„Ампер“ Archives - plusinfo.mk

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка бара обештетување и на правните лица
Македонија е единствената земја во Европа каде правните лица – фирми воопшто не се обештетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Ова е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ, соопшти Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, физичките лица депоненти во банка се осигурани до 30 илјади евра додека за правните лица депоненти во банка не постои никаква осигурителна сума. За разлика од нашата земја која се стреми да биде членка на Европската унија, не постои земја членка во унијата каде правните лица не се заштитени и не се законски обештетени како и физичките лица. Директивата 2014/49/EU на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година за шемите за гаранција на депозити јасно ги дефинира и правните и физичките лица како депоненти со право за обештетување во случај на стечај на банка. Оваа директива е преточена во законите на сите земји членки на Европската унија, кадешто висината на осигурувањето односно обештетувањето е до 100 илјади евра по депонент, а во некои случаи и повеќе.

И кај сите наши соседи односно земјите од таканаречениот Западен Балкан постои обештетување со закон коешто важи како за физичките така и за правните лица при стечај на банка. Тоа е така и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Само во Македонија правните лица се дискриминирани и лишени од било каква заштита и обештетување.

Државата ги оштетува фирмите со закон. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени.

Оваа крајно неправедна, дискриминирачка, незаконска и неуставна одредба ги оштетува двете групи на доверители, граѓаните со депозити над 30 илјади евра и особено фирмите. Од една страна, фирмите се законски обврзани да работат преку банки кои официјално имаат дозвола за работа издадена од Народна банка и кои треба да бидат контролирани од истата. Од друга страна, во случај на стечај на банка, како што е сега случајот со Еуростандард банка, тие воопшто не се обештетуваат. Тие се оштетени од Фондот којшто им ги одзема нивните средства и ги оштетува со тоа што се поставува пред нив се додека целосно не се обештети од стечајната маса. Значи, фирмите мораат да работат преку банка со целиот свој капитал, а ако пропадне банка во Македонија сите средства им се заробуваат и немаат никаква гаранција односно обештетување. Каква е таа логика да фирмите доверители вршат обештетување на Фондот во стечајната постапка, а ништо не наплатиле од Фондот односно воопшто не биле обештетени од истиот!? „Фондот за осигурување на депозити“ одеднаш во стечајната постапка постанува „Фонд за оштетување на депозити“!

Покрај депозити, најголем дел од фирмите ги користеле и услугите на сега пропаднатата Еуростандард банка за тековен платен промет. Со пропаѓањето на банката и тие средства на тековни сметки на фирмите им се заробуваат во целост, а има и повеќе случаи на фирми коишто примиле уплата на нивни фактури на самиот ден на затворање на банката, некои од нив и со суми од стотици илјади евра. Без разлика дали се работи за депозити или парични средства на тековна сметка, со затворање на банка фирмите веднаш ги губат сите свои средства, немаат никакво обештетување, неможат да ги сервисираат тековните обврски, стануваат несолвентни, неможат да исплатат плати на вработените, се затвораат. Тие се оние кои је креираат додадената вредност во реалната економија и го полнат државниот буџет, а државата наместо да ги заштити таа ги казнува со неуставно законско решение коешто е единствено во Европа и пошироко. Со затворањето на Еуростандард банка, Владата категорично одби да им помогне и на фирмите депоненти кои ги изгубија сите свои пари и ги остави на немилост на системот да се снаоѓаат како знаат и умеат во сред пандемија.

Не постоењето на законско обештетување за правните лица во случај на стечај на банка драстично го зголемува и ризикот за нивно работење во нашата земја. Освен за домашните фирми, тоа не е воопшто добар сигнал ниту за странски директни инвестиции и непотребно ја зголемува неизвесноста во одлучувањето на странските фирми да се етаблираат во нашата земја и да работат со нашите банки. Напротив, ова е уште една причина да тие ја избегнуваат нашата земја за нивни планирани инвестиции во споредба со останатите земји од регионот каде не постојат вакви законски небулози.

Водејќи се од начелата за правда и правичност, Здружението на оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки преку Адвокатското друштво „Кузмановски“ од Скопје на 28 октомври минатата година. Со оваа иницијатива бараме укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на Уставот на РСМ.

