Грегоријански календар Archives - plusinfo.mk

ГРЕГОРИЈАНЕЦОТ ФИЛИПЧЕ Е ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО И ВО ПРОСТОРОТ Според СДСМ Божик по Јулијанскиот календар е на 25 декември
Жално е што претседателот на СДСМ Венко Филипче не знае по која црковна традиција се води црквата, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на соопштението со кое СДСМ се обидува да претстави дека Филипче не направил лапсус кога вчера на големиотхристијански празник Водици наместо со поздравот „Бог се јави“, ги поздрави верниците со „Бог се роди“.

„Помалку смешно изгледа што СДСМ секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква. ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДСМ Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав, честиташе со поздравот „Бог се роди“, што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Немаше потреба, се додава, безидејниот СДСМ да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ и дека целата јавност не видела дека Филипче не згрешил.

„Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и во просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да е СДСМ српска колонистичка партија и експозитура на српската политика. Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Во соопштение со наслов „ВМРО религиозни дезинформации“ опозициската СДСМ на чело со Филипче вели дека  ВМРО-ДПМНЕ дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление Водици.

„Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО-ДПМНЕ е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат сè, дури и верските традиции за политички поени. По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божик на 7 јануари, па сè до Богојавление на 19 јануари. Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“. Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура. Во текстот на кујните на ВМРО-ДПМНЕ стои, цитираме: Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божик, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот или на 7 јануари според Јулијанскиот календар. Прво, не се поздравува по Божикниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот! Второ, не е „7 јануари по Јулијанскиот, по јулијанскиот календар е 25 декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари“, соопшти СДСМ.

ЗА ФИЛИПЧЕ НА ВОДИЦИ „БОГ СЕ РОДИ“ За „Бог се јави“ ќе почека до Велигден

The post ГРЕГОРИЈАНЕЦОТ ФИЛИПЧЕ Е ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО И ВО ПРОСТОРОТ Според СДСМ Божик по Јулијанскиот календар е на 25 декември appeared first on plusinfo.mk.

ДВА КАЛЕНДАРА, ЕДНА ВЕРА Кој е точниот датум на прославата на Божик?
Во периодот околу божикните празници редовно станува актуелна темата за датумот на прославата на Рождеството Христово, зошто кај нас се слави на еден датум (7 јануари), а во западниот свет на друг датум (25 декември)? Па дури и некои православни земји, како соседните Грција и Бугарија, празнуваат на различен ден од нас. Не отсуствуваат ниту дебати, ниту разни текстови на оваа тема во македонската јавност.

Сепак, во дискусиите што ги имам видено, аргументите на онаа страна која смета дека е добро и ние да се приклониме кон новиот календарски стил обично се сведуваат на тоа дека така треба затоа што така прават другите, така прави цивилизираниот западен свет, небаре само уште календарот да го смениме и ќе се доближиме до земјите на кои би сакале да се угледаме, можеби дури и без да мора да се справиме со другите предизвици во нашето општество, како владеењето на правото, работничките права или корупцијата и непотизмот. Другата страна, пак, вообичаено држи до тоа дека стариот календарски стил е одлика на нашата Православна црква, и дека тоа е традиција која нема потреба да се менува. Не се малку ниту оние кои сметаат дека менувањето на календарот е еднакво на менување на верата, од православна во неправославна, а дел од нив се чини дека веруваат дека јулијанскиот календар е востановен од Православната црква, како што е грегоријанскиот од Римокатоличката.

Основни поими

Нашата Православна црква богослужбениот живот го раководи според јулијанскиот календар, популарно наречен „стар календар“ или „стар стил“. Тој календар сега „доцни“ 13 дена зад „новиот“ грегоријански календар што е во најширока употреба во светот. Па така, кога според грегоријанскиот календар е 7 јануари, според јулијанскиот календар датумот е 25 декември. Значи, и Православната црква смета дека датумот за прослава на Божик е 25 декември, само што тој ден не се поклопува со календарот што секојдневно го користиме.

Јулијанскиот календар своето име го добива според Гај Јулиј Цезар, римскиот владетел, кој го востановил овој календар како официјален во Римската држава во 46 година пред Христа. Овој календар се базира на тогашното научно согледување дека една година, односно периодот на една револуција на Земјата околу Сонцето, изнесува 365 дена и 6 часа. Тие 6 часа во рок од четири години прават еден цел ден, и тој ден се додава во престапната година, која заради тоа има 366 дена.

