бојан кордалов Archives - plusinfo.mk

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ АГРЕСИЈАТА КАЈ МАЛОЛЕТНИЦИТЕ? Психолозите советуваат родителите да ги следат емоциите на децата
Агресијата е чувство кое најчесто полека, но сигурно се „вбризгува” кај лицата кои се чувствуваат осамено, се сомневаат во себе, имаат незадоволство од финансиската состојба, или пак, не примаат доволно љубов. Овие чувства најчесто се филтрираат преку социјалните мрежи и економската криза. Според училишниот и семеен психолог Ивана Велевска причините поради кои агресијата се јавува се емоционалното потекло, стресот, социјалните мрежи и финансиската состојба.

-Агресијата е се почеста појава во денешно време, не само кај возрасните туку и кај малолетниците, па дури според некои истражувања се почесто се јавува и кај деца од предучилишна возраст. Социјалните мрежи кои во последно време се достапни речиси за сите луѓе и возрасти, каде што се почесто се прикажуваат содржини со насилно однесување допринесуваат децата и младите да го копираат таквото однесување и истото да го манифестираат кај своите врсници, исто така финансиската состојба на семејството допринесува за тоа нивото на агресија да расте – појаснува Ивана Велевска.

Таа за МИА вели дека со тоа што голем број на семејства се соочуваат со економска криза, возрасните сè се почесто лути и нервозни, односно не се во можност смирено да разговараат со своите деца и да поминуваат квалитетно време со нив, при што често се случува да им забрануваат одредени работи, децата да не се ислушани, прашани како се чувствуваат и слично, што според Велевска допринесува за појава на агресија.

Агресивното однесување кај малолетниците неретко е евидентирано и во МВР Билтените, а најизразено е за викендите.

-До овој момент во текот на месец октомври согласно електронскиот билтен на подрачје на СВР Скопје евидентирани се вкупно 19 пријави за оштетени малолетни лица при насилство и нарушен јавен ред и мир со физички напад. Од нив во десет настани наведено е дека сторители се малолетни лица додека за останатите девет нема евидентирано возраст на сторителите, а исто така оштетени се малолетни лица – информираат од МВР за МИА.

Психологот порачува дека „се е обратнопропорционално – колку помалку родителите поминуваат квалитетно време со своите деца и им пружаат помалку љубов, толку повеќе ќе расте незадоволството и агресијата кај нив”.

-Искрено мислам односно моето искуство ми покажало дека и пред воениот конфликт и пандемијата младите беа емоционално запоставени и недоволно разбрани. Возрасните беа преокупирани со градење кариери, децата оставени на баби и дедовци, трката по пари беше премногу изразена, која верувам дека сега со економската криза во државава е на повисоко ниво со што емоционално запоставување е зголемено поради стравот и борбата за опстанок кои се се почесто присутни кај возрасните. Како последица на тоа агресијата ќе расте и тоа не само кај младите кои нема да имаат соодветна емоционална поддршка туку и кај возрасните кои живеат под се поголем притисок и немаат психички мир – советува Велевска.

Децидна е дека кризните состојби ќе резултираат со негативни психолошки состојби.

-Секако дека ваквите кризни состоби ќе резултираат со чувство на несигурност кај луѓето, која ги прави доста чувствителни и без самодоверба. Кога кај една личност подолго време преовладува ова чувство на несигурност и немање на самодоверба, шансите истата таа личност да падне во депресија се големи. Но, иако депресијата и агресивноста се поврзани сметам дека кај лицата прво се јавува агресивноста, со цел да привлечат внимание од околината, а откако ке увидат дека тоа не е вистинскиот начин, најчесто кога ке дојдат во судир со законот или ке бидат осудени и неразбрани за вистинската причина поради која биле агресивни, се затвараат во себе и полека но сигурно влегуваат во некои депресивни епизоди кои можат да имаат различно потекло – појаснува таа.

Смета дека емотивната криза во период на економска нестабилност може да се предизвика само поради стравот што пред сè се пренесува преку социјалните медиуми.

– Со тоа што расте стравот кај една индивидуа, се зголемува и потребата за борба за опстанок, а следствено на тоа се предизвикуваат и разни емотивни кризи кај младите, оценува таа.

Во минатото државите ширум светот државите се соочувале со поголеми или подеднакво големи кризи како оние со кои се соочуваме и денеска, но во денешно време ваквите кризи пропратени од социјалните медиуми, се уште поголема опасност, особено за децата.

Во однос на тоа зошто е важно исправно да се користат социјалните мрежи, комуниколог-специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов во разговор за МИА посочува дека доколку социјалните мрежи не се искористат правилно тие може да предизвика сериозно агресивно однесување, трауматски ефекти, но и последици кои може да ги чувствуваат во текот на целиот свој живот, па дури и пренесуваат врз други луѓе.

Вели дека примери во пракса од ваквата состојба се врсничкото насилство, повредување и себеповредување, па дури и самоубиствени нагони.

– Содржините на социјалните медиуми можат да помогнат, но можат и да го постигнат спротивниот ефект. Тоа зависи од дигиталната писменост кај секој човек и стекнатите вештини за правилно ползување на социјалните мрежи. Со други зборови, пред секој од нас постојат само два избори од кои само еден можеме да избереме: или ќе ги користиме предностите кои интернетот и дигиталните канали ни ги даваат, или, пак, ќе бидеме зависни од нив и ќе им робуваме – појаснува Кордалов.

