кица колумна Archives - plusinfo.mk

Копнежот, тајната на времето и заминатите
Имаше години кога по секоја подолга посета кај мојата фамилија во Скопје, се враќав дома со тешка настинка, која се јавуваше ненадејно, како од никаде. Денес верувам дека тоа не беше затоа што немав отпорност за вирусите на грипот во Македонија, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Да беше така, логично би било да се разболев веднаш штом стигнев во Скопје. Напротив, се разболував пред денот на разделбата од мојата фамилија, а „настинката” стануваше сè посилна со секој час поминат на аеродромот и во авионот, со кој се враќав во мојата нова татковина, Германија. На ова искуство ме потсети пораката на една германска пријателка, која пред два дена се врати од подолгата посета на својата фамилија во Јапонија.

И таа веруваше, како јас некогаш, дека случајно добила слаба настинка токму на крајот на посетата, која станала полоша на долгиот лет од едниот крај на Земјината топка до другиот, со престојување на неколку светски аеродроми. Затоа кога се вратила дома, два дена поминала во кревет. И јас некогаш поминував два дена „болна” во кревет. Со времето сфатив дека тие два дена „болест”, токму на временскиот преод од едниот во другиот свет во мојата биографија, беа најлечебната терапија за болката на заминатите.

„Настинката” на пријателката ми потврди дека причината за неа не е неотпорноста за вирусите во друга земја.

Силата на копнежот

Повеќе верувам дека таа помага полесно да се „преболи” болката на разделбата од својата фамилија во друга земја или на другиот крај на светот. И тоа според мистичниот механизам на справувањето на човечката психа со силната болка, кој Франц Кафка го опишува толку сликовито во едно писмо до Милена Јесенска, жената која многу ја љубел. Тој ѝ објаснува зошто добил туберкулоза. Кога „главата” не може да го издржи притисокот на животот, пишува Кафка, тогаш еден друг орган помага да се носи тешкиот товар.

Тој орган кај него биле белите дробови. Кај заминатите, кај преселниците, тој чувствен „товар” е тагата по тие што не се секогаш со нив. Затоа овие чудни „настинки” по разделбите ги познаваат само тие кои живеат далеку од земјата во која се родиле и пораснале. Притоа веројатно и роднините што ги оставаме по посетата, враќајќи се во оној дел на светот, во кој сме заминале и сме основале своја фамилија, по разделбата веројатно неколку дена боледуваат од истата „настинка”. Лично станав малку „поотпорна” на вирусот на разделбата кога почнав во последните денови кај моите во Скопје повеќе да мислам на тоа како ќе биде кога по неколку месеци ќе дојдам повторно на посета, отколку да жалам што времето толку брзо помина.

Што значи, почнав да се учам да не „гледам назад”, во тоа што измина, туку „да гледам напред”, во тоа што претстои. И да копнеам по него!

Затоа што мислам дека чудниот „вирус” што ја предизвикува таа посебна „настинка” кај некои многу сензибилни луѓе меѓу преселниците и заминатите, е токму силата на човечкиот копнеж. Во природата на човечкиот копнеж е тоа што тој не ја прифаќа разделбата. Копнежот, всушност, со тоа се противи на времето, иако ние луѓето сме суштества времени, зашто ја знаеме конечноста. Чудно е што конечноста не ја познава копнежот, најсилното чувство за кое е способен човекот. Копнежот се смирува само кога ни се чини дека времето престанува да тече.

А тоа е само во миговите кога сме потполно среќни, кога ништо не ни недостига. Копнежот се смирува и се преобразува во чувство на бескрајна среќа само кога се остварила желбата на копнеењето. Тој се смирува секогаш кога сме на местото по кое сме копнееле. Кога сме со тие што нè прават среќни. Тогаш копнежот ни вели дека секогаш треба да биде така. Тој прави да помислиме дека навистина секогаш ќе биде така.

Колку што копнежот се противи на нашата зависност од времето, тој исто толку се противи и на фактот што ние не можеме во исто време да бидеме на неколку места. А копнежот на заминатите е токму тоа: желба да не мораат да ги жртвуваат местата на кои досега биле среќни, само за да можат да бидат на друго место, на кое веруваат дека ќе бидат исто толку среќни. Заминатите, особено во мигот на разделбата од своите во татковината, копнеат да бидат во секој миг на сите места каде што се луѓето што припаѓаат на нивната биографија.

Луѓето што ги сакаме, со кои некогаш сме биле неразделив дел од едно цело, од еден жив организам каков што е фамилијата. Човечкиот копнеж е една од најзагадочните чувства и можеби токму во него се пројавува принципот на животот. Во христијанската теологија се вели дека Бог нè повикува во живот од љубов. Тој копнее да станеме живот. Човечкиот копнеж ја има енергијата да си поставува цели, да си замислува ситуации кои по некое време стануваат реалност.

Кога копнежот би бил посилен од сите други чувства, ние не би биле способни да живееме, затоа што би го доживувале болно изминот на секоја минута, на секој час. Во германскиот јазик копнежот се вика „Sehnsucht“, а на старогермански тоа значи „болно посакување на нешто”. Впрочем, зборот „Sucht“, кој е во основата на зборот „Sehnsucht“, значи тешка болест. За да не се преобрази копнежот во болест, што значи, во меланхолија, во него мора да биде посилна енергијата на посакувањето, која секогаш е поврзана со замислувањето на целта, со надежата и со радоста за тоа што чека на нас, што доаѓа во иднината.

На германски меланхолијата се вика „Schwermut“. Тој ја опишува состојбата кога имаме товар врз срцето. Македонскиот збор „чемер”, повеќе одговара на грчкиот збор „меланхолија”, што значи „црна жолчка”. Товарот на Кафка, кој не можел да го издржи „главата”, што значи, умот, мора да бил меланхолијата. Тој самиот на едно место вели дека нема поосамен човек од Франц Кафка.

Тој што копнее, копнее по живот, по среќа и мир

Според мојата лична теорија (во стилот на онаа на Кафка), „настинката” како лечебна терапија на психата на преодот од едниот во другиот свет во нашите биографии, помага да не пропаднеме во тага, затоа што поминало времето во кое сме биле кај љубените роднини во татковината. Што значи, да не пропаднеме во меланхолија, а со тоа, во безнадежност. Кусото боледување ни помага да го свртиме погледот кон тоа што доаѓа. Да го прифатиме времето како минливост, а тоа сознание не` уверува дека времето до следната средба ќе помине многу брзо. Силата на копнежот е токму во проекцијата, во визионерството, во радоста заради тоа што може да биде, што очекуваме да се случи во иднината. Изразити луѓе на копнежот се голем број од уметниците. Не е чудно зошто германските романтичари пишувале толку многу за копнежот.

Најубавите стихови за копнежот се оние на Гете и на Ајхендорф. Секако, во нив се насетува дека човечкиот копнеж ќе се смири само тогаш, кога времето ќе престане да истекува, кога среќата ќе остане непоматена, а тоа е само сликата на вечноста. Еден православен богослов пишува дека во миговите кога чувствуваме дека времето запира, тогаш тоа е предвкус на вечноста, затоа што таа за миг се пробила во нашиот живот.

Тој верува дека вечниот живот ќе биде целината на сите тие вечни мигови кои веќе сме ги доживеале со тие што ги љубиме, што припаѓаат на нашиот живот, кои повеќе нема да бидат само куси мигови, фрагменти и недофатлива среќа, туку ќе траат вечно. Дарбата на човекот да копнее по среќа која, барем во желбата, ја исклучува зависноста на човекот од просторот и времето, говори дека копнежот е најметафизичкото, најмистичното чувство. Само човекот копнее по тоа што никогаш не го видел, по непознатото, по можното. Само човекот копнее по Бог, апсолутно Другото.

