ѓорги Мисајловски Archives - plusinfo.mk

После шоуто на Лавров, следи ли протерување на руски дипломати од Македонија?
На главниот хирург во Министерството за надворешни работи Османи му падна еден камен од дипломатското срце. Синтагмата „камен“ министерот Османи ја употреби и во контекст на надминување на проблемот околу измените во нашиот порозен Устав, односно апелираше да треба да продолжиме со активностите кон ЕУ, сè додека и последниот камен на тој пат не биде отстранет. Веројатно тој камен е неконструктивната опозиција, која спречува владиниот багер да го расчисти патот кон Брисел.

Министерскиот совет на ОБСЕ во халата несоодветна за вакви настани, заврши успешно – историскиот состанок на долго време виртуелната организација, со која досега претседаваше нашата држава, а уште повлијателната држава Малта од следната година ќе продолжи со спасувањето, додека малтешките витези ќе се обидат оваа непрофитибилна организација. којашто од пропаст со дипломатски бајпас, од клиничка смрт, ја спаси министерот Османи. Со што, со дипломатската вештина, стана рамо до рамо со тукушто упокоениот Хенри Кисинџер.

Успехот на нашиот хирург е дотолку позначаен, поради фактот што пациентот ОБСЕ беше долго време во кома. Сега реанимиран во нашиот главен град, ОБСЕ ќе продолжи со своите редовни активности, на радост на околу 4.000 чиновници.

Најголем наш дипломатски успех е што нашиот итарпејовски протокол успеа на аеродромот Петровец, во ВИП салонот, американскиот државен секретар Блинкен да не се сретне со рускиот министер Лавров, кој со новопечениот министер Камерун, како и со дипломатскиот ветеран Борел, го напуштија Скопје пред состанокот да почне. Сите тројца западни угледни гости успеаја само за миг да се надишат чист воздух, со традиционалното македонско гостопримство. Нивните пораки им ги пренесоа на стресниот наш премиер, харвардовецот Ковачевски и на спасителот на ОБСЕ, министерот Османи, а симболично сугерираа и до своите европски партнери за бојкотирање на министерот Лавров, без чија држава ОБСЕ практично е нефункционално.

Полска, проверен стратешки пријател на САД и воена брана за евентуална нова руска агресија, како и малите балтички држави, секоја од свои причини, едноставно, решија да не дојдат. Бугарската министерка дојде на неколку часови и си замина, несакајќи да седне на иста маса со рускиот министер Лавров.

Нашиот министер Османи, како домаќин, не можеше да си дозволи и најкоректно на една маса поразговара со Лавров и со малтешкиот министер Борг. Овој момент беше најзабележителен и секако за пофалба. Меѓутоа, има многу причини и прашање е на денот кога просториите на ОБСЕ во виенскиот Хофбург ќе добијат нов кираџија, со што ќе се израдуваат министрите за финансии на државите членки на ОБСЕ. За Русија ОБСЕ од поодамна не е приоритет.

Веројатно нашите врвни дипломати, посебно нашите амбасадори во Вашингтон и во Москва, имале информации за тоа што значеше информацијата дека држаниот секретар Блинкен ќе присуствува на состанокот на ОБСЕ, еден ден пред официјално да биде запоќнат и тоа неколку часови. Се разбира дека Блинкен брзаше да го напушти Скопје и да полета за Тел Авив, поради војната во Палестина, што е секако приоритет во однос на состанокот на ОБСЕ. Тука е и потврденото пристигнување на министерот Лавров, кој и покрај аматерските лакрдии на Бугарија околу прелетот на претседателското летало преку нејзината територијата. Причината за недозволување на прелетот наводно била присуството на хубавото момиче Захарова.

Брзо помина времето на нашето претседателствување со ОБСЕ. Поради новата геополитичка архитектура и веќе двегодишната војна во Украина, ОБСЕ мораше да се трансформира, како што своевремено КЕБС ја смени формата во ОБСЕ после падот на комунизмот. Сега министерот Османи ќе има време повеќе да се посвети на зелената партија за интеграција, односно на парламентарните избори, после кои може да ги напушти просториите на белата палата на МНР и можеби да се сконцентрира на претседателските избори. Секако дека нема да се врати во операционата сала.

Претседавањето со една од клучните меѓународни организации е сериозна работа и бара солидна дипломатија. Такви прилики се искористуваат за поентирање. Ние тоа не го направивме и не ни е прв пат. За време на претседавањето со Генералното собрание на ОН, под техничко раководство на наш поранешен министер за надворешни работи, единствено протоколарно бевме ангажирани во спорот со Грција, без значајни иницијативи. Тоа се случи и деновиве во Скопје. На претседавачот на ОБСЕ како и на именуваниот премиер не им текна да прозборат за уцените на Бугарија за измена на нашиот Устав. Со Грција работата одамна е запечатена.

Русија си ја одработи работата. Дојде на Балканот и покрај тоа што нашата габаритна министерка за одбрана, исправена како зелен бор, соопшти дека министерот Лавров нема што да бара на историскиот состанок во Скопје. Ова дипломатска изјава секако е усогласена со Бујар и со Таче. Отпишаниот претседател Пендаровски не се огласи. Но, мудриот Сергеј дојде. Беседеше како чеховљевски старик, седна со актуелниот и со новиот претседавач на ОБСЕ за еден од параваните во ходниците на спортската сала, одржа најдолга конференција за печат и летна назад преку Атина и Истанбул. Целта ја постигна.

