Како Archives - plusinfo.mk

Како Нерон или како Ленин – што да се прави со спомениците?
За спомениците од центарот на Скопје е потребен концепт со кој тие ќе се зачуваат, само ќе им се промени местото и контекстот за да се нагласи достоинството на демократијата, пишува Љупчо Поповски во колумна за Дојче веле.

Што да се прави со бронзено-бетонската шума на споменици и други градби во срцето на Македонија – на главниот плоштад во Скопје?

За многумина од нигде-никаде дојде онаа одлука-заклучок најврелиот костен кој е синоним на едно авторитарно време и кој беше наменет за идентитетски инженеринг за класични политички поени, да ѝ се префрли на Општина Центар и на Министерството за култура. Мислите дека некој знае што да направи со овие монументи на едно безумие? Комисијата која го оценуваше овој идолатриски кич нема дилеми – бесмислениот симбол на величието, Триумфалната порта, како и постаментот за Мајка Тереза, треба да се урнат. Не може ништо да им се забележи на експертите кои го даваат тој предлог – не само што двете градби се дивоградби, туку се и диво место во крвототкот на центарот на Скопје. И навистина, нивната „пресуда“ е логична, таа не се занимава со политичките последици, со калкулациите во критичното време на пандемијата, со можен бунт на некој дел од населението. Тие имаат „вакцина“ за овие дилеми, затоа што се раководат од правилата на урбанизмот и законите. Градоначалникот на Општина Центар мери, премерува, одолговлекува при оценките, а да не зборуваме за одлуките. Разгледува разноразни дозволи, законски или привидни, за поставување на спомениците за да види дали тоа било покриено со документи. Во основа, тоа е потрага по некое време, кое уште на почетокот изгледа како потрага по загубено време.

Како би можело да се најде решение?

Два излеза

Ако размислуваме во груби рамки можни се два излеза – еден од антиката: она што се случи со наследството на омразениот римски император Нерон, а другото е елегантното решение на Унгарија, Естонија, Русија или Украина. Kога Нерон го изградил прочуениот Златен дом (веднаш по големиот пожар во Рим, за кој не се знае со сигурност дека тој го подметнал или само ја искористил можноста), тоа било веројатно највеличествената градба во Империјата. Во холот на палатата стоела колосалната статуа на самиот Нерон висока 30 метри. Околу огроманата градба имало базен кој прикажувал море, а околу имотот биле подигнати градби кои наликувале на градови.

Еве што пишува познатиот римски историчар Светониј за ова ексцентрично лудило на Нерон: „Во другите делови од куќата сѐ било покриено со злато и украсено со скапоцени камења и седеф… Најголемата гостинска соба била кружна и по углед на небесниот свој деноноќно се вртела. Имало бањи во кои течела морска и сулфурна вода. Кога го посветувал вака изработениот дом, Нерон собрал храброст да каже – дека конечно се сместил како човек“.

Расипничкото лудило, како што вели Светониј, го свртеле и народот и војската против него и неговиот трагичен крај бил неминовен.

Во Римската империја работите на некој начин биле едноставни – сите споменици, згради и палати на омразениот император мора да бидат избришани; неговото име да не се споменува ниту појавува некаде. Па еден од неговите наследници, Тит, врз ова грандиозно архитектонско и уметничко дело изградил бањи, Веспазијан подигнал амфитеатар, подоцна и Трајан изградил бањи. За 40 години, палатата била целосно уништена. Има и своевиден парадокс во ова уништување – она што се градело врз палатата ги заштитило од влага сликите на ѕидовите.

Уметничката страна на Нерон (кој се замислувал како ненадминат пејач и поет) била откриена од заборавот во 15 век. Еден млад римјанин невнимателно паднал во еден процеп и се нашол среде огромни соби со насликани ѕидови, во своевидна неоткриена пештера. Ренесансата ја откри инспирацијата во антиката – Микеланџело и Рафаел се спуштале со јажиња да го видат ова невидено уметничко чудо. Ова уметничко наследство на Нерон оставило неверојатен впечаток кај ренесансните генији и влијаело врз нивното сликарство. Подоцна Казанова и Маркиз де Сад пишувале графити на ѕидовите дека го посетиле ова место на неверојатна уметност.

