онлајн медиуми Archives - plusinfo.mk

Заробени до болка умови
Просто е неверојатно како кај нас сѐ може да се постави наопаку, наглава, дури и најнормалните нешта што инаку функционираат кај сите други – да не речам нормални – кај нас одамна тиштат како здодевна забоболка. Дури и нормалноста на насловот на колумната на Виктор Грозданов дека „Индустријата носи пари, а политикантството ’трачарење’“ кај нас е обратна: „трачарењето“ носи пари а индустријата никој не ја ферма! Очигледно ние не сме ни свесни какви пари „се вртат“ во државава кога толкава полуписмена толпа самонаречени интелектуалци може удобно да живее токму од – „трачарење“.

Само треба да добијат шлагворт, актуелен рефрен, и хорот на трачерите да започне да завива. Еднаш тоа се евроинтеграциите, па „Safe City“ (уште од кога се спомна како можност), па екстрадицијата на пребегон од Будимпешта, па (нормално) Делчев, сега вриежот на границите кон Грција… Ако пак почнете да бележите што ни помина прекуглава во изминативе две години, ќе треба поприлично простор. И нерви.

Но, интересно е како темите само се отвораат, се „пумпаат“, и потоа – штама. Нема завршница зашто биле токму напумпани – на пример онаа со бајатите изјави на земјоделецон од Виена на кои се налепи цела „опозиција“, а веднаш ја „заборавија“ кога нештата ги појасни самиот Вајц.

Впрочем, како прилог кон сето ова го гледам и енормниот наплив на онлајн медиуми, поткасти и др., од коишто најголемиот број служат токму за – „трачарење“. А тоа, трачарењето, во најголем процент се сведува на непријатни, непристојни, неточни или полувистинити… напади врз актуелната власт. Иако останува ноторниот факт дека најголемиот дел од нив – ако не баш сите – зрачат со завист завиткана во светликавата хартија на тенденциите за „високоумно“, а најчесто високопарно и тесноумно (да не речам малоумно!) политичко – поточно политикантско! – мудрување. Или „трачарење“, како сакате.

На пример, и по којзнае кој пат настрвени да го дефамираат „безбеден град“ бидејќи тие од крадење не стигнаа ништо да направат, опозицискана секта сега сака да нѐ убеди дека добивањето лажни пораки за наводни прекршоци како „нова голема измама преку системот што владата го промовираше како ’безбеден’“ е нешто невидено. И, демек, поентираат дека власта не може да ги заштити податоците и системот од надворешни напади и измами. Типично трачарење од група слепци кои не успеаа да го заштитат ни својот премиер од хакерски упад на двајцана украинци кои го направија резил пред светот! Најзаштитените системи во светот, меѓу нив на нато (малите букви се…), на тајни служби, на огромни корпорации и банки… биле пробивани низ такви упади, та сега „безбеден град“ бил некаков страшен исклучок! Примитивни блефери.

Како што впрочем е и користењето на актуелната состојба со почетокот на летните метежи на границите кон туристичките дестинации благодарејќи на „мудрата“ (EES) политика на еу за, како што вели еден „трачер“, „контрола на сопствените граници“! И можеби тоа е навистина (и) тоа – „контрола на сопствените граници“ – но замислете сега и ние да воведеме сличен систем па сите патници од земјите од еу на нашите граници да минуваат низ таков систем на „контрола на сопствените граници“. Можете да претпоставите што би пишувале овие и вакви трачери, како би врескале по власта и со какви имиња би ги нарекувале?

А сепак, зарем тоа не би била некаква форма на доследност кон еу политките и, како што вели трачерот, борба за „европската реалност“ и „владеење на правото“?! А оној од сектана му терцира дека повикот за летување дома е повик за изолација а не е причина системот што им го воведува љубимата еу. Или слепциве навистина ли мислат дека EES е наметнат од Мицковски и Вучиќ?!

За жал, тие и такви зборови, како впрочем и поимањето на демократијата, кај нас (им) служат само за „премерување на дворот“ на другиот. Зашто, на пример, како е можно ниеден, ниту еден од силниве демократи и оние „загрижени“ универзитетски „професори“ стегнати во идеолошкото менгеме на глупоста да не кажат ни збор за начинот на избор на старо-новата ректорка на уким (малите букви, особено после тоа, се реален одраз на академската свест на таа фела таму!)? Во изминативе три децении повеќе од половина универзитет се тркалаше низ највисоките функции во државава продавајќи ни некакво слово за демократијата, ама кај нив дома тие прават избори со некакви математички формули! И не победува оној со најмногу гласови туку со – најмногу поени. Собирани којзнае каде, можеби низ ходниците на факултетите? А после цела држава се чуди зошто ваквите шапшали ги нема на Шангајската листа!

Впрочем, нивната свест за демократија е еднаква како и онаа за автократија, која што ја гледаат само кај другиот, но не и во нивното идеолошко трло. Токму овие заробени трачерски умови ниту еднаш не напишале збор за партиската суроица во рацете на нивниот врховен газда, за власта што тој ја има и дебело ја практикува во сите пори на нивната партија. Меѓу другото, кога веќе говорат за тенденцијата за автократско владеење кај сите други во државава, навистина ли забораваат на султанскиот тип на хиерархија во нивното идеолошко трло, каде „лидеро“ дури именува и разрешува претседатели на општинските организации и претседател на градската организација на Град Скопје? Ама сепак, во интерес на „демократската“ маска, распишуваат отворен повик за самокандидирање за претседатели на општински организации?

