Борче Треновски Archives - plusinfo.mk

ИНФЛАЦИЈАТА ДОМИНАНТНО ДОАЃА ОД ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Треновски смета дека се потребни навремени економски политики
Високата стапка на инфлација која во октомври, според официјалните статистички податоци достигна 19,8 проценти, според професорот на Економскиот факултет во Скопје Борче Треновски, во значаен дел е резултат на увозната зависност на нашата економија, скромниот капацитет за домашно производство на храна и енергија и структурата на потрошувачката (53 проценти за храна и енергија).

Во изјава за МИА, Треновски оценува дека економските политики, ако се навремени и добро насочени, можат на краток рок да влијаат на ублажување на цените, меѓутоа за позначајни промени, како што вели, ќе треба да се работи на среден рок.

– Она што го научивме од ова глобална и домашна економска/енергетска криза е дека нема земја отпорна на глобални кризи, посебно ранливи се малите и отворени економии и навремено треба да се инвестира во градење на одржлив и отпорен економски систем. Во моментот е евидентно дека пониските стапки на инфлација во голем дел од економиите се поврзани со нивната структура на економијата, сопственото производство на електрична енергија/храна и можноста овие економии на овој начин да го намалат глобалниот ценовен притисок во последната година. Оваа не е лесна работа и е наша ненапишана домашна задача која се пишува и брише последните две децении – нагласува Треновски.

Континуираното намалување на увозната зависност, енергетската независност, диверзификацијата на извозот, развојот на земјоделието, производството на храна и инвестирањето во човечкиот капитал, според Треновски, ќе овозможат подготвени да ги пресретнеме тековните и идните економски нарушувања.

– Оваа не е лесна работа, меѓутоа се надевам нема да губиме време и да нема да треба повторно да ја учиме иста лекција во иднина – вели Треновски.

Прашан како да се ублажи инфлацијата и како да се намали нашата ранливост на надворешни и интерни шокови, Треновски со став дека важни се и фискалната и монетарната политика.

Централната банка, вели Треновски, уште од минатата година започна да презема повеќе мерки, преку зголемување на основната каматна стапка, која сега изнесува 3,5 отсто, промени во задолжителната резерва за стимулирање на штедењето во денари и поттикнување на зеленото кредитирање, како и каматните стапки за задолжување преку ноќ на седум дена.

– Меѓутоа, особено е значајно да се следат монетарните движења, стабилноста на финансискиот сектор, пазарот на недвижности, однесувањето на фискалната политика и одлучно да се делува. Народната банка е потребно блиску да ги следи инфлаторните очекувања, како и политиката на Европската централна банка поради поврзаноста на курсот на денарот за еврото. Потребно е да се делува од повеќе аспекти и преку повеќе инструменти –  основната каматна стапка не е единствениот инструмент. Замислете да се зголеми енормно каматната стапка во услови кога околу 70 отсто од кредитите се со варијабилна камата, кога имате намалување на ликвидноста, кога инфлацијата доминантно доаѓа од цените на основните производи. Дали со таа каматна стапка ќе ја намалиме побарувачката за леб и за месо или ќе намалиме некој друг дел на побарувачката – нагласува Треновски.

Од друга страна, според Треновски, Владата треба целиот фокус да го насочи кон намалување на неизвесноста за своите чекори, поефикасно собирање на фискалните приходи и таргетирана поддршка за бизнисите и граѓаните.

– Потребно е да се фокусира на добро информирање и отчетно/ефикасно спроведување на најавените мерки, посебно водејќи сметка за дисциплината/манипулациите на пазарите.  Значајното одврзување на фискалното ќесе без да се води сметка за ефектите врз ценовните движења, може да има ефект како да додавате нафта во оган, а нафтата не е евтина во моментот и може да го разгори огнот уште повеќе. Оттука значајноста и одговорноста на фискалната политика е огромна – смета Треновски.

Државниот завод за статистика објави дека трошоците на животот во октомври  во однос на октомври лани бележат зголемување од 19,8 проценти, а цените на мало од 15,4 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои секој месец изработуваат синдикална потрошувачка кошничка, велат дека една просечна и една минимална плата одамна не се доволни за да се задоволат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Оттаму за денеска најавуваат седница на Претседателството на ССМ на која ќе бидат разгледани сите можни облици и притисоци што ќе ги преземат.

The post ИНФЛАЦИЈАТА ДОМИНАНТНО ДОАЃА ОД  ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Треновски смета дека се потребни навремени економски политики appeared first on plusinfo.mk.

ОДЛОЖУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ ПРАВИ НЕИЗВЕСНА АТМОСФЕРА Професорот Треновски вели дека зголемените цени се реакција на бизнисите на тоа
Мерките за поддршка кои прават обид на подолг рок да го ограничат или замрзнат пазарот и цените, или да го контролираат, даваат обично само краткорочни, често слаби резултати и акумулираниот притисок врз бизнисите и цените со извесно задоцнување уште повеќе ескалира во иднина, што веќе сите го чувствуваме во изминатите неколку месеци, вели за МИА Борче Треновски, професор на Економскиот факултет во Скопје.

Според  него, секое одложување и нејасно толкување на мерки ќе предизвика дополнителна несигурност, паника, дополнително влијание врз цените и ќе има економски последици кои можат да се засилуваат во периодот кој доаѓа.

-Кога се соочуваме со глобален економски непријател од овој калибар секој пука со муниција и оружје со кое располага, меѓутоа, во некои случаи прецизноста е особено важна – вели Треновски, и укажува на потребата од практичното користење на мерките и нивно едноставно и брзо спроведување.

Однесувањето на граѓаните и бизнисите, укажува професорот, е во зависност од нивните очекувања и информациите со кои располагаат. Секоја неизвесност, погрешна информација или недоволна информираност, може значајно да влијае на однесувањето на економските субјекти и понатаму врз ефикасноста на планираните економските мерки. Затоа не ретко во минатото во голем број случаи во бројни економии, сме биле сведоци дека понекогаш самата најава на определена мерка е доволна да ги смири пазарите и бранувањата во економијата.

-Ако се ставиме на местото на компаниите или граѓаните, не е тешко да утврдиме дека шумот од информации или најави дека ќе има мерки за нивна помош или ќе нема, дека ќе се замрзнат маржите, цените, дека ќе има други мерки, дека цените на суровините и енергијата ќе растат, дека  можеби ќе обезбедиме поевтина енергија, дека ќе биде најтешка зима и можеби ќе има рецесија итн.. Сето ова влијае најпрвин бизнисите да ги вградат овие информации и очекувања во своите цени (да ги зголемат) и да ги прилагодат своите економски активности со цел да го заштитат својот интерес – профитот и преживување на бизнисот – наведува Треновски.

Оттука, дополнува, делумно станува појасно зошто бизнисите кај нас се повеќе ги вградуваат своите очекувања за цените и идните политики во цените. На пример, и покрај намалувањето на глобалните цени на храната пет месеци по ред, се уште сме сведоци на зголемување на доминантен дел од цените на домашниот пазар, што во еден дел е резултат и на повисоката цена на електричната енергија. Граѓаните исто така, колку што е можно ќе се прилагодат на очекуваната состојба, менувајќи го своето однесување и активности во рамки на нивните можности и домашен буџет, придружено со извесно незадоволство или задоволство од очекуваните состојби.

Како што вели Треновски, не смее да се остави вакуум во комуникацијата и подготовката на мерките со кои се планира да се помогнат најпогодените граѓани и бизниси. Секое одложување и нејасно толкување ќе предизвика дополнителна несигурност, паника, дополнително влијание врз цените и ќе има економски последици кои можат да се засилуваат во периодот кој доаѓа.

– Потребно е што поскоро утврдување и објавување на конкретен план -календар за планираните мерки (нивно постепено воведување или предвидена можност за модификација според потребите) кои ќе бидат преземени, со јасно дефиниран рок на траење, јасно определен опфат на бизниси и граѓани и јасна процедура за користење. Посебно внимание е потребно околу надминување на предизвиците и процедурите за практично користење на мерките, кои често беа камен на сопнување во целосна и брза имплементација на определени мерки во минатото – потребно е едноставно и брзо – изјави Треновски.

Имајќи предвид оти буџетскиот капацитет е ограничен, а финансиска поддршка е неопходна, потребни се два аспекти на делување.

-На една страна, чесно и отворено елаборирање на реалниот фискален капацитет за поддршка кој го имаме со јасно презентирање на планирани активности за мобилизација на дополнителни јавни средства/приходи (поголема ефикасност, помалку сива економија, зголемување на определи давачки/даноци, замрзнување на определени расходи, институционална/административна рационализација, задолжување итн.) кои можат понатаму да се искористат за поддршка. Нашиот, моментален најавен капацитет за делување од 70 до 80 милиони евра, споредено со 10  до 20 пати поголемите пакети кои ги спремаат дел од нашите соседи членки на ЕУ – јасно ги исцртува можностите со кои располагаме. На друга страна дизајнирање на поддршка која е доминантно насочена поддршка онаму каде што е најнеопходно -најпогодените бизниси и групи на граѓани – укажува Треновски, во однос на тоа какви мерки ни се потребни.

