маријанчо николов Archives - plusinfo.mk

ИНФЛАЦИЈАТА БЕСНЕЕ НИЗ ЕВРОПА, А НИЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ПРОВОЦИРАМЕ? Субвенционираниот раст на платите во приватниот сектор е меч со две острици
Со декрети и селективност не смее да се зголемуваат платите во приватниот сектор. Доволно е тоа што државата прави упад во трошоците на компаниите со минималната плата секоја година, коментираат бизнисмени откако владата соопшти дека ќе го субвенционира растот на платите на вработените во приватниот сектор во висина од 3.000 до 10.000 денари, со тоа што на државна сметка ќе бидат пресметани придонесите за зголемениот дел.

Економисти и даночни експерти, пак, велат дека со мерката треба да бидат опфатени сите вработени, а за утврдување на платата да се земе период од август до октомври за да не можат компаниите да влијаат на успешноста на мерката.

Тие предупредуваат владата да внимава со престанок на претходните мерки за намалување на инфлацијата да се поништат резултатите од новите мерки.

Владата најави дека мерката ќе се применува една година, а ќе стартува од јануари 2024 година. Таа е наменета само за компаниите во кои се исплаќаат ниски плати, а зголемувањето на платите ќе се утврдува во однос на просечната плата на секој работник поединечно за периодот октомври – декември 2023 година. Владата го субвенционира само делот за зголемувањето.

– Ограничувањето е дека оваа мерка можат да ја користат сите вработени кои имаат плата до една и пол просечна плата исплатена последните три месеци. Тоа значи дека доколку во декември, ноември и октомври, просечната исплатена плата на вработен не е поголема од една и пол просечна плата, можат да ја искористат мерката во наредните 12 месеци за зголемување во износ од 3.000 до 10.000 денари, кој ќе се договорат со работодавачот. Притоа ослободувањето го добиваат истиот нареден период – појасни вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Битиќи вели дека мерката има цел намалување на даночната евазија и сивата економија, поддршка на приватниот сектор за исплата на повисоки плати.

За дел од бизнисмените е нејасна оваа мерка во услови кога државата се обидува да ја намали инфлацијата, бидејќи, како што велат, таа ќе влијае на зголемување на потрошувачката и инфлацијата и дополнително ќе го стимулира увозот.

– Познато е дека зголемувањето на платите ја поттикнува потрошувачката и инфлацијата, па чуди фактот што се носи таква мерка во услови кога и ние и светот се бориме да ја намалиме инфлацијата. Германија, на пример, е загрижена за стапката на инфлација од 3,2%, а ние правиме обратни потези иако имаме висока инфлација – вели Маријана Перковска, претседателка на текстилниот кластер.

Според неа, мерката нема да можат да ја користат извозниците не затоа што не сакаат, туку поради тоа што странските партнери веќе побараа од нив да ги намалат цените на производите.

– Компаниите извозници веќе добија писма од германските партнери, кај кои завршува 70% од македонскиот извоз, дека треба да ги намалат цените во рамките на намалувањето во светски рамки, а тоа за нас значи дека и сегашните плати нема да можеме да ги покриеме бидејќи 80% од нашите трошоци се однесуваат на платите. Во вакви услови дополнително зголемување на платите на работниците ги зголеми нашите трошоци што треба да ги покриеме преку цените на производите. а тие како што реков треба да ги намалиме за да бидеме конкурентни на пазарот од кој зависиме – вели Перковска.

Таа смета дека со оваа мерка владата ги фаворизира увозните компании кои со растот на потрошувачката дома ќе обезбедат повисоки профити.

Економистот Маријанчо Николов смета дека мерката за субвенционирање на зголемувањето на платите ќе влијае на подобрување на социјалната сигурност на работниците и ќе им се даде можност на компаниите на ваков начин да задржат што поголем број работници, но смета дека компаниите треба да најдат начин како по нејзиното завршување да ги задржат покачените плати.

– Оваа мерка ќе им помогне на компаниите да ги зголемат платите иако Владата ќе го субвенционира само делот на придонесите на зголемувањето, односно околу 22% од придонесите. Тоа значи дека владата ќе го плати само придонесот на покачувањето од 3.000 или 9.000 денари. На овој начин дел од компаниите ќе можат да се приближат на просекот на плати, но што е поважно ќе бидат во состојба да ги задржат работниците кои имаат намера да одат во други дејности или да заминат во странство поради ниските плати. Но за мене е многу поважно тоа дали компаниите ќе бидат успешни да го задржат ова зголемување на платите по декември 2024 година – вели Николов.

Тој смета дека зголемувањето на платите може да влијае на пораст на инфлацијата, но смета дека многу поголема опасност за инфлацијата има завршувањето на мерката на замрзнати цени на прехранбените производи.

– Ова зголемување може да влијае на порастот на потрошувачката и инфлацијата, но многу посериозен удар може да се очекува од престанок на мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи. Ако цените од јануари повторно почнат да растат несразмерно од околностите ќе имаме нов инфлаторен бран. Владата мора да внимава на оваа состојба за да не се доведеме во ситуација да ги анулираме ефектите од сите мерки кои се носат за подобрување на социјалната состојба на граѓаните и помош на компаниите – вели Николов.

Даночниот експерт Павел Гацов, пак, забележува дека мерката во која како референтна плата треба да биде просекот од последните 3 месеци од годинава може да влијае на ефектите од мерката бидејќи им дава можност на компаниите заинтересирани да ја користат да ги намалат платите во овој период, за да можат да се ослободат од плаќање на придонесите следната година.

Тој предлага како референтна плата за зголемување да се земе просекот од плати од август, септември и октомври. Тој смета дека мерката треба да се однесува на сите вработени, на сите плати и компании.

„Мерката ќе биде непристрасна и неранета доколку како референтна плата за споредба се користи просекот на платите од месеците август, септември и октомври 2023 година. И второ уште поважно, со оглед дека мерката поттикнува зголемување на плата од 3.000 до 9.000 денари, важно е истата да се однесува на сите вработени, сите плати и сите компании, односно да не се лимитира само за оние со пониски плати. Имено, мерено во проценти, помало субвенционирање (регресивност) ќе добијат токму оние со повисоки плати“, напиша Гацов на Фејсбук.

Ваква мерка Владата имаше во период од 3 години почнувајќи од 2019 година кога се субвенционираше покачување на платите од 600 до 6.000 денари. Според официјалните информации, оваа мерка ја искористиле повеќе од 28.000 компании за околу 170.000 вработени.

The post ИНФЛАЦИЈАТА БЕСНЕЕ НИЗ ЕВРОПА, А НИЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ПРОВОЦИРАМЕ? Субвенционираниот раст на платите во приватниот сектор е меч со две острици appeared first on plusinfo.mk.

ОД УТРЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК Така е кога законите се носат ретроактивно
Вкупно 18 компании кои се обврзани да го платат солидарниот данок досега не го сториле тоа. Една компанија од нив делумно ги уплатила парите. Дополнително, 5 компании побарале данокот да го уплатат на рати,.

Вкупниот долг по основ данок на солидарност досега изнесува 638.289.966 денари (10,2 милиона евра), покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

УЈП соопшти дека сите компании кои не го платите данокот се опоменати. Рокот на опомените истекува утре, кога ќе биде почната присилна наплата и блокада на нивните сметки.

Но, која е фактичката состојба? Зошто овие компании не го уплаќаат данок и зошто дел од нив бараат да го платат на рати?

Проблемот е во тоа што дел од компаниите во моментов немаат пари за тековните трошоци, во кои спаѓа и уплатата на даноците, бидејќи ги вложиле за други намени, но има и такви кои чекаат на одлуката на Уставниот суд, велат бизнисмени и економисти.

– Проблемот е едноставен: овој данок се однесува на работењето на компаниите во 2022 година, а данокот треба да се плати годинава. Поради задоцнетото донесување на Законот за солидарен данок, дел од компаниите веќе ги вложиле парите во инвестиции и други потреби и сега немаат пари за покривање на тековните трошоци, од кои се плаќаат даноците. Но, тоа не значи дека овие компании станале неликвидни или дека не остваруваат приходи. Затоа дел од нив побарале да го платат данокот на рати или успеале делумно да го уплатат. Односно прво да обезбедат средства за таа намена, па потоа да го уплатат данокот – вели бизнисменот Ангел Димитров.