Или, како истиот „лидер“ и неговите пулени експерсно разрешуваат членови кои отворено се спротивставуваат на актуелните ступидни и недемократски политики на сектата, но скандалозно молчат за мизерноно „мудрување“ за Делчев на член на нивниот Извршен одбор? Или и тие така мислат?

Па поголема фарса од тоа има ли?! И не ли ги здоболува тој идеолошки јарем околу главата?

The post Заробени до болка умови appeared first on plusinfo.mk.

ОНЛАЈН ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО РЕГУЛАТИВА Владата го донесе предлог-законот за изменување на Законот за медиуми
Владата на денешната 57-ма седница го усвои предлогот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, со кој првпат се воведува правна рамка за интернет медиумите.

Со оглед на тоа што повеќе од 70% од јавноста се информира преку интернет, се наметна потребата онлајн медиумите да станат дел од медиумската регулатива. Со ова, се очекува поголемо поттикнување на саморегулацијата во новинарството и зголемена конкурентност во медиумскиот простор.

Предлог-законот има за цел да обезбеди јасни правила за основање и регистрација на интернет порталите, што ќе придонесе за поефикасно решавање на постојните предизвици во дигиталниот медиумски сектор.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски претходно рече дека нацртот-законот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

– Овој закон како идеја потекна од два аспекти. Едниот е патоказот за владеење на правото и поглавјето 23, кое утврдува дека мора да имаме поголема јасност и транспарентност во уредувањето на медиумите и препознавање заради гарантирање на конкурентност и гарантирање на квалитетот и професионализмот на медиумите, признавање и препознавање на онлајн-медиумите. Вториот аспект е дека во разговори со Здружението на онлајн-медиуми и останатите онлајн-медиуми, тие истакнаа подготвеност да предложат и иницираат ваков тип измени што ќе значат нивно препознавање како медиум, работа што ја вршат долги години, а никогаш не беше препознаен нивниот ангажман како медиум – рече министерот Андоновски.

Министерот потенцираше дека како подносители и предлагачи на измени во медиумските закони, тие не сакаат да скратат права на новинарите.

– Една забелешка околу Европскиот акт на медиумски слободи – идејата наша нема никогаш да биде да ја влошиме состојбата во медиумскиот сектор. Сме стасале до некое ниво. Не велам дека некој е задоволен, или не е задоволен од тоа, но сме на определено ниво. Не е најдоброто, не е најлошото. Ниту еден чекор на оваа влада нема да биде во насока да се влошат состојбите. Ако можеме да помогнеме со нов закон за медиуми, со нов закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за состојбата да биде подобра, тогаш ќе се впуштиме во таа трка. Но, никако нема да влеземе во ситуација по секоја цена да го менуваме законот, или по секоја цена да носиме нов закон за медиуми со којшто ќе ја влошиме состојбата – рече Андоновски.

Тој смета дека ќе биде потребна инклузивна дебата во којашто ќе учествуваат националните телевизии и ќе се земат предвид ставовите на здруженијата на новинари, на онлајн- медиумите, печатените медиуми, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, како и на јавниот сервис за да се види кој е ставот, но доколку ставовите се разликуваат многу, Владата нема да влезе во процес на менување на законите.

The post ОНЛАЈН ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО РЕГУЛАТИВА Владата го донесе предлог-законот за изменување на Законот за медиуми appeared first on plusinfo.mk.

„ДА СЕ НАПРАВИ РЕГИСТАР НА ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ“ Новинарски здруженија бараат итни измени во Законот за медиуми
За да се спречи злоупотреба на јавни средства од страна на фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, потребно е да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија, се наведува во соопштението потпишано од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

За овие законски измени од ЗНМ, ССНМ и СЕММ велат дека повеќе пати му имаат укажано на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) како надлежно министерство, но очигледно, како што велат од здруженијата, има недостиг на политичка волја за конструктивни законски решенија.

„Укажуваме дека во рамките на проектот ‘ЕУ за слобода на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди’, поддржан од ЕУ, нов Закон за медиуми е изготвен во декември 2023 година од страна на домашни и меѓународни експерти и предаден до МИОА. Зо овој нов предлог закон претходеа широки консултации со повеќе чинители од медиумскиот сектор. Основните цели на предлог законот, во согласност со европските стандарди, се:

– Формирање јавен регистар на онлајн медиуми со цел спречување или намалување на злоупотребите на овие медиуми од страна на политичките партии

– подобрување на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници преку воведување на контролни механизми,

– зголемување на транспарентноста во медиумската сопственост и

–  поддршка за плурализмот во медиумите со цел да се заштити јавниот интерес.

Немањето на политичка волја за усвојување нов Закон за медиумите (што беше обврска до крајот на 2023) ќе се одрази негативно во однос на позицијата на Македонија на светските индекси за слободата на медиумите. Укажуваме дека усвојувањето на новиот Закон за медиумите во Собранието, а потоа и неговото спроведување ќе ја гарантира независноста на медиумите и правата на новинарите и ќе демонстрира дека МИОА и Собранието се ангажирани кон позитивни евро-интегративни процеси. Бараме политичките партии застапени во Собранието во најскоро време да пристапат кон разгледување и усвојување на новиот закон за медиуми“, се наведува во заедничкото соопштение на трите здруженија.

Еснафските организации остануваат на ставот дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет и дека платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба.

„Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот, и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните групи. Актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните.

Како последица на ова, во моментов има пријавено 249 онлајн медиуми кај Државната изборна комисија за државно финансирање за партиско-политички реклами во изборната кампања. Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес“, се додава во заедничкото соопштение.

The post „ДА СЕ НАПРАВИ РЕГИСТАР НА ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ“ Новинарски здруженија бараат итни измени во Законот за медиуми appeared first on plusinfo.mk.

ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ СЕ ПОВЛИЈАТЕЛНИ ОД ТЕЛЕВИЗИИТЕ Анкетата ЕВРОМЕТАР 2023 го потврди она што сите го знаат
Интересни податоци открива анкетата ЕВРОМЕТАР 2023 на Евротинк – Центар за стратегиски истражувања за тоа каде, од кои медиуми и од кои платформи, се информираат граѓаните за политички теми.

После долги години „доминација“ на телевизиите во информирањето на граѓаните за политички теми, перцепција создадена главно со погрешно насочување на испитаниците во анкетните прашалници, ЕВРОМЕТАР 2023 конечно го потврди она што е општо познато и без анкети – дека граѓаните доминантно за сите теми, вклучително и за политичките, се информираат преку интернет.

Инаку, уште анкетата на Евростат за 2021 година покажа дека мнозински 72 отсто од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ.

Во анкетата ЕВРОМЕТАР 2023 на Евротинк, запрашани како се информираат за политички теми, 56,5% од испитаниците одговориле „преку интернет“, 43,5% „преку телевизија“, а 12,5% „од пријатели/фамилија“. Интересно е дека во одговорите, едноставно, не се застапени печатените медиуми (весниците), па не се знае дали бил понуден таков одговор.

Во врска со прашањето кој односно каков е изворот од Интернет за политичките теми, истражувачите заклучиле дека највисоко рангиран извор за политички информации, со „освоени“ 93% од максималниот можен скор (100%), се социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Подкаст. Онлајн порталите се значително послабо рангирани со освоени 24% од максималниот скор, а онлајн платформите на постоечки радио станици или ТВ канали се рангирани со само 7% освоени бодови.

Но, анкетата, барем според јавно објавените резултати, не дава одговор кои и чии содржини на посочените социјални мрежи се извори на политички информации. Затоа се добива впечатокот дека лицата кои се активни на интернет, од кои најпопуларните се нарекуваат инфлуенсери, се доминантни комуникатори со граѓаните за политички теми и креатори на политички информации.

Сепак, општо е познато дека тоа не е така. Главни креатори на постови поврзани со политиката на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб, се токму онлајн медиумите и веб-страниците на традиционалните медиуми. Имено, медиумите редовно ги споделуваат објавените содржини на нивните веб-страници на социјалните мрежи. Во голем процент, читателите пристапуваат до содржините на онлајн медиумите преку објавите на Фејсбук, на Твитер, на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Затоа, тие објави на социјалните мрежи се доминантните политички информации, кои потоа се лајкуваат, се коментираат или се шеруваат.

Да се надеваме дека во следното истражување на ЕВРОМЕТАР, истражувачите ќе состават анкетен прашалник со кој подетално ќе проникнат во темата и ќе пронајдат одговор на прашањето кој и како ги креира политичките информации на социјалните мрежи, кои веќе се нарекуваат и социјални медиуми.

The post ОНЛАЈН МЕДИУМИТЕ СЕ ПОВЛИЈАТЕЛНИ ОД ТЕЛЕВИЗИИТЕ Анкетата ЕВРОМЕТАР 2023 го потврди она што сите го знаат appeared first on plusinfo.mk.

ИНТЕРНЕТ-ПОРТАЛИТЕ БАРААТ ИЗМЕНИ ВО ТРИ ЗАКОНИ Здружението Онлајнмедиа предлага конкретни решенија за законска регулација на онлајн медиумите
Здружението Онлајнмедиа.мк бара итни промени во Законот за медиуми, во Законот за авторски и сродни права и во Изборниот законик со цел да се регулира работата на онлајн медиумите.

Го пренесуваме во целост соопштението на Здружението Онлајнмедиа:

Постои општо уверување дека онлајн медиумите и платформите на социјалните мрежи во Македонија се главниот извор на дезинформации, на говор на омраза и на прекршување на професионалните стандарди во новинарството. Оваа „дијагноза“ може да се прочита и во извештаите на Европската комисија. Дополнително, постојано се публикуваат алармантни апели да се „заведе ред“ во онлајн-медиумите, да се донесе „закон за порталите“, или тие, едноставно, да се укинат.

Причината за големата врева произлегува од фактот што кај нас сè уште тешко се признава, иако веќе и емпириски се потврдува – последното истражување на Евростат за 2021 година покажа дека повеќе од 70 отсто од граѓаните на Македонија се информираат на интернет. А тоа значи дека медиумите што публикуваат содржини на интернет, всушност, се доминантен сегмент на медиумската индустрија. Така е во целиот свет, така е и кај нас.

Големата врева, за жал, предизвикува и голема стигма. Македонските интернет портали се обвинети за сите „зла“ во македонското новинарство, без при тоа да се препознае и да се признае фактот дека најмалку педесеттина информативни интернет-портали секојдневно објавуваат огромен број вести, фотографии и разни други аудиовизуелни прилози, со што ја информираат јавноста за сите поважни настани и појави од сите области на општествениот живот, во земјата и во светот.

Публиката ги очекува и ги добива тие вести во т.н. реално време (брзо откако ќе се случат настаните, често и додека тие се во тек), претежно на победничката справа за читање, гледање и за слушање информативни содржини – смартфонот. Дополнително, една голема група портали специјализирани за одделни области и теми, објавуваат интересни прилози, збогатувајќи ја така вкупната понуда на информативни содржини на интернет.

Од поодамна, а поинтензивно во последната година, група од триесеттина влијателни интернет портали покренаа иницијативи за законско регулирање на овој сегмент од медиумската индустрија и за унапредување на саморегулацијата. Неодамна е оформено и Здружението за заштита и унапредување на интернет медиуми Онлајнмедиа, со амбиција да ги засили и да ги предводи тие иницијативи.

