даночна реформа Archives - plusinfo.mk

ЌЕ СЕ ГРАДИ, А ЌЕ СЕ КРАТАТ НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ Ковачевски го брани новиот буџет
Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, изхави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Ковачевски вели дека Предлог-буџетот не само што е реален, туку е и рационален и скроен да одговори на предизвиците поврзани со енергетската криза. Тој верува дека ќе има успешна реализација на капиталните расходи, а ваквиот став го темели на фактот што во последните две години реализацијата е околу 80 проценти, а годинава над 60 проценти.

– Буџетот за 2023 година е креиран согласно златното правило во јавните финансии, што значи дека расходите за капитални инвестиции се на повисоко ниво од дефицитот. Тоа ја покажува развојната компонента на буџетот и нашата определба за забрзување на економскиот раст на среден рок. Во 2023 продолжуваме со инфраструктурни проекти кои ќе нѐ поврзат и внатре во земјата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжуваме со изградба на Железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови, продолжуваме со проектот за гасификација на државата. Комплетно е завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија до Битола. Продолжуваме со капитални инвестиции во земјоделството со кои обезбедуваме пред сѐ зголемено домашно производство на храна, поддршка за земјоделците како и поддршка за модернизација на земјоделството. Буџетот предвидува продолжување на имплементацијата на интензивниот инвестициски циклус во енергетскиот сектор кој треба да обезбеди зголемување на вкупниот енергетски потенцијал. Особено внимание се посветува на транзицијата кон обновливи извори на енергија како и на енергетската безбедност и енергетската ефикасност на земјата – објаснува Ковачевски.

Во буџетот, којшто треба да се донесе до крајот на овој месец, се предвидени има огромни заштеди од кратењето на непродуктивните трошења, вели премиерот.

– Овде влегуваат околу 80 милиони денари за патните трошоци. Ставката за поправка и одржување е намалена за 48 милиони денари, набавката на нови возила е намалена за над 33 милиони денари, како и за останати расходи и репрезентации, која исто така е намалена за над 62 милиони денари – нагласува тој.

Планирани се повеќе средства за повисоки пензии, за поттикнување на приносите и производството во земјоделството, за усогласување на платите со минималната, но и за развој на економијата преку инвестиции во инфраструктурата и поддршка на приватниот сектор. Обезбедени се средства и за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост. Предвидени се и зголемувањата на платите во образованието.

Што се однесува до новата даночна реформа, Ковачевски објаснува:

– Не се предвидуваат нови даноци, не се предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува со една стапка од 10 проценти и се укинува прогресивното оданочување кое требаше да стапи на сила на  јануари 2023 година, данокот на добивка останува 10 проценти и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 проценти и не се зголемува, каматите на депозитите и штедните влогови, нема да се оданочуваат. Оваа нова даночна реформа преставува ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Во однос на прогресивното оданочување, ќе посочам дека оваа одлука е донесена врз основа бројни анализи и консултации со сите чинители, кои покажаа дека прогресивниот данок не ги дава бараните резултати како модел. Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023 година, и тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, но дека консултациите ќе продолжат и во иднина. Со самиот факт дека праведноста е еден од основните принципи на новиот даночен систем, ние во наредниот период ќе разгледуваме опции за нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство, односно да се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член.

The post ЌЕ СЕ ГРАДИ, А ЌЕ СЕ КРАТАТ НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ Ковачевски го брани новиот буџет appeared first on plusinfo.mk.

СЕ КРОИ НОВ МОДЕЛ ЗА ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ Размислуваме да воведеме и данок на екстра профит, вели вториот човек на Министерството за финансии
Владата останува на определбата да воспостави праведен и правичен даночен систем. Тоа, меѓу другото ќе се постигне преку нов модел на прогресија на кој ќе се работи во наредниот период – вели заменик-министерот за финансии Филип Николоски во интервју за БлумбергАдриа, во кое говори за даночната реформа и новиот Концепт што беше тема на дебата со засегнатите страни во изминатите месеци и кој етапно треба да се воведе од 2023 година.

– Новиот Концепт на даночна реформа треба да доведе до праведност, ефикасност, ефективност и транспареност. Во таа насока, а тоа произлезе и од дебата, е и укинувањето на постојниот модел на прогресивно оданочување, за кој и анализите покажаа дека не дава вистински резултати и не е правичен модел. Го укинуваме, но не се откажуваме од прогресијата. Работиме на нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќиснтво”, рече заменик-министерот за финансии.

Тој појасни дека со постојниот модел доколку во едно четиричлено семејство има само еден вработен со приход од 100 илјади денари тој ќе биде оданочен со втората стапка, а додека во друго четиричлено семејство каде сите имаат приходи поединечно по 80 илјади денари, нема да платат дополнителен данок.

Во однос на иницијативата за воведување данок на екстра профит, Николоски рече дека воведување ваков данок во време на криза не е новина и дека таков данок веќе имаат воведено и други земји.

– Во време на криза одредени компании од различни индустрии, како резултат на инфлацијата, растот на цените, остварија екстра профит и се размислува да се воведе данок на екстра профит со времен карактер. Тоа не е новина, ваков данок имаат воведено Хрватска и некои други земји – посочи заменик-министерот за финансии Филип Николоски во интервјуто.