Тој што копнее, всушност, копнее по живот, по среќа и мир, зашто само тогаш тој се смирува. Затоа и омразата и војните се победуваат само со копнежот по мир, независно колку кревка се чини силата на копнежот пред разорната сила на злото.

The post Копнежот, тајната на времето и заминатите appeared first on plusinfo.mk.

Благоухание – тајната на мирисите
Доволно е на поминување крај непозната куќа да помирисаме мирис што ни е познат од нашето сопствено детство, за да се почувствуваме веднаш вратени во времето кога ние сме биле деца. Мирисот е најефемерната, најнедофатливата, целосно невидливата, бестежинската, но, понекогаш, најсилната супстанца која има моќ да го врати само во еден миг сето богатство на слики, чувства и ликови од минатото, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Има луѓе кои се будат со чувството дека во ноќта ја сонувале својата почината мајка, затоа им се чини дека уште во носот го мирисаат нејзиниот мирис. Науката потврдува дека бебето го знае мирисот на мајка си уште од мајчината утроба. Телесната близина на мајката му сугерира заштитеност не само преку допирот, туку и преку мирисот на телото на мајката. Детето ја препознава мајка си веднаш по раѓањето по нејзиниот мирис, а тој му помага да се намали и интензитетот на болката. Во еден научен експеримент била истражена отвореноста на бебињата кон непознати луѓе. Само во случаите кога крај бебето  се наоѓало парче од облеката на мајката, со нејзиниот мирис, тоа полесно ја прифаќало и непознатата личност. Се вели дека мирисот на мајката помага кај детето да се развие визуелното внимание.

Свет без мириси- свет без живот

На празникот Духови, кој западните христијани го славеа на овој викенд, чинот на слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите понекогаш се симболизира со тоа што од покривот на црквата „паѓаат“ врз главите на верниците мирисливи лисја од цветови на рози. Во православната црква свештеникот слегувањето на Светиот Дух го симболизира фрлајќи во сите 4 правци грстови од ловорови лисја. Потоа сета црква е „послана“ со ловор! Тогаш небаре задувува  мирислив ветер низ црквата, невидливо навестувајќи го присуството на Светиот Дух, кој во правславните молитви се нарекува Животодавец.

Тоа значи, тајната на животот е поврзана со мирисот. Уште потајновит за нашите модерни уши е  старословенскиот збор за мирис или миризма, имено, благоухание. Глаголот „благоуха“ е составен од „благ“  и од „уха“. „Ухати“, на старословенски значи, „ дува“, „дувнува“, но и „диши“ и, секако, „мириса“. Благоухание е мирислив провев, мирислив ветер, нешто што се шири низ воздухот, како и нашиот здив, како дишењето кое, конечно, е самиот живот.

Миризбата на скопскиот јуни

Во Светото писмо се вели дека  Бог му „ухнал“ живот на човекот кого го создал од земја. Бог му го дарил  својот „жив здив “ на човекот. Паметам,  моите костурски егејски баби ни „ухнуваа“ на местото на кое сме се изгребале, кога како деца ќе падневме, а ние верувавме дека со тоа сме „излечени“. Зборот „уха“ и „миризма“ кои ги знам од раното детство од говорот на моите егејски баби, за мене потоа станаа шифра за најтаинственото поврзано со суштината на животот. Затоа зборот „миризма“ (а не миризба!) е клучна шифра во моето литературно творештво. Само уште старословенскиот збор за миризма е за мене поетска и филозофска шифра. Во зборот мирис или миризма уште не е јасно изговорена благоста и пријатноста. Иако има и мириси кои не се благи, кога зборуваме за тајната на мирисите секогаш мислиме на благопријатните. На мирисите на храната, на расцутената на природа, на мирудиите и лековитите треви, на парфемите. Сетилото за мирис кај човекот е поврзано со два нерва, олфакторикус и тригеминус. Вториот ги регистрира непријатните мириси кои нѐ раздразнуваат и вознемируваат, а првиот пријатните. Светот без мириси би бил без живот.

Мирисите од изминатиот живот

Значењето на мирисите досега беше присутно само во литературата, најмногу кај Марсел Пруст, но модерната наука сѐ повеќе ја разоткрива причината зошто мирисите имаат толку силно влијание врз мозокот за да може еден благ, недофатлив провев на мирис познат од минатото да го повика во паметењето сето богатство на изминатиот живот кој, понекогаш, не оставил никакви други видливи траги во стварноста, освен тој запис во архивата на нашиот мозок. Така мајка ми го гледаше пред себе сиот нејзин живот додека стоеше во густежот од зеленило кое беше израснало таму каде што пред половина век во селото Бапчор, во Егејска Македонија, се наоѓаше куќата на нејзината фамилија. Немаше ниту камен останат од старите ѕидови на куќата, немаше никаков белег од животот во неа, но мајка ми го препозна местото, каде што таа куќа стоела, според видикот кој се отворал од нејзините прозорци. Тој видик врз планинскиот превез уште беше истиот. Но, уште посилно во неа беа присутни сите мириси на нејзиниот некогашен живот. И таа како во ритуал ги редеше мирисите на нејзиното детство и младост, од мирисот на ливадите преполни со расцутени диви синолички, кој таа го чувствуваше во воздухот додека ги гледаше синозелените падини пред себе, до оној на градините во есен, преполни со зрели плодови. Тој, патем, беше најтрауматичниот за неа. Кога бегале во војната било доцно лето и сиот род во градините и полињата  останал несобран. Сепак, таа по половина век радосно ја мирисаше во умот  миризмата на својот дом. Таа на „стисовите“ на куќата, на душемето, на килимите, на чардаците, на утрата, кои за неа мирисале на топлото овчо млеко. Кога луѓето ја напуштаат својат татковина, тие ги понесуваат со себе само мирисите од изминатиот живот.

Сетилото за мирис поврзано со емоционалното паметење

Колку мора да е длабока тајната на мирисите, а со тоа и тајната на човечката душа, сознаваме токму во мигот кога ќе го почувствуваме, навидум, одамна заборавениот мирис од нашето детство, што прави веднаш да станеме деца. Во таа смисла, не мора да се вратиме на местото каде што било нашето детство, за да бидеме  еден миг пак „во него“. Затоа што повеќе од местото, детството и изминатиот живот  може да ни го врати токму миризмата. За тоа пишував првпат во романот „Снегот во Казабланка“. Науката го објаснува на егзактен начин механизмот на кој делуваат мирисите врз нашиот ум. Сетилото за мирис е анатомски тесно поврзано со деловите во мозокот кои се однесуваат на паметењето и сеќавањето. Тоа значи, сетилото за мирис, нашиот нос, има директна врска со „архивата“ на нашиот живот. Токму затоа најмалечкиот, накревкиот провев, тоа чудесно „благоухание“, може во една секунда да ги врати во животот најдалечните спомени. Да го повика пред нас, небаре е пак жив, ликот на личноста која одамна не е со нас. Мирисите ги намалуваат болките, вели науката, но психологијата потсетува дека тие може да нѐ потсетат и на трауматски доживувања од минатото. Причината за тоа е поврзаноста на сетилото за мирис со нашето емоционално паметење. Структурата на нашиот мозок, блискоста на сетилото за мирис со центарот за паметењето, е причината зошто мирисите и сеќавањето се толку длабоко поврзани. Човекот со здраво сетило за мирис може да разликува 10.000 различни мирисливи нијанси. Секој што постојано има контакт со различни мириси и се обидува да ги зпамети, со тоа ја подобрува својата перцепција.