Од сето досега образложено, длабоко сме убедени дека предметниот член е неуставен и незаконски и поради тоа веруваме дека укинувањето на оваа одредба е повеќе од нужно и неминовно. Останува на Уставниот суд и уставните судии да ја донесат конечната праведна одлука, со која се надеваме дека барем делумно ќе се надминат страдањата на оние кои се оштетени од системот не по нивна вина. Околу 2.000 фирми, оштетени депоненти на Еуростандард банка, нестрпливо ја очекуваат конечната одлука на Уставниот суд. Веруваме дека многу скоро ќе ја видиме и светлината на крајот од тунелот и дека правдата во овој дел сепак ќе биде задоволена!

The post Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка бара обештетување и на правните лица appeared first on plusinfo.mk.

Хелсиншки: Човековите права да бидат во фокусот на политиките за закрепнување од кризата
За овогодишното одбележување на 10 Декември- Денот на човековите права, Обединетите нации ја избраа темата „Recover Better – Stand Up for Human Rights”, ставајќи ги човековите права во центарот на напорите за подобро закрепнување од пандемијата на ковид -19.

Како што соопшти Хелсиншиот комитет за човекови права, и кај нас, како и во другите земји во светот, пандемијата ги исфрли во прв план системските аномалии и слабости на државите, коишто придонесуваат за зголемување на нееднаквоста и дискриминацијата по различни основи.

– Хелсиншкиот комитет уште на почетокот на кризата предупреди дека човековите права и слободи мора да бидат земени предвид при преземањето мерки за заштита и справување со пандемијата, а дека ранливите групи граѓани мора да бидат заштитени во новонастанатата ситуација. Поаѓајќи од секојдневните контакти со граѓани, кои се соочиле со прекршување на нивните права, како и редовниот мониторинг на состојбите во повеќе области, нашите клучни препораки за претстојниот период на закрепнување од кризата се: дискриминацијата по различни основи е коренот на многу проблеми. Затоа е потребно креирање на професионални и ефикасни тела кои ќе се борат против нееднаквоста во општеството, проследено со сериозни системски промени кои ќе овозможат доследна примена на начелото на еднаквост во сите општествени сфери. Новиот Закон за работните односи треба да ги рефлектира вистинските потреби на работниците што ги наметна кризата и да ги вклучи лекциите произлезени од неа, со цел да се подобри состојбата со работничките права, Жените се несразмерно повеќе погодени од последиците на пандемијата. Носителите на одлуки не смеат да ја игнорираат родовата димензија на кризата – наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Тие препорачуваат дека е потребно носење и имплементирање на политики за унапредување на родовата еднаквост, кои ќе ја адресираат специфичната положба во која се наоѓаат работничките, а истовремено ќе овозможат постојниот општествен и трудов систем да ги заштити подеднакво сите работнички, без разлика на нивниот статус во работните процеси (формален или неформален).Потоа, наведуваат, потребна е сеопфатна политика и мерки кои ќе ги заштитат сиромашните граѓани и ќе ги извлекуваат од состојба на постојан социјален ризик. Усвојувањето на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, мора да биде проследено и со длабоки реформи во постапувањето на надлежните институции.

Натаму се наведува дека лицата со попреченост се уште претставуваат една од најмаргинализираните групи во општеството и беа диспропорционално засегнати од ефектите на пандемијата. Потребно е, се посочува,  нивна еднаква вклученост во процесите на донесување одлуки и во сите сфери на општествениот живот со цел да се обезбеди нивно непречено функционирање и достоинствен живот.

Се препорачува и санкционирање на говорот на омраза затоа што ги продлабочува поделбите меѓу луѓето и влијае на нарушување на принципите на солидарност и хуманост, како и воспоставување на превентивен образовен механизам и едукација на младите за надминување на предрасудите и стереотипите.

– Врз што ги темелиме овие препораки? Здравствената криза инстантно предизвика низа социо-економски потреси. Како резултат на тоа, Хелсиншкиот комитет годинава регистрира рекорден број од 600 барања за бесплатна правна помош. Најголемиот дел од нив, односно повеќе од 300 пријави, се однесуваат на работниците и нивните права, чие грубо прекршување започна веднаш по прогласувањето на вонредната состојба. Губењето на работните места, незаконските откази, намалувањето на платите, како и несоодветните услови за работа во новонастанатата состојба, се меѓу најчестите последици од ударот на пандемијата врз работниците – наведуваат од Здружението на граѓани.