За почеток, Здружението бара итни промени во три закони: во Законот за медиуми, во Законот за авторски и сродни права и во Изборниот законик.

Во разговор со министерот за информатичко општество и администрација и со претставници на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица, уште пред неколку месеци ја нагласивме потребата во Законот за медиумите, во дефиницијата на медиумите – каде што интернет порталите воопшто не се спомнуваат! – да се додадат и медиумите кои публикуваат содржини преку интернет. Така и за порталите и формално ќе почнат да важат сите законски обврски што важат и за сите други медиуми. При тоа, треба да се има предвид фактот дека голем дел од интернет порталите и „неозаконети“ ги почитуваат професионалните стандарди што ги предвидуваат и Законот за медиуми и респективните кодекси и документи на новинарските здруженија.

Покрај тоа, претставници на Здружението Онлајнмедиа изразија и согласност Законот за медиуми да пропише и постапка на регистрација на интернет порталите од страна на овластен државен орган, изразувајќи целосна доверба владиниот ресор да подготви и да предложи законски измени за тоа.

Здружението бара и многу важна промена во Законот за авторски и сродни права, согласно со Директивата на ЕУ 2019/790, која го уредува прашањето на авторските права на интернет. Имено, во опсежната дефиниција и во темелното набројување на делата коишто се сметаат за авторски и подлежат на заштита на авторските права, во нашиот закон не се спомнуваат медиумски содржини.

Од тие причини, преземајќи го целосното решение од Законот за авторски и сродни права на Република Хрватска од 2021 година (во кој е имплементирана наведената директива на ЕУ), предлагаме во дефиницијата за авторско дело во нашиот закон да се воведе и „новинарско дело“.

Како и повеќето други закони за авторски и сродни права, така и нашиот предвидува составните делови на авторското дело да подлежат на законска заштита. Во својот предлог за иновирање на Законот за авторски и сродни права, Здружението Онлајнмедиа предлага прецизирање и на таа одредба од законот, кога станува збор за новинарско авторско дело, при што под авторска заштита, освен целината на делото, ќе подлежат и насловот, насловната фотографија и лидот односно главата на веста (првата реченица односно првиот параграф на текстот).

Сите овие предлози, како и некои други кои се однесуваат на Законот за авторски и сродни права, се темелно образложени во студија што ја подготви Здружението, во која се анализирани релевантни искуства од светот. Таа студија му е предадена на ресорниот министер. Односите помеѓу интернет медиумите и државата и интернет медиумите, како и меѓу онлјан медиумите и глобалните и локалните агрегатори на вести, се теми кои се актуелни секаде во светот. Има различни искуства и добри законски решенија и практики кои можат да се имплементираат и кај нас.

И кога веќе доцниме со „внесувањето“ на интернет порталите во Законот за медиумите, зошто барем во нужните промени на Законот за авторски и сродни права (од аспект на медиумите) не би биле во чекор со земјите членки на ЕУ?

Конечно, Здружението за заштита и унапредување на интернет медиуми Онлајнмедиа укажа и на една многу сериозна слабост во Изборниот законик, која треба да се отстрани, во пресрет на двата нови изборни циклуса, во 2024 и во 2025 година.

За што станува збор?

Препознавајќи дека во денешно време изборните кампањи се незамисливи без рекламирање на интернет, Изборниот законик вовел дефиниција „електронски медиуми (интернет портали)“, како трет сегмент во медиумската индустрија, покрај „радиодифузерите“ и „печатените медиуми“. Но, во членот 76-д, кој зборува за средствата за платено политичко рекламирање што ги добиваат партиите од Буџетот, во точката 7 се вели: „Вкупната сума која еден учесник може да ја потроши за медиумско претставување на сите електронски медиуми (интернет портали) и печатени медиуми, не може да опфаќа повеќе од. 25% од распределените средства за платено политичко рекламирање согласно став (5) од овој член“.

На средбите со претставници на политичките партии и со претседателот на Државната изборна комисија, претставници на Здружението за заштита и унапредување на интернет медиуми Онлајнмедиа посочија дека оваа одредба мора да се укине како неодржлива во секоја смисла.

Дополнително, предложивме услови што мора да ги исполнат онлајн медиумите за да се квалификуваат за учество во платеното политичко рекламирање. Накусо, тоа се условите што професионалните онлајн медиуми си ги наметнаа самите на себеси како саморегулативни стандарди.

Ова се само дел од прашањата што ги покренаа претставници на Здружението Онлајнмедиа во досегашните разговори со повеќе субјекти од јавниот сектор, но и со претставници на стопанските комори, на бизнис заедницата и на други сектори со кои соработуваат интернет порталите.

Деновиве се води и дебата за начините на кои државата им помага на медиумите и како тоа законски се регулира, за таа пракса да продолжи и во иднина. Здружението со внимание ја следи таа дебата, но потсетува дека освен во еден кус интервал од три месеци за време на пандемијата од коронавирусот, интернет порталите досега на ниту еден начин не биле финансиски поддржани или субвенционирани од страна на државата. Начелниот став на Здружението за заштита и унапредување на интернет медиуми Онлајнмедиа за ова прашање е следниот: доколку постои големо ниво на согласност во политичката и во општествената заедница дека е нужно државата финансиски да ги поддржи медиумите со пари од даночните обврзници, најважно е таа поддршка да биде неселективна, недискриминирачка, системска и пред сè насочена кон медиумските работници, а не кон сопствениците на медиумите.

