Маре Анчева Archives - plusinfo.mk

ГАЗДАТА СЕ РАЗЛАДУВА ПОД КЛИМА, А РАБОТНИКОТ СЕ ПОТИ НА СКЕЛЕ Како да се преживее на плус 70 степени?
Дали и оваа и следната недела ќе гледаме работници кои работат на градежни објекти, во рудници со отворен коп, на земјоделските површини, на екстремно високи температури и со високо ултравиолетово зрачење? Метеоролозите за крајот на неделава и почетокот на следната најавуваат топлотен бран со температури до 41 степен кои на одделни работни места на отворено можат да се искачат и до 70 степени.

Работниците и синдикатите велат дека тоа ќе зависи од добрата волја на работодавачите бидејќи прашањето не е регулирано законски и се е сведено на препораки кои не ги обврзуваат работодавачите да ја запрат работата и да го организираат процесот во поиздржливите делови од денот. Експертите, пак, велат дека работодавачите треба само да го почитуваат законот за безбедност и здравје при работа бидејќи решението на проблемот е во него.

Законите кои се однесуваат на заштита на здравјето на работниците и за нивните права не утврдуваат на која температура треба да се запре работењето, но затоа пак, предвидуваат да се утврди ризикот на секое работно место и да се организира работата според најповолните методи на заштита за да се зачува здравјето на работниците. Последните години за регулирање на прашањето се користи препорака усвоена од Владата, во која се вели дека работодавачите треба да ја организираат работата на отворено на начин да избегнуваат тешка физичка работа и изложување на вработените на директна сончева светлина при високи надворешни температури. Се препорачува да се избегнува физичка работа на отворено и директно сончево зрачење, пред сè, во периодот од 11 до 17 часот или нејзино редуцирање.

Ова, велат од Синдикатот на градежни работници, се применува само кај 20 отсто од градежните компании, а кај 80 отсто од нив можат да се видат работници како работат на скеле на екстремни температури и без соодветна заштита.

– Проблем е што со години не успеавме да се избориме ова прашање да се регулира со закон. Имаме препораки од Владата, кои не се обврска за работодавачите. Ако имаме законска регулација тогаш ќе имаше критериуми, мерки и секако казнени одредби за работодавачите кои не ги почитуваат, но се е сведено на препораки и добрата волја на работодавачите – вели претседателот на Синдикатот на градежниците Иван Пешевски.

Во нерегулирани услови, додава тој, синдикатот нема сила да затвора градилишта, ниту. пак, да тужи,па се е сведено на инспекторите кои се недоволно активни.

– Но, сепак во компаниите каде што имаме синдикални организации успеавме да се почитуваат нашите препораки за организирање на работниот ден така што во периодот од 11 до 17 часот да не се работи, односно да се работи во две смени, да се обезбеди соодветна заштитна опрема за секое работно место, но, пак велам дека тоа е резултат само на добрата волја на работодавачите. Во 80 отсто од приватните компании работата на минус 40 и на плус 70 степени на асфалтирање на пат е нормална работа, бидејќи државата законски не го регулирала тоа поинаку – вели Пешевски

Генералната секретарка на Синдикатот на индустријата енергетиката и рударството (СИЕР) Маре Анчева вели дека синдикатите тешко можат да се договорат со работодавачите за тоа под кои услови во време на екстремно високи или ниски температури треба да се прекине работата.

– Наш проблем се рудниците на отворено каде што работниците работат на екстремно високи или ниски температури. Се обидуваме да утврдиме некои критериуми под кои треба да се одвива работата на отворено или да се запре производниот процес во колективните договори, но тешко ни оди бидејќи немаме поткрепа во ниту еден закон. Работодавачите се повикуваат само на препораките на владата кои всушност и не предизвикуваат обврска за работодавачите за портокалова или црвена фаза. Порано постоеја правилници кои се однесуваа на овие прашања, но сега нив ги нема и нема на што да се повикаме – вели таа.

Експертите велат дека кога работниците вршат работа на отворено на екстремни температури, работодавачите мора да го применуваат Законот за безбедност и здравје при работа и подзаконските акти, а нивна обврска е и да ги утврдат ризиците за безбедноста и здравјето на вработените преку процена на ризикот на работното место.

