јавно обраќање Archives - plusinfo.mk

НЕМАМЕ РЕЗЕРВЕН ЖИВОТ, НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ТАТКОВИНА, ОТФРЛЕТЕ ГО НЕЧОВЕЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Драматично обраќање на синдикалците до пратениците за работната недела
Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање тврдат дека никогаш не биле консултирани при носењето на Законот за утврдување стратешки интерес, за изградбана коридорите 8 и 10 д, ниту пак за измените во повеќе закони што се предлагаат, поврзани со овој проект, иако Владата е обвзна на тоа со потпишаните меѓународни Конвенции и договори во сферата на работничките и синдикалните права. Синдикатите исто така потсетуваат дека во врска со работната недела од 60 часа покренала иницијатива пред Уставниот суд, која е усвоена од Судот, и за која има пресуда.

„Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија ( ССМ ) и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија (СГИП), Ви се обраќаме со ова Барање со цел да Ви укажеме дека ССМ заедно со СГИП иако единствени репрезентативни синдикати и национални социјални партнери не биле консултирани ниту при носењето на основниот Закон, Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021), иако тоа е обврска согласно Конвенцијата на МОТ за трудови клаузули ( јавни договори), а обврска е и на Владата пред да прави било што, да ги консултира репрезентативните претставници на работниците и работодавачите, а ССМ ниту пак СГИП не се консултирани ниту запознаени од предлагачите со новите предлози за измени и дополнување на Законот за работните одсноси поднесени од 14 пратеници во Собранието по скратена постапка, иако повеќе од 5 години се преговара за нов ЗРО и во ниту еден момент во текот на тие преговори овие предлози не биле разгледувани, а ова дополнително ни укажува дека целокупниот процес на преговарање е паушален и не се води на искрени и коректни основи, туку воопшто не се почитуваат ставовите на вклучените синдикати, граѓанскиот сектор и научната и стручната фела во државата се со една цел, да се удоволи на еден странски конзорциум на штета не само на работниците туку на целата Држава.

Ве потсетуваме дека минатата година ССМ заедно со Синдикатот за градежништво – СГИП покренаа иницијатива во врска со одредбата за работно време од 60 часа неделно за изградбата на Коридорот 8 , која одредба како неуставна и незаконита беше укината од страна на Уставниот суд со У.бр 148/2021-1 и У.бр.15/2022-1 односно се укина член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) и која Ви ја доставуваме во прилог на ова барање доколку не сте ја погледнале.

Со оглед на фактот што Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, како што е случајот со Одлуката на Уставниот суд со која СЕ УКИНУВААТ член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија објавена во Сл.Весник бр.65 од 23.03.2023 година , а пратениците се најповикани да ги почитуваат, крајно некоректно кон работниците е одредена група на пратеници знаејќи за Одлуките на Уставниот суд У.бр 148/2021-1 и У.бр.15/2022-1 , со цел да се изигра ставот на Уставниот суд, предлага уредување на ваква одредба во Законот за работните односи, не водејќи сметка за Уставот, Законите, Колективните договори, Одлуките на Уставниот суд, меѓународните трудови стандарди, Конвенцијата за работното време , европските директиви и други меѓународни документи и директно го погазува пристојното работно време и пристојната работа како една од најголемите цивилизациски придобивки.

Истовремено, ја користиме приликата да Ве потсетиме дека Уставниот суд со Решение У. бр. 4/2022 не повел постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.288/2021) по однос на иницијативата на Стопанската комора на Северна Македонија и констатирал дека со Законот за работните односи, се пропишува поволно законско решение од битно влијание врз материјалната и социјалната положба во остварувањето на правата на работниците, како во однос на остварувањето на неработен ден во неделата и примање на надоместок на плата за работа во недела и на празници, со што се заштитуваат и промовираат правата и интересите на работниците, како од аспект на одмор во неработен ден, така и за надоместок на плата за работа во недела и празници, па сакајќи да се удоволи на еден работодавач за бизнис интереси наспроти животот и здравјето на работниците за синдикатите нелогично, нечовечно и крајно непринципиелно и спротивно на интересите на работниците, наспроти барањата на странските работодавачи и конзорциум.

Сакаме да Ве потсетиме дека 1 мај се одбележува токму во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго кој бил организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, па со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи по скратена постапка, мала група на пратеници прави обид фундаменталното право на пристојно работно време и пристојна работа кое е изборено во 1886 година да го погази и Македонија и македонските работници да ги врати 137 години назад!

