Нивици Archives - plusinfo.mk

Личен интерес на Габер, што друго?
Оваа реакција може да се смета и како задоцнета ама – не  е. Во прашање е тема којашто за нас е исклучително важна, а актуелна ќе биде уште долго. Затоа, заслужува секојдневно внимание. Се’ додека не се избришат историските последици произлезени од Нивици, а коишто се по многу што – трагични по нашата Македонија.

На 8 јуни 2024, „Слободен печат“ објави разговор со Виктор Габер. Насловот е негова порака – „Преспанскиот договор треба да се почитува без оглед дали некому му се бендисува“. Новинарот го цитира и дека – „Непочитувањето на договорот те става на меѓународната сцена како еден несериозен фактор“, „Во меѓународните односи правило е дека секој договор треба да се почитува“, „Тоа особено се однесува на ратификувани договори од земјите што го потпишале и е депониран во ООН, што значи дека е валиден…“…

Кога е во прашање Нивици, сите овие пораки се надвор од умот бидејќи, со наша идиотска согласност, беше бесмислено прекрстен македонскиот народ и така избришан од меѓународната листа на народи. Правило е меѓународните договори да се почитуваат, ама и да се поништуваат тие што се неправедни, наметнати со сила и уцена и, особено, ако се еднострани. Нивици, пак, е класичен таков случај, од кој треба да се срамат и Вашингтон, и Брисел, и Берлин…, коишто ни го наметнаа, а не само нашите предавници.

Без личен интерес, незамисливо ќе беше овие работи да ги промовира дипломат со долга кариера, каква што има Габер.

Прво, крајно неприфатливо и неодговорно е да се тврди дека договорот од Нивици треба да се почитува, а без да се даде барем еден факт зошто? Второ, за сите што и малку се разбираат, очигледно е дека, со Нивици, Македонија не доби апсолутно ништо, а жртвуваше – се’. Трето, членството во НАТО ни донесе само зголемени трошоци за одбрана и, крајно непотребно, нѐ вклучи во војната во Украина. Спротивно на фундаменталните интереси на македонскиот народ и држава, зазедовме страна во војната. Четврто, нашето членство во НАТО, беше евидентен и итен американски интерес – за да го затворат нашиот простор, од евентуално руско влијание.

Петто, тоа беше наша исклучителна можност, за позитивен договор а ние, во Нивици, го урнисавме македонскиот народ, со асиметричен договор, целосно во полза на Грција, и на наша трајна штета. Шесто, и не најмалку важно, поминаа цели пет години од  стапување во сила на Нивици, а Атина нема ништо спроведено, и од нејзините минимални обврски. И, како што најавува, нема ниту намера тоа да го стори… Премногу е евидентно дека таа ќе продолжи да нѐ уценува, се’ додека од меѓународната сцена целосно не се избрише нашиот македонизам и се замени со грчкиот којшто е измислен.

На неодамнешната „научна“ конференција во  Атина (јули, 2024), организирана од Ципрас и Заев, првиот изјави дека, доколку не беше Македонија прекрстена во Нивици, неизбежно ќе следуваше нејзин прием во НАТО – со уставното име. А тоа ќе значеше и крај на обидите за прекрстување. Ќе бевме внатре. Ципрас е апсолутно во право, само што кај нас немаше кој на време да го разбере тоа.

Практично, Ципрас си ја зеде заслугата што Грција, во последен момент, успеа да нѐ прекрсти! Во Нивици, Македонците беа избришани како посебен народ и, со наша согласност, Грција посвои се’ што е македонско. Од античкиот бренд, до современиот македонскиот национален идентитет.

Сега, во целина, од антиката до денес, македонизмот е сведен на Грците по род, по потекло од нивниот дел од регионот Македонија. Во пракса, такво нешто воопшто нема. Нема Грци коишто се чувствуваат како „Македонци“, ниту регионално. Таквите се измислени на почетокот на 1990-тите, кога Атина го отвори проблемот со нашето име, и се потврдени во Нивици, во согласност со нашите тогашни предавници.

