капитал Archives - plusinfo.mk

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВИКА ДА СЕ СОЗДАДЕ ОБЕДИНЕТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР НА КАПИТАЛ Европа да стане вистински глобален гигант
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската Унија, за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се согласуваат сите 27 членки.

– Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија. Тоа е фрагментација на стероиди. Потребен ни е еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал – им порача денеска Фон дер Лајен на пратениците во ЕУ во Стразбур.

Наспроти тоа, Соединетите Американски Држави имаат еден финансиски систем, еден пазар на капитал и неколку други финансиски центри, додаде таа.

Европската комисија предложи насочување на националните правила, за да се создаде таканаречена унија за штедење и инвестиции. Сепак, хармонизирањето на финансиските правила во Европа се покажа како тешко во минатото.

Фон дер Лајен ги повика пратениците да постигнат брз напредок и нагласи дека е подготвена да продолжи со законодавството дури и ако не се подготвени сите земји од ЕУ да ги скратат своите национални правила.

– На нашите компании им треба капитал токму сега. Затоа, ајде да го завршиме ова годинава. Мораме да напредуваме, на еден или на друг начин, за да ги урнеме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант – додаде Фон дер Лајен.

Говорот на претседателката на Европската комисија доаѓа пред серија настани фокусирани на подобрување на европската конкурентност, вклучувајќи го индустрискиот самит во белгискиот град Антверпен и утрешниот собир на лидерите на ЕУ.

The post ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОВИКА ДА СЕ СОЗДАДЕ ОБЕДИНЕТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР НА КАПИТАЛ Европа да стане вистински глобален гигант appeared first on plusinfo.mk.

НАРОДНА БАНКА ГИ ЗАОСТРУВА МЕРКИТЕ КОН БАНКИТЕ Од следната година банките ќе треба да го зголемат резервниот капитал за 1,75%
Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките( резервен капитал во случај на ризик) ќе изнесува 1,75%, одлучи Народна банка по редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци.

Тоа е зголемување на оваа стапка за дополнителни 0,25 процентни поени.  Стапката, пак,  на противцикличниот заштитен слој на капиталот којашто ќе се применува во јули 2025 година се задржува на нивото од 1,5%, како и во претходниот квартал.

Според НБ, зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот до 1,75% има превентивен карактер и ќе придонесе кон натамошно јакнење на сопствените средства на банките, а со тоа и јакнење на нивната отпорност.

„Оваа одлука ќе придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, додека сѐ уште постојат ризици во домашната и светската економија. Одлуката се заснова врз оцената дека сѐ уште постојат неизвесности од окружувањето, во услови на сигурен и стабилен банкарски систем, со подобрена солвентност и соодветно ниво на ликвидност, како и ниско системско остварување на кредитниот ризик. Профитабилноста на банките, иако поумерено, и понатаму се зголемува и претставува основа за натамошно јакнење на нивната  солвентност. Со оваа одлука дополнително се зајакнува и претпазливоста на монетарната политика“, се наведува во соопштението.

Од НБ додаваат и дека јакнењето на сопствените средства на банките  е предуслов и за соодветна кредитна поддршка на граѓаните и на компаниите.

Заштитните слоеви на капиталот се инструменти на Народна банка, чијашто основна намена е зајакнување на солвентната позиција на банките и нивна поголема отпорност на непредвидени загуби во работењето. На тој начин се зајакнува и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, но и на целокупниот финансиски систем.

Противцикличниот заштитен слој на капиталот е наменет за заштита на банките од ризиците од промените во кредитниот циклус. Овој заштитен слој се воведува или се зголемува во периоди на значаен кредитен раст, а се намалува или се ослободува во периодите кога ќе се промени кредитниот циклус. Имено, во услови на висок кредитен раст, за банките се воведува обврската да го зголемуваат нивото на капитал со кое располагаат. Ваквата обврска, од една страна ја подобрува способноста на банките за покривање на кредитните загуби коишто можат да произлезат од високиот кредитен раст, а од друга страна, влијае и кон намалување на висината на тој раст, бидејќи ги зголемува трошоците на кредитирањето.

The post НАРОДНА БАНКА ГИ ЗАОСТРУВА МЕРКИТЕ КОН БАНКИТЕ Од следната година банките ќе треба да го зголемат резервниот капитал за 1,75% appeared first on plusinfo.mk.

Новата глобализација и инвестиции во зелена транзиција, дигитализација и човечки капитал
Економската теорија, вели дека со специјализација во производството се постигнува поголема ефикасност и се намалува цената на производот. Тоа е суштината на теоријата на компаративни предности на Дејвид Рикардо, која се заснова на придобивките од меѓународната трговија за земјите кои се насочуваат кон специјализирано производство со најмал опортунитетен трошок. За да се разберат ефектите на глобализацијата и синџирите на добавување врз цените, на пример, можеби е најдобро да се навратиме на економските основи – понудата и побарувачката. Глобализацијата значи дека потрошувачите можат да добијат стоки по пониска цена од земји кои имаат помали трошоци на труд или технологии за зголемување на продуктивноста на производството. Поголемата трговска глобализација значи зголемена понуда на добра и во одредена мера на услуги. Поголемата понуда значи пониски цени, доколку сите останати фактори се исти.

Во изминатите 50 години, глобализацијата беше движена од евтин капитал, евтина енергија и евтина работна сила. Сега, кога каматите на меѓународните пазари растат, како и цената на трудот во Азија, додека инвазијата врз Украина ја вивна цената на енергентите, се покрена прашањето на деглобализација, или основите на меѓународната трговија и инвестициите какви што ги знаеме. Некои автори аргументираат дека последните кризи, поврзани со глобалните синџири на добавување, укажуваат на потребата од самоодржливост за поголема отпорност на економиите и помала нееднаквост. Водени од застоите кои се случуваа за време на пандемијата и војната помеѓу Русија и Украина, бизнисите се соочија со ситуација во која за да обезбедат непречени процеси, мораа да се свртат кон кратење на синџирите на добавување и беа подготвени да платат повеќе за покуси и посигурни синџири на добавување.

Годината која измина, остави белег во глобалната економија, еднаков со Бретон Вудс во 1971, обединувањето на Германија во 1990 и глобалната финансиска криза од 2008 година. За прв пат од 1970-тите, светот се соочува со нерамнотежа водена од намалување на економскиот раст, заедно со брз раст на инфлацијата. Зголемената гео-економска фрагментација, ранливоста на финансискиот сектор, растот на цените, високите нивоа на долгови, како и климатските промени, имаат силно влијание, особено кај пазарите во развој. Стана јасно дека се потребни нови модели за ефективен одговор на тековните состојби, но и долгорочни промени во системите. Сегашните кризи, помеѓу другото, укажаа и на системски недостатоци акумулирани со тек на времето. Тесната визија за системите како сектори, а не вистински мултидисциплинарни динамични ентитети, особено во контекст на Четвртата индустриска револуција и климатските промени, е исто така една од пречките.

