колку работат германците Archives - plusinfo.mk

Македонецот е најпродуктивен кога работи во корист на сопствената штета
Непосредно по враќањето од својата прва канцеларска посета на Кина, на предизборен собир на ЦДУ во покраината Хесен, во февруари годинава Фридрих Мерц ќе рече: „Едноставно, веќе не сме доволно продуктивни. Секој поединец може да каже – јас веќе правам многу. И тоа можеби е точно. Но, кога ќе се вратите од Кина, дами и господа, некои работи ги гледате појасно. Со рамнотежа меѓу работата и приватниот живот и со четиридневна работна недела, благосостојбата во нашата земја долгорочно не може да се одржи. Едноставно ќе мора да работиме малку повеќе“.

Оваа изјава деновиве повторно е објавена на социјалните мрежи и веќе собира милиони прегледи. Заради нужната прецизност, да спомнам дека изворниот израз на Мерц leistungsfähig – со значење: способни да произведеме економски резултат – меѓународните медиуми го превеле со англискиот збор productive.

Мерц во февруари годинава бил во Пекинг и во Хангџоу, со делегација од 30 германски бизнисмени. Во Хангџоу ги посетил Mercedes-Benz, производителот на роботи Unitree и фабрика на Siemens Energy. По посетите изјавил дека бил импресиониран од кинескиот технолошки стандард, од автономното возење, од роботиката и од брзината на индустрискиот развој.

Интересно е и тоа дека ова не е прва изјава со која канцеларот бара промена на германскиот менталитет. Така, во мај 2025 година, на економски форум на лобистичкиот Економски совет на ЦДУ, тој рекол дека Германија мора „повторно да работи повеќе и поефикасно“ и дека благосостојбата не може да се зачува со четиридневна работна недела и со „work-life balance“. Изјавата тогаш била поздравена со аплауз од повеќе од 4.000 претприемачи и менаџери.

Дали навистина Германците треба да работат повеќе?

Како што е познато, анкетите на Мерц му предвидуваат црна политичка иднина, поради незапирливиот подем на ултрадесничарската АФД. Но, тоа е веќе друга тема. Дилемата што останува отворена е дали работниците во Германија навистина се помалку продуктивни и помалку работат од порано.

За волја на вистината, Германците имаат најмалку одработени часови меѓу економиите што ги споредува ОЕЦД – околу 1.332 часа по вработен во 2025 година. Во Франција биле околу 1.498, во Италија 1.716, а во Полска 1.776 часови. Сепак, тоа не значи дека просечниот германски работник со полно работно време работи само четири дена неделно. Во 2025 година вработените со полно работно време работеле просечно 39,9 часа неделно. Германскиот просек го намалува високата застапеност на скратеното работно време: 31,9 отсто од зависно вработените, меѓу кои повеќе од половината вработени жени.

Без оглед што Мерц точно го препознава проблемот со вкупниот фонд работни часови и со стареењето на нацијата, тој, како изблик на класичен политички опортунизам, сложената индустриска криза во земјата ја сведува на прашањето на работната етика. И тоа е навистина чудно, ако сè уште важи стереотипот за Германецот како највредниот и најпослушниот од сите Европејци…

Она што германскиот канцелар не сака или не може да го види е фактот дека растот на продуктивноста на трудот (вредност на еден работен час), иако во Германија сè уште висока, опаднала за 1,2 отсто во 2023 и за 0,3 отсто во 2024 година, додека во 2025 пораснала само 0,4 отсто. Во исто време, надоместокот по работен час пораснал 4,9 отсто, што ги зголемува трошоците на германските компании.

Освен тоа, Мерцовата „дијагноза“ ги занемарува другите структурни „болки“ на германската економија, бидејќи тука веќе станува збор за политичка тема, која води и кон прашањето на политичката одговорност за управувањето со земјата. На пример, одговорност за тоа зошто германските компании работат со скапа енергија (за разлика од порано, кога беше достапен евтиниот руски гас). Или, одговорност зошто даноците и придонесите се високи, зошто бирократијата е метастазирана, зошто има недостиг од инвестиции, зошто инфраструктура е застарена и зошто производи во некои сектори многу сериозно ја губат трката со Кина. Ова се прашања што германски економисти ги поставуваат отворено, оспорувајќи ја тезата на канцеларот дека спасот за германската економија е Германците да работат „малку повеќе“.

Македонецот работи повеќе од Германецот, ама…

Инаку, да дошол Фридрих Мерц во Македонија и да посетел неколку наши фабрики, веројатно ќе се врател во Германија шокиран од работната етика во нашата земја, поточно од тоа колку повеќе работат Македонците од Германците. Имено, според расположливите податоци и процената врз нивна основа, еден вработен во Македонија работи приближно 45 до 55 отсто повеќе часови годишно од еден вработен во Германија.