Според него, има и такви компании кои калкулирале со плаќањето на данокот и сега се опоменати поради тоа.

– Секако дека има и такви компании кои сметаат дека иницијативата на на стопанските комори до Уставниот суд  за поништување на данокот на солидарност ќе помине брзо. Сега ќе треба да го платат данокот, или да бидат казнети – додава тој.

И економистот и поранешен пратеник Маријанчо Николов се согласува дека компаниите имаат проблем да го платат данокот, бидејќи законот е донесен годинава со ретроактивно важење.

– Во однос на финансискиот дел, некои од компаниите немаат пари за тековно намирување на трошоците и им треба време да ги обезбедат за да го платат данокот. Можеби ќе треба и да позајмат од банките, бидејќи парите кои ги оствариле како доход веќе ги инвестирале, без да го планираат и овој данок. Во правниот дел, доколку одлуката на Уставниот суд за иницијативата за поништување на законот, поради ретроактивноста, дојде подоцна и законот остане во сила, овие компании пак ќе треба да го платат данокот и повторно ќе им се јави истиот проблем на обезбедување пари за да го намират и дополнително да платат казнени камати. Затоа е добро Уставниот суд побрзо да се изјасни за овој закон – вели Николов.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера изјави дека додека не биде донесена одлуката на Судот, Законот за солидарен данок е на сила и компаниите треба да го платат данокот. Таа рече дека има повеќе иницијативи за законот и тие се работат.

– Тоа е и уставна должност на секој граѓанин. Тие треба да го платат овој данок, доколку Уставниот суд одлучи поинаку, тогаш ќе дискутираме кои се следните чекори на тие фирми. И битно е дали Уставниот суд би го укинал тој закон или би го поништил. Не би можела да ви кажам што би се случувало, додека судот не се произнесе конечно – рече Кацарска.

Од укинувањето или од поништувањето на законот ќе зависи дали државата ќе треба да им ги врати парите на компаниите кои го уплатиле износот на солидарниот данок.

Согласно Законот за данок за солидарност, обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 10 милиони евра.

Компаниите можат да го одложат плаќањето на даночниот долг под одредени услови и со плаќање на камата за периодот за кој се одлага.

УЈП може да го одложи плаќањето на долгот за данок преку неспроведување (прекинување или незапочнување) на постапка за присилна наплата на долгот и исплата на долгот во најмногу 36 еднакви месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето на даночниот долг најмногу до 6 месеци.

Како причини за одлагање на долгот се смета ако извршувањето на даночните обврски би го нарушило деловно работење на компанијата, или кога даночните обврски претставува значително оптоварување и/или со плаќањето на обврзникот му се нанесува битна штета.

The post ОД УТРЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК Така е кога законите се носат ретроактивно appeared first on plusinfo.mk.

ВЛАДАТА НАЈДЕ ЕЛДОРАДО ЗА НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ Експерти предупредуваат дека државата е во лоша финансиска состојба
Владата ја промени одлуката за задолжување на домашниот пазар и наместо како што се планираше дома да се задолжи со 350 милиони евра, сега ќе се задолжи со 502 милиони евра. Од Владата велат дека е планирано нето задолжувањето кај домашните кредитори во текот на оваа година да се зголеми за над 150 милиони евра, но експерти и економисти велат дека е оправдано само ако за тој износ се намали надворешното задолжување на државата и ако каматните стапки кои ќе ги плаќаме се пониски од оние на надворешниот пазар. Дел од нив велат дека оваа одлука само покажува дека финансиската состојба на земјата е многу лоша и се движи кон полошо.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека самата постапка што Владата бара дополнително да се задолжува говори за лошата финансиска состојба во земјата.

– Тие се во тешка финансиска состојба и се обидуваат на секој начин да го прикријат тоа. Но самата одлука според која бараат дополнително да се задолжат ги демантира и говори дека нешто не е во ред со буџетот и дека состојбата со економијата оди кон лошо што пак се покажува и со статистичките податоци. Индустриското производство неколку месеци е во минус, расте долгот, а по оваа одлука ќе расте и инфлацијата бидејќи е под притисок на потребата за увоз на храна и енергенси. Меѓународните финансиски институции веќе ги намалија прогнозите за растот на БДП што е далеку од првичните планови на Владата за раст на економијата од 5,4% – вели Хајредини.

Економистот Маријанчо Николов гледа оправдување во ваквата одлука само во пониските каматни стапки на домашниот пазар, но се сомнева дека Владата може да носи промени на рамката на буџетските расходи и дефицитот, зашто тоа е задача само на Собранието.

– Не сум сигурен дали Владата може да го прошири задолжувањето на домашен пазар бидејќи изгледот на финансирање на дефицитот се дава во рамка која ја донесува Собранието. Не е познато дали со оваа промена Владата планира да го намали задолжувањето на странските пазари и колку оваа промена ќе влијае на дефицитот. Единствено објаснување за оваа постапка е дека каматните стапки во земјава се пониски од оние кои би се добиле на странските пазари бидејќи Еурборот (европската основна каматна стапка) од 4%, а при утврдувањето на каматата на основната се додаваат фиксната или варијабилната камата. Дополнително, Владата најверојатно смета да издава долгорочни хартии од вредност и со тоа да го намали вкупното задолжување што пак е политика на одложено задолжување и ја намалува можноста од задолжување на домашниот пазар во иднина – вели Николов.

Тој смета дека ваквата одлука на Владата нема да влијае на банкарскиот сектор кој најчесто вложува дел од парите во државни хартии од вредност бидејќи се посигурни отколку да дава кредити на компаниите.

– 150 милиони евра не се голема сума пари кои банките би ги ангажирале во државни обврзници, бидејќи тие се доволно ликвидни и можат, се разбира според сопствената кредитна политика, да го кредитираат стопанството. Сепак, се надевам дека тоа нема да влијае на потенцијалот на банките да го кредитираат стопанството – вели Николов.

Тој додава дека Владата при ваквите одлуки треба да внимава на состојбите во светот и како тие ќе се одразат врз домашната економија.

Познат експерт, пак, вели дека ваквата одлука на владата ќе биде на штета на штедачите, бидејќи банките се стимулираат да одржуваат ниски каматни стапки.

– Владата најде Елдорадо на домашниот пазар и на ваков начин. Познато е дека за разлика од другите држави нашите банки имаат ниски каматни стапки и тоа Владата го користи во дослух со банките за да продолжи да се задолжува по ниски каматни стапки што пак е на штета на штедачите кои од банките добиваат исто така ниски камати за своите пари – вели тој.

Појаснувајќи ја владината одлука со која се зголемува максимално дозволениот износ на задолжувањето преку државни хартии од вредност на домашниот пазар, министерот за финансии Фатмир Бесими денеска рече дека се остава простор доколку треба да се обезбедат депозити на крај на година за да се одржи макроекономската стабилност и да може да реагираат и на домашниот пазар, покрај на меѓународниот.

Тој рече дека е клучно што Буџетот и номинално гледано останува на исто ниво во однос на растот и во однос на дефицитот.

– Тоа се плански проекции што се ставаат во Буџетот што даваат можност за подобра реализација на плановите што се поврзуваат со фискалната стратегија – рече Бесими.

Тој потсети дека веќе е обезбеден пакет од 600 милиони евра по програми од меѓународни финансиски институции.

Во врска со дилемата зошто се оди со опцијата да се задолжува државата на домашниот пазар во услови на другите поевтини извори за финансирање Бесими потенцира дека тоа е план за крај на годината и оти тоа сега е поевтино и од меѓународните финансиски институции кои се поврзани со Еурбор што е над 4%. На домашниот пазар задолжувањето е под тој процент, односно домашното задолжување е поевтино од Еурбор.

– Мораме да имаме простор да најдеме во која рамка може да се движиме. Во однос на задолжувањето тоа е рамка во која ние може да се движиме во управувањето на јавниот долг. Тоа што е важно за граѓаните е дека дефицитот остана ист и со релокацијата на средства расходите не се зголемуваат. Се прави релокација на средства за да се адресираат сите работи кои се случија во меѓувреме, пораст на платите во јавниот сектор, обезбедување средства за лекови во здравство, пензии и други работи – рече Бесими.