Во овој момент, сепак, професионалните онлајн медиуми ставаат акцент на прашањата на законската регулација и на подобрување на општествениот статус на овој сегмент од медиумската индустрија. За таа цел, Здружението бара сојузници, пред сè во новинарската заедница, но и пошироко. Се обидуваме да ја подигнеме свесноста за тоа дека темите што ги покренуваме имаат големо значење и заслужуваат активен и креативен ангажман на сите субјекти во општествено-политичкиот живот.

The post ИНТЕРНЕТ-ПОРТАЛИТЕ БАРААТ ИЗМЕНИ ВО ТРИ ЗАКОНИ Здружението Онлајнмедиа предлага конкретни решенија за законска регулација на онлајн медиумите appeared first on plusinfo.mk.

Стигматизирањето на интернет-порталите не води кон квалитет и кон извонредност во македонското новинарство
Живееме во време на апсолутна доминација на интернет-медиумите, на интернет-платформите и на социјалните мрежи. Така е секаде во светот, така е и во Македонија. Едно скорешно истражување авторитетно ги поби заблудите за наводното доминантно влијание на т.н. традиционални медиуми (печатот, радиото и телевизијата), за кои долго и упорно се тврдеше дека се главен и доверлив извор на информирање на јавноста, многу повлијателен од онлајн-медиумите, на кои им се припишуваше само маргинален импакт и некаква „растечка популарност“.

Така, едно од последните истражувања на ЕВРОСТАТ https://meta.mk/evrostat-72-otsto-od-makedonskite-gragjani-se-informiraat-od-onlajn-mediumi/ потврди дека 72% од македонските граѓани на возраст меѓу 16 и 74 години во 2021 година го користеле интернетот за читање на онлајн медиуми или за информирање преку електронските верзии на весниците. Ова е идентичен процент со просекот на земјите-членки на ЕУ. Со оглед на фактот што традиционалните медиуми интензивно мигрираат кон онлајн-платформите, веќе денес може слободно да се каже дека производителите на медиумски содржини на интернет, меѓу кои најзначајно место имаат интернет-порталите, се доминантен сегмент во вкупната медиумска индустрија.

Денес, две години откако се регистрирани тие податоци, во светот на медиумите се случуваат уште побрзи и подраматични промени. Но, наспроти тоа, кај нас, во дел од медиумите и на социјалните мрежи, сe врши долготрајна, упорна и злонамерна стигматизација на интернет-порталите, за кои често се врзува стереотипот дека се „дно дна“ на македонското новинарство и „сива зона“ во која не постојат никакви професионални и етички стандарди. За издавачите на порталите упорно се тврди дека се корумпирани од центри на политичка и на економска моќ. Накусо, да ја употребам клучната теза од една куса анализа на помладиот колега Жарко Настоски, објавена од Македонскиот институт за медиуми, https://mim.org.mk/mk/aktivizam/1465-kancerot-na-konformizmot-i-naseto-novinarstvo?fbclid=IwAR3TdPWxvFZedpGjVElD0kFTLcXlzRHOVdVvlV0_0EAfdxYBV9f4ia9Hnr4 порталите се „канцерот на конформизмот“ во нашиот журнализам.

Кога сме кај Настоски, сакам да нагласам дека не го доживувам како лик кој стигматизира медиуми и колеги. Неговата куса анализа не ја доведувам во врска со неодамнешниот инцидент во „Слободен печат“. Но, признавам дека тој текст беше последен во низата коишто ме поттикнаа во една обемна статија да се потрудам да ги деконструирам четирите главни тези врз кои се потпира стигмата за македонските интернет-портали.

Четирите клучни тези на стигмата

Теза број 1: Порталите не ги интересира ништо друго освен бројот на кликови.

Ова не е точно, барем не до степен да може да се произведе една ваква груба генерализација. Дополнително, погрешна е и тезата на Настоски дека борбата за кликови ја стимулирале компаниите-огласувачи, кои, наводно, според бројот на кликовите грубо ги пресметувале бројот на луѓето што ги гледале нивните реклами. Компаниите-огласувачи и рекламните агенции навистина мерат и премеруваат каде ќе ги насочат рекламните буџети, но тоа е многу покомплицирана и пософистицирана операција одошто ја замислува младиот колега. Огласувачите и агенциите секогаш се отворени за разговор и тој можел од нив да побара објаснување за тоа. Има што да се научи.

Општо земено, борбата за кликови, всушност, е исто што и борбата за повисок тираж и читаност на печатените медиуми, за поголема гледаност на телевизиите или за поголема слушаност на радијата. Зошто таа битка за публика е легитимна кога станува збор за традиционалните медиуми, а не е кога се на тапет интернет-порталите?

Во овој контекст, на многубројни дебати, семинари и работилници се имам изнаслушано инспиративни ламентирања против т.н. кликбејт-наслови. Тоа се оние наслови кои содржат „мамка“, која читателот треба да ја „проголта“ и „да се закачи на јадицата“. Никогаш не сфатив што има толку лошо во обидот на новинарите своите вести да ги обликуваат на начин што ќе го зграпчат вниманието на читателите уште со насловот. И што е тоа толку различно од пишувањето инвентивни и атрактивни наслови или телевизиски најави во традиционалните медиуми?

Кога во раните 1980-ти студирав новинарство, како пример на новинарска извонредност се споделуваше информацијата дека тогаш најтиражниот југословенски дневен весник „Вечерње новости“ имаше посебен уредник за наслови. А една од највпечатливите книги за новинарството во тоа време го носеше насловот „Рибари на човековата душа“, сугерираќи јасно дека новинарите се налик на рибари кои ги ловат човековите емоции, обидувајќи се да ја освојат душата на читателот. Се разбира, во тој новинарски „риболов“ и тогаш насловите беа главните „мамки“.