Христијанската црква, која се развила токму на територијата на Римската држава, едноставно го прифатила државниот календар и според него ги пресметувала своите празници.

Пресметување на датумот на празнување на Воскресението Христово

Единствено во однос на пресметувањето на најголемиот празник во христијанската вера, Воскресението Христово – Пасха, Велигден, црквата одредила посебни правила и канони. Уште на Првиот вселенски собор, во 325 година, во Никеја, е утврдено дека се забранува прослава на Воскресението Христово во ист ден кога се празнува еврејската Пасха, пред пролетната рамноденица. До Соборот веќе била воспоставена праксата Велигден да се празнува во недела – денот на Воскресението Христово, и тоа не било променето на Соборот, а не е променето ниту до денес. И денес го славиме Велигден не на фиксен датум, туку секогаш во недела, после полната месечина по пролетната рамноденица. (Полната месечина во приказнава е поврзана со одредбата за еврејската Пасха: еврејската Пасха се празнува на 14-от ден од месецот нисан; нисан е првиот пролетен месец во северната хемисфера; бидејќи во еврејскиот календар месеците доследно ги следат месечевите мени, 14-от ден од месецот нисан секогаш има полна месечина.) На тој начин, прославата на Христовото Воскресение Светите Отци ја врзале не за еден или за друг календар, кои се устроени од луѓето и, како што ќе видиме понатаму, се само приближно точни и се подложни на грешки, туку за движењето на небесните тела, кое е устроено од Бога.

Пресметувањето на датумите на Пасха во тоа време ѝ било доверено на Александриската Патријаршија, бидејќи таму астрономијата била најразвиена, и таа црква имала должност благовремено да ги достави пресметаните датуми до останатите цркви.

Според датумот на празнувањето на Воскресението Христово се одредува и кога почнува Великиот пост, кога се подготвителните недели пред Великиот пост, кога се празниците после постот, Вознесението Христово – Спасовден, Педесетница, односно Духовден, и, конечно, на кој ден ќе започне Апостолскиот пост. А понатаму, во текот на целата година, неделите се бројат во однос на празникот Педесетница, па во верското календарче читаме: „таа и таа недела после Педесетница“. Значи, гледаме дека датумот на прославувањето на Пасхата има печат и врз целата година.

Грегоријанскиот календар

Во времето на Ренесансата, во 16. век, е утврдено дека должината на годината всушност е нешто пократка отколку што е според јулијанскиот календар, односно дека изнесува 365 дена, 5 часа, 49 минути и 12 секунди. Оваа разлика од 10 минути и 48 секунди, од времето на Првиот вселенски собор до 16. век, довела до отстапка од 10 дена. Тогашниот римски папа, Григориј, одредил да се изготви нов календар, според новите пресметки за должината на годината, и кога ќе стапи на сила, да се направи корекција на датумот, за да се отстрани отстапувањето од 10 дена. За со текот на времето да не се створи повторно слично отстапување, новиот календар има поинаков начин за одредување на престапните години. Овој календар се нарекува грегоријански и има разлика во датумот во однос на јулијанскиот календар. Од неговото воведување во употреба во 1582 година, до денес разликата помеѓу двата календари се зголемила на вкупно 13 дена. Во 2100 година разликата ќе стане 14 дена.

Целта на папата Григориј била да се запази правилото од Првиот вселенски собор во однос на пресметката на датумот за Велигден, затоа и корекцијата што ја направил била според годината кога е одржан Првиот вселенски собор, а не според годината кога е воведен јулијанскиот календар во употреба. Но, зошто повторно го мешаме календарот во однос на оваа пресметка, кога погоре кажавме дека тој датум зависи од движењето на небесните тела? Затоа што за одредување на пролетната рамноденица е земен фиксен датум – 21 март. Во времето на папата Григориј било утврдено дека рамноденицата всушност настапува 10 дена порано одошто е во јулијанскиот календар, та со календарската реформа тоа било коригирано. Сепак, како последица на промената на пресметката на датумот за Велигден според грегоријанскиот календар, во Римокатоличката црква се случува Воскресението Христово да се празнува пред или заедно со еврејската Пасха, спротивно на споменатото правило од Првиот вселенски собор.

