лиридона беќири Archives - plusinfo.mk

Рама 4: Мануал за долгорочно политичко доминирање
Во новиот состав на Владата „Рама 4“, ниту едно назначување не изгледа случајно или надвор од очекувањата. Напротив, секоја одлука е внимателно конципирана да ги рефлектира не само тековните потреби на администрацијата, туку и стратешката ориентација на Социјалистичката партија кон иднината.

Рама 4 ја покажува јасната стратегија: искуство и политичка лојалност се во фокусот на составот на кабинетот. Така назначувањата не се изненадувања, туку резултат на внимателно балансирање меѓу зајакнување на партискиот контрол и реалните предизвици што државата ги има. Владата е претставена како врв на искуството, формулирана од самиот Премиер како „Влада со 12 години искуство“.

Овој пристап покажува дека за Рама, владата не е само извршен орган, туку инструмент за консолидирање и одржување на политичкото влијание на СС (Социјалистичката партија) на долгорочен план. Изборите во кабинетот се јасен сигнал дека партијата ќе продолжи да ја поддржува својата верна база, додека настојува да ја зацврсти контролата на клучните позиции за да ги менаџира идните внатрешни трансформации и предизвици.

Врз основа на тоа, оваа влада е рефлексија на моменталната состојба на Социјалистичката партија: консолидирана сила, со искуство и силно влијание, но принудена да најде нови начини да се обнови и да одговори на барањата во едно општество што се менува брзо. Бидејќи во секој политички систем што поминал долг циклус на владеење, потребата за самообнова не е само нормална, туку неопходна.

Еди Рама без сомнение е една од најзначајните и најконтроверзни фигури во албанската политика во последните години. Со своето долгорочно искуство, можно е Рама постепено да се премести кон по-стратешка улога во СС, фокусирајќи се на политичкото раководство на партијата и менторство за новата генерација. Во тоа сценарио, тој може да има големо влијание, без да биде нужно на чело на владата.

Предлогот за намалување на бројот на пратеници во парламентот, од 140 на 101, изгледа на прв поглед како обид за зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за функционирање на институциите. Но, во реалност, овој чекор има пошироки и стратешки димензии на политичката сцена — тој не е само парламентарна реформа, туку ново поглавје во монополизирање на власта од страна на Социјалистичката партија.

Помал парламент и по-централизирана власт може да се претворат во намалување на реалното претставување на граѓаните, особено во помалите заедници и периферните региони. Ова ризикува да создаде демократија помалку претставничка и повеќе зависна од интересите на моќните политички групи, каде што алтернативните политички опции и новите партии немаат простор за се појават.

Во оваа игра, разбранета и ослабена опозиција служи како „политичка трупа“, која се користи за легитимирање на демократската конкуренција и за оправдување на доминацијата на СС. Ова му дава на Рама можност да го продолжи доминирањето, претставувајќи себе си како гарант за стабилноста пред опозиција која повеќе е симболична отколку реална.

Кога премиерот сака, политичките игри му стануваат центар – преместување на вниманието, стратегија на отворање нови теми. Во ерата на дигитализација и вештачка интелигенција, тој ја најде совршената формула за „управување“ на јавните набавки: создавање на министерка „AI“ која ќе контролира сè. Овој „совршен систем“, без човечки емоции и одложувања, се претставува како решението кое ќе направи повеќе од SPAK (Специјално јавно обвинителство против корупција и организиран криминал) или можеби ќе ја олесни работата на истото, откривајќи грешки и слабости што SPAK можеби ги пропуштил.

Во еден ироничен сценарио, оваа министерка „AI“ и SPAK ќе соработуваат реципрочно за да ги откријат грешките еден на друг, создавајќи мрежа на контрола која, наместо брза и праведна правда, може да се претвори во игра на меѓусебни обвинувања и пречки.

И додека јавноста уште чека резултати од Специјалното јавно обвинителство против корупција и организиран криминал, Рама премина на ново ниво: ја замени правдата со софтвер. И единствениот што треба да биде казнет, според оваа логика, е „Диела“ (AI министерка) на интернет – критичкиот глас што сепак се осудува да зборува.

Рама ја разбира една голема вистина на модерното време: не треба да го гушиш гласот на правдата со сила; доволно е да го замениш со систем што изгледа познат, побрз и попрофесионален. И така, одговорноста исчезнува, транспарентноста останува фасада, а правдата се претвора во процес што не суди, туку само „набрава“ податоци.

Она што сè уште и недостасува на Албанија е отчетност, институционалност, политички реализам со вистинска совест. Владата „Рама 4“ има луксуз што многумина во регионот не го поседуваат — време и искуство. Сега треба да покаже дека знае да слуша, да се подобрува и да создаде вистинска промена, не само симболична. Зашто кога владееш една деценија, веќе не се судиш за ветувањата, туку за траговите што ги остави.