Менувањето на правилата во тековниот контекст, беа адресирани на Годишните состаноци на Светскиот економски форум во Давос. Изминатата недела, дискусиите на носителите на политиките, приватниот и невладиниот сектор, беа насочени токму кон „соработка во фрагментираниот свет“. Иако, постојано беше нагласувано дека за да економијата се врати на вистинскиот пат и реализираат целите на одржлив раст, потребно е понатаму да се зајакнува соработката, но и да се работи на новите системи за соработка. Потребно адресирање на состојбите преку воспоставување на нови системи во контекст на енергијата и климата; инвестициите, трговијата и инфраструктурата; користењето на новата генерација технологии за иновации и отпорност на приватниот сектор; инвестирање во работна сила и вештини; и нов систем на дијалог и соработка во мултиполарниот свет.

Како што ќе каже основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, тешко е одделно да се решаваат проблемите, бидејќи сите тие се меѓусебно поврзани и потребен е холистички пристап за добри резултати. Ова се гледа во секое од полињата на интерес понатаму, трговијата и инвестициите се поврзани со технологијата, технологијата со зелената транзиција со инвестирањето во нови вештини и работна сила итн.

Справување со глобално високите стапки на инфлација, низок економски раст и висока задолженост преку нов систем на инвестиции и трговија

Соочувајќи се со голем број на кризи за релативно кус период, односно пандемијата, геополитичките тензии, нарушувањата на синџирите на добавување, високата инфлација и забавувањето на растот, кризата со храна и енергија беше добар патоказ за она на што треба да се работи во иднина. Исто така, фискалниот простор е значително стеснет, а финансиските услови заострени, додека проблемите со синџирите на добавување и растот на протекционистичките мерки влијаеја на глобалната трговска агенда. Во овие нарушени услови, светските лидери во Давос, логично, го адресираа прашањето на понатамошната соработка, деглобализација и гео-економска фрагментација, како и можноста за реглобализација (нова глобализација).

Трговијата и инвестициите се двигателите на економскиот раст, движејќи ги иновациите, движењето на капитал и на know-how. Очекувањата на Светската Трговска Организација (СТО) се дека растот на трговијата ќе забави во 2023 година, поради инфлацијата, високите трошоци за енергија, затегнувањето на монетарната политика, кусоците на храна и ѓубриво и растечкото ниво на долг во земјите во развој. Прашањето е како истата да се придвижи и насочи кон градењето на зелена и инклузивна иднина.

Лидерите на меѓународните финансиски организации порачаа до носителите на политиките и приватниот сектор да бидат прагматични и да соработуваат, односно како што истакна директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, потребно е глобалната економија да остане интегрирана за добробитта на сите. Директорката на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, истакна дека проблемите не може да се решат без мултилатерализам, соработка и трговија. Инаку, живееме во време кога технологиите ја менуваат физичката трговија побрзо од кога било, како вештачката интелигенција, DLT, 3D печатење, паметните сензори итн., носат поголема еластичност на синџирот на снабдување, прекугранично тргување, подобро управување со ризикот и ублажување на финансискиот криминал. Во оваа насока потребна е поголема соработка за спроведување на процесите на дигитален идентитет, подобрување на оперативноста на системот и регулаторната средина. Исто така, технологијата е од исклучително значење за намалување на трошоците и зголемување на трговијата на услуги.

Во 2020 година, со пандемијата, странските директни инвестиции се намалија за 35%, додека во 2021 година остварија подобрар резултат. Во 2022 година, глобално се забележува забавување како резултат на предизвиците со примарните производи и финансиските услови. Потребата од воспоставување на одржливи инвестиции е исто така клучна, како и можноста за лесно движење на странските директни инвестиции, преку мултилатералните договори кои ја олеснуваат соработката меѓу земјите. Акцентот е ставен на транспарентноста во правилата и регулативата, координацијата помеѓу економиите, како и на иновативните инструменти како развојни програми за добавувачи, датабази на добавувачи, датабази на одржливи инвеститори кои ќе го подобрат капацитетот и поврзувањето.

Нови системи за енергија и справување со климатски промени во контекст на тековните кризи за енергија и храна

Речиси половина од светската популација, или околу 3,3 милијарди луѓе живеат во области во кои се високо подложни на климатските промени. Трошоците за соочување со климатските промени ќе пораснат на 340 милијарди американски долари годишно до 2030 година. Од повеќе аспекти, вклучително и фискални, неопходно е спроведување на поставените таргети за намалување на емисиите. Сепак, податоците покажуваат дека актуелната состојба не одговора со целите поставени со Парискиот договор. Геополитичките шокови, како војната во Украина, придонесоа за зголемена употреба на јаглен, чие производство се зголеми за 1,2%, надминувајќи 8 милијарди тони годишно, за првпат од 2013 година, покажуваат податоците на Меѓународната агенција за енергетика. Најголем дел од анализите покажуваат дека за да се ограничи глобалното затоплување на 1,5°C, потребно е емисиите на стакленички гасови да се преполови до 2030 година.

За да се постигнат целите за климатските промени согласно Парискиот договор, потребно е земјите, како развиените, така и економиите во развој, да спроведуваат политики со кои ќе се трансформира начинот на кој се произведува, троши и инвестира, што секако ќе има импликации во трговијата. Потребни се транзициони иновативни технологии, ефикасни мерки и горива со ниски емисии. Потребна е соработка помеѓу земјите, особено поддршка за земјите во развој. Како што посочи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Давос, “конкуренцијата и трговијата се клучот за забрзување на еколошките технологии и климатска неутралност“.

Енергетската трансформација е тесно поврзана со климатските промени, што најмногу дојде до израз во текот на изминатиот период. Мерките кои се однесуваат на енергетската транзиција се однесуваат на иновативните технологии и зголемување на енергетската ефикасност, како и одвојување на економскиот раст од потрошувачката на енергија, особено кај земјите во развој. Зелената технологија е во подем и во изминатата декада, благодарејќи на постојаните подобрувања соларната и енергијата од ветер стануваат се поевтини. Според некои пресметки со 2050 година, транзицијата од фосилни горива кон соларна и ветерна енергија ќе заштеди глобално 12 трилиони американски долари. Тековната криза треба да биде изговор за да се останеме на политиките кои ја поддржуваат транзицијата кон поодржливи извори на енергија, и да се искористи овој момент за да се развијат поамбициозни, сеопфатни и одржливи планови за инвестиции во инфраструктурата кои ќе му помогнат на светот да ги исполни целите до 2030 година.

Новите технологии се оние кои можат да придонесат кон поголема продуктивност и одржливост во земјоделството. Тие можат да помогнат во тестирањето на квалитетот на почвата, на сеидбата, следење на здравјето на културите, проценка на обработката на почвата, како и поврзување со нови добавувачи и откупувачи.