Истовремено, ја користиме приликата да Ви укажеме дека работниците кои воедно се и Вашите гласачи, не Ви дале мандат и не ве избрале за народни пратеници за да се ставате во сервилна улога и да удоволувате на странски конзорцииуми и бизнис интереси на штета на животите и здравјето на работниците од чија пот ја земате пратеничката плата сега зголемена за 78%, туку да се ставите во заштита на работниците и граѓаните и да не дозволите ничиј друг интерес пред нивното здравје, живот и егзистенција, зошто без работници, нема гласачи, а без гласачи нема ниту пратеници!

Во името на солидарноста и човечноста пред се, бараме од Вас веднаш да го отфрлите ваквиот нечовечки Предлог поради тоа што работниците немаат резервен живот, немаат резервна татковина, ниту имаат уставна можност да се откажат од правото на дневен, неделен и годишен одмор поради тоа што ова е темелно уставно право кое работниците мораат да го уживаат.

Не смееме да дозволиме некој да си игра со животот и здравјето на работниците, па од тука и ССМ и Синдикатот за градежништво – СГИП ќе ги искористат сите механизми кои им се на располагање за зачувување на овој столб на работничките права, а тоа е пристојното работно време да важи за македонските работниците исто како што важи за Европските работници.

Не се работи само за работниците, за државата во целост се работи“ – се вели во заедничкото писмо на синдикалните организации.

The post НЕМАМЕ РЕЗЕРВЕН ЖИВОТ, НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ТАТКОВИНА, ОТФРЛЕТЕ ГО НЕЧОВЕЧКИОТ ПРЕДЛОГ! Драматично обраќање на синдикалците до пратениците за работната недела appeared first on plusinfo.mk.

Скапо плаќате евтина пропаганда, господине Борел!
Почитуван господине Борел,

Ви се обраќам како новинар и како раководител на медиум којшто не бил и не е корисник на ниту 1 евро од оние 10 милиони евра што Европската Унија ги потрошила за директна поддршка на граѓански организации и на медиуми од  мојата земја „во последните неколку години“, како што се тврди во пораките што ги лиферуваа двајца европски дипломати пред Вашата последна посета на Скопје.

Го кажувам ова на почетокот, но без лутина или со некаква непристојна претензија за во иднина. Нема причини за такво нешто, бидејќи исто така ноторен факт е дека нашиот медиум во тие неколку последни години не аплицирал за користење било каква позначителна странска финансиска поддршка, а поддршка од програмите на Европската Унија за медиумите и за граѓанските организации не сме добиле никогаш. Иако имам една дамнешна историја на користење грантови од Фондацијата Отворено општество Македонија и од УСАИД (можам да се пофалам дека секогаш сум ја оправдал поддршката на која сум благодарен), јас на време сфатив дека е дојдено времето кога тие фондови ќе се распределуваат во еден затворен круг луѓе и дека сите обиди да се влезе во тој круг од „избраници“ се бесмислени. Можеби грешам, но тоа е мојот впечаток.

Како и да е, таа позиција ми создава комоција непристрасно и слободно да ги прокоментирам пораките на двајцата европски дипломати до медиумите и до граѓанските организации коишто се Ваши локални партнери.

Порталот Плусинфо ја пренесе целата содржина на тие пораки (на крајот на ова обраќање има линк до тој извештај), разбирајќи ја нивната голема важност. Секој читател може јасно да забележи дека во нивната основа лежи едно јасно изразено незадоволство од резултатите на таа робустна директна финансиска поддршка за граѓанското општество и за медиумите во мојата земја. Во нив јасно се кажува дека во периодот што претстои Вашите локални партнери мора да возвратат со робустна поддршка за европската агенда, посебно во претстојните месеци, за кои европските дипломати велат дека ќе бидат „особено сензитивни од политички аспект“.

За да ја остварите таа цел, покрај најавената ревизија (due-diligence) на организациите и на партнерите „поради одредени добиени загрижувачки состојби во дел од организациите на локално на национално ниво“ (цитирам реченица од пораките), ќе биде неопходно итно да извршите и соодветна ревизија на Вашиот пристап, а веројатно и на дел од Вашите локални партнери во Македонија.

Еве на што конкретно мислам, драг господине Борел.

Желбата на мојата земја да стане дел од европското семејство не е нова. Таа е стара најмалку три децении. Во периодот на распаѓањето на југословенската федерација и во првите години на независна Република Македонија, под поимот „европеизација“ подразбиравме силна волја за промени, за либерализација на економијата, за плурализам и демократија во политиката, а пред сѐ за усвојување на вредностите на семејството на европските народи како највисоки цивилизациски дострели на планетата. Јас Ве уверувам дека огромното мнозинство граѓани на мојата земја и денес на таков начин ја перцепираат Европската Унија. Впрочем, нема подобар доказ за тоа од фактот што многу млади луѓе кои ја напуштаат оваа земја во потрага по подобро образование, по работа и по поквалитетен живот, заминуваат во земјите членки на ЕУ. Не во Русија и во Кина, нели.

