Мерсел Билали Archives - plusinfo.mk

Светот пред хаос!
Параг Кана (Parag Khana), познат геополитички стратег, автор на книгата „Иднината е Aзиjа“, вели дека сме сведоци на големи тектонски промени во глобалната моќ. Светот погоден од две нови „светски војни“ – ковид и Украина. Светот веќе се соочува со нова студена или жешка војна во која се вклучени САД, Русија и Кина, па после војната светот нема повеќе да биде ист, дури и ако Путин биде соборен од тронот.

Теоријата на хаосот, „ефектот на пеперутката“ симболизира дека мала промена во една земја може да создаде глобални трагедии. Чумата од 14 век, која предизвика стотици милиони смртни случаи низ Евроазија, ја уништи најголемата империја досегаш позната – Империјата на Монголите. Таа чума во Европа предизвика револуционерен технолошки развој што доведе до европски колонијализам.

По Првата светска војна, Версајскиот договор и големата криза го создадоа Хитлер и над 50 милиона жртви. Втората светска војна ги создаде ОН со голем авторитет и со бројни функционални институции. Падот на комунизмот доведе до распад на СССР и некои други држави и создавање на 19 нови држави. Денес во услови на густа глобална магла, можеме да очекуваме опасни збиднувања од „ефектите на пеперутката“.

Денес, бројни светски експерти веќе ја сфаќаат можноста за уривање на постоечкиот светски поредок по Ковид и Украина. Западните и европските економии од војната во Украина може да ја доживеат судбината на изгубен патник во пустината. Отпрвин, халуцинациите дека сè ќе биде лесно – дека водата и сенката на оазата се блиску, но реалноста вози во спротивна насока! Светот повеќе нема да биде како што беше пред 2019, оти со деценија го водат грешници кои се сметаат за праведници. Секој од нив поседува онолку суета колку што му недостига разум!

Се покажа дека синџирите на снабдување и пазарите на развиените земји се многу повеќе поврзани отколку што се мислел. Пазарите во земјите во развој видно се ослабнети,а тоа ја ослабува целата светска економија. Пентагон и НАТО сега веруваат дека во Украина ќе има долгорочна војна, и дека САД и нивните сојузници ќе мора подолг период да се спротивстават на руска агресија. „Долго ќе бидеме вклучени во овој конфликт, а за нас тоа ќе биде разорна војна“ – вели Стив Хол, поранешен шеф на операциите на ЦИА за Русија.

Таквата долга војна ќе биде тежок тест за единството на НАТО и ЕУ. Фактот дека 63 републикански членови на Претставничкиот дом, главно поддржувачи на Трамп, гласаа против резолуцијата за поддршка на НАТО, веќе предизвикува стравувања за тоа што би значело враќањето на поранешниот претседател во Белата куќа за НАТО. Резолуцијата го поддржува НАТО и го повикува Бајден да ја „зајакне посветеноста на таа организација“ за „одбрана на демократијата“ во Европа.

Денес светот се соочува со поопасни предизвици од кога било досега. Американскиот министер за финансии Џенет Јелен предупреди на „големите последици“ што војната во Украина ќе ги има врз глобалните резерви на храна и енергија. Високите светски цени на енергијата и храната, кои веќе се искачија на висока инфлација, може да имаат длабоки политички импликации, вклучително и за судбината на демократијата во самите САД, што може да се рефлектира во наредните избори во САД. Глобалните економски последици почнаа да ги поткопуваат постојните економии. Директорот на една од најголемите компании во светот „Blackrock“ – Лери Финк, кој управува со најголемото портфолио на средства во светот од 10 трилиони долари, предвидува прекин на економските врски што го поврзуваат светот. Пандемијата ги наруши глобалните синџири на снабдување, предизвикувајќи пораст на инфлацијата. Сега, острите санкции за руската економија нема да го казнуваат само Путин, туку ќе предизвикуваат голема негативна реакција и кај земјите што ги примениле.

Цените на енергијата нагло пораснаа бидејќи Русија сега е исклучена од поголемиот дел од светскиот пазар на нафта. Бајден го оправдува зголемувањето на цените со потреба од казнување на Путин, во обид да го релативизира незадоволството кај гласачите пред распишаните дополнителни избори во ноември. Неговото претседателство – родено од пандемска криза – сега се соочува со многу голем предизвик – Москва. Не, без причина британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, повика на преиспитување на безбедносната позиција на Западот. „Ерата на соработка со Русија заврши“, рече таа. „Потребен ни е нов пристап кон безбедноста во Европа, заснован на сила, одбрана и превенција“, рече таа во Брисел.