Има ли уметност или архитектонска вредност во Триумфалната порта или во бронзената шума од споменици во центарот на Скопје? Оние што се занимаваат со оценување на уметноста велат дека нема. Тогаш, може ли да се примени приказната за Нерон во Скопје? Осум од десет луѓе би ви рекле дека ваква „пресметка“ со наследствата со еден авторитарен сисем не е е можна, па дури и дека не е ни пожелна. Други осум од десет луѓе би рекле – како е можно да имаш храброст да склучиш договор со Грција, да го промениш уставното име за прогрес на државата, а да не можеш да се одлучиш што да правиш со бронзената шума во Скопје. Дали е тоа потешка задача од потписите во Преспа? Има елегантни решенија за отстранување на „советското“ наследство во центарот на Скопје.

Еве неколку примери.

Во Будимпешта, на Плоштадот на слободата стои советскиот обелиск посветен на Црвената армија, која го ослободи унгарскиот главен град во Втората светска војна. Овој обелиск, сместен пред зградата на американската амбасада, е единственото советско наследство што остана во Будимпешта. Сите други советски споменици беа отстранети и однесени на нивното конечно почивалиште надвор од Будимпешта, во познатиот Мементо парк. За да се влезе во него, треба да се плати билет од 4,7 евра за да се види паркот на „најголемите статуи од студената војна“. Поранешниот претседател на Унгарија, Арпад Генц, ја оцени оваа постановка како внимателно избран пристап: „Тој ги користи политички неутралните значења на уметноста за да го нагласи достоинството на демократијата и одговорноста за историското мислење“. Таму има десетици споменици посветени на советско-унгарското пријателство и на „херојскиот советски народ“, на Ленин, Марк, Енгелс, Бела Кун, Георги Димитров… сместени во уметнички и концептуален контекст. Во паркот има музеј полн со едукативни материјали каде се објаснува социјалистичката ера и објектите, а училишни групи пристигнуваат секојдневно, секако не сега, во време на короната.

Неутрален контекст

Другиот пример е во Естонија, каде историјата е детоксинизираната во палатата Марјамае во Талин. Во изложбата на отворено огромната статуа на Сталин е легната на грбот. Таму стои и осамената биста на Ленин. И таму концептот е сличен: на собраните споменици од советско време треба да им се даде нов, неутрален контекст, кој ќе помогне во пристапот кон историјата на тоталитарната држава и нејзините идеолошки основи и методи.

Во Москва има Парк на паднатите споменици, востановен од градските власти во 1992 година. Таму се однесени сеќавањата за речиси сите луѓе што владееја со Советскиот Сојуз – од челичниот Феликс Ѓержински, основачот на тајната полиција НКВД, сѐ до последните советски лидери. Таму се и споменици посветени на херојскиот пролетеријат и селанство со вистинска уметничка вредност, како оној на познатата скулпторка Вера Мукина „Работник и жена од колхозот“. Во 2011 година Паркот на паднатите споменици претрпе значајни измени за да може да привлече повеќе туристи, а беа додадени и повеќе модерни скулптури. Сега во Паркот на паднатите споменици има повеќе од 700 уметнички дела.

Најсвежиот пример е од Украина. Кога Украина прогласи независност во 1991 година таму имаше 5.500 статуи од Ленин низ целата земја. Во најголемите градови имаше и по неколколку стотици. Голем дел од нив беа урнати во првите години од независноста, особено во западниот дел на Украина, кој е изразиот проевропски и антимосковски ориентиран. Големиот бран на уривањето на статуите на Ленин почна во првите денови на Мајдан, кога демонстрантите ги полнеа улиците на Киев поради непотпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ. Оттогаш почна она што Украинците го нарекуваат „Ленинопад“ – паѓањето на Ленин. Илјадници статуи на болшевичкиот револуционер беа урнати низ земјата. Многу од нив останаа, особено во анектираниот Крим и прорускиот Донбас.

За оние што ги уриваат спомениците целта беше јасно политичка – Ленин ги потсетуваше на заедничката советска историја од која сакаат да го исфрлат денешното влијание. Во 2015 година украинскиот парламент донесе закон со кој ги изедначи советскиот режим со воениот нацистички режим. Основата на овој закон, промените на имињата на улиците или уривањето на статуите, не беше одмаздничка, туку одговор на обидот за промена на идентитетот на Украинците.