Следи протерување на некои руски дипломати. Нашиот амбасадор во Москва секако ќе побара средба со министерот Лавров за резултатите на самитот, ама ќе мора да почека до крајот на својот мандат.

Настанот во Скопје секако заслужуваше посебно внимание. Домаќин кој прави свадба се спрема најмалку една година. Толку време имаше министерот Османи, со помош на специјализирана и за него непозната спонзорска фирма, да се подготви. Покрај добрите монтери на кулиси, имаше и врвни дипломати кои јавно ги пофали, како дипломати од Министерството за здравство, односно самиот себе. Ах тој Фројд од вториот виенски бецирк.

За да се избегне било каков кикс во организација на состанокот на ОБСЕ во Скопје, министерот Османи му го продолжи мандатот на сè уште актуелниот амбасадор на ОБСЕ, а истовремено на време ги отпиша дипломатите кои беа верзирани токму за оваа организација.

Со оглед дека нашата држава останува во Тројката на ОБСЕ и идната година, министерот Османи во улога на спасител на ОБСЕ има најмалку уште половина година да ја подобри својата улога. Ќе има време и да размисли за некои непотребни чекори, како познатото негово лобирање во Мадрид, Шпанија да го признае Косово, како и неговите ламентирања околу решавање на спорот меѓу Белград и Приштина. Во тој контекст настапот на српскиот министер Дачиќ во Скопје делува отрезнувачки.

Нашата држава не успеа политички да поентира. Тоа не се прави на денот на одржување на настаните од карактер како последниов во Скопје. Тоа се прави со соодветно инволвирање на нашата дипломатија (посебно на амбасадорите) во државите членки на ОБСЕ, со нагласокот на скенирање на позициите на Вашингтон и на Москва, клучните столбови на ОБСЕ. Новоиспратените наши амбасадори не влеваат доверба дека нешто позначајно ќе се менува.

Влијателниот т.н. Совет на амбасадори уште не се огласи со изјава за триумфот на македонската дипломатија, а со тоа и својот робусен личен придонес, секако и за одржаниот состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ. Неопходната кохабитација на линија претседател на државата – премиер и министер за надворешни работи изостана. Веќе е споменат случајот со министерката за одбрана околу учеството на министерот Лавров.

На министерот Османи му падна уште еден камен од срцето после успешната дипломатска интервенција во Скопје. Сега ќе има повеќе време да се посвети на домашните партиски обврски, посебно оние околу претстојните парламентарни и претседателски избори. Во меѓувреме, секако нема да ги пропушта да учествува на сите мултилатерални настани во кои прилики ќе има и ан пасан билатерални средби по ходниците, како што пред два дена ги направи претседателот Пендаровски, во Дубаи на Самитот за климатските промени, на кој не забележавме и учество на екологистот Срѓан Керим. Српскиот владетел Вучиќ, пак, барабар со европските државни великани, имаше одвоена среда со претседателот на Обединетите Арапски Емирати.

Од безбедносен аспект, состанокот на ОБСЕ во Скопје помина беспрекорно. Медиумски беше покриен со мека доза на самоцензура. На електронските медиум имаше повеќе експерти отколку учесници од наша страна на состанокот. Профитираа граѓаните, поради неработниот ден на нашата многубројна администрација. Паркинзи колку сакаш, а воздухот незагаден, Едвај чекам еден таков нов настан, овој пат во конгресна сала која може да се изгради, без да се загрози зголемениот буџет, туку би бил изграден со конфискација на имот и со украдените пари во хазардерската игра нагалено наречена корупција.

(Насловот на колумната е редакциски)

The post После шоуто на Лавров, следи ли протерување на руски дипломати од Македонија? appeared first on plusinfo.mk.

It’s about people
За насловот од колумнава подоцна, во секој случај не e авторска, на Chairperson-in-Officе е.

Но, тоа не пречи шефот на нашата прочуена дипломатија да го прогласам за неофицијална „личност на годината“ што ја испративме во незаборав. Во минатата година која содржеше три двојки – симбол на добрината и на настојувањето за постигнување рамнотежа (баланс), тактичност и дуалност, абдоменалниот хирург во функција на шеф на дипломатијата го доживеа своето Периклево златно доба.

Бујар како од школата на Станиславски

За само двеипол години, во Сарафовата палата толку се соживеа со улогата на искусен дипломат, небаре излегол од школата на Станиславски, посебно познат по креирањето на епизодните улоги за амбициозни глумци. Но, тој (Бујар) смета дека на македонскиот театар на  политички и на дипломатски илузии, тој ја игра главната улога. Во тоа му помагаат и неукиот режисер и дипломатскиот кастинг на епизодисти на врвните места во „валканото казалиште”.

Пред да стане министер за надворешни работи на Република Македонија, помина три години во секогаш атрактивното Министерство за здравство, главно наследувајќи ги познатите слабости на претходниците. Помина уште три години како потпретседател на владата (додуша, не прв) за ЕУ интеграции, во сенката на тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, поради  својата желба за целосна домининација во надворешната политика, во која секако спаѓаат и евроатлантските интеграции. Во тој период беше во епизодна улога, а неговиот претходник кулминираше со потпишување на Преспанскиот договор, кој ја отвори вратата за  бугарската дипломатска инвазија кон западниот сосед.