Ако војната продолжи, тогаш 2023 година ќе биде година на голема криза, предвидуваат аналитичарите на Пентагон. Она што сега се зборува за можното запирање на конфликтот во Украина ќе личи на „замрзнат конфликт“, како оној на Босна по Дејтон. Тогаш, дури и по 2023 година, светските цени на нафтата ќе останат над сто долари за барел, додека Европа ќе се бори да се ослободи од руската енергија со засилување на напорите за обновливи извори на енергија, вклучувајќи ги и нуклеарките.

Наредната зима може да ги принуди земјите од ЕУ да започнат со прилагодување на снабдувањето со енергија, што нужно значи рецесија. Високите цени на нафтата и сега продолжуваат да ги лутат американските и европските граѓани. Демократската партија ризикува да ја загуби контролата и врз Сенатот и во Претставничкиот дом на изборите во ноември. Затоа, се чини дека американската страна е поверојатно да се согласи со тоа, завојуваните страни да го прекинат конфликтот на неодредено време. Но, европските лидери претендираат да стават крај на економската рецесија нудејќи ѝ на Русија укинување на санкции за повлекување од Украина.

Се претпоставува дека мировните преговори предводени од Франција, Германија, Турција и Израел ќе траат долго. Москва бара гаранции дека НАТО ќе престане да носи оружје за украинските сили и да го повлече ставот од 2008 година за прием на Украина и Грузија во Алијансата. Но, САД нема да се откажат лесно од тоа, иако Зеленски вели дека сонот на Украина за членство во НАТО повеќе не е остварлив. Се чини дека Зеленски прифаќа неутралност ако петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), плус Германија и Турција, гарантираат за безбедноста на Украина. Но, Зеленски во никој случај не е подготвен да ја признае независноста на отцепените региони на неговата земја Доњецк и Луганск. Затоа овие преговори најверојатно ќе заглават по овие точки. Вашингтон тогаш ќе ги дуплира испораките за украинските сили, додека Франција и Германија се уште се надеваат дека ќе постигнат договор со Москва. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц предлагаат поширока мировна конференција која ќе ги ажурир разговорите за контрола на оружјето меѓу НАТО и Русија. Нивната цел е да се избегне нова Студена војна во Европа, која би ја предизвикала цела Европа. Но, Вашингтон се спротивставува на идејата за широка конференција бидејќи многу американски надворешнополитички елити мислат дека Путин не платил доволно за неговата авантура во Украина. Водечките членови на Конгресот (дури и од двете партии) го повикуваат претседателот да не ги укинува ни најблагите финансиски санкции кон Русија – потег што Макрон и Шолц веруваат дека е потребен за да се донесе мир.

Долгорочна рецесија!?

Како резултат на кризата, економскиот раст на ЕУ, по рецесијата 2022/23, се очекува да биде помал од еден процент годишно, додека САД околу два проценти, а Кина паѓа под пет проценти. Така, глобалниот раст ќе падне под четири проценти, што е сериозен знак дека светот ќе стагнира во подолг период. Сега немирите ескалираат и во делови од Африка и Блискиот Исток кои се зависни од украинскиот извоз на пченица.

Москва и Пекинг, пак, ја продлабочуваат економската и политичката соработка. Кина го проширува својот меѓубанкарски платен систем за да овозможи двете соседни земји да го заобиколат меѓународниот платен систем SWIFT. Русија и Кина вложуваат поголема трговија со дигитални јуани, намалувајќи ја потребата за долари. Кина, исто така, ги расчистува руските златни резерви, за кои се верува дека вредат околу 100 милијарди долари, претворајќи ги во јуани што Русија би можела да ги искористи за купување кинеска стока. Кинескиот претседател Си Џинпинг сега гледа придобивки од Студената војна со САД.

Но и тука нема трајно пријателство. Доколку Русија значително ослабне, може да се отвори апетитот на Кина за ненаселениот Сибир како „ветена земја“ за пренаселената Кина, кое веројатно би имала свој „амин“ од САД.

