хрушчов Archives - plusinfo.mk

ЕДНА ТРАГЕДИЈА И МНОГУ НОВИНАРСКИ ПОДВИЗИ Скопскиот земјотрес во сеќавањата на новинарската легенда Георги Ајановски
Тоа се случи во зората на 26 јули 1963 година. Се враќавме од годишен одмор во Охрид и патем останавме да преноќиме во селото Болно, Преспа, во куќата на народниот херој Мите Богоевски. Утрото, со неговиот син Богомил тргнавме во прошетка под падините на Галичица. Го сретнавме селскиот шумар кој со возбуда ни соопшти дека Скопје е погодено од силен земјотрес, има голем број урнати згради и илјадници загинати и повредени. Од сите куќи во селото ечеа соопштенија на Радио Скопје за големата трагедија и човечки жртви. Некаде околу пладне почнаа да се читаат и првите имиња на загинатите.

Веста за земјотресот, како што подоцна дознав, прв ја испратил во Белград дописникот на „Политика” Јован Поповски, којшто со помош на еден поштар преку телефонски столб воспоставил врска со својата редакција. Веста ја презеде агенцијата Танјуг и набрзо проструи низ цела Југославија и ширум светот.

Првите слики на ужасот

Некаде околу 14 часот со џип на шумското стопанство пристигнав во Битола, а оттаму со воз тргнав за Скопје. Кај Богомила железничкиот сообраќај беше стопиран, за да може спасувачките екипи од внатрешноста побрзо и несметано да стигнат во Скопје. Со помош на мојата новинарска легитимација се приклучив на една таква екипа и по долго возење, околу 21 часот, влеговме на еден перон на железничката станица, која беше преполовена и од нејзината внатрешност се вадеа жртвите.

Дента беше дадена наредба сите жени, деца и старци да се евакуираат од градот. Струјата беше во прекин и само со џепни ламби можеше да се оствари движењето на настраданото население. Во мракот се извикуваа имиња на најблиските и од секаде допираа викотници на жени кои ги оплакуваа своите загинати или ранети. Илјадници жени, деца, старци беа седнати во блиското паркче во очекување на долгите железнички композиции кои непрекинато заминуваа во разни градови во Македонија и Југославија. Бидејќи беше воведен полициски час, секое движење низ градот беше забрането.

Живот по нови правила

Движејќи се низ сиот тој метеж го слушнав гласот на таткото на мојата тогашна девојка, сегашна сопруга, кој го беше евакуирал семејството за Бјеловар, Хрватска. Тој беше потполковник во ЈНА и ноќта беше на задача со војската да ги обезбедува централните пунктови на градот. Од него дознав дека нема настрадани во моето семејство, куќата го издржала потресот. Со негова помош се упативме кон Булеварот ЈНА, каде во паркчето биле сместени моите најблиски.

Се пробивавме во ноќта низ ридови од урнатини кои го попречуваа движењето. Тогаш сфатив дека од нашето и мое Скопје останале само некакви белези кои тешко можеа да се распознаат. Наликуваше на град на духови. Пред хотелот „Бристол” наидовме на првата вооружена војничка и полициска патрола која што ги обезбедуваше околните објекти од евентуалниот налет на крадци и разбојници. До нас допре строга војничка наредба: – Стој! Следеше одговор: – Застанав! Потоа нова наредба:- Приближи се на пет метри и легитимирај се! Другите нека останат на место.

Откако заврши идентификацијата, продолживме кон стоковната куќа „Беко”. Речиси на секои стотина метри беа поставени слични патроли кои што по истата проверка дозволуваа натамошно движење. Тогаш сфатив дека од тој ден животот во градот ќе се одвива по такви правила. Некаде по полноќ стигнавме до мојата улица Народен фронт и во паркчето легнати на послани ќебиња, меѓу стотина други соседи го пронајдов моето семејство. Потполковникот Алојз Суша продолжи со извршување на своите должности.

