митко панов Archives - plusinfo.mk

„ЖЕЛЕЗНАТА ТВРДИНА“ ВО БИТОЛА Долгометражниот филм кој ги раскажува најчовечките животни приказни со две претпремиери во „Манаки“
Вечерва (17 април) и утре (18 април) со почеток во 19:30 часот во Кино Манаки во Битола ќе се одржат две претпремиерни проекции на филмот “Железната тврдина” во режија на единствениот македонски добитник на наградата “Златна палма”, режисерот Митко Панов.

Железна тврдина е филм за кревки луѓе, кој од обична филмска работилница со штитеници на Психијатриската болница во Демир Хисар, прерасна во долгометражен филм во кој се раскажуваат најчовечките животни приказни…

Освен осум штитеници на Психијатриската болницата, во главни улоги настапуваат и Синоличка Трпкова, Пол Гордон (САД), Игор Џамбазов, Васко Тодоров (како Тошо Малерот), Стефан Шашков и Јасмина Котевска.

За разлика од физичкото здравје, менталното здравје и менталната хигиена, се чест предмет на стигматизација, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.

Од таа перспектива, морален прерогатив на филмот „Железната Тврдина“, е поткревање на нивото на свест и информираноста, со цел надминување на таа друштвена стигма.

На проекцијата ќе бидат присутни режисерот Митко Панов, Јасмина Котевска и Стефан Шашков од Центарот за креативни индустрии „Небо“ кои по проекцијата ќе одговараат на прашања од публиката.

The post „ЖЕЛЕЗНАТА ТВРДИНА“ ВО БИТОЛА Долгометражниот филм кој ги раскажува најчовечките животни приказни со две претпремиери во „Манаки“ appeared first on plusinfo.mk.

ЖЕЛЕЗНА ТВРДИНА ЗА КРЕВКИ ЛУЃЕ Од работилница со психијатриски пациенти, до филм за најчовечките приказни
Еден од најреномираните македонски и европски филмски автори – Митко Панов е режисер, сценарист и продуцент со импресивна меѓународна биографија. Своето образование го стекнал на прочуената филмска школа во Лоѓ, Полска, под менторство на легендите Јержи Кавалерович, Војчех Хас и Анджеј Вајда.

Добитник е на престижни награди, вклучувајќи ја и Златната палма за најдобар краток филм на Канскиот фестивал во 1991, за неговиот студентски филм „Со кренати раце“ снимен во 1985 година.

Панов е и еден од основачите на Њујорк филм академијата (NYFA) и креатор на нејзината основна програма, курс од 6 недели во кои тој успеал да го систематизира она што едно филмско училиште од Источна Европа го нуди како 4-годишна програма.

Бил професор на универзитетот во Тексас UT, Austin-RTF и доцент на отсекот за пост-дипломски студии во Tisch School of the Arts, NYU. Во деведесетите години бил визитинг професор на државното филмско училиште во Минхен, HFF, а меѓу неговите поранешни студенти се и добитници на „Оскар“ и други светски признанија, меѓу кои и култниот режисер Стив МекКвин. Го отворил огранокот на NYFA во Париз и бил негов програмски директор.

Ова е накусо за оние децении по завршувањето на гимназијата „Орце Николов“ и Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство – период во кој Митко Панов има живеено во неколку земји – СФРЈ, Полска, САД, Швајцарија и Македонија – пет различни општества, распослани низ три политички системи.

Некои од неговите попознати филмови се краткометражниот „Ливада“ (игран), долгометражниот документарец „Земјаци“, како и долгометражните играни филмови „Војната заврши“ и „Сведок“ (во кој славниот актер Бруно Ганц ја оствари својата последна главна улога на филм).

Филмот како терапија: „Железна тврдина“ и искуството во Демир Хисар

Повод за нашиот разговор со Панов е неговиот најнов филм – „Железна тврдина – Македонска Филмска Работилница”, проект кој почнува скромно, како идеја за работилница во Психијатриската болница во Демир Хисар, со поддршка од 60,000 денари, од министерството за култура.

„Многу луѓе веруваат и му придаваат големо значење на креативниот момент, или на улогата на режисерот или на идејата. Овде е обратно, идејата е генерирана од самата материја. Јас не сум автор со големи идеи, туку работник кој почнал со работилница, но сфатил дека (во неа) има и филм“, се смее Панов.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

The post ЖЕЛЕЗНА ТВРДИНА ЗА КРЕВКИ ЛУЃЕ Од работилница со психијатриски пациенти, до филм за најчовечките приказни appeared first on plusinfo.mk.

СЛОБОДНО ЌЕ ГИ ИЗРАЗИМЕ СВОИТЕ СТАВОВИ Новиот тим македонски историчари утре ќе се сретне со колеги од Бугарија
Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија утре, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи минатиот месец, во интервју за ТВ Сител вечерва изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

– За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување… Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми – истакна Панов.

Toj посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

– Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век… Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување – додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.

Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

The post СЛОБОДНО ЌЕ ГИ ИЗРАЗИМЕ СВОИТЕ СТАВОВИ Новиот тим македонски историчари утре ќе се сретне со колеги од Бугарија appeared first on plusinfo.mk.

МИТКО ПАНОВ Е НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА На историчарот Драги Ѓорѓиев му заврши мандатот
Професорот Митко Панов е нов вршител на должноста директор на Институтот за национална историја, доаѓајќи на местото на Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, кому му заврши шестмесечниот (продолжен) мандат на чело на ИНИ.

Историјата на Византија, историјата на средновековна Македонија и на Балканот, како и историографијата на Балканот, средновековна и модерна, се во фокусот на истражувањата и на предавањата на новиот в.д. раководител на најстарата научна установа за проучување на националната историја на македонскиот народ и на етничките заедници, основана во 1948 година.

Панов, кој јавно застана и не престана да се бори против обидите за наметнување на бугарскиот поглед врз македонската историја, беше кандидат за в.д. директор и пред половина година, но тогаш Советот на ИНИ, во кој членуваат шестмина вработени во институцијата и тројца именувани од Владата, при второто гласање го оставија во фотелјата Ѓоргиев уште шест месеци.

The post МИТКО ПАНОВ Е НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА На историчарот Драги Ѓорѓиев му заврши мандатот appeared first on plusinfo.mk.

АКАДЕМСКАТА ЗАЕДНИЦА ДА БИДЕ КОНСУЛТИРАНА И ЗА ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ Историчарите повикуваат на општествено обединување околу темите за македонската нација
Академската заедница треба да се спротистави на сите политички влијанија кои директно ја дерогираат слободата на академската и научната мисла, но воопшто и на македонската наука и образование. Крајната импликација би била засегнување на националниот идентитет. Ова се дел од пораките кои беа пренесени на денешната научна трибина „Билатералните протоколи со Бугарија и импликациите за македонската наука и образование“ организирана од Здружението на историчари на Република Македонија.

Според претседателот на Здружението на историчари, Митко Панов, протоколите со Бугарија и со Грција го спречуваат правото на македонската нација да има сопствен национален наратив.

– Здружението на историчари на Република Македонија и јас како претседател заедно со членството, сметавме дека е потребно да се иницира академска дебата, во контекст на импликациите од билатералните протоколи за македонската наука и македонското образование, имајќи предвид дека самите национални институти и институции не иницираат вакви дебати – изјави Панов пред почетокот на трибината.

Тој смета дека билатералните протоколи со Бугарија директно ја дерогираат македонската наука и образование, од аспект што политиката директно се инволвира во целиот научен и образовен процес.

– Сметам дека академската заедница е нужно да биде консултирана за сите општествени промени, вклучително и импликациите од промената на Уставот за да се направи општествено обединување околу сите овие клучни теми за македонската нација – додаде Панов.

Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, смета дека договорите со Бугарија и Грција треба да се разгледуваат заедно, а не одделно, тие се две страни на една иста паричка.

– Во последните две години имав мноштво јавни настапи кои може да се сумираат во еден параграф – ако зборот македонизам подразбира просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, тогаш националниот супстрат го сочинуваат Македоцните што живеат во државата Македонија, како и оние во соседството, вклучувајќи ги Грција, Бугарија и Албанија, како и низ целиот свет. Документите што ги негираат тие факти и  промовираат невистини, лаги и манипулации, а тоа се договорите со Грција и со Бугарија, Македонците и македонската научна јавност треба да ги отфрли и осуди – рече Коцарев во обраќањето на трибината.

Проф. д-р Наташа Котлар рече дека со договорот за добрососедство се засегнува не само националното, идентитетско изразување и постоење на македонскиот народ, неговата историја и култура, туку во овој момент, засегнати се, пред сѐ, народната меморија и државните институции.

– Државните институции се засегнати преку правење на овие „квази“ комисии, кои не треба да се појавуваат во општествениот живот на овој начин како што се поставени, бидејќи на ваков начин се прави деградација на целиот државен систем. Со оглед на тоа дека АСНОМ е оној кој што ги востанови македонските државни институции, тогаш преку овие протоколи и овој договор ние самите сме се согласиле да ја уништиме осовата на македонската државност и посебност – додаде Котлар.

