Бетон Штип Archives - plusinfo.mk

„ПРЕД СТЕЧАЈ“ И „ВО СТЕЧАЈ“ СЕПАК НЕ Е ИСТО Прецизни информации за спорот меѓу ЗК „Пелагонија“ и „Бетон“ од Штип
Плусинфо го објави демантот на ЗК Пелагонија за текстот објавен на порталот Плусинфо на 20.11.2024 година, за кој компанијата вели дека бил со наслов „ЗК Пелагонија влегува во стечај“.

Редакцијата го прифати барањето на ЗК Пелагонија да го повлече спорниот текст и да се извини за непрецизностите кои можеле да ги доведат во заблуда читателите дека компанијата е во стечај.

ПЕЛАГОНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА Е ПОД СТЕЧАЈ Комбинатот тврди дека работи и дека ја завршил есенската сеидба

Во текстот на Плусинфо има една важна грешка во изнесувањето на фактите, а тоа е тврдењето дека Основниот суд во Битола повел стечајна постапка во овој случај. Тоа не е точно и затоа Редакцијата го прифати демантот на ЗК „Пелагонија“ и постапи според барањето на компанијата. Кога ќе се направи грешка, должност на медиумот е грешката да се исправи.

Но, Редакцијата на Плусинфо исто така сака да демантира дел од наводите во демантот на ЗК „Пелагонија“ и подетално да објасни за што станува збор во овој случај.

Имено, не е вистина дека насловот на спорниот текст е „ЗК Пелагонија влегува во стечај“. Ова е насловницата на текстот, кој веќе е повлечен:

Претпоставуваме дека е јасно дека не е исто да се каже дека комбинатот „влегува во стечај“ и дека е „пред стечај“. Во насловот, а и во текстот, јасно се кажува дека станува збор за постапка на предлог на доверителот „Бетон“ од Штип, поднесен на 14 ноември. Јасно е дека судот и теоретски немал можност во толку краток рок да отвори стечајна постапка, а уште помалку фирмата да ја фрли во стечај.

Фактографската грешка во текстот во демантот на ЗК „Пелагонија“ е злоупотребена за да се демантира и нешто што не е објавено, а секако и нешто што не било намера на Редакцијата – да се прејудицира што ќе стане со предлогот на „Бетон“ од Штип и да се предизвика штета на угледот на акционерското друштво ЗК „Пелагонија“.

Како и да е, постои предлог на доверителот „Бетон“ од Штип за поведување стечајна постапка, во кој се изнесени наводите што ги објави Плусинфо. Ова е тој предлог:

Редакцијата на Плусинфо нема намера да навлегува во вештачење на наводите во предлогот и во утврдување на вистината. Тоа е работа на судот. Она што е обврска на медиумот е да ги слушне двете страни во случајот.

За волја на вистината, брзо по објавата на спорната вест, од ЗК „Пелагонија“ добивме допис со следната содржина (обрнете внимание на болдираните делови):

„Во врска со објавената информација за предлог поведување на стечајна постапка врз најголемиот земјоделски комбинат во земјава ЗК Пелагонија АД Битола, сакаме да ја информираме јавноста дека ЗК Пелагонија ја плати својата обврска кон Бетон Штип, со што е отстранета причината за поведување на стечајна постапка.

Комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните  години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.

Сакаме да информираме дека последниве 3 години се соочуваме со голема суша, намалени приноси како резултат на климатските промени и екстремно ниски цени на земјоделските производи, што нѐ доведоа во ситуација да се соочиме со намалена ликвидност. Очекуваме дека во нареден период ќе се зголеми свеста во Македонија за важноста на нашата дејност, производството на храна и дека и државата и банките ќе имаа посериозен пристап за помош и развој на оваа важна стопанска гранка“.

Водејќи се од логиката „платен долг, решен проблем“, уредништвото на Плусинфо одлучи да не ја „дува“, да не го објави овој допис, со цел „Пелагонија“ да не се доведе во ситуација да демантира „собирајќи пердуви“, како што обично велиме во новинарскиот жаргон. Тоа беше погрешна проценка на уредништвото.

Како и да е, овој допис на ЗК „Пелагонија“ покажува дека постоел долг кон доверителот, долг кој бил платен веројатно после предлогот за поведување стечајна постапка. Освен тоа, во тој допис се кажува дека во последните 3 години комбинатот се соочува со намалена ликвидност, што е оценка различна од онаа во демантот. Во секој случај, Редакцијата на Плусинфо ја поддржува потребата државата и банките да имаат посериозен пристап за помош и развој на производството на храна.

ЗК „Пелагонија“ е значаен стопански капацитет во Македонија е проблемите со кои се соочува комбинатот се прашања од јавен интерес. Редакцијата на Плусинфо секогаш ги поддржувала сите стопански гранки и субјекти во реалниот сектор на економијата и нема причина никој да се посомнева дека на било кој начин ја поткопува компанијата. Тоа се однесува и на ЗК „Пелагонија“, но и на „Бетон“ од Штип и на сите други субјекти поврзани со компанијата.

Редакцијата на Плусинфо смета дека покрај објавениот демант и отстранувањето на спорната објава на барање на ЗК „Пелагонија“, заради интересот на читателите, беше битно да се објави и ова допрецизирање на фактите во врска со отстранетата спорна содржина и реакцијата на комбинатот.

The post „ПРЕД СТЕЧАЈ“ И „ВО СТЕЧАЈ“ СЕПАК НЕ Е ИСТО Прецизни информации за спорот меѓу ЗК „Пелагонија“ и „Бетон“ од Штип appeared first on plusinfo.mk.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОКАЗИ ЗА „ИМПЕРИЈА“ Судењето продолжува на 9. мај
Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска беа изведени материјални докази од Oбвинителството во врска со случајот „Империја“ против преостанатите две лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.

Во овој предмет се обвинети Цветан Панделески за „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“ и Јованчо Тасковски за „измама“.

На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, помеѓу кои договори помеѓу фирмите Ексико со Искра ММ, Езимит Холдинг и Матиќ Инженеринг, како и записник од состанок на Oдборот на директори на Бетон Штип.

– Она што е важно се активностите и одлуките кои се донесени кои претставуваат основа за одржување на Собранието на акционери на Бетон Штип – рече обвинителката.

Беше презентиран и статутот на Бетон Штип, договорот за пренос на удел помеѓу Искра ММ и Бетон Штип, податоци од Агенцијата за катастар на недвижности како и повеќе известувања од Комерцијална банка.

Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт, првообвинетиот, веќе прогласениот за виновен и наведен како второобвинет во обвинителниот акт Зоранчо Митревски и уште едно веќе едно осудено лице, во периодот од мај до август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал.

– Тие заедно, по претходен договор, со умисла помогнати од сведок-соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица – се вели во обвинителниот акт.

Од октомври 2013 година до јануари 2014 година двајца сведоци-соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот Јованчо Тасковски, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице.

Парите прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице, каде членовите на семејството на првообвинетиот биле сопственици, според обвинението, за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело, по насоки на првообвинетиот, по основ на позајмица биле префрлени 62.000.000 денари на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи.

За дел од лицата опфатени во истражната постапка, помеѓу другото, имаше пресуди врз основа на предлог спогодби, застарување како и решенија за неповедување на кривична постапка.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Судењето продолжува на 9 мај.

