење плаќање со картички или подигнување готовина и преку електронското и мобилното банкарство да ги користат овие услуги – вели Величковски.

Посочи дека за фирмите од вчера е донесена одлука сите компании коишто во изминатите три месеци на редовна основа исплаќале плати преку Алта банка да можат да извршат плаќање плати за овој месец до своите вработени.

– Од тука би сумирал дека започнавме со внимателен пристап со цел да го сочуваме имотот на банката за да можеме соодветно и да постапиме преку оваа мерка на навремена администрација до нејзиното преземање од потенцијален нов сопственик, но и да балансираме со потребите на граѓаните и компаниите, за да овозможиме извршување на или користење на основните платежни услуги од нивна страна. Оттука, овие ограничувања не е предвидено ниту замислено да бидат трајни, туку се од привремен карактер и ние согласно процената на дневна основа продолжуваме да одлучуваме со кој интензитет би ги олеснувале во следниот период – потенцираше вицегувернерот на НБРМ Величковски.

Пратеникот Љупчо Николовски побара одговори на прашањата дали Народната банка знаела и ги имала пред себе одлуката на Европската централна банка и казната од Австрија пред да ја даде согласноста, како и дали знаеле за влечењето на 390 милиони евра наназад, во еден подолг период.

Пратеникот Тони Јаревски побара појаснување околу законската основа, односно зошто се воведуваат ограничувањата за располагање на средствата на граѓаните компаниите.

Вицегувернерот Величковски истакна дека и претходно кога е издадена дозволата за стекнување на акциите во Стопанска банка Битола, но и подоцна со неговото назначување стручните служби на Народна банка правеле редовни теренски контроли и вонтеренски го следеле работењето на самата банка.

– При што, релевантно е да се спомене дека во рамки на овие контроли биле опфатени процесите со спречување и перење пари имајќи предвид дека користиме во рамки на институцијата повеќе механизми или алатки за да провериме дали одредени трансакции се сомнителни, коишто биле извршувани во овој период од преземањето на Алта банка Белград на Алта банка Битола, односно на Стопанска банка Битола. За износите веќе и објавивме соопштенија и информации до јавноста за тековите на пренос на пари помеѓу двете држави од Алта банка Белград кон Србија и приливите кои доаѓале од Србија кон Македонија, преку овој канал. Истите не се невообичаени од аспект на износи и станува збор за регуларни трансакции на клиентите на Алта банка Битола во однос на наплати за извоз или плаќања по основ на увезени стоки или услуги. Секако банката самата имала интерни процедури и алатки со коишто следела дали одредени трансакции, независно дали се приливи или одливи, отстапуваат од вообичаени износи на плаќања за конкретен субјект кој е клиент на банката и во такви околности не биле поткренати никакви аларми од тој систем дека некои трансакции се сомнителни. Овие трансакции подоцна, со преземањето и со воведувањето на мерката администрација од 1 ноември оваа година, Народна банка и самата ги провери и соодветно извести дека не станува збор за големи износи кои вообичаено би отстапувале од нормалните плаќања – рече Величковски.

Величковски посочи дека скринингот којшто бил направен не покажал дека овој субјект е на листа на санкции.

– Секако, загриженоста и прашањата коишто се отворија во овој контекст од одземањето на дозволата на Алта банка Белград од надлежниот супервизорски орган во Србија ги актуелизира овие прашања и ние секако внимателно ги цениме и реоценуваме. Меѓутоа, во изминатиот период од речиси една година биле преземени сите релевантни постапки во рамки на Народна банка со кои е утврден идентитетот на правното лице кое ја презело Стопанска банка Битола и крајниот сопственик. Дали Народна банка знаела за одлуките на ЕЦП? Секако информациите што се јавно достапни ни стојат на располагање и ги земаме предвид во оцената при носењето на одлуките. Но, она што е многу важно е дека санкционите листи, коишто ги користиме како клучен репер за давање согласност, во ниеден момент не идентификувале загриженост во однос на крајниот сопственик, ниту пак комуникацијата којашто е остварена помеѓу Народна банка на Македонија со Народна банка на Србија и во дополнителен случај и со Централната банка на Црна Гора, имајќи предвид дека групацијата основала платежна институција во Црна Гора; информациите што се разменети со овие надлежни органи не идентификувале каква било загриженост изразена од нивна страна во однос на овој сопственик – рече Величковски.

За трансакциски износи од околу 390 милиони евра, Величковски вели дека тие информации излегоа во изминатиот период и Народна банка соодветно известила дека такви трансакции помеѓу Алта банка Битола и Алта банка Белград не се реализирани од 1 септември минатата година.

The post ПАРИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА БАНКА ИМ СЕ НА СМЕТКИТЕ Идните плати, пензии и социјални трансфери ќе им бидат достапни во целосен износ appeared first on plusinfo.mk.