– Доколку вработените забележат штетност на работното место (екстремна топлина) тие ова мора да го искомуницираат со работодавачот. Работодавачот мора заедно со стручното лице за заштита при работа и лекарот по медицина на труд да ја преоцени новонастанатата ситуација и врз основа на нивните експертизи да донесе конкретни решенија што треба да се направи за да се заштитат безбедноста и здравјето на вработените. Ова треба да биде внесено во процената на ризик. Доколку работодавачот не постапи по оваа дојава на штетност, вработените имаат право да одбијат да работат до отстранување на присутната штетност на работното место. Моја препорака е, доколку вака постапат, да ја пријават својата одлука и до државниот инспекторат за труд, а ќе помогне доколку се информира и конкретниот синдикат, но секако и Македонското здружение за заштита при работа – вели м-р Милан Петковски, дипломиран инженер по заштита при работа, стручно лице за безбедност при работа.

Според него, Законот и правилниците се добра основа за создавање на систем за заштита при работа, но подобро е да се регулира преку колективното договарање.

– Овие работи мора да бидат предмет на конкретно договарање преку колективните договори на ниво на гранка и ново на работодавач, а во истите ќе бидат конкретно наведени стандардите за работа на отворено во екстремни услови. На овој начин еднаш за секогаш ќе почнеме да ги применуваме ЕН стандардите, а не само декларативно да зборуваме дека сме за европски правила – вели тој.

Петковски додава и дека работодавачите треба да бидат свесни дека на работниците мора да им обезбедат услови за работа според сите стандарди.

– Чесно е, кога работодавачите можат да седат под церада во кафуле и да пијат кафе на ова топло македонско сонце и да бидат разладувани со вентилатори кои ја овлажуваат микросредината, зошто тогаш истиот тој принцип не би можел да се примени и на работните места кај градежниците, доколку е невозможно да се престане со работа во конкретниот временски период од 11 до 16 часот? – забележува Петковски.

Тој апелира да се следат препораките на министерствата за здравство и за труд и социјална политика, во кои кон високите температури се пристапува како кон природна непогода.

– Следствено на овие препораки, работодавачот е должен да го приспособи работното време на вработените, при тоа ажурирајќи ја процената на ризик на работните места каде што работат конкретните вработени – додава тој.

Од Организацијата на работодавачи сметаат дека прашањето треба да биде решено со посебен Правилник во кој ќе биде утврдена температурата од која не треба да се работи на отворено.

– Патот до регулирање на прашањето е да се донесе правилник како и за многу други работи во кој ќе се утврдат температурите и критериумите под кои услови треба да е запре работата на отворено. Но сепак и кога нема таков правилник имаме процени на работни места во кои се укажува на сите ризици на секое работно место и кои мерки треба да ги преземе работодавачот. Ако се почитуваат тие нема да имаме проблеми околу тоа кога треба да се прекине работата на отворен простор – вели Ангел Димитров, член на Организацијата на работодавачи.

The post ГАЗДАТА СЕ РАЗЛАДУВА ПОД КЛИМА, А РАБОТНИКОТ СЕ ПОТИ НА СКЕЛЕ Како да се преживее на плус 70 степени? appeared first on plusinfo.mk.

ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ПРОТИВ ПАРТИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗА НОВИ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ Генералниот штрајк нема да биде само чиновнички
Целосна блокада на институциите или блокирање на главните улици, за да се слушне гласот на работниците во администрацијата кои се соочени со нерешени повеќегодишни проблеми и ниски плати, најавуваат синдикатите.

Како ќе изгледа генералниот штрајк, во кој ќе бидат вклучени сите вработени во јавниот сектор, од управата, правосудството, здравството, комуналните и од другите дејности, ќе се знае утре, по седницата на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Познато е дека овој пат синдикатите нема да се повлечат, ако владата не го исполни ветеното линеарно зголемување на платите од 2.806 денари и не се фати за работа околу деполитизацијата на администрацијата и решавањето на другите проблеми. Новите преговори ќе значат и нови барања на синдикатите за усогласување на платите за 18,4 отсто, колку што беше зголемена и минималната плата.