Да, точно е дека постои промена во чувствата на граѓаните во мојата земја кон политиките на Брисел и тоа веројатно кај Вас создава впечаток за опаѓање на довербата и во ЕУ и во пристапниот процес. Сепак, треба да се разбере дека довербата во Европската Унија и во вредностите на европското семејство е една работа, додека довербата во пристапниот процес и во преговорите – друга работа. Значително опаѓа довербата во пристапниот процес и во преговорите, а главната причина за тоа е фактот што преговорите се одвиваат под огромниот притисок на непристојните уцени од Бугарија, со кои е соочена Македонија. Иако сум сигурен дека постои политичко компромисно решение за актуелните проблеми меѓу Скопје и Софија што го компромитираат пристапниот процес, јас сум еден од тие што мислат и јавно кажуваат дека преговорите, под вакви неприфатливи уцени, нема да вродат со плод.

Во некои објави во дел од медиумите кои веројатно се Ваши локални партнери во Македонија и кои веројатно се корисници на директна финансиска поддршка од ЕУ, поради тоа мое мислење што слободно јавно го изразувам, често сум напаѓан, меѓу другото и со навредата дека сум бил во групата т.н. „рубља патриоти“. Иако таа дефамација сама по себе е простачка и спротивна на било каков цивилизиран облик на обраќање, би сакал да додадам дека дополнително е чудно тоа да се каже за мене, бидејќи јас сум еден од ретките кои од 2007-2008 година до склучувањето на Преспанскиот договор водеше јавна битка во медиумите за постигнување компромисно решение во спорот со Грција и кој отворено и денес го поддржува тој договор. Таа битка ја водев бесплатно, а и тогаш и сега поради тоа бев изложен на атаци и на навреди дека сум „предавник“, „грчки платеник“ и слично.

Како и да е, би сакал сега јавно да ја поддржам пораката што ја прочитав деновиве, соопштена на некаков брифинг во Брисел со група новинари од македонските медиуми, веројатно некои Ваши локални партнери – дека спорот со Софија треба да се реши на истиот начин како што Скопје го реши спорот со Атина. Како новинар кој раководи влијателен медиум којшто не е Ваш партнер – значи, сосема бесплатно! – би сакал јавно да ја поддржам таа идеја и да Ви објаснам како јас ја разбирам.

Компромисното решение на долгогодишниот спор меѓу мојата земја и Грција стана можно и изгледно тогаш кога грчките лидери постигнаа меѓусебен компромис дека новото композитно име на северниот сосед сепак мора да го содржи историското име Македонија. Најважната одредба на Преспанскиот договор е членот 7, во кој се опишани разбирањата на двете договорни страни на значењето на поимот Македонија. Тоа се две различни разбирања на едно исто име, со кои двете страни сега можат да живеат. Тоа е причината поради која и тогаш тврдев, а и сега тврдам, дека Преспанскиот договор не го негира националниот идентитет на Македонците.

Еден одлучен, храбар, цивилизиран и во таа смисла европски одговор на спорот меѓу Скопје и Софија, одговор кој ќе овозможи брз напредок на преговорите на мојата земја со ЕУ и на пристапниот процес во целина, би бил следниот – бугарските политички лидери да го прифатат фактот дека македонската нација и македонскиот јазик се посебни, дека не се „вештачки творби“ повеќе од било која друга нација и јазик и дека имаат своја историска генеза, делумно опишана и во Преамбулата на нашиот Устав, во која се бара место за Бугарите. Со тоа ќе се отстранат сите пречки Бугарите да бидат запишани во Уставот, но не вака со агресивно барање мнозинство од 80 пратенички мандати, туку со политички консензус на политичките лидери во мојата земја. Сите други натамошни дебати за историските прашања треба да се третираат како политички ирелевантни и да им се остават на историчарите. Двете земји веројатно и натаму ќе спорат за историјата, но важно е тие да можат да живеат со тоа и со едно одржливо решение што ќе ги обнови пријателските односи меѓу двата народа, а во иднина и ќе ги унапреди.

Не можам да разберам, драг господине Борел, зошто за Европската Унија, за Брисел и за Вас лично, еден ваков пристап во спорот би бил неприфатлив. Тој имено е идентичен на духот на Преспанскиот договор!

Можете ли Вие или некој од Вашите локални партнери во Македонија да ми објасни зошто Европската Унија инсистира на доминација на бугарските позиции во овој спор, сосема различно од пристапот што меѓународната заедница го форсираше при посредувањето во спорот меѓу Скопје и Атина и кој даде резултат.