Грегоријанскиот календар стапил на сила најпрвин во римокатоличките земји, во 16. век, во протестантските земји во 18. век (во меѓувреме имале различен календар од блиските соседи Римокатолици), а во православните земји – на почетокот на 20. век. Притоа, Православните цркви го задржале јулијанскиот календар за црковна употреба, и жителите на овие земји се научиле на паралелно користење на стариот календар (за црковна употреба) и новиот календар (за сè останато).

Новиот календар во Православните цркви

И во православниот свет била воочена неточноста на јулијанскиот календар. Во 14. век византискиот научник Никифор Григора поднел предлог до Цариградскиот патријарх и до Царот, за реформа на јулијанскиот календар и на начинот на пресметка на датумот за Велигден. Но, до реформа не дошло, затоа што се проценило дека нема да биде можно сите Православни цркви да се убедат да прифатат таква промена.

Од слична причина, за да не дојде до раздор помеѓу верните, Православните цркви не го прифатиле грегоријанскиот календар кога се појавил.

Во 1923 година, Цариградскиот патријарх Мелетиј Метаксакис свикал Собор на кој предложил реформа на календарот. Реформата била дело на српскиот астроном Миланковиќ, кој составил календар што ги следи датумите на грегоријанскиот календар, но е попрецизен во пресметката на должината на годината, а во однос на празнувањето на Велигден се поклопува со јулијанскиот календар. Овој календар е наречен „ревидиран јулијански“ или „новојулијански“, и додека од една страна осигурува дека Воскресението Христово, и сите поврзани празници, ќе бидат празнувани истовремено со црквите кои го користат јулијанскиот календар, од друга страна води до необични неправилности – на пример, се случува Апостолскиот пост да треба да заврши пред воопшто да почне (кога празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се падне во Духовденската седмица). Веќе во 1924 година, овој календар бил прифатен во Цариградската Патријаршија, Романската црква и Црквата на Кралството Грција.

Кралството Грција грегоријанскиот календар го прифатила најдоцна, во 1923 година, а за помалку од една година потоа и црквата го усвоила ревидираниот јулијански календар, па таму скоро и да немало период на паралелна употреба на два календари, еден државен, а друг црковен. Менувањето на црковниот календар во Грција не бил мирен и едноставен процес. Значителен број верници, свештеници и епископи изразиле силен револт кон одлуката за промена и одбивале да ја прифатат. Дел од нив се имаат одвоено во посебна црковна структура наречена „Вистинска православна црква“, чии припадници во народот се познати како „старокалендарци“ заради приврзаноста кон стариот календар. Оваа црковна структура се смета за расколничка, бидејќи нема општење ниту со Грчката црква, ниту со другите канонски Православни цркви во светот. Разделбата на верниците заради прашањето на календарот до ден денес останува болна рана на телото на Православната црква во Грција, која црквата се труди да ја залечи со тоа што ќе допушти и служби по стариот календар, но овој процес е далеку од завршен.

Вреди да се напомене дека монашката држава Света Гора, која се наоѓа во рамките на државата Грција, а припаѓа во црковната јурисдикција на Цариградската патријаршија, сè уште се раководи по стариот календар. Но, секогаш останала во единство со црквите кои го прифатиле новиот календар.

Полската православна црква го усвоила новиот ревидиран календар во 1924, а во 2014 година се враќа на стариот календар, оставајќи слобода парохиите да служат и според ревидираниот јулијански календар, доколку така претпочитаат. Двата црковни календари се во употреба и во Православната црква на Чешка и Словачка.

Александриската Патријаршија, иако на почетокот се спротивставила на ревизијата на календарот, откако на нејзиниот престол дошол истиот патријарх Мелетиј Метаксакис, во 1926 година преминала на новиот календар. Овој чекор го следеле и Антиохиската Патријаршија, и Кипарската православна црква.

Финската православна црква е единствена православна црква која се раководи според грегоријанскиот календар вклучително и за одредување на датумот на Пасха.

Бугарската православна црква преминува на новиот календар во 1968 година. Но, бидејќи поминале полни 50 години во кои црквата употребувала еден календар, а државата друг, останала навика некои празници да се празнуваат по стариот календар. На пример, Бугарската црква Ѓурѓовден го празнува на 6 мај наместо на 23 април како што е предвидено во црковниот календар.