Во некои понови истражувања за дејството на мирисите, беше утврдено дека студентите и учениците подобро ги запаметуваат содржините што им се предаваат, доколку  училницата „пријатно мириса“.  Кога низ училницата „благоуха“, пријатно провева мирисот на  лимон и портокал, тоа ја стимулира концентрацијата на учениците. Особено за децата кои наутро уште се „поспани“, миристе на лаванда или на мандарина им помагаат брзо да се „разбудат“ и да се концентрираат. При писмените работи децата правеле помалку грешки, доколку просторијата е исполнета со свежата арома на лимонот.

The post Благоухание – тајната на мирисите appeared first on plusinfo.mk.

Св. Кирил и Методиј и гордите словенски народи
„Не паѓа ли од Бога дожд  исто за сите? Не грее ли и сонцето врз сите? Не дишеме ли сите исто воздух? Како не се срамите што признавате само три јазика и сакате сите други племиња да бидат слепи и глуви?“ Овие зборови Константин Филозоф, подоцна Св.Кирил, ги изговорил во заштита на правото на словенските народи да го слават Бога на својот јазик. Неговите зборови ја имаат длабочината на јазикот на Евангелието, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Тој ги потсетува  христијаните, кои дотогаш сметале дека трите свети јазика на христијанството се само еврејскиот, грчкиот и латинскиот, дека Бог е тој што дарува и дожд и сонце и воздух, за сите подеднакво. А доколку  тие што не ги разбираат овие три јазика немаат можност да го слушнат и разберат Евангелието, да го слават Бога и да му благодарат на својот јазик, тогаш  ним им е ускратена можноста да ги чујат, да ги прочитаат и да ги разберат Христовите заповеди. А тој што не го познава Божјето слово е „глув и слеп“. Св.Кирил и Методиј се рамноапостолни светители токму затоа што тие одговараат на заветот на Христа за Апостолите: да го шират Евангелието меѓу сите народи. Нивното дело е  апостолско, затоа што тие ја продолжуваат христијанската мисија кај словенските народи.

Затоа кога денес се говори за нивното дело  според поимите на модерната нација, тоа во целост противречи на самосвеста на христијаните како Св.Кирил и Методиј. За христијанинот родот и потеклото стануваат второстепени, затоа што тој припаѓа на „новиот род“. На народот Божји, а тоа е Црквата Христова. Св.Кирил и Методиј се вложуваат себеси  и своите дарби во служба на црквата за да им го отворат патот на словенските народи  и тие со крштевањето да станат дел од народот Божји. Овој аспект денес ретко се истакнува, дури и кога во пригодните говори се раскажува за нивната Брегалничка или Великоморавска мисија. Причината за тоа е што од мигот кога словенските народи во 19 век ја прифаќаат западноевропската идеја за нацијата, за националната држава и за националната црква, мисијата на Св.Кирил и Методиј почнува да се третира како световен просветителски проект. Народот и нацијата почнуваат да се доживуваат како  „најсветото“ нешто за секој човек. Во борбите за националните држави и нови територии безмислосно се убиваат припадниците на другите словенски православни народи. А во новите национални држави се применува жестока асимилација на припадниците на словенските православни народи кои сѐ уште немаат своја национална држава. Нацијата стана апсолут и највисока вредност. Сето тоа сѐ повеќе ги оддалечуваше словенските народи од првобитниот христијански дух во кој  Св. Кирил и Методиј   ја  создадоа азбуката за црковнословенскиот јазик. Тој не беше говорен, туку богословски и литургиски јазик. Секако, азбуката го постави темелот на словенската писменост, но таа, пред сѐ, на Словените требаше да им ги отвори „очите“ да го прочитаат и да им ги отвори „ушите“ да го чујат Христовото слово во Евангелието. За да не бидат повеќе „слепи“ и „глуви“. Тоа е суштинската цел на нивната мисија, во еден христијански свет кој уште не е поделен на Исток и Запад. За тоа сведочи фактот што светите литургиски книги во превод на црковнослеовенскиот јазик, кои Св.Кирил и Методиј ги донеле со себе во Рим, биле осветени во црквата Санта Марија Маџоре.

За разлика од денешниот тесноград национален дух на многу словенски народи во кој нацијата се сакрализира во „Небеска Србија“ или се персонифицира во „Мајка Русија“, духот што ги води овие големи светители е оној на христијанската црква – Светиот Дух. Затоа се вели дека  Евангелието на црковнословенски беше преведено со помош на Светиот Дух од свети луѓе. Тоа, всушност, ги задолжува сите словенски народи на голема благодарност и почит кон Св.Кирил и Методиј и кон нивните ученици. Руската поетеса Олга Седакова напиша 2015 година по повод 24 мај дека стануваме свесни за величината на рамноапостолните Св.Кирил и Методиј само во мерата со која им  благодариме. Зашто тие направиле нешто многу поголемо од  самото создавање на азбуката. „Тие од плазмата на усните дијалекти го обликуваа новиот јазик – и со тоа го отворија патот на новата цивилизација која филолозите ја нарекуваат Slavia Orthodoxa (православно словенство). На листовите на првите словенски кодекси веќе спие тоа ќе се  пројави во лириката  на Пушкин, во прозата на Лав Толстој – заклучува таа. А јас би додала и сето тоа што ќе се пројави во прозата и поезијата на сите словенски јазици! Со право таа додава дека за народите без писменост нема историја во денешната смисла. Историјата на словенските народи, според неа, започнала  во храмот Св.Климент каде што се светите мошти на Св.Кирил. Тоа е значајно да се истакне, затоа што  утврдувањето на старословенскиот како литургиски јазик се случи во епохата на неразделената христијанска црква.

Да не беа словенските народи денес толку вљубени во себе, немаше да им биде толку тешко заедно да го слават споменот на Св.Кирил и Методиј. Тие немаше да инсистираат на ексклузивноста на својот јазик, на својата историја како „надисториска објективна вистина“, тие намеше да водат „метафизички војни“ против православните словенски браќа, како Русија против Украина. Тие немаше да го негираат јазикот на својот словенски сосед, како што со децении Бугарите го негираат македонскиот јазик. Тие уште ќе паметеа дека на сите словенски јазици им е дарувано јазичното богатство кое е овозможено од Св. Кирил и Методиј и од нивните следбеници со словенската азбука и со црковнословенскиот јазик. Од  тој непресушен извор потоа се родија и се збогатуваа сите словенски јазици. Модерните словенски јазици ја имаат легитимацијата во тој прв урнек и во неизмерното богатство од наречја и дијалекти на просторите каде што живеат словенските народи.Тој извор беше доволно длабок и доволно богат со јазичен потенцијал за да овозможи од него да се обликуваат јазиците на сите словенски народи. И на Македоците! Всушност, би можело со право да  се рече дека  јазикот на кој може да се слави Бог, да се создава жива богословска и филозофска мисла, да се твори вдахновена литература, му останува верен на духот на кирило-методиевската традиција. Тогаш тој словенски народ може лесно да најде „заеднички јазик“ со својот словенски сосед.