Пред да бидам прогласен за „противник на процесот“ – што и да е тоа! – барам да ми се објасни што има европски и цивилизирано во тоа јас да се согласам да се „осознаам“ како Бугарин по потекло, што ќе се наложи како нужно ако се прифати тоа дека мојот татко и мојата мајка, како и моите предци, биле „неосознаени“ Бугари, само поради тоа што се родени пред 1945 година, кога наводно била создадена македонска нација?

Да се навратам сега пак на пораките на двајцата европски дипломати до Вашите локални партнери, кои предизвикаа бура синоќа и денеска, најмногу меѓу граѓанските организации и медиуми кои се очигледно силно засегнати.

Фер е да се каже дека тие критики во голема мера се незаслужени и веројатно упатени на погрешна адреса, драг господине Борел.

Голем дел од граѓанските организации и од медиумите кои се Ваши партнери во Македонија и кои од Европската Унија добиваат директна финансиска поддршка – на што така грубо се потсетени – многу сериозно и напорно работат на пропагирање на европската агенда, на поддршка на пристапниот процес и на преговарачката рамка. Проблемот е што тие тоа го прават на начин за којшто мислат дека е погоден и ефикасен. Еве, како што читам, тој ист начин пак се заговара и во актуелните пораки што тие двајца европски дипломати ги упатуваат до Вашите локални партнери.

Имено, таму пак се зборува за некакви „хибридни закани со  цел да извршат ерозија на довербата во системот на земјата и да ги поткопаат ЕУ пристапниот процес и преговорите“. Се предупредува и на „зголемено ширење на дезинформации и лажни вести“. Се тврди дека „на овој пат во процесот сѐ повеќе се појавуваат противници“. Итн.

Голем дел од Вашите локални партнери во граѓанските организации и во медиумите, драг господине Борел, така ја разбираат и европската агенда – како лов на вештерки, а не како обид на народот да му се презентираат и да му се објаснат европските вредности и да се произведе консензуална поддршка за нив.

Тие Ваши партнери постојано се справуваат со „хибридни закани“ коишто самите ги измислуваат. Тоа е толку фенси, чудно едно!

За нив секој што ја критикува власта на СДСМ врши „ерозија на довербата во системот на земјата“. Опозицијата, нормално, е „антиевропска“.

Сите што изразуваат свои мислења и критики на преговорите со Бугарија, се подразбира, „го поткопуваат пристапниот процес“.

Вашите локални партнери деноноќно се на фронтот, око не можат да склопат, ревносно се борат против „лажните вести“ и против „дезинформациите“. Луѓе веќе прават кариери на овие фенси теми!

Критиките за корупцијата, за која со право сега зборуваат и Вашите дипломати – оценувајќи дека „високата  политичка и институционална корупција станува сѐ поочигледна“ – кога доаѓаат од устите на критичарите на власта во Македонија се оценуваат како „ширење лажни вести“ и „говор на омраза“. Вашите локални партнери гледаат корупција, ама таа од порано. Оваа сегашнава не им е очигледна.

Накусо, сите што не мислат како Вашите локални партнери, се „противници на процесот“. И „руска пропаганда“. И „рубља патриоти“. И што ли уште не…

Се разбира, не велам дека сите Ваши локални партнери се такви. Никако. Меѓу нив има и граѓански активисти и медиуми кои водат доследна и коректна битка за европската кауза. Таа битка е за почит.

Но, драг господине Борел, морам да Ви го пренесам чувството на многу интелектуалци и обични граѓани дека баукот на ждановизмот опасно се шири во Македонија. И дека е многу грдо што тоа се прави во името на Европската Унија, а еве сега читам и за сметка на ЕУ. Таа пропаганда е најопасниот центар кој шири лажни вести и девастирачки говор на омраза и на поделби во мојата земја.

А Македонија веќе е трагично поделено општество. Овој пристап на Вашите партнери го продлабочува јазот на поделбите, не го премостува. Тој ги засилува конфликтите, не ги решава. Со таквиот пристап никој вистински не победува, сите сме губитници.

Простете што морам ова да Ви го нагласам, господине Борел, но веќе го прочитавте во насловот на ова мое обраќање – навистина скапо плаќате евтина пропаганда!

Јас Ви предлагам да размислите за еден поинаков пристап. Европски, така би го нарекол, ако немате ништо против.

Значи, обидете се поинаку. Сменете ги прво клучните зборови.

Наместо за победници и за поразени, обидете се да зборувате за дијалог, за демократска дебата, за компромис.

Наместо за мнозинство, размислувајте за консензус.

Наместо за Македонија како некаков фронт, макар бил тој и за Европа, размислувајте за неа како за поле за соработка.

Наместо за поделби, проговорете за единство.

Наместо да прогласувате лажни противници, обидете се да идентификувате повеќе искрени сојузници.