Уште една мала дигресија. Постои добра причина поради која добрите новинари и уредници во интернет-порталите се трудат не само да пишуваат атрактивни наслови, туку и да избегнуваат во насловниците да пласираат сумарум на вестите. Спротивно на очекувањата на многу луѓе кои би сакале во објавите на Фејсбук и на другите социјални мрежи, како и во објавите што ги агрегираат агрегаторите – значи, таму каде што вообичаено се објавуваат само насловите и поднасловите – да прочитаат сумарум на вестите, без да мора да кликаат и да го напуштат комотното и забавно скролање, новинарите во интернет-порталите знаат дека не земаат плати од Марк Закерберг или од сопствениците на агрегаторите. Идејата на добрата „мамка“ е да го покани читателот да кликне и да чита, а не да го одврати од таа намера.

Конечно, во врска со оваа тема, би сакал да додадам дека борбата за кликови може да има и нелегитимна димензија. Се случува медиумите да ги мамат своите читатели со лажни вести, со неоправдан и често и примитивен сензационализам, со вулгарности и на слични начини. И кога во некои расправи ќе нагласам дека таквото „кликачко новинарство“ е непрофесионално и нелегитимно, од луѓето кои ги стигматизираат порталите добивам вакво цинично потпрашање: но не се ли тие манипулации имено најприсутни во онлајн-медиумите, не е ли тоа потврда дека во нив се негува неквалитет? На ова мојот одговор секогаш е јасен: не, драги мои, тоа само значи дека 90 % од луѓето се информираат на интернет и вестите ги следат во реално време, не чекајќи ги вечерните вести на телевизија или утрешните весници кои се сѐ поретки.

Теза број 2:  Порталите се извор на неквалитет во македонскиот журнализам.

Пред неколку месеци присуствував на една интересна еднодневна работилница, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС). Не знам како им се згрешило на организаторите, но наместо предавачот да ни продава басми за борбата против лажните вести и слични фенси теми (за кои денес најлесно се добиваат пари за проекти), се појави еден интелигентен Австриец, којшто шокираше дел од присутните со својот одговор на прашањето што е тоа квалитет во новинарството. Ова беше неговиот одговор: квалитетот е исполнување на очекувањата на потрошувачите!

Се израдував. Кој знае од кога немам слушнато нешто толку умно и едноставно. Се потсетив на деновите кога и јас, кога предавав на Едногодишната школа на новинарство на МИМ и подоцна на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, на студентите често им велев дека професијата чевлар, на пример, е подеднакво важна како и нашата професија – разликата е во тоа што чевларите знаат дека е најважно да им угодат на своите муштерии и да ги задоволат со своите производи, додека ние новинарите од периодот на едноумието ја наследивме заблудата дека читатели не знаат што е тоа квалитетно новинарство, дека се глупави и дека дури и мразат квалитет, а обожуваат евтин сензационализам. Дури и тоа да е точно – а не е! – вистинската заблуда е во самобендисаноста со која новинарите си се убедиле дека тие секогаш знаат да го препознаат јавниот интерес и знаат што е добро и корисно за нивните читатели и без да ги прашаат.

Инаку, не спорам со тоа дека има неквалитет во македонското новинарство. Денес навистина можеби повеќе од порано. Тоа е и затоа што денес има повеќе медиуми и повеќе новинарство. Но, има и многу други причини за опаѓањето на професионалните и на етичките стандарди во оваа наша професија, при што најважни се последиците од долготрајната економска криза, сеопштата пауперизација на општеството (економска, културна, духовна), како и недостигот на едуцирана работна сила мотивирана да се вклучи во работата на редакциите.

Сепак, да се помисли дека неквалитетот е лоциран во интернет-порталите, додека традиционалните медиуми се островца на кои се негува журналистичка извонредност и се произведуваат органски домати, простете, е кардинална глупост. Тоа Настоски не го вели, да бидам прецизен. Но, неговата анализа опасно „гази“ во тој дискурс.

И тука една мала дигресија. Неодамна, кога еден човек ме убедуваше колку е тешко да се прави весник (пример за „квалитетно“ новинарство, според него), прво му кажав дека зборува со новинар кој во својата кариера „породил“ четири дневни весници, а потоа му предложив да го однесам во една таква весникарска редакција, за самиот на лице место да види како се прави весник во денешно време. Човекот ме погледна зачудено, во очекување на одговор. Му објаснив: нашите колеги во дневните весници содржините ги прават така што препишуваат и компилираат вести од интернет-порталите, а дел од тие вести пред тоа самите ги пишуваат, во улога на „новинари-дублери“ во нивните интернет-редакции. Можеби е ова мало претерување, но не е далеку од вистината.

Да заклучам на оваа тема. Битката за квалитет и извонредност во нашата новинарска професија нема да се добие со стигматизирање на професионалните онлајн-медиуми. Треба да се има на ум и тоа дека огромно мнозинство квалитетни и талентирани македонски новинари денес творат во порталите и на други онлајн-платформи, а некои се присутни само на социјалните мрежи. А огромно мнозинство од оние кои допрва ќе бидат ангажирани како подмладок во редакциите – ако се потрудиме да ги има повеќе, дај боже! – ќе бидат ангажирани токму во овој сегмент од медиумската индустрија.

Теза број 3. Порталите се занимаваат со копи-пејст новинарство и форсираат квантитет наместо квалитет.