Користење на придобивките од развојните технологии за подобрување на иновативноста и отпорноста на приватниот сектор

Четвртата индустриска револуција, климатските промени и геополитичката фрагментација имаа влијание врз одлуките на приватниот сектор за нови инвестиции. Проценките се дека околу 70% од новата вредност создадена во глобалната економија ќе дојде од дигиталната технологија. Дигитализацијата навлегува во секој економски сектор и ги прави адаптибилни на новите услови. Поддршката на малите бизниси за приклучување кон дигитализацијата, може да осигури побрз и одржлив раст. Од друга страна, дигиталните платформи за земјоделски производи, како Фарм Пас им помага на милиони земјоделци во руралните области да добијат фер цени, како и финансии за да го прошират својот бизнис. Вештачката интелигенција, исто така се очекува да даде значителен придонес во многу сектори, како производството, земјоделството, фармацијата, здравствени услуги и грижа итн. Иновативноста и приспособливоста во следниот период ќе бидат оние кои ќе ја осигураат одржливоста на бизнисот.

Поттикнувањето и поддршката на директните инвестиции во областа на дигитализацијата, како во е-трговија и финтек, може да даде значајни поддршки за економијата во насока на отворање на нови работни места, особено во пост-ковид периодот.

Инвестирање во работна сила и градење на вештини

Уште едно прашање кое би требало да се опфати при поставувањето на новите економски правила и односи се трудовите статистики, кои покажуваат дека голем број на работници, и покрај глобалната економска криза, ги напуштаат своите работни места или размислуваат да дадат отказ. Во економиите во развој, пак, како резултат на забавувањето на економскиот раст, се создаваат притисоци од аспект на невработеноста и социјалната стабилност. Оттаму, во овие услови клучни се силни инвестиции во образованието, вештините и здравствената заштита, со што ќе се одговори соодветно на побарувачката за труд.

Новите потреби, како зелената трансформација, и новите технологии отвораат потреба од нови работни места, додека постоечки веќе не се потребни. Работодавците ширум светот се повеќе се фокусираат на вештините и знаењата на работниците, повеќе отколку на дипломите и поранешната работна историја. Оттаму, инвестициите во развојот на одредени вештини, може да биде многу ефикасен одговор на потребите на пазарот на труд.

Краткорочни очекувања

Светските лидери и првите луѓе на меѓународните финансиски институции минатата недела дадоа пооптимистички прогнози за економијата во 2023 година, но сепак повикаа на понатамошна внимателност, предизвиците ќе продолжат. Очекувањата се дека новите проекции за глобалниот раст ќе бидат ревидирани нагоре, посочи и директорката на ММФ, Георгиева.

Позитивни сигнали има и од страна на големите американски инвестициски фондови кои очекуваат 2023 година да стане исклучително поволна за нови инвестиции. Следниот инвестициски циклус, како што се очекува ќе биде придвижен од иновациите.

Сè уште остануваат предизвиците како геополитичките тензии, временото забавување на економијата на САД и дел од земјите на ЕУ, но и новите карантини во Кина. Од друга страна се очекува и забавување на инфлацијата, стабилизирање на цените на енергијата и корпоративните добивки. Очекувањата на некои финансиски експерти се дека 2023 година, популарно кажано е дека ќе биде „бикова година“ иако првичните прогнози од некои меѓународните институции се поконзервативни.

На домашен план, и покрај неколкуте истовремени кризи, меѓународните финансиски институции проценуваат дека среднорочната траекторија на македонската економија е во нагорен тренд. Во рамките на Западен Балкан, нашата економија е трговски најотворена, што укажува на подготвеноста за справување со конкурентски притисоци и вклучување во глобализациските текови. Бруто инвестициите, како процент од бруто домашниот производ, се исто така, на историски прилично високо ниво. Остануваме целосно посветени на поттикнување на инвестициите во приоритетните области на одржливиот развој, како што се зелената транзиција, физичката инфраструктура, дигитализацијата, човечкиот капитал и друго, како и унапредување на политиките и реформите за владеење на правото и добро владеење. Како што вели прочуениот теоретичар на менаџментот и консултант, Питер Дракер, „најдобриот начин да ја предвидиме иднината е да ја создадеме“.

The post Новата глобализација и инвестиции во зелена транзиција, дигитализација и човечки капитал appeared first on plusinfo.mk.

ВТОР ДЕН ОД ФИНАНСИСКИОТ ФОРУМ Во фокусот зелената енергија и човечкиот капитал
Вториот ден од Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, е посветен на јавните и приватните инвестиции, на зелената економија и човечкиот капитал.

За денеска најавени се три панели, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

На првиот панел посветен на јавните приватни инвестиции и конкурентноста, говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринк, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа.

На вториот панел насловен „Паметен и зелен раст на економијата“ ќе се обратат еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конференцијата ќе биде заокружена со панел посветен на човечкиот капитал. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Најавени говорници се Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Завршните заклучоци од конференцијата ќе ги презентираат министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст.

Конференцијата во Скопје на едно место собра претставници од меѓународни финансиски институции, бизнис секторот и извршната и локалната власт од земјава и регионот кои дебатираат за економското заздравување и растот по Ковид кризата.

The post ВТОР ДЕН ОД ФИНАНСИСКИОТ ФОРУМ Во фокусот зелената енергија и човечкиот капитал appeared first on plusinfo.mk.

Бесими: Учесниците на пазарот мора да дадат свој придонес во надминување на тековните состојби
Подготовка на Стратегијата за развој на финансиските пазари со посебен осврт на пазарот на капитал, нови закони во областа на банкарството, осигурувањето, пазарот на капитал, платежните услуги, ревизијата, ќе бидат во фокусот на работењето на Советот за развој на пазарот на капитал со која претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во Министерството за финансии денеска се одржа седница на Советот за развој на пазарот на капитал на која министерот за финансии најави дека Советот активно ќе продолжи со своите активности, а којшто поради ковид-кризата и посветеноста на изнаоѓање решенија за справување со кризата и одржување на економијата на задоволително ниво во изминатиот период не одржуваше седници.

– Мерките што ги презема Владата на Република Северна Македонија во доменот на пазарот на капитал не можат да ги решат сите проблеми пред кои сме исправени. Но се надевам дека со заеднички напори, преку меѓусебна размена на искуства и идеи, сите заеднички ќе дадеме придонес во изнаоѓањето на вистински решенија за натамошниот раст и развој на пазарот на капитал. Учесниците на пазарот како најзасегнати страни мора да дадат свој придонес во надминување на тековните состојби – рече минситерот Бесими.

Тој потенцира дека за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, има потреба од изготвување Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари, со посебен осврт на пазарот на капитал, користење на меѓународното експертско искуство и практики во земјите со слично ниво на развиеност на финансиските пазари како нашата земја.

Бесими информира дека Министерството за финансии со цел да го стимулира економскиот раст, особено во фазата на опоравување на економијата од последиците предизвикани од пандемијата на вирусот ковид-19 е во процес на планирање на начинот и условите за воспоставување фондови за развој кои се во насока на олеснување на пристапот до финансиски средства за компаниите во државава.