The post СЕ КРОИ НОВ МОДЕЛ ЗА ПРОГРЕСИВНО ОДАНОЧУВАЊЕ Размислуваме да воведеме и данок на екстра профит, вели вториот човек на Министерството за финансии appeared first on plusinfo.mk.

ДАНОЧНА РЕФОРМА ЌЕ ИМА, НО ТРЕБА ВРЕМЕ Лукаревска е против проблематични решенија
Прогресивното оданочување ќе биде воведено, но тоа не треба да биде избрзано решение. Кога ги направивме првите анализи увидовме дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен, рече вечерва директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

– Кога ја направивме анализата за структурата на данокот на личен доход увидовме дека имаме најголем раст кај страната на платите и на приходите што ги имаат граѓаните од игрите на среќа. Дали ефектот од прогресивното оданочување тогаш би бил позитивен, сметам дека не. Затоа во иднина треба да направиме соодветна дистинкција и да го одбереме најдоброто, но да не биде избрзано – рече Лукаревска во вечерашната емисија Топ Тема на Телма и додаде дека тоа е причината што веднаш не се воведува прогресивното оданочување.

Таа најави дека во иднина ќе следат многу дебати на таа тема со цел да бидат сослушани сите страни.

– Праведност, ефектност и транспарентност во наплатата е суштината на еден праведен даночен систем. Можеби се згреши во делот на прогресијата што не се отвори соодветна долготрајна дебата за да се види кое е најсоодветното решение. Сепак, праведноста е заштитен знак на прогресивното оданочување – посочи Лукаревска.

Нагласи дека од крајот на август стартуваше само предлог даночна реформа и додаде дека неколку пати напоменале дека можеби ништо од тоа нема да влезе во имплементација.

– Ги слушнавме сите релевантни фактори и нивните сугестии. Сметам дека во време на криза е право време да се направат даночни реформи. Даночни реформи ќе има, но треба да се направат многу јавни дебати. Ги слушаме и ќе ги слушаме пораките од сите, бидејќи не треба да се носат проблематични решенија – рече Лукаревска.

Директорката на УЈП посочи дека Управата не е носач на решенија, туку е само имплементатор и додаде дека во услови на криза не може да се предвидуваат економските текови, бидејќи се менуваат од ден на ден.

The post ДАНОЧНА РЕФОРМА ЌЕ ИМА, НО ТРЕБА ВРЕМЕ Лукаревска е против проблематични решенија appeared first on plusinfo.mk.

БЕЗ ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК, РЕФОРМИТЕ ЌЕ ГИ ПЛАТАТ СИРОМАШНИТЕ Јовановиќ критикува, би можеле да собереме и до 100 милиони годишно
Ако не се воведе прогресивен данок, останатите даночни реформи кои Владата ги планира ќе значат даночење на сиромашните, во интервју за Локално.мк вели познатиот економски аналитичар Бранимир Јовановиќ кој беше советник во Министерството за финансии, а сега работи во Виенскиот институт. Тој смета дека реформите се задоцнети и нејасни.

– Така што, ако не се воведе прогресивен данок, и на личен доход, и на добивка, а се воведат придонеси на хонорарците, тоа ќе значи дека со оваа реформа всушност ќе се даночат сиромашните, а не богатите, и тоа ќе има катастрофални економски и социјални последици – вели Јовановиќ.

Аналитичарот смета дека со правилно прогресивно даночење би можеле за 5 години да си ги вратиме парите од една еврообврзница која Македонија ја чини околу 500 милиони, односно да се соберат 100 милиони евра годишно.

– Да воведувам јас прогресивен данок сега, кај личниот доход би ставил барем три стапки – 10 отсто до 1500 евра месечно, 20 отсто помеѓу 1500 и 3000 евра, и 30 отсто над 3000 евра. Кај добивката, би вовел дополнителна стапка од 20 отсто за добивката над 1 милион евра. И задолжително би ја укинал максималната основица за плаќање на придонесите, која ги фаворизира оние со плати од илјадници евра. Со една ваква реформа, според некои мои груби пресметки, би можеле да се соберат околу 100 милиони евра годишно. Тоа е отприлика двојно повеќе од она што го кажа министерот за неговиот предлог. Во рок од 5 години, тоа менува издавање една евробврзница – потцртува Јовановиќ.

Тој ја нагласува конфузијата во носењето на реформата велејќи дека не постои јасна порака:

– Кога го воведувавме прогресивниот данок во 2018, пораката беше – земаме од богатите, за да им дадеме на сиромашните, затоа што Македонија има највисока сиромаштија и највисоки класни разлики во Европа. Сега нема никаква порака – дециден е аналитичарот.

The post БЕЗ ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК, РЕФОРМИТЕ ЌЕ ГИ ПЛАТАТ СИРОМАШНИТЕ Јовановиќ критикува, би можеле да собереме и до 100 милиони годишно appeared first on plusinfo.mk.

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЕДНА ГОЛЕМА НАДЗЕМНА СЕПТИЧКА ЈАМА Остри критики на Петар Гошев во интервју за Дојче Веле
Нѐ чека тешка зима – дефицитите на јавниот сектор се огромни, структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок, а зависноста од надворешните шокови е непремостлива, смета Петар Гошев, поранешен министер за финансии и поранешен гувернер на НБРМ. Искусниот економист за ДВ ги сподели неговите ставови за актуелните економски предизвици со кои е соочена земјата. Дел од нив се резултат на екстерни шокови, но останатите ги смета за резултат на повеќедецениско отсуство на соодветни домашни политики.