Владината одлука со која се менува одлуката од декември лани за утврдување максимален износ за нето задолжување преку домашниот пазар е донесена на 10 октомври и е објавена и во Службен весник.

„Врз основа на член од Законот за јавен долг, Владата на седницата одржана на 10 октомври 2023 година донесе Одлука за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на нето-задолжување, преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2023 година. Во Одлуката, зборовите 21.535.000.000 денари (350 милиони евра) се заменуваат со зборовите 30.920.000.000 денари (502 милиони евра). Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник“, се вели во новата одлука.

Вкупниот јавен долг изнесува 8,336 милијарди евра. Надворешниот долг на централна влада изнесува 4.450 милијарди евра од кои заеми се 1.350 милијарди евра, а еврообврзници 3.100 милијарди евра. Внатрешен долг на централна влада изнесува 2.788 милијарди евра од кои во државни хартии од вредност се 2.759 милијарди евра, а во структурни обврзници 29,9 милиони евра.

The post ВЛАДАТА НАЈДЕ ЕЛДОРАДО ЗА НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ Експерти предупредуваат дека државата е во лоша финансиска состојба appeared first on plusinfo.mk.

ГО ЗАМЕНИЈА ШТИП СО МАРОКО Текстилците и транспортерите први на удар на германската рецесија
Ако се оствари најавениот пад на германската економија, проблеми ќе имаат и македонските компании кои соработуваат со германските компании, а тоа ќе се одрази и на трговската размена во која Германија е најголем партнер на земјава, велат економисти и бизнисмени.

Според нив, првите резултати се видливи со намалувањето на нарачките од германските компании и префрлањето на бизнисите во подрачја каде што добиваат пониски цени, како и намалување на камионскиот превоз, а ефекти подолг период се чувствуваат и во автомобилската индустрија.

Тие сметаат дека состојбата треба да се следи и ако потрае треба да се преземат мерки од страна на владата да не се доведат компаниите во состојба да затворат поради немање нарачки, а работниците да се најдат на улица или на социјални мерки кои скапо ќе ја чинат државата.

Владата ја има предвид состојбата, барем како што напиша на социјалните мрежи, вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој сепак не посочи дека ќе се преземаат некакви мерки за помош на компаниите.

Меѓународниот монетарен фонд во својата последна прогноза наведе дека германската економија има негативен раст од 0,5%. Информациите кои доаѓаат од Германија се дека сѐ повеќе компании се затвораат поради проблеми со недостиг на суровини, но дека се враќа оптимизмот. Последното истражување на минхенскиот ifo Институт покажува дека во септември, 24,0% од анкетираните компании пријавиле недостиг на материјал, што е намалување од 24,4% во август. Ситуацијата останува најпроблематична во автомобилската индустрија, каде нешто помалку од 53% од компаниите пријавиле тесни грла во снабдувањето со суровини и репроматеријали.

Експертите, сепак, предупредуваат дека рецесијата во Германија може да претставува „ризик за предвидување“. Ако не трае долго, нема да влијае на македонскиот извоз и германските директни странски инвестиции, но ако трае – сѐ е можно: извозот ќе се намали, а новите странски директни инвестиции ќе се одложат или воопшто нема да се реализираат.

Економистот Маријанчо Николов вели дека економијата на земјава има значителна, ако не и доминантна, трговска и финансиска изложеност кон Германија бидејќи таа е најголем трговски партнер на земјава со кој имаме суфицит.

– Да се надеваме дека мерките кои ги најави германската влада ќе имаат ефекти врз тамошната економија и ќе придонесат за постепено враќање на позитивен раст. Но ако оваа економија со која имаме суфицит во трговската размена забележи пад, и ние ќе имаме проблеми. Најмногу ќе страдаат компаниите кои се директно поврзани со лон производство, но ќе страда и трговската размена, а и платниот биланс. Затоа будно треба да се следи состојбата кај нашиот најголем трговски партнер и навреме да се преземат мерки за поддршка на компаниите за да не се доведеме во ситуација повторно да се оптовари социјалниот систем – вели Николов.

Тој смета дека владата треба добро да ја проанализира состојбата бидејќи трговската размена со Германија која е повеќе од 2 милијарди евра не е мала сума во однос на висината на Бруто домашниот производ кој се приближи на 14 милијарди евра.

– Владата треба да одлучи дали ѝ се важни компаниите и дали ќе реализира мерки кои ќе ги договори заедно со коморите, или ќе се одлучи да го оптовари социјалниот систем со отпуштени работници или технолошки вишок – додава тој.

Падот на германската економија најмногу го засега текстилниот сектор во земјава кој почна да ја губи работата и поради губење на конкурентноста во однос на земјите од Северна Африка и од Далечниот Исток.

– Доколку германската економија забележи пад, тоа дополнително негативно ќе се одрази врз нашето работење. Веќе имаме откажување на нарачките поради високата цена на нашиот производ предизвикана од трошоците што вештачки се наметнаа со порастот на платите за да се задржат вработените и недостигот од работна сила. Европските компании, па и тие од Германија веќе го преселуваат производството од земјава на северот од Африка, во Мароко, каде што добиваат далеку пониска цена од нашата. Поради ова голем број од компаниите се пред затворање. Дел веќе затворија и се преселија во други дејности, а оние што останаа тешко ќе се изборат со состојбата доколку таа долго трае – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“.

Погодена од состојбите во германската автомобилска индустрија ќе биде и домашната.

– Објавените податоци за расположението на германските производители покажуваат дека нешто помалку од 53% од компаниите пријавиле тесни грла во снабдувањето со суровини и репроматеријали. Ова е помалку во однос на август, но сепак е висок процент кој укажува дека германските производители на автомобили сè уште се соочуваат со значителни тесни грла во снабдувањето – велат од домашната автомобилска индустрија.

Намаленото производство не само во Германија, туку и во другите европски земји и запирањето на транспортот со Русија и со Белорусија го намали и обемот на работа на македонските транспортери.

– Имаме намален обем на производство во сите европски земји и голема конкуренција од другите транспортери кои поради намаленото производство немаат работа и ги намалуваат цените. Проблеми имаме и со зголемувањето на цените на нафтата поради кризата во Израел и постоечката во Украина. Сето тоа влијае на намален обем на работа на транспортерите кој станува загрижувачки и поради зголемувањето на времетраењето на превозот, бидејќи дел од компаниите ги гаражираа камионите – вели Билјана Муратовска од „Макамтранс“.

И Институтот за политика и економија на Југоисточна Европа (ИПЕСЕ) пред два месеца објави анализа во кој констатира дека доколку проблемите на германската економија потраат и земјава ќе има проблеми. Пресметките на Институтот покажуваат дека економскиот раст за оваа година најверојатно ќе биде преполовен од 4% на 2% (меѓу другото, поради германската рецесија). Оптимизмот се заснова на фактот дека сè уште постои голем интерес на германските компании за инвестирање во економијата на Северна Македонија. Трговската размена меѓу двете земји во 2022 година достигна рекордно високо ниво од 4,8 милијарди евра, но годинава се забележува одредено забавување. Институтот оценува дека неповолната економска клима во Германија се одрази на работата на македонските транспортни компании. Од почетокот на 2023 година е забележан пад на обемот на превезени стоки со патен, железнички и воздушен транспорт. Само кај камионскиот превоз на стоки во првите три месеци од годинава е забележан пад од 15 отсто.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во објава на Фејсбук ги сподели прогнозите на ММФ за економиите кои се со највисоко учество во трговската размена на земјава и констатира дека негативниот раст на германската економија ќе влијае и на македонската економија.

„Проекциите за нашиот најголем извозен пазар Германија се дека економијата во 2023 ќе оствари реален пад од-0,5%, додека останатите земји со кои остваруваме најголема надворешно трговска размена проекциите се следни: Обединетото Кралство 0,5%, Грција 2,5%, Србија 2,0%, Кина 5,0%. Негативниот раст, односно падот на економијата на моторот на ЕУ, Германија, е еден од клучните фактори кои влијаат врз случувањата во нашата економија, и објективно силно влијае врз економската активност во нашата земја“, напиша Битиќи на Фејсбук.

Тој уверува дека Владата ќе работи на остварување на позитивен економски раст од 2,5% до крајот на годинава, но не кажа дали ќе има некаква помош за компаниите кои ќе бидат погодени од состојбата во Германија.