Мора да се признае дека Атина, како и по неа Софија, не се сами. Зад нив стојат долгорочните американски интереси коишто, по распадот на Југославија филигрански се спроведуваат. Во нив, нема место за Македонците по род.

Габер блефира и околу меѓудржавните договори. Обврската сите да се депонираат во ООН е општа и само техничка. Тоа, меѓутоа, не е никаква гаранција за нивната трајност. Така се овозможува сите заинтересирани држави да имаат увид во нив. Тие можат да се менуваат, за што има дури и посебни формулари во ООН, или да се откажуваат. Во принцип, штетните договори, каков што е овој од Нивици – воопшто и не се валидни! Плус, овој е и крајно асиметричен, и предвидува последици коишто се надвор од меѓународното право, и се спротивни на неговите основни постулати. Договорите, како овој од Нивици, можат да се поништат и само со цитирање на членови од Виенската конвенција за меѓународни договори.

Запрепастува фактот што еден дипломат поддржува договор којшто очигледно, и по сите елементи, е штетен за сопствената земја. Таквите договори мораат да се откажуваат или, барем да се игнорираат. Сакале ние или не, ама ставот на Габер, по автоматизам и неизбежно, се доведува во врска со неговите лични интереси.

Тој е шеф на македонскиот дел од „Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања“, формиран според договорот. Комитетот постои веќе пет години и никој нема поим дали нешто и што сработил… Единствено, јавноста знае дека членовите земаат редовни, високи месечни надоместоци.

Според член 8, став 5, од договорот од Нивици, задача на Комитетот е да – „го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на автентични, засновани докази и научно издржани историски извори и археолошки наоди“… „Комитетот, исто така, ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали…“. Катастрофа, што друго?

Комитетот на Габер има и обврска – „редовно да се состанува а НАЈМАЛКУ два пати годишно и да поднесува ГОДИШЕН извештај за своите активности како и препораки, кои треба да бидат одобрени од Советот за соработка на високо ниво…“. Сите знаеме дека сите овие години нема ниту редовни состаноци, ниту Совет за соработка… Нема ништо.

Веројатно затоа, според Габер, договорот – треба да трае вечно.

Комитетот очигледно мирува, секако по диктат на Атина. Ние, нели – во ништо не се мешаме, дури ниту во нашите внатрешни работи. Откако Атина бескрупулозно нѐ прекрсти, воопшто не е заинтересирана за ништо друго од договорот. Откако успеаја да го избришат македонизмот, а со тоа и Македонците како  посебен народ, откако им потпишавме дека за светот се тие Македонци, а не ние… тие си тераат по свое.

Не ги интересира и комитетот на Габер, за историски, археолошки и образовни прашања бидејќи, откако во Нивици „докажаа“ дека НЕМА МАКЕДОНЦИ, сите проблеми од овој корпус за нив се затворени.

Исто така, не им треба никаков договор ниту за трговските брендови, марки и симболи, бидејќи сите си ги присвоија… а нас никаде нѐ нема. И „меѓународната група на експерти“, којашто требаше да се формира за таа намена, и својата мисија да ја заврши до 2022, никаде не се спомна! Се чини, нашиот дел и од таа „меѓународна група“, се’ уште постои, ништо не работи и – си молчи. За утеха, веројатно, добро наплатуваат за тоа. Ако е така, а се чини, и членовите на групата сигурно се силни поддржувачи на Нивици!

Нашите членови на овие две тела, очигледно за да не ги „нарушат“ односите меѓу двете земји – не брануваат. Секој месец, тивко, се тешат за својата пожртвуваност!

Многу пати е потврдено правилото дека меѓународните договори се почитуваат се’ додека се во интерес на  потписниците. Кога не е така, тие се репреговараат, ревидираат или – откажуваат. Речиси во сите договори има и такви клаузули. Ако нема,  се откажуваат со дипломатска нота.