The post АКАДЕМСКАТА ЗАЕДНИЦА ДА БИДЕ КОНСУЛТИРАНА И ЗА ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ Историчарите повикуваат на општествено обединување околу темите за македонската нација appeared first on plusinfo.mk.

НАМЕРНО БЕА ИЗБРАНИ ЦАР БОРИС, ФЕРДИНАНД, ОХРИД, САМУИЛ… Панов вели дека целта е вештачки да се прикаже заедничка „бугарска“ историја до 1944 година
Употребата на имињата на Цар Борис Трети и на новото здружение на бугарската заедница во земјава во најава со името на Цар Фердинад има за цел да ги поврзе историјата на Бугарија со Северна Македонија за да се покаже дека тие имаат заедничка историја од средновековието до 1944 година, во што очигледно има политичка димензија. Но, таа заедничка историја всушност Бугарија да ја прикаже како бугарска, вели за МИА историчарот Митко Панов од Институтот за национална историја.

Како земја победник во антифашистичката војна треба да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа мрачно минато и да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, смета тој.

– Тоа е некоја тенденција со која што на некој начин се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис Трети се симбол на окупацијата на Македонија, едниот во Втората светска војна, Борис и Фердинанд во Првата светска војна, и симболиката е таа со која што Фердинанд всушност ги обединува т.н. две царства во Бугарија, кога се прогласува за цар 1908 година и на тој начин се создава таа традиција која што еве бугарското раководство, сега не можам да кажам бугарското раководство, меѓутоа очигледно дека тука има некаква политичка димензија. Во секој случај симболиката е таа, дека Првата и Втората светска војна, овие личности ја симболизираат и окупацијата на Македонија во тој период. И затоа не случајно беше избран и Охрид како седиште на Здружението на Борис Трети. И не случајно беше избран 7 октомври којшто треба да ги спои јубилејот на 6 октомври, смртта на Самоил и таа традиција која што треба да се презентира во континуитет, а што кореспондира со актуелната политика на тенденцијата да се презентира една заедничка историја која што датира од средновековието, па сѐ до 1944 година. Таа заедничка историја всушност е Бугарија – вели Панов на новинарско прашање во врска со употребата на контроверзните имиња на цар Борис Трети и  Цар Фердинанд за како име на ново здружение кое се обидува да се регистрира за што потврдуваат од Централниот регистар.

Според Панов, токму тие личности треба да ја симболизираат таа политика на Бугарија и оттаму смета дека особено личностите коишто симболизираат таков вид војни, страдања, што на некој начин имаат негативна асоцијација, особено Борис Трети со асоцијацијата со фашизмот, вели, треба категорично да бидат сакционирани од страна на државата, независно дали е потребно да има некаков закон и слично.

Тој е на ставот дека државните институции задоцнето реагирале кога станува збор за отворање и регистрација на вакви културни центри со провокативни имиња.

– Да, јас мислам дека сите личности коишто асоцираат на такво страшно минато треба да бидат веднаш санкционирани од државата. Па земете пример доколку некој регистрира здруженија со името на Адолф Хитлер, дали ќе се чека некаков закон и слично. Работата е во суштина дека треба ние како земја која што е победник во антифашистичката војна да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа страшно и мрачно минато и на тој начин да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа – потенцира историчарот Панов.

Запрашан дали смета дека ваквите случувања ќе се одразат во односите меѓу Бугарија и Македонија и во понатамошните преговори, тој опстојува на неговиот како што вели научен став.

– Тука јас не би навлегувал, бидејќи е политичка релација. Јас зборувам како научник којшто ги следи овие тенденции историски и на некој начин реагирам од аспект на тоа, бидејќи ја знам генезата на бугарската политика од 19 век и како таа сега се проектира во современието со цел да се реализираат тие агенди коишто немаат никаква врска со добрососедските односи, а уште помалку со науката – дециден е историчарот Панов, кој изјавата ја даде по презентацијата на најдобрите ликовни и литературни дела на конкурсот организиран во рамки на активности на ИНИ за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, чии мошти на денешен ден во 1946 година биле пренесени од Софија во Скопје.

The post НАМЕРНО БЕА ИЗБРАНИ ЦАР БОРИС, ФЕРДИНАНД, ОХРИД, САМУИЛ… Панов вели дека целта е вештачки да се прикаже заедничка „бугарска“ историја до 1944 година appeared first on plusinfo.mk.

За препораките на Комисијата и за неуспешниот обид за манипулација со историјата
Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

Ваквата изрека, во современието се употребува за посочување на оние кои во недостаток на аргументи, се обидуваат да се одбранат со лично напаѓање на оние кои ги критикуваат. Цицероновата мисла станува посебно релевантна во контекст на начинот на кој членовите на Комисијата за историски и образовни прашања на „Република Северна Македонија“, ја разбираат дебатата и карактерот на научната мисла, односно целосно ги исклучуваат и погазуваат.

Како што нивните препораки за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, цар Самуил, се засновани на селективно презентирање на наративот подреден исклучиво на презентирање на едностраниот бугарски поглед на историјата, така и нивната „одбрана“ од аргументите на своите колеги во Р. Македонија, се сведува на селективност и манипулација.

Апсурдот да е поголем, соочени со сопствената нерелеватност од аспект на научната експертиза за препораките за средновековието и со критиките од македонска научна јавност, што ги вклучува сите авторитети со научен интегритет и кредибилитет за средновековието (починатите не можат да реагираат, иако се предмет на комисиската ревизија), тие во реакцијата претендираат да конструираат лажна претстава во јавноста дека независно што не ги консултирале, тие всушност ги користеле истите македонски средновековисти од кои всушност се критикувани за нивните препораки.

Немам намера да навлегувам во материјална расправа за комисиските „аргументи“ за средновековната историја, бидејќи за тоа е потребна научно валоризирана експертиза од нивна страна. Меѓутоа, бидејќи бев лично прозван, должен сум да реагирам.

Не за да се одбранам себеси, бидејќи одговорот се наоѓа во моите научни дела, публикувани и во реномирани издавачки куќи во странство, туку да ги разобличам манипулациите кои се содржани во комисиската реакција. Уште повеќе, да ги демантирам и македонските политичари, кои ставајќи се во одбрана на Комисијата како нивен продукт, ги обвинуваат историчарите неистомисленици за ширење „лажни вести“ и тоа диктирани од некакви „политички центри“.

Ваквата политичка реакција е доволен индикатор, за кого седуммината членови на комисијата се релевантни и „вредни“, независно што тие воопшто не ја репрезентираат македонската научна заедница. И секако, тие се релевантни за Бугарија, од каде стигнаа пофалби за комисиското признание дека селектираните личности од средновековието биле „бугарски“ и дека сега треба да се работи за прифаќање на „историската вистина“ во македонското општество, бидејќи политичарите 80 години лажно го убедувале населението дека е македонско (изјава на проф. Илчев од бугарскиот дел од комисијата).

Римскиот историчар Тацит, на тоа би одговорил дека „доколку сакате да знаете кој ве контролира, видете кого не смеете да критикувате“.

Најпрвин за „лагите“, за кои генерално се обвинети сите македонски средновековисти, кои истапија со критика на препораките на комисијата, односно се дрзнаа да ја оспорат прогласената од Владата „историска вистина“.

Комисијата во реакцијата тврди дека „оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика“. Малку чудно прозвучува кога Комисијата обвинува за нестручност за средновековната епоха, а самата нема ниту еден експерт од средновековието, ниту пак го консултирале во најмала рака!

Членовите обвинуваат за селективни толкувања, а самите го прават токму тоа, во неуспешниот обид да се оправдаат себеси, односно да се легитимираат пред јавноста (но не пред научната).

А во суштина тие самите се делегитимираат, токму со својата нестручна манипулативна селективност, којашто нема ништо заедничко со науката. Исто, како и нивното своеволно методолошко прифаќање на политичкиот концепт на утврдувањето на „заедничката историја“, што им дава на препораките исклучив „бугарски“ карактер.

Тоа впрочем го потврди и самиот ко-претседател, Драги Ѓоргиев, во јавната дебата со ко-претседателот од бугарска страна, Ангел Димитров, пренесувана на 29 ноември 2019 година директно на Бугарската национална телевизија. На дебатата Ѓоргиев потврди дека македонските членови се согласиле дека Самуиловата држава била „заедничка историја во смисла дека таа е една држава во која се живее. Така е. Јас се согласувам во таа смисла апсолутно … Меѓутоа, кога се качуваме понагоре хронолошки тогаш станува тој термин малку чувствителен, кога доаѓаме 19, 20 век“. Ѓоргиев понатаму појаснува дека „македонската страна не го негира постоењето на Бугарска држава, апсолутно не. Нема како да го негира.