Сегашната состојба и како понатаму

Поголемиот број помесни Православни цркви го имаат прифатено новиот ревидиран календар. Јулијанскиот календар останува во употреба во следните православни цркви: Ерусалимската патријаршија, Руската православна црква – Московска Патријаршија (вклучително и автономните цркви под оваа Патријаршија – Белоруска, Украинска, Молдавска, Јапонска и др.), Српската Патријаршија, Грузиската православна црква, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, и Света Гора. Според бројот на верници, може да се каже дека најголемиот број православни во светот се раководат според стариот, јулијански календар во богослужбениот живот на црквата.

Интересен податок е тоа дека јулијанскиот календар се користи во астрономијата и во компјутерската технологија, затоа што е едноставен за користење и правење прецизни временски пресметки. Па така, движењето на небесните тела, појавувањето на кометите, движењето на сателитите во орбитата на Земјата се пресметуваат со користење на тнр. „јулијански ден“.

Промената на календарот, особено без соодветна подготовка на верниот народ, може да доведе до раздор помеѓу верниците, како што се случило во Грција.

Треба да се има предвид и дека една црква која што долго време користела различен календар од државата, по усвојувањето на новиот календар, како што гледаме од примерот на Бугарската православна црква, може да има потешкотии да ги убеди верните да се вратат на стариот датум на прослава на празниците: Св. Кирил и Методиј на 11 наместо на 24 мај, Успение Богородично на 15 наместо на 28 август, Петровден на 29 јуни наместо на 12 јули и многу други, меѓу кои и за нашиот народ најзначајниот – Илинден на 20 јули наместо на 2 август.

Ерусалимската Патријаршија, како дополнителна причина за придржување до стариот календар го има и практичниот аспект на организирање на празничните богослужби во Светата Земја во различен ден од Римокатолиците; би било потешко да се ускладат овие служби кога би биле во ист ден. Исто така, Ерусалимската Патријаршија во неколку наврати има истакнато дека: „Истовременото прославување на празниците со Римокатоличката црква се проценува некорисно за Православието“.

Идеално би било, прашањето на календарот да биде решено на некој иден Сеправославен т.е. Вселенски собор, како што впрочем и било предвидено, па оваа тема била разгледувана на предсоборската конференција во 1977 година, но кога и дали ќе се случи тоа, останува неизвесно. На конференцијата во 1977 година е констатирано дека пресметувањето на датумот на Пасха според јулијанскиот календар има отстапување во однос не само на рамноденицата, туку и на месечевите мени, кои во реалноста се случуваат 5 дена порано одошто се пресметува. Заклучено е дека овие недостатоци треба да се исправат на таков начин што нема да се наруши погореспомнатиот канон од Првиот вселенски Собор. (Треба да се каже дека тој канон не се нарушува ниту со денешното сметање на датумот за прослава на Воскресението Христово, според јулијанскиот календар.)

На Великиот собор во Крит, во јуни 2016 година, оваа тема не беше разгледувана. На подготвителните средби пред Соборот беше вклучена и проучувана, но на собирот на претстоителите, во јануари 2016 година, беше одлучено да се изостави, затоа што некои Православни цркви не се спремни и немаат желба да прават реформи во календарот.

Архимандрит Иринеј (Стефановски) / МПЦ-ОА

The post ДВА КАЛЕНДАРА, ЕДНА ВЕРА Кој е точниот датум на прославата на Божик? appeared first on plusinfo.mk.

ИСТ БОЖИК, ДВА ДАТУМА Зошто некои слават на 25 декември, а други на 7 јануари
Секоја година, со приближувањето на Божиќ, повторно се отвора старото прашање: кога навистина е роден Исус Христос и зошто празникот се слави на различни датуми – 25 декември и 7 јануари. Ист празник, а два датума – еден се слави во старата, а другиот во новата година.

Римокатоличките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Божиќ, додека по две недели останатиот дел од православниот свет ќе го прослави Христовото раѓање. Станува збор за еден ист настан, со исто значење за христијаните, но без единствен термин за негово одбележување.

За некои ова е повод за расправии, за други само календарска недоумица што не ја менува суштината и значењето на празникот.

Зошто тогаш дел од верниците Божиќ го слават на 25 декември, а дел на 7 јануари? Одговорот е едноставен – календарот. Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар денес се разликуваат за 13 дена, па истиот датум се појавува во различно време. Не станува збор за „два Божиќа“, туку за различно мерење на времето.