ДВ: Само пред неколку месеци се надевавме на пресвртна точка, по што економијата ќе тргне по нагорна линија, но пандемијата ја заменија други тешки проблеми. Имаме ли капацитет да се справиме со нив?

Петар Гошев: Не се исполнија очекувањата дека со ставањето под контрола на пандемијата, економијата повторно ќе ја фати нагорната линија и дека инфлацијата ќе се смири. Напротив, на светската економија, или на онаа во најразвиениот дел од светот, повторно ѝ се заканува состојбата од седумдесеттите години на минатиот век, означена со терминот „стагфлација“ – застој или пад на економската активност, проследен истовремено со поголем или помал раст на цените.

Во случајов, мислам на раст на цените кај најразвиените земји кој е највисок во последните 40 години, близу толку, околу 35 години, и во Македонија, а ќе видиме дали ќе се случи и истовремен пад на економската активност и во колку држави. Причината за тоа е јасна: бруталната инвазија на Русија врз Украина, која дополнително ги поремети не само транспортните синџири за снабдување на пазарите во светот, туку и директно влијаеше на уште поголемото зголемување на јазот помеѓу понудата/произведеното и побарувачката на двете главни групи на производи – енергенсите и храната.

Земјите со повисок степен на „самодоволност“, кои се помалку зависни од увоз и извоз на стоки и услуги, како и оние со поголем фискален капацитет, полесно ги амортизираат ударите од секоја, па и од оваа криза, во споредба со други далеку поотворени увозно-извозни економии, каква што е, на пример, и Македонија.

Меѓутоа, високата зависност од стоки и услуги од увоз, вклучително и од енергенси и храна, не е произлезена (барем не кај сите земји) од некоја географска хендикепираност. Или пак, кога станува збор за драматично руиниран фискален капацитет на една држава. Во некои земји политичките гарнитури, како и во нашата, мора многу упорно и подолго време да „вложувале напори“ за да ги доведат нивните земји во таква положба.

ДВ: Што најмногу ја отсликува таа неповолна положба, на која укажувате?

Петар Гошев: Во Македонија повеќе од четири децении не е изграден енергетски капацитет (занемарливи се Козјак и Света Петка) што значи дека толку децении е зголемувана нашата енергетска ранливост и зависност од увоз. И не само што не е одржувано и зголемувано производството на електрична енергија, туку, само од 2010 година наваму е намалено за речиси една третина. Исто толку децении, поради отсуство на соодветни политики ја имаме зголемувано и зависноста на земјата од увоз на храна, независно од тоа што во последните десетина години се исплатени над една милијарда евра на име земјоделски субвенции.

Воопшто не помогна ни тоа што безброј пати сме говореле дека енергијата и храната се безбедносни прашања од највисок ред, како ни постојаните укажувања од некои поединци – меѓу нив и мојата маленкост, дека фискалната политика секогаш мора да има простор за одговор кога економијата непланирано ќе ја погодат некои интерни или екстерни шокови. Ништо од сето тоа, како и историјата на бројни примери за масовно гладување во свето,т не допре до „тврдите уши“ на одговорните гарнитури во нашата држава.

Многупати беше поставувано прашањето: како е можно јавниот долг од 2008 до 2022 година да биде зголемен од 23% на близу 60% од БДП, а дефицитите во посочените сектори (енергија и храна) и девастацијата на јавното здравство, образованието и патната инфраструктура да стигнат до денешениот степен?

Па, еве како е можно, да повториме, зашто и тоа не е непознато. Македонија во последните 32 години нема ни годишни, ни среднорочни, ни долгорочни планови за ниту една важна област. Одвреме-навреме, под притисок на странците ќе се произведеше по некој материјал – „хартија што трпи сé“, со злоупотреба на зборот „стратегија“, но тоа главно имаше и има важност до завршувањето на прес-конференција на која се обзнанува важноста на „хартијата“ и направената „фотка“’ за овековечување на ликот на случајните функционери.

Македонија, односно гарнитурите што се менуваат на власт во трите изминати децении, не се бавеа со „дисциплината“ управување со макроекономските ризици, како и со прашањето на одделните секторски структурни дефицити во стопанството, освен кога за време на кратките посети на експерти од меѓународни институции станувало збор за тоа. Но, тоа завршувало само како запознавање со важноста на таа тематика, и запомнато до моментот на траење на средбата со наведените.

Македонската власт во континуитет не гради институции. Разградува. Нашиот систем во суштина е „систем свој човек“. Го немаш ли, тешко ти се пишува. Деградираните институции – лишени од знаење и одговорност, како и планетарната корупција која се претвори во „најпрестижна дејност“, се главната причина за претворањето на Македонија во една голема надземна септичка јама.

СО ВАДЕЊЕ ПИШТОЛИ НА МАСА И СО ЗАКАНИ ЗА ОДМАЗДА ДО ПРИВИЛЕГИИ

Со вадење пиштоли на маса, со разни видови закани за одмазда, се изнудуваат најблагоугодни привилегии – чиниш ја живееме добата на најбруталната и најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото. Нашиот Левијатан е сосема издишан. Веќе не се знае што е фукција на највисоката држава, што на локалната власт, што е јавен домен, што приватен.