А искрените сојузници не се потплатуваат со пари, господине Борел. За после да им го триете носот. И да ги карате како мали деца. Онака робустно…

Не хранете зависници од грантови, проект менаџери за кои оваа држава е само уште еден проект, луѓе кои Вашите пари ги арчат со зла намера и безмилосно. Во нашата традиција таквите пари се нарекуваат арам пари. Проколнати пари.

И сосема на крајот, Ве замолувам да ми простите што Ви се обратив со еден можеби повисок тон. Така е овде „на фронтот“ во Македонија, се пука на сите страни, се гледаме преку нишаните и сите сме малку нервозни. Да бев еден од „избраните“ со кои Вие и Вашите соработници се брифираат и се консултираат – жал ми е што синоќа и денеска, како што слушам, таквите биле многу возбудени – можеби сево ова ќе Ви го кажев на кафе, во опуштена атмосфера.

Но, сепак е подобро вака. Во моето разбирање на вредностите на модерното европско општество, луѓето треба да дебатираат јавно, транспарентно, демократски и без скриени агенди.

Примете пријателски поздрави од Македонија,

Бранко Героски

Во Скопје, 17 март 2023 година

ДИПЛОМАТИ ОД БРИСЕЛ ИМ ТЕГНАТ УШИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И НА МЕДИУМИТЕ КОИШТО ЛАПАА ЕВРОПСКИ ПАРИ За 10 милиони евра требаше да испорачате робустна поддршка за ЕУ, а не вака!

The post Скапо плаќате евтина пропаганда, господине Борел! appeared first on plusinfo.mk.

ЕТИЧАРОТ ОД СИГУЕНСА Наш научник од Сиднеј го обвинува професорот Леонид Наков за плагијат
Филип Фиданоски од Школата за економија при Универзитет на Нов Јужен Велс, Сиднеј, Австралија, се обрати со допис до Редакцијата на Плусинфо, во кој побара порталот да објави негова реакција за, како што тврди, плагијат и повреда на неговите авторски права, од страна на Леонид Наков, професор на Економскиот факултет во Скопје.

За овој допис, Редакцијата на 7 март го извести г-н Наков и од него побара одговор на наводите на г-н Фиданоски, со молба тоа да го стори до петокот, 11 март. За жал, тој не ни одговори. По оваа објава, Плусинфо и натаму очекува г-н Наков да одговори на наводите во кои е обвинет за неакадемско поведение.

Обраќањето на г-н Фиданоски до јавноста го објавуваме во целост (поднасловот и меѓунасловите се редакциски):

Насловот на овој текст е инспирација од една моја дамнешна и трајна љубов — литературата. Така, своевремено, читајќи го колосалното дело напишано од перото на Сервантес, „Дон Кихот“, наидов на едно место кое само по себе се чинеше дека не значи ништо. Имено, таму се вели дека Дон Кихот водел учени разговори со школуван човек од Универзитетот во Сигуенса. Секој би рекол — обична фраза. Сепак, само навидум се чини обична, а во основа е доста необична. Преведувачот, кој е поинформиран од обичниот читател, запишува: „Во она време, постоеја во Шпанија мали универзитети кои за пари на секоја будала ѝ доделуваа степен доктор на науки. Сигуенса беше на глас дека дава докторство дури и на магарињата, се разбира, доколку тие претходно можат да платат два дублони.“ Таквите поединци, според видувањата на мојата дребност, се школувани, но необразовани индивидуи.

Ова навистина беше одличен лајтмотив и инспирација за насловот, но ни на крај памет не ми паѓа да го споредам „јунакот“ од овие редови со она симпатично суштество со долги уши. За тоа постои причина голема колку карпите на Крчин, од кои Цепенков запишува народно предание дека скрцкал дури и коработ на Дедо Ное — љубовта кон животинскиот свет. Од друга страна, православната теологија олицетворена во Павел Флорински бележи дека само кога се дели, љубовта се мултиплицира. Музичките записи од маестро Збигњев Прајснер за љубовта, пак, објаснета од Апостол Павле во Светото Писмо, продираат до моите невралгични центри и ја блокираат рационалната просуда. За среќа, тоа возвишено чувство на љубов отсуствува кога станува збор за псевдонаучни појави или — преднацрт на научен профил со лажна лична/научна карта, научник во обид чии когнитивни процеси се необјасниви ако истиот се смета дека е homo sapiens per se. Оттука, верувајте дека рационалноста е особено изразен елемент во редовите на ова мое писание кое се исправа пред вашите очи, а е посветено на Етичарот од Сигуенса.

Каква ужасна хипокризија!