Бидејќи нема единствена интерпретација на минатото, ниту пак едно решение за справување со физичките реликти, во Украина се обидоа на помек начин да се справуваат со Лениновото наследство, а тоа да не продолжи со деструкција. Во градот на север, Питивл, во 2019 година отворен е „СССР парк“, каде се сместени реликтите од советскиот режим. Таму има пантеон на советските богови, од Сталин, Ленин, советските работници, црвеноармејските команданти од граѓанската војна…

Тоа е делот од украинската историја, таа не може да се промени. Уште помалку сега да се интервенира во неа. Но тие споменици сега не се поставени на плоштадите да агитираат за советската идеологија. Кураторите во изложбениот парк се обидуваат да ги сместат овие споменици во историскиот контекст.

Во Скопје најголемиот дел од спомениците не се дел од античката идеологија, туку глорификација на вмровските дејци од раната фаза на револуционерната организација. Но тие вмровски херои изгледаат џуџесто во однос на Александар и Филип. Тие и понатаму од двата брега на Вардар агитираат за потрага по великите антички корени. Сѐ додека прошетката низ бронзената шума не стане навика и амбиент без кој навидум не се може. Дали утре ќе биде доцна за она што може да се направи денес? Секој го премерува политичкиот ризик. Но дали денешниот политички ризик може неколкукратно да дојде за наплата по пет-шест години, кога приказната може да се врати кога најмалку се очекува?

The post Како Нерон или како Ленин – што да се прави со спомениците? appeared first on plusinfo.mk.

Како натаму кон ЕУ?
Познатиот загрепски македонист, Златко Крамариќ, кој едно време беше „велепосланик“ (амбасадор) на Република Хрватска (сега претседавач на ЕУ) во Македонија, напиша еден коментар кон мојата колумна „Чистиот ‘български език’ и валканиот македонски“ кој ќе го наведам во целост:

“Сето тоа го разбирам, но каков треба да биде адекватниот одговор од македонска страна на оваа лингвистичко-политичка провокација? Со апсолутно уважување на Твојата елаборација останува прашањето: сè ни е јасно, но што натаму, кој е македонскиот одговор на сето тоа? Поточно, ти покажа некои од апсурдите кои припаѓаат на лингвистичката сфера на проблемите, туку што е со политичкиот одговор, затоа што е тоа, пред сè, политичко прашање завиено во лингвистички целофан.“

Сега засега, има еден добро дозиран и одмерен политички одговор на таа „лингвистичко-политичка провокација“ од Софија, кој го даде нашиот министер за надворешни работи г. Никола Димитров. Во една дебатна ТВ-емисија на „Телма“ Димитров рече дека тоа било уште една „планина“ што „треба да ја изодиме“ (искачиме), со јасна сугестија дека првата „планина“ била Преспанскиот договор со Грција, чиј потписник е тој од македoнска, а Никос  Коѕиас од грчка страна. Притоа, нашиот министер за надворешни работи не пропушти да потсети дека двете (една на Софија и друга на Скопје) владини комисии кои ги пеглаат веќе бугарско-македонските „междусобици“ дошле до некои решенија на спорните прашање од „заедничката историја“ до 18 век, а тоа било еден успех кој сепак охрабрува затоа што сличните комисии кои ги пеглаат француско-германските „междусобици“ работат со децении.

Тој добро дозиран и одмерен одговор на најновата (малку очекувана?) софиска „лингвистичко-политичка провокација“ на нашиот министер не оди баш најдобро со некои аргументи на кои се повика како одговор на баражниот оган од нашата опозиција, која тврдеше дека договорот бил „капитулантски.“ Тогаш министерот Димитров рече дека тоа било максимум што можело да се постигне; дека со тој храбар Договор, практично, сите членки на ЕУ признаваат македонски јазик, темел на македонскиот идентитет. Сега испаѓа дека не било така. Соседна Бугарија упати Изјава до Комисијата за проширување на ЕУ,  во која се бара ЕУ, во своите документи, да ја употребува формулата „службен јазик според уставот на РСМ“, а не формулата „македонски јазик“, кој за Бугарија и натаму си останува еден „т.н. македонски јазик.“ Очигледно е: во времето, кога Димитров зборуваше дека македонскиот јазик го признале и членките на ЕУ не очекувал Софија до го издигне тој „въпрос“ на ниво на ЕУ и затоа сега вели дека е во прашање нова „планина“ што треба да ја „изодиме.“