Нема трајни меѓународни договори. Францускиот претседател, Де Гол, рекол дека тие се како младите моми и розите – траат додека траат. Потврда за тоа имаме и од единствената суперсила. Последните години, Вашингтон се повлече – од договорот за климата, потпишан во Париз, на светски самит, од договорот за нуклеарната програма на Иран, од Транспацифичкиот договор на 12 држави за трговија, ТПП…  Првите два договора беа од најширок светски интерес.

Според Габер, САД се несериозен меѓународен фактор!

Ристо Никовски

Јули, 2024

The post Личен интерес на Габер, што друго? appeared first on plusinfo.mk.

Катастрофата од Нивици мора итно да се поништи
За да имаме појасна слика за ова што ни се случува, корисно е да се види како се спроведува договорот од Нивици.

1. Грчката страна, целосно го игнорира договорот од Нивици во однос на неколкуте и навистина безначајни свои обврски. Клучно е што не ратификуваше три меморандуми за соработка, иако имаше обврска. Македонија се прави отсутна.

2. Според Член 1 став 8, Грција има обврска нашето навредливо ново име да го користи и дома. Тоа не го прави. Им пречи зборот „Македонија“. Не ги променија ниту ксенофобичните патни сообраќајни знаци, коишто ја означуваат нашата земја! Деновиве, пак, објавија дека промениле еден сообраќаен знак! За наша утеха, де, заради личните документи кај нас. Секоја им чест како нѐ третираат!

3. Грција не го спроведува Член 6 став 1 и став 2, дека нема да има насилство, омраза или непријателство кон другата страна. На сите манифестации и собири на Македонците во Грција има организирани напади. Полицијата не реагира.

4. Според Член 1 став 3 (ж), на 22/6/2019 е формирана Меѓународна група на експерти која за три години, до 2022, мораше да ја заврши својата работа со одредувањето на трговски имиња, марки и заштитни знаци. Нема никакви информации дали е нешто сторено? Во меѓувреме, Грција прави што сака и целосно го присвои брендот „Македонија“.

5. Според Член 8 став 5, формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања. Цел – објективно и научно разгледување и толкување на историските настани. Комитетот треба да утврдува дали е нешто соодветно (?) во учебниците и помошните наставни материјали и каде ќе треба – ќе изврши ревизија! Сето ова, се разбира се однесува на нашата земја.

Со договорот е предвидено Комитетот да се состанува најмалку два пати годишно и да поднесува годишен извештај, со препораки до Советот за соработка на високо ниво. Ништо не знаеме за Комитетот, освен дека „нашите“ членовите земаат убави пари. Нема информации за средби, и тоа два пати годишно. Грчката страна сигурно ги поставила своите ултиматуми, а ние не знаеме како реагирале „нашите“!?

6. Според Член 9, став 1, предвидено е интензивирање и збогатување на соработката во – „ … сите сектори, како што се земјоделство, цивилна заштита, одбрана, економија, енергија, животна средина, индустрија, инфраструктура, инвестиции, политички односи, туризам, трговија, преку гранична соработка и транспорт… Сите овие сектори треба да се вградат во сеопфатен акциски план во текот на развивањето на билатералните односи“. Ништо од ова не е направено.

7. Според Член 12 став 2, треба да се формира Совет за соработка на високо ниво, со претставници на владите, предводен од премиерите. Советот треба да се состанува најмалку еднаш годишно. Советот треба да направи и Акциски план за соработка во сите области. Нема ништо од сето тоа. Прашање е дали е Советот бафрем формално формиран? Дека средби немало, јасно е.

8. Член 14 став 6, предвидува отворање нови гранични премини. Наш интерес беше „Маркова нога“, во Преспа. Нема ништо од тоа. Според Член 14 став 9, треба да се формира Заеднички министерски комитет, којшто – „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе управува со текот на билатералната економска соработка…“. Нема ништо од тоа. Според членовите 16 и 17 – се предвидува полициска и одбранбена соработка. Нема ништо од тоа. Според член 18 – предвидено е потпишување на нови договори. Нема никакви.