Лани обемот на трговска размена на земјава со Германија изнесуваше 4,778 милијарди евра, а во периодот јануари-август годинава обемот на размена изнесува 3,187 милијарди евра, што споредено со лани кога се остварени 3,073 милијарди евра, е пораст од 3,7%.

The post ГО ЗАМЕНИЈА ШТИП СО МАРОКО Текстилците и транспортерите први на удар на германската рецесија appeared first on plusinfo.mk.

ИНДУСТРИЈАТА СЕ ДВИЖИ ОД ШУПЛИВО ВО ПРАЗНО Власта не се снаоѓа со крахот на бизнисот
Недостигот на работници, инвестициската неизвесност поради скапите кредити и несигурноста по намалените нарачки од партнерите во странство се главните причини за намалувањето на производството во индустријата изминатите месеци, велат бизнисмени и економисти.

Тие велат дека за да се подобри состојбата треба да се отстранат неизвесностите, а потребна е и помош од државата преку поевтини кредити за подобрување на продуктивноста.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека неколку месеци со ред индустриското производство опаѓа, а кумулативно бележи минимален раст или стагнира. За август тие покажуваат пад на производството од 5,1%, а кумулативно јануари-август минимален раст од 0,3%. Рударството бележи опаѓање од 8,5%, преработувачка индустрија од 5,5%, а енергетиката од 5,7%. Пад на производството е забележан и кај извозните компании, што пак, може да се одрази и на крајните резултати на трговската размена.

Ангел Димитров, сопственик на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе вели дека 3 причини се поврзани со намалувањето на производството, посебно во текстилниот сектор.

– Недостигот на работна сила, намалените нарачки од странските партнери и високите камати на кредитите се главните причини за намаленото производство во овој и во другите сектори. Недостигот на работници е проблем кој не влијае на производството бидејќи без нив нема како да се реализира, туку и на идните планови за ширење на компаниите, на инвестициите во нови машини и опрема бидејќи несигурноста околу тоа кој ќе го работи планираното ги одвраќа компаниите од нови инвестиции. Поради високата инфлација и растот на референтната каматна стапка и кредитите на компаниите поскапеа, па така дел од нив се соочуваат со фактот дека ратите им се повисоки, а друг дел размислуваат дали треба да земат толку скапи кредити. Во текстилот проблем е и тоа што странските партнери од различни причини ги намалуваат нарачките или се преориентираат кон други региони каде што производството е поевтино – вели Димитров.

Дека проблемот со работната рака се продлабочува говорат и статистичките податоци според кои бројот на работници во индустријата се зголемил само за 1%. Освен производство, секторот рударство се соочува и со намалување на работниот кадар, односно за една година бројот на вработени во рударските комбинати е помал за близу 2%. Во енергетскиот сектор бројот на вработени е намален за 6%. Во преработувачката индустрија во август годинава има за 1,9% отсто повеќе вработени од август лани. Но во најголемиот број сектори тој број е во минус.

– Трудоинтензивните дејности имаат намалување на бројот на работници, а тоа ја прави неизвесна иднината на компаниите. Дел од сопствениците поради овој проблем ги затворија компаниите и преминаа во други дејности – хотелиерство, отворија ресторани или погони за полнење вода, каде што е потребно да се вработат помал број работници. Тоа е реално бидејќи во конфекција им требаат 200 работници, а во хотелски капацитет или ресторан им требаат најмногу 50. Тие сега не го чувствуваат тој притисок како да обезбедат работници – вели Димитров.

Според него, состојбата е слична и во другите дејности каде што е потребна работна сила.

– Така е во градежништвото, земјоделството, но и во други сектори каде што е потребна квалификувана работна рака, но и се актуелни лимитирачки услови за работа, како на пример во месната индустрија. За овие компании подобро е да отворат погон во Босна и Херцеговина и од таму да го пласираат производството во земјава, наместо да го намалат производството во земјава поради високите царински давачи. Има и други проблеми кои го прават производството неизвесно и несигурно во земјава – додава тој.

Драстичното поскапување на кредитите што е еден од проблемите на компаниите го покажаа и последните податоци на Народната банка, според кои каматни стапки кај новоодобрените кредити на компаниите за една година пораснале за 2%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во август, остана иста како и во јули од 5,36 отсто, додека на годишна основа оваа каматна стапка е повисока за 1,81%. Во август, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,73 отсто и забележа месечен пад од 0,02%.

Кога индустриското производство стагнира или бележи пад треба да ги загрижи институциите дека треба да преземат нешто за да го намалат тој удар врз економскиот раст, велат економисти.

– Ако не се променат некои параметри кои влијаат на растот на економијата, може да се очекува тој годинава да биде под проектираниот. Податоците за индустриското производство се на ниво на стагнација, ако се гледаат кумулативно јануари-август, но факт е дека во одделни месеци производството опаѓа. Во август тој пад е 5,1% што не е малку. Тоа покажува дека имаме одредена неизвесност кај компаниите за тоа што ќе се случува во наредниот период. Дополнително не се знае што ќе се случува со најголемиот наш трговски партнер, Германија, и тоа влијае на неизвесноста. Одредена неизвесност за компаниите е и тоа што поради борбата со инфлацијата Народната банка редовно ја зголемува референтната каматна стапка, што значи дека поскапуваат и парите кои би се позајмиле за одредени нови инвестиции во подобрување на продуктивност. Сето тоа влијае на намалување на економската активност – вели економистот Маријанчо Николов.

Според него, на владата сега ѝ останува да направи детална анализа на состојбата и заедно со стопанските комори да разгледа можности за некакви пакети за помош на компаниите.

– Најдобра во вакви услови би била поддршката преку кредитирање на компаниите за продуктивност – купување на машини, опрема…, за подобрување на конкурентноста и за зголемување на производството со цел да не се затвораат компании и отпуштаат работници кои ќе заминат во странство. Потоа проблемот многу потешко се решава со нови работници – додава Николов.

Во земјава, според одредени пресметки на владата, потребни се повеќе од 10.000 работници.

The post ИНДУСТРИЈАТА СЕ ДВИЖИ ОД ШУПЛИВО ВО ПРАЗНО Власта не се снаоѓа со крахот на бизнисот appeared first on plusinfo.mk.

ЗОШТО ЦЕНИТЕ ВО СВЕТОТ ПАЃААТ, А КАЈ НАС УПОРНО РАСТАТ? Мерките на владата го нарушија пазарот, трговците профитираат во матно
Високите цени на храната и најавите дека од овој месец ќе има нови зголемувања и покрај стабилизацијата на цените на светските берзи ја наметнува потребата од реакција на институциите за да не се случи нов раст на инфлацијата и во текот на овој месец и да се сопре непазарното однесување на дел од бизнисите кое се практикува подолг период.

Владата најави анализа на состојбата и испитување на можноста за неконкурентно однесување на компаниите и на трговците. Бизнисот, пак, се правда дека новите цени се резултат на порамнувањето и на повисоките цени на репроматеријалите од увоз.

Економисти велат дека брзото покачување на цените кога суровините и другите трошоци во светот растат и бавната реакција кога светските цени паѓаат е резултат на нарушениот пазарен систем во земјава и обидот на дел од бизнисите да профитираат во таа меѓусостојба. Дел од вината за состојбата, според нив, лежи и во мерките кои ги презеде владата за зауздување на цените, со што се нарушија пазарните законитости што пак отвора место за манипулации на трговците. Тие очекуваат добра анализа на состојбите од страна на владата и засилени контролни мерки. Но, засега ништо од тоа не се случува.

Единствена оправдана причина за зголемувањето на цените може да биде растот на платите?!

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи ја гледа причината за ваквата состојба на македонскиот пазар во малиот и нефункционален пазар на земјава.

– Големите пазари брзо реагираат на секоја промена на побарувачката и понудата затоа и побрзо се чувствуваат тие промени во цените. Кај нас пазарот е мал и нефункционален односно е нарушен системот понуда-побарувачка и секоја промена се чувствува задоцнето. Трговците често го користат тоа и ги зголемуваат цените пред да се променат условите на пазарот, односно ги пресретнуваат промените на побарувачката. Тоа резултира со повисоки цени иако побарувачката опаѓа, а понудата расте – вели Димитров.