Македонската страна исто така не го негира формирањето на бугарската народност во тоа време. Меѓутоа дебатира околу тоа дека формирањето на бугарската народност на целокупната територија на таа голема средновековна држава, дека била со ист интензитет, како што била во средиштето на Бугарската држава и дека тоа формирање во 9 век трае до 1944 година“.

Со други зборови, за Ѓоргиев не е спорно формирањето на бугарскиот народ во средновековието, што е во целосна спротивност со тоа што Комисијата во реакцијата претендира да го презентира.

Во таа смисла, Димитров на дебатата посочи дека за бугарските членови на комисијата „заедничката историја е заедничка имено затоа што имаме една држава, формирање на народ, една култура, едни заеднички претстави за постоењето на таа заедница“, а тоа значи „да ги исчистиме интерпретациите на минатото од оние негативни и погрешни ставови, кои влијаат и врз современите општества“.

Наспроти ваквите јавни изјави, комисијата во реакцијата на критиките на македонските историчари, како главен „аргумент“ наведува дека нивните препораки се базираат на факти. Но, притоа, тенденциозно избегнува да каже дека сите од нив селектирани средновековни личности (по досега непозната научна методологија на селекција), преку нивните препораки (за што воопшто немаат мандат според Договорот за пријателство) стануваат дел од „заедничката историја“, која со одлука на Владата од јули 2019 г. е веќе прогласена за „историска вистина“, која ќе мора „соодветно да се одбележува“.

На Комисијата не ѝ пречи што нивните препораки ја легитимираат политичката догматизација на „историската вистина“ на само за нив позната некаква замислена „заедничка историја“ со Бугарија, туку ги обвинува колегите експерти од средновековието дека со критиките на ваквите тенденции се служат со „манипулации и политизации“.

Уште повеќе, Комисијата не само што не се спротивстави, туку го прифати и го оправда, вториот билатерален протокол на владите на двете земји од јули годинава, во кој комисијата се позиционира над уставот, законите, над сите научни и образовни институции во државата со национален предзнак.

Не се спротивставија ниту на обврската која произлегува од истиот билатерален протокол, а кој станува услов за интеграцијата на Р. Македонија во ЕУ, што меѓу другото подразбира досега усвоените „историски вистини“ и идните препораки на комисијата да бидат соодветно маркирани на јавниот простор, во официјалните говори на политичарите, веројатно и на ректорите, директорите …

Останува да видиме како ќе изгледа тоа во практиката, кога во официјалните говори при чествувањето на сите средновековни личности, меѓу кои и државните празници на Република Македонија, ќе мора да се спомене Бугарија и „бугарството“. Или, што ќе одговорат тогаш, кога Бугарија ќе побара на натписите на спомениците на овие средновековни личности, во согласност со нивните препораки, да се маркираат како „бугарски“?!

Велат дека не било исто тоа што го договориле за заедничко чествување на личности, од тоа што ќе се изучува во учебниците. Тврдат дека политиките на сеќавања биле право на секоја нација, а самите тие ја менуваат историската содржина, правејќи ги „бугарски“.

А притоа, според билатералниот протокол, тие ќе ги креираат не само наставните планови, туку и самата текстуална содржина на учебниците. Воедно, за нив воошто не е проблем тоа што дел од истите членови на комисијата беа воедно и главните промотори на концептот за основно образование, со кое беше избришан предметот Историја, воведен од АСНОМ, а по острите реакции на академската и научна заедница, само формално беше заменет со „Историја и општество“.

Со нивна согласност и заложба, учебниците по историја се укинуваат, со што се артикулираат барањата на соседите за ревизија на националниот наратив, а кој тие самите го ревидираат и диктираат како и што ќе се изучува, согласно нивните препораки и текстови.

Токму тоа го имал предвид Цицерон.

Формулациите на Комисијата не само што немаат ништо заедничко со научната кредибилност, туку се во суштина крајно аматерски, селективни и погрешни, што евидентно произлегува од политичката коректност на прифаќањето на бугарскиот историографски поглед на историјата на Македонија и политичкиот концепт на „заедничка историја“.

Во таа смисла, презентирајќи ги формулациите, ко-претседателот на македонскиот дел од Комисијата, констатираше дека „комисијата направи текстови кои се прифатливи за двете страни, за двете влади, со кои може и верувам, ќе придонесат за подобрување на односите на двете држави“. Со други зборови, за Комисијата прифатливоста произлегува не од научната и академска фела во Р. Македонија, туку тоа што седуммината членови ќе го дефинираат, а ќе го прифати Бугарија, односно владите на двете земји и што ќе биде прогласено за „историска вистина“.

Наместо Комисијата да ги достави препораките на валидација пред научната јавност, ги доставува Владата, за која се единствено релевантни. Значи, клучниот мотив на Комисијата било ревизија на интерепретацијата на историските личности oд средновековието, кои тие сметале дека ги оптеретуваат добрососедските односи. Сега, кога овие средновековни личности од Македонија добиваат историски контекст за кој се согласува Бугарија во сиот свој триумфализам бидејќи ги рефлектира во целост нивните ставови, може да се зборува дека Комисијата го дала придонесот за подобрување на односите.

Независно што тоа е исклучиво за сметка на наративот на македонскиот народ и македонската нација, со што се оттуѓува културно-историското наследство од средновековието, кое станува „заедничко“, односно „бугарско“ и ќе биде соодветно маркирано во севкупниот јавен простор, а кое ќе мора да го прифати македонското општество.

Тврдат дека „ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира“, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство“. Но, не споменуваат дека доколку нивните препораки ги врамуваат овие личности исклучиво во контекст на бугарската држава и бугарските владетели, пришто целосно се исклучува нивната дејност поврзана со Македонија и притоа единствено се одразува „бугарскиот“ контекст на „заедничка историја“, тогаш се поставува прашањето како ќе се чествува на пример цар Самуил, кога според билатералниот протокол, сите споменични обележја, музеи, натписи, ќе треба да упатуваат дека тоа било „Бугарско царство“.

Што ќе чествува Р. Македонија одделно, кога на овој начин се раскинува историската содржина на културно-историското наследство, односно ја губи смислата на чествувањето. Бидејќи според билатералниот протокол, тоа ќе стане „бугарска“ сопственост и соодветно ќе биде маркирана. Што треба да чествуваме? Бугарски владетели и бугарски светители, како свои? Бидејќи како такви ни ги презентира комисијата, како дел од „заедничката историја“ на двете држави. Случајно, или не, комисијата не ја употребува синтагмата содржана во Договорот за пријателство „две држави и два народи“, исклучувајќи го делот на „двата народи“ во препораките?!

Што притоа ќе прават членовите на Комисијата со Крсте Мисирков кој во Македонцките работи го поврзува континуитетот на македонската културно-историска посебност со македонскиот цар Самуил, како и на многумината македонски интелектуалци и револуционери после него?! Што ќе прават со Коста Рацин, кој ги оквалификува бугарските тези како „архи-лаги“.

Што со Манифестот на АСНОМ, што со воведниот говор на Панко Брашнаров, во кој се повикува на државотворните традиции од Самуил, односно дека е формирана прва по Самуила македонска држава. Ќе ги обвинат ли и нив за манипулација и политизација и ќе ги исклучат и избришат од меморијата, затоа што не се компатибилни со нивните препораки и наштетуваат на добрососедските односи?!

Или, ќе ги занемарат одлуките на Бугарија во 1947 година, со кои се наложува дека Самуиловата држава треба да се изучува како дел од македонската историја, и главно како држава на „македонските Словени“ пришто се осудуваат дотогашните историографски тенденции за присвојување на Самуил, како „големобугарски шовинизам“.

Ќе ги занемерат ли стенографските белешки од 60-тите години од 20 век, кои покажуваат дека Тодор Живков, политички тргувал со историските личности од Македонија, изразувајќи подготвеност „да им го дадеме Самуил“. За комисијата релевантни се препораките, кои ги рефлектираат историографските конструкти од втората половина на 19 век, под директно влијание на Русија за потребите на проектот за Голема Бугарија и легитимирањето на територијалните претензии кон Македонија.

Во отсуство на аргументи, членовите на комисијата вадат од контекст селектирани реченици од мојата студија за МАНУ, дека традиционалната историографија ја третирала Самуиловата држава како „Бугарско царство“. А притоа, не го приопштуваат заклучокот, и воедно целосно ја игнорираат и мојата монографија „The Blinded State: Historiographic debates about Samuel and His State (Leiden/Boston: Brill 2019)”, што е прва воопшто објавена на запад и на англиски јазик во светската историографија. Но, тоа, очигледно не било релевантно за комисијата, бидејќи е објавена од македонски историчар и ги деконструира бугарските тези.