9. Интересно е што, според Член 19 став 2, во случај на спор прво ќе се бара медијација од генералниот секретар на ООН. Ако тоа не успее, се оди на судот во Хаг. Доколку Македонија постапеше како суверена држава и со дипломатска нота ја известеше Грција дека не е во можност да ја исполни обврската за замена на личните документи во договорениот рок, ќе се избегнеше целиот хаос во којшто е доведена државата и немилосрдно се малтретираат граѓаните. Доколку, пак, се противеше Грција, за што немаше никаква основа, можеше да се упати да се жали на ООН и на Хаг. Тие процедури ќе траеја со години и ние ќе го решевме случајот во меѓувреме. Арно ама, за тоа се потребни умни и способни политичари, а не копуци.

10. Според Член 20 став 9 – „Одредбите од спогодба остануваат на сила за неопределен рок и се неотповикливи. Не се дозволени никакви измени на одредбите од Член 1 став 3 и став 4“. „Официјалните документи“, пак, со коишто сме ние заглавени со личните, се под Член 1 ама ставови 9 и 10. По логиката на нештата – во нив се дозволени измени! Целосно е бесмислена клаузулата за – „неопределен рок и неотповикливост“. Такво договори во светот – нема. Ништо не е трајно и непроменливо. Освен, можеби – Библија! Де Гол рекол дека меѓународните договори се како розите и младите моми – траат додека траат.

11. Ниту раштимано пеачко друштво не ги остава своите членови без членски карти. Замислете сега што се случува ако некоја квази држава направи таква глупост? Впрочем, не морате да замислувате – токму таква ујдурма доживуваме сите, иако е за неверување! И чавки да им ги испиле мозоците на сите наши политичари од врвот, такво нешто не смееше да се случи.

12. Сето наведено апсолутно потврдува дека договорот во Нивици имаше единствена цел да ја прекрсти Македонија и да ги разнебити Македонците. Ништо друго. Горниот преглед покажува дека ги имаме сите аргументи за да го откажеме договорот. Ништо од него не се спроведува. Освен нашето прекрстување, се’ друго да ти било само празна форма и чиста лага.

13. Нивици не е само предавство на македонските фундаментални национални интереси. Мизеријата со личните документи на граѓаните покажа дека договорот длабоко го засега секој наш граѓанин, не само генерално, со прекрстувањето на државата, туку и лично. Каква само невидена глупост беше направена со прифаќањето на рок од пет години за промена на личните документи, го покажува следното.

Основните лични документи, а тоа се личните карти, возачките дозволи и пасошите, кај нас се издаваат со важност од 10 години. Тоа значи дека и државните капаците за издавање на овие документи се базирани врз таа обврска. Со други зборови, годишно се заменувале по околу 10 проценти од сите лични документи. И што направиле нашите аматери во Нивици? Прифатиле рок од пет години, за нивна замена. Тоа значи дека секоја година требало да се заменат два пати повеќе документи од нормалното, за што државата нема реални капацитети. И, не само тоа.

Тие што се сложиле со рок од пет години за замена, морале да помислат, ако имале со што, дека веднаш по стапувањето на договорот на сила, и започнувањето да тече рокот од пет години, не може веднаш да се издаваат нови пасоши. Тие треба да се нарачаат и тоа трае, макар една година, заедно со сите подготовки. Нашите генијалци, меѓутоа, тоа го завршија за две години и четири месеци и, место од 12 февруари 2019 година да издаваат нови пасоши, како изгледа, тоа го започнале во јули 2021! Така, рокот за замена на патните исправи од пет години, се сведе на две и пол! Или, за толку требало да се направи тоа што нормално се прави за 10 години. Во просек, годишно, требало да се издаваат по четири пати повеќе пасоши отколку што била праксата порано. Само по себе, тоа е невозможна мисија.