Проверени кадри на Големиот везир од Зајас

По абдикацијата на велесопственикот од Муртино, Големиот везир од Зајас од својата листа на проверени кадри лансира двајца талентирани политичари – едниот, поранешен преведувач на Карла дел Понте, а вториот, секако роден дипломат. Имињата ѝ се познати посебно на т.н. „огнена група“, која бара нивно сменување, со оглед дека им недостасува изборна верификација, традиционален фил за покривање на личните амбиции на  прочуениот Робин Худ, не од Шервудската шума, туку од романтичниот Чаир.

На партискиот самит во Тирана, со сварениот чај од Еди Рама, секако една од темите била и понатамошна интеграција, содржана и во кусото име на најголемата албанска политичка партија. Самопрогласениот месија, а не владин функционер, актуелниот министер за надворешни работи си го додаде овој епитет поради своите силни залагања, посебно за прифаќање на тн. „француски предлог“ и за внесување на потчинетите Бугари во македонскиот Устав.

Се разбира, тој имаше целосно разбирање и поддршка од премиерот и секако, од неговиот прв заменик во неуставното министерство, од кадешто се преливаат и искусни кадри за македонската дипломатија. Улогата на владиниот  балансер беше позната и проверена, додека претседателот Стево Пендаровски брилјираше со контрадикторните изјави.

Во таа ситуација, министерот Османи играше улога на „добро момче“ на еруптивниот Балкан. Ги слушаше пораките од разединетата ЕУ и стратешкиот партнер и нѐ уверуваше дека сме на вистинскиот пат кон конечната цел за која сме сѐ уште на стартната позиција, пред да ја почнеме трката.

И во МНР се водеше грижа за луѓето

Но, да се вратам на насловот изглаголен од страна на актуелниот претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, содржан во синтагмата „се работи за луѓето“. Да, тоа е точно. При составувањето на кабинетот, водеше сметка да се опкружи со искусни дипломати, па негова заменичка е наставничка по англиски јазик (на претходникот Димитров заменик му беше градежен инженер на вејтинг-листата за амбасадор за Белград), а државени секретар – неафирмиран дипломат.  Водеше сметка и за соодветно пополнување на кадри и во Мисијата на ОБСЕ во Виена, па предложи  за заменик во Мисијата лице кое извесно време помина во истражниот затвор во Врање, поради познатата „ерменска афера“.

Водеше сметка и за внатрешната состојба во Министерството, поради која Синдикатот редовно месечно или почесто издава соопштенија. Водеше сметка и за етничко балансирање на дипломтските кадри, па, за малку, и телевизиска  најавувачка ќе заминеше  во Њу Џерси, како генерален конзул. Внимателен e и околу крајниот резултат во истрагата за случајот Онишченко.

Сѐ за луѓето.

Сопаталец со Срѓан Керим

Мотото под кое ќе биде реализирано нашето претседателство со ОБСЕ можеби е предложено од реномираната агенција „Рејтинг“, која ќе го спасува угледот на нашиот непогрешив Протокол. Го позајмила од книгата на извесен  Roger Campbell под наслов  „It’s About People“,  издадена во 2018 година.

Било како било, нашата кандидатура од времето на Димитров беше прифатена малку и поради сличните околности при нашатата полуприватна иницијатива за кандидат за председавач со Генералното собрание на ОН во периодот 2007-2008 година (немаше кандидати од тн. „источна група“). Македонија лани беше во Тројката на ОБСЕ, а од јануари и претседава. Таква е процедурата.

Министерот Османи секако е инспириран од поранешниот МНР, со најкус рок ( само 100 дена), сопаталецот Срѓан Керим, по неговата позната изрека (за Косово): „Ние (Македонија) не сме дел од проблемот,  туку дел од решението“. Затоа Османи дава слична изјава, дека од „конзумент на услугите на ОБСЕ, станавме претседавачи на оганизацијата“.

Претенциозно, дури и за еден амбициозен министер

Целата мината година посочував дека претседавањето со ОБСЕ е наша голема шанса да покажеме и креативност во надворешната политика, а не да бидеме единствено полигон на кој слетуваат пожарникари од светот да нѐ убедуваат дека сме на прав пат, што ние, пак, го цениме како доказ за нашата државотворна зрелост и политичка самостојност. Министерот Османи, небаре кариерен дипломат со меѓународно искуство, ја убедува нашата јавност дека сме зрели нашето искуство во созревањето на мултиетничката функционална демократија, мултиетничките односи, културата на дијалог, да го пренесеме во регионот на ОБСЕ, преку претседавањето  со ОБСЕ?!

Претенциозно, дури и за еден амбициозен министер. Не станува збор за пренесување на никакви искуства, се работи за дипломатска креација во време-невреме, кога двата столба на организацијата (САД и Русија) се на најниско ниво на односите, а ЕУ варира  како нишалото на Фуко, од енергетската зависност од Русија до понизноста во однос на  најголемиот партнер во НАТО. Тоа што ние испорачуваме на меѓународнота сцена е само стартер во меѓународната политичка кујна. Резултатите ќе се видат подоцна.

Но, едно е сигурно: претседавањето нѐ затекна ем неспремни, ем во еден од најтешките  мигови на меѓународната сцена, вклучувајќи ја и војната во Украина.