Ова, дополнува тој,  е дотолку важно што глобалните трендови, а и домашните, во мерките покажаа дека мерките за поддршка кои прават обид на подолг рок да го ограничат или замрзнат пазарот и цените, или да го контролираат даваат обично само краткорочни, често слаби резултати и акумулираниот притисок врз бизнисите и цените со извесно задоцнување уште повеќе ескалира во иднина – што веќе сите го чувствуваме во изминатите неколку месеци.

Според него, причините делумно се во природата на мерките, а дел во скромниот институционален капацитет (инспекциски служби, дигитални алатки, ажурни институции и администрација), со кој располагаме за да контролираме пазарни сегменти – маржи, цени, понуда и побарувачка итн. Поради тоа, смета тој, директната поддршка на најзагрозените граѓани/бизниси е еден начин за поефективно ублажување на ценовните шокови – логиката е следна – имате ограничени буџетски средства (кои на краток рок е многу тешко значајно да се зголемат), имате граѓани/бизниси со различен капацитет да се справат со ценовните/економските шокови – ова упатува дека е најдобро да помогнете онаму каде што е најкритично, оставајќи дел од бизнисите и граѓаните кои имаат определен капацитет да се соочат со шокот кој надоаѓа и да се прилагодат на пазарот.

-Искуствата и мерките кои се преземаат во оваа насока се во повеќе домени – или таргетирано давате финансиски средства или таргетирано ослободувате од давачки и субвенционирате граѓани и бизниси. Некои од мерките кои може да се преземат, се разбира и комбинираат согласно нашите фискални можности можат да одат во насока – ваучери за пензионери и лица со минимални примања и тоа за енергија или за набавка на основни производи, даночни ослободувања (доход, ДДВ и др.) за оние со најниски приходи, таргетирани субвенционирање (намалување) на сметки за електрична енергија за најпогодени граѓани/бизниси. Особено интересна мерка која ни ја овозможува денешната технологија е на пример мерката со која скенирањето на фискалните сметки и повратот на ДДВ за најпогодените граѓани (пензионери, приматели на минимална плата) ќе биде значајно повисок/или целосен додека за оние со повисоки примања може во моментот повратот на ДДВ да биде замрзнат, дополнително може да се засили повратот за македонски производи итн – вели Треновски.

Овие мерки, како што потенцира, треба да бидат придружени со структурни промени и активности, како директни мерки за поттикнување и субвенционирање, како и активности за поттикнување на штедењето и зголемување на домашното производство на храна и енергија.

–  Повторно би завршиле со потенцирање на капацитетот со кој располагаме – кога се соочуваме со глобален економски непријател од овој калибар секој пука со муниција и оружје со кое располага – меѓутоа во некои случаи прецизноста е особено важна – порачува Треновски.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека за многу скоро време ќе бидат објавени конкретни антикризни мерки насочени кон најранливите категории на граѓани. За утре е закажана седница на Економскиот совет во Владата од каде се очекуваат информации во таа насока.

– Веќе се подготвуваат и листите и категориите на граѓани коишто ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од буџетот, со цел да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме – изјави Ковачевски.

Според него, замрзнувањето на маржите функционира, но импутите, енергенсите, суровините, што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи ги влечат цените нагоре, што е случај практично во сите држави.

– Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, меѓутоа подоцна со оглед на тоа дека ние сме отворена економија, која што разменува со странство, предолго замрзнување на цените не е можно, бидејќи ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави кон замрзнување на маржите – истакна Ковачевски.

The post ОДЛОЖУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ ПРАВИ НЕИЗВЕСНА АТМОСФЕРА Професорот Треновски вели дека зголемените цени се реакција на бизнисите на тоа appeared first on plusinfo.mk.

ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ДА НЕ ПРЕТЕРА СО ЗАТЕГАЊЕТО Треновски смета дека таргетираните мерки се подобри
Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски.

Генералните очекувања се дека растот на инфлацијата ќе почне да бледее кон крајот на годината, меѓутоа намалувањето и стабилизирањето на цените ќе биде посебно видливо со почетокот на следната година.