Дали, во времето кога, врз основа Преспанскиот договор, министерот Н. Димитров велеше дека сите членки на ЕУ признаваат македонски јазик, бил политички наивен? Дали заборавил или, уште полошо, не знаел дека блиската историја нè учи дека Софија некако лефтерно, со една „неснесителна лехкост“ (М. Кундера) „менява политически приятели, но не и нрав?“ Дали заборавил или не знаел дека ЕУ е еден ентитет од суверени држави кои отстапиле само дел од својот суверенитет на таа „наднационална“ политичка структура? Дали мислел дека оној дел  од својот суверенитет кој и го отстапиле државите-членки на ЕУ е посилен од оној што го задржале? Дали, затоа што си мислел дека отстапениот дел е посилен, поверувал дека Бугарија се променила многу и дека нема да го издига прашањето за македонскиот идентитет на Евро-ниво?

Што и да мислел, како и да шестал, проблемот со македонскиот јазик е веќе на масата на ЕУ. Таа советува дека трeба да се се решат спорните прашања со Софија во духот на потпишаниот Договор, а пак на нашиот министер му е наполно јасно дека е тоа една „планина“, можеби и повисока од онаа што некако ја „искачивме“ со потписот на Преспанскиот договор. Кога е веќе на маса, многу логично е да се фрли тој „горещ“ компир „завиен во „лингвистичко-политички целофан“ и да се рече (тактички?): што ќе ни е ЕУ ако таа не нè признава? Ако, за атер на Бугарија, ЕУ не признава македонскиот јазик и нација? На што, за да биде приказната уште подраматична, некои фактори од албанскиот политички блок „промптно“ ќе одговорат дека не одобруваат политика влез во ЕУ само со признание на називот „македонски јазик,“ никако со формулата што ја предлага нашиот источен сосед во неговата Изјава.

Тој проблем за кој, очигледно, пак ќе треба да се бара некој компромис, кој, со многу негодување, би можел да го голтне македонското јавно мнение, не ќе може да се реши без активна улога на американската администрација. Само со таа, активна и делотворна улога на САД во „политичко-лингвистичкиот спор“ со Софија може да се дојде до некој „компромис,“ сега засега мислена именка, затоа што г. Бојко Борисов ни  постави свој ултра-ултиматум: или со формулата од нашата Изјава во ЕУ или, збогувајте се со неа! “Трето няма!“

Верувам дека на таква помош се надева, дека таква помош очекува од американската администрација и министерот Н. Димитров, кога со еден дозиран оптимизам зборува за „планина“ што треба допрва да се „искачува.“ Но и за таа помош е потребен некој политички лик во Софија од форматот на Гркот Алексис Ципрас. Дали од тој фармат е актуелниот премиер на бугарската влада? Тоа ќе се види наскоро. Тоа што сега се гледа е само врв од санта лед.

The post Како натаму кон ЕУ? appeared first on plusinfo.mk.

Како Бугарија и Грција ја делат историјата на Македонија
Текстот е напишан по повод Загребската декларација oд самитот ЕУ-Западен Балкан и публикацијата на БАН за јазикот.

Прв дел: Публикацијата на БАН во функција на етничко мапирање на средновековна Македонија

Загребската декларација усвоена на самитот ЕУ-Западен Балкан oд 6.5.2020, во која меѓу другото се истакнува важноста од имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија, проследена со барањето за „конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и проблеми меѓу партнерите чијшто корен лежи во наследството од минатото“, само ги потврди моите претходни укажувања дека интеграцијата на Република Македонија во ЕУ ќе биде условена со ревидирање на историјата на македонската нација, пишува проф. д-р Митко Б. Панов, редовен професор во Институтот за национална историја.

Впрочем, Атина и Софија во континуитет отворено ја демонстрираат политичката агенда фокусирана кон реализирањето на стратегиските цели за затворање на „македонското прашање,“ која ја темелат и на националните историографии.

Тоа подразбира дека целосната имплементација на договорите со Грција и Бугарија треба да обезбеди не само политичко, туку и историско делегитимирање на деномираната македонската нација.

Оттаму, воопшто не е случајно што обете земји категорично инсистираат политичките договори да добијат историска верификација преку формираните заеднички комисии за историски и образовни прашања.