Нема сомнение дека на онлајн-медиумите (не само во Македонија), може да им се стават многу сериозни забелешки за „ригидната едноличност во новинарската форма“, како што вели колегата Настоски. Тој е сосема во право и во следната констатација: „Медиумите и новинарите, во зависност од уредувачката политика, дури и кога е во прашање само формата на веста, на новинарскиот производ би морале да дадат некаков свој печат, да ја претстават и толкуваат информацијата на свој, посебен начин, пренесувајќи ја суштината, а внимавајќи на сите аспекти на темата и приказната“. Да, би морале, но често не го прават тоа.

На сите помлади новинари им посакувам да работат во редакции во кои се внимава на формата и на обликувањето на содржините, при што се прават сериозни напори основните информации да се збогатуваат со дополнителни елементи во структурирањето на содржините, како што се објаснувањето на импактот, бекграундерите, секундарните теми, мултимедијалните елементи и слично. Така се доаѓа до новинарски продукти кои во најширока смисла се нарекуваат news explained (го „грабнав“ и овој термин од спомнатиот Австриец). Посветено следејќи ја продукцијата на конкурентските интернет-портали, можам да посведочам дека во најмалку дваесеттина од нив на ова се работи многу сериозно и резултатите се видливи. Тоа е нешто што радува.

Она што зачудува, пак, е навиката на некои искусни новинари и на медиумски експерти (што и да е тоа), во нивните настојчиви обиди за стигматизирање на интернет-порталите, под копи-пејстирање понекогаш да подразбираат и вообичаени постапки на користење информативни содржини од легитимни извори. Така, на пример, ќе слушнете обвинувања дека порталите „преземаат“ информации од МИА. Како може објавување на содржини од сервисот на една новинска агенција, кој не е бесплатен, да се нарекува „преземање“?

Често се критикува и „преземањето“ информативни содржини од социјалните мрежи, дури и кога станува збор за содржини кои се под режим на слободна употреба или под посебно пропишани услови. Замислете, ова се мантра и во време кога најголемите глобални медиуми, како Си-Ен-Ен или Би-Би-Си, на пример, своите извештаи од војната во Украина ги збогатуваат најчесто си снимки преземени од Твитер или од другите социјални мрежи. Што има тука чудно и нелегитимно, во време кога илјадници граѓани со своите смартфони ги бележат и ги документираат најважните настани, побрзо и подобро од било кој професионален новинар или снимател, едноставно затоа што тие се на местото на настаните, а нивните смартфони се доволно софистицирана опрема за такво нешто?

Дополнително, професионалните онлајн-медиуми во Македонија имаат воспоставено прилично јасни и коректни правила за меѓусебно преземање содржини, кои почиваат на начелото дека никој нема монопол над вестите и дека оригиналноста, ексклузивноста и другите особини на авторство се создаваат со специфичните техники и вештини на обликување на новинарските содржини.

На оваа тема, само уште едно важно предупредување: стереотипите за начинот на кој интернет-порталите ги креираат своите содржини во последно време се засилува и со стигматизирање на вештачката интелигенција. Многу „нострадамуси“ предвидуваат дека вештачката интелигенција многу брзо ќе го задуши „вистинското“ новинарство, а „вистинските“ новинари, оние кои нели секогаш знаат што е квалитет и што е добро за публиката и без да ја прашаат, едноставно ќе останат без работа. Се разбира дека ништо од тоа нема да се случи, но промените што ќе се почувствуваат во редакциите ќе бидат драматични. Новинарите ќе мора да научат дека промт-инженерингот станува една од вештините која најмногу ќе се цени и ќе се ползува во редакциите во многу блиска иднина. Тие што нема да се прилагодат на промените, ќе станат новинарски „диносауруси“. И тоа не е страшно, во Македонија сосема комотно живеат и творат такви „диносауруси“…

Теза број 4:  Порталите се покренуваат, се корумпираат и се контролираат од центри на политичка и економска моќ.

За љубов на вистината, младиот колега Настоски не го кажува ова вака (јас ја обопштувам тезата). Тој во својата куса анализа сепак ќе напише: „Ако не се борат за кликови, порталите се борат некој бизнисмен да реши кај нив да плати за некаков свој текст со кој си ги штити интересите, често спротивставени на јавниот интерес“. Хм, ова веќе ми звучи познато…

За да ги демистифицираме нештата, мора да тргнеме од базичните факти. Точно е тоа дека дел од македонските онлајн-медиуми се формирани и се финансирани од центри на економска и политичка моќ (тоа посебно се случува пред секои избори, како сега) и бездруго е точно дека има портали кои објавуваат пи-ар содржини на компании и на други субјекти, понекогаш, за жал, без јасна назнака за какви објави станува збор. А јас ќе го додадам и ова – има ликови на нашата медиумска сцена кои за своите услуги наплаќаат дебело и во кеш.

Но, да се помисли дека сето тоа го има во порталите, а дека традиционалните медиуми се имуни на ова зло, исто така е кардинална глупост. Само да потсетам: најголемиот медиумски корупциски скандал во последнава деценија не се случи во некаков портал, финансиран од не знам кого, туку во една телевизија, на која преку ноќ ѝ беше доделена концесија буквално „под рака“, а на крунисувањето на нејзиниот могул – беше тоа буквално, а не метафорично крунисување, се надевам дека не сте заборавиле! – присуствуваше целиот тогашен државен врв, плус обвинители, судии и многу други луѓе „отепани“ од работа во корист на „јавниот интерес“. Потсетете се и на славните новинарски пера кои беа ангажирани во таа телевизија, која потоа се „прослави“ со рекетирање бизнисмени.