Главниот фокус е во изнаоѓање начини за создавање извори на средства за малите и средни компании, за стратешки и зелени инвестиции кои се двигател на економскиот раст и генератор на нови работни места. Овие нови извори на средства треба да го поддржат економскиот раст без дополнително зголемување на дефицитот, туку со воспоставување фондови кои ќе соберат капитал од реномирани приватни инвеститори и меѓународни финансиски институции.

Од Министерството за финансии информираат дека Советот на седницата се осврнал и на актуелното прашање во последниот период околу виртуелните средства и нивото регулирање.

Некои држави донесоа законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Советот за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување на негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје, Македонска банкарска асоцијација – Скопје, како и претставници од друштвата за управување со инвестициски фондови, од пензиските друштва и претставник од големите трговски субјекти предложен од Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора на северно-западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

The post Бесими: Учесниците на пазарот мора да дадат свој придонес во надминување на тековните состојби appeared first on plusinfo.mk.

„Уметноста е капиталот на човештвото“– Јозеф Бојс
Владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија ја прогласи 2021-та за година на Јозеф Бојс. Покровител на многубројните изложби, културни настани и публикации во негова чест е премиерот Армин Лашет, пишува Кица Колбе за Дојче веле.

Јозеф Бојс студираше и предаваше на академијата во Диселдорф, каде што почина 1986-тата. Роден е  на 12 мај 1921-та во Крефелд. Неговата уметност провоцираше со парадоксалноста,  со естетската и политичката критичност. Човекот чија цел беше да создаде нов, поширок поим на уметноста, беше харизматична личност. Противниците му префрлуваа дека се култивира во „гуру“, како што му се потсмеваа поради интересот за шаманизмот, за антропозофијата на Рудолф Штајнер. Бојс самиот вели дека од  сето ова тој го избирал само тоа што му требало. Сепак, неговите блиски соработници  сведочат дека трагал по мистични искуства, а некои сметаат дека живеел  во два света, во  видливиот и во невидливиот. Неговата личност остана до ден-денес загадочна и парадоксална, затоа што тој и самиот никогаш не се открива себеси во целост.

Министерството за култура на покраинската влада подготви вебстраница на која се претставени  манифестациите во чест на Бојс. На страницата, обликувана речиси во боите на виножитото, постојано се менуваат негови мисли, кои така „спакувани“ делуваат како рекламни слогани. Сето тоа е тешко да се поврзе со славните инсталации на Бојс во кои колоритот беше скржав, речиси аскетски, најчесто црно-бел. За да можат да проговорат предметите со својот глас и со својата боја. Тактилноста, материјалноста, предметноста во делото кај Бојс е посилна од бојата.

Често се вклучуваше во политиката, застапувајќи се за директна демократија. Учествуваше во неколку протестни движења за демократија и мир, а против атомско наоружување. Притоа не криеше дека во младоста бил  пламен застапник на националсоцијализмот. Шокот од кој произлезе сета негова уметност настапил по војната, во која учествувал како пилот. На почетокот на 50-тите, тој се соочува со вистината за Аушвиц. Уште 1956-тата се обидува тоа да го прикаже во уметнички чин, што не му успева. Кусо претходно го чита „Дневникот на Ана Франк“, по што кај него настапува долга криза. Многумина му префрлуваат и денес дека не се дистанцирал доволно јасно од своето националсоцијалистичко минато. Малкумина паметат дека Јозеф Бојс е еден од основачите на германската партија на „Зелените“, формирана 1980-тата. Бојс учествувал 1979-тата во изборната кампања за Европскиот парламент. Заедно со прочуениот Руди Дучке. Кандидатка за Европскиот парламент била харизматичната Петра Кели. Бојс ги направил првите плакати за „Зелените“. Притоа  ја предложил својата кандидатура за парламентарните избори 1980-тата. Неговиот конкурент бил адвокатот Ото Шили. Партијата се одлучила за Шили, а Бојс веднаш ѝ свртил грб. Уверен бил дека „на природата, на  растенијата, на животните треба да им се додели сопствен законски систем, за да имаат  право самите да се застапуваат.“ Неговата идеја за правата на животните денес  наидува на интерес  кај многу филозофи. Пред четири децении тој  веројатно ги шокирал „зелените“ сопартијци, велејќи дека „во неговата партија би имало многу животни“. Стварноста ја посведочи вистинитоста на неговата визија за  природата. Токму затоа во центарот на јубилејната година се политичките идеи на Бојс и нивното значење за денешницата, особено со оглед на  еколошката криза.

Политичката димензија беше отсекогаш неодвоива од творештвото на Јозеф Бојс, но тогаш малкумина беа свесни дека еколошката криза е една од главните политички теми на иднината. Како основач на партијата на „Зелените“, тој тврдел дека  човек треба да работи нешто  само „кога има чувство дека со тоа ќе предизвика револуција“. Од оваа негова мисла денес остана само прашањето: „Како се станува револуционер?“ Тоа ги дочекува посетителите на вебстраницата „Бојс 2021“. Актуелната творечка и интелектуална елита на Германија во оваа година се подготвува да стапи во дијалог со Јозеф Бојс за да го разбере односот на уметноста и политиката во своето време. Еден од форумите на тој дијалог ќе биде „привремената академија“ со име „пластична демократија“, која ќе се одржи на еден од плоштадите во Диселдорф. Идејата е таму студентите и младинците да дискутираат за актуелните политички проблеми  на начинот на кој на времето тоа го правеше Бојс на јавните настапи.

Тогаш тој ја шокираше културната јавност велејќи дека „секој човек е уметник“. Веруваше дека   диктатот на материјализмот во стопанството и во политиката може да го надмине само уметноста. Не како поединечно уметничко дело, туку како „социјална пластика“, како социјално творештво. Една година пред смртта  1986-тата, Бојс говореше за тоа на  дискусија на која учествуваше и познатиот германски писател Михаел Енде. Во сето творештво на Бојс има централно место поимот на „зацелувањето“. Според него, светот е „болен“, затоа што природата е „ранета“ во потчинетоста на безмилосното трошење на нејзините потенцијали. Неопходна е промена на односот на човекот кон природата, за да може да започне процесот на нејзиното „зацелување”.

Причината за „ранетоста” на природата Бојс ја гледа во материјализмот на капиталистичкото стопанство. За него „капиталот“ на човештвото треба да стане уметноста. Тоа ќе се случи тогаш, кога ќе стане јасно дека „секој човек е уметник”. Со тоа тој не мисли дека секој може да пишува романи или да слика. Напротив, тој мисли дека секој човек е во состојбата да го сознае светот и да ги преобрази, затоа што секој може да учи од начинот на кој уметникот творечки го преобразува материјалот. Целта е општеството да стане „социјален организам“. Како одговор на тоа, Михаел Енде истакнува дека на тој  чин мора да му претходи  сознаен процес, затоа што социјалното прашање е  прашање на свеста.  За тој процес најнапред треба да се создадат слики кои ќе ја обликуваат новата свест. Нив ги нуди литературата, сликарството, музиката. За визијата на Бојс е потребно голем број луѓе во индустриските општества да  посакаат поинаков  однос кон природата, кон другиот човек, кон заедницата. А за да се случи тоа, според Михаел Енде најнапред треба да се создаде нова претстава за човекот, кој повеќе нема да му служи на материјализмот. Цената за егоизмот на модерните капиталистички општества ја плаќа природата, ја плаќа Третиот свет, истакнува Енде. Тоа што секоја година луѓето во африканските земји умираат од глад, не е затоа што тие не сакаат да работат, туку затоа што ним им остана за  да се прехранат само една четвртина од обработливата почна.