Според него, циклусот од резерва до продажба во прехранбената индустрија не е толку голем за да не може производителите да реагираат на промените на цените на суровините кои се случуваат во светот.

– Во прехраната циклусот поради кусиот рок на траење на суровините е најмногу 2 до 3 месеци што говори дека тој циклус не може да биде причина за честите промени на цените нагоре. Ако, пак, сметаме дека увозните цени се причина за повисоките цени, сметам дека тие не се виновни за растот на цените, туку тоа што немаме примарно производство од каде што би се обезбедиле суровините. Ние го уништивме земјоделството преку неправилно насочени субвенции и откупна политика. Се субвенционираше без да се знае дали земјоделецот употребил соодветна прихрана или соодветни мерки на заштита, односно се субвенционираше без да се бара зголемено производство и приноси. И така се доведовме во состојба да го увезуваме и она што можеме да го произведеме дома, а цените да ги диктира друг – вели Димитров.

Според него, единствена оправдана причина за моменталното зголемување на цените може да биде само растот на платите.

– Единствена оправдана причина за зголемување на цените е зголемувањето на платите кое се направи без зголемување на продуктивноста. Прво со зголемувањето на минималната плата па потоа и со недостигот од работници за што компаниите беа принудени да прават повисоки трошоци за да ги задржат работниците, но продуктивноста им опаѓа, што се пресметува во цената на производот. Но такво оправдување јавно не е презентирано и сè се сведува на увозните цени кои моментално се стабилни – вели Димитров.

Тој смета дека удел во оваа ситуација имаат и мерките на владата, но смета дека во одредени моменти се потребни вакви мерки само за основните производи за да се задржи стандардот на граѓаните, но не и на другите прехранбени производи.

– Неоправдано е да се замрзнуваат цените на храната која се нарекува луксуз. На пример, добро е да се држи на одредено ниво цената на лебот, но не на пример на „смоките“ или такви слични производи кои не се неопходни за исхраната. Тие цени треба да се формираат на пазарот – вели Димитров.

Што прави Царината?

Маријанчо Николов смета дека бавната реакција во однос на промената на цените на храната е резултат на потребата да се профитира од одредена состојба која не е добра и за самите производители и трговци бидејќи на долг рок тоа ќе биде лошо за самите трговци.

– Гледано од аспект на светските цени на храната кои се стабилни подолг период, какви што се и цените на енергенсите, неоправдани се новите зголемувања на цените на одделни прехранбени производи. Сега трговците и компаниите преку неоправдано зголемените цени очекуваат и повисок профит, но на долг рок тоа ќе се одрази негативно на нивното работење. Ќе се доведат во ситуација да нема кој да им ги купи производите, а државата може да очекува силна реакција на граѓаните – вели Николов.

Тој очекува институциите да ја вршат работата и да реагираат навремено, а не само преку декларативно барање да се направат контроли.

– Државата не треба да прави најавени контроли туку ад хок со кои ќе утврди што се случува. Тука е и Царината која може да даде информација за увозот на суровините и нивната цена во моментот на увозот. Тоа овозможува да се прави проверка колку тие цени се вградени во новите цени на производите и дали е тоа реално. И во однос на платите може да се направи проверка колку овие компании ги зголемиле платите на работниците во овој период и го вградиле тоа во цените. Со еден збор очекувам институциите не само декларативно да кажуваат дека се за слободен пазар и конкуренција, туку тоа и да го спроведат – вели Николов.

Брзо растат, бавно паѓаат

Со бавната реакција на домашните бизниси на промените на светските пазари деновиве се позанимава и Институтот за економски политики Фајненс тинк. Нивната анализа потврдува дека бизнисите брзо реагираат кога треба да ги зголемат цените, а бавно или воопшто не реагираат кога цените паѓаат.

– Анализата на трансмисијата од месец во месец укажа дека кога глобалните цени растеа, тие се пренесуваа и од производителите и од трговците, но со многу позасилен интензитет од трговците. Кога глобалните цени опаѓаат, преносот врз македонските цени беше главно оневозможен и од производителите и од трговците, со тоа што повторно улогата на трговците во отпорот цените да се намалуваат беше значајно поголема – заклучуваат од Институтот.

Оттаму сметаат дека линеарните мерки кои ги презема владата можат да влијаат на бавната реакција на бизнисите во однос на намалување на цените.

– Линеарните мерки, како што се намалување на повластена стапка на ДДВ, замрзнување на цените и трговските маржи, како и ослободување од царински давачки, можат да влијаат врз намалување на ефектот на трансмисија на цените на храната. Според ММФ, потребно е да се овозможи соодветна сигнализација на потрошувачите и производителите, со оглед на тоа што ограничената трансмисија може да нанесе поголем притисок врз помалку развиените економии со ограничени фискални капацитети. Во таа насока, фискалната политика треба постепено да ја намали поддршката за линеарни мерки, и подобро да ги таргетира сите преостанати мерки со цел да дозволи домашните цени да ги одразуваат ценовните сигнали – се вели во анализата.

Владата соопшти дека веќе ја анализира состојбата и размислува за тоа што ќе направи за да се регулираат цените и да се запре осиромашувањето на граѓаните.

The post ЗОШТО ЦЕНИТЕ ВО СВЕТОТ ПАЃААТ, А КАЈ НАС УПОРНО РАСТАТ? Мерките на владата го нарушија пазарот, трговците профитираат во матно appeared first on plusinfo.mk.

ЖЕЛБАТА ЗА ПРОФИТ Е ЕДИНСТВЕНА ПРИЧИНА ЗА НЕЗАПИРЛИВОТО ПОСКАПУВАЊЕ Експерти велат дека растот на цените при намалена инфлација е нереален
Желбата да се профитира е единственото оправдување за зголемувањето на цените на производите во услови кога инфлацијата има тенденција на намалување, а цените на влезните трошоци се намалени. Ваков е коментарот на економисти и експерти кои ги следат економските движења врз стандардот на граѓаните од секојдневното зголемување на цените на одделни производи во услови кога се намалува инфлацијата.

Според нив, државата треба да ги искористи своите механизми и да спречи цените и натаму да растат неосновано, а граѓаните да го финансираат богатењето на одделни бизниси.

Вината за оваа состојба од владата ја префрлија врз трговците, за што велат дека ќе следат казни и нови мерки за зауздување на цените, а со тоа и задржување на темпото на намалување на инфлацијата.

Економистот Маријанчо Николов вели дека реално нема основа за зголемување на цените на производите во овој период од годината и можеби до крајот на годинава бидејќи цените на енергенсите се драстично намалени и нема изгледи дека ќе растат со ланското темпо.

– Високите цени на енергенсите кои влијаат на трошоците на компаниите се далеку пониски од ланските, цената на горивата исто така варира и не е трошок кој може драстично да ги зголеми трошоците. Овие трошоци беа вкалкулирани во цените на производите, дури и пред мерките на владата со кои се замрзнаа цените. Дополнително, кај дел од производите и цената на суровините е непроменета. На пример, млекото. Откупната цена на млекото е непроменета повеќе години и затоа е неразбирливо која е причината за зголемената цена на овој производ. Исто е и со лебот. Пченицата беше откупена по ниска цена, брашното има непроменета цена, енергенсите се поевтини од лани и нема најави дека тие ќе растат во следниот период со ланското темпо бидејќи земјите веќе реагираа тоа да не се случи, што треба да го направи и нашата влада. Тоа говори дека компаниите не само што немаат основ да ги зголемат цените на производите сега, туку немаат основ и да претпоставуваат дека во следниот период ќе растат цените на енергенсите, освен ако им се зголемиле трошоците за работна сила како резултат на зголемување на платите за да се задржат работниците, но тоа треба да се докаже. Во такви услови секое зголемување на цената е нереално и се заснова на желбата да се обезбеди поголем профит, што пак на подолг рок ќе влијае и на самите компании поради намалениот промет – вели Николов.

Според него, во следниот период инфлацијата ќе се задржи на сегашното ниво или ќе порасне, но не како лани.

– Моите очекувања се дека цените на енергенсите нема да го достигнат ланското ниво иако доаѓа зимата, бидејќи на глобално ниво земјите се мобилизираат да обезбедат резерви од енергенси. Нашата влада во отсуство на можност за складирање на некои од енергенсите треба да обезбеди фјучерси, се разбира ако тоа го предлагаат оние кои ги следат берзите. Во некои случаи потребно е и да се ризикува, но не и да се остави неизвесност околу цената на енергенсите – вели тој.