И во услови на економска криза, модерен и брз начин на живеење, семејството на децата треба да одвојат време и разбирање за малолетниците. Велевска вели дека постојат повеќе знаци кои укажуваат на тоа дека кај една личнст расте агресијата.

-Најчесто тие лица бурно реагираат на најмали случувања, своето незадоволство го искажуваат веднаш, најчесто со повишување на тонот, а неретко се случува да фрлаат со предмети наоколу, да удираат со раце по маса или да уништуваат одредени предмети. Кај учениците агресијата може да се забележи од оној момент кога детето не успее во дадена активност да го фрла и уништува училишниот прибор, а често се случува своето незадоволство да го искажуваат преку влегување во конфликт со наставниците, особено кога се опоменети поради нивното несоодветно однесување. Ваквите деца дома може да се препознаат исто така ако се затвараат во себе, избегнуваат разговор со блиските членови од семејството и не споделуваат случувања од нивното секојдневие, особено тогаш кога се прашани. Значи прво се повлекуваат во себе, а потоа таа повлеченост често резултира со појава на агресивно однесување бидејки бесот и незадоволството расне внатре во нив и еден ден ке експлодира, буквално како бомба – вели психологот во разговор за МИА.

Тој додава дека за жал физичките пресметки се зачестени во училиштата, бидејќи младите сакаат брзо да ги решаваат проблемите и се почесто го избегнуваат вербален начин за нивно решавање.

Негов совет е да се победи срамот во однос на посета и разговор со психолог, како и дека родителите треба да поминуваат повеќе време со нивните деца.

-Кога зборувам за поминување време со децата, не мислам само на заедничкото пишување домашни, носење на различни тренинзи и курсеви туку на време поминато во разговор, игри и прошетки со децата. Знам дека живееме брз начин на живот и дека времето е кратко, а обврските се поголеми, но добро е да се одреди ден кога целото семејство ке биде заедно, па макар од почетокот да биде на некој начин обврска, додека истото тоа поминување на заедничко семејно време да стане навика, желба и потреба. Во образовните институции потребно е поголема соработка помеѓу наставниците и стручниот кадар, како и пмеѓу наставниците и родителите. Пожелно е децата да не се заплашуваат дека доколку не се мирни ке одат на разговор кај психологот, поради што тие подоцна посетата кај психолог ја сфакаат трагично и страшо. Поради тоа не се осмелуваат да споделат кога имаат некои емоционален проблем бидејки се плашат од осуда или потсмевање од врсниците – потенцира Велевска.

Кордалов порачува дека кога станува збор за социјалните мрежи секој родител или возрасно лице треба постојано да се едуцира за новитетите и позитивните страни на интернетот и неопходно е Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука да изготват официјален курикулум за дигитални содржини кои ќе бидат дел од наставата и секој час на учениците уште од почетокот на нивното образование.

– Сметам дека е потребно уште од најрана возраст децата и младите да ги фокусираме кон корисните интернет содржини. Кон содржини кои се едукативни, применливи во процесот на учење, квалитетно поминување на слободното време и најважно од сѐ кон стекнувањето на вештини и знаење кои ќе им користат во текот на целиот живот. Интернетот е полн со такви содржини, еднакво барем колку што може да се сретнат и оние негативните, лоши содржини за развојот на децата и младите – оценува Кордалов.

Она што е најважно е да не се дозволи децата да израснат во личности кои своите емоции, незадоволства и фрустрации ќе ги искажуваат преку насилство. Тоа може да се постигне само со обрнување на внимание на емоциите на децата, победување на срамот за потребата од психолог, и едукација во однос на апсорбирањето на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи.

The post КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ АГРЕСИЈАТА КАЈ МАЛОЛЕТНИЦИТЕ? Психолозите советуваат родителите да ги следат емоциите на децата appeared first on plusinfo.mk.

Трите сценарија
Една од првите лекции презентирана на мошне корисна и интересна обука на која учествував пред десетина години беше дека меѓу најважните работи кога започнуваме со една обука е детално да им претставиме на учесниците што ги очекува во следните часови или денови. Предвидливост и менаџирање на очекувања кај учесниците на обуката имаат клучно значење – ни објаснуваа двајцата искусни обучувачи од кои едниот денес е високо позициониран во хиерархијата на актуелната власт, додека втората личност има една од водечките улоги во граѓанскиот сектор.

И искрено, не гледам подобра прилика и потреба за пренесување на оваа поука од актуелните случувања во македонското образование во оваа ера на пандемија.

Сведоци сме на многу непознати и прашалници меѓу наставниците, учениците и родителите, професори и студенти кои сѐ уште се во исчекување на кој начин ќе се студира за неполн месец. Листи на желби, лицитирање со очекувања, поларизација и поделба на родители кои навиваат наставата да биде онлајн, наспроти оние кои цврсто бараат таа да продолжи во училишните клупи. Тензија која расте, а од надлежните институции доаѓаат смирувачки тонови дека сè ќе биде во ред, а деталниот план како ќе се учи во новата учебна година ќе се презентира деновиве.