The post ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ДОКАЗИ ЗА „ИМПЕРИЈА“ Судењето продолжува на 9. мај appeared first on plusinfo.mk.

ДОГОВОР КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ГРАДИ Вонсудска спогодба ќе овозможи да продолжи изградбата на болница за 200.000 граѓани во Источна Македонија
Спорот за изградбата на Клиничката болница во Штип помеѓу „Бетон Штип“ и грчката компанија „Интракат“, за кој повеќе години се бараше разврска, вчера конечно заврши со вонсудски договор.

Долгот вреден 2,6 милиони евра грчката компанија „Интракат“ прифати да го подмири со исплаќање на доспеаните фактури и обврски кон „Бетон Штип“, а „Бетон Штип“, македонската компанија која е во реорганизација, прифати да се откаже од каматите на долгот вредни над 500.000 евра.

За потсетување, во 2018 година, неподмирувањето на обврските од страна на „Интракат“, како изведувач, кон „Бетон Штип“, како подизведувач на проектот „Клиничка болница Штип“ и неоснованото раскинување на договорот за подизведување, ја доведоа „Бетон Штип“ во стечајна постапка, а истото повлече и отпуштање на 400 работници и неплатени обврски кон повеќе од 600 домашни правни субјекти кои работеа на проектот.

„Интракат“, од друга страна, ги отфрлаше овие обвинувања со оправдување дека за побарувањето дознале откако им биле блокирани сметките. Во меѓувреме, сите градежни активности  на болницата, која требаше да биде готова во 2019 година, беа стопирани.

– Она кое што беше пласирано во јавностa, како пречка за изградбата на болницата, во еден нормален разговор го решивме со компанијата „Бетон Штип“, направивме еден исчекор, практично „Бетон Штип“ направи исчекор и сакам да се заблагодарам, затоа што се склучи овој вонсудски договор и дојде до решавање на долгогодишниот спор. Со тоа, првиот чекор, кој беше причина за застој на градежните активности, на мое задоволство веќе е отстранет, благодарение на разговорите што ги направивме со „Бетон Штип“ – изјави Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

Тој додаде дека очекува од страна на ресорното Министерство и Владата да се издвојат средства за да продолжи изградбата на Клиничката болница и комплетно да се заврши, бидејќи временските рокови се одамна надминати, на штета на граѓанитe.

– Затоа очекуваме што е можно побрзо од нивна страна да се одобрат финансиски средства, бидејќи нема веќе пречки за изградба на Клиничката болница и на задоволство на жителите на Штип и Источна Македонија, да се заврши проектот со што ќе се обезбеди подобра здравствена услуга во целиот Исток – изјави Јорданов.

„Бетон Штип“ тврдeше дека причина за стопирањето на работата на Клиничката болница не се побарувањата кон грчката компанија „Интракат“ и  поставената блокада, туку дека сите градежни активности, изведувачот на проектот, грчкиот „Интракат“, поради финансиски проблеми, ги прекинал уште 18 месеци пред започнување на самиот спор помеѓу компаниите.

– Постигнавме спогодба со грчката компанија која е изведувач на Клиничката болница Штип и со тој наш потег успеавме да го откочиме проектот и да дадеме втора шанса овој проект конечно да успее. Ние спорот го водевме веќе три години, со цел да ги наплатиме нашите побарувања врз основa на сработено во Клиничката болница во Штип. Сега, со медијаторство на градоначалникот на Штип, кој единствено ја разбра проблематиката на овој случај, дека се работи за интересот на граѓаните од цел овој регион проектот да успее, ние, како „Бетон Штип“, направивме потег, вонсудски да се спогодиме, да се откажеме од каматите, да прифатиме да се плати долгот на рати и да дадеме шанса изведувачот да не отиде во стечај, туку да го продолжи овој проект и заедно со Министерството и со надлежните институции да го заврши проектот со кој овој град, односно цела Источна Македонија, ќе добие нова, современа клиничка болница – изјави Ванчо Мијалчев , директор на „Бетон Штип“.

Завршницата и вчерашниот исход  за овој случај не значат само продолжување на активностите за градење на Клиничката болница која треба да опслужува регион во кој живеат повеќе од 200.000 луѓе, туку и дека наплатените средства од „Интракат“ конечно ќе завршат кај доверителите, повеќе од 600 македонски правни субјекти кои беа оштетени, а работеа како подизведувачи на проектот „Клиничка болница Штип“.

За овој случај прв пишуваше порталот Плусинфо во јануари 2021 година. Еве, да се потсетиме на тој напис:

Големиот, дебел, грчки стечај – државата плаќа, грчкиот изведувач лапа, а 400 македонски работници во „Бетон Штип“ и 600 други компании со прстот в уста!

The post ДОГОВОР КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ГРАДИ Вонсудска спогодба ќе овозможи да продолжи изградбата на болница за 200.000 граѓани во Источна Македонија appeared first on plusinfo.mk.

ФИЛИПЧЕ НЕЗАКОНСКИ ИМ ПЛАТИЛ НА ГРЦИТЕ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА „Бетон Штип“ го демантира демантот на „Интракат“
На 28 февруари, Плусинфо објави демант од компанијата „Интракат“, во врска со серијалот написи на порталот под заеднички наднаслов „Последниот скандал на Филипче“. Во демантот што може да се прочита на следниов ЛИНК, се спомнува и компанијата ГТД ,,Бетон Штип’’ ДОО Штип.

Во врска со овој демант, како засегната страна, до Плусинфо се допис се огласи ГТД ,,Бетон Штип’’ ДОО Штип. Реакцијата на оваа компанија, која таа ја нарекува демант на демантот, ја објавуваме во целост:

Во име на вистината и точното информирање на даночните обврзници за тоа кој и како ги троши нивните заработени пари во време на пандемија, енергетска и економска криза, каде тие пари завршуваат, зошто немаат квалитетно државно здравство иако плаќаат за тоа и зошто немаат болници барем приближни на оние во соседството, каде достојно би можеле да ги добијат здравствените услуги, го даваме овој демант на демантот и на сите лаги и клевети кои се кријат зад тој наслов.

Градежната компанија „Бетон Штип“ АД Штип беше една од првите три најреномирани градежни компании во државата. Отиде во стечај токму од проектот – изградба на „Клиничка болница Штип“, односно токму поради неплатените времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали за изградбата на Клиничката болница од „Интраком Констракшн Сосиете Аноним Текникал енд Стил Констракшн – Подружница Скопје“.

Судот во Штип пресуди! Донесе правосилно и извршно Решение, со кое го задолжи грчкиот изведувач да му плати на „Бетон Штип“ за изработеното вкупно 124 милиони денари, пари кои тие ги имаа веќе наплатено од инвеститорот Министерство за задравство,во, но кои по доаѓањето на министерот Филипче одбија да ги платат на подизведувачот „Бетон Штип“.

Поради тоа Решението беше процесуирано преку местно надлежен извршител на присилна наплата, по чиј Налог за извршување на ден 05.08.2020 година сметката на Интракат беше блокирана.

Значи, не станува збор за никакви измислени суми, како што измислено наведуваат во демантот, туку за суми утврдени во правосилна судска одлука, донесена во законита постапка!