Родовата нееднаквост, се додава, е еден од клучните проблеми на општествата и во ,,нормални’’ услови, па неминовно беше кризата да има и родова димензија. За тоа говори фактот што две третини од пријавите кои пристигнаа во Комитетот се поднесени од жени. Текстилните работнички и во кризниот период останаа една од најпогодените групи- и во однос на несоодветниот превоз и услови  за работа во време на пандемијаа, и во однос на непродолжување на договори за работа и ослободување од работни обврски на хронично болните. Една од најчесто прекршуваните мерки беше ослободувањето на еден родител од работа, која иако беше замислена како родосензитивна мерка, не се оствари како таква во пракса.

На ова се надоврзува и состојбата со семејното и родово базираното насилство, на која се предупредуваше уште на почетокот на кризата, со оглед на тоа што рестриктивните мерки како изолација и карантин беа оценети како причини за зголемен ризик од насилство. Најавите за усвојување на Законот за семејно и родово базирано насилство даваат надеж дека за голем дел од проблемите засилени со кризата, ќе им се пристапи системски, а жртвите конечно ќе добијат соодветен третман и заштита. Домот не е безбедно место за многу жени, но и за многу припадници на ЛГБТИ заедницата, за кои изолацијата во домот кој не ги прифаќа, претставуваше дополнителен ризик за нивното физичко и ментално здравје.

Кризата дополнително, се наведува понатаму, го продлабочи социјалниот ризик со кој се соочуваат бројни семејства во земјава. Иако државата ги приспособи постапките за остварување на правата од социјална заштита и креираше сетови мерки за поддршка, пандемијата нè соочи со евидентните социјални разлики и продлабочувањето на огромниот јаз помеѓу сиромашните и богатите. Кризата покажа дека и групите кои се маргинализирани, беа несразмерно погодени од кризата- лицата со попреченост, старите лица, бездомните лица, а со специфични последици се соочија и децата, како и лицата сместени во затворени институции. Комитетот во октомври подготви посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Ковид-19, а и годишниот извештај на Комитетот кој ќе биде изработен на почетокот на 2021-ва, ќе ги сумира сите наши податоци и сознанија од оваа кризна година, наведуваат од Хелсиншки комитет.

Недостатокот на функционално специјализирано тело за превенција и заштита од дискриминација за време на кризата, во ситуација кога човековите права се дополнително ранливи само го продлабочи нееднаквиот третман во низа општествени сфери како работните односи, социјалната и здравствената заштита.

– Што се однесува до пристапот до здравствена заштита, констатираме дека на површина излегоа сите болни точки на македонското здравство, како последица на долгогодишните нерешени проблеми во здравствениот систем. Евидентна е и појавата на кризно профитерство преку астрономски цени на услуги во приватните здравствени установи, кои се недостижни за поголемиот дел од населението. И конечно, неизбежно е да се наведе дека тензиите предизвикани од рестриктивните мерки, во комбинација со политичките настани, го зголемија и говорот на омраза во јавниот дискурс, како и појавата на лажни вести и дезинформации поврзани со пандемијата. Кризата потврди дека отсуството на санкции и други мерки за справување со овој негативен феномен ја потхранува нетрпеливоста и конфликтите, а таквата атмосфера дополнително го отежнува справувањето со криза од вакви размери, кога солидарноста и емпатијата се неопходни за зацелување на општеството – наведуваат од ова Здружението на граѓани.

Солидарноста е клучна вредност и на глобално ниво, бидејќи кризата сè уште  трае, а нејзиното завршување зависи од меѓународната соработка и поддршка. Затоа, на денешен ден, кога се одбележува усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права во 1948 година, мора гласно и одважно да се инсистира на почитување на фундаменталните права, доколку сакаме ,,новото нормално’’  да значи и градење подобар свет, посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

The post Хелсиншки: Човековите права да бидат во фокусот на политиките за закрепнување од кризата appeared first on plusinfo.mk.

Рекламирањето е најтешко погоденo од пандемијата
Според податоците на компанијата Ampere Analysis, што се занимава со анализа на пазарот, глобалниот сектор за забава ќе изгуби раст од 160 милијарди долари (146 милијарди евра) во наредните пет години, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата ковид-19.

Иако најголемото влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот прогнозен период, наведува „Ампер“ во анализата објавена на нивната веб-страница.

Иако огромното мнозинство во секторот за забавна индустрија ќе ги почувствува негативните ефекти од пандемијата, „Ампер“ ги идентификува најголемите губитници.

„Рекламирањето е најтешко погодено, како на краток рок така и воопшто, но анализите на секторот за забава покажуваат дека области како што е театарот се пропорционално посериозно погодени“, наведува компанијата.

The post Рекламирањето е најтешко погоденo од пандемијата appeared first on plusinfo.mk.