Инаку, во мојата студија на МАНУ, која комисијата ја посочува, се констатира дека „уште од иницијацијата за повторно откривање на заборавениот и занемарен Самуил во втората половина на XIX век, произлезена од тенденциите за присвојување на историјата на Македонија и легитимирање на територијалните аспирации, истражувачите се обидуваат да ја интерпретираат византиската претстава за Самуиловата држава (Panov 2019b: 297–319). Тоа продуцира различни, па и спротивставени гледишта, кои еволуирале околу дефинирањето на Самуиловата држава како продолжение на Првото Бугарско Царство или како посебен и независен политички ентитет формиран во југозападна Македонија…“

Притоа, Комисијата во реакцијата тенденциозно го игнорира заклучокот во истата студија, во кој се вели дека „не постои изворен податок кој ќе покаже дека Самуиловата држава била именувана како Бугарија, дека истата била продолжение на Бугарското царство, ниту дека Самуил претендирал на бугарските царски традиции за да обезбеди легитимитет на државата и на царската титула.

Ваквата претстава е продукт на модерната имагинација, која ја следи идејата на Василиј II за врамување на Самуиловата држава и црква во идеолошки конструираниот фиктивен континуитет на византиската доминација“ … „Тоа што може да се констатира е дека Самуиловата држава била формирана во период на постојан конфликт и сложени односи на моќ, иницијално со заедничките активности на комитопулите против Бугарското царство, кои продолжиле преку самостојната борба на Самуил и неговите наследници против Василиј II.

Јован Скилица го оценува чинот на формирање на државата како ‘отпадништво’ од Византија, што имплицира дека Самуиловата држава егзистирала сосема независно и без благослов од Константинопол. Мошне веројатно е дека Самуил бил задоволен со својата независна позиција и, едноставно, ѝ пркосел на Византија, „прогласувајќи се за цар“, без притоа да бара легитимитет. Огромната катедрала што ја изградил Самуил во Преспа и големата базилика, изградена или обновена во Охрид, укажуваат на тоа каде треба да се бара политичкото и црковно јадро на неговата држава.

Тоа несомнено било темелот на Самуиловата владејачка и идеолошка програма, врз основа на што тој ги градел државните и црковните традиции. Moжеме само да замислиме како огромните цркви во Преспа и во Охрид зрачеле со моќна политичка и идеолошка порака меѓу граѓаните и поданиците низ неговото царство, создавајќи непосредна врска со традициите на Св. Климент и Св. Наум.

Притоа, забележлива е тенденцијата на Самуил за „увезување“ на христијански култови од освоените територии на крајниот југ (Св. Ахил од Лариса) и крајниот запад (Св. Трифун од Котор). На исток можеме да го најдеме само црковниот комплекс Свети Леонтиj на Водоча (близу Струмица), кој може да се припише на Самуиловата ктиторска иницијатива, што ја надополнило одбранбената граница во последната деценија од војната со Василиј II.

Ништо не сугерира дека Самуил било кога се стремел да ги увезе политичките или религиозните елементи од главните градови на поранешното Бугарско царство, кое во тоа време не постоело. Сето друго е манипулирање со историските факти и некритичко прифаќање и проектирање на идеолошките конструкти, креирани и наметнати именувања и измислени традиции од страна на Византија, Рим, средновековните и модерните политички и црковни елити на Балканот.

Време е тие да се деконструираат и да се симнат наталожените политички и идеолошки напласти, кои ги ослепуваат државата и народот на Самуил!“

Погледнато од аспект на интегралниот текст, а кој во целост го негира тенденциозно селективниот контекст на реакцијата на Комисијата, станува евидентно дека нејзините членови се обидуваат да конструираат лажен впечаток дека македонските медиевисти се согласуваат со нивните тврдења дека Самуиловото Царство било некакво „Бугарско царство”, што е апсолутно неточно и чиста и манипулација. Тоа, нема ништо заедничко со научните аргументи, туку напротив неетички ги искривува, за да се постигне лажниот ефект на сопственото оправдување во немоќта за понудување на сопствени аргументи.

Оттаму, се поставува прашањето кој тоа сака да продолжи со „ослепувањето“ на Самуиловата држава. Самиот ко-претседател на Комисијата во интервју за ТВ Сител од 14.08.2022 г. го потврди ставот на комисијата дека Самуил ги „продолжил бугарските државни и црковни традиции“. Тоа подразбира дека Комисијата го поима Самуиловото Царство не само како „Бугарско“, туку и како продолжение на државните и црковните традиции, што во случајот ја вклучува и Охридската архиепископија. Иако, според изворната анализа на моите студии, Самуиловата држава, како и Самуиловата црква биле формирани како наполно посебни и независни од Бугарија и од Византија. Бугарската држава и Бугарската Патријаршија од 971 година не постоеле, бидејќи биле ликвидирани од Византија. Но, за Комисијата тоа евидентно не било релевантно, бидејќи не одговора на бугарскиот поглед на историјата. Дали тоа значи дека Комисијата веќе го „решила“ и идентитетот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија“, рефлектирајќи го бугарскиот историографски поглед и поимање за црковните прашања, третирајќи ја како продолжение на традициите на „Бугарската Патријаршија“?!

Одговорот произлегува од препораките на Комисијата, која прифаќа дека тоа било „Бугарско царство“ и дека средиштето било во „денешна Република Северна Македонија“, а не во југозападна Македонија. Тоа само по себе говори дека Комисијата не смеела да го употреби терминот Македонија во историски и географски контекст. Притоа, не треба да заборавиме дека членовите на Комисијата се согласија да не се потпишуваат како македонски историчари, туку исклучиво како „историчари на Република Северна Македонија“. На каква историја тогаш се повикуваат во препораките?!

Оттаму, не изненадува целосното исклучување на Македонија и македонски во препораките, пришто се бришат фактите дека во Македонија продолжиле да се негуваат традициите на Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Самуил, што не било случај со Османлиска Бугарија кадешто целосно биле заборавени. Но, Комисијата целосно ја пренебрегнала улогата на Македонија, исто како и фактот што култот на светите Кирил и Методиј бил реактуелизиран во Русија во 17 век, а не во Бугарија.

Затоа, пак, во препораките на Комисијата се констатира дека „бурните културни процеси, кои започнуваат во текот на 19. век, наоѓаат израз и во засилениот интерес кон животот и делото на Св. Кирил и Методиј“ и во средината на 19. век „сеќавањето за Св. Кирил и Методиј станува дел од светската културна традиција, а денот на нивниот црковен празник започнува да се одбележува во училиштата“.

Притоа, Комисијата нагласува дека за првпат „тоа се случува во Пловдив во 1851 година“, со што „процесот на духовно будење и еманципација наоѓа израз во сеприсутното одбележување на празникот во многу училишта на територијата на современа Република Северна Македонија и Република Бугарија. Следствено, делото на Св. Кирил и Методиј и нивните ученици започнува да се одбележува и во други словенски земји, а нивниот придонес за европската цивилизација е признат и од Католичката црква, која ги прогласи за заштитници на Европа“. Од ваквите препораки, произлегува дека единствено Бугарија била заслужна за реактуелизирањето на култот на светите Кирил и Методиј, како и за „духовното будење и еманципација“ во Македонија (бидејќи ова име е исклучено од Комисијата, се употребува „територијата на Република Северна Македонија“).

Сето тоа создава простор, Бугарија да побара Р. Македонија да го прославува празникот Св. Кирил и Методиј, како бугарски национален празник и да ја признае бугарската заслуга за духовното будење и еманципација во Македонија. Односно да признае дека не Македонците, туку Бугарите на „територијата на Република Северна Македонија“ биле заслужни за духовното будење и еманципација, бидејќи тоа всушност бил ист народ. Тоа, во суштина го договорила Комисијата, што на препораките им дава едностран и исклучив бугарски историографски поглед, со што во крајна линија одговара на концептот на бугарскиот континуитет од средновековието до 1944 година, а преку изучувањето на „заедничката историја“ во образовниот систем во крајна линија треба да продуцира нова „бугарска“ свест.

Оттаму, крајно неубедливо звучи констатацијата на Комисијата дека „личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност“. Општества, а не народи! А, притоа во препораките се исклучува сѐ што е поврзано со Македонија, односно како „основа на чествувањето“ се посочува сѐ што се поврзува со бугарската држава и со бугарските владетели.

Притоа, несвесно во т.н. „аргументи“, Комисијата самата потврдува дека ги презентира селективно личностите, меѓу кои и св. Кирил и Методиј, со образложение дека препораките „не биле научни статии“. Притоа, тие самите во реакцијата посочуваат дека го сметат за ирелевантно споменувањето на потеклото на св. Кирил и Методиј од Македонија, бидејќи според нивното поимање тие „се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик?“.

Тоа, само го рефлектира нивниот „научен“ поглед, подреден на политичките договори, не само со Бугарија, туку и со Грција. Дали за нив е нерелевантен податокот во Житието на св. Методиј, дека тие „биле од Солун, а Солуњаните чисто зборувале Словенски“?! Или дека Кирил и Методиј ја создале словенската азбуква врз основа на говорот на македонските Словени во околината на Солун?! Зошто, притоа, воопшто не ја споменале мисијата на Методиј, кој бил управник на словенското кнежевство во Македонија, во поранешната македонска Склавинија?! Дали не се споменати овие факти, бидејќи мисијата на Методиј била насочена кон спречувањето на бугарските освојувачки продори во Македонија? Дали се избришани овие факти, бидејќи Бугарија до 864 година била паганска?