„Нова Македонија“ се крена како феникс

Утрото се јавив на своето работно место. Зградата на НИП „Нова Македонија” и Печатницата беа тешко оштетени и редакцијата беше привремено сместена во голем војнички шатор, во дворот на Клубот на пратениците. Тука беа поставени неколку маси со машини за пишување. Бидејќи во тој период поголем број од вработените се наоѓаа на годишен одмор и не беа во состојба да се вратат во Скопје.

Редакцијата започна со работа во преполовен состав. Главниот уредник Тошо Поповски по одржаниот состанок со уредниците донесе одлука, независно од околностите, весникот „Нова Македонија“ да продолжи со излегувањето, разбирливо на помал број страници, а печатењето да се изврши во Приштина, во печатницата на „Рилиндија”.

Следниот ден „Нова Македонија” повторно се најде во рацете на своите читатели. Беше тоа вистински новинарски подвиг во такви услови да се издаде дневен весник. Посебни заслуги за тоа имаа прекалените графички работници кои по цена на своите животи од оштетената печатница ги извлекоа потребните оловни слогови.

Со оглед на тоа што не постоеја никакви семејни услови за престој и исхрана, ние новинарите целото деноноќие го минувавме во редакциските шатори.

Една недела подоцна беа расчистени просториите на работничката менза што се наоѓаше во ниската градба спроти печатарскиот погон и Редакцијата се пресели тука. Во меѓувреме, пристигнаа и другите вработени, па во комплетен состав во горе-долу понормални услови ја продолживме нашата работа.

Скопје вест број еден во светските медиуми

Тие дни Скопје стана централна тема на светските медиуми. Во почетокот тие добиваа извештаи од македонските и југословенските гласила, а потоа испратија свои специјални новинарски екипи од лице место да известуваат за трагедијата. Меѓународниот прес-центар беше сместен во паркчето спроти Градската болница и тука можеа да се видат новинари од сите континенти.

Често пати им помагавме како водичи и домаќини да дојдат до одредени институции кои беа лоцирани во шаторски населби, во разни делови на градот. Особено активни во тој период беа Кризниот штаб и организацијата на Црвениот крст, каде што секојдневно се издаваа официјални соопштенија за настраданите, за помошта што пристигнуваше од сите страни на светот, како и за активноетите околу раечистување на урнатините.

Големо охрабрување за граѓаните на разурнатиот град беше посетата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито кој што заедно со советскиот лидер Никита Хрушчив извршија обиколка на најнастраданите реони. Во таа прилика Тито ја искажа познатата изјава дека Скопје повторно ќе се обнови со помош на целата југословенска заедница и со солидарноста на целиот свет.

И навистина, помошта почна да пристигнува од сите страни: лекови, храна, шатори, градежна механизација, дрвени бараки. Скопје прерасна во едно огромно градилиште. Покрај ЈНА, во помош пристигнаа советски и американски војници, кои со своја механизација вршеа отстранување на урнатините. Од медиумски аспект тоа беше првокласен настан: во време на силна блоковска спротивставеност и антагонизам можеше да се видат како советски и американски војници едни покрај други, по пеколно сонце, работат на отстранување на земјотресни последици.

Георги Ајановски

Трагедијата на колегата Бане Ковач

Па, сепак, сметам дека огромна улога во отсликот на димензиите на скопската катаклизма, одиграа новинарите. Тие, во најкритичните моменти по земјотресот беа насекаде со своите лични сведоштва. Со часови и денови, додека земјата се уште се тресеше, ги исчекуваа резултатите на спасувачките екипи, во обидот да се спасат човечки животи. Честопати заедно со спасителите се испикуваа под скршените бетонски блокови каде што имаше знаци на преживеани лица. Се радуваа како деца кога од купиштата бетонско железо ќе се извлечеше човечко тело кое се уште даваше знаци на живот.