Искрено, за мене целава оваа какофонија е многу загрижувачка особено што станува збор за неизвесност која го демне воспитно-образовниот процес, односно системот кој е витален за целото општество. Со наједноставни зборови, ако не преземеме конкретни чекори, ризикуваме нашите деца да не ги научат добро буквите или бројките, да немаат основа од собирање и делење, а да не зборувам дека ќе следат генерации кои нема да имаат слушнато за Њутн, Аристотел или, пак, за Петре М. Андреевски.

Од друга страна совршено ми е јасно во колку деликатна ситуација се наоѓаме како општество и колку е важно истовремено со потребата од едукација на учениците и студентите, да го заштитиме нивното и нашето колективно здравје како држава.

Но, решение за оваа навидум нерешлива загатка има и мора да има.

Како и секогаш досега, во делот на здравствените авторитети нема да се мешам нити овој пат. Прво, бидејќи не сум стручен во тој дел, а второ, јас од самиот почеток јасно и гласно кажувам дека верувам во нивната спремност и знаење како најповикани и најодговорни да се справат со оваа здравствена криза предизвикана од корона вирусот.

Но, со цел да придонесам, во доменот во кој сум компетентен би сакал јавно да ги дадам моите препораки и предлози.

Прво, надлежните образовни институции мора да испратат јасни сигнали и комуникациски пораки до сите, а особено до родителите дека ја разбираат нивната загриженост, па дури и гнев кој се создава од исчекувањето и неизвесноста. Сепак, станува збор за нивните деца, а на крајот на краиштата и за нивните кариери бидејќи не знаат дали од следниот месец ќе можат да одат на работа или повторно ќе бидат „remote“ родители кои ќе треба макотрпно да работат од дома, додека во исто време им асистираат на своите деца во обидите за спроведување на онлајн настава и задоволување на нивните потреби кои се адекватни на детската возраст.

Токму со ваквиот пристап, надлежното министерство ќе покаже на дело дека се непотребни, па дури и штетни конфронтациите меѓу родителите околу типот на настава која треба да се случува од овој септември.

А, како може да се направи тоа? Па, токму со предвидливост и менаџирање на очекувањата…

И на овој начин доаѓаме и до втората точка која вели дека надлежните здравствени власти треба да излезат со стручни бројки и препораки, односно со 3 сценарија.

Прво сценарио: Ако има „x“ бројка на заболени, наставата во тие општини ќе се одвива регуларно, во училишните клупи и секако со почитување на сите здравствени и превентивни мерки и препораки.

Второ сценарио: Ако порасне во „y“ бројка на заболени, наставата во тие општини ќе започне да се одвива комбинирано, односно во дел регуларно, а во дел дигитално.

И секако, третото сценарио веќе произлегува од претходните две и гласи: Ако се достигне зголемена, односно „z“ бројка на заболени, наставата во тие општини ќе почне веднаш да се одвива онлајн, односно дигитално и од дома.

Во исто време, надлежните од МОН и БРО, заедно со наставниот кадар, општините итн. е потребно да се подготвуваат за сите три сценарија. Буквално, со показни вежби. Сценарио 1, 2, па 3, додека не го усовршат и успеат да се престројат за неколку часа.

Само на овој начин може да се направи ред и доверба во институциите и целокупниот систем. Со предвидливост и менаџирање на очекувањата. Со ставање на науката во прв план, а не човечкиот фактор и личните одлуки. Само вака може да се прати импулс кон родителите, учениците, па и до наставниот кадар дека надлежните имаат јасна, цврста и логично-научно базирана стратегија и план.

Во спротивно, ќе сведочиме на уште една импровизација во која секоја единка вклучена во образовниот процес ќе го дава својот максимум, но севкупниот резултат во голема мера ќе биде пропуштено знаење за учениците и студентите. А, токму тие, учениците и студентите се идните лидери не само на нашата земја, туку и на светот. Тоа се луѓето кои ќе бидат водечки во институциите, компаниите, меѓународните организации… Оние кои ќе одлучуваат за нас и својата судбина. Ако денес не добијат квалитетно образование, свидетелствата полни со петки или индексите со десетки ќе им бидат залудни.

Верувам дека после три децении занимавање со партиските проблеми и интереси, коронакризата направи конечно многу повисоко на агендата да ги ставиме важните теми, односно реалните потреби на граѓаните како што е образованието. Ајде да го покажеме сите заедно тоа и на дело!

The post Трите сценарија appeared first on plusinfo.mk.

И ова ќе помине…
Во 2007 година имав вистинска прилика да бидам дел од IVLP програмата на Стејт департментот на САД. Прекрасно и многу корисно поминати неколку недели во 5 сојузни држави, одлични средби и посети, запознавање со многу луѓе и познанства кои траат до денешен ден… Но, детално за содржината на оваа програма ќе пишувам во некоја друга прилика.

Последната „станица“ од целокупната програма беше градот Сан Франциско од каде имав резервирано повратен билет за Скопје. Предвидената рута беше следната: Сан Франциско до Вашингтон, потоа Вашингтон до Цирих и третиот лет беше предвидено да биде на релација од Цирих кон Скопје.