За полесно да се разбере грозоморијата во којашто нѐ доведе власта, еве и обичен есап. Ако во државата има два милиони пасоши, а велат дека има речиси два и пол, тоа значи дека место 200 илјади пасоши коишто порано се издавале годишно (за 10 години), сега требало да се издаваат по 800 илјади годишно (за две и пол години)! За околу 250 работни дена во годината, требало да се издаваат по 3.200 пасоши дневно, место 800 во нормални услови! И, се’ е јасно каква будалштина некој ни приредил, засега без лични последици.

Веќе пишувавме дека проблемот можеше да се реши со една нота, чии нацрт – текст исто така го објавивме, ама очигледно немаше политичка волја за такво нешто, што личи на чиста саботажа. Нема ли никој што ќе се осмели да ги вознемири нашите драги јужни соседи? А, народецот наш – нека пати! Впрочем, без никакво  сомнение, во таа саботажа има и поинакви интереси, дијаметрално спротивни на македонските.

Народот убаво рекол – будалите немаат рогови…

The post Катастрофата од Нивици мора итно да се поништи appeared first on plusinfo.mk.

Само нота за пасошите и ништо друго
Незнаењето е страшна работа. Особено ако не си свесен за тоа, и не се обидуваш нешто и да научиш, со прашување на тие што знаат. Решенија има за сѐ, само треба да ги бараш. Безизлезни ситуации нема, има само луѓе кои така се чувствуваат. Се разбира, доколку не постојат скриени намери.

Наместо Македонија да се обрати до Грција со дипломатска нота, и да ги извести дека не е во можност да ја исполни обврската за рокот за замена на личните документи на граѓаните, сврзано со промената на името на државата од договорот од Нивици, тоа е барано лично од грчката амбасадорка. Што можела да направи таа? Само да ја информира Атина и, еве, го добивме очекуваниот одговор.

Колку е тоа глупо и бесмислено, народот има поучна приказна. За време на пости, некој тешко болен, кому докторот му советувал дека мора да јаде месо, ако сака да преживее, отишол кај владиката. Му ја објаснил ситуацијата и го молел да му дозволи да јаде месо за време на постот. Владиката му рекол дека такво нешто не доаѓа предвид и дека мора да продолжи со постот. Разочаран, човек си тргнал дома.

На излезот, клисарот му се сожалил и му рекол да дојде утредента во 12.00 часот. Така и било. Го пуштил кај владиката, а овој бил седнат на маса богата со најразновидни јадења – со месо. Човекот, пак, понизно го повторил барањето, а владиката остро му рекол да си оди и додал – што мислиш ти, јас некого прашувам?

Ѝ се извинувам на црквата за оваа приказна. Веројатно, таа е симболична во однос на потребата секој сам да донесува одлуки според сопствени интереси, без непотребно да прашува други за тоа.

Оваа приказна е апсолутно соодветна на нашава ситуација со личните документи, заради катастрофалниот договор од Нивици.

Честитки за новиот министер за внатрешни работи, Тошковски. Веднаш штом ја презеде функцијата, тој се обиде да бара решение за проблемот, свесен дека причината лежи во Нивици, а од другата страна е – Грција. Потегот е логичен, а на новиот министер не мора да му се јасни сите детали бидејќи проблемот е надворешно – политички, а не внатрешно – политички, ама последиците се во неговиот ресор.

И, во ситуација кога МНР, Османи, не презема ништо, за што мора и да одговара бидејќи тоа личи и на некаква саботажа, новиот министер оправдано се ангажира.

Инаку, кога го спомнавме Тошковски, да му одадеме и признание за одличниот потег, кога на луѓето коишто со денови чекаат за нови документи, и се малтретирани на крајно неприфатлив и срамен начин – им се извини во име на државата! Извонреден потег, министер. Ви честитам.

И Тошковски, како и пред две, три недели, Османи, од грчката амбасадорка сигурни барал согласност да се продолжи рокот за замена на нашите лични документи. Дека е тоа бесмислица и наше самопонижување, на Тошковски не морало да му биде познато а неговиот обид – заслужува општа почит. Средбата, пак, на Османи со амбасадорката е срамна и покажува дека и тој, ама зад него и целото МНР, коешто најверојатно и не било консултирано, барем тие што ги знаат работите, презел аматерски чекор, којшто не и служи на чест на државата.