The post Рама 4: Мануал за долгорочно политичко доминирање appeared first on plusinfo.mk.

Во свет на воинствени мажи, мирот доаѓа од жените
Во историјата, војните секогаш ги започнувале мажите. За столетија, светот се управувал според оваа лажна логика: мажите склучувале договори, командувале армии, освојувале, делеле, разрушувале, потоа изградиле повторно. Но, меѓу тие крвави поглавја, секогаш постоела една друга сила,  потивка, невидлива, но долговечна: жените.

Во овој глобален систем каде балансирањето на силата и националните интереси диктираат сè, мирот често се сведува на студена, стратегиска калкулација. Во свет што се крена помеѓу војна и надеж, помеѓу дипломатска тишина и храбри гласови кои се осмелуваат да проговорат, токму жените сè повеќе заземаат место на првата линија во битката за мир и безбедност. И кога нивните напори добиваат признание од оние што секојдневно живеат во сенката на агресијата, пораката станува неописливо посилна.

Светот не страда од недостаток на моќни мажи. Страда од недостаток на мир.

Ова не е случајност. Децении наназад, глобалното лидерство беше бучно, но без слушање на болката. Обучено за стратегии, но неспособно за сочувство. Способно да започне војна, но неспособно да создаде мир. И во таа темнина што ја нарекуваме „светски поредок“, се појавија жените, не за да ги поправат последиците, туку да ја променат самата логика на тој поредок.

Мирот не е церемонија. Тој е чин на храброст. Битка против омразата, насилството, културата на агресија што се оправдува како „realpolitics“. Денес, повеќе од кога било, жените се најјасниот, најчистиот и најдоверлив глас на мирот.

Понекогаш историјата зборува гласно. И кога сме заробени во војна што не сме ја избрале, една жена проговорува. Го зема зборот во парламент, го крева својот глас на меѓународен собир. Не како воен експерт, не како стратег. Говори како човек, и тоа звучи посилно од која било стратешка анализа. Токму така се случи кога Елиса Спиропали, во име на Албанија, јасно и недвосмислено го артикулираше ставот против руската агресија врз Украина. Не како дипломат што бара рамнотежа, туку како жена што го чувствува товарот на неправдата.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ѝ го додели „Орденот на принцезата Олга, од првиот ред“ (“The Order of Princess Olga, First Class”), еден од највисоките државни ордени за странски личности кои даваат исклучителен придонес во време на војна. Тоа не е само медал. Тоа е доказ дека храбро кажаните зборови и дела надминуваат граници, и дека меѓународната солидарност е повеќе од дипломатски слоган, таа е човечки чин.

Не е случајно што орденот го носи името на принцеза. Историјата ги признава жените со титули: принцеза, кралица, прва дама, но ретко како лидери на мирот. Но вистинскиот мир не е титула, тој е тежина. И жените го носеле тој товар без славослов, без медали, без учебнички почести.

И ова не е само „западна“ појава. Таа се шири и на Балканот, во Источна Европа, во региони некогаш сметани само за минатото, но исполнети со потенцијал да го напишат своето утре. На крајот, ова признание е поракa: мирот не е отсуство на војната. Тоа е активна одговорност да се гради и штити.

Ова признание не е само прашање на учество. Тоа е прашање на влијание. Не треба да го гледаме како формално дипломатско признание, туку како јасен сигнал дека Украина, земја која сè уште се бори, го препознава и цени женското политичко лидерство, особено кога тој глас јасно и храбро се залага за правда и слобода. Тоа е симболот што ја вметна една жена на моралната и стратешката мапа во борбата за глобален мир и правда. Тоа е доказ дека храбрите лидери можат да произлезат дури и од региони што некогаш биле попришта на страдања.

Затоа, ова признание не е само дипломатско. Тоа е историско. Тоа сведочи дека и во региони опечалени од минатите конфликти, има жени кои не само зборуваат за мирот, туку активно го градат и го штитат. Албанија, иако мала на политичката мапа, се слушна гласно кога станува збор за правда и слобода , уште од првиот ден од агресијата врз Украина. Во таа обнова, фигури како Спиропали се суштински: тие го артикулираат ставот на правдата, на суверенитетот, на мирот.

Така, Елиса Спиропали не е само глас во албанската политика. Таа е дел од глобално женско лидерство кое го преобликува концептот на моќ во кризните времиња, дел од новата генерација жени што го редефинираат лидерството на светската сцена, и природно се вбројува меѓу највлијателните жени, лидерки кои не ја толкуваат моќта како доминација, туку како одговорност. Од Урсула фон дер Лајен, која ја одржа Европа обединета во време на војна и пандемија, до Јасинда Ардерн, која покажа дека емпатијата може да биде државничка сила; од Сана Марин, која ги урна стереотипите за младите жени во меѓународната политика, до Катерин Колона, која ја водеше француската дипломатија низ глобални тензии. Ова се жени што не го следат светот, туку го обликуваат.