Се работи за обврски на Интракат, кој како изведувач на проектот „Клиничка болница Штип“ ги има кон „Бетон Штип“, како негов подизведувач, а кои, иако „Интракат“ ги наплати во целост сите извршени работи од инвеститорот Министерство за здравство, сепак не му ги исплати парите на „Бетон Штип“ согласно со  договорот, туку напротив,  неосновано го раскина Договорот за подизведување, што директно како последица предизвика активирање на банкарски гаранции и блокади на сметка, па следуваше и отварање на стечај над Бетон Штип, отпуштање на повеќе од 400 работници и неплатени обврски кон повеке од 600 домашни правни  субјекти кои како подизведувачи работеа на проектот.

Оттука, лага во Демантот е и тоа дека Бетон Штип е тој кој се откажал од договорот со Интракат и дека тој е виновникот што подизведувачите останаа со ненаплатени побарувања!

Цели 15 месеци (поточно од 05.08.2020 – 04.11.2021 година) „Интракат“ беше со блокирана сметка по законита, правосилна и извршна одлука на македонски суд, а Судот во Скопје во два наврати го одбиваше предлогот за стечај над „Интракат“ поднесен од „Бетон Штип“. Истиот тој суд во два наврати правосилно ги одбиваше и приговорите на извршувањето и еднаш правосилно одби предлог за одлагање на извршување.

После што „се премисли“ и од „непознати причини“ со незаконито по сите основи решение на претседателот на Основен граѓански суд Скопје од 04.11.2021 година го одложи извршувањето против „Интракат“ за период од 90 дена, односно до 01.02.2022 година.

По ова веднаш „се премисли“ и бившиот Министер за здравство, кој откако после цели 15 месеци додека траеше блокадата не плати ни еден денар на сметката на „Интракат“, на 03.12.2021 година и на 07.12.2021 година им исплати одед,наш 100.400.000,00 денари, а на 14.01.2022 година и на 17.01.2022 година им исплати уште 59.367.205,00 денари, или севкупно во декември и во јануари им исплати 159.767.205,00 денари или 2.593.624,00 „пандемиски“ евра!

Ова, како што се вели во демантот, го направил „оти морал да исплати, законски од буџетот за 2021 година“.

Па кога веќе морал, зошто се стегал 15 месеци и не ги исплатил пред 04.11.2021 година? Или зошто не морал законски од буџетот за 2020 година да плати? Или зошто, кога сметката на „Интракат“ повторно била блокирана на 01.02.2022 година, Извршителот затекнал состојба од 0 (нула) денари на истата?

Одговорот е јасен, за да не дојдат парите кај „Бетон Штип“. За сите пари да отидат во Грција, или по нечии нерезидентни сметки во странство.

Демантот вели и дека министерот не платил набрзина, иако платил само еден ден по изборот на новата влада, или само два дена пред примопредавањето на функцијата на новиот министер за здравство.

Пак ли морал? Зошто не оставил тоа да го направи новиот министер?

За јавноста би било посебно интересно тоа што „Интракат“ се уште има активен договор со Министерството за здравство за изградба на штипската болница, иако ЕБР го раскина договорот за финансирање со државата токму по вина на „Интракат“. Тој договор опстојува и натаму без продолжени банкарски гаранции, а министерот Филипче, наместо веќе истечените банкарски гаранции да им ги активира и да наплати штета за Министерството за здравство поради неисполнување на договорните обврски, тој неосновано ги награди со 2,6 милиони евра на штета на Министерството.

Криминалот е поголем ако се земе во предвид и дека:

– со Налог за забрана на побарување од должников должник издаден од надлежниот Извршител беше ставена забрана да се исплаќа побарувањето од Министерството за здравство на „Интракат“, на кој налог лично споменатиот министер за задравство вложи приговор и кој приговор со Решение ППНИ-545/21 од 12.10.2021 година на Основен граѓански суд Скопје беше правосилно одбиен како неоснован;

– на ден 15.10.2021 година во Централен регистар беше запишано заложно право врз побарувањето на „Интракат“ од Министерството за здравство, во корист на доверителот „Бетон Штип“. Што значи дека министерот за здравство на „Интракат“ незаконито му исплатил долг, односно побарување од 159.767.205,00 денари, врз кое веќе постоело запишано заложно право во корист на „Бетон Штип“!

Овие исплатени пари од Буџетот на РСМ кон грчки „Интракат“ се платени со извршено кривично дело! Мотивот за нивната исплата „се крие“ на сметки надвор од државата!

Во текстот на Демантот не е се неточно. Наводот „овие пари дефинитивно не беа наменети за Бетон Штип“ дефинитивно е единственото точно!

За кого биле наменети, наскоро ќе дознае јавноста!

За крај, да потсетиме кој е деманторот „Интраком Констракшн Сосиете Аноним Текникал енд Стил Констракшн“, скратено „Интракат Грција“.

Доминантна сопственичка структура има речиси иста како онаа на грчки„Актор“, кој ги доби тендерите за изградба на патишта во Република Македонија. Иако, тогаш „Актор“, како изведувач, ги наплати парите од Министерството за транспорт и врски како инвеститор, се повлече од РМ, а стотици домашни правни субјекти останаа со ненаплатени побарувања и десетици од нив отидоа во стечај.

Историчарите често пати велат – историјата се повторува!

Овој пат помогна доктор!

Како даночни обврзници, останува да се надеваме дека последниот скандал на Филипче ќе биде и последен скандал во македонското здравство.

The post ФИЛИПЧЕ НЕЗАКОНСКИ ИМ ПЛАТИЛ НА ГРЦИТЕ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА „Бетон Штип“ го демантира демантот на „Интракат“ appeared first on plusinfo.mk.

СУДОТ ПАК ПРЕСУДИ ПРОТИВ „ИНТРАКОМ“ Грците треба да му платат 2 милиони евра на „Бетон Штип“
Основниот суд од Штип на 28 февруари годинава донел решение со кое се одбива предлогот на компанијата „Интраком Констракшнс Сосиете Аноним Текникал Енд Стил Констракшнс Подружница Скопје“ да се дозволи повторување на постапката завршена со правосилно решение на овој суд од 25 февруари 2020 година.

„Бетон Штип“ во стечај до овој суд поднесе тужба со предлог за издавање судски платен налог за наплата на долг од 124.974.329,00 денари спрема подружница „Интраком“. Со решение на судот во Штип е издаден судски платен налог.

Против ова решение е дозволена жалба во рок од 8 дена од приемот на решението, до Апелациониот суд во Штип.

The post СУДОТ ПАК ПРЕСУДИ ПРОТИВ „ИНТРАКОМ“ Грците треба да му платат 2 милиони евра на „Бетон Штип“ appeared first on plusinfo.mk.

ДЕМАНТ НА КОМПАНИЈАТА „ИНТРАКАТ“ Исплатите од Министерството за здравство беa законски, а не „набрзина“
Најостро ги демантираме и ги отфрламе како дезинформации изнесените тези, лични и неосновани констатации и невистини објавени на порталот Плусинфо, од новинарот Бранко Героски, серијал во три дела насловен како „Последниот скандал на Филипче“. Новинарот, од за него познати причини, не видел потреба кога го пишувал серијалот да се обрати до нашата компанија, што е основно новинарско правило. Во име на вистината и точното информирање на јавноста, должност ни е да појасниме неколку работи.

1. Сите исплати кон нашата компанија, кои беа извршени на крајот од годината, се законски со соодветни документи и уверенија за плаќање за извршени работи, одобрени од надзорниот инженер. Исто така, исплатите не се вршеа „набрзина“ пред истекот на мандатот на тогашниот министер за здравство. Апсолутно немаше брзање, туку трансакцијата мораше да се направи законски од буџетот за 2021 година, а тоа никако не е поврзано со смената на министерот за здравство.