Необјавени приоритети, неконсултирани институции

На Полска, иако голема европска држава, во надворешната политика практично подредена на САД, за време на нејзиното претседавање, и покрај нејзините амбиции, не ѝ успеа да го оствари најголемиот приоритет. Напротив, практично ги заледи дипломатските односи со Русија, како впрочем и ние. Нашиот амбасадор во Министерството на Садовоје каљцо нема да биде уважуван гостин.

Креативно е што министерот Османи, прво ќе го посети Киев, а претходно во Виена во Хофбург ќе ги презентира нашите приоритети на претседавањето, а потем ќе се напие кафе во познатиот ресторан на Ана Гасе. Подготовката за претседавање со ОБСЕ подразбираше и соодветни активности на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, а ние имавме и сѐ уште имаме кадровски и на највисок ранг непололнети амбасади и тоа во клучните држави, вклучувајќи ги Русија и Украина.

Не забелажав некои  подетални консултации на пошироката јавност, инволвирани институции и министерства, посебно во Собранието, за прашањата на приоритетите. Не се проблем возилата за странските гости коишто треба да се спонзорираат, па спонзорите потоа да барат победи на тендери. Не се проблем просториите за  одржување на завршниот министерски совет. Проблемот е  во тоа дали нашите сѐ уште целосно необјавени приоритети ја поминале вообичаената процедура на консултации, посебно во Собранието.

Националните интереси на Македонија нема да бидат приоритет?

Претенциозно е од министерот Османи да потенцира некаква доверба на 57 држави членки на ОБСЕ во Македонија. Не е тоа во прашање. Во прашање е рејтингот на ОБСЕ, а и рејтингот на нашата дипломатија, како  на држава во која партиските поглавици и нивните вазали се прогласуваат за мисионери.

Ние претходната година, како членка на „Тројката“, недоволно ја искористивме за проекција на дефанзивната дипломатска политика која може да заврши со промена и на Уставот, поради барање на трета држава членка на ЕУ и со поддршка на останатите членки на ЕУ. Такво нешто не е баш во склад со прокламираното мото од насловот на колумната.

Се заборава дека ние не ја предводиме одамна девастираната организација за безбедност и соработка, туку само раководиме една година, на наше барање. Верувам дека на нашето прво презентирање во Виена, за неколку дена, министерот Османи ќе има избалансиран приод кон приоритетите и акцент ќе даде и на националните  (Република Македонија). Наводно од инсајдерите, имало и негови инструкции до МНР Мултилатералата во сопствена куќа и до Мисијата на ОБСЕ во Виена, да немаат никаква врска со ова прашање. Доколку е ова точно, доаѓаат во прашање кост-бенефит ефектите. на претседавањето. Секако, професионално и оперативно се најзначајни секојдневните  активностите на Постојаниот совет, во чиј состав не влезе и еден  одличен познавач на ОБСЕ, поранешниот амбасадор Зеколи.

Она што речиси е извесно е дека министерот Османи секако ќе ја искориста својата функција за своја натамошна политичка афирмација, до редовните парламентарни и претседателски избори во 2024 година. Германците  би рекле „Der kommende Mann“, Herr  D-r  Osmani.Така мисли и Али.

The post It’s about people appeared first on plusinfo.mk.

Џокејот и коњите
Остап Бендер, алијас  Олександар Онишченко, ненадејно се појави во Северна Република Македонија, да си го подигне толку бараниот  македонски пасош. Со себе не ги доведе и коњите, верувајќи дека кај нас има достатoчно добри коњи за унапредување на коњичкиот спорт. Ако треба, од неговата ергела можеме и да рентираме коњ.

Македонскиот пасош стана ценет. Тоа го намирисаа и белосветските измамници. Но, неговата цел не беше измамнички собирање на пари за неговиот пат во Латинска Америка, како во романот на руските писатели Иљф и Петров, „Златно теле“. Целта секако им е позната на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнување, клучните институции за проверка за давање на државјанства и патни исправи.

Владата, на затворена седница, пред два дена, донесе одлука за одземање на државјанството и на македонскит пасош на разузнзвачот Онишченко. Пред половина година, пак, на отворена седница, му го додели, со претходна согласност на наште  релевантни безбедоносни структури. Со тоа се чини дека аферата е завршена по скратената постапка, со европско знаменце. Последиците – не се.

Меѓународното искуство на Абази може да биде од помош

Вистинскиот Остап Бендер, односно прототипот на јунакот  на руските писатели, живеел во Одеса  под името Осип Шор, за кого и ден денес има многу паметници во цела Украина. Сегашниот негов клон, џокејот Онишченко, го бараат за да му направат портрет за склуптурата, која потоа во бронза ќе беше излиена и поставена можеби и кај нас, доколку 53-годишниот Узбекистанец нѐ претставуваше  на  Олимпијада што ќе се одржи во Париз во 2024 година.

Сега ќе го прескокнам – во манирот на скокачот (show jumping rider) Онишченко – делот кој се однесува на неговата спортска кариера и на нашето досегашно учество на олимпијадите (од 1992 година), за да го анализирам последниот политичко-безбедносен скандал предизвикан со издавање македонски пасош  на универзалниот скакач во повеќе дисциплини.

Било како било, олигархот, филантропот и олимпиец Онишченко ги прескокна сите административни пречки на патот до македонскиот пасош. Коњичката федерација на РСМ имала најдобри намери, кога предложила да се зголеми бројот на наши учесници на следните Олимписки игри. На нив секако им била позната спортската кариера на Онишченко, а веќе кај нас постоела практика истакнати спортисти од странство да добиваат македонско државјанство да  ги бранат боите на РСМ.