Синдикатите велат дека состојбата е зовриена по запирањето на процесот на потпишување на Општиот колективен договор за јавната администрација, со кој требаше да се озакони правото на усогласување на платите по новиот износ на минималната плата. Но, наместо потпишување на договорот, синдикалците, во колумна на министерот за финансии Фатмир Бесими, добија најава  дека власта подготвува нов начин на вреднување на работењето на административците.

– Сѐ беше договорено на Економско-социјалниот совет и требаше само да се стават потписите, но по колумната на министерот за финансии, владините претставници се повлекоа ненадејно и нашата комуникација се сведе на пишување телефонски пораки. Состојбата меѓу работниците зовре и со непродолжување на антикризните мерки, кои дополнително, освен ниските плати, го сруши нивниот стандард. Имаме синдикати кои веќе се подготвени да штрајкуваат самостојно, ако ССМ не донесе одлука за генерален штрајк – вели претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тој најавува дека нивните барања за усогласување на платите по ваквиот потег на владата ќе се променат и наместо линеарни 2.806 денари, ќе бараат 18,4 отсто зголемување на платите колку што всушност беше процентот на зголемување на минималната плата.

– Но, освен новите барања за процентот на зголемување на платите, ние бараме и решавање на проблемот на партизација на администрацијата на сметка на стручноста. Имено, наместо унапредување на стручните административци, врз чиј грб е истурена целата работа во администрацијата, на повисоките позиции и за повисоки плати се ставаат партиски војници кои патем не доаѓаат на работа бидејќи се сопственици на бизниси, ама државата им дава плата. Оваа практика треба да прекине ако се сака да имаме ефикасна администрација. Во делови од администрацијата не се распишуваат огласи за испразнетите работни места, а работата пак ја вршат истите работници за ниски плати – вели Деаноски.

Деаноски очекува поддршка и вклучување во штрајкот и на синдикатите на работниците од приватниот сектор по утрешната седница за донесување на одлука за генерален штрајк  и начинот на кој ќе се одвива.

Дел од синдикатите и во приватниот сектори велат дека  се соочени со барање на членството за штрајк.

– Врие и во приватниот сектор, каде што тешко одат преговорите за усогласување на платите со минималната плата. Во приватниот сектор веќе имаме изедначени плати на повеќе работни позиции што придонесува за незадоволство на работниците. Има барања од синдикални организации за организирање генерален штрајк, но за овој сектор многу потешко може да се оди со оваа опција – вели генерална секретарка на СИЕР, Маре Анчева.

Таа додава дека преговорите со работодавците од приватниот сектор се одвиваат многу потешко отколку за јавниот сектор.

– Ние за 2 или 3 отсто зголемување на платите имаме тешки преговори со работодавците кои најчесто со уцени кон работниците се обидуваат да одбегнат да дадат покачување. Но, со тоа не завршува борбата за правата на работниците – вели Анчева.

Според неа, колку и да се болни преговорите на Владата со ММФ околу новиот заем, не треба да се дозволи први да страдаат работниците и нивното право да добијат достојна плата.

– Знаеме дека преговорите со меѓународните финансиски институции за добивање заем се тешки. Прва реакција на овие институции е да се крати, а каде најбрзо тоа се прави? Кај правата на работниците, односно на нивните плати. Но, со оглед на состојбата во која се сега работниците, не треба да се дозволи сето тоа да се истури на нивниот грб – вели таа.

И претседателот на Синдикатот на градежници, Иван Пешевски, вели дека и во приватниот сектор има незадоволство.

– За приватниот сектор можам да зборувам дека исто чашата е прелеана и луѓето чекаат секојдневно да апелираме и да повикаме на генерален штрајк, бидејќи повеќе не се издржува состојбата. Меѓутоа, со вакво зголемување на платата и тврдење дека имаме непродуктивни работници, или дека ќе ја мериме продуктивноста, а од друга страна се купуваат возила за Владата или има таму помножено по десет непродуктивни трошоци кои тие секојдневно ги трошат на грбот на граѓаните, навистина нема тоа да се дозволи – изјави Пешевски вчера во Охрид.