Професорот Здравко Савевски смета треба да се види по области дали зголемувањето на цените е реално или е само изговор на бизнисмените да профитираат од инфлацијата.

– Можно е да се работи за изговор, а не дека е одраз на реалната ситуација. Затоа треба да се разгледуваат областите поединечно и дали зголемувањето на цените е резултат на инфлаторните притисоци со кои се правдаат компаниите. Кај одделни производи тоа е одраз на реалните трошоци, но кај другите тоа може да биде само изговор за зголемување на профитот. Во однос на храната имаме реален инфлаторен притисок кој доаѓа од надвор, но во другите области такви притисоци нема и треба да се види кои се причините за растот на цените – вели Савевски.

Тој смета дека платата не може да биде образложение за растот на цените, бидејќи нејзиниот реален раст по месеци е под растот на стапката на инфлација.

Споредбата на растот на реалната плата и стапката на инфлација говори дека во целиот изминат период реалната плата беше под стапката на инфлација, освен во јули кога се изедначи со стапката на инфлација. Во овој случај бизнисот го користи незнаењето на граѓаните бидејќи го користи процентот на раст на номиналната пата од 14%, но оваа плата не ја одразува реалната куповна моќ. Реалната плата пак е одраз на реалната куповна моќ и тоа треба да го знаат граѓаните, вели Савевски.

И двајцата економисти сметаат дека компаниите не се однесуваат соодветно на условите бидејќи во услови кога им престанаа причините за високите цени на производите, тие не ги намалија.

– Додека во светот се зборува за пад на инфлацијата и за цени, кај нас се зборува за инфлација и за раст на цените. Практиката покажа дека и покрај драстичниот пад на цените на енергенсите – струјата или берзанските цени на храната, не видовме намалување на цените на производите иако тоа цело време беше причина за зголемување на цените. Цените останаа исти, па дури и се зголемуваат нереално и без причина. Цените растеа дури и во периодот на владините мерки кога беа замрзнати. За целиот овој период компаниите профитираа од овие цени на сметка на граѓаните кои плаќаа тие да се богатат. Тоа говори дека цените кај нас не се флексибилни кон одење надолу и заедно со инфлацијата служат за богатење. Инфлацијата најчесто се користи за оправдување на влезните трошоци и како причина за зголемување на цените на производите, реално или нереално – вели Савевски.

Тој додава дека граѓаните треба да бидат будни и да реагираат како што го направија тоа со најавата за поскапување на лебот што резултираше со повлекување на производителите од таквата намера.

Очекувањата и на двајцата се реакција на владата со анализа на целокупната состојба, со нови мерки кои ќе бидат или замрзнати цени или помош на граѓаните за да се одржи потрошувачката која е важна за развојот на економијата, но и со ангажман на контролните механизми да не се случуваат вакви зголемувања на цените кои влијаат и на натамошниот раст на инфлацијата и осиромашување на граѓаните. Државата, сметаат тие, треба да го зголеми домашното производство на основни производи со што ќе се одбегне потребата увозните цени на репроматеријалите да ги диктираат цените на крајните производи.

Владата, пак, ги оправда дел од поскапувањата со однесувањето на трговците и најави целосна анализа на проблемот и соодветни мерки.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека нема да се толерира никој што ќе носи штетни одлуки за граѓаните.

– Се прават последните анализи, а тоа што го знаеме и веќе полека го утврдуваме е дека млечните производи не се поскапуваат од страна на производителите, тие се доведени во ситуација да ги поскапат за одреден процент производите поради притисокот од трговците. Штом ги дознаеме сите информации, соодветно ќе постапиме, дали со замрзнување на цените или со други мерки. Добрите практики во трговијата не се практикуваат кај нас. Многу лесно со неколку прашања може да видите какво неетичко и нефер однесување имаат некои трговски ланци. Во овој момент не би сакал да кажувам имиња, штом ги добиеме, ќе бидат кажани. Јас не можам да останам нем на нефер практики во трговијата, а особено на практики кои одат на штета на моите сограѓани и на мене. Сѐ додека сум на оваа позиција нема да останам нем, а практиките што тие ги практикуваат сметам дека ќе треба да бидат оставени за друго време – рече Битиќи.

За поскапувањето на лебот, тој потсети дека преработувачите веќе се изјаснија дека биле шпекулации.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи зголемување од 8,4%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,9%.

Споредбата со претходните години е следна:

Индексот на трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година е зголемен за 16%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 14%.

Индексот на трошоците на животот во јули 2021 година, во однос на јули 2020 година, бележи зголемување од 3,4%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година номинално е зголемена за 14,6%, а реалниот раст на платата за овој месец изнесува 4,9%.

The post ЖЕЛБАТА ЗА ПРОФИТ Е ЕДИНСТВЕНА ПРИЧИНА ЗА НЕЗАПИРЛИВОТО ПОСКАПУВАЊЕ Експерти велат дека растот на цените при намалена инфлација е нереален appeared first on plusinfo.mk.

КОЈ Е КРИВ ЗА КУСОКОТ ОД ДДВ ВО ДРЖАВНАТА КАСА? Економисти тврдат дека граѓаните веќе не купуваат како порано
Државата регистрира намалени приливи од ДДВ во првата половина од годинава што скоро и да не било состојба во изминатите 10 години. Таа се правда со фактот дека увозот на електрична енергија и гас не се царинеа за овој данок, но дека ДДВ-то се собира добро. Економисти, пак, велат дека ваквата состојба е резултат на намалена потрошувачка од граѓаните и нивното штедење кое произлегува од неизвесноста што ќе се случува во наредниот период и не може да се оправда со увозот на струја и на гас.

Податоците, пак, покажуваат дека од Данокот на додадена вредност во текот на изминатите 7 месеци се собрани 112 милиони евра помалку пари од планираното за годинава. ДДВ е еден од најголемите полначи на буџетот.

Управата за јавни приходи овој кусок на пари кој е регистриран во прибирањето на ДДВ-то го оправда со законските поволности за увозниците на електрична енергија и на гас.

– Анализите покажуваат дека понискиот ДДВ произлегува од намалената наплата при увоз на електрична енергија и на гас. Имено, во членот 27 од Законот за данокот на додадена вредност е додадена нова точка, 5, во која се додадоа природниот гас и електричната енергија преку систем за пренос како добра ослободени од ДДВ при увоз. Тоа значи дека при увозот на гас и електрична енергија Царинската управа нема обврска да пресмета и да наплати ДДВ. Ослободувањето од ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија не предизвикува нивно неоданочување со ДДВ, туку само промена на режимот на оданочување (примена на reverse charge механизмот) – рекоа од УЈП за порталот Пари.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, пак, тврди дека наплатата на ДДВ оди добро.

– Во периодот од 1 јануари до 18 август годинава ДДВ-то е повисоко за 4,8 % на нето-основа, односно надминато во однос на истиот период од 2022 година. Вкупните приходи во однос на 2022 година се повисоки за 12,5 %. Кај данокот на личен доход се повисоки за 15,2 %, кај данокот на добивка се повисоки за 6,7 %, 4,8 % кај ДДВ, кај акцизите се повисоки за 5,9 %, кај увозните давачки за 9,9 %, кај другите даночни приходи се повисоки за 4,1 %, а кај придонесите за 19,3 % – изјави Бесими.

Измените на стапките на данокот на додадена вредност и новиот модел на наплата на овој данок при увоз на електрична енергија и на гас не е никакво оправдување за тоа што има помал прилив во буџетот за првите седум месеци. Таа околност веќе беше позната при планирањето на буџетот, а парите од продажбата на овие енергенси се влезени во државната каса бидејќи струјата и гасот се трошат и со плаќањето на сметките на граѓаните ДДВ се уплаќа, сметаат економисти.

Според економистот Маријанчо Николов, потфрлањето при собирањето на ДДВ укажува на две неповолни состојби. Првата е дека граѓаните штедат или дополнително осиромашиле во овој период, а втората дека државата се обидува да ја пополни празнината од загубените приливи од ДДВ со зголемување на стапката на овој данок за одделни прехранбени производи и за струјата, што дополнително ќе влијае на намалување на трошењето на граѓаните и помали приливи од ДДВ.