Најголемиот дел го искористуваат  развиените индустриски општества како извор на суровини за своето стопанство, вели тој. Од тоа станува јасно дека двајцата големи уметници и‘ служат на истата возија за едно солидарно општество, кое има емпатија и со животните и со сета природа. Бојс тоа го чини со иронично критичната уметност, која ја соголува илузијата и ја покажува „раната” на светот, на природата. А Енде со чудесниот свет на неговата фантазија од која се родија најубавите  книги за деца. Стварноста овие денови ни покажува дека обајцата имаа право кога укажуваа дека мора да се смени односот на човекот кон природата, затоа што без тоа брзо ќе дојде до катастрофа која ќе го  загрози сето човештво. Фактот што годината на Јозеф Бојс е и година на најголемата пандемија по војната, станува моќна метафора. И одеднаш ни се присторува дека сиот свет станал дел од гигантска инсталација на  Јозеф Бојс…

The post „Уметноста е капиталот на човештвото“– Јозеф Бојс appeared first on plusinfo.mk.

Бесими: Се работи на голема реформа на пазарот на капитал
– Министерството за финансии, наредната година, е предвиденo да ja реализира најголемата реформа во областа на пазарот на капитал. Постојниот Закон за хартии од вредност ќе биде заменет со два нови закона: Закон за финансиски инструменти и Закон за проспекти за хартии од вредност и обврски на издавачите за транспарентност. Со оваа реформа ќе се создадат услови за развој на нови производи и услуги на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, ќе се обезбеди повисоко ниво на стабилност на пазарот, ќе се зајакнат овластувањата на надзорните органи, и ќе се подобри заштитата на инвеститорите и на сите учесници на пазарот – истакна министерот за финансии на настанот „Берзите во 2020 година – осврт на локалниот и глобалните пазари“, во организација на Македонска берза.

Во делот на понудата на хартии од вредност, во 2021 година, информира министерот, се очекува да се реализираат деветнаесеттата и дваесеттата емисија на обврзници за денационализација, како и да се продолжи со издавање на континуираните обврзници.

Со техничка помош од Светска банка, започнува да се подготвува и Закон за менаџери на алтернативни инвестициски фондови. Со овој закон, којшто ќе биде целосно усогласен со Директивата за менаџери на алтернативни инвестициски фондови и Регулативата за фондови со ризичен капитал, ќе се зајакнат правилата и процедурите за работа на приватните инвестициски фондови, ќе се уреди постапката за лиценцирање на менаџерите на приватните инвестициски фондови и ќе се даде надлежност на Комисијата за хартии од вредност за супервизија на истите.

За разлика од негативните показатели во реалниот сектор, на Македонската берза оваа година се забележува изразено зголемен обем на тргување со хартии од вредност. Ваквата состојба на Берзата, како што објаснува министерот, е резултат на неизвесноста предизвикана од корона-кризата, којашто доведе до редистрибуција на сопственоста на капиталот од инвеститорите коишто не се склони на ризик на инвеститорите подготвени да преземат поголем ризик, со цел остварување повисоки приноси во иднина.

Во периодот јануари – ноември 2020 година, обемот на тргување на Берзата е зголемен за 11,0% што во најголем дел се должи на класичното тргување со акциите, коешто е зголемено за 58,4% во однос на истиот период од 2019 година. Зголемениот обем на тргување може да се потврди и преку просечниот број трансакции којшто е зголемен за 25,3% и преку вредноста на просечниот дневен промет којашто е зголемена за 50,9%.

The post Бесими: Се работи на голема реформа на пазарот на капитал appeared first on plusinfo.mk.

Се докапитализира Развојната банка за спроведување на ковид мерките
Владата на денешната 29-та седница донесе Одлука за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Како што информира владината прес-служба, целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата на ковид -19, како и олеснување на пристапот до суровини за преработка.

– Со оваа одлука ќе се обезбеди реализацијата на мерката за издавање на царински гаранции во вкупен износ од три милиони евра, која беше утврдена со четвртиот пакет на економска поддршка на компаниите од приватниот сектор за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19 – се вели во соопштението од владината седница.

The post Се докапитализира Развојната банка за спроведување на ковид мерките appeared first on plusinfo.mk.

ЕУ бара унгарскиот капитал во медиумите во С Македонија и Словенија да не се меша во политиката
Во Европскиот парламент попладнево се одржа дебата за унгарското финансирање на медиуми во Северна Македонија и Словенија, на која од еврокомесарката за правда беа побарани јасни мерки за спречување на овој потег на унгарските власти, јави дописничката на МИА од Брисел.

На барање на неколку европратеници, по словенечки новинарски истражувачки стории за „нејасни“ финансирања на медиуми од страна на кругови блиски на унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска потпретседателката на Европската Комисија задолжена за правда Вера Јоурова, присуствуваше на дебата на оваа тема и одговори на прашањата на пратениците.

Холандската европратеничка Кати Пири, истакна дека Орбан во Северна Македонија и Словенија финансира медиумски организации „про Груевски и про Јанша“.

– Скандалозните пропагандистички напори на Орбан во Северна Македонија и Словенија се само видливиот дел од сантата мраз, Орбан има една цел – а тоа е да ја поткопа ЕУ за своја лична корист, тој се обиде да го урне македонскиот премиер Заев и му додели азил на Никола Груевски, тој се труди да ја попречи интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Прашувам кога Европската народна партија ќе и стави крај на оваа трнлива љубовна приказна со Орбан? Орбан за сега не успеа, но тој нема да застане додека ЕУ не преземете нешто –  рече Пири.

Taa побара итно да се стави крај на мешањето на земја членка на ЕУ во внатрешните работи на Северна Македонија.

Пратеничките од Словенија, Тања Фајон и Ирена Јовева, на иста линија со нивната холандска колешка порачаа дека власта во Будимпешта и круговите блиски до Орбан имаат за цел да се мешаат во слободното новинарство во Словенија и Северна Македонија со политички мотиви.

– Унгарски компании спровеле најмалку една операција вредна четири милиони евра за финансирање на медиуми во Северна Македонија за да му се помогне на Груевски, ако е ова е вистина, тоа е срамно мешање во демократските процеси – рече Фајон, пратеничка и поранешна новинарка.