Од ССМ потсетуваат дека синдикалната кошничка секој месец се зголемува и веќе надмина 38.000 денари, што покажува дека работниците веќе не можат да врзат крај со крај. Посебно оние 112.000 кои земаат со минимална плата од 18.000 денари, тие не можат да го преживеат месецот.

– Ние како ССМ веќе подолго време апелираме да се зголемат платите линеарно за 2.806 денари и како што баравме ние од 1 мај. Зошто? Поради сево ова, знаејќи дека на 31 мај ќе прекине мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи. Видовме уште ден порано сите трговци на мало и на големо ги коригираа своите цени, сите цени отидоа за плус 10 отсто, Владата како трет социјален партнер не ни излезе во пресрет – изјави вчера претседателот на ССМ Дарко Димовски.

The post ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ПРОТИВ ПАРТИЗАЦИЈА НА ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗА НОВИ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ Генералниот штрајк нема да биде само чиновнички appeared first on plusinfo.mk.

ЛЕВИЦА ФРЛИ РАКАВИЦА Работа на определено до 6 месеци и плата до 5-ти во месецот
Популизам и непотребно компликување на работата на компаниите кои се во исклучително тешка состојба, е првичната реакција на бизнисот за предлогот на партијата Левица да се скрати рокот за трансформација на договорите за работа од определено на неопределено на 6 месеци и да се исплаќа плата до 5 -ти во месецот за претходниот месец. Реагираше и Стопанската комора од името на најзините члнки со барање да се повлечат овие измени бидејќи за нив не е водена расправа на засегнатите страни.

За синдикатите кои и самите бараат намалување на рокот на трансформација на договорите за работа од определено на неопределено работно време е прифатлив секој предлог што е поповолен за работниците.

Пратениците на Левица во собранието доставија измени на Законот за работни односи со кои се крати рокот за трансформација на работниот однос од определено во неопределено од 5 години на 6 месеци и се определува рок да се исплаќа плата до 5-ти наместо до 15-ти во месецот за претходниот месец. Законот, според предлагачот, треба да се донесе во скратена постапка бидејќи е краток.

„Целта на предлог-законот е следејќи ги недоследностите кои се јавуваат во практиката, да се влијае корективно преку намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време со што ќе се зголеми продуктивноста на работникот преку обезбедената сигурност во обезбеденото работно место. Дополнително, се намалува крајниот рок за исплата на платите со што ќе им се овозможи на сите работници платата да ја земаат на почеток на месецот, а воедно со тоа ќе се мотивира работникот и ќе се зголеми неговата продуктивност. Предлог на законот одговара на моменталната состојба на работничките права, правата на човекот-работник, во Македонија. Па така денес, во име на погубните неолиберални економски реформи, како што е фамозната „флексибилност на пазарот на труд“, работникот е обесправен преку секојдневно обезвреднување на неговиот труд“ се вели во предлогот на Левица.

За компаниите посебно оние со голем број вработни и двата предлога за измени на законот за работни односи на Левица се неприфатливи, не ги подобруваат правата на работниците, а ја комплицираат работата на компаниите.

– Со предлогот да се исплаќа платата на 5-ти наместо на 15-ти се компликува работењето на големите компании главно трудоинтензивните кои имаат голем број на вработени, а платата се пресметува според учинок и низа други параметри. Овие компании и сега едвај стигнуваат да направат пресметки на платата до 15-ти во месецот. Тоа ќе значи дека сега ќе треба за ден или два да ја завршат пресметката во која покрај учинокот се пресметува уште прекувремена работа, работа во смени, стаж и низа други параметри – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи.

Тој смета дека скратувањето на рокот за трансформација на работниот однос од определено на неопределено на 6 месеци, е крајно популистички и предложен без да се направи анализа како тоа ќе се одрази на компаниите од различни дејности и старост. Главен проблем, според него, е што овој предлог ќе го докомпликува процесот на отпуштање на работници што е тежок во нашето законодавство.

– Со вакво решение, мислам дека најмногу им се наштетува на новоотворените фирми од кои 70 отсто најчесто не успеваат да преживеат до 3 години. Никој нема да отвори фирма, ако за 6 месеци треба да го трансформира работниот стаж на работниците од определено во неопределено време. Што ќе се случи, ако еден месеци или да речеме 6 месеци по трансформацијата фирмата забележи лоши резултати и мора да отпушти работници. Дали оваа компанија ќе може да плати испратнина за работниците? – вели Димитров.