Стигнав навреме на аеродром во Сан Франциско, ги поминав сите формалности и заедно со останатите патници влегов во авионот и седнав на моето место. Почнаа да се одвиваат стандардните процедури пред полетување, но во еден момент се вклучи пилотот кој нѐ извести дека поради технички проблем со некоја од вратите на воздухопловот, нашиот лет ќе биде откажан. Истовремено, бевме љубезно известени дека компанијата веќе сѐ организирала и надвор поставила монтажни пунктови на кои ќе бидеме пренасочени и ќе ни бидат обезбедени нови авионски билети. Нѐ замолија да бидеме трпеливи, да го почитуваме редот бидејќи на секој од нас ќе ни биде обезбеден алтернативен лет до крајната дестинација. Втората опција која ни ја понудија доколку не сакаме да чекаме во редот, беше да се обидеме телефонски да направиме нова резервација.

Излегов надвор од авионот заедно со повеќе од 500 други патници и се создаде навистина долга колона. Не ми беше јасно како е возможно сите да се толку трпеливи и буквално да повторуваат и на глас дека нема потреба од никаква паника, сè ќе се среди, а вработените во авионската компанијата веќе работат на тоа.

Од друга страна, јас, еден пар од Франција и друг сопатник од Италија, тогаш сметавме дека не треба само да чекаме, туку треба да се обидеме нешто и да преземеме. Се раштркавме секој на своја страна, вртевме телефонски во обид да ги смениме билетите, прашувавме по други шалтери, ги следевме електронските монитори правејќи ги според нас најдобрите комбинации за нови дестинации до дома…

И така, ко муви без глави додека не се преморивме секој во сопствениот хаос што си го создадовме. Се разбира дека ништо не променивме, освен што сами на себе си создадовме паника, стрес и нервоза, а на крајот повторно завршивме на шалтерите кои беа поставени за сите нас на терминалот. Ама последни бидејќи во меѓувреме на сите останати над 500 патници им била најдена алтернативната авио рута. Ја подадов мојата карта на монтажниот пулт, а вработената за десетина минути го најде мојот алтернативен лет на следната релација: Сан Франциско – Лондон – Виена – Скопје. Верувале или не, иако целокупното доцнење беше повеќе од 5 часа, во Скопје пристигнав само 2 часа подоцна од предвиденото според првичната резервација.

Оваа научена лекција одигра огромна улога во мојот понатамошен развој и живот и постојано ме поттикнува да размислувам зошто упорно сакаме да изградиме вредносен систем базиран на недоверба. Немање доверба едни кон други, ние кон институциите, ама и институциите кон секој од нас, таа кон телефонскиот оператор, компанијата за наплата на долгови кон него итн…

Дали е ова одлика на бунтовниот сончев југ, нашиот менталитет или, пак, поради фактот што предолго во историјата сме имале институции кои биле наметнати, наспроти денес кога е крајно време да сфатиме дека веќе децении јавните институции се платени од нашите пари и (должни се да) работат во интерес на граѓаните? И не можам до крај да го дадам одговорот, иако мислам дека се работи за создадена култура или поведение кое многу тешко го менуваме или тоа го правиме во селективни ситуации.

Но, одговорот како по обичај самиот се наметна. Целава оваа ситуација со мојот лет во 2007 година, ме потсети на нашата индивидуална реакција на актуелната корона криза која ни се случува. На почетокот се бунтувавме, не слушавме, народски кажано „се правевме паметни“, но како минува секој час и ден со нови заболени од КОВИД-19, почнуваме да разбираме дека довербата е клучна.

Дека докторите и здравствените авторитети под капата на Министерството за здравство се единствените надлежни на национално ниво кои можат и треба да ја координираат и да се справат со оваа ситуација. Дека Светската здравствена организација (СЗО), а не некои таму конспирациски теории се надлежни и единствено можат да ни дадат совети и препораки како да го спасиме нашето здравје. Конечно, во услови на криза и страв за нашиот и животот на најблиските, се освестуваме и разбираме: дека сме ранливи, дека не е важно дали сме или на која партија, етничка група припаѓаме, дали во моментот се наоѓаме на врвот на економската моќ или не…

Ни станува јасно дека мора да бидеме обединети во борбата против корона вирусот бидејќи за секој од нас се работи. А, како да бидеме обединети и да се заштитиме кога не сме стручни, не сме доктори? Па, се разбира, следејќи ги препораките и советите од стручните лица, што во случајов се здравствените авторитети. Здравствен предизвик, здравствен одговор, се подразбира. Конечно, може да кажеме дека една работа е поставена правилно и оставена во раце на стручните.

Во текот на вчерашниот ден излезе и првата анкета за тоа како Министерството за здравство (лекари, администрација итн.) и министерот Венко Филипче се справуваат со целата ситуација. Добиениот резултат објавен во ТВ емисијата „Детектор“ вели дека високи 80 проценти од граѓаните им веруваат на министерот и надлежните за начинот на кој се справуваат со оваа корона криза.

И веднаш на сите ни стана јасно зошто политичките партии избраа да го прекинат мораториумот на водење дневна политика и политички препукувања среде окупираност на граѓаните од последиците од корона криза.

Па, политичарите од сите табори, тешко поднесуваат повеќе популарни ликови од себе. Не трпат конкуренција ниту во своите партии, а камоли надвор од нив. Впрочем, ова не е автентичен балкански менталитет, туку одбранбен механизам на секој политичар во светот.