Затоа, пак, Кирил и Методиј се ставени исклучиво во контекст на заслугата на бугарската држава во зачувувањето на нивните традиции, и тоа преку дејноста на св. Климент и Наум. Дали, според логиката на Комисијата, тие не ги споменале мисиите на Кирил и Методиј во препораките поврзани со Македонија, бидејќи тие биле Грци и немале ништо заедничко со Бугарија?!

Дали намерно не се споменува фактот дека во Охридската книжевна школа, светите Климент и Наум ја продолжиле традицијата на своите учители, преку негувањето на глаголицата, што било во спротивност со бугарската практика во своите престолнини? Дали не се споменува потврдениот факт дека св. Климент од најрана возраст го придружувал св. Методиј, што ја вклучува и мисијата во Македонија, само затоа што тоа било насочено против Бугарија? Дали посочувањето на св. Наум Охридски, како еден од „основоположниците на Плиско-Преславската книжевна школа“, ќе го најдат во македонските учебници?! Или, пак, го наоѓаат во бугарските? Дали ќе најдат дека Самуил бил бугарски цар во македонските учебници, или во бугарските?! Дали со тоа не го рефлектираат бугарскиот поглед на историјата?!

Само бегол поглед на контекстуализацијата на наративот во препораките покажува дека истиот е целосно подреден на „докажувањето“ на улогата на бугарските владетели. Притоа, не случајно не се споменува ништо за натамошниот развој на култот на светите Климент и Наум Охридски, кој продолжува да се негува во Охрид и Македонија, за разлика од Бугарија, кадешто во османлискиот период целосно е оставен на заборавот, поради отсуството на изворни традиции.

Исто како и цар Самуил, кој до 70-те години од 19 век во Османлиска Бугарија бил сметан за омразен Грко-Ерменец, чиешто реоткривање било диктирано од Русија повторно за легитимирање на проектот Голема Бугарија и тоа од единствена причина што Самуил бил сметан за историски синоним за Македонија. Да не зборуваме дека во историографијата востановен термин е Самуиловата држава, што само по себе имплицира посебност од Бугарија. Друго е прашањето што бугарските историографи, од втората половина на 19 век, се обидуваат да конструираат претстава за некакво продолжување на традициите, иако во 971 г. Бугарија како држава и црква повеќе не постоела!

Интересно е како Фројдовски, Комисијата самата си го поставува прашањето „како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ?“. Дали со тоа самите признаваат дека тие не гледаат разлика?! Самото прашање во суштина ја рефлектира нивната тенденција за исклучување на придавката македонски како идентитетска ознака за Словените, што, впрочем е комплементарно со позицијата на Грција, која според Преспанскиот договор и комисиските договарања, Македонците ги третира исклучиво како Хелени во историска смисла. Односно, македонски смее единствено да има идентитетска поврзаност со Бугарите, во смисла на регионална ознака за жителите на Македонија како „македонски Бугари“. Впрочем, наспроти Договорот за пријателство со Бугарија, во препораките, не се наведува историја на „две држави и два народи“, туку само на „Република Северна Македонија“ и „Република Бугарија“. Дали тоа, преку концептот на „заедничка историја“ е вовед во презентацијата на историјата на еден народ, кој поради историските околности останал поделен во две држави?!

Затоа, крајно наивно и сосема неубедливо прозвучува комисиската порака „дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат“. Притоа се наметнува прашањето чии митови тие историски ги поразиле?! Ако се гледаат триумфалистичките реакции во Бугарија, тоа не се бугарските митови. Дотолку повеќе што комисиската селекција се заснова исклучиво на личностите поврзани со Македонија, а кои со препораките се врамуваат во политичкиот концепт на „заедничката историја“ и се презентираат исклучиво низ бугарскиот историографски светоглед. Со тоа комисијата несвесно признава дека нивната цел е поразување на историските митови на македонскиот народ и на македонската нација! Ако целта им била да ги поразат митовите, на кои се заснова историскиот наратив на македонската нација (на што впрочем почиваат наративите на сите нации), тогаш станува разбирлива и нивната панична реакција од македонските историчари и на целата научна јавност во Р. Македонија. Комисијата евидентно преку врамувањето на сите позначајни личности од Македонија во политичкиот концепт на „заедничката историја“, во крајна линија ќе ја остави Р. Македонија без свои национални херои, а со тоа и без македонската идентитетска посебност. Таков пораз јас не прифаќам!

Цицерон на тоа би одговорил дека „сиромашeн е народот што нема херои, но посиромашен е народот што има херои, но не ги памети и почитува“. Во случајот со комисијата, хероите се отстапуваат како дел од „заедничката историја“, со што се прифаќа дека во суштина Македонците и немале свои херои.

Затоа, препораките, кои веќе се прогласени за „историска вистина“ и не смеат да бидат подложни на критика, бидејќи како и секоја догма оние што ги критикуваат ќе бидат политички анатемисани. Согласно со овие препораки, во Република Македонија во иднина ќе се чествуваат светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, цар Самуил, не поради нивното значење за Македонија и за културно-историското наследство произлезено од македонската територија, туку затоа што тие биле дел од „заедничката историја“ во која бугарската држава ја имала исклучивата заслуга. Преку билатералните протоколи, ваквиот „бугарски“ историски контекст ќе добие институционална рамка, со што македонскиот народ ќе биде лишен од својата историја и од културно-историското наследство, кое ќе биде маркирано како „бугарска“ сопственост.

Ревизијата на националниот наратив и раскинувањето на историската врска на македонскиот народ и македонската нација со историска и географска Македонија, евидентно е ставена во функција на градење нова свест за идентитетска припадност на „граѓаните на Република Северна Македонија“, кои ќе се сведат на нов идентитетски национален продукт на политичките договори, кој соодветно треба историски да се редефинира преку комисиските договарања. Тоа, впрочем евидентно го прави Kомисијата, која самата признава дека работи на „поразување“ на митовите поврзани со Македонија.

Каква свест за припадност на нацијата ќе градат учениците преку новите содржински и концептуално променети учебници, кога се цензурираат имињата Македонија и македонски во историски контекст и кога самата Kомисија со препораките ја раскинува конекцијата со културно-историското наследство на Македонија, кое преку концептот на „заедничка историја“, станува „бугарско“ и со билатералните протоколи „бугарска“ сопственост?!

Во таа смисла, за да бидеме на чисто што Kомисијата репрезентирала, ги повикувам како и Владата да ги објават во духот на транспарентноста и коректноста, годишните извештаи за нивната работа кои ги доставуваат до владите на двете земји, како и протоколите од поединечните средби, што впрочем го побараа и бугарските членови на Kомисијата. Тогаш ќе можеме и вистински да согледаме што и како Комисијата дебатирала и аргументирала, без селективни манипулации.

(авторот е редовен професор во Институтот за национална историја)

The post За препораките на Комисијата и за неуспешниот обид за манипулација со историјата appeared first on plusinfo.mk.

ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СЕ СТАВА НАД УСТАВОТ Панов смета дека таа ќе биде условена да ги исполни бугарските барања
Историската комисија, односно македонскиот дел од Мешовитата комисија за образовни и историски прашања со потпишаниот Протокол добива мандат над Уставот на Македонија, а нејзиното исполнување на бугарските барања ќе биде клуч за напредокот на земјата кон ЕУ. Вака смета претседателот на Здружениоет на историчарите и професор, Митко Панов, кој вечерва гостуваше во дневникот на ТВ Сител.

– Комисијата според Протоколот сега се става над Уставот, бидејќи добива мандат кој што што го немаше со Договорот за добрососедство. Она што не е дефинирано во Договорот, сега се регулира со Протоколот. Бев запрепастен од леснотијата со која што ѝ се дава мандат на Комисијата да биде клучниот критериум за членството на Македонија во ЕУ. Едноставно Комисијата сега е условена да ја заврши својата работа по желба на Бугарија. Завршувањето на работата на Комисијата е клучен критериум – вели Панов.

The post ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СЕ СТАВА НАД УСТАВОТ Панов смета дека таа ќе биде условена да ги исполни бугарските барања appeared first on plusinfo.mk.

Соочувањето на пратениците и владините министри со македонскиот народ!
При гласањето во Собранието за францускиот предлог (како параван за власта) и гласањето во Владата, претставниците на етничките Македонци ќе мора да имаат предвид дека кога лидерите на ЕУ во последните обраќања го употребуваат терминот „Македонци“, тие мошне прецизно реферираат на македонскиот народ.

Бидејќи со Преспанскиот договор, „македонски“ и „Македонци“ се забранети како идентификациска ознака за државата и за нацијата (Пример: Двете изјави на Емануел Макрон за францускиот предлог и употребата на „Северномакедонци“).