Судовите сé помалку се место на раздавање на правото и правдата. Се претворија во кванташки пазар, каде сѐ зависи од случај до случај, од понудената откупнина за злоделото, каде со пари и позиција може да се добие сѐ, освен да се стигне до правдата. Монополот на примена на сила сѐ повеќе се истргнува од рацете на државата, се пренесува или узурпира од разни поединци и групи од другата страна на законот.

Во Македонија нема партиски плурализам. Има конкуренција на олигархии. Постоењето на конкурентски партии подразбира постоење на различни политички програми. На олигархиите не им се својствени политичките програми. Нив ги интересира само присвојувањето на националното богатство и јавните пари, ги интересира спиралата пари-моќ-пари и јавното добро час поскоро да стане приватно.

ДВ: Во таков амбиент, може ли земјата да се справи со тековните предизвици, меѓу кои и инфлацијата?

Петар Гошев: Таа стана независна варијабла од домашните институции. Народната банка може да ја скроти, но само по неприфатлива цена, зашто таа може да делува врз побарувачката, но не и врз понудата, а овојпат се работи за тоа – за осакатената понуда од светските џандари и од нашата исчезнувачка држава. Па така, како што комунистите во првата половина на минатиот век чекале секоја вечер да слушнат на радио дека капитализмот пропаднал, ние треба да чекаме вести дека цените на светските пазари се смириле, зашто Русија престанала да војува со Украина, зашто пандемијата веќе не ги попречува економските активности на нашите снабдувачи со енергија и храна, зашто се надеваме дека Америка и Кина нема да ја компликуваат ситуацијата…

И сето тоа што е спомнато да се смири, ние сега ќе ја платиме цената од залудно арчените и безочно ограбуваните јавни пари на државно и локално ниво, зашто заврши ерата на евтини пари за позајмување, но не заврши нашата голема зависност од зајмувањето кредити, не само за инвестирање, туку и за одржување каков таков социјален мир според дефиницијата „преживување“.

ДВ: Владата најави реформи со кои ќе се зголеми даночната основа и веќе ги доби првите негативни реакции од бизнис заедницата. Сметате ли дека најавениот предлог нуди поправичен и пофер пристап?

Петар Гошев: Оваа влада дојде со многу ветувања. Меѓу нив беше и ветувањето за реформа на даночниот систем, за поправичен и пофер од досегашниот, кој зафаќа повеќе од сиромашните, наместо од богатите, кој всушност е регресивен. А поправичен може да биде само ако се воведеше значително прогресивно оданочување. Започна во тој правец, на начин „да не ги боли многу“ даночните обврзници. Олигарсите го урнаа и тој почеток за само шест месеци. Потоа овозможи масовно ограбување на сиромашните преку приватното здравство и некои други дејности. Не покажа никаков рефлекс за интервенција (барем индиректна) на порастот на цените на становите, гледајќи мирно – повторно во интерес на градежната мафија – како таа прави екстра профити и го доуништува животниот простор, создавајќи потенцијални услови за станбен меур, со сите ризици.

И, откако ги пропушти сите поволни периоди за даночна реформа, сега, испаничена од дупките во буџетот, по којзнае кој пат, ја најави истата. Но, ни кажа дека „најверојатно нема да има воведување на прогресивно оданочување“ што ќе го „провереле преку јавната дискусија со даночните обврзници“. Како и досега. Од најавата на можните „новини“, се гледа дека поворно се нуди некаква козметика и тоа не во погоден момент. Моето мислење е дека подмитените не можат да им наметнат даночен систем раководен од јавен интерес, на подмитувачите, на своите клиенти или на своите бизнис партнери.

Нѐ чека тешка зима. Дефицитите на јавниот сектор се огромни. Структурните слабости се несовладливи дури и на среден рок. Зависноста од надворешните шокови е непремостлива. Администрацијата е онемоќена, претворена во голем хендикеп за економскиот развиток. Потврда – дека последиците од злосторството најчесто го надживуваат злосторникот.

(Насловот и опремата на текстот се редакциски)

The post МАКЕДОНИЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЕДНА ГОЛЕМА НАДЗЕМНА СЕПТИЧКА ЈАМА Остри критики на Петар Гошев во интервју за Дојче Веле appeared first on plusinfo.mk.

ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ВАДАТ ОД БАНКИ, ФИРМИТЕ ЌЕ СЕ СЕЛАТ ВО СТРАНСТВО Бројни предупредувања за опасностите од најавените даночни реформи
Владата не нуди даночни реформи, како што се очекуваше, туку дополнително оптоварување на бизнисите и граѓаните за да собере повеќе пари во буџетот и да има за отплата на долговите, реагираат дел од стопанствениците и економистите на најавите за воведување нови даноци преку кои владата очекува годишно да собере дополнители 54 милиони евра почнувајќи од следната година.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера ги презентираше даночните реформи, со кои покрај другото е предвидено да се плаќаат придонеси за договорите на дело, да се оданочат каматите на штедните влогови и да се воведе зелен данок. Бесими најави дека за прогресивното оданочување на личните примања, кое беше најавено за 1 јануари следната година, дополнително ќе се разговара. Тој најави и големи фискални реформи.