Во моите сеќавања, една од најпотресните сцени на која присуствував, беше извлекувањето на жртвите во една урната четирикатница, спроти хотелот „Арапска куќа“. Во таа зграда живееше мојот прв уредник Бане Ковач, еден од доајените на македонското новинарство. Кога се случи земјотресот тој се наоѓаше на службен пат во Унгарија. Веста за потресот му ја соопштиле неговите унгарски колеги. Но, им било болно да му кажат дека неговата зграда е срамнета со земја и дека има многу жртви.

Додека патуваше кон Скопје, од урнатините беа извадени мртвите тела на неговата сопруга и едното дете, додека по другите две негови деца се уште се трагаше. По пристигнувањето Бане имаше можност само да изврши идентификација и закоп на своите најмили. Од гробиштата тој веднаш се упати кон својот разурнат дом, во исчекување да ја дознае судбината на другите две деца. Бане Ковач со рацете зариени во косата тажно го следеше извлекувањето на жртвите. При секое пронајдено тело притрчуваше кон спасителите и откако ќе констатираше дека се работи за некој негов загинат состанар, со плач ќе го испртеше до камионот во кој се товареа жртвите. Дури третиот ден од земјотресот, некаде околу 14 часот беа извадени телата на неговите две деца. Скршен од болка Бане, при неподнослива јулска жега, не успеа да се задржи на нозе. Падна во бесознание.

Последната слика на која се сеќавам како во некое бунило беше масовното погребување на жртвите на една посебна парцела на гробиштата “Бутел “. Избезумени граѓани трчаа од еден ископ до друг,во надеж дека ќе успеат барем да препознаат некој од најблиските. Во еден момент го забележав Бане Ковач како лежи на еден ископан гроб со раце раширени да ги опфати во родителска прегратка и последно испраќање своите чеда и својата сопруга. Лежеше така неподвижно до квечерината, додека јата гаврани во низок лет кружеа над непрегледната земјотресна гробница.

(Преземено од „Новинарски хронопис“ на Георги Ајановски. Насловот, поднасловот и меѓунасловите се редакциски.)

The post ЕДНА ТРАГЕДИЈА И МНОГУ НОВИНАРСКИ ПОДВИЗИ Скопскиот земјотрес во сеќавањата на новинарската легенда Георги Ајановски appeared first on plusinfo.mk.

Почина директорот на компанијата која на Хрушчов му подари шишенце Пепси
Произведувачот на безалкохолните пијалоци ПепсиКо потврдил дека на 99 годни починал поранешниот извршен директор на Пепси-Кола и ПепсиКо, Доналд Кендал, кој директорувал 23 години, пренесуваат медиумите.

Компанијата соопшти дека тој во пензија бил од 1986 година, но дека бил доверлив советник, кој на компанијата вкупно и служел 39 години во текот на својот извонреден живот.

Семејството на Кендал соопшти дека тој починал во саботата.

– Дон беше архитект на ПепсиКо семејството. Беше непопустлив кога стануваше збор за напредокот на нашето работење. Беше неуништив водач и прекрасен трговец – рекол претседателот и извршниот директор на ПепсиКо, Рамон Лагуарт.

Кандал бил долгогодишен пријател на поранешниот американски претседател Ричард Никсон.

Го паметат како деловен човек кој ги уривал наизглед непремостивите пречки. Тој бил еден од првите американски претприемачи кој ја проширил работата во поранешниот Советски Сојуз и во Кина, и благодарение на него Пепси се појавило на советрскиот пазар

На изложбата на американските индустриски производи во 1959 година во Москва се сретнал со тогашниот советски водач Никита Хрушчов и му понудил шишенце Пепси.

Во почетокот на 1970 година ПепсиКо преговарал со Москва за производство и продажба на пијалоци во Советскиот Сојуз и како резултат на тоа таму се отворени фабрики за производство на Пепси.

The post Почина директорот на компанијата која на Хрушчов му подари шишенце Пепси appeared first on plusinfo.mk.