Лидерите на ЕУ всушност јасно му предочуваат на македонскиот народ, дека тој ќе мора самиот да го направи изборот и да ги прифати „болните отстапки“, и „тешките компромиси“ со сопствениот идентитет и јазик, доколку сака да влезе во ЕУ (Пример: Германскиот канцелар Олав Шолц, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел).

Кога ќе гласаат, треба да имаат предвид дека претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, во Собранието со „Македонци“, се обраќаше на етничките Македонци, констатирајќи дека ЕУ го почитува фактот што „македонскиот јазик е ваш јазик“, со што се повика на правото на само-определување, а кое е содржано во едностраната декларација во францускиот предлог.

Дер Лајен, напомена дека „нема квалификација од ЕУ“ за македонскиот јазик, но не ја спомена едностраната декларација на Бугарија, која како земја членка на ЕУ сосема сигурно нема да ја признае историската различност и посебност од бугарскиот јазик.

Затоа, пратениците и владините министри ќе треба да се запрашаат, пред да говорат за „чист“ јазик, чија еднострана декларација за македонскиот јазик ќе преовлада, со оглед дека Бугарија има право на вето како земја членка и нивната еднострана изјава е позиционирана прва во францускиот предлог?!

дека обраќањето на Дер Лајен за македонскиот јазик имало значење на јазик кој се говори во „Северна Македонија“, во суштина не ги рефлектира ставовите на Бугарија за официјален јазик според уставот?!

Претседателката на ЕК на тоа само ретвитна дека „недвојбено македонскиот јазик е ваш јазик“, со што потврди дека на ниво на ЕУ македонскиот јазик не се поврзува со Македонците, туку со „граѓаните на Северна Македонија“, што во суштина значи непризнавање на македонскиот идентитет.

Во тој контекст, Дер Лајен, во Собранието зборуваше дека предлогот „го почитува и вашиот национален идентитет – принципот на идентификација е особено важен за секој од нас“, упатувајќи на правото на само-идентификација на поединецот, за што ја употреби одредницата „вашиот“ и не го идентификуваше како македонски, бидејќи македонски национален идентитет не се наведува ниту во францускиот предлог.

Во предлогот воопшто не се споменати Македонците, туку „Бугарите“, кои ќе треба да станат „народ“ со промените во Уставот, без што нема да има почеток на преговори. А притоа, Бугарија како земја членка на ЕУ, по промената на Уставот по нејзин терк, отворено најави дека согласно со францускиот предлог ќе може да ги услови преговорите со билатералните протоколи кои подразбираат целосна ревизија на историјата, учебниците, натписите на спомениците, на АСНОМ …, кои ќе станат дел од „заедничка историја“ = „бугарска“.

Пратениците и владините министри, пред да гласаат, ќе треба да се запрашаат дали Бугарија ќе ја услови промената на Уставот со воведувањето на „бугарскиот“ како официјален јазик на новововедениот „државотворен“ народ, кој е веќе официјален на ниво на ЕУ, повикувајќи се на формулацијата „официјален јазик според Уставот“!

Дали тоа нема да биде проследено со нови внатрешно-политички барања во Р. Македонија при промената на Уставот?! Што ќе остане од македонскиот јазик и на што ќе се сведе?!

Дотолку поголема е одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, СПМ, Левица, ДОМ, ЛДП, ВМРО-НП, ГРОМ, Демократски сојуз, НСДП, кои ќе треба да гласаат во името на Македонците како народ, кого го претставуваат и од кого се избрани врз основа на предизборните програми, а кои не предвидуваат нови промени во Уставот, ниту промена на историјата и идентитетот на македонскиот народ како залог за ЕУ.

Оттаму, единствено претставниците на етничките Македонци имаат легитимно право да решаваат дали го прифаќаат или не францускиот предлог, бидејќи со Францускиот предлог директно се засегнува идентитетот на македонскиот народ и историската посебност на македонскиот јазик, чиешто редефинирање ќе биде диктирано според желбите и уцените на Бугарија.

Пред да гласаат, ќе треба да го препрочитаат „Манифестот на АСНОМ“, Одлуките на АСНОМ, вклучително и Решението за „народниот македонски јазик како службен јазик“ во македонската држава, за да го согледаат генерацискиот завет на македонскиот народ, кој ја градел државноста, а која сега со леснотија се разградува.

Притоа, треба да си го постават и моралното прашање, дали го изразуваат ставот на етничките Македонци, односно дали ќе гласаат спротивно на волјата на 72.8 % од македонскиот народ!

Одговорноста при гласањето ќе биде и на партиите на граѓаните кои живеат во границите на Р. Македонија, а според Уставот се „дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, кои ќе треба да покажат солидарност со мнозинскиот македонски народ.

Ќе биде добро да ја препрочитаат „Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска Македонија“, за да согледаат како нивните претходници заеднички ја граделе македонската држава и како македонскиот народ се солидаризирал со нив и тие со него.

Со одбивањето на францускиот предлог, пратениците и владините министри ќе можат да покажат и докажат дека се вистински застапници на македонскиот народ. Со тоа ќе ги одбранат и европските вредности, што го демонстрираа Чешка и Словачка со недозволувањето ЕУ да стане судија за историските „вистини“ и да наметнува национални наративи на суверени земји, со што се менува идентитетот на народот и нацијата.

Затоа сега и пораката од челниците на ЕУ е дека тие всушност оставаат на Македонците самите да решат дали го прифаќаат предлогот. Во случај на прифаќање на македонските претставници, преседанот ќе биде направен од Р. Македонија, а не од ЕУ, која ќе може да каже дека само ја испочитувала суверената одлука на нацијата, односно дека самите Македонци одлучиле дека се согласиле да си го проблематизираат сопствениот идентитет и историската посебност и јазик, на патот кон ЕУ.

Затоа пред да го гласаат Францускиот предлог, пратениците и владините министри ќе мора да се соочат со македонскиот народ, пред да се соочат со самите себеси и со својата свест и совест! Историјата е вечниот судија!

The post Соочувањето на пратениците и владините министри со македонскиот народ! appeared first on plusinfo.mk.

Францускиот предлог и како Македонците ќе ја загубат историската тапија
Финалната верзија на францускиот предлог, со кој билатералните протоколи со Бугарија стануваат составен дел од преговарачкиот процес, македонскиот народ и македонскиот јазик ќе ги сведе на еднострано декларирана само-определба, без историска генеза за идентитетско постоење.

Прифаќањето на францускиот предлог ќе значи согласност за раскинување на историската врска на македонскиот народ со сопственото културно-историско наследство.

Ако кон тоа се додаде дека придавката „македонски“ со Преспанскиот договор е веќе забранета идентитетска придавка за нацијата и за државата, на патот кон ЕУ трасиран со францускиот предлог, Македонците не само што ќе останат без Македонија, туку Македонија ќе остане без Македонците!

Националната свест на Македонците и историјата на македонскиот народ, ќе станат прашање кое претстои да се редефинира од страна на ЕУ – за да нема повеќе македонско прашање!

Пред и во текот на преговарачкиот процес, Македонците ќе бидат сведени на вештачки конструкт од 1944 година. Тоа ќе се постигне преку историското ремоделирање во согласност со националните наративи на соседите како прифатени европски историски „вистини“, кои ќе ги претворат македонскиот народ и македонската нација во современ идентитетски продукт на Договорите со Бугарија и Грција, без своја историја и без свое културно-историско наследство.

Ревизијата на историјата на македонскиот народ станува составен дел од преговарачката рамка и услов за интеграцијата во ЕУ

Во францускиот предлог преточен во „Општиот став на ЕУ“, „Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција“ и „Предлог заклучоците на ЕУ“, како клучни критериуми стануваат билатералните протоколи со Бугарија за ревизија на историјата. Во точка 5 од „Преговарачката рамка“ од Меѓувладината конференција, „Северна Македонија“ се обврзува да постигне „видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12“.

Во „предлог заклучоците“ во точка 2, се повторува обврската за целосно имплементирање на билатералните договори. Притоа, во точка 3 од „предлог заклучоците“ и во точка 14 од „Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, ЕУ го „поздравува договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана според членот 12 од договорот“ со Бугарија.

Ваквата содржина недвосмислено упатува дека усвојувањето на предлог заклучоците во францускиот предлог е условено со претходно потпишување на билатералниот протокол, кој станува клучен за преговарачкиот процес. Овие документи, директно ја засегнуваат историјата која го дефинира идентитетот на македонскиот народ и посебноста на македонскиот јазик.

Еднострано деклариран македонски јазик – историски непостоечки за ЕУ

Во точка 3 од „Генералната позиција на ЕУ“, се наведува дека „ЕУ ќе ги земе предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик“.