Но оваа приказна за женското лидерство не завршува тука. Таа се проширува низ целиот регион таа е тивка револуција што се движи од Тирана до Скопје, од Сараево до Киев.. И во Македонија, во еден политички пејзаж што премногу често бил доминиран од тишината или од ехо на минатото, гласот на жените во мировната дипломатија станува се погласен, појасен, повлијателен, како повик што одекнува длабоко: дека без женско лидерство, секој договор е половичен, секој компромис е кревок, а секој мир е привиден.. Жените не се само дел од институциите, тие се дел од промената.

Улогата на жените во безбедноста и мирот не е привилегија што им е подарена од политичките системи , тоа е нужност што светот, конечно, почнува да ја согледува. Од салите на Обединетите нации до фронтовите на хуманитарните кризи, од малите парламенти на Балканот до говорниците на НАТО, жените не се повеќе сведоци — тие се глас, движење, акција. Тие не молчат. Тие обликуваат. Тие ја менуваат рамнотежата на моќта.Бидејќи иднината нема да се гради на она што го наследивме, туку на храброста да го промениме.

И можеби, еден ден, историјата ќе сведочи:

„Додека светот беше заробен во спорови за власт и интереси, жените  од Киев до балканските градови — станаа штит на животот и надежта.“

The post Во свет на воинствени мажи, мирот доаѓа од жените appeared first on plusinfo.mk.

Партиската припадност и антивредносниот систем
Политиката во нашата земја долго време боледува од ракот на кабајдалук, наречен политичкото силеџиство кој метастазира во коскената срцевина и полека но сигурно им го одзема здивот на граѓаните.

Во нашата потсвест, не по наша вина, највисоката форма на владеење е авторитаризмот на лидерот иако сето тоа од задушувачката доминација на сè поцентрализираните и нималку либерални или демократски политички структури. Овој тип на владеење носи само политичка пропаст, дефакторизација на граѓаните кои ги избрале тие политичари за да ги претставуваат и исчезнување на моралните и етичките вредности на општеството, како што и покажа историјата во многу други подемократски земји од нашата.

Нашите политички партии се тешки психолошки патеки, во нив влегуваш како ентузијаст и оптимист, а завршуваш како пациент, се претвораш во она што на почеток си сакал да го смени. Има и такви кои завршуваат како жртви, а потоа од виктимизирани се претвораат во агресори со халуцинации за врвното жртвување што го дале во успехот (падот) на партијата, величајќи се хиперболизирано, со патологија и густин на реторика која останала без мастило. Да се биде избран не те прави експерт, особено што критериумите за избор треба да се прегледаат и проучуваат од соодветни антрополози бидејќи политичкото членство овозможува избор на погрешни „експерти“!

Долговечноста на партијата ја покрива секоја аномалија, секоја грешка, а следниот скандал е посериозен од претходниот. Ова стана услов: колку повеќе го надминувате ѓаволот во тоа што го правите, толку подолго останувате во таа избрана или именувана „експертска“ позиција. Најдобрата интелектуална вежба што политичките партии некогаш ја направиле е партитократијата, која постојано го троши кислородот на граѓанинот со слободни убедувања (ако таквите се уште постојат), институциите, конституционализмот и демократијата. Од овој тип на припадност, луѓето изгубија допир со индивидуалноста и нивните умови се целосно колонизирани од тоталитарниот лидер. Секогаш ориентирана кон курсот на вредностите и меритократскиот систем, мислам дека конкуренцијата мора да биде дел од партискиот систем затоа што е поттик за реформи и подобрување, но пред се размислување.

Како никогаш досега, на нашите политички партии, надминувајќи ги сите логички размери, им е потребен универзален закон кој ќе донесе промена и подобрување во функционирањето на самите партии и целокупниот политички систем, за хируршка реформа која алармира за отсуство на нови кадри и функционална внатрешна демократија, реконструкција на политичката свест, бидејќи јасно е дека нивниот опстанок зависи од способноста да се обноват себеси и од потребата да се разликуваат себеси од другите по тоа што не трчаат по апсолутна моќ.

Природните антитела против овој феномен несомнено се наоѓаат кај професионалците, кај младите, кај оние кои имаат храброст да ги отстранат пипалата на партиско-кратскиот октопод од вратот, кај интелектуалците кои не можат да го спојат својот потенцијал во рововите за одлучување, кои, кога ќе бидат откриени како такви од клановите со интереси и нивната алчност, добиваат одговор на каков било вид на „НЕ“ за секоја иницијатива или прашање.