2. Сите средства кои беа исплатени се за работи кои се завршија многу подоцна откако „Бетон Штип“ се откажа од проектот за изградба на Клинички центар Штип. Овие пари дефинитивно не беа наменети за „Бетон Штип“, како што сака во текстовите да прикаже новинарот Героски, ширејќи намерно невистини, очигледно за да ги заштити интересите на „Бетон Штип“.

3. Ниту една друга македонска компанија освен „Бетон Штип“ нема никакво побарување од „Интракат“. Напротив, имаат огромни побарувања од „Бетон Штип“. Сите други наводи на новинарот се погрешни.

4. Појаснуваме, проектот Клинички центар Штип беше одложен главно поради „Бетон Штип“ која прво се откажа од проектот и се обидува на сите начини да ја запре изградбата на болницата со барање измислени суми кои не ѝ следуваат.

5. И покрај сите напори на „Бетон Штип“ да ја опструира градбата, „Интракат“ продолжува непречено да го гради проектот со сопствен персонал и многу нови македонски и меѓународни подизведувачи кои добија исплати од сумата исплатена на „Интракат“ до крајот на годината.

Овој серијал на Плусинфо се коси со сите правила и новинарски начела за објективно информирање на јавноста. „Интракат“ бара Плусинфо да се извини за изнесените лаги и невистини, како и да го објави овој демант во целост на исто место и со исто времетраење, како и серијалот во три продолженија. Во спротивно, ќе преземеме правни дејства за пристрасното, невистинито информирање на јавноста, сѐ со цел да се наштети на имиџот на нашата компанија.

„Интракат“

Одговор од авторот:

Серијалот „Последниот скандал на Филипче“ се однесува на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој непосредно пред истекот на својот мандат извршил три уплати на сметката на „Интракат“ во вредност од околу 2,5 милиони евра, од кои последната уплата е ден по изборот на новата влада и два дена пред формалното примопредавање на функцијата меѓу стариот и новиот министер.

Како автор на текстот, го поставив прашањето дали исплатата е легална и дали е целисходна. Такво прашање писмено поставив до втората страна, како што налага новинарското правило. Втората страна во случајов е д-р Венко Филипче. Нему му го поставив прашањето и од него добив одговор, кој во серијалот е објавен, при што изворот е лоциран како владин (д-р Филипче ми го објасни владиното гледиште, но не сакаше да даде официјална изјава, со објаснение дека веќе не е министер, што го прифатив).

„Интракат“ не е втора страна во случајот. Таа е страна во судски спор со „Бетон Штип“, за што има пресуди (одлуки), на кои се повикувам во текстот (не многу детално). Во серијалот јасно пишува дека македонските фирми подизведувачи во проектот „Клиничка болница Штип“ се засегнати како партнери на „Бетон Штип“, а проблемите на „Бетон Штип“ се произлезени од релациите со инвеститорот. Инвеститор не е „Интракат“, туку државата.

За односите на „Интракат“ со новите подизведувачи не коментирам. За доцнењето на проектот „Клинички центар Штип“ нема што да се дребатира, тоа е видливо на теренот, а пробивањето на сите досегашни обзнанети рокови е ноторен факт. Тоа што „Интракат“ за ова доцнење го обвинува „Бетон Штип“, поради наводни нереални побарувања, е оценка на таа компанија. За тоа прашање се водел судски спор и судот пресудил во полза на „Бетон Штип“.

Од сите овие причини, не гледам нужда да ѝ се извинувам на компанијата „Интракат“.

Како втора, засегната страна со овие написи, со барање за извинување би можел да се јави евентуално д-р Венко Филипче. Во таков случај, би дебатирале за легалноста и за целисходноста на исплатата. Но, јас во текстот повикав дека за тоа прашање да одлучат институциите.

Демантот на „Интракат“ Плусинфо го објавува на истото место како и серијалот. Што се однесува до барањето демантот да биде објавен „со исто времетраење“, напоменувам дека како и сите други текстови, демантот нема да биде избришан, што ќе рече дека демантот ќе има неограничен рок на времетраење.

Бранко Героски

The post ДЕМАНТ НА КОМПАНИЈАТА „ИНТРАКАТ“ Исплатите од Министерството за здравство беa законски, а не „набрзина“ appeared first on plusinfo.mk.

ПОСЛЕДНИОТ СКАНДАЛ НА ФИЛИПЧЕ (3) Каде се парите, Венко?
Само по себе е голем скандал тоа што непосредно пред да си замине од функцијата министер за здравство, Венко Филипче префрлил повеќе од 2,5 милиони евра на компанијата „Интраком констракшн – Интракат Грција“, која со години го „гради“ Клиничкиот центар во Штип, инвестицијата што беше најавувана како гордост на владата на Зоран Заев. Болницата требаше да биде готова во 2019 година, па во 2021 година и сега се спомнува крајниот рок, 2022 година. А објектот е далеку од финишот.

Уште поголем скандал е тоа што само два дена пред да го напушти министерското место, поточно на 17 јануари 2022 година, Филипче префрлил 56 милиони денари на контото на „Интракат“, а претходно, на 3 и 7 декември 2021 година, уште 100,4 милиони денари. За да се извршат овие три експресни уплати, претседателот на Основниот граѓански суд Скопје на 4 ноември 2021 година донел решение (ППНИ-673/21) со кое се одлага извршувањето против „Интракат“ на период од 90 дена. Упатените велат дека ова е сторено по ургенција на тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ.

Зошто е толку важна фирмата „Интракат“?

За какво извршување станува збор? Компанијата „Бетон Штип“ и уште 600 други македонски фирми, врз основа на неплатени времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали за изградба на Клиничката болница во Штип, од „Интракат“ побаруваат 2,5 милиони евра. Грчката компанија тие пари си ги зела од македонската држава. Основниот суд уште во февруари 2020 година во Штип ја блокирал сметката на „Интракат“ на таа сума и почнала постапката за присилно извршување. Но, наместо македонските компании и работници да си ги добијат заработените пари, 15 месеци по деблокадата се носи решение за привремена деблокада, со цел Филипче експресно да ја наполни касата на „Интракат“, во деновите кога знае дека веќе нема да биде министер, ризикувајќи за оваа постапка да добие и кривична пријава.

И тука доаѓаме до клучното прашање – зошто е направена оваа скандалозна махинација? Кому и зошто му е толку важна фирмата „Интракат“? Засега на овие прашања нема прецизни одговори, но се раѓаат нови, симптоматични прашања.

Плусинфо пред една година го постави прашањето дали сево ова има врска со фактот дека претседател на бордот и најголем акционер на „Интракат“ од 2018 година е Димитрис Коутрас, кој претходно ѝ е добро познат на македонската јавност по аферата „Актор“? Се сеќавате, станува збор за спектакуларен случај, во кој беа спомнувани корумпирани македонски политичари, како и вадење пари во кеш од филијалата на една скопска банка во Неготино.

Македонската јавност треба да знае која е компанијата „Интракат“ и кој е Димитрис Коутрас. Доминантната сопственичка структура во оваа компанија е речиси иста како и онаа на грчки „Актор“, кој ги доби тендерите за изградба на патишта во Македонија од преку 250 милиона евра. Иако тогаш „Актор“, како изведувач, ги наплати парите од Министерството за транспорт и врски како инвеститор, се повлече од Македонија, а стотици домашни правни субјекти останаа со ненаплатени побарувања и десетици од нив отидоа во стечај.