Разузнавачот и олигарх Онишченко имал „филантропски“ мотиви, кои нашите споменати безбедоносни структури (познати и како тајни служби) требало да ги „дијагностицираат“ преку соодветните познати методи. Државјанство му е издадено пред повеќе од половина година, а аферата можеби никогаш не би била обелоденета, да не постоел  непознат разузнавачки инсајдер, кого обично истражувачките новинари го  користат како извор на информации. Објавувањето на аферата коинцидира и со претстојниот избор на нов директор на АНБ, позиција атрактивна за секоја влада и која традицонално ја раководи личност на највлијателна коалициска партија, во сегашната ситуација реформираните екологисти. Секако, кандидати има и во најголемата коалициска партија.

Било каков епилог за инволвираноста на модерниот Остап Бендер во најмладата држава членка на НАТО, голема штета е што при утврдувањето на пропустите направени во процедурата за добивање државјанство на Онишченко, не може да  помогне и новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази, со своето познато меѓународно искуство и високиот рејтинг во нашето правосудство, што било клучен момент при неговиот избор.

Чувствителен момент

Нашите безбедонсни структури имале доволно време детално да ги преземат сите потребни мерки за проверка, а за тоа располагаат и со соодветни алатки и со логистичка помош од своите странски партнери. Протераниот Украинец, човек на црната листа на  САД, своевремено близок до прорускиот украински претседател Јанукович, човек безбедносно и воено едуциран во соодветните структури во Русија, со руска патна исправа, секако е човек кој не игра само на една карта, односно не е поврзан  само со една странска безбедоносна служба. Лесно се протнал кај нас и добил државјанство, секако не поради своето филантропство, односно поради желбата да и помогне на РСМ во нејзината спортска афирмација.

Аферата „Онишченко“ дојде во многу чувствителен момент. Скринингот кој е сеопфатен и е во тек е круцијален доказ дека веќе преговараме со ЕУ. Владата бара спас во прием на нови партии во коалицијата, за да се осигура мнозинство во парламентот за  претстојното гласање за дополнување на  преамбулата на Уставот, со вметнување и на Бугарите, што е услов за отпочнување на преговорите со ЕУ. Тука се и постојано барање предвремени избори, кои нема ништо суштински  да променат, економската и социјалната беда, цветањето на корупцијата и колапсот на правосудтвото.

Се забележува и зголеменото ангажирање на американската администрација во скротувањето на политичките  јастреби во Приштина и во Белград, посебно одкако амбасадорот Хил се врати како амбасадор во Белград, а претходно ја вршел таа функција во Скопје и во Тирана, бил и специјален пратеник на САД за Косово во клучниот период 1998-1999, елитен дипломат. Поради овој факт, многу е значајно кој ќе биде наш иден амбасадор во Белград, човек од доверба со кого искусниот преговарач, амбасадорот Хил, би имал достоен соговорник. Се разбира дека  американските амбасадори од Калето од висина ги следат настаните во РСМ, во последно време посебно и во оние партии во чии одаи со години се вее американското знаме.

Расплетување на аферата „Онишченко“ започна неславно во нашиот т.н. парламент, со јутјуб- афера, поради што спикерот Џафери ја прекина расправата до пронаоѓањето на организаторот на кибер-нападот, со цел таков пропуст (јавен пренос) повеќе да не се повтори. Владата тоа не можеше да го чека, па шефот на АНБ на затворена седница информираше за спроведената процедура и за пропустите направени со доделувањето на државјанство на Онишченко, по што владата заклучила дека му се одзема државјанството и пасошот на Украинецот со узбекистанко потекло.

Епилогот за безбедносните пропусти на народот не му се важни. Тој на тоа веќе е навикнат. Кој ќе оди курбан – и тоа не е важно. Ништо нема да се промени. Намалена е довербата на НАТО во нашите безбедоносни структури, поради што помошникот Генерален секретар на НАТО, задолжен за  безбедност и разузнавање, побрза да не посети со јасни пораки, што ние, пак, го разбравме како потврда на нашиот партнерски однос со НАТО.

Што ни порача помошникот генсек на ОН за безбедност?

Дали Остап Бендер ќе јаваше за РСМ на Олимпијадата во Париз и со кој  коњ – и тоа не е важно. И медалот не е важен. Важно е само да се учествува. Од 1992 година, од кога нашите спортисти настапуват под нашето знаме, сме освоиле само два медала, една од борачот од Дагестан. Праксата на ангажирање странски спортисти и давање државјанство не е некоја новина, доколку се почитува процедурата.

Не е новина и поранешни припадници на безбедоносните структури да станат високо рангирани дипломати, а потоа да се вратат во својата поранешна структура. Такви личности сум среќавал во значајни европски дипломатски метрополи. Ваква практика е корисна, доколку  се користи институционално. Некои наши соседни држави речиси редовно испраќаа амбасадори кај нас од безбедоносните структури. И ние ја користивме таа можност. Таквите личности имат двостран професионализам, како истакнати дипломати и како искусни разузнавачи, што само им овозможува нивните проценки да бидат валидни и сеопфатни. Со тоа поради нивните широки хоризонти на ангажираност, расте и нивната одговорност во раководењето на институциите.