Досегашниот политички модел ја задушува мотивацијата, креативноста и натпреварувачкиот дух. Ова не е Европски модел, тоа е модел во кој хиперреалистичните преокупации на политичките актери ја уништуваат и онака малку преостанатото чувство за човечност и достоинство, поради што илјадници наши сограѓани секојдневно ја напуштаат државата. Можноста за развој треба да им се даде на сите, пред се на оние вистински експерти,без криминално и било какво сомнително минато, време е овие оформени индивидуи да се интегрираат повеќе политички во процесите.

Досегашната пракса со која политичките партии успеаа да ги држат настрана сите креативни и просперитетни индивидуи, само ја извади на виделина карикатурата на партиската демократија која никогаш не се самосанира од отстапувањата и недостатоците што ги поседува.

Ниту една политичка партија не се погрижи да создаде вистински политичари, да формира менторски систем и политички школи во своите структури, да обучи достојни идни политичари, да ги третира младите како составен дел од интегративните процеси и како такви да го зголеми чувството на припадност во систем во кој изборот се врши врз основа на систем на вредности во кој се истакнуваат квалитетите на секој човек.

Идеолошки осакатени, узурпирани од секаква искреност, вака изгледаат денешните млади луѓе, кои поради наметнатите околности се чувствуваат како неуспешни и немаат ниту храброст да направат нешто за да ја променат таквата состојба на очај.

Во политичкиот подиум, помина некое време откако многу политички профили го започнаа својот слободен пад! Се претворија во политички патетични суштества! Да, токму тоа се политичарите кои наликуваат на автомобили со излупена боја, нишани тркала и сомнеж дали нивните мотори сè уште работат.

Токму тие политички ветерани со многу скандали, кои остареа политички полошо од млекото од топлотниот бран, но кои сè уште ги имаат јаките на власта кои се печат на нивната „младешка негрижа“ во политиката! Сепак, нивна замена не треба да биде само со наоѓање на некој што знае политика – туку човек кој достојно ќе ги застапува интересите на народот.

Оттука, јасно е дека односот помеѓу сопартиецот и интелектуалецот отсекогаш бил тензичен, еден вид на судир на вредности во систем на антивредности и тенденција кон инфериорност, но апелирам до сите политички партии да го ресетираат своето однесување и да допрат до чувствата и потребите на народот. Да се прифати злото и да се прифати промената, значи да се уништи секоја стилска тенденција што ја попречува иднината во името на старото лошо функционирање!

The post Партиската припадност и антивредносниот систем appeared first on plusinfo.mk.

Претседателството на Северна Македонија пред часовникот на нерешените проблеми
Годишното обраќање на претседателката на државата на 25-тата седница на Собранието, првото по преземањето на мандатот, ќе остане запаметено како сложен микс на философска рефлексија и политичка парализа што доминира во земјата.

Изречено со тон што изгледаше попријатен за амфитеатар и за лекции, обраќањето се осврна на суштината на волјата за единство, но исто така и со доза на иронија и парадокс, одразувајќи лидерство што изгледа како да е преоптоварено со апстракција.

Претседателката, воедно и универзитетска професорка, изгледаше како да се приближува до претседателството како природно продолжение на нејзината академска улога, комбинирајќи сложени философски референци во своето обраќање во надеж дека ќе го подигне нивото на говорот. Иако беше богат со философски содржини, обраќањето се покажа како замрсена приказна што значително се оддалечи од практичните реалности на управувањето.

Во обид да инспирира и да обедини, претседателката го цитираше Русо и неговиот концепт на социјалниот договор. Визијата на Русо за колективниот суверенитет – каде поединците се обединуваат за да формираат општа волја што ги надминува личните интереси – беше претставена како идеал.

Сепак, со сите најдобри намери, повикот за таква визија изгледаше длабоко ироничен. Додека идеалот на Русо има корени во демократските принципи на партиципативното управување, обраќањето на претседателката изгледаше како да го игнорира растечкото оддалечување помеѓу реториката за суверенитет и политичките динамики, кои се во игра во земјата. Обидот за колективно управување, каде суверенитетот произлегува од народот, беше во спротивност со дејствијата на многу политички актери кои ги поткопуваат демократските процеси.

Додавајќи слоеви на оваа философија, претседателката стигна до идеите на Имануел Кант, повикувајќи на неговата доктрина за „перманентен мир“ и уверувањето дека соработка, взаемно почитување и ненасилство меѓу државите се клучни за неговото постигнување.