Затоа, кога денес некои народи го „конфискуваат“ делото на Св.Кирил и Методиј за „славата“ на историјата на само својата нација и никако не сакаат да ја споделат со другите словенски народи, тогаш овие народи забораваат дека тие ја создадоа азбуката за да им помогнат на сите Словени на својот јазик да го слават Бога. Затоа што за двајцата византиски благородници сите луѓе беа браќа. Затоа што не им беше важна славата на народот и родот, туку славата Христова. Словенските народи вистински би ги славеле  сесловенските просветители кога  кон другите словенски народи би се однесувале според христијанската заповед на љубовта. Дали според таа заповед денес се однесува Русија кон Украина? Кога словенските народи денес уште би живееле со христијанската љубов кон ближните, бугарските политичари немаше да им го отежнуваат патот на Македонците во ЕУ. Што би рекле денес Св.Кирил и Методиј за нас, словенските народи? Сочувствуваме ли како христијани со неволјата на другиот народ како што сочувствуваа тие со словенските народи кои немаа можност да го чујат словото Христово? Тие токму затоа ги преведоа литургиските книги на црковносвенски. За да можат и словенските народи да го слават Бога. Не својата нација, народ и култура, туку Бога, кој дарува и дожд и сонце и воздух подеднакво за сите. На тоа треба да нѐ потсетува секоја година 24 мај, а не на политичките суети  и  на националните фиксации на словенските народи. Паметењето на делото на Св.Кирил и Методиј треба да нѐ прави сѐ поотворени за дијалог со другите словенски јазици, кои тогаш би ги доживувале како блиски не затоа што биле „плагијат“ на нашиот мајчин јазик, туку затоа што сите словенски јазици црпат од тој силен вруток, осветен со подвигот на двајца големи светители, во слава на Бога. Колку творечки би бил тој дијалог, во кој во навидум туѓото секогаш одново ќе го откриваме ближното! И ќе ги преведуваме и разлачуваме сличностите и разликите во нашите јазици како тајни знаци на еден невидлив јазик, поголем од сите видливи јазици. Оној јазик, кој како пламени јазици се спуштил врз Апостолите на Педесетницата. Силен како огнот, кревок како благоуханието на расцутената природа во пролет.

The post Св. Кирил и Методиј и гордите словенски народи appeared first on plusinfo.mk.

Јирген Хабермас за граѓанската јавност во дигиталната ера
„Како што печатницата направи од сите потенцијални читачи, така дигитализацијата денес прави од сите потенцијални автори. Но, колку долго траеше додека сите научија да читаат?“ Ова прашање пред една година го постави најпознатиот германски филозоф Јирген Хабермас (Jürgen Habermas) со оглед на промените во јавноста во дигиталната ера. Јавноста и граѓанинот како субјект во јавниот дискурс е најважната тема во политичката филозофија на Хабермас, филозофот од втората генерација на Франкфуртската школа, кој во јуни ќе наполни 94 години, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Улогата на критичката јавност

Во септември 2022 година, тој се врати на темата за која 1962-та пишуваше во прочуеното дело „Структурните промени на јавноста“, објавувајќи ја книгата „Новата структурна промена на јавноста и делиберативната политика“, во која укажува на опасностите од новите медиуми за демократскиот јавен дискурс. Ако во 1962-та тој беше критичен за јавниот дискурс во ерата на телевизијата, радиото и филмот, неговиот суд за денешната јавност во дигиталната ера е многу попесимистичен. На европските интелектуалци во шеесеттите им се чинеше дека новите визуелни медиуми ќе ја загрозат „писменоста“ на субјектите во модерниот дискурс, која ја обликуваа печатените медиуми. Хабермас, всушност, ја раскажуваше историјата на граѓанската самосвест која, раководена од просветителскиот идеал на разумот, се обликуваше преку писменоста и образованието. Јавноста, замислена како размена на аргументи на слободномислечки граѓани, навистина претпоставува образование и критичка мисла. Само таквата критичка јавност има моќ да влијае врз политиката, веруваа интелектуалците како Хабермас. Затоа тој во 1990-тите во вториот предговор за неговото дело „Структурната промена на јавноста“ малку го коригираше својот критички суд за визуелните медиуми во шеесеттите, бидејќи сметаше дека пресвртот што се случи во Источна Европа во 1989 година не ќе беше возможен без нив.

Разбивање на јавната сфера во многу „полујавности“

Денес, во времето на „платформите“ и социјалните мрежи, во кои секој има шанса да не е само консумент на информации, туку и „автор“ на свои „постови“, Хабермас се прашува имаа ли тие луѓе доволно време да научат да „пишуваат“, за да можат да се сметаат за „автори“? Иако луѓето на социјалните мрежи добија право на глас, Хабермас во тоа не го гледа остварен „сонот“ на раниот интернет дека тој ќе ѝпомогне на делиберативната демократија. Овој модел на демократија претпоставува јавност во која граѓаните учествуваат во јавната комуникација со аргументирани мислења. Иако се чини дека денешните дигитални медиуми му нудат целосна слобода во пристапот кон информациите на секој граѓанин, модерните платформи според Хабермас ја разбија јавната сфера во многу „полујавности“, со што јавниот простор ги изгуби поврзувачките точки. Новите платформи како Фејсбук и Твитер, според него имаат некоја „чудна анонимна интимност“. Кога би се мереле според досегашните мерила, тие не би можеле да се сметаат ниту за „јавни“, ниту за „приватни“ форми на комуникација. Според Хабермас тие се „една сфера која некогаш припаѓаше на приватната комуникација преку писмена преписка“. Таа сфера денес се устоличи како јавност. За да не се загрози делиберативната демократија, Хабермас бара да се воведат барем минимални стандарди за сите онлајн-содржини. Интернет-платформите мора да одговараат за содржините, со тоа што ќе бидат казнети за лажни информации. Доколку не се стори тоа, ќе стане сѐпоголема опасноста преку модерните интернет-платформи да се загрозат основните темели на демократијата. Според Хабермас, тие се состојат во индивидуалната свест која прави разлика помеѓу „јавните и приватните изјави“, во однесувањето на сите субјекти во комуникацијата според идеалот на разумниот дискурс, како и во вербата на сите граѓани дека е можно заеднички да се обликува светот. Тој со тоа се обидува да потсети на јавната комуникација која долго време се потпираше на идеалот на еманципираното, демократско општество, чија витална сила е јавноста од слободномислечки граѓани.

Политиката и новата „дигитална јавност“

Меѓутоа, пропаста на некогашните социјалистички општества 1989 година имаше само куса епизода во која модерните визуелни медиуми, а скоро потоа и дигиталните, ја играа улогата на критичка јавност, како што кусо време веруваше и Хабермас. Само две децении подоцна, во тие општества, во кои уште не беше обликувана граѓанската свест од типот на онаа во западните европски држави, политиката успеа повторно да ги употреби медиумите како идеолошко средство, кое во транзицијата најчесто им служеше на тесните партиски интереси и на оние на новите стопански магнати. Тие групи имаа доволно силна финансиска моќ да ги поседуваат и медиумите. Политичките партии од учесниците во „новата“ дигитална јавност регрутираа свои поданици. Кога, како во Македонија, ќе се земе предвид и етничкиот карактер на најголемите партии, тогаш станува уште појасно дека транзицијата воопшто не обликуваше граѓанска критичка свест. Партократијата, популистичката политика и манипулацијата со луѓето преку национализмот и етничката припадност, сфатена во најтесна смисла, спречија во македонската политичка јавност да се формира вистинска граѓанска свест. Според сфаќањето на јавноста на Хабермас, и субјектите во македонскиот јавен дикурс би требало да ги остваруваат своите интереси само доколку можат да влијаат на политиката таа да создаде услови во кои ќе владеат законите и правдата за сите граѓани, независно од партиската или од етничката припадност. Ваквата јавност во македонската транзиција немаше шанса да се обликува, затоа што јавниот простор брзо го „окупираа“ партиите со тесно партиската, односно, етничката димензија. Тие не создава граѓани кои слободно, со аргументи и критичност, дискутираат за демократските темели на општеството, туку партиски истомисленици. „Партиските блокови“ во македонската јавност се препознаваат не само во медиумите (блиски на опозицијата или на Владата), туку и на социјалните мрежи. Тоа што Хабермас го нарекува „полујавности“, во македонската разединета јавност се „партиските полујавности“. Ако за модерната јавност, на пример, во Германија, Хабермас говори за „платформизација на јавноста“, тогаш во македонската јавност кон „платформизацијата на јавноста“ се придружува и „партизацијата на платформите“.