Сега во играта се уфрлува и неформален блок на земји – Индија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам, Турција и Бразил. Повеќето од овие земји одржуваат добри односи со Русија и покрај притисокот од Западот да се изолира Москва. Зависни од трговијата со Кина, овие земји сакаат добри односи со Пекинг. Но, војните, климатските промени, заедничките економски предизвици, глобалните технолошки стандарди – ја отежна помошта за посиромашните земји. Интернетот дополнително се распаѓа бидејќи растечкото ривалство меѓу САД и Кина ги турка нив да се обидат да привлечат што е можно повеќе земји на своја страна. Сето тоа има име – деглобализација.

Од друга страна, мултинационалните структури во светот ослабнуваат. Од Обединетите нации, Светската трговска организација, Светската здравствена организација и селиот светски поредок. Би било крајно оптимистичка прогноза да се надеваме дека големите сили ќе ги унапредат мултилатералните институции за полесно да се справат со идните шокови. Иако ММФ привремено ја поврати својата важност, претпазливиот макроекономски надзор ќе го убие овој оптимизам. Светската банка сега е бавна и со недостиг на ресурси. Остануваат два можни патишта: создавање на нов светски поредок со различни функционални механизми или натамошно потопување во опасна глобална апокалипса. Затоа една нова меѓународна конференција сега изгледа како спас.

При такви околности, регионалните проблеми ќе бидат значително маргинализирани, бидејќи не се ни знае што ќе се случи утре. ЕУ ќе се соочи со големи потреси. Овдешните регионални држави ќе пловат без компас. Косово ќе го загуби вниманието, Србија ќе го загуби „големиот брат“, БиХ ќе го загуби разумот, а Црна Гора се! Сега веќе ништо не е трајно! Сите држави се плашат, оти не можат да се надеваат многу на стратешките партнери, бидејќи и на ним им гори под нозете. Сега сите сфаќаат дека мирот никогаш не умира по природен пат, туку поради тоа што е многу тешка да најдете здрав разум во болен ум!

The post Светот пред хаос! appeared first on plusinfo.mk.

Опасно за Балканот!
Украина со векови беше дел од Царска Русија, а потоа и од Советскиот Сојуз, сѐ до неговото распаѓање во 1991 година, кога Украина мирно се отцепи со повеќето други федерални единки.

Потоа НАТО почна да се прошири кон исток, со што ги внесе во јатото повеќето источноевропски нации кои беа во комунистичката орбита. Во 2004 година, НАТО ги прими поранешните советски балтички републики Естонија, Латвија и Литванија. Четири години подоцна, таа ја објави својата намера да и понуди членство на Украина, процесот бил бевен поради проруската блискост.

На почетокот на 2014 година, почна тнр. „Портокаловата револуција“ со што беше урнат прорускиот претседател Јанукович, оти тој одби да потпише договор за асоцијација со ЕУ.

Како реакција, Русија одговори со анексија на украинскиот полуостров Крим и со поттикнување сецесионистички потези во Донбас. Речиси 14.000 луѓе загинаа во тој конфликт, а околу 1,5 лица внатрешно се раселија.

Русија, проширувањето на НАТО кон нејзините граници со години го смета за „опасност по нејзината безбедност“. Затоа сега го предизвика конфликтот со Украина, најголемата безбедносна криза во Европа од Втората светска војна. Сега Украина е пред капитулација и нуди преговори по желбата на Путин. Но, не се знае дали Путин ќе прифати да преговара со постојната легитимна власт, оти бара свои елементи надвор од постојната власт.

Моментално за стопирањето на конфликтот во Украина не можат ништо да направат ниту НАТО ни ЕУ, ни ОН. За жал, во врска со Украина западњаците направиле почетничка грешка.

Прво, долго време ги хранеа надежите на Украина за членство во НАТО, а воопшто не беа сигурни дали воопшто тоа е добро, оти украинскиот народ е доста близок со рускиот, па со години ја вртеле Украина лево-десно.

Второ, наместо на време да се согласат, па дури и самите да предложат некаква „трајна неутралност“ за Украинана (како што е Финска), со што Путин ќе беше парализиран, тие со главата на облаци или на ѕид мислеа дека Путин блефира, се додека не им се случи втората епизода во Доњецк и Луганск.

А и потоа мислеле дека тоа е само за подобри преговорачки позиции на Путин, за да на крајот видиме дека баш ништо паметно не мислеле! Секој основец и почетник ќе им кажуваше дека Путин сега има потреба за лично истакнување за да продолжи да биде цар во Русија. Диктаторите по своја логика никогаш нема лесно да попуштат. Хитлер до последниот ден не попушташе. И сега Украина е оставена во немилост!