Бизнисмени и економисти сметаат дека со најавените даноци, кои според нив во основа се неправични спрема одделни бизниси и категории граѓани, се покажува дека државата лошо управува со финансиите и не успева да ги собере веќе воведените даноци. Дополнително се посега по нови давачки во најлош момент за бизнисите и граѓаните.

-Ако се спореди работењето на бизнисите, од една страна, и државата во однос на управувањето со финансиите, ситуацијата е следна: Бизнисите прават ребаланси на буџетите само кога имаат зголемени трошоци поради товар од новите измислени давачки, а државата прави ребаланс кога одделни нејзини сегменти не ги потрошиле планираните пари, бидејќи не знаеле или не умееле да менаџираат со парите. Сакам да кажам дека кога државата лошо управува со финансиите и не успева да ги собере даноците, таа посега по нови давачки со кои сака да го покрие незнаењето и слабата оперативност на институциите. А кој најмногу затајува и не плаќа данок? Јавните институции. Значи проблемот со кусок на пари може да се разрешува од таму без да се посега по нови даноци – вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата.

Според него, владата одбрала најлош момент за нови оптоварувања на стопанството и граѓаните.

– Со новите оптоварувања само дополнително се туркаат луѓето и бизнисмените да се свртат кон сивата економијата или ќе ги натера да ги преселат своите бизниси во други земји, каде што даночните оптоварувања се помали. Дополнително се дава јасна порака до странските инвеститори да не инвестираат во земјава – вели Бошков.

За него, единствено што можеби е оправдано во најавените реформи е зголемувањето на ДДВ.

– Но, и тука главен услов е 100 отсто од тоа зголемување да оди за локалната самоуправа преку подобрување на децентрализацијата и под одредени услови кои ќе овозможат правилно користење на парите – додава тој.

Марјанчо Николов, економист и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, сметаа дека владата треба прво да биде на чисто што сака да постигне со овие реформи – дали сака пари за да ги отплаќа долговите или пари за финансирање на проекти во прилог на граѓаните и бизнисите.

– Едно е сигурно дека при најава на реформа е потребно да се направат анализи кои ќе покажат што се добива, а што се губи,  кој ќе се оданочува со каква стапка под кои услови и по кои критериуми. Дали притоа се губат работни места и можности за нови инвестиции? Министерството за финансии треба да понуди јасен концепт на реформите со утврдени јасни услови за оданочување. Само така ќе може да бара мислење од јавноста, која врз основа на тоа ќе може да го изгради ставот. Не само со најава дека ќе има јавна расправа  по која ќе се види што ќе се прави – вели Николов.

Според него, во овој момент најважно е да се дејствува на сивата економија, кај која се задржуваат од 800.000 до 1 милијарда евра.

– Да се легализира само 10 отсто од тоа, ќе биде доволно, бидејќи на овој дел од економијата многу тешко се влијае – вели тој.

Николов апелира да се биде посебно внимателен со оданочувањето на заштедите на граѓаните и бизнисите, бидејќи може да се случи тие да ги повлечат парите од банките што ќе биде лошо за банкарскиот систем.

– Осумдесет отсто од капиталот на банките е од заштедите на граѓаните. Во контекст на овој данок може да се размисли каде би можеле да ги инвестираат парите тие што штедат. Ако се за инвестиции кои ќе отворат работни места тогаш е добро и не треба да се оданочуваат, но ако се луксуз, ќе требаат даноци. Но притоа треба јасно да се дефинира што е луксуз – вели тој.

Во однос на воведување персонален данок на хонорарна работа тој смета дека и овде треба да се размисли кој ќе се даночи и колку тоа ќе биде правично за луѓето кои немаат редовен работен однос.

– Невработените кои работат хонорарно ќе треба да плаќаат персонален данок, но тие повторно ќе бидат во нерамноправна положба во однос на другите. Тука треба да се размисли за доброволно плаќање на овој данок – дали секој од нив ќе сака да плаќа здравствено и пензиско осигурување – додава тој.

Николов вели дека не треба да се напушти прогресивното оданочување, но не да се плаќа данок на личен доход, туку данок на луксуз.

– Да се оданочува сè она што пред тоа јасно ќе се дефинира под луксуз – неколку куќи, коли, друг имот. Но не и да се даночи личен доход на граѓаните како што претходно беше планирано – вели тој.

Од Сојузот на стопански комори сметаат дека зголемувањето на даноците и воведувањето на нови треба да биде последна алка во низата активности со кои може да се подобри финансиската состојба на државата во ваква кризна состојба кога и на власта и требаат дополнителни пари за помош на граѓаните и бизнисите.

– Според она што ни беше презентирано не гледаме реформа во практична смисла на зборот туку нови даночни оптоварувања со кои во најголем дел се таргетирани компаниите, но и граѓаните. Очекувавме поинаков пристап кој првенствено би тргнал со рационализација на приходите на буџетот и нивна прераспределба, потоа намалување или целосно исклучување на некои буџетски оптоварувања, што би се постигнало на пример преку реструктурирање на државните компании кои секоја година ангажираат значајни средства. Потоа, очекувавме да видиме мерки со кои ќе се влијае на зголемување на даночните приходи со внесување на нерегистрираните бизниси во системот, кои се околу 23 до 25 отсто, и на крај да се оди во делот на позајмување средства преку кредитни линии или наметнување корекција на даноци. Тоа би била реформа. За ова што сега се најавува во овој сензитивен момент не е најдобро време ниту начин – велат од Сојузот на стопански комори.