Не зачудува што оние малкумина критички мислечки македонски граѓани, кои досега го следеа идеалот на рационалната аргументација во јавниот дискурс, денес се целосно повлечени во приватноста, затоа што мислат дека можеби ќе ја променат политиката со тоа што ќе ја игнорираат. Меѓутоа, во нашиот дигитален свет, во кој повеќе нема разлика меѓу приватното и јавното, нема повеќе простор ниту за „приватно дисидентство“. Од друга страна, граѓанинот останува суверениот темел на општеството и во популистичката дигитална ера. А граѓанинот не може да постои без јавност, затоа што е свесен дека неговите интереси се остварливи само во демократското општество.

The post Јирген Хабермас за граѓанската јавност во дигиталната ера appeared first on plusinfo.mk.

Келнските стари скришни градини
Има квартови во Келн во кои ви се чини дека живеете во некој идиличен малечок град, со стари градски куќи, среде раскошни градини, пред и зад куќите. Такви се, на пример, квартовите Клетенберг, Зилц и Линдентал. Овие квартови имаат раскошно зеленило не само заради неколкуте големи градски паркови, со езера и канали. Притоа овие квартови, кои се наоѓаат на левата страна од Рајна, не се далеку од строгиот центар. Во нив најголемиот дел од куќите не се многу високи, најчесто два, до три ката, со поткровје. Пред нивните влезови во пролет цутат перуники и божур, сите засадени близу фасадата, која и самата често е покриена од густо преплетените гранки на дивата лоза, на бршленот. Најубавата глетка е кога целата фасада е покриена со гранките и со сините гроздови на глицинијата, која во Македонија се нарекува и син багрем, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Тоа што останува скришно за минувачите се големите градини зад куќите. Дека се работи за стари градини ќе препознате само од вршките на дрвјата, кои го надвишуваат покривот на куќите. Најголемиот број од тие куќи се изградени на крајот на 19 и на почетокот на 20 век. Затоа што се многу омилени за живеење, вистинска среќа е да се најде стан во таква стара куќа со стара, голема градина. Дека градината е стара ќе препознате по старите, високи дрвја. Кога ќе се најдете во една од тие, за минувачите невидливи градини, за миг ќе помислите дека се наоѓате во некоја земја на Медитеранот. Глобалните климатски промени направија во лето во нив раскошно да виреат палмите, маслиновите дрвја и рузмаринот. Во нив цутат мирисливи олеандри и густи грмушки од лаванда. А таквите градини барем јас ги доживувам како скришни и тајни, затоа што обично се скриени зад станбените блокови. Залепени една-до-друга, старите келнски куќи најчесто создаваат голем квадрат или триаголник. Просторот во внатрешноста на станбените блокови се нарекува „Innenhof“, што буквално значи, внатрешен двор.

Најчесто во внатрешните дворови можат да влезат само станарите. Додека минува крај редица од такви стари куќи, минувачот не помислува дека зад нив се крие вистинска рајска градина, а понекогаш дури и малечок парк. Внатрешниот двор пред куќата во која живееме е таков парк со десетина огромни, стари липи, но и други листопадни и зимзелени дрвја. Крај нив се скриени неколку градини, во кои растат само грмушки, затоа што огромните крошни на старите дрвја не пропуштаат доволно сонце за цвеќињата. Тоа е малечка шума во која живеат разновидни птици. Оваа пролет, само што ќе се раздени, почнува со работа клукајдрвецот, кој цел ден толку гласно удира врз стеблото, небаре клунот да му е од железо. Не запира со чукањето сѐ дури се смрачи, затоа што очигледно брза да го изгради гнездото. Во паркот гнездат секоја година мноштво различни птици. Во лов на инсекти, некои од нив долетуваат во густежот на анамската рака на нашиот балкон. Хорот од чрчорење на различните птици напати прави да помислите дека се наоѓате во вистинска шума. Во квартот каде што се наоѓа Келнската зоолошка градина, јата од малечки папагали постојано прелетуваат како шарен облак врз скришните градини во внатрешните дворови. Јата од папагали во меѓувреме се населија и во парковите во внатрешноста на станбените згради во други келнски квартови.

Во таквите скришни келнски градини и зелени дворови владее вистинска микро-клима, во која температурата е секогаш повисока за еден, до два степена. Sидовите на станбените блокови зрачат топлина нанадвор, што е доволно во поблагите зими на балконите да преживеат цвеќињата од минатото лето. Греењето на домовите создава микро-клима и во тесните стари келнски улици. Во нив рано цутат јапонските цреши и јоргованите, засадени близу до ѕидовите на домовите. Во минатото лето поволната микро-клима во скришните келнски градини многумина ги поттикна да одгледуваат зеленчук. Во некои такви затворени градини доматите и краставиците зрееја сѐ до крајот на септември.

Во меѓувреме и келнската градска управа стана свесна за огромното значење на зелените површини во големите градови. Затоа таа понуди проекти со кои граѓаните се поттикнуваат да го отстранат бетонот од своите дворови и тераси, да посеат трева, односно земјата на терасите да ја покријат само со крупен песок. Ним градот им нуди и стручна помош како да ја ползуваат дождовницата за наводнување на градините. За ваквите мерки за озеленување на досегашните бетонирани површини во дворовите зад куќите, на фасадите и на покривите, граѓаните може да аплицираат кај градската управа за финансиска поддршка. За програмата „Зеленило на кубик“(Grün hoch 3) градот Келн стави на располагање три милиони евра за поддршката на граѓаните кои сакаат да ги збогатат со зеленило фасадите на своите куќи, дворовите и покривите. Проектот завршува оваа година.

Додека минувам крај старите келнски градски куќи во улиците, врз чии тротоари од двете страни има високи, стари липи, чии гранки во пролет и лето ја покриваат улицата како со зелен чадор, неминовно се потсетувам на старите високи дрвја на Илинденска, на липите на Кејот на Вардар, на сокачињата во Дебар Маало, во кои до пред некоја година уште имаше стари куќи со стари градини, слични на овие во Келн. И се прашувам дали во Скопје поинаку се мери времето? Во кој век живеат тамошните надлежни служби? Не стигнало ли до нив сознанието дека климатските промени ја погодуваат и нивната иднина? Веруваат ли дека климатските промени ќе го одминат Скопје, во чиј центар има сѐ помалку зеленило? Фотографиите од осумдесеттите сведочат дека, на пример, на Плоштадот имаше стари диви костени од двете страни, со раскошни крошни кои во лето нудеа пријатна сенка.

Кога градската управа во Скопје би го следела проектот на Келн за отстранување на бетонот, за да може да се озелени целиот центар на Скопје, тогаш сигурно би требало да се отстранат тони од бетон. А од фасадите би требало да се тргне лажниот мермер, за да може, еден ден, по ѕидовите да се извиваат и преплетуваат гранките на синиот багрем. На еден стар син багрем, што растеше пред портата на една стара скопска куќа близу кејот на Вардар, како гимазијалка му се восхитував секое лето, на патот кон автобуската станица. Неговите жилави гранки и чудесните сини гроздови бдееја врз портата на куќата со голем двор, ограден со висок ѕид. Тогаш старите скопски куќи за мене беа полни со тајни и приказни, како што се за мене сега старите келнски куќи и нивните скришни градини.

The post Келнските стари скришни градини appeared first on plusinfo.mk.