Тоа што светот сега „жали“ за состојбата таму наликуваат на „поздрави и честитки“ или ,,жалопојки“ а тоа ништо не значи и ништо не менува. Путин како болен ум од 21 век, продолжува со логиката на 18 век.

Не случајно, еден мудрец вели – кога би знаеле луѓето што ум го води светот, би умреле од страв!

Европа, веројатно уште мисли дека Путин ќе се задоволи со Украина. Така и за Хитлер мислеле дека ќе се задоволи со Чешкословачка и со Полска, па видовме што пекол се случи во Европа и светот. Западните политичари сега за жал резонираат со логиката на гласачите! Така не бива државник. Со предложењето статус неутралност за Украина од нивна страна, Путин ќе останеше без ниедна карта, а ќе имавме легитимна власт и стабилност.

Сега Украина е окупирана, и тешко власта дека ќе опстои. Украина ќе стане вазална држава на Путин. Ќе згасне демократијата на една голема држава колку што е Франција. Светот веќе не може да биде ист, оти се случи насилна окупација на една голема држава без одлука на ОН. Путин сега силно ќе притиска и на околните држави, кај што има руско малцинство, но и во Балканот. И тие држави сега оправдано стравуваат. Тоа е резултат на ваква плитка западњачка политика!

Зли духови на Балканот!?

Кризата може брзо да се пресели и во фукционирањето на самата ЕУ. Германија која 55% зависи од рускиот гас, веројатно ќе бара потолерантен однос кон Русија. Тука е и Италија која има голем извоз во Русија.

Франција, можно да потпадне под емоции на историско пријателство со Русија. САД сеуште не можат да се отрезнат од штетите што ги создал Трамп. А и никој не знае како ќе игра Кина за Тајван, иако таа е фокусирана повеќе кон трговијата со сите во светот.

Балканот пак ќе се загрее. Особено западниот Балкан игнориран толку долго од ЕУ. Тука рапидно се менува ресположението на луѓето од таквото игнорирање. Самиот Макрон ги спречи преговорите со Македонија и сега „мука ми јежеве“ трпиме со Бугарите! Никој не знае прорускиот Радев како ќе постапи.

Владата на Бугарија, веројатно ќе се повикува на создадената состојба за да не се продолжи понатаму со глупавиот спор, но, тоа сега е равенка со многу непознати внатре во коалицијата. Можно е, нашиот спор сега да стане маргинален. Но, можно е некој со повеќе акал во Брисел или Вашингтон да каже – доста со ваков глупав спор. А вака како што е, уште повеќе ќе ги потхрануваат проруските елементи во државата и регионот. Руските елементи се силни во Србија, Црна Гора и БиХ, така што сега Додик ќе стане посилен и од Вучиќ. А Вучиќ го прави тоа што е можно, оти српската поблика силно навива за Путин.

Сега гледат Полјаците и Унгарците колку глупаво одиграле во ЕУ, а во полза на Путин, ама доцна е! Ако запад се одлучи да возврати со странски мерценари во Украина, како што тоа го прави Путин со Чеченци, тогаш ќе имаме долга војна и криза која економијата ќе ја доведе до катастрофа!

На сето ова, изгледа само Турција испадна попринципиелна, иако малкумина го очекуваа тоа. Тие јасно ја осудија Русија, но и несериозниот Запад за лошата игра. Сега поради бројни грешки, политиката на западот е доведено до тоа – да се спаси што може!

The post Опасно за Балканот! appeared first on plusinfo.mk.

Црни облаци над Европа!
Над Европа повторно црни облаци. Изминативе месеци, меѓу Велика Британија и Русија не само што се разменија ептен сериозни воинствени изјави, туку се случија и опасни воени инциденти во зоната на морето околу полуостровот Крим. Тука уште одамна е избришана границата меѓу разумот и лудилото. Поморски судир за малку ќе прераснел во конфликт меѓу британски носач на авиони и руски воени бродови кои истрелаа повеќе предупредувачки ракети во близина на британски воен разузнувач во Црното Море. Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа, како што тврди министерството, „протерувањето“ на британски разузнувач од водите на Крим со повеќе предупредувачки истрели и бомби. Така што сега на Европејците веќе не им го отсекува патот некоја убава русокоса, туку бројни црни мачки!

Русија, делот на тамошните морски води ги смета за свои територијални води, додека Западот истите ги смета за морски води кои припаѓаат на Украина. Русија го има анектирано полуостровот Крим во 2014 година, но Западните земји продолжуваат Крим да го сметат за дел од Украина. Тоа наликува на победа на илузијата над интелигенцијата!