Најновата публикација на Бугарската академија на науки (БАН) за „Официјалниот јазик на Република Северна Македонија,“ промовирана на 7.5.2020, сосема илустративно ги одразува целите на Софија со инсистирањето на „заедничка историја“, кои фундаментално ги темели на средновековието.

Насловот на публикацијата, самиот по себе ја имплицира клучната цел за идентитетско деноминирање на македонската нација и македонскиот јазик преку поврзувањето со официјалното име „Република Северна Македонија“ (Гордана Силјановска, Expres, 8.05.2020).

Тоа, несомнено е комплементарно со политичките услови содржани во Изјавата на Бугарија кон одлуката на Советот на ЕУ за проширувањето од март 2020 (Митко Б. Панов, Expres, 27.04.2020). Во таа смисла, публикацијата претендира да демонстрира што е „објективна научна вистина“ (с. 55), со што се открива и реалната намена заснована на догматското поимање на историската и лингвистичката наука.

Поаѓајќи од вака дефинираните цели, поглавјето насловено „Краток историско-географски преглед за областа Македонија“, всушност се сведува на обидот за конструирање претстава дека на просторот на новоименуваната „млада“ држава „Република Северна Македонија,“ во континуитет од средниот век живееле Бугари, кои зборувале „(старо)бугарски“ јазик.

Оттаму се извлекува констатацијата дека денешната територија на историско-географската област на Македонија, е поделена помеѓу шест држави, во кои живее 4.900.000 население, од кои над 40% се со бугарско потекло. Меѓу останатите жители на областа Македонија се наведуваат Грци, Албанци, Власи и аромуни, Турци, Роми, Евреи, како и незначителен број Срби (с. 7-8). Со други зборови, во современа географска и историска Македонија застапени се сите народи, освен македонскиот, кој за бугарските колеги не постои – а што претендираат да го покажат со публикацијата!

Вакво етничко мапирање е крајно несвојствено за современата наука и некомпатибилно со европските принципи, а забележано само во дамнешните времиња на насилно асимилирање и негирање на базичните човекови права на само-идентификација и само-определување.

Независно од ваквите апсурдни тврдења, публикацијата претендира истите научно да ги верификува, со крајна цел да докаже дека на територијата на Република Македонија во континуитет уште од средновековието живееле Бугари.

Во тој контекст, бугарските колеги настојуваат да укажат на променливоста на името „Македонија“ низ различните историски периоди, констатирајќи дека терминот бил употребуван исклучиво за географско, а не за етничко означување (исто како и грчките колеги – но за тоа во вториот дел од колумната). Врз основа на тоа, бугарските колеги пишуваат дека од средината на IX век, името „Склавинија“ исчезнува во изворите со вклучувањето на дел од областа Македонија кон бугарската држава, по што истата го добива името „Трет дел од бугарското царство“ или „Долната земја Охридска“ (с. 9) Понатаму, се наведува дека името „Бугарија“ Византија го користи за означување на „западните бугарски земји“, инкорпорирани од Василиј II во византиската тема од 1018 г. За време на средновековното српско владетелство во XIV век, областа Македонија, според бугарските колеги, била идентификувана како „грчка (византиска)“ земја или како „не мал дел од царството Бугарија“ (с. 9).

Со други зборови, тоа треба да подразбира дека Македонија во историска смисла и „припаѓа“ единствено на Бугарија и Грција, односно дека единствена константа во Македонија била етничката – бугарската и грчката. Oттаму и констатацијата дека до Втората светска војна, името Македонец се „користи првенствено како ознака за жител на историско-географската област: македонски Бугарин, македонски Влав, македонски Грк“, чиешто традиционално значење, според авторите, се задржува и до денес (с. 8).

Врз основа на овој краток историски преглед, кој содржи само неколку страници, бугарските колеги понатаму претендираат да ја презентираат „вистината за историјата на јазичната норма во Македонија“. Средновековието разбирливо е повторно во фокусот и во ова поглавје од публикацијата, со оглед на директната поврзаност на Македонија со почетоците и ширењето на словенската писменост.