Содржината на декларациите за македонскиот јазик не се наведува, ниту се соопштува, но според Португалскиот предлог (кој претседателот Пендаровски во контекст на францускиот предлог веќе го оцени како прифатлив), тоа би изгледало вака: За Бугарија „’македонскиот јазик’ не постоел пред 1944 година и овој термин во било кои идни документи на ЕУ ќе биде сметан во согласност со Уставот на Северна Македонија“, додека „Северна Македонија“ ќе декларира „дека македонскиот јазик, како што се наведува во нејзиниот Устав, е официјален јазик на земјата и бил кодифициран во 1945 година“.

Независно од формулациите (кои за претседателот на државата се прифатливи во Португалскиот предлог), забележливо е дека во едностраните декларации во францускиот предлог, на прво место е позиционирана Бугарија, а не Македонија. Кога некоја нација го декларира својот јазичен идентитет, нејзиниот став треба да биде прво нотиран, а не на другата нација која го оспорува. Тоа имплицира дека бугарската декларација за непостоењето на македонскиот јазик всушност ќе го рефлектира генералниот став на земјите членки на ЕУ.

Воедно, треба да се земе предвид дека во билатералниот протокол од втората меѓувладина конференција, македонската страна де-факто го признава дефинирањето на македонскиот јазик, „според Уставот на Република Северна Македонија“.

Затоа уверувањата на државното раководство дека имаме „чист јазик“, не кореспондираат со реалноста, бидејќи во францускиот предлог не постојат никакви гаранции за заштита на македонскиот јазик во текот на преговарачкиот процес.

Напротив, преку процесот на преговори за историските прашања (поставени како клучни за Бугарија и со францускиот предлог како критериум за ЕУ), македонскиот јазик ќе ја изгуби историската посебност и ќе биде сведен на еднострано само-декларирање, согласно со уставот. Со промените на македонскиот Устав, поставен како услов за отпочнување преговори во францускиот предлог (точка 4 од „предлог заклучоците“), „бугарскиот јазик“ како веќе признат во ЕУ ќе може да стане официјален и за Р. Македонија.

Историски делегитимираниот македонски јазик, сведен на еднострана декларација, ќе биде соодветно означен, кога ќе дојде на ред отворањето на кластерот во кој се регулираат институционалните прашања.

Оттаму, несреќната флоскула „чист македонски јазик“ форсирана од државното раководство и од владејачката политичка елита, во суштина значи дека јазикот ќе биде „исчистен“ од историската содржинска посебност и сведен на едноставна декларациска само-определба. Не постојат никакви гаранции дека македонскиот јазик ќе биде официјално признат на ниво на ЕУ, освен што неговата историска посебност ќе биде негирана.

Историското „прочистување“ ќе се одвива преку комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија (како и со Грција), чиишто резултати во согласност со билатералните протоколи, стануваат клучен критериум за мерење на прогресот во преговарачкиот процес.

Тоа подразбира дека Бугарија, како и Грција, ќе го условат преговарачкиот процес со нивното видување на имплементацијата на договорите, во што приоритетно прашање ќе има „прочистувањето“ на македонската историја во согласност со нивните национални наративи.

Прифаќањето на националните наративи на Бугарија и на Грција ќе претставува клучен предуслов и главен критериум во преговарачката рамка, што ќе ги сведе македонскиот народ и македонскиот јазик на еднострана современа декларација, со одземена историска посебност.

Македонски народ со одземена историја

Точката 4 од „предлог заклучоците“, ги содржи едно од клучните барања на Бугарија, со што Бугарите стануваат „народ“ во Р. Македонија.

За разлика од првичниот француски предлог, кадешто беше нотирано дека „Северна Македонија“ ќе „посвети посебно внимание на заштитата и недискриминацијата на граѓаните кои припаѓаат на малцинствата или заедниците (дел кој сега е поместен во Изјавата за меѓувладината конференција), во променетиот финален текст целосно се артикулираат барањата на Бугарија.

Во таа смисла, во текстот се додава дека „Советот ја поздравува намерата на Северна Македонија како приоритетно прашање да ги иницира и постигне соодветните уставни промени, во смисла на вклучување во Уставот на граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од друг народ, како Бугарите“. Индикативно е што покрај Бугарите, македонскиот народ не е наведен, кој останува негиран.

Тоа во суштина значи дека државното раководство веќе се согласило на промена на Уставот и тоа преку воведувањето на Бугарите како „народ“, а не како малцинство или заедница. Државното раководство не ја соопштува формулацијата на уставните промени, но истата, имајќи ги предвид изјавите на бугарското раководство, ќе значи прифаќање дека бугарскиот народ бил „државотворен“.

Отсуството на реципроцитетно барање од страна на Р. Македонија за признавање на малцинските права на Македонците кои живеат во Бугарија, де-факто значи признание дека македонски народ историски не постоел. На тој начин, државното раководство ќе признае дека македонскиот народ нема свое малцинство во соседните земји, што само по себе ќе ги потврди тезите на Бугарија (како и на Грција), дека македонскиот народ и македонската нација биле вештачки конструкт на Титова Југославија.

Македонскиот народ ќе остане без своја автентична историја, која ќе биде коригирана со прифаќање на историските „вистини“ на соседите, кои стануваат европски, што ќе го направи непостоечки, исто како и јазикот.

Македонскиот народ ќе се сведе на еднострано деклариран народ, вештачки врамен во границите на „Северна Македонија“ – современ политички продукт на „Северна Македонија“.

Тоа може да ѝ овозможи на Бугарија да побара уставните промени да бидат придружени со бришење на деловите кои за неа претставуваат „говор на омраза“ (т. 4 и т. 34 од „Општиот став на ЕУ“). Во таа смисла, Софија ќе може да го услови процесот на уставните промени со ревизијата на историскиот карактер на АСНОМ и на антифашистичката борба.

Со други зборови, Бугарија ќе може да го услови бришењето или модификацијата на АСНОМ, бидејќи таму Бугарите се претставени како фашистички окупатори, што за неа е навредливо и не кореспондира со историската „вистина“ за „државотворноста“ на „бугарскиот народ“.

Во таа смисла, сосема сигурно ќе биде побарано бришење на Прогласот oд Првото заседание на АСНОМ, бидејќи не само што во овој документ му се обзнануваат одлуките на македонскиот народ како државотворен и конститутивен, туку истиот го содржи и терминот „бугарски фашиски војски“.

Францускиот предлог ќе ѝ овозможи на Бугарија да ја услови историската ревизија на АСНОМ при промената на Уставот и воведувањето на државотворноста на „бугарскиот народ“. Со тоа ќе се заокружи целосното бришење на АСНОМ, иницирано со Преспанскиот договор, со кој веќе се отстранети од Уставот, Манифестот и одлуките на АСНОМ!

Кон ваквиот заклучок водат и досегашните заложби на македонското државно раководство за отстранување на бугарскиот предзнак пред „фашистички“ и пред „окупатори“ на натписите и спомениците во Р. Македонија, како непосредни историски сведоштва. Воедно, ко-претседателот на македонскиот дел од комисијата за историски и образовни прашања, неодамна jавно го негираше фашистичкиот карактер на бугарската држава во времето на Втората светска војна, отворено залагајќи се ваквото историско редефинирање да биде рефлектирано и во македонските учебници низ процесот на комисиското договарање.

Р. Македонија ќе биде единствената држава, во која државното раководство го поима Уставот не како вечен стратешки документ со кој се заштитува нацијата, туку како средство за задоволување на националните интереси на соседите. Со тоа владејачката елита дозволува други нации да го проблематизираат македонскиот идентитет, а со своите барања издигнати на ниво на ЕУ, да ја делегитимираат историска посебност и постоењето на македонскиот народ и нација.

Македонски народ и нација без свое културно-историско наследство

Согласно очекувањата на Бугарија, македонскиот народ историски ќе биде делегитимиран, исто како и јазикот, бидејќи францускиот предлог, преку поставувањето на билатералните протоколи како критериум за преговорите, ги внесува билатералните историски прашања во преговарачкиот процес на ниво на ЕУ. Работата на комисијата за историски и образовни прашања на тој начин станува дел од преговарачкиот процес и клучен критерум за ЕУ интеграциите (точка 5 од „Преговарачката рамка“).

Иако владејачката елита не ги обелоденува билатералните протоколи, истите веќе се објавени во јавноста од бугарските медиуми. Врз основа на нивната содржина, во текот на натамошното историско „прочистување“ во рамките на комисијата, бугарскиот народ ќе стане носител на културно-историските традиции во Р. Македонија од средновековието до денес, како државотворен народ, а во согласност со променетиот Устав.

„Заедничката историја“ согласно со Договорот со Бугарија ќе добие само едно значење – „вистинска“ историја на „бугарскиот народ“, која ги обединувала и обединува двете држави.

Сето тоа, согласно билатералните протоколи, ќе треба соодветно да се одбележи на сите натписи, споменици, музеи, државни институции, јавниот простор, наставните програми, учебниците, кои ќе станат „бугарски“. На тој начин ќе се маркира „бугарската“ сопственост на културно-историското наследство од средновековието до денес.