Ирена Јовева, словенечка пратеничка од редовите на Либералите која е со македонско потекло, потсети дека самите извештаи на ЕУ покажуваат влошување на состојбите во медиуми ширум Европа.

– Ова јасно се рефлектира преку унгарското мешање во медиумите во Словенија и Северна Македонија. Словенечката Влада, без поддршка од јавноста, се обидува да ја трансформира Словенија во нелиберално општество, ги загрозува медиумите и формира паралелни структури финансирани од Орбан за да ги поткопа темелните вредности на ЕУ – рече Јовева.

Tаа побара од Европската Комисија да преземе одлучни мерки затоа што ова станува проблем за целата Европската Унија.

Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, ги увери пратениците дека Европската Комисија „прави сѐ што може во рамките на нејзините надлежности“, кои не се многу големи во областа на слободата на медиумите, но порача дека Комисијата ќе продолжи да се заложува и поддржува независно и професионално новинарство.

– Задача на медиумите е да бидат чувари на демократијата, тие мора да нѐ контролираат нас што имаме моќ, демократскиот акциски план што ќе го предложиме ќе понуди неколку мерки за зајакнување на медиумите како чувари на демократијата – рече Јоурова.

Таа потсети дека новинарите и медиумите се во посебно тешка положба поради пандемијата од ковид-19, поради што стануваат уште полесен плен за политички и економски притисоци.

– Кога медиумите се гладни тие немаат избор освен да земат пари од тие што сакаат да наметнат политичка агенда, така што мораме да сториме сѐ, системски мерки за да обезбедиме силни медиуми кои нема да паднат во финансиска замка, тие треба да имаат пари за да ја работат својата работа – порача Јоурова.

Таа побара да се гледа објективно на ситуацијата.

– ЕУ ги поддржува медиумите финансирани од странски чинители кога делуваат само како бизнис чинители, но кога тие имаат политичка агенда, тогаш нешто не е во ред – рече Јоурова.

Пратениците од десницата и екстремната десница од Словенија, Унгарија и Франција пред сѐ, изразија незадоволство што се одржува оваа дебата во Европскиот Парламент, нарекувајќи ја „циркус на кловнови“.

Од пратениците од партијата на словенечкиот премиер Јанез Јанша беше нагласено дека „90 отсто“ од медиумите во Словенија „се левичарски“ и дека е потребно воведување на рамнотежа во медиумскиот пејсаж.

The post ЕУ бара унгарскиот капитал во медиумите во С Македонија и Словенија да не се меша во политиката appeared first on plusinfo.mk.

ПЕТАР ГОШЕВ Од диктатура на пролетеријатот до диктатура на ограбениот капитал (уште неколку лекции од случајот „Евростандард“)
Три децении трае нашава „голема транзиција“ од социјализам кон капитализам. Започнувајќи го тој пат, смислувавме разни термини да го одбегнеме зборот „капитализам“. Да не каже некој дека се враќаме на „диктатот на капиталот“. Дел од нас го правевме тоа зашто, сепак, верувавме дека тоа нема да биде „старото капиталистичко општество“, нерамноправната борба меѓу сопственичката и несопственичката класа, старата неподнослива нееднаквост. Другиот дел, пак, веројатно, зашто сѐ уште не веруваше дека „превратот“ дефинитивно ќе се случи. „Се чуваше’’ од етикетите „ревизионисти“, „ренегати“ и слично. Не сакаа да бидат „рушители“ на, со револуцијата, востановените „столбови“ за правдата, еднаквоста, братството, хуманизмот… како главни белези на „очовеченото животно“. А во таа идеолошка матрица, нели, немаше место за „диктатурата на капиталот“.

За именување на наводно новата визија најчесто ги употребувавме термините „демократски социјализам“, „социјализам со човечки лик“ – последниов понуден на политичката трпеза од „себичните“ Словенци, кои, пак, го имаа присвоено од интелектуалците од централно-источните комунистички држави. Иако и двете јазични кованици беа еднакво празни од каква и да е нова и сфатлива содржина која ги одвојува од основните белези на нашето дотогашно општество и од оние на постојното западно-европско, вторава кованица беше помалку популарна во Македонија. Веројатно зашто доаѓаше од „најсепаратистичките“ и „најревизионистичките“ Словенци, клише наметнато од српската пропагандна машинерија. Мнозинството, пак, во Македонија, барем до определен момент, беше повеќе на страната на „браќата“ Срби, кои сѐ повеќе сакаа гореспомнатите да бидат „исклоцани“ од Југославија.

Како и да е, комунистичкиот вокабулар на основните компоненти на дотогаш „најхуманото општество“ му отстапи место на (нео)либералниот „арсенал“: „правна и непартиска држава“, „неприкосновена приватна сопственост“, „слободен пазар“, „граѓани еднакви пред законот“ независно од верата, имотот, политичко уверување, полот, сексуалната ориентација… Зборовите „класи“, „класно општество“, „сопственици-несопственици“ на средствата за производство и слични „трици“ ги избришавме како ронки од трпеза која останале по посета на гладна војска.

И, ШТО СЕ СЛУЧИ?

Се случи „стампедо на заграбување капитал и имот“. Слободата и правото поединци да поседуваат капитал и имот без ограничувања, се претвори и во „слобода“ на неограничени начини за присвојување капитал и имот. Во рамките на вторава „слобода“, почна да доминира најочигледниот грабеж, бруталната кражба како во добата именувана како „првобитна акумулација на капиталот“. Кој сака да гледа со отворени очи и ум, тешко може да превиди дека од де факто непостојната „диктатура на пролетеријатот“’, влеговме во де факто „диктатурата на ограбениот капитал“. Владетелите на така стекнатиот капитал, завладееја целосно со уставно-дефинираните институции, или самите тие ги обликуваа според сопствениот „мерак“. Стана раритет јавен функционер да не се заплетка во нивната мрежа, да не стане дел од неа, а сѐ поосамените обиди на поединци да им се спротивстават се претворија во нивно измачување.

Еден од можните прикази на движењето кон новата диктатура би бил овој:

По првиот масовен грабеж на туѓото (1945-1955), изведен во име на „комунистичката хипотеза“ (Ален Бадју) и/или „диктатурата на пролетеријатот“ и со примената на правните институти, какви што се национализацијата, експропријацијата и концептите за колективизација, задругарство, централно планско планирање –  состојба која, со тековните модификации, траеше близу половина век – влеговме во етапата на вториот голем грабеж – во процесот на реприватизација и приватизација на речиси сѐ што е општествено/државно.

Првиот грабеж е извршен со партиски декрети донесени од божемно „народни“ органи и тела, во суштина „револуционерни комитети“. Вториот грабеж, иронијата да биде поголема, беше извршен со одлуки (закони) донесени од какви-такви претставнички тела на народот, што значи под превезот на „правната држава“ – така,  на мнозинството нови сопственици, нема(ше) „правна“ основа постојано да им се „попува“ дека било што присвоиле незаконски.