Во христијанството и денес постојат разлики околу тоа кога треба да се слави Божик и другите верски празници, пред сè поради различните календари што ги користат црквите. Така, римокатолиците и дел од православните христијани кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, Божиќ го слават на 25 декември. Дел од православните цркви што се водат според стариот Јулијански календар, раѓањето Христово го одбележуваат на 7 јануари.

Иако низ историјата биле правени обиди за усогласување на празнувањата меѓу т.н. „старокалендарци“ и „новокалендарци“, разликите остануваат. Математичарите предупредуваат дека ако продолжи паралелната примена на двата календара, дел од православците Божиќ во 2101 година наместо на 7 јануари ќе го слават на 8 јануари. Причината е тоа што Јулијанскиот календар доцни зад соларната година еден ден на секои 128 години, додека кај Грегоријанскиот календар тоа се случува на секои 3.300 години.

Во времето на Отоманската империја, цариградскиот патријарх Еремија го одбил предлогот на папата за прифаќање на Грегоријанскиот календар и усогласување на празниците. Примената на Грегоријанскиот календар во дел од православните цркви започнала во првите децении на 20 век, на инсистирање на вселенскиот патријарх Јоаким.

Во 1919 година новиот календар бил прифатен во Кралството СХС, во 1923 година во Грција, а подоцна и во Бугарија, Романија и Турција.

Меѓутоа, монасите на Света Гора, Ерусалимската патријаршија, како и Руската, Српската и Македонската православна црква и натаму се водат според Јулијанскиот календар. За разлика од нив, Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква го прифатија Грегоријанскиот.

Најсериозниот обид за компромис меѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар го направил српскиот физичар и астроном Милутин Миланковиќ. Календарот што го изработил на барање на Вселенскиот патријарх Милентиј IV се смета за најточен, бидејќи доцни еден ден на секои 28.800 години.

Миланковиќ го претставил својот календар на Сеправославниот конгрес во 1923 година во Цариград. Решението го прифатиле повеќе православни цркви, но и покрај мнозинската поддршка, календарот никогаш не бил целосно усвоен.

Јулијанскиот календар, според кој се води и Македонската православна црква, датира од 46 година п.н.е., кога римскиот император Јулиј Цезар го ангажирал астрономот Сосиген да изработи попрецизен календар. Тој вовел година од 365 дена, поделени во 12 месеци, со престапна година на секои четири години.

Подоцна било утврдено дека Јулијанската година е подолга од соларната за 11 минути и 14 секунди, што со векови создадало значителни отстапувања. Затоа папата Гргур XIII во 1582 година извршил реформа и го вовел Грегоријанскиот календар, кој денес е глобален стандард.

Раѓањето на Исус Христос е еден од најзначајните настани во христијанството. Иако Божиќ се слави како ден на неговото раѓање, точниот датум историски не е утврден. Разликата меѓу 25 декември и 7 јануари не е теолошка, туку календарска.

Црковните претставници нагласуваат дека суштината на празникот е иста.

– Божиќ е празник на раѓањето Христово и неговата порака за мир, љубов и спасение е иста, без разлика кога се слави – велат теолозите.

И додека датумите можат да нè делат, Божиќ и понатаму ги обединува верниците околу истата порака – вера, надеж, љубов и духовна обнова.

The post ИСТ БОЖИК, ДВА ДАТУМА Зошто некои слават на 25 декември, а други на 7 јануари appeared first on plusinfo.mk.

ЕВОЛУЦИЈА НА КАЛЕНДАРИТЕ Како Римјаните го сметале времето, а како Египќаните?
Во минатото, годините се сметале на сосема поинаков начин. Пред Римјаните, не само што не бил развиен календар, туку не постоеле ниту денови во неделата, па дури и часовите не биле еднакви во текот на целата година. Тогаш се користело таканареченото темпорално време, а должината на часот зависела од должината на денот.

Дури во 14 и во 15 век било прифатено еквиноционалното време по кое должината на еден час е иста во текот на целата година.

Како се одвивала еволуцијата на календарите?

Египетски календар

Египќаните први го направиле календарот со кој времето се мерело со помош на годината. За една година Земјата врти цел круг околу Сонцето.