Сепак, обраќањето изгледаше како незаинтересирано за растечкиот бран на национализмот во земјата – национализам што, во својот основа, го нарушува многу мирно поставениот ред, што Кант го предвидел. Оваа контрадикција дополнително го усложни наративот, претставувајќи философска визија за мир што стои во спротивставеност со често користената реторика на раздорот од страна на политичките лидери.

Понатаму, користењето метафори од претседателката за опишување на Западен Балкан како „ахилова пета“ на ЕУ и за предупредување против трансформацијата на регионот во „Пандорината кутија“ на Европа додаде уште една комплексност. Овие метафори, иако живописни, исто така упатуваат на малку деликатен двоен дипломатски стандард – признание на ранливоста, но истовремено и воздржување од соочување со основните причини на нестабилноста. Илустрациите создадоа чувство на кршливост, но не понудија основни решенија за предизвиците предизвикани од геополитичките динамики во регионот.

Во своето обраќање, претседателката наслика слика на политички систем во кој сите клучни актери —Претседателот, Парламентот, Владата, судството, опозиција, граѓанското општество и медиумите—функционираат заедно како добар оркестар.

Тоа беше убава слика на сложена, но координирана симфонија, каде секој дел придонесува без проблеми за целината. Сепак, реалноста значително се разликува од овој идеал. Наместо добро испробана симфонија, актуелниот политички систем на Северна Македонија често потсетува на какофонија, каде секој „инструмент“ изгледа како да свири различна партитура.

Мелодијата на опозицијата често е во конфликт со онаа на Владата, медиумите можат да го присвојат својот ритам, а судството, иако теоретски непристрасно, може да биде под влијание на променливите ветришта на политиката.

Портретот на претседателката за совршено синхронизиран систем, за жал, е одвоен од практичните предизвици на управувањето, во кои политичките трошоци, правните несогласувања и владините блокади се чести. Таа понуди визија за управување базирана на високи идеали, но не успеа да обезбеди јасност или практична насока потребна за навигација низ сложеноста на модерната државност.

Ова обраќање, иако интелектуално стимулативно, остави неколку неодговорени прашања како овие философски концепти може да се преведат во акции во реалниот свет, правејќи тешко за нас како публика да го воочиме патот напред.

Идејата за „владеење на правото“ како големо финале во Брисел во нејзиното обраќање звучеше убаво, но се чувствува иронија кога размислуваме дека, во практика, постојат политички несогласувања, правни несогласувања или предизвици зад сцените. Големото финале во Брисел можеби ќе заврши повеќе како перформанс на добро испробани ветувања отколку како вистинска совршена реализација.

Во комплексноста на времето во нашата држава, многу лесно е да се негува поделба помеѓу народите, да се посее семето на несогласувањето и недовербата, но тешко е да се обединат сите народи под едно европско знаме.

Историјата ни покажала дека поттикнувањето на омраза често може да изгледа како најлесен пат, но тоа е пат што не води до одржлив мир.

Лесно е да ги оставиме разликите да нѐ дефинираат, да дозволиме наративот на „ние“ против „тие“ да доминира во нашиот говор. Но, вистинското лидерство бара храброст лидерот да се издигне над тоа, да ги постави нашите заеднички вредности во срцето на нашите колективни напори.

Како претседателка на Северна Македонија, силно верувам дека вашата волја не е да пловите во овие поделби, туку да ги елиминирате, да водите со визијата на единство и да обезбедите дека европското знаме претставува не само симбол на географска реалност, туку и симбол на надеж и соработка за сите нас. Сега, повеќе од кога било, е време да го поставиме тоа знаме силно меѓу нас.

Како жена, се радувам на историскиот момент – избирањето на жена за претседател на Северна Македонија. Ова е победа, секако! Неизмерно сум горда на мојот пол во секој аспект на тоа, над сѐ, на фактот дека историјата покажала дека меката сила на жената во исполнувањето на социјалните простори, направила разлика! Како жена, сум горда што првпат, една лидерка го зазема највисоката позиција во нашата земја. Ова е момент за славење, симбол на напредок, пробивање на бариери… Но, не е доволно. Не можеме да дозволиме нашата иднина да биде диктирана од стерилни дебати на кои им недостасува срце, страст и желба да ја трансформираат оваа држава во подобро место за живеење.

Жените се карактеризираат со имагинација, интуиција, јасна визија, овладувањето на управување во различни области, оптимизам, стратегија во размислувањето и дејствувањето, флексибилност, приоритизирање во решавањето на проблемите… Кога се присутни сите овие квалитети кај една жена, големи се шансите за нејзиниот успех.

Оттука, силно верувам дека ентузијазмот на една жена лидер, колку и да е загушен од непосакуваната реалност, со мудроста и милоста која ја карактеризира, ќе биде движечка сила за длабоки и одржливи промени и ќе успее да помогне на овој народ да ја промени својата траекторија кон европските вредности.