– Имаме состојба на висока инфлација, континуирано високи цени на производи, но и зголемен број на туристи во текот на овој период кои се претпоставува дека трошат во земјава што значи дополнителен прилив од ДДВ. Исто така, регистрирани се приливи на дознаките од странство што би требало да се одрази на зголемена потрошувачка кај граѓаните и на приливот од ДДВ. Но во државната каса го нема планираниот прилив од ДДВ, односно имаме кусок од немала сума пари. Ваквата состојба е резултат на намалена потрошувачка односно дека дел од граѓаните во овој период се почувствувале загрозени или дополнително осиромашиле и се воздржуваат од трошење за производи кои не им се од моментално значење (мебел, обувки, облека, луксузни стоки …), а кај прехранбените производи се определуваат за понизок квалитет или за помали количини. Дел од граѓаните одлучуваат наместо да купат непотребна стока да штедат поради неизвесноста од она што ги очекува во наредниот период, што се гледа од зголемените заштеди во банките, а дел од граѓаните кои не можат да излезат на крај земаат кредити што исто така, се гледа од зголемениот долг на граѓаните кон банките.

Од друга страна владата бара излез од состојбата преку зголемување на стапката на ДДВ за 5% за 1.500 производи за кои вели дека се луксузни и зголемување на истиот данок кај струјата. Тоа дополнително ќе ја намали потрошувачката зашто граѓаните ќе продолжат да штедат – појаснува Николов.

За него, посебен проблем е и сивата економија каде што се одбегнува уплатата на ДДВ-то, а државата малку посветува внимание на тоа, иако губи дел од парите кои би ги обезбедила од ДДВ.

Во вакви услови Николов смета дека владата и Народната банка ќе мора да го стабилизираат пазарот.

– Владата и Народната банка многу внимателно и координирано да ја следат состојбата и да ги заштитат граѓаните и економијата од нови високи ценовни шокови или рецесија и да го стабилизираат пазарот, за да не се продлабочува неизвесноста кај граѓаните кои го плаќаат овој данок преку купувањето производи. Извесноста на пазарот ќе ги смири граѓаните кои пак ќе можат да ја предвидат живејачката. Дополнително се потребни посебни мерки за најзагрозените граѓани-пензионерите, социјалните категории и дополнително осиромашените – вели тој.

Тој додава дека ако не се преземе ништо во однос на смирување на пазарот, состојбата може да стане посложена до крајот на годината.

Решение за проблемот најверојатно ќе следи во ребалансот на буџетот кој е веќе најавен.

НАЈСЛАБА НАПЛАТА НА ДДВ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 10 ГОДИНИ Собрани се 112 милиони евра помалку од планираното за првите 6 месеци

The post КОЈ Е КРИВ ЗА КУСОКОТ ОД ДДВ ВО ДРЖАВНАТА КАСА? Економисти тврдат дека граѓаните веќе не купуваат како порано appeared first on plusinfo.mk.

ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ДА РАСТАТ, АМА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ДА „ЗАМРЗНАТ“! Се бара привремено решение до 2025 година
Синдикатите и владата не можат да се договорат како да растат платите во јавниот сектор, додека не стапи во сила ново системско решение, за кое во моментов се преговара во Економско-социјалниот совет и кое би требало да почна да се применува од 2025 година.

Синдикатите се залагаат дотогаш зголемувањето на платите да биде исто и за вработените и за функционерите. За таа цел, тие предлагаат платите на функционерите во меѓувреме или да се замрзнат или да се вратат на нивото од пред одлуката на Уставниот суд, по која им се зголемија за 78%. Владата, пак, е изненадена од новите предлози на синдикатите и нема одговор.

Експерти и економисти велат дека предлогот на синдикатот е добар и треба да се прифати. Тие потсетуваат дека Владата уште пред 4 месеци најави амортизација на високиот пораст на платите на функционерите, кој настана по одлуката на Уставниот суд.

Синдикатите предлагаат во транзицискиот период од 2 години , платите да растат според еден од трите параметрите, како основен: инфлација од 14, 2%, пораст на минимална плата од 12,5% или според порастот на просечна бруто-плата за ланската година од 10, 9%.

– Како синдикати не смееме да дозволиме функционерите да добијат второ зголемување на платите за годинава. Предложивме да се утврди основниот параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор во транзицискиот период од две години и тој да биде ист од најниската категорија на работно место до највисоката, претседател на државата, и сите да добиеме процентуално зголемување на платите. Но, притоа е важно платите на функционерите да се замрзнат до примената на новата методологија на пресметка на платите или да се вратат на нивото од пред одлуката на Уставниот суд. Да појаснам, ние не сакаме да им ги намалиме платите на функционерите, туку да не го изгубиме процентот на зголемување на платите на работниците за периодот на транзицијата, кој според наши пресметки треба да биде 60% – вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Ако нема замрзнување ќе има „последици за владата“?

Според неговите пресметки, доколку функционерите утре се откажат од зголемувањето од 78% секој вработен во јавниот сектор би добил по 1.500 во нето на неговата сметка, ако тие пари би се трансферирале во плати на вработените во јавниот сектор.

Трендафилов ја предупредува владата на „последици“ доколку не прифати платите на функционерите да се замрзнат или да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд

– Ние, како синдикати, нема да му ја објаснуваме таа постапка на владата на работникот, туку ќе оставиме тоа владата сама да му го објасни. Па нека повелат и нека им објаснат на работниците кои се крајно незадоволни од порастот на платите на функционерите во време кога работникот едвај преживува – вели Трендафилов.

Експерти велат дека синдикатите ѝ дале добар предлог на владата, со кој може да се амортизира ударот кој беше предизвикан од одлуката на Уставниот суд, со која се зголемија платите на функционерите за високи 78%.

– Владата, уште при донесувањето на одлуката на Уставниот суд, рече дека е изненадена и дека ќе најде начин како да го амортизира ударот од високото зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд. Веќе 4 месеци размислува за тоа, но не најде решение, па еве може да го искористи овој предлог на синдикатите за да го постигне тоа. Познато е дека и функционерите и останатиот јавен сектор земаат плата од истиот извор на финансирање – буџетот и за сите треба да важат истите правила, што веќе е кажано и прифатено. Значи, потребно е усогласување на правилата и платите – вели професор Здравко Савевски.

Потребни се јасни дефиниции, сега не се знае дали основот е бруто или нето?

Економистот Маријанчо Николов смета дека годинава функционерите веќе ја имаат зголемено платата согласно одлуката на Уставниот суд и нема простор за повторно зголемување, но смета дека проблемот со платите треба системски да се реши со јасни правила кои нема да предизвикуваат проблем и разноликост при пресметките на платите.

– До примената на новата методологија на пресметка на платите важат актуелните и усогласувањето на платите треба да се направи според тоа. Ако се гледа зголемувањето на платите на функционерите според Законот за плати на избрани и именувани лица, тогаш нивните плати се усогласуваат еднаш годишно со просечната месечна плата, пресметана од Државниот завод за статистика и тоа се применува еднаш годишно. Според тоа, нема простор платите на функционерите годинава да пораснат уште еднаш и логично е барањето на синдикатите во тој однос. Дали ќе се вратат функционерските плати, не можам да кажам, но мислам дека многу е важно новите решенија да имаат јасни дефиниции на поимите за да не се доведуваат во заблуда оние кои треба да ги применуваат, односно тие што да ги пресметуваат платите. Сега имаме состојба според која основот за пресметка на платата, односно на надоместоците за советниците во локалите самоуправи, не се знае дали е просечна нето или бруто-плата и имаме пресметки по општини, кој како го сфатил основот – вели Николов.

Од владата изминатите два дена избегнуваат да одговорат на прашањето дали ќе ги вратат платите на функционерите на нивото од пред одлуката на Уставниот суд и повторно се повикуваат на системското решение за кое се преговара.

Министрите не слушнале за замрзнување на платите?

До решение ќе дојдеме преку дијалог, ќе дискутираме, прв пат е даден на маса таков предлог.

Фатмир Битиќи
виципремиер за економски прашања

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека во моментов на маса не е прашањето за платите на функционерите.