Со билатералниот протокол со Бугарија, преку комисиските договарања (вклучително и со Грција) ќе се исклучи каква било идентитетска врска на Словените со термините Македонија и Македонци (со исклучиво историско значење на хеленско наследство), кои врамени во политичкиот концепт на „заедничка историја“ со Бугарија ќе добијат „бугарски“ предзнак.

Македонските Словени ќе станат етнички Бугари уште од 7 век, а придавката македонски во историска смисла ќе се претвори во исклучива регионална ознака, без етничка содржина. Од тоа ќе произлезе дека постоеле и постојат само „македонски Бугари“, кои живееле и живеат во „Северна Македонија“.

Оттаму, историјата на Македонија, на македонските преродбеници, револуционерите, интелектуалците, ВМРО, Илинденското востание, ќе добие „бугарска“ етничка ознака, прогласени како дел од „заедничката“ историја на „бугарскиот“ народ.

Со тоа ќе се раскине врската помеѓу националниот наратив и македонскиот народ. Тоа ќе се одвива преку историската контекстуализација во рамките на веќе „реформираниот“ образовен систем и преку ревидираните програми и учебници, усогласени со комисиските договорени интерпретации, што се издигнува во клучен индикатор за преговорачкиот процес на ниво на ЕУ.

Во адаптираните хибридни учебници, учениците ќе учат дека во Македонија биле населени „Бугарски Словени“ уште од 7 век, кои говореле на „старобугарски“ јазик. Од тоа тие ќе извлекуваат заклучок дека светите Кирил и Методиј ја креирале азбуката за потребите на Бугарите врз основа на „старобугарскиот“ јазик.

Ќе се изучува дека Светите Климент и Наум Охридски делувале меѓу сонародниците Бугари, пришто средновековната држава Бугарија одиграла клучна улога во зачувувањето на Кирилометодиевските традиции и на „старобугарскиот“ јазик.

Ќе се редефинира и историскиот контекст поврзан со богомилите, за да се претстави дека нивното учење и движење во суштина не било автономно македонско и дека не било насочено против бугарската власт.

Самуиловата држава ќе биде претставена како „Бугарско Царство“, со оглед дека комисијата веќе го определила тоа со првиот протокол. Тоа ќе значи дека Самуил не формирал независна држава и црква, туку ги продолжил „бугарските“ царски и црковни традиции, иако несомнено Бугарија како држава и црква била ликвидирана од Византија во 971 година.

Аналогно, Охридската архиепископија, ќе стане дел од „заедничката историја“ и интерпретирана како продолжение на Бугарската патријаршија.

Исто како и востанијата на Петар Делјан, Георги Војтех, кои ќе бидат интерпретирани како политичка мобилизација на Бугарите за обнова на Самуиловото Бугарско Царство, или на Кралот Марко, кој како дел од „заедничката историја“, ќе биде доведен во „бугарски“ историски контекст. И така преку Гоце Делчев, Илинденското востание … сѐ до 1944 година, а преку ревидираниот историски АСНОМ до денес.

Во учебниците ќе се имплантира националниот наратив на „бугарскиот“ државотворен народ, со што ќе се гради свест за припадноста на еден ист народ, поделен поради историските контексти во различни држави.

Заклучок

Со оглед дека со Преспанскиот договор повеќе не постои „македонска нација“, бидејќи придавката „македонски“ е забранета како именска и идентитетска ознака за државата и нацијата, останува преку францускиот предлог чијшто интегрален дел е билатералниот протокол со Бугарија, македонскиот народ и македонскиот јазик да се сведат на еднострано декларирање, што ќе значи само-прифаќање на сопственото историско непостоење пред 1944 година.

Тоа ќе значи признание дека постоењето на македонскиот народ и македонската нација е засновано на вештачки конструкт и декрет на Тито, со што дотогашните Бугари, биле насилно идеолошки конвертирани во непостоечки етнички Македонци.

Македонскиот народ и македонски јазик ќе ја изгубат историската посебност. Историската генеза на јазикот и на народот, еднострано декларирани како „македонски“ ќе станат „бугарски“, бидејќи така ќе декларира Бугарија како земја членка (користејќи ги механизмите на ЕУ и билатералните протоколи). Во историска смисла, преку бугарската историска „вистина“ на ниво на ЕУ, македонскиот народ и јазик ќе станат „бугарски“.

Врз основа на едностраното декларирање во францускиот предлог, македонскиот нема да може да стане официјален јазик на ниво на ЕУ, бидејќи со комисиските ревизии, јазикот ќе остане без историското постоење пред 1944 година, со што ќе стане вештачки конвертиран „бугарски“ јазичен дијалект.

Затоа, бугарскиот јазик, говорен од „бугарскиот народ“ како државотворен во „Северна Македонија“, ќе може да остане единствениот историски легитимиран постоечки јазик и оттаму официјален на ниво на ЕУ.

Истото се однесува и на културно-историско наследство на Р. Македонија кое од средновековието до денес ќе стане сопственост на Бугарија, што ќе биде соодветно етикетирано и маркирано на севкупниот јавен простор, споменици, институции, учебници, медиуми. Исто како што историските имиња Македонија и Македонци, според Преспанскиот договор се веќе прогласени за хеленско културно-историско наследство и маркирани како сопственост на Грција.

Кога граѓаните и туристите ќе ги посетуваат културно-историските споменици во Р. Македонија, ќе можат да прочитаат на натписите, во туристичките водичи, медиумите, дека истите се дел од хеленското или бугарското културно-историското наследство, односно сопственост на Грција или на Бугарија.

Во спротивно Р. Македонија ќе биде обвинета за кражба на историјата.

Македонскиот народ ќе остане без своја историја, традиции и наследство, туѓ на своето и на себеси, историски непостоечки, исто како и македонската нација! Придавката „македонски“ ќе ја изгуби историската содржина, станувајќи „бугарска“ или „грчка“ во зависно од историската контекстуализација на комисиските договарања.

Македонскиот народ и нација ќе се сведат на унилатерална декларација и современ политички продукт на Договорите со Бугарија и Грција, прифаќајќи ја националната историја од соседите како своја „вистинска“, стекнувајќи се со тоа со „правилен“ идентитет за ЕУ.

Учениците во учебниците ќе ја изучуваат „прочистената“ историја, „осознавајќи“ дека нивните татковци, мајки, дедовци, баби … не биле Македонци, туку всушност биле „Бугари“ и говореле „бугарски јазик“, само што биле идеолошки заблудени од комунистичката пропаганда и не биле свесни за тоа, што нивните потомци сега можат да го согледаат.

Новите генерации „граѓани на Северна Македонија“, преку учебниците ќе градат свест за национална припадност, но не на македонската, која нема да постои, исто како и македонскиот народ и јазик, кои историски делегитимирани ќе се сведат на современ продукт на договорите со соседите.

Со тоа ќе биде ставен крај на македонското прашање како проблем за ЕУ – бидејќи Македонците ќе ги нема повеќе.

Затоа големо НЕ за францускиот предлог!

Во контекст на ваквите современи негации во 21 век, треба сите да ја препрочитаме интимната порака на Коста Рацин кој од пред повеќе од 80 години предупредил дека во напорите за извојување на слобода и државност, современиот македонски народен писател „мора да ја издржи комбинираната навала од противникот, што си го присвојува правото на историска тапија врз срцето и свеста на народот“.

За Коста, народната книжевност претставува значајна културна појава и културна придобивка, бидејќи е пишувана на јазик на кој тој народ најинтимно си мисли, најдлабоко ги чувствува и изразува своите вековни патила и најблагородните човечки стремежи. Затоа книжевноста која е тесно поврзана со народниот живот и е инспирирана од народните потреби, претставува „верен и жив одраз“ на свеста на народот. Таа е плодоносна кога го олицетворува вековниот народен идеал, а станува наполно залудна кога ја „губи врската со народот“.

Затоа, според Рацин, „врз самопожртвуваните одделни луѓе паѓа голема историска чест, но и голема општествена одговорност, да го извршат чесно својот позив. Тие мораат безобѕирно да ги надвијат сите лични и други тешкотии, сите искушенија и сите лични кризи, за да го заслужат достојно вистинското име — народен писател на овој храбар и напатен народ“.

Јас би додал, дека секој чесен македонски граѓанин, независно од припадноста и професијата, мора да го крене гласот против францускиот предлог, за напатениот македонски народ да не остане без историската тапија врз срцето и свеста, без запис за себе, со туѓ спомен на друг!

Треба сите Мисирковски да се преиспитаме каде одиме и што правиме, бидејќи како што тој самиот велел пред повеќе од стотина години, во прашање е „вековното културно издигнување и националното самозачувување на Македонците“.

Вековно културно-историско наследство, кое сега со леснотија се раздава и отстапува во име на безидентитеската и неизвесна иднина во ЕУ.

Извор: Експрес.мк

The post Францускиот предлог и како Македонците ќе ја загубат историската тапија appeared first on plusinfo.mk.