Ентузијазмот што го носите како жена на чело на државата не е само симболичен – тоа е моќна сила способна да го реформира нашиот дискурс како народи.

Патот кон ЕУ не е постелен со философска реторика или моменти на искрена национална гордост, туку се гради со неуморна работа, храброст и способност да се обединиме без оглед на нашите разлики. Овој пат бара лидерство што не е само симболично, туку трансформациско, лидерство што не ги избегнува тешките разговори, тешките одлуки и непријатните последици на промената. Граѓаните имаат легитимни соништа и заслужуваат повеќе од реторика, заслужуваат визија која инспирира, водство кое дава и иднина која е исто толку силна како народот кој ја нарекува оваа земја дом.

Моето суштествување како Албанка, но со македонски пасош, не ме спречува да го инкарнирам духот на соживот, што ја определува нашата заедничка иднина. Мојот идентитет не е фрагментиран од различните аспекти на моето наследство, туку напротив, се зајакнува од разбирањето дека единството е суштината на силата на нашата земја. Македонскиот пасош што го имам не е симбол на поделба, туку сведоштво на општата визија на нашата земја – визија која ги надминува етничките граници и го поттикнува чувството на припадност на сите свои граѓани, без оглед на нивното потекло. Мојот македонски пасош не ме одделува, туку напротив, тој ме обединува со оваа земја, народот и нејзината иднина.

Во вашата улога на претседателка, имате уникатна моќ да се издигнете над поделбите од вкоренетите конзерватизми и долготрајните верувања, за да ја побарате раката на единството и кон оние кои можеби се најотпорни на промената.

Вие го имате авторитетот да досегнете до нив, до срцата и умовите на оние кои можеби сѐ уште се поврзани со тежината на минатото, имате уникатна можност да проникнете и во умовите на најконзервативните Албанци и да ги водите кон иднина која вклучува соработка и взаемно почитување, и тие да почувствуваат дека не се само вклучени, туку и претставувани.

Вашите дејствија денес ќе одекнат низ коридорите на историјата, оставајќи зад себе наследство на единство кое ги поврзува сите народи на Северна Македонија, една Македонија каде секој граѓанин, без оглед на потеклото, може да каже со гордост: „Ѝ припаѓам на оваа држава“.

The post Претседателството на Северна Македонија пред часовникот на нерешените проблеми appeared first on plusinfo.mk.

Северна Македонија и Албанија: Време е да се препише иднината!
Сепак, тоа ќе се случи. Требаше да се случи вчера, можеше да се случи денес, но сигурно ќе се случи утре! Нашите две земји се „осудени“ да коегзистираат со целосна меѓусебна почит. Денес е подобро од вчера, утре ќе биде подобро од денес. Политиката од двете страни на границата може само да го забрза процесот, иако испреплетениот балкански инстинкт повремено знае да скршне во спротивна насока.

Духот на европските вредности

Во мојата земја, во Северна Македонија, односот меѓу двете државотворни етнички групи е прв и неопходен услов за гарантирање на добрите билатерални односи, но и заедничкото патување за трансформација на целиот Западен Балкан во интегрираниот европски простор. Северна Македонија, како и секоја друга земја од Западен Балкан, се стреми да се развива и да се интегрира во европското семејство. Додека одиме напред по овој пат, мораме да запомниме дека Европа е изградена врз основа на почитувањето на човековите права, различноста и инклузивноста. Ние не бараме само интеграција во Европа во политичка смисла, туку бараме интеграција во духот на европските вредности. Ве уверувам дека тоа е сон на секој Албанец и Македонец кој негува основна политичка култура и чувство на припадност кон оваа држава.

Оттука, го прашувам секој политичар: Дали навистина може да тврдиме дека сме проевропски, ако исклучиме или маргинализираме големи сегменти од нашето население? Мора да се сфати дека вистинското единство не е во униформноста, туку во почитувањето на нашите разлики и во градењето општество со вредности. Политичката елита треба да гледа на оваа влада како на можност да се движи подалеку од застарените стравови и недоразбирања, да ја прифати и да не се изолира од различноста.

Верувањето дека двојазичноста и моноетничкиот триумфализам се претерани, го отфрла признавањето на мултикултурализмот и истакнува одредени агенди кои ги поткопуваат пацифизмот и политичката коректност и претпазливост.

Јасна порака и уште појасна визија

Во неодамнешното појавување во една емисија, нашиот премиер елоквентно се осврна на визијата, која длабоко одекнува во разумот на граѓаните. Неговите зборови беа моќни, неговата порака јасна, а неговата визија уште појасна!!!