Мој совет до сите политичари кога непотребно ќе им се јави овој инстинкт и тоа среде оваа голема корона криза е секој пат да се потсетуваат на приказната за кралот и мудрецот: Имено, некој крал бил веќе уморен од тешкотиите што му ги предизвикува владеењето, па на помош го викнал стариот мудрец за да го праша како да постапи. Мудрецот му дал еден прстен и го посоветувал во секоја животна ситуација да се потсетува и да прочита што пишува на него. Набрзо, кралот отишол во битка која била многу тешка, а неговата војска била послаба од противничката. Се сетил на советот на мудрецот и го отворил прстенот на кој пишувало „И ова ќе помине“. Тоа го охрабрило, па кралот некако успеал да ја мотивира својата војска и да го победи непријателот. Враќајќи се назад со многу плен и богатство тој многу се орасположил, бил полн себе, опиен од победата и ласкавците околу него. Сепак, во еден момент се подосвестил и се присетил на советот на стариот мудрец. Веднаш го отворил прстенот, а на него стоел истиот натпис: „И ова ќе помине“…

Да заклучиме, сега не е време за губење на трпение и желба по секоја цена да се зајакнува личниот рејтинг. Ниту од страна на политичари од власта, а ниту на политичарите од опозицијата. Сега е единствено време да се работи заедно и во интерес на сите граѓани. Ова мора и еден ден ќе заврши. Колку поединствени сме, толку побрзо ќе даде резултат.

И тогаш, кога оваа опасност ќе биде зад светот, ќе си се вратиме сите на своите позиции. Политичарите во своите фотелји и предизборни кампањи, а ние пред телевизорите, екраните на мобилните и компјутерите, како и на гласачките места. Само искрено се надевам сите ќе бидеме позрели и поискусни и ќе извлечеме поуки од сето ова што сега ни се случува.

А, поуките се прилично едноставни.

Како луѓе да демонстрираме многу повеќе солидарност, наместо себичност. Прифаќање на различностите и немешање во туѓите животи. И да не оставаме никого зад себе, туку да подаваме рака постојано бидејќи зависиме едни од други повеќе од што сме свесни за тоа.

Како институции или, пак, како политичари кои се борат за власт, потребно е да градиме системи кои се одржливи и работат единствено во интерес на граѓаните. Наместо мерки кои зависат од политичката волја на лидерите, да градиме систем за добро управување кој е креиран од стручни луѓе во своите области.

Не сакам ни да замислам како денес ќе изгледаше светот доколку и во оваа корона криза главниот збор го имаа политичарите, а не здравствените авторитети. Впрочем, некои држави така и тргнаа, па може да видиме за неколку недели до каде стигнаа. Изгубија драгоцено време, но сите се вратија чекор назад и повикаа да се почитуваат здравствените препораки и авторитети.

Затоа, да изградиме заеднички доверба во институциите и надвор од оваа криза. Да не ги поттикнуваме луѓето да лутаат низ аеродромот барајќи индивидуални решенија, туку да им покажеме дека можат и треба да имаат доверба во системот кој ќе им го најде алтернативниот лет за дома и тоа за само десетина минути.

The post И ова ќе помине… appeared first on plusinfo.mk.

Корона комуникација – кредибилни vs лажни вести (1:0)
Потрагата по кликови, побрза заработувачка, како и различните интереси и аспирации на локално, регионално и глобално ниво во изминатива година го окупираа информативниот простор. Масовната употреба на интернетот и социјалните медиуми од страна на граѓаните, како и брзиот развој на „паметните“ телефони ја катализираа ваквата состојба, овозможувајќи канали за молскавично распространување на пораките, а со тоа и брзо ширење на кредибилните информации, но и лажните вести и полуинформациите.

Никој не остана имун на овој феномен кој ги поткопува демократските процеси, системите на функционирање во демократиите, а во огромна мера ја таргетира довербата на граѓаните во јавните институции. Теориите на заговор или конспирациските теории кои постојат многу одамна, во дигиталната ера го доживуваат својот „бум“, создавајќи недоверба во институциите кои граѓаните ги финансираат и се создадени да даваат услуги кон сите нас, без исклучок и кон правните субјекти.

„Корона“ кризна комуникација до сега

Редовно информирање и двонасочна комуникација. Најповиканите надлежни јавни институции се постојано присутни во јавноста, користејќи ги сите начини за двонасочна комуникација со медиумите и онлајн порталите, како и информирањето „во реално време“ и интеракцијата преку социјалните медиуми.

Ваквиот однос во огромна мера придонесува за истиснување на сите шпекулации, и дезинформации, како и за појаснување на сите прашања кои постојат во јавноста. Истовремено, неопходно е да се потенцира дека рамноправни партнери во целиот овој процес се медиумите кои несебично се борат и непроценливо придонесуваат за навремено и кредибилно информирање на секој граѓанин, како и пренесување на дилемите на јавноста до надлежните со цел нивно разјаснување и добивање на институционален одговор во ваква вонредна состојба.

Истовремено, „издишувањето“ на политичкиот притисок и наметнување на дневно-политички теми од било која политичка партија го отвора и ослободува просторот на надлежните институции за натпартиско справување со оваа новонастаната состојба. Комуникацијата со граѓаните во овој период од страна на сите општествено-политички чинители е неопходно да биде одговорна, посветена кон решавање на новонастанатата состојба, целосно исклучувајќи потреба за ловење на политички поени, вклучувајќи го ширењето на полукредибилни, неточни или лажни информации.