Како и сите историски народи, Египќаните најпрво користеле лунарен календар, базиран на Месечината. Времето во Египет најпрво се сметало од една полна Месечина до друга, а по секои три полни Месечини доаѓало до излевање на реката Нил, а тоа било повод за прославување празник, бидејќи земјата станувала плодна.

За да би знаеле кога доаѓаат празниците, Египќаните се обиделе да направат календар со помош на кој нема да зависат само од Месечината. Па така, нивните астрономи забележале дека на секои 12 месеци на небото се појавува ѕвездата Сириус, а периодот помеѓу двете појави на оваа ѕвезда го нарекле – година.

Како што се развивала астрономијата во Египет, така и годините се поделиле на 365 дена и на 12 месеци. Интересно е како ги броеле годините. Со доаѓањето на секој нов фараон на власт, броењето на годините започнувало од самиот почеток. Па така, во Египет, наместо да се каже 250-та година, таму се кажувало 15-та година откако фараонот „тој и тој“ е на власт.

Римски календар

Римјаните ги удриле темелите на современиот календар. Самиот збор „календар“ потекнува од латинскиот јазик – calendarium, а за Римјаните тоа претставувал назив за „книга на долгови“. Имено, првиот ден во секој месец бил период кога требало да се вратат сите долгови.

Во тоа време не постоеле називи за деновите во неделата, па Римјаните го делеле месецот на два дела, а не на четири седмици.

На почетокот, Римјаните користеле година која имале 10 месеци, а двата месеци ги додале подоцна. Годините се бореле од легендарното основање на градот Рим. Најголемиот дел од имињата на месеците биле римските редни броеви (први, втори, трети…).

Првиот месец во годината – јануари, го добил името по римскиот бог Јанус, додека месецот јули го добил своето име во чест на Јулиј Цезар, а август по неговиот наследник Октавијан Август.

Римјаните дури пресметале дека годината не трае 365 дена, туку 365 дена и 6 часа.

Еврејски календар

Поради тоа што десетте заповеди на Мојсеј велат дека седмиот ден треба да служи за одмор, Евреите тој ден го нарекле сабота. Подоцна имиња добиле и останатите денови во неделата, а кога било создадено христијанството, денот за празнување се преместил за недела.

Покрај тоа, Евреите во календарот вовеле и систематско броење на деновите, кое не зависело од моменталниот владител.

Нивниот календар ги броел годините од настанувањето на светот, додека, пак, христијаните го започнале броењето на годините од раѓањето на Исус Христос.

Јулијански календар

Најдолгата година во историјата траела 445 дена. Тоа била 46-тата година пред нашата ера. Тогаш римскиот император Јулиј Цезар го повикал астрономот Сосигениј од Александрија за да го поправи римскиот календар.

Римјаните знаеле дека годината трае 6 часа подолго од 365 дена, но до тогаш го користеле календарот без престапни години. Поради вишокот, се појавила разлика од 67 дена, па астрономот донел одлука да се воведе престапна година на секои четири години, односно месецот февруари на секоја четврта година да добива уште еден ден.

Грегоријански календар

Како што се развивала астрономијата, така било пресметанот дека годината не трае 365 дена и 6 часа, туку 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Токму затоа, од времето на Јулиј Цезар па сè до 1582 година, се насобрале 10 дена разлика.

Поради тоа, папата Грегориј 13 одлучил да го измени Јулијанскиот календар и така се создал Грегоријанскиот календар.

Реформите ги извршил језуитскиот математичар Кристофер Клавијус, кој во 1582 година ја скратил годината за 10 дена, а наместо секоја четврта година да биде престапна, тој вовел правило годините кои се на почеток на столетието (1700, 1800, 1900) да прескокнуваат трипати како престапни, а секоја четиристота година да си останува престапна.

Денес, овој Грегоријански календар го користи целиот свет, освен некои православни цркви.

Извор: National Geographic

The post ЕВОЛУЦИЈА НА КАЛЕНДАРИТЕ Како Римјаните го сметале времето, а како Египќаните? appeared first on plusinfo.mk.

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што синоќа имаше божикна света литургија.

На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и помал број верници во однос на изминатите години согласно протоколите за заштита од ковид-19.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, со божикната проповед им го честита празникот Божик на католичките верници на литургијата.

Божик денеска го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет, кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

The post Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик appeared first on plusinfo.mk.