Истовремено со одвивањето на вториов грабеж и по него, се одвиваше и се омасовуваше третиот голем грабеж – ограбувањето на годишните буџети на државата (и централниот и општинските); заграбувањето на националните природни богатства – преку багателни концесии за руди, каменоломи, извори на вода, пасишта, земјиште, инвазија врз бреговите на езерата и речните корита; се вршеше бандитско запоседнување на централните градски подрачја, на парковите – де факто на сите добра од витално значење за животот на секој граѓанин, поради што по самата природа, од секој аспект, императивно им припаѓаат на сите во општеството. Се случи и продажба на клучни инфраструктурни капацитети на странски држави и државјани, поради коруптивни мотиви и неразбирање на процесот на глобализација; се одвиваа огромни даночни евазии пред очите и со помош на најодговорните државни органи; сведочевме најганстерско преземање на туѓи фирми преку ставање во целосен личен интерес на државни органи – министерства, агенции, државни и општински инспекции, полиција, судови итн.

Третиот голем грабеж најголемиот интензитет го доби во периодот 2006-2016 г. Во намерата грабежот да продолжи не се бираа средства. Кликата на ВМРО-ДПМНЕ, којашто ја зароби државата (која патем речено никогаш не била граѓанска, но барем во обид) ни издизајнира и нѐ смести во висински ПАНОПТИКУМ – да ѝ позавиди и самиот Џереми Бентам. Изведе два обиди за државен удар – двапати тепаше пратеници во парламентот, заедно со новинари (24 декември 2012, 27 април 2017). Го започна и најопасниот потфат – обидот за избувнување меѓуетничка војна; нарачан и платен проект, со почеток во кумановското „Диво насеље“ – настан што проголта осум млади животи и осакати/инвалидизира близу четириесетина припадници на полициските безбедносни служби на Македонија (откако ги разбудиле од сон во мугрите на 9 мај 2015., и ги довеле пред кланица, без да знаат кој и што ги чека); настан за кој никој од домашните организатори не понесе одговорност. Оставките на С. Мијалков и на Г. Јанкуловска, изнудени од „странците“ кои совршено ја знаат заднината на сето тоа, не се никаква одговорност за такво дело. Ужасно! Грозоморно! Неопростливо!

Третиот голем грабеж на „народниот имот“ требаше да биде прекинат или, барем, драматично намален од „новиот“ СДСМ – кој со пресудната помош од најдоброто во активното македонско граѓанско општество, кристализирано во таканаречената „Шарена револуција“, како и со помошта (веројатно пресудна) од „подобрата рака“ на неколкуте највлијателни „наши партнери“ од Западот, нашиот „национален респиратор“, го натокми потребниот број пратеници за трансфер на власта. Падна најголемиот симбол на третиот голем грабеж, Бегалецот – организаторот на „заробената држава“. Но, по кој знае кој пат се потврди (повторно Бадју) дека симболот (во случајов, на злото) може да биде отстранет, но не и функцијата која го произведува. Грабежите продолжија. Навивачите ќе крикнат, помалку! Можеби! Но, разлика која не прави доволно разлика не е разлика.

ЗОШТО ОСТАНА ФУНКЦИЈАТА?

Минимум задоволителен одговор на ова прашање бара повеќе квалитетни политичко-социолошки анализи. Здраворазумски, не е тешко да се замисли какви поттици произведуваат кај луѓето таквите „планетарни“ преселби на имотот од едни во други раце – невтемелени на трудот и на знаењето.

Но, во секој случај, и старите и новите корени на проблемот лежат во длабоко втемелената „рушвет култура“ – таложена пред создавањето на Државата и надградувана по нејзиното создавање. Во компонентите на „рушвет-културата“ од период до период има промени. Но, суштината и последиците се секогаш исти. Суштината е нечесно да се стигне до целта, последиците се општеството во беда – материјална и духовна.

Во периодот на „диктатурата на пролетеријатот“, значи меѓу првиот и вториот голем грабеж, една од главните компоненти на „рушвет-културата“ беше т.н. „морално политичка подобност“. Треба да си на „линијата“ на оние „од горе“ за да можеш да напредуваш. Класичен духовно-материјален бартер: продавам сопствено јас, за работно место или функција. Елитите во тој систем, од материјален аспект, останаа релативно некорумпирани. Но, преку неефикасниот систем, како што вели Дејан Јовиќ („Југославија – држава која је одумрла“), ја поттикнуваа корупцијата на масите. „Цела мрежа на приватни ‘врски’ ја прекриваше земјата: секој имаше свој лекар или автомеханичар, месар и судија…“, кои си помагаа да си ги решат потребите без да платат за услугите, кои инаку, државата не беше во состојба да ги решава.

Тенките пликови од претходниот систем се заменија со вреќи и со торби. Се изродија плејада „бизнис-персони“ кои се подготвени да ви објаснат сѐ, само ако не ги прашувате за првиот/првите милиони. Се изродија многу премиери, министри, раководители на јавни институции и претпријатија кои, пред доаѓањето на функциите, беа еднакви со црковните прислужници, а по напуштањето на функциите рамни на најбогатите во светскиот џет-сет клуб. Двете структури ги запоседнаа институциите, ги збришаа малите делови и остатоците од професионалната бирократија и го ставија целото општество под свое.

БИЗНИСМЕНОТ ОД ОФ-ШОР ДЕСТИНАЦИЈАТА

Една од спомнатите „бизнис-персони“, која веројатно сѐ би ни објаснила во детали, само не и за „првиот милион“, е и акционерот на затворената Евростандард банка. НБРМ во 2001. издала дозвола за работа на Евростандард банката. Кога ја издала дозволата, акциите на фирмите основачи (Гофи, Истерн Хемисфер и на третата не се сеќавам), гласеле на доносител: ги криеле имињата на сопствениците. Тогаш НБРМ не требало да му даде согласност за Банка, зашто идентитетот на акционерите мора да е целосно познат. Ако било така, денес не би го имале проблемот со залутаниов во банкарството. Подоцна НБРМ утврди дека Гофи-фирмата (акционер со 50% во Банката) е некој Trust Fund – Santara Trust. Негов повереник, пак, бил друг Trust, R&H, основан во оф-шор зоната Guernesey – сместена на Британски остров.

Нема да правам претпоставки зошто гласниот акционер ги засолнил своите пари во некој „даночен рај“, и на почетокот го криел својот акционерски идентитет, како што тоа го прават бројни светски „итромани“ или манипулатори, па чекал да поминат 28 години, и потоа „од патриотски“ причини решил да вложи во Македонија. Соопштувам само еден факт. Од овој акционер никогаш и ништо немам побарано. Многу сум селективен, а тој според ниту еден критериум не може да биде таква адреса. Не сум ниту МАНУ ниту институција од областа на културата, ниту сум имал списание, весник, портал, што поради скапаната држава дошле во ситуација да бараат „донации“ од вакви лица, за потоа, како МАНУ, на пример, јавно да морам да му се оддолжувам, на не баш достоинствен начин. Вистината е дека тој од мене побара поддршка, пред мојот прв текст, па откако го прочита, почна да пелтечи сѐ и сешто.