Во ваква вонредна ситуација и загриженост кај секој граѓанин, не постои непотребно или „глупаво“ прашање. Она што треба да се избегнува и препознава се евентуални тенденциозни прашања кои имаат за цел да предизвикаат страв и паника кај населението. Истовремено, важно и во ваква вонредна состојба е да се задржи улогата на медиумите како контролори во работата на јавните институции, бидејќи интересот за справување со оваа вонредна состојба е на сите.

Јавно достапни податоци. Потребно е и понатамошно јавно, јасно и недвосмислено прикажување и споделување со јавноста на сите податоци поврзани со корона вирусот, преземените мерки и активности. Ваквиот пристап е важно да се задржи и во иднина, особено при евентуално влошување на состојбата преку зголемен број на заразени, бидејќи само во партнерски однос на институциите со граѓаните и сите други општествени чинители е можно побрзо и целосно добивање на оваа битка, како и спречување на ширење дезинформации и други лажни вести кои би се одразиле негативно врз секого, особено во оваа новонастаната ситуација.

Деполитизација на институциите и унифицирани пораки кои се базираат на стручна проценка. Новонастаната состојба со корона вирусот на домашно, но и светско ниво како да ни го покажува правецот во кој треба да се движи и борбата против лажните вести. Само со градење и одржување на професионални, натпартиски и целосно стручни јавни институции може да зборуваме за доверба на граѓаните во системските решенија и мерки кои се предлагаат, како и отфрлање на некредибилните и малициозни информации. А, токму довербата е клучна во демократските процеси и справување со сите предизвици кои ги имаме или во иднина ќе следат.

Важно е да потенцираме дека и тука најголемата одговорност и понатаму треба да ја понесуваат политичките партии, лидерите на институциите, како и секој вработен во јавните институции финансирани со парите од граѓаните и компаниите.

Одолевањето на политизацијата и евентуалните политички злоупотреби, дополнително ќе ја зајакнат довербата во јавните институции и улогата која тие треба да ја имаат во вакви вонредни околности.

Затоа е повеќе од неопходно и најлутите политички ривали целосно или до крај да ги остават импровизациите и несогласувањата зад себе и во овие моменти да зборуваат во еден глас, базирајќи ја својата комуникација со граѓаните на стручната јавност и специјалистите во секоја област.

Денес, повеќе од било кога ни се потребни стручни мислења како поддршка во секој домен или сфера на функционирање. На овој начин постојано ќе се јакне нивото на доверба кај граѓаните и ќе се придонесе за поефикасно и побрзо справување со корона вирусот.

Предлог активности

Вонредни мерки преку вонредни алтернативи. Вонредна состојба подразбира вонредни мерки, но истовремено и вонредно функционирање на институциите во насока на исполнување на очекувањата на граѓаните и нивните секојдневни потреби.

Секоја државна институција е неопходно да биде проактивна и секојдневно да функционира со свој кризен штаб преку кој дигитално ќе ги информира граѓаните за препораките кои треба да се спроведат во рамките на нивните надлежности. Тоа подразбира непречено функционирање и остварување на барањата и потребите на граѓаните, истовремено со почитување на препораките за заштита од зараза со корона вирусот.

Мора да земеме во предвид дека секоја неопходна вонредна мерка која се воведува, во исто време мора да предвиди и серија на алтернативни мерки кои на граѓаните ќе им се стават на располагање. Само ваквиот проактивен пристап на јавните институции може да придонесе за целосно почитување на препораките, развивање на комуникациска култура и одреден степен на задоволство кај граѓаните дури и во вакви вонредни околности.

Важно е да се нагласи дека дел од институциите на централно и локално ниво го практикуваат ваквиот пристап, но потребно е брзо преструктуирање и функционирање на ваков начин на сите јавни институции без исклучок.

Дигитализација во секоја сфера. Исто како и во борбата со лажните вести, справувањето со корона вирусот ни го покажува патот или дава одговорот за улогата на дигитализацијата во денешните општества. Веќе речиси и да не постои поединец кој во овие вонредни околности не се увери во доминантно позитивните страни на интернетот и дигитализацијата. Ова подразбира дека потребата од промена на нашите животни навики во секојдневието, нужно нѐ пренасочи кон корисните дигитални алатки, интернет платформи и чет апликации. Токму сега, институциите, но и поединците, организациите и бизнис секторот треба брзо да дејствуваат и секој во својот домен да ја воведе дигитализацијата со цел колку што е возможно непречено одвивање на животните навики на граѓаните.

Особено е важна практичната примена на дигиталната писменост – користење на интернетот и дигитализацијата за квалитетно поминати активности во работата, учењето, слободното време, секојдневната комуникација итн.

Исто така, секој пропуштен ден за воведување на унифицирана онлајн или дигитална настава и тоа на ниво на сите училишта и факултети значи потешкотии во нормалното функционирање во рамки на целиот систем. Огромна почит и поддршка на сите поединци и институции кои од првиот ден по затворањето на образовните институции продолжија со тековна онлајн настава од дома.

Овој апел беше даден уште пред 10 дена. Токму затоа, образовните институции треба да сфатат дека немаат веќе на располагање денови за ваквата настава унифицирано да ја организираат, туку часови. Настава во истите временски периоди, на истите предмети и теми, само дигитално. Потребно е на мобилните и таблетите да им го покажеме вистинското образовно значење. Важно да се напомене е дека ова значи дека пристапот до интернет треба да биде обезбеден до сите и тука институциите треба да бидат особено подготвени да секој има пристап до образовните содржини.