Егејското бегалско наследство и отвореноста за светот
Егејското бегалското наследство не е само копнежот по напуштеното „дома“, туку и отвореноста за светот. Таа потекнуваше од силниот стремеж на егејските бегалци еден ден да се обединат со роднините кои војната ги беше однела на сите страни на светот. Затоа светот за детето во некогашното егејско гето во Југославија не беше само застрашувачки голем, поради далечината која го делеше од роднините. Тој му се причинуваше и како многу мал, затоа што најдалечните места беа дел од неговото секојдневие, од животните приказни на роднините. Така е веројатно кај сите бегалци во светот. Тие се секогаш подготвени да заминат на друго место. Оти кога еднаш ќе се напушти татковината, во која останале само гробовите на предците, потрагата по тоа „дома“, во кое тагата ќе замре, никогаш не завршува, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

На егејското бегалско наследство му припаѓа и отвореноста за светот, затоа што луѓето родени во егејските фамилии имаа многу рано допир со странските јазици. Во егејскиот круг на животот често имаше луѓе кои зборуваа грчки, полски, романски или руски. Тоа кај некои од родените во егејските фамилии во Југославија трајно ја всади љубопитноста за големиот свет, но и отвореноста за други култури. Зашто зад секој туѓ збор, изговорен од блискиот роднина, кој неколку години поминал во егзил во друга земја, детето во егејското гето си замислуваше чудесни светови. И си посакуваше еден ден да ги запознае тие непознати земји за кои раскажуваа роднините, кога се вратија кај своите во Скопје. Постојано размислувам за тоа кога денес во моето секојдневие разговарам со украински бегалци. Сепак, светот за нив денес ја нема таа таинственост, како во педесеттите за мене, кога писмата од Австралија до Скопје патуваа еден месец. Затоа што денес модерната комуникација им дозволува на сегашните бегалцисекој ден преку ZOOM или Face Тime да ги „гледаат“ своите ближни, заминати во егзил во различни земји. Светот, пак, за моите роднини значеше бескрајна далечина. Светот значеше болка и тага, бесконечно чекање повторно да ги видат најблиските.

Магијата на непознатото

Кога се одлучив да пишувам за оваа тема, одеднаш, среде зима, за миг се најдов во претоплата скопска ноќ во доцните педесетти во Скопје. Го видов блесокот на ѕвезденото небо врз егејското гето близу Автокоманда. Тоа беа горештите летни ноќи, во кои никој не можеше да спие во прегреаните одајчиња бегалски. Затоа и децата смееја да останат будни. И понекогаш, надвор, под ѕвезденото небо, да ги гледаат руските цртани бајки! Нашите први комшии, штотуку доселената егејска фамилија од Ташкент во Скопје, со себе беа донеле кинопроектор. Во таквите скопски тропски ноќи, кога сите соседи бдееја, чекајќи да залади за да си легнат, доселеникот од Ташкент ненадејно го поставуваше кинопроекторот среде двор. Тогаш децата и возрасните набрзина изнесуваа столчиња. Ги редеа во неколку редови, седнуваа, и за миг дворот стануваше летно кино. Затоа што спикерот ја раскажуваше приказната на руски, жената на соседот стоеше крај публиката и преведуваше на македонски. Тоа беше само еден од начините за егејските деца да ја доживеат магијата на странските јазици, магијата на туѓото и непознатото. Впрочем, во моето егејско секојдневие често можеше да се чуе романски или полски. Многу од нашите егејски роднини и пријатели војната ги беше однела најнапред во Советскиот Сојуз, во Полска и во Романија. Кога по некоја година, со помош на Црвениот крст, роднините од Источна Европа почнаа да се прибираат на „купче“, што на костурскиот дијалект на моите баби значење „заедно“, во Скопје, тие ги донесоа со себе и тамошните јазици. Така тие јазици станаа дел од нашето егејско бегалско наследство. Помладите двајца браќа и сестрата на мајка ми, кои од 1948-та до 1955 беа во детски дом во Романија, кога дојдоа во Скопје често се криеја во одајчето на баба ми. И си шепотеа нешто скришно меѓу себе. Скришно ми звучеше мене, на петгодишното девојче, непознатиот јазик на кој мрмореа. Дека освен нашиот мајчин јазик постојат и други јазици научив многу рано од обичајот на татко ми и мајка ми, секогаш кога сакаа да си кажат нешто скришно од децата, да зборуваат на грчки. Меѓутоа романскиот јазик на вујко ми и тетка ми за мене немаше име. Затоа беше смешен, како што беше смешно кога ние децата глумевме дека зборуваме англиски.

Како куфери…

Кон крајот на педесеттите многу наши егејски роднини тргнаа на долгиот пат преку океанот, во Америка и во Австралија. За да се соберат „на купче“ со таткото и сопругот, кој уште од Грција заминал на печалба. Тие планови се правеа со години. Тажни беа тие планови, зашто во светот се заминуваше со брод, на долго патување преку океанот. Уште потажно беше што сите знаевме дека тие роднини нема никогаш повеќе да ги видиме. Никогаш повторно не го видов вујко ми што замина 1956-тата во Австралија. Притоа, немаше ниту една од роднинските фамилии што успеа да се собере „на купче“ во новото „дома“, преку океанот или во Скопје. Впрочем најскапоценото „дома“ беше тоа напуштеното во Граѓанската војна, во Егејска Македонија. Тоа кое беше изгубено засекогаш. Таму беа останати понекогаш родителите на тие кои како деца беа однесени во детските домови во Источна Европа. Од татковата фамилија „зад границата“ беа останале фамилиите на најстариот брат и на двете сестри. Од мајкината фамилија „дома“, во Егејска Македонија остана само сестрата на дедо ми и нејзиниот син. Тој во Граѓанската војна беше регрутиран во грчката армија. Со нив се видовме дури кон крајот на шеесеттите, кога нѐ посетија во Скопје.

Затоа што животот ги „тркалаше“ моите егејски роднини како куфери од држава во држава, сите постојано стравуваа од тоа да не им се случи повторно некој од тие што се „на купче“ во Македонија, да се „распади“ во светот. И, сепак, денес од сите страни на светот ми се јавуваат луѓе со егејско потекло. Луѓе како мене, родени во Југославија или во земјите од Источна Европа, пораснати во македонските егејски гета. Ќерката на најдобрата пријателка на мајка ми од младоста во Бапчор, живее одамна во Шпанија, како што јас живеам веќе неколку децении во Германија. Нашите мајки, додека беа живи, во Скопје се среќаваа за да си ја раскажуваат тагата по своите ќерки, заминати во светот. Така, како што моите егејски баби си ги раскажуваа една на друга писмата од синовите заминати во Австралија и Америка. Нашето егејското наследство е ѝспособноста совршено да се интегрираме во новата средина. Да го прифатиме туѓиот јазик со сето срце, за да стане нашиот втор мајчин јазик. Затоа што ние, егејските деца, никогаш не го заборавивме восхитот за туѓите јазици, додека во егејското гето во Скопје ги слушавме нашите тетки и вујковци како си шепотат скришно важни нешта на еден по малку смешен јазик.

The post Егејското бегалско наследство и отвореноста за светот appeared first on plusinfo.mk.

Што паметат Македонците, што забораваaт Бугарите
Во македонските и во бугарските медиуми во последните две години најбурните дискусии се водат за тоа што се случило во Македонија и Бугарија во периодот на Втората светска војна. Во исто време, македонските политичари, од  голема  желба за брз напредок во македонско-бугарското пријателство, често велат дека требало да се заборави минатото и да се мисли на иднината. Тоа би било прекрасно, доколку минатото би можело навистина да се заборави – по желба, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Иако, парадоксално, минатото некогаш навистина се заборава – најчесто несвесно. Затоа што тоа се случува под дејство на ненадминатата траума токму од тоа минато. Доволно е да проследите една дискусија на некој ФБ-профил, на македонски или бугарски корисници, на темата Втора светска војна, за да ви стане јасно дека тоа воопшто не е неутрална тема во двете општества. Притоа многу се разликува претставата на едните и на другите за вмешаноста на  тогашната бугарска држава како сојузничка на Третиот Рајх, на пример, во Холокаустот. Разликата зависи од начинот на кој се однесуваат кон траумата од Втората светска војна денешните Бугари и денешните Македонци.