Оттаму додаваат дека ефектите од она што се најавува нема да бидат според очекуваното бидејќи ќе бидат дестимулативни за бизнисите.

– Со оданочување на реинвестираната добивка им се праќа погрешен сигнал на компаниите „не инвестирајте“, што може негативно да влијае на одлуката дали и колку да инвестираат. Досега даночното ослободување беше значаен стимул за инвестиции во машини, простор, вработени. Третиот пензиски фонд компаниите го користеа за стимулирање на вработените, но сега и тоа може да биде променето со што удар ќе претрпат и осигурителните компаниите. Исто така и спортот нема да ја добива поддршката како досега. Во однос на ДДВ, треба да кажеме дека цените на енергенсите уриваат рекорди. Доволно е да ја платиме струјата и ништо нема да остане за оданочување – велат од Сојузот на стопански комори.

The post ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ВАДАТ ОД БАНКИ, ФИРМИТЕ ЌЕ СЕ СЕЛАТ ВО СТРАНСТВО Бројни предупредувања за опасностите од најавените даночни реформи appeared first on plusinfo.mk.

БЕСИМИ НАЈАВИ ДАНОЧНА РЕФОРМА За економски раст, сузбивање на сивата економија и фер јавни давачки
Неделава отворивме јавна дебата за реформа во даночниот систем. Имавме дискусија со претставници на бизнис заедницата, група со најширок опфат и спектар на интереси. Дебатата ќе продолжи со сите општествени чинители. Преку неа ќе се прецизираат конкретните решенија, затоа е и рано да се говори за нив. Оваа колумна ја посветувам на Концептот на даночната реформа. Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

Пред се, ќе истакнам дека продолжуваме со голема фискална реформа, или СМАРТ систем на јавни финансии. Овој систем ќе игра значајна улога во заздравувањето на нашата економија од кризата со која се соочуваме изминатите две години. Понатаму, тој ќе продуцира повисоки и одржливи стапки на економски раст, преку стратегиско, отчетно и транспарентно управување со јавните финансии. На расходната страна воведуваме механизми за стратегиско планирање, буџетирање врз основа на претходно остварени резултати, засилена контрола и транспарентност.

На приходната страна во СМАРТ финансиите потребна е подобрена наплата, поголем опфат на даночното зафаќање, за да има фискален простор за политики за поттикнување на повисок економски раст на среден рок. Обезбедувањето на приходи од сигурни извори значи стабилност и избегнување на процикличната фискална политика и на зголемувањето на јавниот долг. Оттаму, подобрувањето на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на целокупниот систем на приходи во земјата ќе обезбеди одржливо и добро управување со јавните финансии.

Даночен систем за економски раст

Стапката на економски раст на една земја зависи од повеќе фактори, како иновативноста, инвестициската активност, пристапот до финансирање, претприемништвото, вештините и мобилноста на работната сила, флексибилноста на пазарот на труд, цената на трудот, квалификуваниот кадар, административните процедури, инфраструктурата, владеењето на правото итн. Даночниот систем игра значајна улога преку неговото влијание врз сите овие фактори. Даночниот микс, даночните стапки, квалитетот на даночната администрација, комплексноста на даночните правила, предвидливоста, мрежата на меѓународни договори за одбегнување на двојно оданочување, даночните олеснувања, даночната основа – сето ова влијае на економскиот раст на земјата.

Концептот на СМАРТ финансиите е сите да го плаќаме, како би кажале Американците, својот „фер дел„ („праведен дел„). Зборувам и за оние кои се дел од формалната економија, но пред се за формализација на неформалниот сектор, преку внесување во системот на даночни обврзници. Ова е реално најисправниот начин за да обезбедиме средства за забрзување на економскиот раст, но и за тековни потреби, како на пример антикризните пакети, без притоа да го зголемуваме јавниот долг.

Суштина на даночната реформа – праведно оданочување, проширување на даночната база и „зелено„ оданочување

Суштината на даночната реформа која ја планираме се базира на зголемување на даночната основа, без притоа да се зголемат даночните стапки. Забрзано ќе се спроведува и Акцискиот план за сузбивање на неформалната економија, во насока на воведување на неформалниот сектор во формалниот и со тоа дополнително зголемување на базата која подложи на даноци.

Даночната основа е сѐ што се даночи: вкупните доходи или приходи, вредноста на поседуваните недвижности, потрошувачката, трансакциите или другите економски активности. Она што со години се провлекува како забелешка и препорака од страна на меѓународните финансиски институции се даночните трошоци, односно ослободувањата и повластениот третман за одредени категории на приходи кај индивидуалните даноци. Ако некоја целна група, производ, услуга имаат привилегиран третман, треба да има силен економски или општествен аргумент зошто. Повластениот третман треба да носи поголема придобивка во однос на даночниот трошок.