Во колумна, објавена на 19/1/2024 година, во Плусинфо, пошироко го објаснив проблемот. Сега само да повториме. Исто како и болниот за време на постот, што очекувал Османи од грчката амбасадорка? Што можела таа да му одговори? Или предложените разговори на Пендаровски со грчката претседателка, или меѓу двата премиери? Никој од нив нема никаков мандат било што да вети. Тоа не е нивни проблем.

А, самото барање на решение директно од грчката страна, значи дека се сугерира промена на Нивици, во делот од рокот за нашите лични документи. Освен одбивањето коешто ни го сервираа, тие немаат други објективни можности. Треба да си заскитан за да веруваш дека кој било во Грција ќе може да ти даде било каков позитивен одговор. Впрочем, промената на било кој дел од договорот претпоставува сосема поинаква  процедура, пред се’ согласност за такво нешто од двете страни, потоа преговори… Зошто би прифатила Грција такво нешто, што го девалвира договорот, барем формално?

Во сегашната ситуација, единствено ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ е испраќање на ДИПЛОМАТСКА НОТА со која официјално, и еднострано, ПРИВРЕМЕНО се суспендира дел од договорот, без да се бара негова промена. Во прашање е виша сила, со објаснување – не можеме да ги оставиме граѓаните без лични документи! Никој нормален, тоа не може да го оспори.

Со таков потег, Грција е ставена пред свршен чин, без никаков маневарски простор. Ако, сепак, Атина се осмели тоа да го оспори или одбие тогаш се отвора мал фронт. Ќе им се врати дека нашата позиција е дефинитивна, бидејќи немаме простор за поинакво решение, и ако сакаат поинаква разврска, без меѓусебната согласност, макар и премолчена, можат да се обратат на надлежните меѓународни институции.

И што мислите, ќе одат на суд? Во никој случај. Тоа би траело три, пет… години. И, што? Изгубено време и пари. Ништо друго. Истовремено, ќе се потсетат дека тие ништо не спровеле од Нивици. Трите протоколи, на пример, се’ уште не ги ратификувале, а морале одамна…

Тука завршува приказната, а ние си тераме по свое, го суспендираме законот со којшто се прогласени за неважечки, важечките лични документи на граѓаните и тие продолжуваат да бидат важечки, до нивниот вистински рок. Македонски ујдурми. Впрочем, за верување е дека светот, особено граничните контроли, не сме ги известиле дека нашите важечки пасоши, со вистинското име, престануваат да важат по 12 февруари? Тоа можеме само ние да го сториме.

Ако некој не верува во валидноста на оваа постапка, може официјално да се јави во некое од западните министерства за надворешни работи и да бара стручно мислење.

Еве, всушност, како треба да изгледа нашата нота, којашто обично се нарекува – вербална.

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија има чест да го информира Министерството за надворешни работи на Република Грција дека е во невозможност да го исполни рокот за замена на личните документи на своите граѓани, според обврската преземена со договорот од Нивици (точно да се наведе името на договорот), член 1, ставови 8, 9 и 10. Во прашање е огромен број од лични документи, чија замена не е возможна во предвидениот рок. Република Македонија останува на обврската да ги смени сите лични документи на граѓаните, и да ја исполни обврската преземана со договорот, и на тоа интезивно работи. Меѓутоа, со оглед на огромниот број документи, не е во можност веднаш да се обврзе до кога тој процес ќе трае. Министерството за надворешни работи на Република Македонија ја презема обврската во соодветно време, кога ќе биде извесно, да ја извести другата страна до кога ќе трае тој процес. Министерството за надворешни работи на Република Македонија високо го цени разбирањето на грчката страна за оваа ситуација, којашто е резултат на Vis Maior услови. Го изразува своето жалење што, во  процесот на целосно извршување на договорот од Нивици (соодветен израз) дојде до не планиран проблем и го нагласува своето уверува дека пречките ќе бидат надминати во најкус можен рок. Министерството за надворешни работи на Република Македонија ја користи и оваа прилика да ја реафирмира својата висока почит до Министерството за надворешни работи на Република Грција“.