Наследени трауми

Притоа таа траума не е нивната лична траума. Некои од нив се родени неколку децении по крајот на таа војна. Ненадминатата траума е таа на нивните предци. На тие кои живееле во времето на Втората светска војна, во Македонија и во Бугарија, но, во различни констелации. Зошто тогаш толку горешто таа траума владее со  мислите и чувствата на  нивните потомци? Психологијата го знае одговорот: затоа што тие таа  траума ја наследиле од своите предци! Во таа смисла, реакциите  од двете страни на бугарско-македонската граница се обликувани од тоа  кои спомени кај нив ги буди тоа минато. Тоа што многу македонски граѓани не сакаат никако да го заборават, очигледно  многумина бугарски граѓани се обидуваат по секоја цена да го заборават, напати „разубавувајќи” ги истите трауматични настани.

И  двете страни го прават тоа од иста причина – сопствената наследена траума. Разликата е во содржината на траумата на секој од нив. Секако, различни се и чувствата кои ги предизвикува наследената траума кај денешните Македонци и кај денешните Бугари. Кај едните траумата раѓа  емпатија со страдањето на предците кое тие по секоја цена сакаат да го запаметат.  Кај другите, доколку критички и искрено се соочат со вмеашноста на своите предци, на пример, во Холокаустот во Македонија, наследената траума, најнапред, ќе разбуди срам и тага. Токму затоа побрзо го „потиснуваат“ срамот и тагата „бегајќи“ во една „разубавена“ претстава за учеството на сопствените предци во Втората светска  војна. Во Германија за брзото „потиснување“ на мрачното минато по војната помагаше силниот работен елан и желбата за обнова на разурнатата земја. Сѐ до крајот на шеесеттите! Тогаш се појави книгата на психијатрите  Александар и Маргарете Мичерлих, „За неспосбноста да се тагува“, а потоа и Студентските протести во 68-та. Не само делото на Мичерлих, туку и делата на Теодор В. Адорно, на Хана Арент,  на Карл Јасперс, на Хајнрих Бел, но и на редица други историчари и филозофи,  беа катализарот кој го подготви западно-германското општество  да се соочи со  сопственото мрачно минато, а потоа и да се помири со соседите.

Можно ли е вистинско помирување

Затоа мора да се запрашаме, можно ли е да започне вистинското помирување меѓу Бугарите и Македонците, кога уште не се одиграло  критичкото соочување на денешните Бугари со сојузништвото со Третиот Рајх  на своите предци? Всушност, со „одбивањето“ да ја прифатат, благо речено, „симпатијата“ на своите предци за националсоцијализмот, денешните Бугари го пројавуваат психолошкиот механизам, типичен за ненадминатата трума. Онаму каде што сеќавањето е најболно, тие го „отфрлаат“  сеќавањето од себе, припишувајќи ја вината на другите– на Германците. Затоа е толку значајно критичкото соочување на колективот со своето трауматично минато. Табуизирањето на еден историски период не нѐ ослободува од тежината со која ненадминатата траума „бдее“ врз   сегашноста. Затоа што, како што јасно укажа германската  писателка Криста Волф ( Christa Wolf) уште 1976 во времето на ДДР, „минатото не е мртво;  тоа дури не е ниту изминато. Ние го одвојуваме од нас и се однесуваме кон него како да ни е туѓо“. Таа ова го вели во книгата „Урнек на детството“ („Kindheitsmuster”). Во овој роман таа се соочува со сопствената траума, настаната од  војната и протерувањето на нејзината фамилија од денешна Полска. Во тие неколку кратки реченици таа никаде не говори за траума или за наследена траума, но, сепак, во нив многу јасно е опишан механизмот на потиснатата, ненадмината траума која се одиграла во нејзиното детство.

Сознанијата за наследената траума  од војните и погромите би помогнале подобро да се разберат сложените односи помеѓу Бугарија и Македонија. Тогаш тие би почнале да  сознаваат зошто треба да стапат во  рамноправен  дијалог за историјата, која е секогаш различно доживеана од едниот и од другиот народ. За тоа е погубно инсистирањето на едната страна, во овој случај, Бугарија, дека има „само една историска вистина“. Различните констелации на едниот и на другиот народ, во истиот историски контекст, го обликуваат и  неговото толкување. Има психолзи кои поаѓаат од тоа дека одредени трауматски доживувања може да се пренесуваат и на неколку генерации, а со тоа да го обликуваат особениот „хабитус“ или „менталитет“ на едно општество и народ. Таков е германскиот социолог Норберт Елиас (Norbert Elias) кој во книгата „За Германците” уште 1989 напиша дека „како што во развитокот на единките  во  сегашноста продолжуваат да делуваат доживувањата од изминатите периоди, така е и во развитокот на една нација“.

Амнезија и романтизирање

Кога ова сознание ќе се постави во контекстот на  Македонија и Бугарија по бугарското вето, помислувам дека проблемите на  Македонија на патот кон ЕУ произлегуваат од ненадминатата траума на бугарските граѓани во Бугарија, чии предци биле емигранти од Македонија по неколкуте војни во дваесеттиот век. Бројката на емигранти од Македонија во Бугарија по Балканските војни, по Првата и по Втората светска војна била многу голема. За жал, ретки се потомците на тие бегалци од Македонија по војните кои, како бугарската писателка Капка Касабова, денес се обидуваат ненадминатата траума на нејзината баба и мајка, која и самата ја наследила, да ја надминат за себе, но, и во нивно име, посетувајќи го Охрид и пишувајќи роман за својата потрага по фамилијарниот идентитет. Нејзината потрага го следи урнекот на модерното психолошко надминување на наследената траума. Со тоа што таа, во третата генерација, се враќа на местата на кои започнала траумата на нејзините предци кои, од кои било за нив егзистенцијални причини, биле присилени да ја напуштат татковината Македонија, таа го „помирува” на литерарен, рефлексивен начин минатото со сегашноста.

Меѓутоа, ненадминатата траума од војните, од борбата за ослободување  на Македонија, во која често имало расцепи и предавства, „ликвидации” за кои раскажуваат историските читанки и во Бугарија и во Македонија, често доведува до „потиснување” на грдото во тоа минато.  Потиснувањето на траумата води или кон амнезија или кон „романтизирање” на паметењето на напуштената татковина. Многу веројатно е дека во мигов се „борат” (дури и само имагинарно!) две перцепии за тоа „што се Македонците и Македонија”. Едната перцепција е онаа на потомците на предците на денешните Бугари со потекло од Македонија. Тие кои некогаш ја напуштиле Македонија и останале во Бугарија, сонувајќи ја таа Македонија која за нив останала „конзервирана” и непроменета во времето. Другата перценција за тоа „што се Македонците и Македонија” е таа на оние кои останаа во Македонија и на нивните денешни потомци, изложени на траумите од постојано новите војни, освојувања и жестоки политики на асимилација. Тие токму низ тие трауми од војните и окупациите стануваа сѐ посвесни дека не се ништо друго, туку само Македонци. Затоа што беа искусиле дека од нив Грците сакаа да направат Грци, Бугарите, пак, Бугари, а Србите, секако, Срби. И ова трауматично историско искуство е дел од националниот идентитет на Македонците. Тоа, конечно, треба да го прифатат и денешните Бугари, особено кога тие се потомци на некогашните Македонци кои заминале во Бугарија. За жал, многу од овие Бугари со македонско потекло, кои денес имаат среќа да се ЕУ-граѓани, „паднаа” пред искушението да „ги уценат” денешните Македонци. Тие со тоа им нанесоа нова траума на Македонците, но сигурно не ја надминаа ниту својата наследена траума. Прашањето е: до кога ќе го повторуваат тој „балкански урнек“ дури и во ЕУ?