Економска „комуникација“ во време на закана од корона вирус. Комуникацискиот наратив е важно да се базира на тоа дека не станува збор за ничија себичност, туку долгорочно и заедничко планирање на иднината на нашата земја и целата светска економија.

Со кризи и опасности сме се соочувале во минатото, се соочуваме денес, а глобални предизвици ќе постојат и во иднина. Важно е дека човештвото секогаш се справува со таквите опасности и предизвици, што секако тоа ќе биде случај и сега. Но, доколку сакаме да помогнеме да излеземе од целата ситуација со помали штети во иднина, комуникацискиот наратив на економските теми и важно да го градиме заеднички, особено без лоцирање на виновници. Мора да создаваме комуникација во која заедно и менаџерите, и вработените и владините претставници ќе покажат пред граѓаните дека сфаќаат дека опстојувањето на економијата е интерес на сите.

Подеднакво важно со справувањето со вирусот и со лажните вести кои се прават обиди да се пласираат на тема „корона“. Економијата е многу сериозна тема за да се поттикнуваат антагонизми и спротивставувања во овој момент. Потребно е сите засегнати заедно да ги изнајдат најдобрите решенија во интерес на сите граѓани и на тој начин дополнително да се изгради доверба во демократскиот и економскиот систем на функционирање кој долго го градиме.

Визионерство наспроти популизам. Секој од нас има желба и намера да придонесе во борбата со корона вирусот. Речиси без исклучок сме сите исплашени и во очекување надлежните на локално и светско ниво успешно да се изборат со заканата од корона вирусот. И неретко се впуштаме во давање на предлози кои нам се чинат оправдани, но во себе може да кријат опасен популизам и потенцијална дискриминација.

Со цел превенирање на ваквите појави, потребно е институциите да се постават визионерски, постојано и во прв план да посочуваат дека се што преземаат е согласно стручните, односно експертски препораки на организации, институции или поединци кои се компетентни во својата област. Водењето според vox populi се чини понекогаш опортуно, но не секогаш е визионерски избор. Овој апел е потребно да се примени и од страна на политичките партии, како и од други релевантни организации, поединци и бизнис секторот.

Користење на разбирлив јазик и спречување на дискриминација. Институциите мора да наоѓаат креативни начини пораките за спречување на корона вирусот да допрат до секого. Секој од нас има различно ниво на образование, знаење, предзнаење, свесност, се движи во различни кругови. Затоа, во ваква ситуација, не само што е недозволиво, туку е непродуктивно доколку се исмеваме или осудуваме било кој поединец или група. Мора да се погрижиме секој од нас да ја добие потребната информација на свој разбирлив начин. И токму од ова зависи ефикасноста и степенот на целосно почитување на препораките за заштита од проширувањето на корона вирусот.

ЗАКЛУЧОК: Засега резултатот е 1:0 за кредибилните информации. И тоа е одлична вест. Но, важно е постојано да се потсетуваме дека битката продолжува до крајот на „натпреварот“. Потребно ни е водство, како и позитивен резултат до самиот крај, бидејќи за секој од нас се работи!

(авторот е специјалист за односи со јавност и нови медиуми)

The post Корона комуникација – кредибилни vs лажни вести (1:0) appeared first on plusinfo.mk.

Корона комуникација
Уште пред повеќе од еден месец, Светската здравствена организација (СЗО) посочи дека можеби поголем предизвик или проблем во борбата со корона вирусот е борбата со теориите на заговор и лажните вести.

Оттогаш, веќе се случи и конкретна соработка помеѓу Google и СЗО со цел превенирање на ширењето на дезинформации и другите полукредибилни и непроверени информации кои ја шират „болеста“ на 21 век – стравот кој понатаму прераснува во стрес и оневозможува рационално размислување.

Секогаш се трудам да пишувам отворено, тоа ќе го направам и сега. И јас, како и сите останати, сум исплашен од корона вирусот и можните последици, но во исто време одбирам да ги следам и да им верувам на официјалните информации на национално и светско ниво. Со други зборови, јас не сум од оние кои ги почитуваат муабетите од типот „на другар тетка му, на нејзин прв братучед сваќата слушнала од човек што работи во министерството дека…“. Си го сакам, па на овој начин се трудам да го чувам своето ментално здравје.

Помеѓу енормниот број информации кои стигнуваат до секој од нас и официјалните податоци, јас избирам да верувам во институциите. И од старт да кажам за да остане тука запишано. Во вакви кризни ситуации и во иднина ќе избирам да верувам на официјалните домашни и странски информации и институции, независно кој е кога на власт. Дополнително, јавните институции во фрагилните демократии како нашата, за време на криза добиваат прилика да се испрофилираат како натпартиски, да се осамостојат и да изградат кредибилитет на натпартиски институции.

Колку и ова да е тешко во едно вакво кампањско и исполитизирано време во кое секоја партија се бори за глас повеќе. Мора да се издржи и да се успее. Затоа што институциите се наши, на граѓаните, независно кој е на власт или кој ќе биде на власт!

Во делот на функционирањето на институциите би дал во оваа прилика само две препораки од мојот домен на специјализација, односно во делот на односите со јавноста и новите медиуми.