И покрај претходните последователни и одмерени зголемувања на референтна каматна стапка од страна на Народната банка, според Треновски, она што генерално се забележува е дека домашните комерцијални банки скромно ги заостриле кредитните услови (дури определени банки имале олабавување)  и зголемувањето на нивните каматни стапки било малку видливо – ефектите од политиката на Народната банка почнаа да се чувствуваат последните месеци, паралелно со постепеното намалување на прекумерната ликвидност во банкарскиот сектор, кога најпрвин почнаа да се појавуваат нови понуди (со повисоки каматни стапки) на страната на прибирањето депозити (штедењето).

-Со последното зголемување на три проценти на референтната каматна стапка граѓаните може да очекуваат во догледно време каматните стапки како депозитите, така и на кредитите да се зголемуваат – оние кои имаат кредити со фиксни камати немаат основа за грижа, кај оние кредити со флексибилна каматна стапка можно е да има соодветно прилагодување во зависност од проценките и политиките на конкретната банка. Меѓутоа, во овој  неизвесен период во кој се наоѓаме, претпазливоста на домаќинствата и на компаниите секако треба да се зголемува и побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, одмерено и согласно можностите –  претпазливи треба да бидат и банките во селектирање на своите портфолија, водејќи сметка за својата стабилност – оттука реакцијата на Народната банка и  повисоките каматните стаки на пазарите се резултат на ваквото окружување – вели Треновски, кој е професор на Економскиот факултет во Скопје.

Заострувањето на условите на централните банки може да делува во насока на рецесија доколку зголемувањето од централните банки излезе од контрола и ги надмине разумните граници.

Како што објаснува Треновски, економската логика упатува на тоа дека заострените политики било монетарни (централните банки) или фискални (зголемените даноци/намалените јавните расходи)  влијаат на инхибирање, отстапување на економската активност. Меѓутоа, вели професорот, во ситуацијата во која се наоѓа глобалната економија се вагаат последиците од зголемената инфлација на една страна и последиците кои евентуално би дошле со повисоките каматни стапки како резултат на реакциите од централните банки. Во ваквото вагање, вели Треновски, треба да се користат сите расположливи алатки/средства и од централните банки и од владите, но, како што укажува, не смееме да заборавиме дека високата стапка на инфлација носи сериозен трошок, односно претставува своевидно општо оданочување (обезвреднување) на финансиите на сите граѓани и сама по себе има неповолни економски ефекти, ( го намалува животниот стандард – слично на рецесијата).

Оттука, прецизира професорот, миксот на политики е изборот на најголемиот број земји  – затегање на монетарната политика (повисоки каматни стапки од централните банки) да се заузда инфлацијата и поддршка на најранливите граѓани и бизниси преку владината фискална политика за да се ублажи ударот на животниот стандард.

-Изолираното влијание на само една политика без да се земе предвид целиот сет на економскиот одговор од сите страни (па и реакцијата од економските субјекти) е тешко да се утврди. Рецесијата за која зборувате многу повеќе е веројатно е дека може да дојде како резултат на неизвесноста/стравот од воениот конфликт во Украина (и пандемијата) кој би можел да ја задуши побарувачката и бизнис активноста – отколку од зголемените каматни стапки на централните банки. Се разбира доколку ова зголемување од централните банки не излезе од контрола и не надмине некои разумни граници – објаснува Треновски за МИА.

Тој ја коментира и одлуката на Советот на НБ за намалување на задолжителната резерва на банките за износот на кредити за обновлива енергија и оценува дека е со повеќестрана добивка. Препорачува да има такви мерки и во други сегменти.

-Логична и прецизна  реакација на Народната банка- можеби вакви таргеирани мерки треба да има и во други сегменти и Народната банка треба похрабро да ги користи, посебно во услови на кризи детермининрани од нестандардни фактори. Оваа мерка обезбедува повеќестрана добивка – се зголемуваат расположливите средства и се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори, ова во услови на енергетска криза и силен раст на  цените може да води кон ублажат притисоците на овој сегмент од економијата, што понатаму може да влијае  врз домашните цени (на енергијата и поврзаните проеизводи) и животниот стандард на граѓаните – вели професорот Треновски.

Во однос на очекувањата за инфлацијата, како што нагласува, ја делиме глобалната судбина, со бледнеење на нејзиниот раст кон крајот на годината, со посебно видливо намалување и стабилизирање на цените со почетокот на следната година

Глобалните очекувања за инфлацијата, вели Треновски, се дека веќе кон крајот на годината ќе го загуби здивот и со почетокот на 2023 година ќе биде забележано позначајно намалување и постепено (како што ќе изминува годината) нејзино приближување кон пред кризното ниво.