Но, колку и да сакаме да го славиме артикулирањето на овие принципи на политичко ниво, време е да се погрижиме тие да не бидат едноставно туку така изговорени, туку да се живеат секој ден од сите нас, во секој агол од нашето општество.

Во однос на прашањето за уставноста на албанскиот јазик, третирајќи го внимателно, тој го надмина со деликатноста и чувствителноста што ги содржи самиот случај, давајќи гаранција во сенка за интегритетот на правната структура. Би сакал тоа што го декласифицира за албанскиот јазик да го покаже и времето. Времето, како што истакна премиерот, ќе покаже дали чекорите што ги преземаме денес се навистина во согласност со уставните принципи и вредности.

Правото на еднаквост не е отстапка

Оттука, размислувањето на сите политичари треба да се негува во насока дека сите народи можат да коегзистираат во хармонија, збогатувајќи го нашето општество и зајакнувајќи ја нашата посветеност на вредностите на демократијата и почитувањето на различностите. Нашиот Устав го предвидува правото на еднаквост – не како отстапка, туку како одраз на тоа кои сме ние како општество. Албанците долго време се витален дел од Северна Македонија, придонесувајќи за нејзината историја, култура и напредок, и мора да признаеме дека правата на една етничка група не ги намалуваат правата на другата група.

Северна Македонија е земја на многу јазици, култури и идентитети. Предолго гледавме политички дискурс заматен со реторика која ги спротивставува етничките заедници. Ваквите пораки може моментално да соберат поддршка, но на крајот придонесуваат за поделба, недоверба и пропуштени можности и ризикуваат да поттикнат генерација која е помалку обединета и помалку способна да се соочи со предизвиците на иднината. Таквиот наратив беше бегство од суштинските економски (често и егзистенцијални) проблеми на нашите сограѓани.

Љубопитните ќе откријат дека албанскиот е убав јазик

Јас сум граѓанин на оваа држава, со албанска националност, премиерот на оваа држава е мој премиер, без разлика дали сум ја гласала или не неговата партија на тајни непосредни избори. Би сакала неговите успеси и неуспеси да ги славам или промислувам заедно во кабинетот на заедничкиот премиер, сите заедно.

Можеби Македонците со националистичка политика не се многу внимателни кон ова, но ако не тие или нивните синови, нивните потомци ќе го разбираат албанскиот јазик. Верувам дека идните генерации на оваа земја ќе знаат повеќе, ќе бидат поевропски и ќе живеат иднина каде што различностите не само што се прифаќаат, туку и се гледат како извор на сила.

Како Албанка на оваа земја, иако израсната и подучена со национални вредности, секој македонски граѓанин го разбира мојот течен македонски говор и оттука ви кажувам дека никогаш не е доцна да се научи и албанскиот јазик. Верувајте дека е многу убав јазик, дури ќе најдете Албанци, кои ќе ја изразат својата волја да помогнат да го научите, со ветување дека нема да ви се смеат ако згрешите додека изговарате!

Да се биде политичар е жртвување, успехот во политиката е жртвување, истото важи и за албанскиот јазик, успешно жртвување така што секој Македонец би ме разбирал кога говорам на мојот јазик! И верувајте ми, ова не го кажувам како метафора. Ако денес се сметате себеси за силни со парламентарното мнозинство што го имате, знаејќи го албанскиот јазик, ќе бидете многукратно посилни!

Препознајте ги Албанците како партнери

Како Албанка, која сака да ја гледа оваа земја меѓу европските народи, сонувам да стигнам побрзо до Драч и да поминам преку Ќафасан, без да имам комплекс ако видам табла што ми посакува добредојде во Албанија или среќен пат во Македонија. Овозможете ѝ го истото на македонската младина, да го сака истото и не само тоа, дури и да сака да ја посети Атина како град кој ја симболизира колевката на античката култура, демократијата, филозофијата и интелектуалните достигнувања, а не како симбол на теренска борба за етнички тензии. Да се доживее Атина како град на големите мислители, а не како град сведен на политички опоненти, каде што лекциите од Античка Грција се губат во лавиринтот на национализам и ситни поплаки.

Охрабрете ги младите да ги препознаат Албанците како партнери во заедничката мисија за градење на просперитетна, демократска и европска држава. Помогнете им да разберат дека нивната етничка припадност не го дефинира нивниот потенцијал, туку нивната заедничка посветеност на иднината на земјата. Како Албанка, ја сакам оваа земја и ме боли сѐ што го загрозува мирот што го заедно го изградивме во оваа земја. Пишувам како загрижена Албанка, не само за иднината на мојата нација, туку и на секој сограѓанин Македонец или Македонка и не само, затоа што сме на прагот на нова ера – ера која ветува предизвици и можности за сите нас и време е да размислуваме за правецот во кој одиме.