Се повторува ли сега историјата и со проектот „Клиничка болница Штип?

Дали во нашата земја постои компанија во која нема ниту еден вработен, а има тендер за изградба со пари од Европската банка од 42 милиони евра? Дали и колку данок по основ на плати нема платено „Интракат“? Треба ли ова да го испита Управата за јавни приходи?

Дали банкарската гаранција за добивање на тендерот во 2016 година била издадена од „Бетон Штип“ или од „Интракат“? Дали „Интракат“ и додека бил „Бетон Штип“ во стечај, спротивно на законските прописи, до септември 2019 година користел банкарска гаранција од 3,5 милиони евра издадена од „Бетон Штип“, како гарант, преку Комерцијална банка Скопје? Дали е ова законски? Треба ли ова да го испита Финансиската полиција?

Дали е вистина дека веднаш штом го раскинал договорот со „Бетон Штип“, изведувачот „Интракат“ побарал анекс на договорот од 7 милиони евра,(35 милиона е основниот со нормално машинство и електрика), за нов проект за машинство и електрика? Дали има таков нов проект и кој е проектант на тој нов проект, да не е случајно фирма поврзана со изведувачот? Дали има договор и со кого е склучен тој договор? Дали е вистина дека договор за надзор не бил потпишан повеќе од две години? Дали во претходниот проект немало машинство и електрика?

Кој ќе ги заштити интересите на македонските работници?

Бившиот премиер и други министри од претходната влада, треба да објаснат, а треба да бидат и прашани од надлежните институции, какви и за што биле тие фамозни и скандалозни уплати во декември-јануари, кога сите се спремаа за примопредавање на функциите. Зошто на Филипче, министер во заминување, токму во тие денови му било толку многу важно да ги исплати парите?

Во одбрана на неговиот великодушен гест се тврди дека тој имал право да ги плати парите според договорот меѓу државата и „Интракат“ и дека има нови подизведувачи кои чекаат да бидат исплатени за работи кои ги завршиле во меѓувреме. Се вели и тоа дека не било работа на Филипче да се меша во тоа како „Интракат“ ќе ги троши парите што ги добива од државата и каде ќе завршат тие, а најмалку во спорот меѓу Грците и „Бетон Штип“. Извор на Плусинфо тврди дека тоа сепак не е логично и дека државните функционери коишто располагаат со народните пари треба да се грижат каде и како ќе бидат употребени, каде ќе завршат и дали ќе ја исполнат целта за која се наменети.

Затоа, ќе го поставиме истото прашање што го поставивме точно пред една година – треба ли некој во оваа држава да се запраша зошто никој ништо не презема за да ги заштити интересите на македонските работници, на македонските доверители кои чесно работеле, а не го наплатиле својот труд? И кој овде си поигрува со судбините на луѓето и на компаниите во нашата земја?

The post ПОСЛЕДНИОТ СКАНДАЛ НА ФИЛИПЧЕ (3) Каде се парите, Венко? appeared first on plusinfo.mk.

ПОСЛЕДНИОТ СКАНДАЛ НА ФИЛИПЧЕ (2) Државата им плати на Грците, на македонските фирми драхми ќе им дадат!
Скандалозната уплата на повеќе од 2,5 милиони евра од Министерството за здравство на контото на компанијата „Интраком констракшн – Интракат Грција“, извршена од министерот во заминување Венко Филипче, нема да го спаси проектот „Клиничка болница Штип“, за кој пари обезбеди Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), но потоа го раскина договорот со Македонија. Според сознанијата на Плусинфо, грчката компанија веќе ги „испумпала“ парите од својата македонска подружница, а долго најавуваниот проект и натаму доцни.

Како што е познато, Клиничката болница во Штип требаше да биде изградена до 2019 година. Не бидна ништо од тоа ветување. Потоа се рече дека ќе биде готова во 2020 година, а на крајот се тврдеше дека ќе биде изградена во 2021 година. Сега се спомнува дека крајниот рок за завршување на работите е 2022 година. Но, на објектот не се работи ништо што би навестило дека тој ќе биде завршен во блиска иднина.

Празни ветувања, поарчени пари

Во ова време минатата година, провладините медиуми си смислија приказна како да се оправда доцнењето на проектот. Повикувајќи се на извори од грчката компанија, тие објавија дека до блокадата на изградбата дошло поради тоа што фирмата „Бетон Штип во стечај“, до 2018 година подизведувач на работите, води судски спор против изведувачот, со цел да наплати 2 милиони евра ненаплатени побарувања. „Вината“ беше натоварена на грбот на бизнисмените Орце Камчев, Дејан Панделески и Сергеј Самсоненко, кои во обид да ја спасат фирмата „Бетон Штип“, ја блокирале сметката на „Интракат“. Секако, пред една година, секоја приказна во која се спомнуваа „ѓаволските бизнисмени“ палеше во јавноста. Но, по многу скандалозни постапки на владата на „ангелите“ Зоран Заев и Венко Филипче, перцепцијата битно се промени. А последниве настани, ете, го потврдија она што Плусинфо го пишуваше лани во јануари.

Каква врска има судскиот спор меѓу „Бетон Штип“ и грчката компанија „Интракат“ со ветувањата на ведетите на тогашната власт дека штипската болница ќе биде готова додека да кажеш ефхаристо? Ова прашање тогаш го постави Плусинфо. Според тогашните официјални математики, инвеститорот, државата, на изведувачот, грчката компанија „Интраком“, со која од 2015 година има договор за изградба на штипската болница, тогаш требаше да му изброи 42 милиони евра. Остана нејасно како за „Интракат“ не биле проблем тие 42 милиони евра, туку проблем биле баш оние тогашни 2 милиони евра, кои беа предмет на судскиот спор со „Бетон Штип“.

Инаку, грчкиот изведувач тогаш тврдеше дека на „Бетон Штип“ не му должи 2 милиони евра, дека за побарувањето дознале откако им биле блокирани сметките, дека претходно судот во Скопје за спорот се огласил ненадлежен ама штипскиот суд пресудил во полза на „Бетон Штип“ и дека правосилната пресуда е извршена откако наводно со фалсификувани потписи било примено извршното решение. Грчката компанија тврдеше дека воопшто не била во можност да ја обжали неправосилната пресуда (не е знајала), а и дека според договорот со инвеститорот, за ваква работа не биле надлежни македонските судови, туку Арбитражниот суд во Париз.

Но, настрана од оваа филмска приказна, остана фактот дека „Бетон Штип“ си бара заработени пари, свои и на 600 други македонски фирми, врз основа на неплатени времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали за изградба на Клиничката болница во Штип. До Основниот суд во Штип, против фирмата „Интракат“, бил поднесен предлог за издавање судски платен налог. Судот донел решение на 25 февруари 2020 година (ПЛ-ТС-1/20) и уредно го доставил до двете странки во постапката. По правосилноста и извршноста на решението, истото било процесуирано преку местно надлежен извршител за присилна наплата. По негов налог, на 5 август 2020 година сметката на „Интракат“ е блокирана.