Нека ми биде простено за екстензивната дигресија, чија телеолошка улога се огледува во појаснување на насловот, пред сѐ. Сега, ќе се обидам поконкретно да ја сецирам централната тема во текстот. Имено, пред помалку од една година, сосема случајно, наидов на труд со наслов „The Impact of Organizational Changes on Increasing Smes (sic.) Competitiveness“. Од увидот во трудот забележав дека табелите од регресионата анализа, како и сликата од регресионата анализа и модели, се целосно исти како оние од пораката која сум ја испратил на 10 февруари 2015 година до граѓанинот Леонид Наков, кој на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот Свв. Кирил и Методиј во Скопје, рангиран на 1.594 место во светот според Вебометрикс, е редовен професор по предметот Деловна етика. Сепак, моето „гранче чесно дрво“, моето  име, не може да се пронајде ниту со Гајгер-Милеров бројач. Го нема ниту во благодарноста во објавениот научен труд.

Да е трагедијата поголема, моите информации говорат дека граѓанинот Наков предава и Научно-истражувачка етика на Школата за докторските студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Граѓанин, кој по своето неакадемско однесување наликува на Дидрик Стejпл, ги поучува идните научници како да го сообразат своето однесување со етичките принципи. Каква ужасна хипокризија!  Верувам дека дури и проклетиот Веит Харлан поубаво и со поголема страст би ја испеал „Хатиква“ отколку дотичниот да ја долови важноста на етичките принципи во академијата. Еден поет би рекол дека тоа е поголем срам од тоа „Жаклина Кенеди да се омажеше за Ли Харви Освалд“. Оттука, по сите мерила тој е етичар, но од Сигуенса.

Кога го забележав ова неакадемско однесување, кое се случило уште во 2019 година (до овој момент трудот е цитиран 13 пати според Google Scholar), веднаш се обратив до граѓанинот Наков, а следејќи ги правилата од Комитетот за етика при објавувањето и изрично побарав да го повлече трудот, како и да ми испрати нотарски заверено извинување. Како што тогаш му напишав, цврсто верувајќи дека направил ненамерен пропуст, а сѐ со цел слични дејанија кои ја нарушуваат академската честитост да се превенираат во иднина, побарав две работи кои ќе ги задоволат сите групи од интерес, а најмногу студентите и младите истражувачи кои го сочинуваат јадрото на идната интелигенција. Поконкретно, побарав трудот да биде повлечен и да добијам јавно извинување за сторениот пропуст. Напишав: „Мислам дека тоа ќе биде добар исчекор кон некои подобри времиња кога знамето на академијата ќе може гордо да се истакне, ако може така да кажам, а да ме сфатите.“ Дополнително, во моето обраќање до граѓанинот Наков, напишав и дека моја единствена побуда да се обратам до него е „онаа бесмртна реченица испишана на Платоновата академија: Нека не влегува оној кој не познава геометрија! Денес, геометриските правила и принципи на моралот се или би требало да бидат нашиот spiritus movens.“

Плагијат и повреда на авторските права

Nota bene, важно е да се напомене дека резолутно одбив телефонска или видеокомуникација со граѓанинот Наков, со цел да не ја компромитирам постапката. И тој самиот се согласи дека направил академски пропуст, ако морам да користам еуфемизам, но тоа сепак е нешто кое безмалку сите го нарекуваат со друго име — плагијат и повреда на авторски права. Во случајов, дури и Слепиот Фреди би го видел тоа. Има урбани приказни поврзани со овој труд, чии соавтори на Етичарот од Сигуенса никогаш не сум ги запознал, но јас ќе се задржам само на фактите. Имено, во 2014 година, граѓанинот Леонид Наков ми понуди заедно да работиме еден проект. Јас го прифатив повикот и кога ми беа доставени податоците, направив некои многу едноставни модели кои требаше да послужат само како показател за понатамошни и посеопфатни научни потфати. Но, од секое дрво кавал не бидува или, пак, Цепенков би рекол дека „од лепешка зелник не бидуват“. Така, овие иницијални анализи останаа само мртво слово на хартија сѐ до оној момент до кој граѓанинот Наков не помислил дека со својот здив може да ги „оживее“, белким како да е жив Бог, а не научник-аматер кој до моментот на пишување на овие редови има објавено само еден труд во списание индексирано во Скопус, додека цитираноста во Скопус е непозната во неговиот академски вокабулар и пракса. Тој само го следи „Животот на другите“, слично како оној епигон во врвното дело на германската филмска уметност од Флоријан Хенкел фон Донерсмарк. Граѓанинот Леонид Наков ги објавил моите иницијални анализи, кои требаше да послужат само како сидро и насока, под свое име.