Во таа смисла би требало  да постои и институализирана соработка со Министерството за надворешни работи. Откако сме  членка на НАТО, прашањето на соработка во областа на безбедноста и разузнавањето доби на значење. Главната НАТО квартира во Брисел е посебно заинтересирана  за таа соработка.

Не случајно деновиве во посета  на РСМ дојде и помошникот Генерален секретар на НАТО, Дејвид Катлер, непосредно после откривањето на аферата „Онишченко“. Тој имаше средба и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, не без причина. Високиот функционер на  НАТО имал што да ѝ порача на нашата страна. Впрочем, во делегацијата на нашата држава при НАТО во Брисел, покрај останатите, има и наши дипломати. Тука доаѓаме до врската меѓу дипломатијата и безбедоноста на државата, во контекст на ангажирање на џокејот од Ростов на Дон, како помош во развојот на запоставениот ни коњички спорт.

Безбедносно инфериорна дипломатија

Безбедноста на државата е и значаен дел на ангажирањето на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во светот, а безбедносна култура на нашите дипломати во државата им овозможува полесно справување со дипломатските ајкули кои се соговорници на нашите дипломати, не само во странство, туку и овде. Ние сме безбедоносно инфериорни дипломатски соговорници. Во организационата структура на нашето МНР оваа област е занемарена, па имавме случаи на компромитзции (во Австралија, во Ерменија, исчезнувањето на поранешниот државен секретар и потоа амбасадор во Полска).

И аферата „Онишченко“ ќе нанесе штета не само на нашиот рејтинг во НАТО, туку и пошироко. Нашите проверки на контраверзниот олигарх требало да ги опфатат и нашите ДКП-а, посебно во Киев, Берлин, Москва,Вашингтон и во Мадрид, центри во кои претстојувал Онишченко во својата остабендеровска авантура. Можеби со тоа би им помогнале на АНБ, па и на Агенцијата за разузнавање, како и на Владата, да донесе одлука за (не)доделување на македонско државјанство на џокејот. Се разбира, за такви информации треба да имаме обучени дипломати, при што рејтингот на амбасадорот во државата на приемот е пресуден.

Едноставно, во таа насока нашата дипломатија не размислува. Е сега веќе мора. Нѐ примија во НАТО и се радуваме и на приемот во ЕУ, која има не само усогласена надворешна политика, туку и безбедоносна.

Некој морал да научи дека вистинското име на најновиот странец кој добил македонско државанство е Олександар Раџхабович Кадиров. Со новото презиме, типично Украинско, Онишченко покажал испробан идентитетски марифетлук. Роден е во областа во која преовладува руското население, во близина на Азовското Море, некогашна територија на Хазарите  и територија  која и на Евреите не им е непозната. Хазарите одамна исчезнале. Се претопијлеа нивната ДНК длабоко е присутна и во сегашните народи околу Азовското Море.

Дали и македонскиот пасош ќе исчезне од цврстите раце на пензионираниот џокеј?

Она што не смееше да исчезне е нашата безбедоносна будност, како гарант на наша независност. Безбедоносните структури треба да бидат и официјално деполитизирани. Тоа е тешко. Но мора, бидејќи безбедноста е од заеднички интерес на сите граѓани на оваа безбедносно ранлива држава.

The post Џокејот и коњите appeared first on plusinfo.mk.

Бунар дипломатијата на Бујар Османи
Светското првенство во фудбал само што не започнало. Нас секако нè нема. И нема да нè има.

Се потсетив на една синтагма од детството, кога играв фудбал во помладокот на еден од најпознатите тимови на тогашната ни држава. Таа гласаше: доколку сакаш да го исплаткаш соиграчот, додај му топка како да ја фрлаш во бунар, што во превод значи – топката нема да ја стигнеш, или доколку ја стигнеш, ќе биде неупотреблива, значи изгубена. Тоа беше модел на елиминација на некој фудбалски гуштер, обично провинцијалец, кого градските играчи не сакаа да го примат во својата средина.

Инвалидизирани дипломатија

Така е и со нашата дипломатија – од почеток инвалидизирана, како да има две леви нозе, се сопира, паѓа, бара од корумпираните судии на меѓународната заедница слободни удари кои никогаш не ги искористува.

Сите наши проблеми, од осамостојувањето до денес, во најголема мера се резултат на нашата некадарна дипломатија, која, повеќе пати сум напишал, не може самостојно да реши ниту еден проблем. Може единствено да ги комплицира, на сопствена штета.

Системот е така поставен. Пасовите добивани од меѓународна заедница завршуваа во бунар. Тие пасови за нас беа некорисни. Противниците успешно ги блокираа нашите јалови напори. Ние за тоа меко и замеравме на меѓународната заедница, со молитвена флоксула, дека Европа без нас не ја личи, дека ние ќе ја обогатиме цивилизациски и духовно ЕУ, ама некој постојано нè сопнува, но дека Господ еден ден ќе се смилува и ние конечно ќе влеземе и во ЕУ.

Се разбира дека молитвите понекогаш се остваруваат, доколку не се променат околностите. Функционирањето на ЕУ не е совршено и не е бесконечно, бесконечни се нашите надежи. Така беше од почетокот со приемот на Република Макдонија во ОН, па до ден денес.