Да биде уште појасно. Станува збор за обврски на „Интракат“, кој како изведувач на проектот „Клиничка болница Штип“ ги имал кон „Бетон Штип“ како негов подизведувач. Иако „Интракат“ ги наплатил во целост сите тие извршени работи (цехот го платил, нормално, инвеститорот, Министерството за здравство), грчката компанија сепак не му ги исплатила парите на „Бетон Штип“ согласно со договорот, туку напротив, неосновано го раскинала договорот за подизведување, што директно како последица предизвикало активирање на банкарски гаранции (само гаранцијата за овој тендер не е активирана, спротивно на сите законски прописи) и блокади, по што следувало и отворање стечајна постапка, отпуштање на повеќе од 400 работници и неплатени обврски кон повеќе од 600 домашни правни субјекти, кои работеле како подизведувачи на проектот.

Има ли докази за ова тврдење? Има цел куп, велат од фирмата подизведувач. Има фактури. Но, не само тоа. Сите „времени ситуации“, тврди подизведувачот, се примени, потпишани и одобрени и од „Интракат“ како изведувач и од Министерството за здравство како инвеститор. Со други зборови, сè што е сработено, оверено е со потписи. Затоа, станува збор за целосно основано побарување на „Бетон Штип“, докажано во законита судска постапка, чие постоење при книговодствените срамнувања го потврдувала и самата фирма „Интракат“ и за што постоат и судско вештачење, документи, завршни сметки и ревизорски извештаи, кои „Бетон Штип“, како акционерско друштво, ги има доставено и на Македонската берза.

Притисоци врз судството

Плусинфо уште тогаш, значи пред една година, предупреди дека наместо да си плати од парите што ги зел од државата, грчката компанија „Интракат“ ќе изврши притисок врз судството. Се објавуваа скапо платени написи во медиумите, со цел да создаде заблуда во јавноста. Се пишуваа неосновани претставки против судии кои донеле законити одлуки. Државатата, пак, не се откажуваше од својот договор со „Интракат“, кој веројатно сè уште е активен (бил во времето на скандалозните уплати на Филипче). Да биде скандалот уште поголем, тој договор опстојува без продолжени банкарски гаранции. Уште пред една година изворот на Плусинфо коментираше:

– Крајно безобразно е што речиси шест месеци „Интракат“ е со блокирана сметка, врз основа на законита, правосилна и извршна одлука на македонски суд, а сè уште не е во стечај и сè уште е со активен договор за изградба на штипската болница. На надлежните институции, на инвеститорот и на грчката компанија медиумите треба да им постават сериозни прашања. Дали има друга компанија во Македонија со блокирана сметка од шест месеци, за која судот два пати одбива да отвори стечајна постапка, иако по закон е должен во рок од 45 дена да ја отвори? Дали врз основа на одредбите на FIDIC договорните услови, под кои е потпишан договорот помеѓу договорните странки, Министерството за здравство на РСМ како инвеститор и „Интракат“ како изведувач, постои клаузула во точка 15.2 алинеа 1е, во која се вели дека во случај изведувачот да стане несолвентен („Интракат“ веќе шест месеци има блокирана сметка, 16 месеци нема градежна ситуација, нема никакви активности на објектот, нема ниту еден вработен), Министерството за здравство на РСМ треба да го раскине договорот?

На овие прашања јавноста никогаш не доби одговор. „Интракат“ беше и остана милениче на владата на Зоран Заев и на Венко Филипче. Зошто е тоа така? Одговорот е збор со пет букви кој почнува на буквата „а“. Збор добро познат во македонската јавност. „Актор“!

(Во утрешното продолжение: Каде се парите, Венко?)

The post ПОСЛЕДНИОТ СКАНДАЛ НА ФИЛИПЧЕ (2) Државата им плати на Грците, на македонските фирми драхми ќе им дадат! appeared first on plusinfo.mk.

ПОСЛЕДНИОТ СКАНДАЛ НА ФИЛИПЧЕ (1) Ефхаристо киријас Венко, на заминување им исплати на Грците 2,5 милиони евра!
Што правеа Зоран Заев и министрите во неговата влада во декември и во првите денови на јануари, кога веќе беше познато дека кабинетот си заминува и доаѓа новата екипа на новиот премиер Димитар Ковачевски? Ги средуваа луѓето впечатоците од бурните настани, си славеа Нова година и Божиќ, по малку одмораа и се подготвуваа за свечено примопредавање на функциите. Тешко е за верување дека токму во тие денови некој нешто сериозно работел и сработил.

Освен вредниот министер за здравство Венко Филипче. Тој морал да заврши една важна, заостаната работа. Штом морал да ја заврши токму во тие денови, нешто му горело под нозете.

Дали е ова кривично дело?

И така, од 3 декември 2021 до 17 јануари 2022 година, непосредно пред да си замине од функцијата министер за здравство, Филипче префрлил повеќе од 2,5 милиони евра на контото на компанијата „Интраком констракшн – Интракат Грција“, која со години го „гради“ Клиничкиот центар во Штип, инвестицијата што беше најавувана како гордост на владата на Зоран Заев. Интересно е ден после изборот на новата влада и само два дена пред формално да ја предаде министерската фотелја, значи на 17 јануари 2022 година, Филипче префрлил 56 милиони денари на контото на „Интракат“. Претходно, на 3 и на 7 декември 2021 година, Министерството за здравство на грчката фирма ѝ исплатило 100,4 милиони денари.

Чуму била бркотницата? Зошто Филипче на само два дена пред да се прости од министерската фотелја, во која не се прослави, морал на Грците да им изброи повеќе од 900.000 евра? За што била неопходна таа итна трансакција? За свеченото отворање на болницата, од која нема ни трага ни глас? Дали оваа трансакција е извршена законски?

Експерти што ги консултираше Плусинфо тврдат дека со овие исплати е прекршен законот и дека Венко Филипче го заокружил својот министерски мандат со кривично дело. На што се крепи ова сериозно обвинување на сметка на поранешниот министер?

На фактот што од пред две години се води судски спор меѓу компанијата „Бетон Штип“, како подизведувач на работите во проектот „Клиничка болница Штип“ и „Интракат“. Во тој спор „Бетон Штип“ побарува 2,5 милиони евра од „Интракат“, врз основа на ненаплатени времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали. До завршувањето на спорот, со посебна одлука, Судот решил да ја блокира сметката на „Интракат“ за наведената сума. Филипче формално приговарал на таа одлука, но Судот го одбил приговорот, бидејќи работите биле јасни ко бел ден – завршени работи, ненаплатени фактури, докази цел куп.

Сепак, 15 месеци по судската одлука за блокада на сметката на „Интракат“, Судот ќе се премисли и ќе ја деблокира сметката на грчката компанија. Претседателот на Основниот граѓански суд Скопје на 4 ноември 2021 година ќе донесе решение (ППНИ-673/21), со кое се одлага извршувањето против „Интракат“ на период од 90 дена. Упатените велат дека ова е сторено по ургенција на тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ. Министерот Венко Филипче не чека да му се каже два пати – на 3 и на 7 декември 2021 година одеднаш на грчката компанија ѝ плаќа 100,4 милиони денари.

Филипче имал право да го одврзе ќесето?!

Извор од поранешната влада, со кој Плусинфо разговараше неофицијално, тврди дека во исплатите нема ништо спорно. Министерството за здравство и „Интракат“ имаат активен договор меѓу себе и Филипче имал законска можност да ги сервисира обврските на државата кон грчкиот партнер, доколку сметал дека тоа е потребно. Настрана од дилемата како тоа станало потребно баш во последните денови на владата на Заев, останува и впечатокот дека договорот меѓу Министерството и здравство и „Интракат“ е апсурден сам по себе, ако се знае дека претходно Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) го раскинала договорот за финансирање на проектот, по вина на „Интракат“.