Да не заборавиме уште некои важни факти поврзани со газдувањето и со финансирањето на медиумите во Македонија. Сопственици на три македонски национални телевизии – Сител, Канал 5 и Телма – отсекогаш биле и сѐ уште се сопственици на други компании, кои немаат врска со медиумскиот бизнис и кои всушност се и нивни основни бизниси. Јас во тоа не гледам никаков проблем. И никогаш не би рекол дека за колегите од тие медиуми „економската логика не познава изрази како професионална дистанца и јавен интерес“. Како што тоа младиот колега Настоски го вели за порталите. Дури и наспроти фактот што државата на националните телевизии им недоместува и дел од трошоците за производство. Што баш и нема врска со било каква економска логика…

Инаку, тезата дека економската логика е спротивставена на професионалната дистанца и на јавниот интерес е целосно погрешна. Напротив.

Прашање плус: дали печатените медиуми познаваат изрази како професионална дистанца и јавен интерес, во случај кога државата со директни субвенции им надоместува 50% од трошоците за печатење и 50% од трошоците за дистрибуција? Секогаш кога ги спомнувам овие субвенции, заедно со законската обврска сите јавни институции, нотари и извршители своите огласи да ги објавуваат во два дневни весника на македонски и во еден на албански јазик – замислете, ова се случува со години и во време на прокламирана дигитализација на општеството! – газдите на весниците се возбудуваат и креваат голема врева. Некои тврдат дека севкупно не станува збор за големи пари. Можеби. Медиуми на албански јазик неодамна ги објавија бројките. За мене беа вџашувачки. Но, јас овде нема да ги соопштам и нема да ги коментирам тие бројки, ќе му ја оставам таа пријатна задача на колегата Настоски.

Покрај и наспроти овие канали на системско и организирано економско и политичко влијание врз македонските медиуми, од кои интернет-порталите се целосно исклучени, а во случајот на државната поддршка и дискриминирани, постојат уште два вида односи меѓу медиумите и центрите на економска и политичка моќ. Едниот вид се легалните и сосема легитимни соработки во областа на рекламирањето, огласувањето и објавувањето комерцијални пи-ар содржини, како и содржини поврзани со кампањите за промоции за јавните политики. Сосема друга работа е поттикнувањето на сивата економија во интернет-порталите, против која сега се борат и самите професионални онлајн-медиуми, обидувајќи се да го видат коренот на злото. Имено, интернет-порталите во последниве години се соочени со големи потешкотии во работењето. Глобалната економска криза предизвикува намалување на буџетите на компаниите за рекламирање и следствено и намалување на приходите на издавачите на онлајн-медиуми. Тоа, пак, се одразува врз капацитетноста на редакциите, односно ги намалува можностите за ангажирање квалитетен кадар, ги осакатува професионалните стандарди и предизвикува процут на корупцијата и на сивата економија во овој доминантен сегмент на медиумската индустрија.

Оттаму, мојата теза е дека дискриминирањето на онлајн-медиумите при доделувањето било каква економско-финансиска помош од страна на државата е фактор којшто ги поттикнува сивата економија, корупцијата и пауперизацијата во редакциите. Затоа е чудно што освен три месеци во текот на пандемијата, за разлика од традиционалните медиуми, онлајн-медиумите никогаш не добиле никаква финансиска поддршка од државата. Може ли некој да ми ја објасни логиката на таа дискриминаторска политика и како таа влијае врз квалитетот на македонското новинарство?

Стигмата не е аргумент за ништо

Како новинар со безмалку 40-годишна кариера, како основач на медиуми, како уредник и едукатор на млади новинари, можам да посведочам дека новинарството никогаш не било толку интересна и возбудлива професија како денес. Од периодот на т.н. боемско новинарство, од она време кога најважните новости се дознаваа во кафеаните и потоа се диктираа директно „во олово“, до ова денешно време, кога новинарите располагаат со безбројни алатки за собирање информации, за истражување, за пребарување и за обликување на медиумски содржини, се случија навистина тектонски промени. А веќе денес е јасно дека медиумите допрва драматично ќе се менуваат.

Тие глобални промени нема да ја заобиколат Македонија. Стигматизирањето и неразбирањето на општествениот импакт на професионалните онлајн-медиуми нема да го спречи нивниот натамошен експлозивен развој. Никогаш веќе нема да се врати времето на моќта на испечатената рото-хартија и на телевизиските антени на покривите на зградите. Интернет-порталите и другите онлајн-платформи уште повеќе ќе доминираат во медиумската индустрија. Веројатно ќе дојде време и за окрупнување на издавачите на интернет-порталите и за други начини на „природна селекција“ на помоќните наспроти послабите.

При тоа, смешно е да се верува дека штафетата на извонредноста ќе ја понесат интернет-медиумите кои располагаат со неограничени подарени ресурси, поради што уште некое време ќе се „возат“ на заблудата дека квалитетот во новинарството е некаков нивен ексклузивен „проект“ за кој добиваат донации, тема која нема суштинска врска со потребите и со очекувањата на публиката што треба да се задоволат.

Промените треба да се „јавнат“ со нужната доза на остра, дури и неодмерена критика, каква што пројавил Жарко Настоски во својата куса анализа. Тоа е добро. Таа младешка енергија и гнев бездруго мора да се поддржат, бидејќи тие можат да станат „ракетно гориво“ на промените. Сепак, големите думи како „канцерот на конформизмот“, „колапс“ и слични, треба да се штедат за чамче муабети. Стигмата не е аргумент во битката за квалитет и за промоција на професионалните и на етичките стандарди на новинарската професија. Конечно, својата извонредност колегата Жарко Настоски и нему сличните сепак ќе мора да ја докажат на пазарот, таму каде што се водат најважните битки и каде што, всушност, се случуваат промените.

Извор: mim.org.mk

The post Стигматизирањето на интернет-порталите не води кон квалитет и кон извонредност во македонското новинарство appeared first on plusinfo.mk.