Проблем да се спроведе ова решение, вели тој, ќе има и кај компаниите кои работат на проекти кои траат повеќе од 6 месеци односно 1,2 или 3 години.

– Што ќе им прави работодавачот на работниците кои се ангажирани на тој проект. Повторно се наметнува прашањето на отпуштањето и компликуваниот процес да се отпушти работник според нашите закони. Да го имаме американскиот модел на лесно отпуштање на работниците, тогаш рокот за трансформирање на работниот однос не би бил проблем – додава тој.

Димитров наведува дека за работодавачите оптимален период за трансформација на работниот однос е 3 години и за тоа се залагаат во преговорите за подготовка на новиот закон за работни односи на кој се работи од 2018 година.

– Ова е наш предлог во рамки на преговорите за подготовката на новиот закон за работни односи која е во тек. Таму веќе се договара рокот да се скрати од 5 на 3 години. Дополнително се предлага во законот да не се ограничува работникот да работи 3 години на едно работно место, туку да се собира годините во кои бил ангажиран и на други работни позиции во компанијата – појаснува тој.

Тој вели дека предлогот на Левица е во спротивност и со актуелната флексибилност на пазарот на трудот која овозможува голем број невработени да најдат работа.

Предлогот на Левица е прифатлив за синдикатите кои и самите бараат намалување на рокот на трансформација на договорите за вработување од определено на неопределено работно време.

– Секое решение кое е поповолно за работниците е прифатливо за синдикатите, па и предложените измени на законот за работни односи на Левица се прифатливи за Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) – вели Маре Анчева од СИЕР.

Овој синдикат пред 4 години донесе резолуција со која се бара скратување на периодот на трансформација на работниот однос од определено на неопределено.

– Ние како синдикат го застапуваме ставот дека рокот за трансформација на работниот однос треба да биде 1 година наместо 5 години како што е во актуелниот закон за работни односи. Дополнително сметаме дека процентот на работници со определен статус треба да изнесува 25 до 30 отсто од вкупниот број на работници во компанијата и како трето во законот да се дефинираат случаите во кои треба да се даде решение за определен работен однос. Овие наши ставови ги знаат и работодавците и владата бидејќи за нив се преговара при подготовката на новиот закон за работни односи – вели Анчева.

Синдикатите сметаат дека главен проблем за работодавачите е тоа што отказот е поевтин кога работниот е на определено, а поскап кај работниците на неопределено, бидејќи тогаш треба да исплатат испратнина која е 1 плата за работниците со стаж до 5 години.

– Но, во експертизата на усогласеност на новиот закон за работни односи со европските норми покажува дека во случајот и оние кои се на определено треба да ги имаат истите права како и оние кои се со неопределен работен статус. Што значи и овие работници треба да добијат испратнина при отказ. Тоа говори дека е залудно барањето на работодавачите за поголем рок за трансформацијата на работниот однос – појаснува Анчева.

Од Стопанската комора веќе испратија и барање до претседателот на Собранието Талат Џафери, предложените измени на законот за работни односи од страна на Левица да не се гласаат, туку да се вратат на јавна расправа кај заинтересираните страни.

„Претставниците на компаниите посочуваат и дека фактот дали вработувањето е на определено или неопределено време, воопшто не влијае од аспект на остварување на правата од работен однос. Вакво или слично решение како предложеното не може да се сретне ниту во земјите во регионот (на пример, во Србија договорот на определено време може да трае до 24 месеци, во Хрватска до 3 години итн.), ниту пак пошироко во Европа“, соопштија од Стопанската комора.

Тие потсетија и дека се застапници на ставот на нивните членки, кои обезбедуваат 50,3 отсто од приходот, 47,6 отсто од нето-добивката и каде што се 33,7 отсто од вработените во приватниот сектор.

The post ЛЕВИЦА ФРЛИ РАКАВИЦА Работа на определено до 6 месеци и плата до 5-ти во месецот appeared first on plusinfo.mk.