Како и да е, Филипче решил да го одврзе ќесето. За последен пат, да повториме, два дена пред да ја напушти министерската фотелја, честејќи ја грчката компанија со нови 56 милиони денари.

Се разбира, никој во Македонија нема да има никакво фајде од овие милиони уплатени на контото на грчката компанија. Нема напредок во изградбата на Клиничката болница во Штип, модерна здравствена установа што треба да опслужува регион во кој живеат 200.000 луѓе. Македонските компании на кои „Интракат“ им должи 2,5 милиони евра за досега извршените работи и за доставените градежни материјали нема да земат ни денар од овие уплати. Ќе ќарат веројатно неколку луѓе од Македонија, кои се занимаваат со проектот, а и некои надворешни лица, за кои постои основано сомневање дека ќе земат дел од парите што ги платил Филипче „на сиодвање“ (на пример, за скапи адвокатски услуги). Сите други пак ќе си останат со прстот в уста.

За да се разберат сите овие махинации, потребно е да се знае предисторијата на оваа приказна и секако, врските меѓу „Интракат“, „Бетон Штип“ и министерот Филипче.

(Во утрешното продолжение: Државата им плати на Грците, на македонските фирми драхми ќе им дадат!)

The post ПОСЛЕДНИОТ СКАНДАЛ НА ФИЛИПЧЕ (1) Ефхаристо киријас Венко, на заминување им исплати на Грците 2,5 милиони евра! appeared first on plusinfo.mk.

Големиот, дебел, грчки стечај – државата плаќа, грчкиот изведувач лапа, а 400 македонски работници во „Бетон Штип“ и 600 други компании со прстот в уста!
Клиничката болница во Штип, модерна здравствена установа што треба да опслужува регион во кој живеат 200.000 луѓе, требаше да биде изградена до 2019 година. Не бидна ништо од тоа ветување. Потоа се рече дека ќе биде готова во 2020 година, а сега се тврди дека ќе биде изградена оваа, 2021 година, иако крајниот рок за завршување на работите, всушност, е 2022 година. Повеќе од една година на објектот ништо не се работи. Или, со речникот на градежниците, нема нови „градежни ситуации“.

Но, затоа има нова приказна, очигледно смислена за да се оправда доцнењето. Па така, во дел од медиумите, кои се повикуваат на изведувачот на работите, грчката компанија „Интраком“, се тврди дека до блокадата дошло поради тоа што фирмата „Бетон Штип во стечај“, до 2018 година подизведувач на работите, води судски спор против изведувачот, со цел да наплати 2 милиони евра ненаплатени побарувања.

Добра медиумска приказна не бива без „месо“ и без добар „зачин“. Во случајов, „месо“ (и тоа топовско!) се имињата на луѓето и на компаниите кои се врзуваат за „Бетон Штип“, пред сѐ бизнисменот Орце Камчев, како и некои други луѓе обвинети во случајот „Империја“. Што се однесува до „зачинот“, се спомнува бизнисменот Сергеј Самсоненко, кој сега со Дејан Панделески и со други лица наводно се обидува да ја обнови фирмата „Бетон Штип“, исплаќајќи 60 отсто од вкупните долгови на стечајните доверители, проценети на 8,5 милиони евра. Небаре е тоа некаков грев…

За магарето има пари, проблем е самарот

Каква врска има судскиот спор меѓу „Бетон Штип“ и грчката компанија „Интраком“ (попрецизно, со фирмата „Интракат“, која е подружничка на изведувачот), со ветувањата на ведетите на актуелната власт дека штипската болница ќе биде готова додека да кажеш ефхаристо? Инвеститорот, државата, на изведувачот, грчката компанија „Интраком“, со која од 2015 година има договор за изградба на штипската болница, според најновите официјални математики, ќе му изброи 42 милиони евра, 7 плус од првобитниот договор. Ако во меѓувреме не се прават нови пресметки и анекси. Убави пари се тоа. Ако добро разбираме, за инвеститорот и за изведувачот не биле проблем оние 42 милиони евра што треба да се издвојат од државната каса​ и да се одработат, туку проблем се баш овие 2 милиони евра, кои се предмет на судскиот спор?! Не е тоа малку чудно? Не било проблем магарето, самарот е проблем. Или, можеби, некој сака со оваа приказна уште еднаш да го „бустира“ случајот „Империја“, за кој веќе и во судско-обвинителски кругови отворено се говори дека се силува без основа, без докази и без аргументи?

Но, „Империја“ е друга тема. Да видиме сега што е проблемот со судскиот спор. Грчкиот изведувач тврди дека на „Бетон Штип“ не му должи 2 милиони евра; дека за побарувањето дознале откако им биле блокирани сметките; дека претходно судот во Скопје за спорот се огласил ненадлежен, ама штипскиот суд пресудил во полза на „Бетон Штип“; дека правосилната пресуда е извршена откако наводно со фалсификувани потписи било примено извршното решение. Грчката компанија тврди дека воопшто не била во можност да ја обжали неправосилната пресуда (не е знајала), а и дека според договорот со инвеститорот, за ваква работа не биле надлежни македонските судови, туку Арбитражниот суд во Париз.

Ако не сте ја слушнале втората страна, приказнава навистина наликува на филмски трилер – познати лица (во јавноста прогласени за вечни „негативци“), фалсификувани потписи, несовесни судии, а болницата, што би рекол Заев, стоо. Но, што ако се слушне другата страна?

„Бетон Штип“ си бара заработени пари, свои и на 600 други македонски фирми

Другата страна потврдува дека од страна на „Бетон Штип во стечај“, врз основа на неплатени времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали за изградба на Клиничката болница во Штип, до Основниот суд во Штип, против фирмата „Интракат Грција“, подружнича на странско правно лице, бил поднесен Предлог за издавање на судски платен налог. Судот донел Решение во февруари 2020 година и уредно го доставил до двете странки во постапката. По правосилноста и извршноста на Решението, истото било процесуирано преку месно надлежен извршител за присилна наплата.

Станува збор за обврски на „Интракат“, кој како изведувач на проектот „Клиничка болница – Штип“ ги имал кон „Бетон Штип“ како негов подизведувач. Иако „Интракат“ ги наплатил во целост сите тие извршени работи (платил, нормално, инвеститорот, Министерството за здравство), грчкиот изведувач сепак не ги исплатил парите на „Бетон Штип“ согласно со договорот, туку напротив, неосновано го раскинал договорот за подизведување, што директно како последица предизвикало активирање на банкарски гаранции ( само гаранцијата за овој тендер не е активирана спротивно на сите законски прописи) и блокади, по што следувало и отворање стечајна постапка, отпуштање на повеќе од 400 работници и неплатени обврски кон повеќе од 600 домашни правни субјекти, кои работеле како подизведувачи на проектот.

Кој е виновен што доцни изградбата на новата штипска болница?