АКЦИОНЕРОТ И ОШТЕТЕНИТЕ ШТЕДАЧИ БАРААТ ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

Барањето на акционерот, да не е трагично, би било смешно. Наместо тоа, тој треба да добие најмалку три кривични пријави: првата од НБРМ, според Законот за банки, зашто тој со уште некои други, предизвикал стечај на банка; втората од раководството на НБРМ (како поединци и/или колективно) коешто ги обвинува за „заговор“ против него, со некого, а за што немал докази, со што атакува врз нивниот углед како професионалци и луѓе со интегритет; третата кривична треба да му ја поднесе Здружението на банките, затоа што изјавува дека наводно имало „полоши банки од неговата“, а НБРМ не преземала такви мерки. Доказите за спротивното се големи како планина. Ширењето лажни вести и евентуална паника во една осетлива област, не траба да помине така.

Барањето на оштетените штедачи да бидат обештетени над законскиот износ не е нелегитимно. Но, да расчистиме неколку важни работи.

Прво, во оваа прилика тие не се „измамени“ од државата. Измамниците се акционерите и работоводните тимови на банката. Државата јасно определила и јавно обзнанила до кое ниво врши обештетување на штедни влогови.

Второ, НБРМ, како конкретно надлежна институција за областа банкарство, не ги довела во заблуда изјавувајќи дека „банкарскиот систем е стабилен“. Тоа, едноставно, е факт. Ниту еден банкарски систем во светот не може да биде квалификуван како нестабилен затоа што по некоја банка, одвреме-навреме (како приватен субјект на пазарот) банкротира, без разлика на разбирливата болка на оштетените штедачи. Замислете систем, во кој државни функционери одговараат затоа што некој пазарен субјект во која и да е област, макар и во најрегулираните, банкротирал, се разбира доколку нема јасна инволвираност, докажана, дека се работи за вмешаност во криминална активност. Таква држава не би имала функционери. Може да има авантуристи.

Трето, барањето на оштетените штедачи за стопроцентно обештетување е легитимно, но државата треба да оцени колку е целисходно, одржливо.

Ваквото барање наметнува неколку прашања:

Прво, оди ли заедно, во систем на пазарна економија, кај приватни субјекти, цементирање на принципот „целосно приватно присвојување на ќарот – целосно државно покривање на зијанот“, кој не настанал од елементарна непогода? Пред какво искушение би биле доведени приватните газди?

Второ, кога ризикот кон штедачите стопроцентно би го презела државата (не само во овој случај) како би се однесувале банките во поглед на маргината што произлегува од односот активни-пасивни камати? Би делеле ли тие понеодговорни кредити и би плаќале ли повисоки камати на депозити само и само да добијат повеќе клиенти? Каква нерационалност и ризици во системот би произлегле од тој пристап?

Трето, доколку власта одлучи стопроцентно да ги обештети сите штедачи во Евростандард, треба да каже дали тоа ќе важи за сите евентуални такви случаи, или ако не важи, да образложи зошто тоа, евентуално, би го направила во овој конкретен случај. Јавноста треба да ги знае подолгорочните правила на системот, за да може да го адаптира своето однесување согласно поттиците на системот.

СЕПАК, МОЖЕ ЛИ ДА СЕ НАМАЛАТ РИЗИЦИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО?

Може, но тоа уште долго, долго нема да се случи.  Еднопартискиот систем не ја укина партиската држава. Варијантата на нашиот  повеќепартиски драматично  ја продлабочи и ја прошири. Системот на поделена власт (институционализиран со Уставот) со очекуваните checks and balances, не само што не се подобрува, туку се влошува. Парламентот де факто не постои. Неговите членови се вработени кај „царот“. Судиите се спикери. Читаат туѓи пресуди напишани надвор од судниците. Огромен број судии, адвокати, правници се вклопуваат во една дамнешна изјава на еден српски академик, на која деновиве ме потсети еден пријател: „Свака крава, па и наша, студира права“. Пресудите се купуваат со пари, со позиција во судството, со купување сведоци и пратеници за обезбедување парламентарно мнозинство. Оваа состојба судовите ја потврдуваат секој ден, а фијаското на сите големи предмети од неславно пропаднатото СЈО е доказ над доказите. Затоа денес во Македонија е поисплатливо да кршите закони отколку да ги применувате.

Во земја во која хулиганите не се во затвор, туку се на слобода, на државни функции или, пак, се први бизнис и друг вид партери на највисоки државни функционери, земјата станува затвор. Во 2007 двајца хулигани организираа тримесечна хајка против мене зашто на едниот не му подарив државни пари, а кон другиот го применив законот. Третиот, четиридецениски бандит постојано во и со власта, и попрефриган, само во четири очи ме предупредуваше што може да ми се случи. Денес, еден тежок „елебак“, веќе два месеци го тормози раководството на НБРМ, зашто, исто така, го применило законот.

Од повеќе извори разбрав дека на раководните лица на НБРМ и пред и по затворањето на Банката им биле упатувани тешки закани и заплашувања. Од нив не чув јавна изјава за тоа. Ако е точно тоа, а извориве не ми се неуверливи, тие треба јавно да проговорат. Ако не говорат нападнатите, говорат напаѓачите како „црви’’, секогаш  натопорени пред леш што се распаѓа.

Земјата е во длабока олигопсихија, во длабок дефицит на етички капитал. Моделот долго време се лансира од врвот на Државата. Тој врв долго време е „business oriented“. Зафатен е со креирање монополи и олигопсони во сите области на економијата, така што сите членови на нивните семејства и поблиската родбина не се доволни да ги покријат извршните и контролните функции во нив. Но, не очајувајте! Заев и Ахмети, во заедничката владина програма се договориле, да работат според Уставот и да не именуваат корумпирани кадри! Замислете! Каков договор! Првиот резултат стигна. Се согласија, меѓуетнички, да се урне дивоградбата кај Мавровка.

ОГЛАС

Се надевам Героски нема да ми го наплати.

Имено, штом ќе спомнам нешто за арамиите и за измамниците од сите бои, со години одговорот на тоа е: „А ти, ти имаш куќа“! Искрено да ви кажам, веќе ми се смачи од куќата. Иако во неа има труд на три генерации и, досега, осум можни наследници од мојата потесна фамилија, објавувам дека во мојот тестамент за оставнината ќе запишам дека му ја подарам на некој од најголемите измамници во земјава. Нека си пополни уште некоја ситна празнина. Само под еден мал услов: измамниците да формираат здружение и со јасни критериуми да го изберат потенцијалниот наследник. Па, ете, нека му е на здравје!

Петар Гошев
06.10.2020

The post ПЕТАР ГОШЕВ Од диктатура на пролетеријатот до диктатура на ограбениот капитал (уште неколку лекции од случајот „Евростандард“) appeared first on plusinfo.mk.