Во последните неколку месеци веќе е евидентен глобален тренд на намалување на цените на храната (масло, шеќер, месо, житни култури …) и на дел од суровините и материјалите.  Но, предупредува Треновски, неизвесноста посебно од воениот  конфликт во Украина значајно ги комплицира прецизните проекции, пред се, на европско тло – овој конфликт покрај реалните економски ограничувања кои ги предизвикува, има уште посилни и тешко мерливи влијанија врз очекувањата/стравот/одесувањето на економските субјекти. Ваквата неизвесност/страв, дали ќе има храна и енергија.., од  една страна влијае на успорување на економската активност, додека од друга дополнително го зголемува притисокот, побарувачката и цените на клучните производи.

– Во нашата увозно зависна и отворена економија иако инфлацијата  се уште се зголемува,  темпото на пораст се намалува – значи растот на инфлацијата успорува, таа во периодот јануари – август  е 11,6 проценти) како што успорува забрзан автомобил кој одел по удолница па вака забрзан се качува по угорница , но, потенцира Треновски, ова качување губи полет и енергија. Оттука и ние ја делиме глобалната судбина и генералните очекувања се дека растот на инфалцијата ќе почне да бледее кон крајот на годината, меѓутоа намалувањето и стабилизирањето на цените ќе биде посебно видливо со почетокот на следната година  – се разбира  ако не се појави некоја нова економска или безбедносна „удолница” за автомобилот пак да забрза – вели за МИА Треновски.

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка завчера донесе одлука каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 проценти до нивото од 3 проценти, а каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,5 процентни поени, на нивоата од 0,90 проценти и 0,95 отсто, соодветно.  При носењето на одлуката се земени предвид движењата кај инфлацијата, којашто и во август се зголемуваше, но поумерено. Овие измени, според НБ, би придонеле за натамошно поттикнување на штедењето во домашна валута, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките во корист на понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи.

Бруто домашниот производ во вториот квартал годинава оствари реален раст од 2,8 проценти на годишна основа, што е целосно според априлските проекции на Народната банка, но како што оценија оттаму, се зголемуваат надолните ризици за растот во следниот период.

– Расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во третиот квартал се ограничени, но поради постојаните надолни ревизии на странската побарувачка предизвикани од воениот конфликт во Украина и сè подлабоката енергетска криза, се зголемуваат надолните ризици за растот во следниот период – смета НБ.

Просечна инфлација во периодот јануари – август годинава од 11,6 проценти на годишно ниво и понатаму главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата. Најголем придонес за растот на домашната инфлација, информираше централната банка, има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија.

The post ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА ДА НЕ ПРЕТЕРА СО ЗАТЕГАЊЕТО Треновски смета дека таргетираните мерки се подобри appeared first on plusinfo.mk.

Кој ќе преживее – минималната плата или работните места?
Не е фер во услови на криза кога бизнисите се во тешка состојба и очекуваат поддршка за плати за вработените од државата да се бара зголемување на минималната плата надвор од законски пропишаните критериуми за нејзино усогласување, велат бизнисмени. Синдикатите, пак, бараат при усогласувањето на минималната плата да не се земаат предвид еден од трите критериуми, растот на домашниот бруто производ. Нивната борба е таа да надмине 16.000 денари. Експертската јавност, пак, предупредува институциите да бидат внимателни со зголемувањето на минималецот, бидејќи пандемијата сѐ уште е актуелна и не се знае како таа ќе влијае врз економијата.

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата смета дека ако се гледаат состојбите во економијата треба да се бара намалување на минималната плата или нејзино оставање на сегашното ниво до крајот на пандемијата.

– Треба да се има слух за состојбата во која се наоѓаат бизнисите во кои платите се под или блиску до минималната плата кога се бара, и покрај падот на економијата односно БДП, да има зголемување на минималната плата и тоа над законското. Напротив, во сегашните услови кога бизнисите едвај успеваат да преживеат, треба да се бара намалување на висината на минималната плата – вели Бошков.

Според него, најголем проблем да исплатат повисок минималец ќе имаат микро и малите бизниси, занаетчиите, угостителите, транспортерите кои и сега даваат минимална плата или малку повисока плата од неа, како и трудоинтензивните сектори, односно секторите на кои најмногу се почувствува влијанието на пандемијата.