Полуостровот Крим, кој се наоѓа покрај Црното Море, има површина како половина од Швајцарија, со клима слична на онаа на Азурниот брег, и е со многу турбулентна историја. Номадските народи на Скитите, Грците, Татарите и Турците владееле со Крим со векови – додека не дошле Русите. А Крим отсекогаш бил шлаг на тортата на Руската империја, па во 1783 година Крим стана дел од таа империја. Дури во 1954 година тогашниот руски полуостров беше административно интегриран во Советската Република Украина, иницијатива дадена од тогашниот шеф на Комунистичката партија на СССР, Никита Хрушчов. По падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Крим стана дел од независна Украина. Тоа доведе до тензии, бидејќи две третини од населението на тој полуостров се Руси. Полуостровот живееше главно од туризмот, но последните истражувања покажаа дека таму се кријат големи наоѓалишта на гас. Во 2013 година, украинската влада планираше да потпише договор со меѓународен концерн, предводен од американскиот енергетски гигант „ExxonMobil“, за експлоатација на гас и нафта во Црното Море. Но, во 2014 година Крим беше анексиран од Русија.

Дополнителен проблем за регионалниот мир се и самопрогласените руски републики во Источна Украина (Доњецк и Луганск), кои се непослушни во однос на украинската централна власт. Русија перманентно воено и финансиски ги помага овие две регии, така што таму состојбата со години наликува или во воена или полувоена.

Во моментот најмногу Велика Британија е ангажирана околу спречување на можните руските напади на Украина. Бројни британски бродови и разузнувачи веќе се наоѓаат во Црното море. Аналитичарите имаат различни оценки за шансите за војна меѓу Лондон и Москва или како што некои ја нарекуваат „полустудена“ војна меѓу двете страни, која не се заснова на директна воена конфронтација. Но, Генералот Ник Картер, началник на Генералштабот на британската армија, даде мошне тешки изјави кои ги потресоа безбедносните и воените кругови во Велика Британија и Европа, кога предупреди на можно избувнување на војна меѓу Британија и Русија. Работата не застана само на предупредувањето за можна војна со Русија, бидејќи британскиот генерал изјави дека оваа војна е поблиска од кога било, поттикната од повеќе настани во Источна Европа, а последната е бегалската криза на границата меѓу Белорусија и Полска. Предупредувањата на началникот на Генералштабот на британската армија, кој ќе ја напушти функцијата поради повлекувањето од Авганистан, се совпаѓаат со сличните предупредувања на бројни поранешни функционери на британската служба за надворешно разузнавање МИ6. Така, британскиот весник „Мирор“ откри план за испраќање 600 војници на британските специјални сили во Украина, поради страв дека Русија е подготвена да го нападне својот сосед.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен повтори дека САД се „сериозно загрижени“ за активностите и изјавите на Русија во врска со Украина, каде што тензиите растат. „Навистина сме загрижени за реториката што ја видовме и слушнавме од Русија и на социјалните мрежи“, изјави тој за новинарите во Дакар, каде беше во африканска турнеја.

Британски експерти сметаат дека веројатно таква ескалација е поради фактот што рускиот претседател Путин знае дека моментално Американците се преокупирани со Кина, додека Германија е преокупирана со транзицијата на власта по Ангела Меркел, и дека Франција се подготвува за претседателските избори следната година. И преостанува само Велика Британија да се занимава со прашањето за спротивставување на руското влијание. Ситуацијата дополнително се усложнува со отсуството на каква било вистинска акција за излез од кризата по дипломатски пат, како и можната желба на Британија да се покаже барем во имагинарно огледало дека има способност да го води европското крило на НАТО и да ги заштити земјите од Источна Европа, но и да испрати порака дека сè уште е влијателна на меѓународната сцена, дури и по напуштањето на Европската Унија.

Мигрантската кризна состојба меѓу Полска и Белорусија е второто опасно жариште. Европските земји со месеци го обвинуваат авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко дека намерно создава криза со тоа што ги носи своите мигранти од Блискиот Исток со авион и потоа ги поттикнува илегално да преминат во Полска и Литванија, членки на ЕУ и НАТО. Минск, кој има поддршка од Москва, ги отфрлува тие обвинувања, а илјадници мигранти останаа заробени во ледените шуми на границата. Сите продаваат совест што не гризе. САД го обвинија Минск дека ги користи мигрантите „како пиони во обид да создаде пошироки проблеми. Одбранбената блискост со Русија отсекогаш била „свето“ за Белорусија, па оттука никој да не се сомнева во таквата поврзаност во случај на некоја евентуална конфронтација – изјави Лукашенко.