Интерпретацијата на бугарските колеги, која претендираат да ја прикажат како „историска вистина“, всушност се сведува на намерата да се покаже дека „првиот словенски писмен јазик кој се појавил врз основа на кирило-методиевските преводи, е старобугарскиот“ (с. 9). Според нив, Кирил и Методиј живееле меѓу „бугарските Словени од Солунско,“ што всушност треба да претставува и главна „поткрепа“ на нивното тврдење.

Со оглед дека текстот не е проследен со научни референци, веднаш се поставува прашањето од каде колегите ја извлекуваат терминолошката ознака „бугарски Словени“ во Солунско. Дотолку повеќе што византиските автори од IX век не знаеле за „бугарски Словени“. Теофан, претходно пишува за „Склавинии во Македонија,“ додека другите византиски автори наведуваат и поименични имиња на групи Словени, меѓутоа не и за „бугарски Словени“.

Сепак, бугарските колеги евидентно по секоја цел и на секој начин настојуваат директно да го поврзат св. Кирил и Методиј со Бугарија и со тоа да им дадат „бугарски“ карактер, но таквата врска изворно не е потврдена. Во таа смисла, во публикацијата се изнесува тврдењето дека поголемиот дел од историско-географска Македонија, западно од реката Струма, бил приклучен во пределите на бугарското ханство во текот на 30-те и 40-те години на IX век (с. 10).

Меѓутоа ниту ова тврдење нема сигурна поткрепа во изворите, поради исклучително скудните информации за овој период. Со сигурност може изворно да се потврди единствено дека до 60-те години од IX век, бугарската држава го завладеала поголемиот дел од територијата на Македонија. Меѓутоа, индикативно е зошто во публикацијата не се споменува и податокот дека бугарскиот владетел Борис I бил конвертиран во христијанството од византискиот император Михаил III во 864 г., што, пак, дава дополнителна димензија на христијанската инцицијација на Византија.

Може да се разбере намерата на бугарските колеги да конструираат претстава за наводно егзистирање на „бугарски словени“ во Македонија, Солун и Солунско и тоа уште пред раѓањето и делувањето на светите Кирил и Методиј, иако истата не соодветствува со расположливите изворни сведоштва од тоа време.

Тоа е всушност единствениот начин тие да им придадат „бугарски“ предзнак на св. Кирил и св. Методиј, како и на словенската азбука, а со тоа да ги прикажат како дел од бугарското културно-историско наследство. Во конструирањето на ваквата претстава, тие тврдат дека од средината на IX, имињата на словенските племиња во Македонија „се заборавени, додека Византијците започнуваат да го употребуваат за нивното означување политичкото именување ‘Бугари’, бидејќи тие стануваат поданици на бугарскиот владетел и ја населуваат територијата на бугарската држава“ (с. 10). Меѓутоа, општо е познато дека византиските извори и натаму употребуваат имиња на словенски групи/племиња, како што е случајот со Јован Каменијат, кој во почетокот на X век воедно го идентификувал својот роден град Солун, како „прв кај Македонците“.

Сето тоа, ја рефлектира комплексноста на византиската изворна терминологија во тоа време, што ги прави и неодржливи тезите на бугарските колеги.

Дека публикацијата има за цел да конструира претстава за „бугарскиот“ етнички карактер на Македонија, што ги вклучувало Солун и Солунско, може да се види од понатамошниот текст.

Бугарските колеги имено тврдат дека „опфатените од бугарската власт и влијание Словени во историската наука се нарекуваат со технички термин ‘бугарски словени’ или ‘словени од бугарската група’ (с. 10). Притоа, несакајќи тие самите признаваат дека ваквите непознати термини во изворната документација, претставуваат всушност „техничка“ конструкција. Сепак, тие ги користат истите за извлекување на историски интерпретации со далекусежни заклучоци – дека Константин всушност ја создал првата словенска азбука и книжевните преводи врз „основата на солунскиот говор, кој е југоисточен бугарски дијалект,“ односно дека „јазикот на солунските браќа според етничка припадност е старобугарски“ (с. 9-15)!