Со бутањето на Бугарите во нашиот Устав, кој во преамбулата ќе заличи на телефонски именик на народите кои живеат во (сега) Република Северна Македонија, што е услов да застанеме на стартната линија – пред тоа губејќи го уставното име (нема таков случај во дипломатијата) и со нарушениот идентитет, за кој не се се заинтересирани само големите играчи на меѓународната сцена, туку и добрите соседи, а и доволно домашни прикриени сеирџии во процесот на распаѓање на македонскиот национален хабитус. Ниту една дипломатска акција, поттикната или аминувана од меѓународната заедница, не е завршена во наша полза. Нашите актери главно не ги разбираа краткорочните и долгорочни стратегии спрема регионот, ниту пак учеа.

Сервилност спрема спахиите

Карактеристично е дека сите наши без критериуми избирани политички спахии, кои не разбираа што е тоа дипломатија – претседатели, премиери и министри за надворешни работи – секогаш нагласуваа дека имаме врвна дипломатија. Аргументи немаа, а критериуми за успех бес нивна сервилност спрема спахиите кои ги испратија да ја претставуваат нашата држава. Тоа денес го прави докторот на чело на МНР, Бујар Османи.

Несудениот муртински нобеловец не пропушташе прилика да ја пофали нашата дипломатија, заборавајќи дека токму таа дипломатија, во преголемата негова желба да биде новиот месија, во дипломатскиот аранжман на Н. Димитров, со познатото либрето и сценографија на драмата во Нивици, всушност беше добро спакуван дипломатски дебакл, кој предизвика и нови дипломатски порази, кои ние ги величаме со некаков започнат скрининг, додека магнетната резонанца на нашето заболено државно ткиво никако да ја направиме.

Тешко заболени, глумиме лажен оптимизам, само спахиите да останат на стекнатите поседи. Не само политички.

Ниту еден наш министер за надворешни работи не водеше сметка за институцијата за надворешни работи. Никој не поднесе никаква политичка или морална одговорност за своите гафови, макар што за тоа имаше сериозни причини. Зошто актуелниот би го правел тоа? Ништо не менува, само додава нови недипломатски апсурдни методи во објаснувањето на нашата Гандиевска тактика на неиритирање на двете соседни држави со кои потпишавме спорни договори. Бидејки тоа не било во наша полза, а меѓународната заедница тоа ќе го есапело како наша дипломатска конструктивност, со што го зголемуваме нашиот рејтинг на меѓународен план.

Во меѓувреме губиме на сите полиња, а посебно индиректно ја потхрануваме федерализацијата на нашата држава, што на соседите им одговара. А големите играчи, како секoгаш, ќе се нагодат околу поделба на пленот.

Министрите за надворешни работи секогаш мора да внимаваат надворешната политика да биде усогласена со националното единство и посебно да не даваат изјави во трети држави за време на билатерални средби, за чувствителните прашања, за да се додворат на меѓународна заедница. Ефектите се никакви, а компромитација дома е недоволно анализирана, или од министерот скриена во провидна обланда – наводно како борба за сочувување на загрозениот македонски национален идентитет.

„Великодушниот“ месија Османи

Имаме министер за надворешни работи кој е лекар по професија. Речиси две и пол години. На нашата дипломатија и е потребен лекар, ама специјалист за една друга област, а не шеф на институцијата за крерирање и водење надворешна политика. Нашиот министер Османи изјави дека тој не е владин функционер, туку месија, не наведувајќи кој му е пророкот кој му ги предал артефактите за спроведување на месијанството и која е основната цел. Веројатно тој си мисли – ако можеше Димитров со несудениот нобеловец Заев, да нè внесе во НАТО, можам и јас, со поддршка на Али Баба, идеен татко на сега реформираните екологисти, да ја воведам нашата држава во ЕУ.

Логистичка поддршка му е првиот заменик премиер, шеф на најпознатиот владин ресор, поранешниот преведувач на Карла дел Понте.

Името на нашиот сегашен министер, Бујар, значи “великодушен”, именка изведена од синоними со значење на широкоградост, дарежливост, несебичност, галантност, милосрдност, толеранција и племенитост. Особини секако за почитување, но многу ретко користени во дипломатијата. Тие се пред сè резултат на слабост и не се многу ценети во меѓународните односи. Тие проектират домицилна слабост во било кој облик на дипломатско надмудрување. Противниците тоа го користат.

Понудениот бугарски предлог, наречен нагалено француски, прифатен од нашиот “харвардски” студент (за разлика од вистинскиот студент на Харвард, бугарскиот премиер К.Петков), ние го проголтавме великодушно како желе бонбона. Не ни застана во грло. Дообјаснувањата на ЕУ админинистрацијатс, дека потегот е направен во вистински “моментум”, ние го оценивме како резулттат на нашата толеранција, толку потребна во ова време и го славиме како историски успех. Ги прифативме великодушно студиозно подготвуваните бугарски “добри намери”, усогласувани и со грчките. Таканаречени француски предлог е победа на бугарската дипломатија, а наш тежок дипломатски Ватерло.

Чуму таква широкоградост?