Толку, и ништо повеќе. И, проблемот е решен.

The post Само нота за пасошите и ништо друго appeared first on plusinfo.mk.

Две години по Преспанскиот договор – Северна Македонија членка на НАТО, чека датум од ЕУ
По Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци, кои говорат македонски јазик, е порака што неодамна ја упати преговарачот во речиси тридеценискиот спор за името, Метју Нимиц, кој денеска, на 17 јуни, слави роденден, денот кога пред две години во Нивици на Преспанското Езеро беше потпишан Преспанскиот договор, со кој се стави крај на несогласувањата меѓу Атина и Скопје.

– Со Договорот од Преспа се стави клуч на македонскиот идентитет на граѓаните, а лидерите можеа самоуверено да го уверат својот народ дека е признат како македонски, дека тие ја постигнаа својата главна цел во преговорите, имено, признавањето на нивниот национален идентитет – истакна поранешниот специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во деталната анализа, објавена во април за Nationalities Papers, академското списание кое го објавува Кембриџ Јуниверзити за Асоцијацијата за студии на националностите.

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.

Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.

Согласно Договорот, Грција прва го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а земјава на 30 март, како што и беше ветено стана 30. членка на Алијансата. На свечена церемонија со кревање на знамето на Северна Македонија, на 30 март во седиштето на НАТО во Брисел се официјализираше пристапување во Северноатлантската алијанса.

Се отвори и патот за членство во Европската унија. По 15 години кандидатски статус и со над десет последователни препораки на ЕК за отворање преговори, Европскиот совет на 26 март оваа година донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија. Сега земјава е во очекување на преговарачката рамка, која според најавите на европски дипломати треба да биде презентирана во наредните неколку дена од страна на ЕУ, а првата меѓувладина конференција се очекуваа оваа есен.

Договорот од Нивици

Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните е официјалниот наслов на Договорот.

Димитров и Коѕијас на свечената церемонија во Псарадес или Нивици на 17 јуни 2018 година ги ставија потписите на Договорот, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји. Тие низ целиот процес на постигнување на компромисот, а и по потпишувањето се обидуваат да покажат дека тоа што е договорено е од корист за двете држави. Димитров и Коѕијас беа архитеките на Договорот, ги усогласуваа ставовите, особено откако преговорите се подигнаа на ниво на шефови на дипломатии.

Основата на Договорот е тоа што во него на пријателски начин и прецизно е утврдено како Грција го толкува поимот „Македонија“ и „македонски“ и како ние за нас го толкуваме поимот Македонија и македонски.

Со членот 7 се прави јасна дистинкција дека поимот Македонија и македонски во Грција го означува Хеленскиот дел од историјата. Утврдено е дека Македонија и македонско во наш контекст ги отсликува нашата теротирија, нашиот јазик, народ со сите атрибути, историја, култура и наследство – различни од оние во Грција.

– Решавањето на спорот за името меѓу Грција и нејзиниот северен сосед креираше важна нова можност за поконструктивни односи и побезбеден Балкан. Договорот од Преспа, потпишан на брегот на Преспанското Езеро, кое ги дели двете држави е решение за спорот и основа на нов почеток – истакна неодамна Нимиц.

Тврдите ставови на Мицотакис омекнаа по доаѓање на власт, опозицијата кај нас најавува укинување на договореното

Опозициите во двете земји во времето кога се носеше договорот негативно реагираа на договореното. Нова демократија кога беше во опозиција во предизборниот период во Грција одеше со тезата дека Договорот е во интерес на северниот грчки сосед, дека Ципрас ја продал нацијата и всушност правел политички пазарања за да остане на власт.

Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис кога беше во опозиција велеше – неговата партија нема да го прифати Договорот од Преспа. Според него Ципрас со Договорот отстапил македонска националност и јазик. Но, по доаѓањето на власт се смирија и страстите, а Договорот стана дел од политиката на Мицотакис.

Нова демократија по преземањето на власта, ја омекна позицијата, поддржувајќи со ставот дека земјата има континуитет, Договорот е веќе потпишан и ратификуван, а Грција ќе го почитува како што и од другите бара да се придржуваат кон меѓународното право (политиката во однос на Турција). Мицотакис на почетокот на минатиот месец на Самитот ЕУ-Западен Балкан порача дека добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија и ја повика нашата Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.

А шефот на дипломатијата Никола Димитров во неодамнешното интервју за МИА рече дека Договорот се спроведува, а со Владата на Мицотакис успеале да изградат доверба, да имаат односи на разбирање и да бидат свртени кон можносите и кон иднината.

Опозициската ВМРО-ДМНЕ кај нас го пласира ставот дека договорот е капитулантски за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати побара оставка од шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој според нив ја предал својата држава, ставајќи потпис на договореното.

Христијан Мицкоски повторуваше дека Договорот е штетен за државата, се губи македонскиот идентитет, се распарчува земјата, се продава историјата, се поткопува волјата на граѓаните, изразена на референдумот на 30 септември. Велеше и доколку дојде на власт со двотретинско мнозинство ќе го укине Преспанскиот договор.

Димитров, пак, во интервјуто за МИА истакна дека договорот е дел од нашиот домашен правен систем, тој е дел од меѓународното право, а политички е еден договор, кој од сите страни во демократскиот свет беше истакнат како извонреден дипломатски успех.

Долгиот пат до решението

Преговорите меѓу Македонија и Грција се обновија кон крајот на 2017 година, по речиси тригодишен застој. Спорот траеше 27 години. По обновувањето во почетокот посредникот на ОН, Нимиц имаше средби со преговарачите Василакис Адемантиос и Васко Наумовски, а потоа преговорите се подигнаа на повисоко ниво, на ниво на шефови на дипломатии.

Заев и Ципрас ја имаа првата директна средба на Светскиот економски форум во Давос, каде беа направени првите отстапки. Македонија ги преименува аеродромот и автопатот, а Грција ја одблокира втората фаза на земјата во процесот на Стабилизација и асоцијација со ЕУ и ѝ овозможи на Македонија да стане членка на Јадранско-јонската иницијатива.

Клучна во преговорите беше средбата Заев-Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа во Софија за време на бугарското претседателство со Унијата. Самата средба на двајцата премиери како да беше централен настан на Самитот. Заев и Ципрас во телефонски разговор на 12 јуни 2018 година го потврдија договореното, а потоа ја информираа јавноста во своите земји.

Спорот за името почна веднаш по осамостојувањето на Македонија и нејзиниот прием во ОН, на 8 април 1993 година. Поради противењето и притисоците од Грција, која не го прифаќаше уставното име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Стратегијата на преговорите, како што посочи неодамна Нимиц, била да се разбие острата разлика во перцепциите за спорот, да се идентификуваат перцепциите кои водат до доминирање на принципот на аверзија на загуба кај двете страни и да се направи обид за преиспитување на прашањето.

Тој вели дека пресвртот во обидите да се реши спорот се случил кон крајот на 2000 година, кога Атина ја прифатила идејата дека името што ја вклучува Македонија ќе биде прифатливо ако во себе содржи соодветна географска одредница. Кога тогашниот премиер Зоран Заев во 2017 година, додава Нимиц, посочил дека вакво нешто може да биде прифатливо и за Скопје, со оглед на решавањето на сите други прашања, вклучително и заштита на идентитетот на македонскиот народ – почнала да се наѕира основата на договорот.

The post Две години по Преспанскиот договор – Северна Македонија членка на НАТО, чека датум од ЕУ appeared first on plusinfo.mk.