Намерата на бугарските колеги да му придадат „бугарски“ предзнак на делото на св. Кирил и Методиј, сепак нема поткрепа во изворите. Во Житијата на св. Кирил и Методиј, најверојатно составени лично од св. Климент, воопшто не се користи терминот „Бугари,“ или „Бугарија,“ „бугарски словени“, ниту, пак, азбуката создадена од св. Кирил се означува како „бугарска“. Во Житијата се зборува исклучиво за „Словени,“ за „словенски јазик“ или за „наш јазик“. Оттаму, станува разбирливо зошто бугарските колеги во публикацијата воопшто не ја спомнуваат десетгодишната дејност на св. Методиј меѓу Словените (поранешната Склавинија), која на иницијатива на византискиот двор се реализирала во четвртата и петтата деценија од IX век во Македонија, најверојатно во струмичко-брегалничките краишта.

Доколку овие области биле веќе завладеани од Бугарија, како што тврдат бугарските колеги, тие сосема сигурно би ја препишале бугарската заслуга и за оваа мисија на св. Методиј. Меѓутоа, Методиевата дејност како „кнез на Словените“ во Македонија, евидетно била комплементарна со политичко-идеолошките и воените цели на Византија и со тоа спротивставена на бугарската држава. Што повторно не враќа кон византиската иницијација.

Притоа, една од тезите – брегалничката мисија на св. Кирил – упатува дека св. Кирил ја создал првата словенска азбука (глаголицата) токму за потребите на Словените на овие простори во 855 г. Меѓутоа, тоа е друго прашање, исто како и мноштвото теории со кои научниците дебатираат околу создавањето и ширењето на глаголицата. Тоа, само покажува дека различните интерпретации во историографијата, се природна рефлексија на развојот на начната мисла, што ги прави крајно несоодветни догматизирањата на „историска вистина,“ на што претендираат бугарските колеги.

Соочени со немањето изворни аргументи во придавањето на „бугарскиот“ карактер на дејноста на св. Кирил и Методиј, во публикацијата суптилно се вметнува терминот „Долната земја Охридска“ (с. 9) како една од ознаките за Македонија во средновековието. Овој термин всушност е употребен во словенскиот превод на Хрониката на византискиот автор Константин Манасиј, составена во време на бугарскиот цар Иван Асен (1331-1371).

Што всушност претендираат да демонстрират бугарските колеги со ваквата ознака за Македонија, сосема јасно се гледа од содржината на првата додавка на преведувачот на Манасиевата хроника на византискиот оригинал, во која се наведува дека „за време на цар Анастасиј (491-518) Бугарите започнаа да ја заземаат таа земја, дојдоа кај Видин и започнаа да ја заземаат долната земја Охридска и потоа целата таа земја“.

Дали со тоа, бугарските колеги сакаат да имплицираат дека Бугарите биле во Македонија уште пред византиските извори да регистрираат некакви населувања на Склавините/Словените во првите децении oд VII век и тоа пред времето на Јустинијан I? Меѓутоа, овој документ датира од XIV век и нема историска валидност за реконструирање на конкретниот период и воопшто за раниот среден век. Дотолку повеќе, што во оригиналниот византиски текст на Манасиј, ваквиот податок не постои.

Понатамошниот текст во публикацијата и заклучоците, всушност се засноваат на клучниот историски конструкт за егзистирање на „бугарски Словени“ во Македонија, Солун и Солунско, и тоа веројатно уште од VI-VII век.

Крајната цел на авторите на првите две поглавја посветени на средновековието, јасно може да се согледа во констатацијата дека за нив ознаката „старословенски јазик“ употребувана од славистите, „не го одразува етнодржавното потекло и карактер на првиот словенски писмен јазик“, бидејќи во таа епоха „во областа Македонија, која е вклучена во дел од бугарската држава, дел во Византија, се говореле дијалекти на бугарски јазик“ (с. 11). Оттаму, произлегува заклучокот дека словенската азбука ја создале Бугарите и аналогно на тоа треба да се означува како „старобугарска“, со оглед дека била заснована на „старобугарскиот јазик“ говорен во Македонија, што го прави „единствен јужнословенски јазик во областите околу Солун“ (с. 11).

За Бугарските колеги „историска вистина“ всушност треба да биде нивната интерпретација дека „првите словенски азбуки се создадени за старобугарскиот јазик“ и дека глаголицата е првата „словенска и бугарска азбука“. Само затоа што тврдат дека истата ги одразува „фонетските особености на старобугарскиот јазик“.