Терминот “великодушност” треба длабински да се анализира. Толеранција не значи потчинетост. Толеранцијата функционира ако е обострана, ако не, тоа е вовед во тиранија. Бујар Османи великодушно ја посетува мудрата Софија, не само во функција на прв македонски дипломат. Од Софија, за време на последната официјална посета, најави идеја во разговорот со бугарскиот министер Н.Милков, ветувајќи дека на нашата влада ќе и предложи (зошто тоа не го направил пред усвојување на законот?) да побара мислење на Венецијанската комисија, во врска со нашиот усвоен закон за здруженија и фондации, со цел да се утврди дали навистина во него има нешто спорно. Со тоа ние покажуваме непотребна милосрдност (синоним на добродушност) спрема бугарските ставови околу имињата на нивните клубови. Во сите во светот реафирмација на фашизмот, а забранета со закони, а во некои држави и со уставите.

Чуму таква широкоградост? Недипломатски е таа идеја (веројатно усогласена кај нас) да се лансира за време на официјална посета, во која Бујар Османи се сретна и со функционери на политичките партии во Бугарија, практика кој впрочем прв ја воведе упокоениот Арбен Џафери за време на првата посета на Софија (пред четврт век), во функција на лидер на партија.

Милосрдниот Бујар Османи е задоволен од тоа како ние досега сме се поставиле во односите со Бугарија и со неговите заслуги за зачувување на македонскиот идентитет, во тој контекст и на македонскиот јазик. Тој би сакал и македонските политичари идентично да се ангажираат околу афирмација на албанскиот јазик. Човекот укажува дека “министерствата за надворешни работи треба да ја предводат соработката меѓу двете држави и не смее да се дозволи некој друг да ја води надворешната политика и во неа да наложува друг дневен ред”. Во ова реченица сè би било во ред, доколку терминот “некој друг” беше попрецизно дефиниран.

Месијанството на нашиот министер е секако племенито и визионерско. Тој нè просветлува дека никогаш нашава држава не ја посетувале толку еминентни европски државници, подржувајќи ги нашите досегашни видни успеси. Доколку ги прифатиме бугарските услови, патот кон Брисел не само што е отворен туку е определена и сатницата, лажно статистички ена осум години, колку што е просекот за приемот на досегашните членки на ЕУ, после падот на комунизмот.

Заборава Бујар Османи да каже дека многубројните посети на европските бирократи не се резултат на нашите дипломатски успеси, туку се поради нашата позната немоќ самите да решаваме не само прашања на меѓународен план, туку и за внатрешните состојби. Тоа треба да нè освести. Патот е долг и неизвесен.

Девастирано министерство

На тој пат, министерот Османи се соочува и со многу опоненти. Раководи со девастирано министерство (бетер од она со кое своевремено раководеше, посебно поради кадровскиот потенцијал). Проблем му прават и многубројните афери во неговиот ресор, кои се заташкуваат.

Заборавивме на онаа авантура на нашите дипломати во Ерменија. Аферажите со издавањето лажни пасоши, вклучувајќи ја и последната со украинаскиот олигарх, не е само пропуст на нашите безбедоносни структури, туку и на самото МНР. Па ние имаме амбасади во Киев, во Москва и во Вашингтон, кои, верувам, не биле консултирани при издавање на патната исправа на Онишченко. А и да биле известени, не би испратиле ништо повеќе од она што би го откриле информирајќи се од “чичко Гугл”, пренесувајќи ја информацијата со измислен извор.

За две години направени се осум дипломатски грешки со замена на знамињата на државите на странските гости.

При гласањата во меѓународните форуми, не треба да заборавиме дека покрај изјаснувањата “за” или “против”, има и трета можност, а тоа е воздржувањето, што може да се изведе во повеќе варијанти. Не треба да се истрчуваме во додворувањата на Брисел (ЕУ, НАТО) како со реакцијата за сеуште ракетите паднати на украинско-полската граница, за кои се мислеше дека се лансирани од Русија, а потоа излезе нешто сосема друго.

Посебен проблем на толерантниот ни министер се амбасадорите. Несудениот за Москва од лани чека да одлета, ама поради војната во Украина одлучивме да остане дома. Остана како шеф на нашиот прочуен протокол. Сега е на пат да одлета за Москва, макар што ништо во нашите односи со Москва не е променето. Се разбира, амбасадорот не е виновен. Знае што го чека во стаљинистичка зградурина на Садовоје каљцо. Нешто слично може да се случи и на амбасадорот кој има чекиран лет за Париз, поради аферата Онишченко.

Османи мора да мисли и на Рама и на Курти

Нашата дипломатија во наредниот период, покрај бугарскиот јазол, ја очекува претседавањето со ОБСЕ, во период на нарушени односи меѓу Русија и САД, како и продолжување на интеграциските процеси на Западниот Балкан, во кои доминираат проектот на ЕУ познат како “Берлински процес” и задоцнетиот осакатен проект “Отворен Балкан” или порано познат како Мини Шенген. Двата процеса одат паралелно, во некоја рака се конкурентски, но не сопарнички.

Широкоградиот Бујар Османи е во деликатна ситуација, поради тоа што покрај за државата чијшто министер за надворешни работи е, мора да води сметка и за позицијата на албанскиот премиер Е. Рама, како и за косовскиот премиер A. Курти. Српскиот претседател-премиер, А.Вучиќ, со последното неучество на самитот на државите членки на Берлинскиот процес одржан во Берлин, покажа што му е приритетот. Бујар Османи треба да се радува доколку вгодина помалку челници на ЕУ ја посетуваат нашата земја, што ќе биде во полза на нашиот меѓународен рејтинг, а со тоа и за релаксирање на нашата изморена дипломатија.

The post Бунар дипломатијата на Бујар Османи appeared first on plusinfo.mk.