Македонскиот не е закана за мојот албански идентитет

Препознавајќи ја важноста од почитувањето на нашата заедничка историја и надминувањето на нашите легитимни етнички грижи, мора да сфатиме дека успехот на една држава во XXI век не се наоѓа во исклучувањето на различностите, туку во нивното капитализирање и славење.

Како Албанка, немам проблем да ја прифатам богатата и разновидна култура на моите пријатели Македонци. Всушност, јас сум горда на тоа. Знам повеќе стари народни песни од некои мои пријатели Македонци, а мојата библиотека има повеќе книги на македонски јазик отколку што повеќето би очекувале. За мене тоа не е во контрадикторност со мојот албански идентитет. Тоа не е закана за тоа која сум. Наместо тоа, тоа е збогатување – начин да ги проширам моите лични хоризонти и да ја продлабочам мојата врска со различниот свет во кој се опкружувам.

Истражувањето на другите култури не го гледам како повреда на мојот идентитет, туку како можност да растеме, да разбереме и да градиме мостови. Ова е причината зошто го охрабрувам секој Албанец, секој граѓанин од овој регион, да го следи овој начин на размислување. Погледнете подалеку од границите кои вештачки ги конструирала историјата. Посегнете до вашите соседи Македонци, Срби, Бугари, Турци, Власи…, учете од нив, разберете ги и прославете го она што ги прави единствени.

Ова не е само мое лично гледиште, верувам дека и повеќето Албанци во овој регион го чувствуваат истото. Нашата заедничка историја, нашето заедничко наследство и нашата заедничка иднина се многу поголеми од ѕидовите што некогаш можеби нè делеле.

Трансформативната моќ на единството

На моето последно патување во Европа, случајно застанав во Алзас-Лорен, некогаш регион растргнат од најжестоките битки, регион кој беше сведок на судирите на двете големи сили, Франција и Германија. Со векови беше симбол на поделба, конфликт и загуба. Не сфатив дека поминувам низ запуштени џиновски гробишта, а кога ќе размислиш, ако таа земја останеше бојно поле, Европа денес немаше да постои. Но, денес, оваа земја стои како сведоштво за трансформативната моќ на единството, денес тие гробишта остануваат само споменици на народите кои денес во мир заедно ги произведуваат симболите на напредокот: елегантниот и моќен Mercedes-Benz и иконското Peugeot. Истите луѓе кои некогаш се бореле еден против друг, сега работат заедно, градејќи ги машините што го движат светот напред.

Алзас-Лорен нè учи на непроценлива лекција, колку и да се длабоки поделбите, колку и да е горко минатото, секогаш има потенцијал за исцелување. Нашиот пат напред кон поголемо единство, просперитет и европска интеграција бара внимателна насока на вашето лидерство. Ве повикувам да размислите за надминување на разделувачката, националистичка реторика и наместо тоа да се фокусирате на негување на средина каде што македонската младина ќе може хармонично да коегзистира со своите сограѓани Aлбанци, работејќи заедно за да ја изградиме државата до нови височини.

Нашиот напредок е колективно патување

Како политичари, ве охрабрувам да размислите за моќната порака што можете да ја испратите до младите во оваа земја, дека вистинското лидерство и вистинската сила не се наоѓаат во нашата изолација, туку во заедничкиот чекор напред, кон иднината каде што Mакедонците, Aлбанците и сите други заедници на Северна Македонија ќе работат рамо до рамо со вас за создавање обединета, мирна и европска држава!

Изберете да бидете лидери кои нѐ зближуваат, покажувајќи им на младите од оваа земја дека нивниот потенцијал не лежи во нивните разлики, туку во нивната способност да работат заедно за општото добро! Границите се за географските карти, а не за здравиот и отворениот разум! Борете се со причините да го имате непријателот за пријател, а противникот за сојузник. Европа нѐ сака само заедно и сосема поинаку!

Ние сме општество составено од многу различни гласови, бои и приказни. Нашите корени лежат длабоко во земјата на различни култури, верувања и традиции. А сепак, и покрај нашите разлики, делиме заеднички стремеж: да изградиме подобра иднина за себе, за нашите деца и за генерациите што доаѓаат. Нашиот напредок е колективно патување.

Ние сме архитектите на оваа нова ера и како такви ќе се издигнеме над предизвиците, ќе застанеме цврсто против силите на поделба и ќе изградиме иднина на која светот ќе ѝ завидува.

Само преку работа во солидарност, преку градење на отпорност во себе и нашите заедници, ќе ги надминеме предизвиците на денешницата и ќе се движиме кон ветувањето за подобра иднина.

(Авторката е независен аналитичар, Здружение ЕЗРА)

The post Северна Македонија и Албанија: Време е да се препише иднината! appeared first on plusinfo.mk.