Има ли докази за ова тврдење? Има цел куп, велат од фирмата подизведувач. Има фактури. Но, не само тоа. Сите „времени ситуации“, тврди подизведувачот, се примени, потпишани и одобрени и од „Интракат“ како изведувач и од Министерството за здравство како инвеститор. Со други зборови, сѐ што е сработено, оверено е со потписи. Затоа, станува збор за целосно основано побарување на „Бетон Штип  во стечај“, докажано во законита судска постапка, чие постоење при книговодствените срамнувања го потврдувала и самата фирма „Интракат“ и за што постоат и судско вештачење, документи, завршни сметки и ревизорски извештаи, кои „Бетон Штип“, како акционерско друштво, ги има доставено и на Македонската берза.

Наместо да си плати од парите што ги зел од државата, грчки „Интракат“ врши притисок врз судството?!

Тешко е да се затворат очите пред доказите. Освен тоа, некој како намерно да манипулира, бидејќи овде најмалку станува збор за Камчев и за Самсоненко, туку за пари што ги заработиле на македонските работници во „Бетон Штип“ и во повеќе од преку 600 други локални македонски компании, кое сега се доверители во стечајната маса. Некој сака да се замижи пред фактот дека државата, со народни пари од Буџетот, овие пари веќе му ги исплатила на грчки „Интракат“, во кој претседател на бордот и најголем акционер е од 2018 година е Димитрис Коутрас, кој претходно е добро познат на македонската јавност по аферата „Актор“ (се сеќавате, станува збор за спектакуларен случај, во кој беа спомнувани корумпирани македонски политичари, како и вадење пари во кеш од филијалата на една скопска банка во Неготино).

И додека доверителите во стечајната постапка на „Бетон Штип“ се мачат да си ги наплатат своите побарувања и се борат да ја одржат сопствената ликвидност во овие кризни времиња, за и нив да не ги снајде „грчки стечај“ како што го снајде „Бетон Штип“, фирмата „Интракат“ нивните заработени пари ги троши на скапо платени написи во медиумите, со цел да создаде заблуда во јавноста, а истовремено пишува неосновани претставки против судии кои донеле законити одлуки, со што врши директен притисок врз судството во РСМ, вели засегнатата страна и најавува соодветни тужби пред македонските судови за сите изнесени лаги.

– Крајно безобразно е што речиси шест месеcи „Интракат“ е со блокирана сметка, врз основа на по законита, правосилна и извршна одлука на македонски суд, а сѐ уште не е во стечај и сѐ уште е со активен договор за изградба на штипската болница. На надлежните институции, на инвеститорот и на грчката компанија медиумите треба да им постават сериозни прашања. Дали има друга компанија во РСМ со блокирана сметка од шест месеци, за која судот два пати одбива да отвори стечајна постапка, иако по законот е должен во рок од 45 дена да ја отвори? Дали врз основа на одредбите на FIDIC договорните услови, по кои е потпишан договорот помеѓу договорните странки, Министерството за здравство на РСМ како инвеститор и „Интракат“ како изведувач, постои клаузула во точка 15.2 алинеа 1е, во која се вели дека во случај изведувачот да стане несолвентен („Интракат“ веќе шест месеци има блокирана сметка, 16 месеци нема градежна ситуација, нема никакви активности на објектот, нема ниту еден вработен), Министерството за здравство на РСМ треба да го раскине договорот? Дали во нашата земја постои компанија во која нема ниту еден вработен, а има тендер за изградба со пари од Европската банка од 42 милиони евра? Дали и колку данок по основ на плати нема платено „Интракат“? Треба ли ова да го испита Управата за јавни приходи, затоа што и тие неколкумина вработени кои ги имаат се преку посредничка агенција за вработување? – вели нашиот извор.

Има ли врска меѓу грчките форми „Интракат“ и „Актор“?

Прашањата немаат крај. Дали банкарската гаранција за добивање на тендерот во 2016 година била издадена од „Бетон Штип“ или од „Интракат“? Дали „Интракат“ и додека бил „Бетон Штип“ во стечај, спротивно на законските прописи, до септември 2019 година користел банкарска гаранција од 3,5 милиони евра издадена од „Бетон Штип“, како гарант, преку Комерцијална банка – Скопје? Дали е ова законски? Треба ли ова да го испита Финансиската полиција? Дали со тоа што повеќе од 16 месеци нема ниту една „градежна ситуација“ на објектот доставена до Министерството за здравство од страна на изведувачот, се избегнува плаќање на ДДВ? Дали е вистина дека веднаш штом го раскинал договорот со „Бетон Штип“, изведувачот „Интракат“ побарал анекс на договорот од 7 милиони евра, (35 милиона е основниот со нормално машинство и електрика) за нов проект за машинство и електрика? Дали има таков нов проект и кој е проектант на тој нов проект, да не е случајно фирма поврзана со изведувачот? Дали има договор и со кого е склучен тој договор? Дали е вистина дека договор за надзор не бил потпишан повеќе од две години? Дали во претходниот проект немало машинство и електрика?

Дали, дали, дали…

– Конечно, македонската јавност треба да знае кој е грчки „Интраком Констракшн – Интракат Грција“ и кој е Димитрис Коутрас. Доминантната сопственичка структура во оваа компанија е речиси иста како и онаа на грчки „Актор“, кој ги доби тендерите за изградба на патишта во Македонија од преку 250 милиона евра. Иако тогаш „Актор“, како изведувач, ги наплати парите од Министерството за транспорт и врски како инвеститор, се повлече од Македонија, а стотици домашни правни субјекти останаа со ненаплатени побарувања и десетици од нив отидоа во стечај. Патиштата останаа недоизградени. Сега појасно ли е зошто доцни изградбата на штипската болница? Треба ли некој во оваа држава да се запраша зошто никој ништо не презема за да ги заштити интересите на македонските работници, на македонските доверители кои чесно работеле, а не го наплатиле својот труд? И кој овде си поигрува со судбините на луѓето и на компаниите во нашата земја? – прашува нашиот извор.

И така, кога ќе се сослушаат двете страни – во овој текст право на глас доби и втората страна – нештата очигледно стануваат многу појасни. Но, наместо да пресудуваме кој е во право, јавно го повикуваме инвеститорот, Министерството за здравство, да се заинтересира за случајот. Не е доволно ресорот да изјави дека не навлегува во односите меѓу изведувачот и подизведувачите. Во најмала рака, владата треба да се заложи да престанат притисоците врз судиите, кои веќе донеле правосилна пресуда врз основа на докази. Или, можеби сега некој ќе нѐ убедува дека покрај наводно фалсификуваните потписи при приемот на извршното судско решение, сите други докази за побарувањето (фактури, градежни ситуации и слично – од инвеститорот, од изведувачот и од подизведувачот) исто така биле одобрени со фалсификувани потписи?

Време е власта на дело да покаже што значи вистински реформски однос кон судството. Не е работата само во тоа само да се сменат двајца, десет или дваесет судии и обвинители. Потребни се системски промени, кои ќе овозможат правдата да се дели и да се спроведува во законити постапки, врз основа на цврсти докази, а не со јавни и тајни притисоци врз осомничените, но и врз судиите и обвинителите. Па после се чудиме зошто по судовите како кули од карта се уриваат случаите што органите на прогонот (пред сѐ славното СЈО) ги „граделе“ без „градежни дозволи“, без докази, без „градежни ситуации“, туку само со многу медиумска врева и со оцрнување на луѓе таргетирани за отстрел.

The post Големиот, дебел, грчки стечај – државата плаќа, грчкиот изведувач лапа, а 400 македонски работници во „Бетон Штип“ и 600 други компании со прстот в уста! appeared first on plusinfo.mk.