За жал, вработениот Македонец создава само околу половина од годишниот производ на неговиот колега во Германија. Светска банка проценува дека во 2024 година македонската економија создала околу 63.535 меѓународни долари БДП по вработен, мерено според паритетот на куповната моќ и во постојани цени од 2021 година. Германскиот резултат бил 123.472 долари. Германскиот работник, значи, во текот на годината создава приближно 1,94 пати поголема вредност.

Производството по еден одработен час во Македонија веројатно е околу една третина од германското. Или, кажано поедноставно, за вредноста што германската економија ја создава за еден час, на македонската економија ѝ се потребни приближно три работни часа.

Освен тоа, Македонија има и друг проблем што не се гледа преку индикаторот продуктивност по вработен. Во 2024 година активни биле околу 52 отсто од жителите на возраст над 15 години. Кај жените стапката била околу 43, а кај мажите 61,5 отсто. Тоа е драстично ниско ниво на учество на населението на пазарот на трудот.

Продуктивноста е клучниот проблем на македонската економија

Без дилеми, клучниот проблем е продуктивноста на трудот. Да не бидеме во заблуда – таа не е мерка на личната вредност, на трудољубивоста или на брзината со која работникот ги движи рацете. Работник што составува високотехнолошка машина вредна 500.000 евра статистички создава поголема вредност од работник што шие текстилен производ, иако вториот може да работи и подолго и физички потешко.

Македонија има голем удел на економски активности со ниска додадена вредност: трговија, текстилно производство, едноставно склопување, земјоделство, угостителство и административни услуги. Дел од извозните компании создаваат висок промет, но увезуваат најголем дел од компонентите, па вредноста што останува во земјата е ограничена.

Шансата за структурни промени на нашата економија е фаќањето приклучок кон бурната технолошката дигитална револуција што се случува пред нашите очи. Тоа подразбира модерни машини, роботи, современа опрема, софтвери, автоматизација, стручна обука, квалитетен менаџмент, напредна инфраструктура, стабилна енергија, пристап до капитал и до големи пазари и бездруго политичка клима што ќе го охрабрува напредокот пред сè на реалниот сектор во економијата.

„Зелените“ наративи и параполитиката

За жал, впечаток на авторот на оваа анализа е дека со години – а можеби најмногу во последните две години, кога се направија почетните охрабрувачки исчекори во насока на зајакнување на инфраструктурата, влез на странски инвестиции во индустријата и дигитализација – во Македонија се негува и дури и политички се артикулира еден неразумен отпор кон идејата за технолошкиот развој како основа на економскиот напредок.

Внимавајте, прецизно е кажано: не велам дека е нападнат остварениот економски напредок, што би нè вовлекло во дебата за тоа дали воопшто има напредок и ако има, колкав е тој. Легитимно е да се дебатира за тоа прашање, но само со бројки и со факти, а не на ниво на перцепции и гола пропаганда. Она што загрижува многу повеќе, сепак, е нападот врз самата идеја за технолошкиот бум како закана врз македонското општество. Уште повеќе загрижува што тој неразумен атак се брани со „аргументи“ од арсеналот на нашето локално и најчесто параполитичко разбирање на „зелените“ политики.

„Не сакаме рудници, сакаме производството на домати и на зелка“. „Не сакаме дата-центри, немаме струја и вода“. „Не сакаме мали, а богами ни големи хидроцентрали, сакаме бистри потоци полни со речна пастрмка“. „Не сакаме странски инвеститори да ни ги трошат домашните ресурси“… Тоа се тие „зелени“ наративи, на македонски начин.

Се шират во земја која во социјализмот беше индустриска периферија на поранешна социјалистичка Југославија (одби да гради нуклеарка, на пример), но во споредба со тоа каква е сега, тоа беше индустриска велесила. Се „продаваат“ поевтино од домати во август, во земја во која доматите се произведуваат главно „со стапче и канапче“. Зборуваме за земја во која најголемата река воопшто не произведува струја, туку само тони и тони пластичен отпад што патува кон Егејското Море. „Бистрите потоци“ се бранат во земја во која секоја втора или трета година нерегулираните водотеци се излеваат и нанесуваат огромни штети. И да, зборуваме за нација на фејсбук-експерти и лажни моралисти, која ги мрази и домашните инвеститори и бизнисмени, која ги стигматизира како „богати и алчни“, па логично е да ги мрази и белосветските „експлоататори“ и нивните „домашни слуги“.

За разлика од Германците, на кои можеби навистина им недостасува „малку повеќе работа“, како што вели Мерц, Македонците доволно работат – во корист на сопствената штета. И тоа, за жал само тоа, го прават со завидна продуктивност на трудот.

The post Македонецот е најпродуктивен кога работи во корист на сопствената штета appeared first on plusinfo.mk.