The post Што паметат Македонците, што забораваaт Бугарите appeared first on plusinfo.mk.

Адвент – четирите недели пред Божиќ во германските фамилии
Токму кога годината се приближува во декември на својот крај, а природата секој ден сѐ порано потонува во вечерниот мрак, во германските фамилии децата со нетрпение го очекуваат „Адвент“. Во западноевропскиот христијански свет Адвент го означува, пред сѐ времето на четирите недели пред Божик. Зборот потекнува од латинскиот „Аdventus“,(доаѓање) или „Аdventus Domini“ (доаѓањето на Господа) и се однесува на времето пред празникот на Христовото раѓање, Божиќ. Тоа време за Германците е исполнето со обичаи кои ја симболизираат предбожикната радост. Во католичката црква со првата недела на Адвент започнува новата црковна година. За разлика од православната црква, во која таа започнува на 1 септември, во католичката црква тој датум паѓа на почетокот на првата недела во Адвент. Тој може да биде во деновите од 27 ноември до 3 декември. Оваа година првата недела на Адвент беше вчера, на 27 ноември, пиува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Време на пост

Во раните христијански столетија и во католичкиот свет денешното најблескаво, најслатко и најмиризливо време од годината беше време на постот, покајанието и духовната подготовка за средбата со празникот на Христовото раѓање. Затоа и во католичката црква тој период започнуваше на  Св. Мартин(11 ноември)  и завршуваше на Богојавление (6 јануари). Предбожикното време со векови во католичкиот свет беше исполнето со пост и молитва, но по 1917 католичката црква го укинува постот, а времето на Адвент се ограничува на четирите недели пред Божиќ.

Адвент во литургиската симболика се означува со виолетовата боја на свеќите за првите две и последната недела, додека бојата на третата недела е розовата. Во католичките цркви во првата недела на Адвент се поставува на високо постолје или виси, закачен на таванот, голем венец од зимзелени гранки, украсени со виолетови ленти. Тогаш се пали првата свеќа, на која секоја недела ѝ се придружува следната. Во католичката и протестантската црква секоја недела има сопствено литургиско значење. Првата недела е посветена на Второто доаѓање на Христа, па се читаат извадоци од Откровението Јованово. Втората недела е во чест на Св.Јован Крстител, предвесникот на Хриството Раѓање, а третата е во знакот на Божикната радост, па затоа и литургиската боја е розова. Во последната недела се слави Богородица.

Со почетокот на Адвент, денес секојдневието во германските градови се преобразува во еден бескраен претпразничен ритам кој во последните три децении сѐ повеќе е диктиран од прехранбената индустрија, но и онаа за секакви божикни украси. Кога речиси пред 40 години се преселив во Германија, Адвент уште имаше многу приватна атмосфера. Таа се остваруваше со украси во домовите кои секој ги правеше сам. Многу од нив беа уште од најприродни материјали, а доминираа две бои, зелената и црвената, односно пурпурната. Денес се чини дека модерниот конзум се обидува во предбожикното време да биде колку што може поблескав и погласен. Додека порано во големите стоковни куќи се слушаа божикните песни како тивок, заднински ритам, денес традиционалните божикни песни, но и модерните божикни хитови, ја надгласуваат вревата на купувачите.

Секако, една е логиката на конзумот, а друга таа на традиционалните обичаи кои, за среќа, уште многу луѓе во Германија успеваат да ја сочуваат. Имено, целта на предбожикното време, како збир од обичаи во фамилиите, е да се израдуваат децата. Ним, почнувајќи од празникот Св. Никола на 6 декември, им се чини дека времето до Божиќ е многу долго, затоа што нестрпливо ги очекуваат Божикните подароци. Така во 19 век најнапред во протестантската црква е воведен „адвентскиот венец“. Додуша, првиот адвентски венец, воведен во протестантскиот Хамбург во дом за сираци за да се внесе радост во нивното безлично секојдневие, бил едно тркало од кочија, врз која Јохан Хинрих Вихерн (Johann Hinrich Wichern) поставил 4 големи свеќи. Подоцна обичајот со адвентскиот венец од зимзелени гранчиња и четири свеќи станал омилен, на пример, и во католичкиот Келн. Така тој подоцна станал типичен за  германското предбожикно секојдневие.

Адвентски венци

Нема германски дом во кој на масата во првата недела не се поставува „Adventskranz“. Потоа се пали првата свеќа и се пеат првите Божикни песни во Адвент, а роднините и пријателите си испраќаат адвентски честитки. Секако, за магијата на ова најубаво веме во годината во германските фамилии се задолжени мајките. Тие ги украсуваат заедно со своите деца домовите, дворовите, прозорците на куќите. Адвентското, предбожикното украсување е врвот на годината и во училиштата. Затоа во Адвент одеднаш светот почнуваа да блеска со секакви светилки, со што зимскиот мрак се ублажува. Се‘ почнува да се зеленее и црвенее!

Тркалезните венци за Адвент обично имаат радиус од 25-40cm. Се прават од бор, туја, елка, но и од шимшир, илекс и бршлен. Во последно време како материјал кон зимзелените дрвја се придружија и медитеранските, како маслинки, рузмарин, евкалиптус, ловор или мирта. Откако ќе се приближи крајот на ноември, уживам да го преобразувам домот со предбожикни украси. Сечејќи од бел картон безбројни бели ѕвезди со кои од стаклата на прозорците правам вистинско ѕвездено небо. Секако, и адвентскиот венец го правам сама, од секакви зимзелени и медитерански растенија кои, за среќа, не ги има само во германските цвеќари и пазари, туку и во многу градини. Уживам да одам на пазар во Адвент и да трагам по егзотични зелени гранки. Најубави и најмиризливи се адвентските венци кога во празнината од кругот се ставаат мандарини, јаболка и ореви, со свеќи од чист восок. И, секако, за мене адвентскиот венец е најубавиот кога во празнината на неговиот круг ставам црвени калинки, за мене симболот за Македонија. Всушност, нема граници за творечката фантазија во украсувањето на адвентските венци за масата, но и за влезните врати, за прозорците, за ѕидовите, за огништето. Тие, се разбира, се особено убави кога се украсуваат со големи црвени кадифени и свилени ленти.

Од првиот ден од Адвент, па сѐ до 24 декември, за германските деца важи и еден друг календар. Календарот со вкусот на големото изненадување и на ситните подароци и чоколатца! Во календарите за децата во Адвент кои, се разбира, се најубави кога мајките самите ќе ги направат за своите деца, секој ден се отвора една вратничка или една ќесичка со малечко подароче. Тоа за миг го смирува нестрпливото очекување на поголемите подароци за Божиќ! Низи од шарени хартиени ќесички или платнени торбулиња, полни со колачиња и чоколади, во германските домови се закачуваат на вратите, на прозорците, на витрините во кујните. И го преобразуваат домот во вистинска шарена зимска приказна, во блескава предбожикна бајка. Адвент за Германците е времето кога се посетуваат и се канат на божикни слатки и варено слатко вино, пријателите и роднините. Особено кога на викенд напладне минувате крај германски домови, воздухот околу нив мириса на цимет и ванила, на чоколада, на топли вафли, на божикни слатки. Тоа е затоа што божикните колачи мајките ги прават заедно со децата обично за викендот, кога сите имаат повеќе време.

The post Адвент – четирите недели пред Божиќ во германските фамилии appeared first on plusinfo.mk.