Прво, во извештаите кои Министерството ги испраќа до медиумите уште веднаш да се додаде статистика за број на излечени пациенти со корона вирус кај нас, во регионот и во целиот свет. Ако не се нудат ваквите бројки секојдневно, сосема логично и за очекување е јавниот дискурс и понатаму доминантно да биде насочен само кон бројот на новозаразени и жртви од корона вирусот. Токму, посочувањето на сите факти се најдобрата алатка во борбата против стравот и паниката.

Втората препорака се однесува на стратешкото поставување на нашето општество за можна ескалација на корона вирусот, односно носење на потребно брзи, но истовремено издржани, осмислени и стратешки потези.

Во ситуација во која веќе не се одржуваат јавни настани и собири, а се отворени секакви идни сценарија, конечно е време институциите да ја согледаат и целосно применат вистинската улога на дигитализацијата.

Имено, за дигитализацијата зборуваме многу, имаме различни мислења околу тоа дали процесот на „интернетизација“ е позитивен или негативен… Но, ова е идеална шанса да разбереме и се погледнеме очи во очи со дигитализацијата која во евентуални кризни состојби може да го извлече нашето општество, но и светските економии од многу поголеми рецесии, губење на работни места…

Во продолжение, еве неколку хипотетички сценарија и важната улога на дигитализацијата во таквите случувања:

Доколку се забрани настава на училиштата и факултетите, потребно е организирање на онлајн настава. Во истите временски периоди, на истите предмети и теми, само дигитално. Дајте на мобилните и таблетите да им го покажеме вистинското образовно значење. Напоменувам дека ова значи дека пристапот до интернет треба да биде обезбеден до сите и тука институциите треба да бидат особено подготвени да секој има пристап до образовните содржини.

Дигитализирани услуги на државните институции кон граѓаните. Веќе функционира порталот uslugi.gov.mk што е позитивен пример. Но, ова треба да биде и поттик веднаш, во следниве недели и месеци да се направат функционални и достапни буквално сите јавни услуги онлајн. И тоа, на централно и на локално ниво на управување.

Работа на административните службеници во јавниот и приватниот сектор. Голем дел од административните службеници во светот имаат флексибилно работно време, што подразбира дека може да работат од своето работно место или во парк, кафуле, од дома, од друга држава и слично. Единствено важно е да се заврши работата со која се заработува месечната плата. Не гледам причина зошто флекс работното време пополека да не се воведува и кај нас, а особено важна улога ако дојде до забрана за собирања и работа во големи средини. Работата може да се сработи, а состаноците, средбите, па дури и меѓудржавните самити и состаноци можат да се прават преку интернет конференциските врски. Функционерите можат да одржуваат состаноци со граѓаните и соработниците преку Скајп, Вибер, Ватсап или да разговараат и комуницираат преку социјалните медиуми. Односот со медиумите никако не смее да се врaќа назад и да се менува на полошо, напротив, ваквата состојба треба само да ја зајакне нивната улога. Институциите ќе држат онлајн прес конференции со можности за јавни прашања и коментари на кои ќе одговараат, соопштенијата секако веќе се испраќаат преку интернет, а граѓаните ќе можат да станат вистински поддржувачи на новинарите од теренот. Последново денес е лесно остварливо, особено со масовното користење на мобилни телефони кои истовремено се и камери, фотоапарати, но и микрофони со висок квалитет.

Дигитална нарачка на намирници и други неопходни работи во домаќинствата. Зајакнување и поддршка за ваквите сервиси кои можат да бидат повеќе од неопходни во кризни ситуации и чиј број ќе мора рапидно да порасне. Секако доставата ќе ја вршат луѓе кои е неопходно да бидат целосно заштитени и обезбедени со цел да не можат да се заразат или да пренесат зараза.

Обезбедување на онлајн литература, музика, како и дигитални содржини за деца и млади на сите јазици. Овој процес од поодамна каска во нашето општество, но токму заканата од корона вирусот треба да неѐ мотивира и забрза да направиме конкретни активности на овој план.

Онлајн препишување на редовна терапија. Покрај редовните контроли или прегледи кои секако дека не може и не треба да се заменат, навистина е непотребно мешањето на болни и здрави пациенти во амбулантите. За таа цел отсега, но и за во иднина, мора да се изготват електронски здравствени картички преку кои дигитално ќе можат да комуницираат докторите и пациентите, односно редовната терапија да може да се препишува онлајн, па дури и подига од места на кои не може да се шири било каква зараза.

Ова се само дел од симулациите колку и зошто ќе ни биде неопходна дигитализацијата во случај на посериозни мерки на претпазливост и ограничувања на движењето поради корона вирусот.

Секако дека одредени професии ќе биде неопходно да продолжат да функционираат. Но, тоа значи дека институциите ќе мораат да водат грижа и да им помогнат на вработените, но и на компаниите со цел тие и целото општество да биде целосно заштитено.

Економијата е важно да функционира. Неопходно е, бидејќи во спротивно ќе се соочиме со многу поголема опасност од корона вирусот. Но, истовремено, здрава економија може да имаме само со безбедни и заштитени граѓани.

Ајде, да покажеме дека сме сите на ниво на задачата и новите предизвици. Особено институциите!

(авторот е специјалист за односи со јавност и нови медиуми)

The post Корона комуникација appeared first on plusinfo.mk.