Даночниот систем има и корективна улога во економските и општествени процеси. Според Грегори Менкју, светски познат професор на Универзитетот Харвард, оптималниот даночен систем е оној кој ќе ја максимизира социјалната благосостојба преку сет на ограничувања (слично стојалиште имаат и други економски како Ремзи и Марелес).  Тој е поддржувач и на „даноците на Пигу“ (наречени според британскиот економист од почетокот на минатиот век, Артур Пигу), односно даноци на активност, која предизвикува негативни ефекти или дополнителни трошоци за трети лица. Типичен пример за тоа се даноците за загадувачите на животната средина. Овие даноци се популарни меѓу економистите бидејќи тие често се најмалку инвазивниот начин за да се „поправат работите“, а истовремено и за да се зголемат приходите, кои владата може да ги искористи за да ги намали другите даноци. Тука доаѓаме до вториот дел од концептот на даночната реформа, односно „зеленото оданочување“.

Пред конкретно да го образложам нашиот Концепт, врз основа на кој ќе се спроведува даночната реформа, а во интерес на транспарентност и информираност на читателот, најпрво ќе дадам споредбени бројки за даночните зафаќања, кај нас, регионот и ЕУ.

Најмало остварување на даночни приходи во споредба со ЕУ и Западен Балкан

Во изминатите петнаесетина година, постојано бевме на понисно ниво во однос на прибраните давачки како удел во БДП, и во однос на ЕУ, и во однос на регионот.

Имено, во периодот од 2008 до 2020 година присутен е значителен јаз помеѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ-27 и во Северна Македонија. Во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4% во БДП на ЕУ-27, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Северна Македонија (27,7%). Дополнително, овој јаз со текот на годините и се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8 процентни поени. Исто така, во однос на земјите од Западен Балкан, убедливо имаме најмало остварување. Учеството само на даночните приходи во БДП кај нас е уште помало, во 2020 година изнесувало 16,1%.

Зошто овој податок е важен?

Според експертите на Светската банка, уделот на даночните приходи во БДП е важен за економскиот раст и намалување на сиромаштијата, бидејќи осигурува дека државите располгаат со потребните средства за да инвестираат во иднината и за да постигнат одржлив економски раст. Развиените земји, вообичаено имаат повисок удел. Просекот кај земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) беше 33,8% во 2019 година, или двојно во однос на нашиот резултат.

Ова не е сигнал, туку светлечки знак дека треба да се преземат мерки, ако сакаме, прво да се консолидираме, а по долгата и истоштувачка криза и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани.

Концепт за подобар даночен систем и дискусија

Во процесот на даночната реформа, јавната дебата, но и понатаму во дизајнот на предлозите, ќе има многу „за“ и „против“, лоби групи, заинтересирани страни. Несомнено, многумина ќе си ги бранат индивидуалните интереси. Но почетокот на она што е подобар живот за сите нас, е кога ќе почнеме да размислуваме за севкупните ефекти. Ќе дадам еден пластичен пример: ако сум менаџер на фармацевтска компанија за време на пандемија, од даноците кои ги плаќам, логично е да ги поддржам антикризните мерки на владата за услужниот сектор, бидејќи таму работат илјадници од моите потрошувачи – ако тие останат без средства и мојата компанија ќе биде загрозена. Сите сме дел од синџирот и колку ќе бидеме успешни и во економијата и во општествените процеси, зависи од тоа колку малата лична добивка, ќе ја ставиме во функција на големата општа добивка, за сите нас.

Концептот, што е во нацрт верзија, е изработен низ транспарентен и инклузивен процес, почнувајќи од февруари 2022 година со вклученост на претставници од бизнис и академската заедница во работните групи, при што се направени сеопфатни и длабински анализи на постојниот даночен систем и најдобрите европски практики. Исто така, при конципирањето на предложените решенија земени се предвид и препораките од меѓународните организации како ММФ, Светска банка, ОЕЦД и ЕУ.

Концептот за даночната реформа, се базира на Стратегијата за даночна реформа – односно ова е долгорочен, планиран и добро анализиран процес, усвоен од Владата во декември 2020 година. Главните цели на Стратегијата се обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем, кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст.

Дефиниравме пет приоритети со Стратегијата: поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и воведување на еколошко („зелено“) оданочување.

Водени од овие цели и приоритети на реформите на даночниот систем, Министерството за финансии, подготви нацрт – Концепт на даночни реформи. Овој концепт предвидува етапен пристап во редизајнирање на системот на оданочување во земјата, односно ја утврдува динамиката на конципирање и имплементација на реформите во пооделните даночни области.

Кај данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност, предвидени се концепти на реформи на даночната политика и усвојување на предлог измени на законите, како и имплементација на новите законски решенија.

Концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход се однесува на ревидирање на преференцијалните даночни третмани (даночни стимулации и олеснувања или т.н. даночни расходи) кои ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем преку фаворизирање на категории даночни обврзници или активности. Со тоа негативно влијаат врз неговата правичност и придонесуваат за зголемена нееднаквост во општеството, ја нарушуваат робусноста на системот со што креираат значаен простор за даночна арбитража или одбегнување на плаќање на данок, и можат да предивикаат неефикасности во реалната економија. Со ова ќе се овозможи и креирање на фискален простор за спроведување на активна даночна политика за стимулирање на инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација, со цел поддршка на стратешките приоритети на земјата во овие домени.