–  Секако, решението што ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, ќе можеме да го кажеме кога ќе го постигнеме преку дијалог. Преку дијалог ќе дискутираме, прв пат е даден на маса таков предлог. Треба да видиме што значи тоа вистински. Има институции кои немаат синдикати и треба сеопфатно да се дискутира дали и каков модел би требало да аплицираме – рече Битиќи.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пак, рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто. Таа рече и дека дел од вработените во јавниот сектор веќе добиле зголемување на платите.

– Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14%. Се разговара за систем за плати којшто ќе одговара на сите, да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март за 2.175 денари, тоа зависно, кај некој е 7-8%, кај некој е дури и 16%. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско-социјалниот совет да се најде системско решение. Се работи да најдеме систем кој ќе биде во ред и за синдикатите и за работодавачите, односно и за владата и за сите – рече Тренчевска.

Каков епилог ќе има од преговорите на владата и синдикатите во врска со зголемувањето на платите, односно усогласувањето на платите на вработените во јавниот сектор до почетокот на примената на новата методологија на платите во јавниот сектор, ќе се знае во наредниот период. Во текот на наредните денови продолжуваат преговорите во економско-социјалниот совет.

The post ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ДА РАСТАТ, АМА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ДА „ЗАМРЗНАТ“! Се бара привремено решение до 2025 година appeared first on plusinfo.mk.

МАРЖИТЕ ОДМРЗНУВААТ ОВОЈ ВИКЕНД Нѐ очекуваат ли ценовни шокови?
Нѐ очекува ценовен шок или само благо покачување на цените на прехранбените производи? Што ќе се случи откако ќе се одмрзнат маржите?

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме овој викенд. Владата најави дека ќе престане да важи ограничувањето на маржите за прехранбените производи. Состојбата ќе се следи и можно е повторно да се замрзнат маржите, ако пазарните законитости на го сторат своето.

Граѓаните се загрижени дека одмрзнувањето на маржите ќе ги вивне цените на производите. Некои производители ионака веќе најавуваат повисоки цени, како резултат на повисоките цени на репроматеријалите. Експерти и економисти предупредуваат дека Владата сега треба посебно да внимава желбата на трговците и производните компании да ги повратат приходите да не се одрази врз грбот на граѓаните.

– Веќе имаме повисоки цени на дел од прехранбените производи, а читам и најави дека ќе поскапуваат нови производи. Маржата ќе се одмрзне и пак цените ќе почнат да растат. Прво за денар или два, за потоа за висината на маржата и на крајот за висината на трошоците на производителите кои им пораснале во меѓувреме. Некои ќе го искористат овој период да го вратат загубеното. Сите ќе печалат од ова, но ние граѓаните ќе треба пак да штедиме и да кратиме од количините на купена храна – вели Атанас Н. Од Скопје.

Економисти велат дека во основа треба да се дозволи да функционира пазарната економија, но кај нас се покажа дека тоа не е лесно да се стори.

– Во изминатиот период видовме како реагираа трговците. Па имавме ниски берзански цени на храната, а кај нас и со замрзнати цени и маржи, цените на храната не се намалија. Сметам дека за одделни производи, главните прехранбени производи, државата мора да ја контролира маржата и постепено да ја релаксира сè додека не се види односот на трговците и додека не се види дека цените на производите се намалуваат. Така може да се доведе пазарот во ред, а не да имаме намалени цени на храната на берзите, а кај нас да растат. Велам, релаксирањето да оди постепено, бидејќи веќе имаме искуство со наглото ограничување и наглото ослободување на маржите и на цените – вели економистот Маријанчо Николов.

Според него, Владата треба да го има предвид фактот дека стандардот на граѓаните е опаднат и дека не може да издржи уште еден висок раст на инфлацијата, а компаниите производители се неконкурентни во однос на регионот.  Мерките треба да се прилагодат на оваа состојба.

– При донесувањето на одлуката дали да ја продолжи мерката, мислам дека Владата ги имала предвид сите расположливи податоци, но не треба да остави работите да се одвиваат стихијно и сето тоа да се истури врз грбот на граѓаните. Дополнително треба да им се помогне на компаниите од прехранбената индустрија, да се изборат со конкуренцијата на домашниот пазар, со што ќе им се овозможи да не ги зголемуваат цените непотребно – додава тој.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека она што не дало ефекти треба да се отфрли. Тој смета дека мерките за замрзнување на цените и маржите беа популистички, без посебен ефект врз стандардот на граѓаните и врз инфлацијата. Според него, цените треба да се остават да се формираат според пазарните законитости на понуда и побарувачка.

– Мерките не ја одиграа својата улога и граѓаните беа сведоци на тоа дека цените секојдневно се менуваа, а трговците не ги почитуваа како што беше планирано. Владата со голема леснотија ги донесе овие мерки, а трговците покажаа дека не се подготвени да продаваат нешто со пониска цена од онаа по која го набавиле и да прават загуби. Владата требаше да го знае тоа, бидејќи подоцна и самата увиде дека дел од посилните трговски објекти не го почитуваа договорот  и преживеаја, а оние помалите кои се обидоа да ги спроведат мерките, беа принудени да затворат – вели Хајредини.

Од мерките, според Хајредини, полза имаа само министрите, не граѓаните  за кои беа наменети бидејќи тие осиромашуваа.

– Полза од сето ова имаа Крешник Бектеши и Димитар Ковачевски, кои секој ден одеа во контрола по продавници и ни кажуваа колкава е цената на краставиците. Но, реалноста беше друга. Како земја се повеќе увезува храна, реално е да имаме цени кои ги диктираат другите пазари, односно цената во земјава не може да биде пониска од набавната од увоз. Тоа требаше да го имаат предвид министрите кои одлучуваа да се замрзнат цените и маржите и да сфатат дека мерките нема да дадат ефекти – вели Хајредини.

Професорот Здравко Савески, пак, смета дека сè уште има потреба од замрзнати цени.

– Сè уште има потреба од замрзнување на цените, или поблага мерка, бидејќи инфлацијата кај цените на храната е дупло поголема од општата инфлација. Тоа кажува дека мора да се реагира во насока на заштита на животниот стандард, особено на најсиромашните граѓани, кои трошат поголем дел од приходите за купување храна – вели тој.

Савески смета Владата треба да развива стратегија на зголемено производство на храна и намалување на увозната зависност.

И потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, смета дека овие владини мерки беа погрешни  и придонесоа за зголемување на инфлацијата.

– Проблемот настана во одлуките што Владата ги носеше пред година и половина. Наместо во тој период да ги спречуваа ценовните шокови, тие носеа други одлуки. Ние предлагавме намалување на акцизата и на ДДВ, што ќе спречеше скок на цената на основните производи. Не нè послушаа и цените скокнаа и сега е многу тешко да се вратат назад. Еве, сега нафтените деривати се поевтини, но цената на храната остана иста. Погрешни политики и одлуки носеа, замрзнуваа цени, а трошоците во буџетот растеа и воопшто немаа контрола во тој дел. Остана Народна банка самата да се справува со ситуацијата. Велат дека растат платите, меѓутоа реалната вредност односно куповната моќ е намалена. Во исто време, се зголемувца цената на струјата, каматните стапки се зголемуваат и граѓаните живеат се полошо и полошо – вели таа во интервју за порталот Република.

Деновиве дојде и оценката на мисијата Меѓународниот монетарен фонд, во која се вели дека се очекува годинава потрошувачките цени да пораснат во просек за 9,2%, што дополнително ќе ја намали куповната моќ на граѓаните, на што треба да се фокусира владата при донесувањето на мерките.

Од Министерството за економија потсетуваат дека долгорочната примена на замрзнати маржи може да доведе до спротивен ефект од она што се очекува.

„Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени, може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не се објективни причините за тоа. Министерството остава на производителите и трговците да покажат општествена одговорност откако ќе заврши мерката“, информираа од Министерството. Од таму напоменуваат и дека доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа и ќе го спроведат.

КОЛКУ БЕА НАМАЛЕНИ МАРЖИТЕ

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со одлуката највисоката трговска маржа за бел леб (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до 5% во трговијата на големо и до 5 % во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврди на висина до 10% во трговијата на големо и мало.

The post МАРЖИТЕ ОДМРЗНУВААТ ОВОЈ ВИКЕНД Нѐ очекуваат ли ценовни шокови? appeared first on plusinfo.mk.