Да кажам и нешто друго, како човек кој работи на еден од најдобрите 50 универзитети во светот, со индигнација ја одбив понудата да сум соработувал со граѓанинот Наков во некој иден научен проект, како и тоа дополнително да го напишеле моето име во труд кој е веќе објавен. Самото ова покажува дека академските постулати, кои треба да бидат негова „Таблица перваја“, се за него безмалку бласфемични. Токму поради тоа граѓанинот Наков е Етичар од Сигуенса.

Од негова страна, бев информиран дека тој се соочува со некои лични предизвици, па дури му испратив и нацрт-писмо со извинување, кое требаше да го потпише и да ми го испрати, а поради тоа му дадов и повеќемесечен простор. Кога видов дека шансите писмото да стигне до мене се еднакви на шансите да добијам повик од Нобеловиот комитет, што значи никакви, се обратив до раководителот на високообразовната институција во која граѓанинот Наков е ангажиран со полно работно време како редовен професор. Тоа, повторно го направив во согласност со насоките од Комитетот за етика при објавувањето. Конкретно, напишав порака до раководителот на високообразовната институција, Трпески Предраг, во која хронолошки и детално го информирав за овој неакадемски, па ако сакате и варварски чин, бидејќи повредата на авторски права е едно од најголемите варварства. Царствата пропаѓаат од неморал, да го парафразирам Малро. Елем, бев информиран од раководителот дека ќе се сретне со граѓанинот Леонид Наков и дека ќе разговараат. Потоа, како одговор ми беше соопштено дека граѓанинот Наков ќе се обрател на мојата дребност во скоро време. Тоа, сепак, до овој момент, а безмалку три месеци од мојата писмена комуникација со деканот, не се има случено.

Оттука, принуден сум своите права да ги заштитам на овој начин, преку информирање на широката јавност, но секако дека ќе биде информирана и светската научна јавност преку еден значаен истражувачки портал, но и надлежниот судски орган. Ова е заштита не само на моите права, туку и на студентите на кои тој треба да им предава, ни повеќе а ни помалку, етика.

Ѕвездите се менуваат – паметта останува истa

Како човек кој православното учење се обидува да го примени што е можно повеќе во секојдневниот живот, се соочив со дилема за тоа кој да биде мојот последен чекор. Дали општиот, јавниот, интерес е толку голем што ќе мора да прибегнам кон последниот чекор од насоките на Комитетот за етика при објавувањето? Дали тоа не се коси со моето верување? Тогаш се присетив дека и саканиот Свети Никола од ревност го нападнал еретикот Ариј. Така, заклучив дека дребен човек како мене ќе направи поголем грев ако не реагира на ова ужасно поведение од граѓанинот Наков.

Конечно, во претпоследното свое дело, еден од најпознатите југословенски економисти, Бранко Хорват, бележи дека „големо назадување ги зафати сите делови на општеството, вклучувајќи го и универзитетот.“ Тој додава и дека „големи делови од моите теоретски книги веќе ни професорите не ги разбираат, па тогаш, се разбира, нема кој да им ги предава ни на студентите.“ Тој беше оптимист дека „можеби сѐ уште нешто може да се промени“.  Пред тоа, друг мудар човек рекол дека „ѕвездите се менуваат – паметта останува истa.“ Сепак, моите размисли инклинираат кон напишаното од Хорват. Затоа, се надевам дека академијата во Македонија не е иста како Дантевиот „Пекол“ и дека сѐ уште има надеж, барем за оние преубави и препаметни млади глави кои студираат и кои, убеден сум, дека ќе ја влечат човековата цивилизација кон сеопшт прогрес, ако се подучувани од луѓе за кои етичките принципи во академијата имаат ниво на најголема светост.

Затоа, на такви како Етичарот од Сигуенса, граѓанинот Леонид Наков, мора да им се застане на патот кој води кон деструкција на академијата во Македонија во целина. Поверојатно е празна вреќа да стои исправено, отколку таква појава да ги подучува студентите етика на начин на кој што треба да бидат подучени.

(Филип Фиданоски, Школа за економија, Универзитет на Нов Јужен Велс, Сиднеј, Австралија)

The post ЕТИЧАРОТ ОД СИГУЕНСА Наш научник од Сиднеј го обвинува професорот Леонид Наков за плагијат appeared first on plusinfo.mk.

ДА ПОБЕДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО КИСЕЛА ВОДА! Јавно обраќање на Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ
Убеден сум дека многумина што ме познаваат сега им е чудно што сум седнал и сум напишал колумна или обраќање до моите сограѓани, или како сакате да го наречете. Обично ме познаваат како човек кој делувањето во политиката го има сфатено поинаку и наместо чести колумни или писанија, поважно ми е да бидам на терен, да ја согледам реалноста и соодветно да реагирам.