Третата жешка европска кризна состојба е предизвикана од блокадата на државните институции од страна на претставниците на Република Српска предводени од членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кој најави дека во ноември парламентот на Република Српска ќе донесе серија закони кои го оспоруваат статусот на вооружените сили, разузнувачките агенции и на полицијата на БиХ во нејзината територија. И дека ќе се блокираат централните правосудни органи како и правото на БиХ да наплатува царини и даноци во Република Српска. Тука што повеќе се намалуваат бројот на аргументите, толку повеќе се зголемуваат бројот на навредите.

Пратениците на РС не присуствуваа на парламентарната седница во Сараево за да слушнат што меѓународниот специјален претставник Шмит има да каже за актуелната ситуација, бидејќи тие веруваат дека тој незаконски бил назначен за висок претставник, оти во Советот за безбедност не се разговарало за тоа. Ние во западен Балкан барем сме навикнати да поминеме низ патиштата низ кои поминувал Сизиф со својот камен!

The post Црни облаци над Европа! appeared first on plusinfo.mk.

Курц падна!
Курц падна, и тоа според наши стандарди за чисто банална работа! Имено државното обвинителство за економски криминал започна истрага против Курц и неколкуте други истакнати членови на неговата партија ОВП, дека проневерија даночни пари во 2017 година, кои ги користеа за медиумскa кампањa во корист на нивната партија. Курц е осомничен дека користел јавни средства за плаќање реклами во еден корумпиран таблоид со цел истиот да ги фали Курц и други челници на неговата партија, како и нивно фаворизирање во анкетите. Парите беа уплатени како реклами во таблоидот.

Во петокот Себастијан Курц беше категоричен дека нема да поднесе оставка, и вети дека ќе ја докаже својата невиност. Но, во нормално правосудство тоа што ќе го речете во петокот не важи и за саботата. Тоа е денот кога австрискиот канцелар Курц клекна пред обвинителите, кои веќе ги претресеа просториите. Исто така партијата на Зелените, коалициски партнер на Курц, се заканија дека нема да бидат дел од владата, ако не се поднесуваат оставки со што целата коалиција би се срушила.

И така, сосема елегантно Курц на прес -конференција рече дека „ја напушта функцијата“ за да се избегне хаосот во државата. Тој рече дека и коалицискиот партнер се позиционирал против него. На земјата, според него, и е потребна стабилност. Курц исто така е познат и по одржувањето блиски односи со многу автократски политичари од Балканот. Едни дури директно ги поддржувал учествувајќи по изборни кампањи веројатно со ептен добар хонорар. А бил и близок пријател со контраверзниот американски амбасадор во Германија за времето на Трамп – Ричард Гренел.

Кога кај нас обвинителството и судството би работеле според закон, не мора според автриски стандарди, веројатно ќе биле потребен шлепер обвиненија против партиски функционари и други носители на јавни функции. Но, тука владата може да падне единствено ако некој важен вистински се бори против корупција. Тука е јавна тајна дека бројни медимуми функционираат принципиелно – секогаш на страната на власта, оти таму е чекчмеџето. Тука е сосема нормално да се рентат новинари и аналитичари, кои без срами перде со ангелски речник ќе ги фалат сите ѓаволски работи. Бројни медиуми се полни со илјадници покриени зборови за да се сокрие голата вистина.

Замислете, дури и во една конзервативна Саудиска Арабија во 2017 година, по наредба на принцот престолонаследник и реформатор Мохамед бин Салман, беа приведени четворица министри, 11 принцови (негови роднини), и неколку високи бизнисмени. Тоа беше претставено како антикорупциска чистка. Сите тие вратија на државата огромна сума пари за да се поштат на слобода. Но, тоа е одговорно водење држава, поинаку хаосот како што го имаме единствено може да има прогресивна линија. Вака од шума прописи се создава законот на џунглата. Само тука можете јавно да ја полнете чантата со пари и слободно даси заминете кај што сакате, Австралија, Нов Зеланд, Белизе. И затоа секоја влада луѓето ја доживуваат или како тест, или како судбина, или како казна! А мали умови продолжуваат да ги остваруваат нивните големи соништа!

The post Курц падна! appeared first on plusinfo.mk.