– Сега, бидејќи немаат дополнителни приходи ќе треба да земаат кредити или да ги потрошат парите наменети за опстанок или иницијални инвестиции, а најлошо е тоа што ќе бидат принудени да притискаат на државата да им помогне. Трошокот за плати е голем за компаниите кога тие на секој начин се обидуваат да опстанат. Сепак, не е неочекувана и опцијата да бидат принудени да отпуштат работници, иако мислам дека тоа нема да се случи – вели Бошков.

Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна индустрија во Стопанската комора вели дека пресметките говорат дека зголемувањето на минималната плата треба да изнесува 1,7 отсто и тоа нема да придонесе за отпуштање на работници, кое, пак, е во опција ако компаниите не добијат државна помош за плати навреме, бидејќи дел од нив се соочуваат со драстично намален обем на работа и високи трошоци.

– Не е логично синдикатите да бараат еден од трите утврдени законски критериуми – раст на БДП да се изземе од усогласувањето кога не им оди во прилог, односно кога економијата бележи пад, а кога расте економијата да биде критериум. Законот е јасен и треба да се почитува додека не се промени. Според тоа, ако се иззема овој критериум треба да се измени и законот за минимална плата – вели Димитров.

Тој потсетува дека лани одделни сектори од економијата едвај преживеаја со помош на државата, а ако состојбата не се промени, годинава можно е дополнитлено да ослабат изгледите за преживување на дел од секторите, а со тоа и да се задржат работните места.

Статистичките податоци покажуваат дека до крајот на 2020 година бројот на вработени се намалил за 17,810. Првите месеци од годинава, пак според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени месечно се зголемува за близу 1.000 лица.

Пресметките на синдикатите се поинакви. Тие сметаат дека пандемијата видно ги нагриза приходите на работниците со зголемување на трошоците за одржување на нивното здравје.

Сојузот на синдикатите (ССМ) пресмета дека минималната плата треба да се усогласи за 3,17 отсто, односно за 446 денари и да изнесува 15.401 денар нето. При тоа при пресметките на ССМ за процентот на пораст на минималната плата не е земен предвид критериумот БДП, кој ланската година имаше негативен раст.

– Ваквото зголемување на минималната плата не е доволно со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од ковид-19 имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство. Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60% од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976 денари – велат од ССМ.

И Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е со став минималната плата да изнесува повеќе од  16.000 денари.

Професорите од Економскиот факултет Борче Треновски и Кристијан Кожески анализирајќи го влијанието на пандемијата врз целокупната економија и пазарот на трудот апелираат при одлуката за минималната плата на внимателност и разбирање на аспектите на секоја од засегнатите страни и  логиката на пазарните процеси (пред сѐ, во време на пандемија), која може да доведе до промени во однесувањето на економските субјекти, пазарни дисторзии, кои на крај повторно ќе ги ограничат очекуваните ефекти од политиката на минимална плата и реформите на пазарот на труд.

„Со цел да го потврдиме нашиот став за потребна внимателност во степенот на прилагодување на минималната плата која покажа дека ја придвижува спиралата и на останатите плати, каде значаен дел претставуваат и плати во јавниот сектор (дополнителен притисок на буџетот) –  ќе презентираме кратка симулација која се однесува на учеството на минималната плата во секторите кои што се трудо-интензивни, имаа значаен пад во продуктивноста и силно беа погодени од пандемијата на ковид-19. Она што е евидентно е што учество на минималната плата во просечно исплатената плата во 2020 год. во најголем дел од секторите од наш интерес изнесува над бараните 60%: преработувачката индустрија (67,1%-69,7%), Земјоделство, шумарство и рибарство (70,8% – 73,6%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (85,3 – 88,7%) итн. Оттука во услови на пандемија (посебно во периодот на заздравување), имајќи ги предвид презентираните трендови во продуктивноста во овие сектори и високите трошоците за плати како компонента во вкупните трошоци за производство во овие компании – постои можност повисокото ниво на законска минимална плата да влијае на зголемување на нивните трошоци, намалување на нивната конкурентската способност, зголемување на притисокот за намалување на работните часови или дури и намалување на бројот на вработени“, стои во анализата.

Од владата изјавија дека сѐ уште не е донесена конечна одлука за износот за кој ќе се усогласи минималната плата.

Според Законот за минимална плата, исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со: една третина од порастот на просечно исплатената плата,  една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на домашниот бруто производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

The post Кој ќе преживее – минималната плата или работните места? appeared first on plusinfo.mk.