Таков е мојот карактер и така се однесувам во политиката и немам намера да го променам тоа. Напротив, само ќе интензивирам теренска работа, од едноставна причина затоа што од октомври ќе нѐ чека многу работа во општина Кисела Вода – и граѓаните, како градоначалник кому му ја дале довербата, од мене ќе го очекуваат тоа.

И да, верувајте дека во овој последен ден од кампањата, ова е моја прва колумна и можеби единствена која што ќе ја прочитате во наредниве неколку месеци, но сепак моја обврска е да им се обратам и на моите сограѓани. Моја обврска е да бидам помеѓу граѓаните во населените места и маалата, како што сум бил и досега. Не ми замерувајте, но не сум човек кој сака да седи пред компјутер.

Да не досадувам многу и да прејдам на главното. Партиски сум определен и сум ВМРО-ДПМНЕ откако знам за себе и таа партија е светост за мене што ми ја даде оваа шанса. Но, изминативе години, како созревав политички, сфатив дека кога станува збор за управување со општина или државна институција каде што граѓаните ти ја даваат довербата, тука веќе сите граѓани сме исти и имаме иста цел. Целтта е јасна, да сработиме и да реализираме, за да живееме во поубава и поздрава средина сите заедно.

Многу ми е важно секој што ќе го прочита ова да разбере дека сум кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, но целтта ми е да бидам градоначалник на сите граѓани. Зошто го велам ова и зошто го потенцирам два пати.

Да се навратиме наназад четири години, кога беше ветуван живот за сите и едно општество за сите во Кисела Вода. Граѓаните дадоа доверба на тогашниот кандидат од СДСМ, бидејќи веруваа дека ќе промени нешто и ќе им го подобри животот.

Епилог?

После само четири години, нема ништо реализирано од ветеното, се вработуваат единствено партиски војници во општината, не се води сметка за квалитетот на кадарот кој се вработува за да бидеме ефикасна општина и најважно, што мене најмногу ме загрижува, една група од десетина луѓе како да заборави дека беа избрани од граѓаните да ја водат општината и четири години се посветија само на бизнис и сомнително криминална работа. Тоа е тоа што ме загрижува и што мора што побрзо да се промени.

Дали сите населби се исти и ги имаат истите услови? Не! Во 21 век сѐ уште имаме населби без канализација, населби без вода, населби без асфалтирани улици, населби каде што со сила се градат бетонски зданија против волјата на граѓаните. И тука ќе прекинам, сите знаеме што направи, односно што не направи власта на СДСМ во Кисела Вода изминативе четири години. Граѓаните ги препознаваат проблемите со кои се соочуваат, па затоа не одам со локализација во детали.

Дали има надеж да се промени ова?

Да! Има!

Затоа ми беше важно да потенцирам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани. За мене ќе бидат исти, со ист приортет, но со различни потреби, Црниче и Градинар, Бирарија и Усје, Расадник (каде што живеам) и Пинтија, но и сите други.

За мене приоритет ќе имаат квалитетните луѓе, наместо оние со врски, чесните наместо оние подмитливите, на кои отворено ќе им објавам војна уште првиот ден!

И тука сакам само да поентирам. За мене е важно да победиме за да реализираме проекти за граѓаните и да направам нешто повеќе во Кисела Вода. Затоа, сите кои ги следат дневно-политичките настани им е јасно дека во Кисела Вода ќе има двајца кандидати кои ќе се борат за мандат во наредните четири години. Јас и противкандидатот Темелковски. Граѓаните се свесни дека без разлика колку кандидати ќе влезат во изборниот процес, на крајот треба да одберат меѓу иднината и проектите што им ги нудам јас и сето она што го гледаат во општината, парализирано и закржлавно, видно подмитливо и склоно единствено кон бизнис, она што го нуди Темелковски.

Ги почитувам сите кои имаат или немаат свои симпатии или пак се ангажирани за некоја политичка партија. Моја обврска и чесна и искрена намера е на крајот од денот без разлика на партија или уверување и сфаќање, да Ве повикам сите оние кои не се согласувате и не сте задоволни од актуелната власт во Кисела Вода, но и од Владата, сега е шансата да се обединиме и да ги победиме сите заедно. Ја барам поддршката на сите граѓани, но исто така и сите граѓани ќе ја добијат мојата наклонетост за реализација на проекти и помош. Јас знам како и тоа го покажав и од позиција на опозиција. Граѓаните знаат најдобро колку можев да реагирам и да реализирам од опозиција, уште повеќе се свесни колку ќе можам од позиција на градоначалник. Тоа е моја обврска како политичар.

Шансата е една и е сега. Да победиме сега, сите заедно!

Искрено Ваш, Орце Ѓорѓиевски, роден во Драчево, израснат во Кисела Вода.

The post ДА ПОБЕДИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО КИСЕЛА ВОДА! Јавно обраќање на Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on plusinfo.mk.