Тие ваквиот став го врзуваат со конструктот дека св. Кирил ја создал глаголицата врз основа на „солунскиот бугарски говор“ и дека тоа било основа на „првите старобугарски преводи на Кирил и Методиј“. Клучното конструирање на „бугарската“ етничка врска на св. Кирил и Методиј, им служи на бугарските колеги понатаму да ја претстават дејноста на св. Климент и Наум Охридски како продолжувачи на „бугарското“ кирилометодиевско дело, што во суштина има сесловенска димензија.

Од тоа, тие ја извлекуваат и заслугата на Бугарија, преку бугарскиот владетел Симеон, во „спасувањето на Кирилометодиевото дело, распространувајќи го меѓу сите православни Словени и на територијата на денашна Романија“ (с. 14-15).

Бугарските колеги ги користат зборовите на Теофилакт Охридски во Пространото житие на Климент, дека св. Климент бил „прв епископ на бугарски јазик,“ како клучен аргумент за припишувањето на „припадноста на Охридската школа и на Климент Охридски кон историјата на бугарскиот јазик и книжевност“ (с. 14). Меѓутоа, тие притоа не споменуваат дека Теофилакт Охридски пишува од сосема друга идеолошка перспектива од онаа во која делувал св. Климент, а која го одразува времето од крајот на XI и почетокот на XII век, кога и самите термини имале поинакво значење за Византија.

Тоа, повторно не враќа кон комплексноста на терминолошкото значење и нивната променливост, кои се обликувале и употребувале во зависност од конкретните услови, цели и политичка и идеолошка пропаганда, што укажува на неопходноста за критичка анализа. Во спротивно се поставува прашањето како би изгледале ставовите на бугарските колеги во публикацијата, доколку тие се повикале на византискиот автор Никифор Грегора, кој во XIV век тврдел дека одамна немало „Бугари“ во Македонија, идентификувајќи го притоа градот Охрид како „македонски“ град, а Солун како „прв во земјата на Македонците“.

Многу се примерите во изворите, што укажуваат дека критичката анализа, а не нивната симплификација, конструкција и инструментализација, треба да биде основа при реконструирањето на историските настани. Меѓутоа, конструираната „бугарска“ врска на св. Кирил и Методиј, за бугарските колеги претставува „историска вистина“, исто како и нивната желба да претстават дека „старобугарските“ ракописи се тие кои се прошируваат во Србија и Киевска Русија, за да во текот на XIV-XV век, „средновековниот бугарски книжевен јазик стане третиот класичен јазик на Европа, по грчкиот и латинскиот“ (с. 15).

Натамошниот текст од публикацијата, кој го опфаќа пост-средновековниот период, сосема сум сигурен дека темелно и критички ќе го анализираат македонските лингвисти и историчари. Меѓутоа, повеќе од евидентно е дека тезите за „бугарското“ потекло на словенскиот јазик и на „бугарскиот“ карактер на дејноста на св. Кирил и Методиј, бугарските колеги го темелат на средновековието, со намера истиот да го проектираат и во современа Република Македонија.

Во тој контекст, во публикацијата на БАН се даваат и конкретни насоки „Road map“ за билатералните односи во научната и културната сфера. Авторите порачуваат дека соседот ќе мора да прифати дека “официјалниот јазик на Република Северна Македонија е југозападна писмено-регионална норма на бугарскиот јазик и поради тоа може да биде означен како северномакедонски бугарски“ (с. 55).

Ваквата современа „реалност“ ќе треба да се манифестира во културниот и медиумскиот простор, за што нема да се користи превод, подеднакво во театрите, филмовите, литературата. Тие треба да станат „заемно достапни и познати од обете страни на границата“, порачуваат авторите, напоменувајќи дека задолжително ќе биде „стриктно придржување кон објективната научна вистина при научните контакти“ без „робување на стари идеолошки клишеа“ (с. 55).

Со други зборови, Република Македонија треба да ги прифати конструираните тези на бугарската национална историографија и лингвистика, рефлектирани во публикацијата на БАН, како „историска вистина,“ и „реалност“ за македонската нација, која за нив не постои и оттаму не треба да „бара поткрепа во некакво измислено минато“ (с. 55)!

За тоа како Грција претендира да го маркира „својот“ дел од историјата на Македонија и да го проектира во современието, а за сметка на историското делегимиирање на македонската нација, во вториот дел од колумната.

The post Како Бугарија и Грција ја делат историјата на Македонија appeared first on plusinfo.mk.