Исто така се планира, поедноставување и осовременување на законските текстови со цел унапредена транспарентност и ефикасност во спроведување на прописите од даночните обврзници и даночната администрација.

Кај данокот на додадена вредност, потребно е натамошно зајакнување на основните принципи на системот т.е. принципите на неутралност и конкурентност, преку стеснување на листата на добра и услуги за кои се применува повластена стапка, како и оданочување на определен промет (според примерот на земјите од ЕУ). Исто така, потребно е допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници во поглед на правото на одбивка на претходен данок, што ќе овозможи поголема правна сигурност за даночните обврзници, поголема ефикасност во спроведување на контролата и во прибирањето на даночните приходи од страна на даночната администрција.

Имплементација на новите законски решенија во најголем обем се очекува почнувајќи од 2023 година.

Истото се однесува и на даночната политика во областите на акцизите и зеленото оданочување. Зеленото оданочување се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат своето однесување, со кое придонесуваат за загадување на животната средина. Главната цел е справување со загадувањето и заштита на природните ресурси со цел да се постигне одржлив економски развој.

Со годишните акциски планови кон Стратегијата за реформа на даночниот систем е предвидено унапредување на работата на даночната и царинската администрација преку понатамошна дигитализација на процесите, и зајакнување на транспарентноста и ефикасноста на системот на оданочување и сузбивање на неформалната економија.

Исто така, преку Акцискиот план за сузбивање на сивата економија преку 6 приоритети кои содржат мерки и активности за: 1. Унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сива економија; 2. Ефикасни инспекциски служби; 3. Подобро деловно окружување за основање,раст и развој на компаниите; 4. Јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночен морал; 5. Адресирање на сивата економија во е-трговија; 6. Мерки на Царинската управа во борбата против неформалната економија, ќе делуваме кон намалувањето на сивата и економија и внесување на овие субјекти во формалната економија.

Даночен систем како целина и консензус

На крајот ќе посочам дека секоја даночна реформа треба да балансира меѓу повеќе цели и компромиси. Даночниот систем треба да се гледа како целина. Важно е да се пристапи кон целиот процес со јасна визија и анализа. Но и со дискусија и консензус. Важно е сите да знаеме зошто нешто се прави, со која цел и се разбира да се чуе мислењето и разбере ставот на општествените чинители. Влегуваме во еден процес, кој доколку успешно се спроведе, сите ние и нашата економија ќе просперираме.

Ова станува уште позначајно ако се има предвид дека реформата се спроведува во период кога се соочуваме со неколку економски кризи една по друга – Ковид, енергетска криза и инфлација, кои станаа уште покломплексни со инвазијата на Русија во Украина.

Потенцирам дека промената на даночното законодавство мора да се изведува истовремено со подобрувањето на квалитетот на јавните услуги и со сузбивањето на корупцијата. Покрај рамноправниот третман на даночните обврзници, односно принципот на даночна неутралност, мора да се почитуваат и буџетските принципи на ефикасност и ефективност. Како даночни обврзници имаме право да знаеме како се трошат јавните пари, во кои приоритетни области се вложуваат, каков е квалитетот на јавните услуги, дали се санкционираат незаконските и ненаменските буџетски трошења и во крајна линија, како даночната политика и практика влијае на квалитетот на живот на нашите граѓани. Од тоа ќе зависат и даночниот морал (степенот на исполнување на даночните обврски) и ставот кон даночните реформи генерално. Оттука, институционалниот одговор мора да биде сеопфатен, непристрасен, натпартиски и далекусежен. Должни сме да изградиме просперитетна иднина за сегашните и идните генерации, која меѓу другото, ќе се темели на оптимален даночен систем и паметна даночна политика.

Во продолжение…

Даночната политика е исклучително значајна и сензитивна тема во општеството, што вообичаено претставува и жешка политичка тема особено за време на екномска криза. Даноците со нивниот редистрибутивен ефект имаат широки и длабоки економски и социјални импликации, а даночната политика е постојана тема и во политичката економија за импликациите врз еконопмскиот раст и општествената благосостојба.

Со оглед на обемноста на темата ќе се обидам да се навратам на оваа тема во следните колумни каде што ќе се задржам на неколку аспекти, како што се: оптималниот даночен систем, праведноста на даночниот систем, даночниот морал и неформалната екномија, споредба со даночните системи на равиените земји и земјите од регионот, соодносот на даночниот товар и структурата на даноците во однос на директни и индиректни даноци, соодносот на даноците на доход, потрочувачка и имот (богатство), даночната прогресијата во однос на рамниот данок, ефикасноста и едноставноста на даночните системи, како и дигитализацијата и транспарентноста, екстерналиите и даноците, како што е „зеленото„ оданочување и други теми поврзани со даноците и што е најважно начинот како овие приходи се трошат во однос на подобрување на инфраструктурата и јавните услуги, обезбедување на подобри патишта, поквалитетно здравство и образование, почиста животна средина, а со тоа да постигнеме и поголема конкурентност на стопанството, повисок и одржлив економски раст и поквлаитетен живот за нашите граѓани.

The post БЕСИМИ НАЈАВИ ДАНОЧНА РЕФОРМА За економски раст, сузбивање на сивата економија и фер јавни давачки appeared first on plusinfo.mk.